Промени тема
Контакт

Обвинителството ја запре постапката за Карадаков, управител на „Пулс“ кој почина лекувајќи се во странство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
488609874_1712748265990899_7640598651666519088_n-1536x729-1

Со минута молк во знак на почит кон настраданите во трагедијата во кочанската дискотека “Пулс”, во која бројот на жртвите денеска се зголеми на 60, започна денешниот состанок на стручниот колегиум на Јавното обвинителство во проширен состав.

— реклама —

„Обвинителскиот тим кој постапува во предметот на Основното јавно обвинителство Кочани за утврдување кривична одговорност за трагедијата го запозна колегиумот со преземените дејствија до сега, со начинот и концептот на истражување и со стручните аспекти на предметот кои ги има предвид при истражувањето.

— реклама —
— реклама —

Стручниот колегиум на Јавното обвинителство изрази целосна поддршка за досегашната работа на обвинителите, кои во моментов паралелно водат истражна и предистражна постапка од широк опсег со цел целосно испитување на одговорноста за овој настан. Сите капацитети на Јавното обвинителство се ставени на располагање на тимот за ефикасно завршување на истрагата.

— реклама —

Со оглед на тоа што денешната 60-та жртва од катастрофалниот пожар во Кочани е лице кое претходно беше опфатено со наредбата за спроведување истражна постапка, во својство на управител на правно лице, Основното јавно обвинителство Кочани по прибавување на официјалната документација за настапената смртна околност ќе донесе наредба за запирање на истражната постапка за него“, велат од Обвинителството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

vozacka-1

Поднесено обвинение за фалсификуваните возачки дозволи: Под лупа уште 21 лице

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryldtg3q5cfvbs2nicno6

Трагедија кај скопскиот аеродром: Татко и 18-годишен син загинаа во директен судир, тројца млади тешко повредени

Македонија | пред 3 седмици

media-librarynrr78uj11n3e5s1L3vA

Му се заканил дека ќе му ја укинат социјалната помош, па му зимал дел од парите: детали за случајот со поткуп во АВРСМ Прилеп

Македонија | пред 2 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-40-1670PM

Вработените во обвинителствата: Новиот закон не носи реформи, туку ги задржува старите слабости

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања