Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

„Одмори се Владо, остави песни за сто животи“ – новинарките со последен поздрав до Владо Јаневски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Коментари
media-librarylso0gfh64khtbAu6Eii

Емотивни пораки и лични спомени за Владо Јаневски споделија новинарките Соња Алексоска-Неделковска и Милица Џаровска, кои преку социјалните мрежи се простија од музичарот со кого соработувале и се дружеле низ годините.

Соња Алексоска-Неделковска се наврати на нивната прва професионална средба во втората половина на деведесеттите, кога како водителка во гостиварското радио „Супер Нова“ го интервјуирала Владо Јаневски, а истиот ден ја водела и неговата промоција во дискотеката „Авалон“.

„Последен пат, на прес-конференцијата по повод најавата на концертот со Бајага, си направивме мерак муабет за создавањето текстови. Ми рече: „Не импровизирам. Пишувам текстови инспириран само од вистински случки.“ Тогаш објавив еден, баш мераклиски, натпис за него“, напиша Алексоска-Неделковска.

Таа додава дека посакува ова да било само измислена приказна, а не реалност.

„Ех... да можеше ова да биде само импровизиран текст за некого, некогаш и негде. А не приказна инспирирана од една болна вистина. Летај, Владо, во височините. Твоите текстови ќе живеат и ќе болат уште повеќе“, напиша таа.

— реклама —

Со свои спомени се огласи и новинарката Милица Џаровска, која се присети дека Владо Јаневски го запознала уште како ученичка во прва година средно училиште, за време на турнеја низ Македонија организирана од нејзиниот татко Џаро.

„Колку ја сакам оваа работа. Благословена е оваа работа, нема поубава работа“, се присети Џаровска на зборовите што Владо ѝ ги кажал по концерт во Кавадарци.

— реклама —

Таа пишува дека низ годините имале искрена професионална соработка, дека знаел понекогаш да ѝ се налути за некој наслов, но и да ѝ се заблагодари кога текстот му се допаднал.

„На свадба ни дојде, го памтам свежо како фраерски влегува во сала со цвеќето. Па, на кој друг можеше да му текне да напише: „Дека сум овде може некој ќе ти дојави“ или „Сонцето од четири страни грее топол зрак““, напиша Џаровска.

— реклама —

На крајот од објавата таа му упати последен поздрав:

„Одмори се Владо. Остави песништа за сто животи. Вечна слава.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarygjg38rh4cehv1Cjzpv5

Внукот на Владо Јаневски: Сè се случи многу брзо, до последен момент се надевавме дека сè ќе помине

Македонија | пред 2 седмици

media-library24oeu4rpa785fHpivyk

Издавачката куќа „Менарт“ од Загреб се прости од Владо Јаневски

Македонија | пред 2 седмици

media-library0l5s7fpovao4dyHBnUo

(Видео) Ѕвездено небо за Владо Јаневски пред „Борис Трајковски“: Бројни фанови, колеги и пријатели му оддадоа почит

Македонија | пред 2 седмици

media-library9col2gmkam1a9xetVOh

Вечерва последно збогум за Владо Јаневски: Собир пред арената „Борис Трајковски“

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања