Промени тема
Контакт

ОН алармира: Секои 10 минути е убивана по една жена – фемицидите достигнаа црн рекорд во 2024 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
semejno-nasilstvo

Минатата година, светот повторно се соочи со застрашувачки размери на насилство врз жените. Според најновите процени на Обединетите нации, во просек на секои десет минути животот го губела една жена или девојка, убиена од свој партнер или член на семејството.

— реклама —

Овие податоци се дел од најновиот глобален извештај за фемициди, што вчера го објавија Канцеларијата на ОН за дрога и криминал (УНОДК) и UN Women. Според анализата, во 2024 година во светот биле убиени околу 83.000 жени и девојки, а речиси 60 отсто од нив биле жртви на лица со кои имале интимна или семејна врска.

— реклама —

За споредба, кај мажите само околу 11 проценти од убиствата биле извршени од партнер или роднина – драматична разлика што дополнително ја потврдува родовата специфичност на фемицидот.

Регионалните податоци покажуваат дека најголемиот број фемициди минатата година биле забележани во Африка – дури 22.600 случаи. Следува Азија со 17.400, Америка со 7.700, Европа со 2.100 жртви и Океанија со 300.

— реклама —

Африканскиот континент, освен по бројот, е водечки и по стапката на фемициди извршени од партнери или семејни членови – три убиени жени или девојки на 100.000. Европа има најниска стапка, од 0,5 на 100.000.

— реклама —

Податоците од 2023 година, наведени во минатогодишниот извештај, покажуваат дека од 85.000 жени и девојчиња убиени во насилни околности, 51.100 биле жртви на сопствени партнери или роднини. Новиот извештај потврдува дека трендот не само што продолжува, туку се продлабочува, поставувајќи уште поитна потреба за глобални мерки против насилството врз жените.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypafall78tiou3jVRK9n

Засилено обезбедувањето околу ОН во Њујорк по мистериозните инциденти со шахти

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
IMG_6878

Советот за безбедност на ОН ги осуди нападите на Хутите врз Саудиска Арабија

Свет | пред 1 седмица

media-libraryjb3rv9nv0r6v4PZGvhk

ОН стравуваат дека повеќе од 500 лица загинале во два бродолома кај Мјанмар

Свет | пред 2 месеци

media-librarylacsaq24tqi36JiUMlR

Шефот на ОН алармира: Блискиот Исток тоне подлабоко во криза, последиците ќе ги почувствува целиот свет

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања