Промени тема
Контакт

Орбан: Добив покана за седница на Одборот за мир на Трамп во Вашингтон

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-library465pivf4os151y257RZ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во саботата најави дека „за две недели“ ќе отпатува во Вашингтон, каде што ќе присуствува на инаугуративниот состанок на „Одборот за мир“, иницијатива на американскиот претседател Доналд Трамп за ставање крај на вооружените судири во светот.

— реклама —

Говорејќи на предизборен собир во Самботел, во западна Унгарија, во пресрет на парламентарните избори во април, Орбан изјави дека добил официјална покана за повторна средба со американскиот претседател. Според неговите зборови, токму во Вашингтон ќе се одржи првиот состанок на новоформираното тело.

— реклама —

Според планот на Трамп за завршување на војната во Појасот Газа, Националниот одбор за управување со Газа привремено би управувал со палестинската територија, под надзор на Одборот за мир, со кој ќе претседава самиот американски претседател. Сепак, во нацрт-повелбата на Одборот не се споменува изречно палестинската територија, туку се поставува поширока мисија – придонес кон решавање на вооружени конфликти на глобално ниво.

— реклама —

Во преамбулата се наведува дека Одборот за мир треба да има „храброст да се оддалечи од пристапи и институции кои премногу често потфрлиле“, што се толкува како индиректна критика кон Обединетите нации.

— реклама —

Покани за приклучување кон новото тело добиле повеќе светски лидери, меѓу кои и Орбан, познат како близок сојузник на Трамп, кој веќе ја прифатил поканата. За државите што ќе сакаат постојано место во Одборот за мир, ќе биде потребно да уплатат сума од една милијарда долари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk4nadu57qd766WQsJUI

Трамп: „Знам повеќе за сè од кој било човек во светот“

Свет | пред 6 часа

— реклама —
media-library1ve5ufdd63v50gpMbd8

Трамп формира нова работна група за вештачка интелигенција

Свет | пред 6 часа

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп назначи специјален пратеник за прашања поврзани со затвореници

Свет | пред 6 часа

media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп: Кој ќе победи во вештачката интелигенција – победува, дата центрите не смеат да заминат во Кина

Свет | пред 15 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања