Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

„Ова е најлошиот, најнепрофесионалниот обвинител во историјата на оваа тажна земја“: Дукоски му се обрати на Љупчо Коцевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library3e8ti2j184vf1YBoZZC

Адвокатот Сашо Дуковски на социјалните мрежи директно му се обрати на првиот човек на Основното јавно обвинителство Љупчо Коцевски, за кого рече дека не е компетентен да биде прв обвинител.

— реклама —

„Ова е најлошиот,односно, најнепрофесионалниот републички обвинител во историјата на оваа тажна земја!!!

Љупчо Коцевски!!!!Лејдис енд џентлмен!Тврдам!

— реклама —

Не сум ангажиран во предметот за Кочани така да, немам било што лично!

Реагирам како еснаф, бидејќи сум повеќе од длабоко уверен дека нашата еснафска организација, адвокатската комора на Македонија, ќе реагира, ултра млако или воопшто нема да реагира, на нападите кон еден адвокат-бранител и други бранители, во предметот Кочани!!!!

Сетете се само на предметот 27-ми Април кога не казни “истакнатиот правник“, Кацарска и како реагираше нашиот еснаф!!!

А треба, но за тоа во друга прилика!!!

Да се обидеш да тресеш глупости и да бараш бранител да не реагира на нешто што смета дека е, и е, негова должност во врска со клиентот и постапката е едноставно ПРАВНО НЕПИСМЕНО!!!!

Неколку пати излегуваше со правни небулози во врска со предметот Кочани, изнесуваше “детали“ од истрагата и постапката и тогаш беше, се океј а?

Сега ти смета кога бранител, адвокат ќе реагира законски за својот клиент и целата постапка, нели, м?

Па ќе реагираш со некави глупави барања и слично, до адвокатската комора!

Па еве, да прашам:

Си слушнал некогаш за уставно загарантираното право на став и мислење, стручен став и мислење, особено во оваа фаза на постапката по обвинение стапено на правна сила, м? Не си слушнал, тврдам!

Си слушнал некогаш што е функцијата на бранител во постапката, иако си бил адвокат, м?

Си слушнал дека обвинителството на кое ти си прв човек (многу лошо) е само една од странките во постапката и ништо повеќе, м? Сигурно не!

Си слушнал за право на искажување на свој професионален став и стручно мислење, или секогаш си мислиш дека вие како обвинители сте нешто повеќе од обични странки во постапката, мислам, како што сте си навикнати до сега и ти со ова тоа се обидуваш повторно да го промовираш? Срам да ти е како правник, голема срамота!

Мислиш ли дека само со подигање на обвинение си ја завршил работата како странка во постапката, м, иако ти ни едно дејствие не си превземал туку имаше тим од обвинители и секогаш истапуваше и читаше, само како неписмен портпарол читајќи подготвени соопштенија?

До кога мислиш да ја толерираш праксата да ако бранителите бараат присаство на сослушување на некој важен сведок или вештачење во истрагата, тоа да го игнорираш а тука ќе пишуваш глупи соопштенија и барања?

Дали во животот си напишал обвинение и си застапувал, твое напишано обвинение пред суд, м?

Никој од адвокатите ниту ти се плаши ниту имаш било какво право да пишуваш вакви глупости, какви пишуваш до адвокатската комора.

media-libraryvs7nlcid0utv2VKCa0P

Кога сакаш, приватно или јавно може да продискутираме за ова, но ти, никогаш тоа нема да го направиш затоа што немаш појма за што пишувам, правно!

Ова е мое исклучиво професионално мислење за највисок јавен обвинител во земјава, функција која сега ја вршиш, против тебе немам ништо лично како човек, но ТИ не може да си прв човек на обвинителство. Едноставно,не си компетентен за тоа.

И на крај, уште две работи:

-Мислиш ли нешто да направиш како прв човек на обвинителството за предметот за модуларната болница во Тетово, м, обвинителе? Многу ме интересира.

-Дали ќе продолжиш да изразуваш став, како изразуваш, негативен за обвинетите од 27-ми Април и барањата за исправање на таа неправда.

До кога ќе чекаш се полиција да ти даде на тацна а ти со прст да не мрдаш...,м?

Без почит!“,напиша Дуковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

244507018_832514724085702_8044022012564587281_n

Советот за в.д обвинител ќе одлучува в понеделник, денешниот избор е одложен

Македонија | пред 4 седмици

media-library6djppjqu1g046lzlSwv

Од забава за добредојде со државни пари до тивка оставка: Како замина Љупчо Коцевски од Обвинителството

Македонија | пред 4 седмици

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Коцевски тактизираше со оставката за да се заташкаат над 40 предмети за висока корупција за функционери од СДС и ДУИ?

Македонија | пред 4 седмици

media-library73pbbms5j3bm9ugWWcC

СДСМ по оставката на Коцевски: „Мицкоски и ДПМНЕ го преземаат Обвинителството и судството“!

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања