АРСОВСКА

300806025_5548677575178409_2960506694749295287_n

Државата плаќа 350.000 евра годишно, оти Арсовска не го гради автобуското метро во Скопје

Од државниот буџет се плаќаат 350.000 евра годишно камата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) оти градоначалничката Данела Арсовска не ги користи парите од кредитот во висина од 70 милиони евра за воведување Бас рапид транзит систем (БРТ) односно не го гради автобуското метро во Скопје, пишува СДК.мк.Парите стојат нечепнати односно не се користат и поради тоа државата плаќа камата, бидејќи Арсовска од доаѓањето на функција лани во ноември кажа дека нема да го прави автобуското метро. Рече дека тоа било проект на нејзиниот претходник Петре Шилегов, а граѓаните ја избрале нејзе и нејзиниот проект за 250 еколошки автобуси. Парите не можат ниту да се пренаменат и да се користат за друг проект, оти во договорот со ЕБОР стои дека тие се одобрени токму затоа што БРТ е високо оценет од европските експерти како зелен проект кој ќе овозможи еколошки и побрз транспорт во градот.Од Министерството за финансии неколку пати побарале одговори од Арсовска што планира да прави со овој проект, но таа ги ингорира и не им одговара на прашањата и повиците.Целиот текст можете да го прочитате тука

Скопје | пред 3 години

285868552_573147761103826_6145155598418996298_n

Арсовска децидна дека нема да му ги решава проблемите на Бектеши

Навистина е жално што Бектеши чека од Град Скопје да му ги реши проблемите, вели градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.„Додека најголемиот дел од европските земји се подготвуваа за справување со енергетската криза и уште пред една година носеа одлуки и мерки за да ги заштитат своите граѓани од несаканите последици, кај нас мерките доцнеа најмалку шест месеци и не беа доволни да ги санираат штетите кои настанаа од немањето на стратегија за решавање на енергетската криза.БЕГ е проблем на Владата. Министерот Бектеши треба да си ги знае сопствените надлежности и да ги реши проблемите на граѓаните. Да потсетам министерот кој се сликаше со дониран зејтин кој не можеше сам да го обезбеди, нема право да зборува за туѓа способност.Градот Скопје нема законска обврска да му ги решава проблемите на Бектеши. И наместо да си бара „жртви“ за сопствената неспособност, да најде начин како да им излезе во пресрет на граѓаните кои живеат на раб на сиромаштија заради неговите „успешни“ економски политики.Ако треба да бидам и министер за економија, Бектеши нека си поднесе оставка“, додава таа.

Скопје | пред 3 години

09032022_PVRSM_ZPVRSM_ME_MF_MZSV_Press_2

Бектеши: Данела и ВМРО-ДПМНЕ пред шест месеци први излегоа со „решение” за парното греење, а сега бегаат од одговорност

Пред неколку месеци, поточно пред шест месеци, имавме голема криза заради цената на гасот која енормно растеше на светски берзи и имаше опасност Скопјани да останат без парно греење, вели министерот за економија Крешник Бектеши.„Додека Владата се обидуваше да го најде најдобриот можен начин да се реши проблемот со снабдувањето со топлинска енергија и за тоа најмала штета да имаат граѓаните, Градот Скопје и градоначалникчката Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ веднаш излегоа и кажаа дека тие имаат “решение” како да го решат проблемот со непречено снабдување со топлинска енергија.Успеавме да ја изменаџираме кризата за краток рок, и тоа успешно. Не само што немаше прекин на испораката на парно греење за Скопјани, туку немаше ни зголемување на цената, односно на сметките за парно за граѓаните.Но, што се случува сега. Во услови кога треба долготрајно решение за менаџирање со парното греење во Градот, а имаме време до средината на октомври кога почнува новата грејна сезона да најдеме решение градоначалничката на Град Скопје Арсовска заеедно со ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса, кои пред шест месеци први излегоа со “решение”за парното греење, сега бегаат од одговорноста која како локална власт ја имаат со закон. Згора на тоа и признаваат дека немаат ниту капацитет, ниту воља да се справат со оваа ситуација.Сакаме да ги увериме Скопјани и покрај неодговорноста на градоначалничката, Скопјани и сите граѓани да бидат спокојни бидејќи навремено ги превземаме сите неопходни мерки кои обезбедуваат непречено и континуирано снабдување со парно греење, како и со електрична енергија во услови на светска економска криза“, додава тој.

Скопје | пред 3 години

277741303_522446426173960_7621096125350930779_n

Арсовска: Да им подадеме рака и поддршка на лицата со аутизам

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска по повод Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот, вели дека трњба да се подигне свеста и да се нагласи потребата за подобар квалитет на живот на овие лица.„Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот се одбележува секоја година на 2 април. Истражувањата укажуваат дека кај 1 на 100 лица е детектирано нарушување на аутистичниот спектар. Тие треба да бидат прифатени и ценети за својата различност, да се подигне свеста и да се нагласи потребата да се подобри квалитетот на животот на овие лица.Затоа со разнобојност се одбележува Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот, да потсети на единственоста на секое лице со аутизам. Наша задача е да им подадеме рака, да ги охрабриме со насмевка и со поддршка, да им покажеме почит и разбирање секој ден“, вели Арсовска.

Скопје | пред 3 години

277233055_1014588742597371_415762028640932299_n

Арнаудова ја нападнале лажни профили откако ја “исплука” Данела

Поп-пејачката Кристина Арнаудова се налути на градоначалничката на Скопје Данлела Арсовска, па јавно ја прозва на социјалните мрежи, откако за првпат Град Скопје не го поддржа летниот камп за деца од социјален ризик, Шарено лето. Овој летен камп постои од 2017 година и секое лето со Аранудова стотици деца од ранливи категории и социјален ризик одат на својот прв летен одмор. Овој пат Кристина Арнаудова вели дека неговото оддржување е неизвесно.Таа на социјалните мрежи подоцна објави уште еден статус во кој вели дека ја нападнале лажни профили.„На постот денес ми пишаа најмалку 15 лажни профили, пратени да напаѓаат и сејат омраза. Стварно немате попаметна работа? Стварно тоа ве исполнува, да напишете тоа што некој ви кажал дека треба? Подалеку од мојот профил, сите до еден ќе бидете пријавени ако продолжите да ми сеете зло на мој профил…. Ако сте за да напраиме добрина некому, бујрум, ако сте по наредба, за греота воздухот што го дишите“, вели Арнаудова.

Скопје | пред 3 години

kristina-arnaudova

Арнаудова лута на Данела: Нема сенс за хуманост, ќе бидат ова долги три и пол години

Поп-пејачката Кристина Арнаудова се налути на градоначалничката на Скопје Данлела Арсовска, па јавно ја прозва на социјалните мрежи, откако за првпат Град Скопје не го поддржа летниот камп за деца од социјален ризик, Шарено лето. Овој летен камп постои од 2017 година и секое лето со Аранудова стотици деца од ранливи категории и социјален ризик одат на својот прв летен одмор. Овој пат Кристина Арнаудова вели дека неговото оддржување е неизвесно.„Драги пријатели, нашиот редовен проект, бесплатениот летен камп за деца во социјален ризик, Шарено лето, кој постои од 2017 година, и каде стотици деца го доживеаа својот прв летен одмор, оваа година за прв пат не е поддржан од Град Скопје.Неговото оддржување за прв пат е неизвесно.Можам само да кажам дека ќе дадам се од себе да се одржи овој камп, а на оние кои избришале ваков хуман и потребен проект нека им служи на чест. Мандатите поминуваат, а ние остануваме.Градоначалничката е токму онаква каква што очекувавме. Политичка фигура која нема сенс за хуманост и вакви проекти. Ќе бидат ова долги три и пол години. Јас само би и препорачала да не меша политика во хуманитарни проекти кои се потребни на овој напатен народ и многу деца….Секој кој сака да спонзорира летен одмор за едно дете може да ни пише порака!Ќе најдеме начин заеднички“, вели Арнаудова.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

Арсовска ќе сади дрва, решила да го среди воздухот

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска учествуваше на Презентацијата на резултатите од Студијата за пропорционирање на загадувачите на воздухот во градот Скопје. Анализата за определување на уделот на различните извори на загадување во агломерацијата Скопски регион ја изработи лабораторијата AMBICON UGD при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, како дел од проектот за Справување со загадувањето на воздухот во градот Скопје, што го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и Градот Скопје.Финансиската поддршка за проектот е обезбедена од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА).- Подобрување на состојбите со животната средина не може да има доколку не се преземат системски мерки. Во таа насока, Градскиот Еко совет е тело кое е за првпат формирано од експерти од областа на животната средина и со првите чекори кои тие ги преземаат ќе имаме квалитетни предлог политики кои ќе бидат презентирани пред Советот на Град Скопје. Сакам да нагласам дека во Скопје почнува најголемиот еко проект во регионот – пречистителната станица за отпадни води во вредност од над 160 милиони евра која ќе придонесе за пречистување на над 90 проценти од урбаните отпадни води и ќе придонесе за заштита наживотната средина. Работиме и на подигање мега паркови, прв е паркот во Ѓорче Петров, а ќе следат уште 4 вакви мега паркови во Скопје. Секоја година ќе засадуваме над 100.000 садници, работиме на финална имплементација на Зелениот катастар, тука е и проектот за ре-употреба на градежниот отпад и шут за да се спречи создавањето диви депонии кои периодов интензивно ги расчистуваме, неселективно ги казнуваме сите оние што ја нарушуваат животната средина и здравјето на граѓаните и многу други проекти. Со сите овие мерки се надевам дека ќе успееме да постигнеме резултати – истакна градоначалничката Арсовска во своето обраќање.Градоначалничката Арсовска ја поздрави студијата каде преку сеопфатна анализа може да се детектираат проблемите, но и да се даваат предлози од страна на стручната јавност кои ќе можат да се имплементираат согласно можностите за намалување на загаденоста на воздухот во главниот град, кој е еден од приоритетите во заштитата на животната средина, а ќе овозможи подобри услови и повисок квалитет на живот за граѓаните на Скопје.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

Општините може да останат без струја, Арсовска: Ова се проблеми на граѓаните не на општините

ЗЕЛС три месеци чека одговорот од Владата за предлог мерките за справување со енергетската криза. Постои опасност административните згради да останат без струја. Од денеска до среда, скопската градоначалничка Данела Арсовска, ќе седне на маса во Владата.„Најпогодени се најмалите општини, кои немаат дополнителни ресурси да се справат со енергетската криза. Неопходно е да се разговара како да се надминат овие проблеми. Ова се проблеми на граѓаните не на општините. Граѓаните ќе не можат да си ги решаваат проблемите во општините.“, рече Арсовска.Повеќето од општините, наскоро остануваат без пари за да платат електрична енергија.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања