АРСОВСКА

danela

Арсовска: Фативме луѓе што трајно седат во Германија и примале плата, треба да се размислат сите што молчеле 30 години пред ова што се случува

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, со викање побара поддршка за директорката на „Комунална хигиена“, Косана Мазнева, на прес-конференција. Посочи дека Мазнева детектирала неправилности во претпријатието и постапила како ниту еден маж досега. Кога новинарите ѝ укажаа на Арсовска дека изразува нервоза, таа посочи дека е револт бидејќи Мазнева била нападната од јавноста и рече: „Тоа што застанувам остро против криминалот, не значи дека изразувам нервоза“.„Во целосна одбрана на Косана Мазнева е дека ги детектирала сите неправилности. Таа постапи уште минатиот месец, пред 25 јуни, кога реагира соодветно, кога почна со сите постапки, па мафијашките структури одлучија да се пресметаат со неа. Јас не дозволувам никој да нè манипулира тука, најмалку против една жена, која се нафати со едно претпријатие со 1.400 вработени, кое било во заложништво на ликови, семејно поврзани, да се обиде ова да го испреврти и да ја направи виновна. Треба да го поздравите тоа што некој со овие мафијаши се справува по 30 години. Ако мислите дека со еден ден се прави сериозна пријава – се лажете. Затоа треба оваа жена да ја поздравите сите, да ѝ кажете браво“, им рече Арсовска на новинарите.Побара новинарите да ја поддржат Мазнева исто како што таа го прави тоа.„Ако се обидува некој политички да се пресметува, треба добро да размисли. Треба да се размислат сите што молчеле 30 години пред ова што се случува, а не да ја напаѓаат оваа жена тука. Целиот град стои зад неа бидејќи сама се спротивстави против сите, каде што ниту еден маж не застанал“, додаде Арсовска.Посочи дека фатиле луѓе што се трајно иселени во Германија, а примале плата.„Фативме луѓе што трајно седат во Германија, трајно се иселени и примале плата. Не се прашувате како се случувало тоа? Не иницирате како јавност за одговорност на овие лица?“, рече Арсовска.Рече дека не смее ниту еден човек да зема плата, а да не иде на работа.

Скопје | пред 2 години

centar-skopje-2

Скопските градоначалници на нозе: Најава за кривична против Арсовска

Градоначалниците бараат итно решавање на проблемот со отпадот во Скопје.Советот на Скопскиот плански регион донесе одлука да побара извештај од Град Скопје за состојбите поврзани со комунална хигиена. Градоначалниците апелираат Градот Скопје да ја разгледа состојбата и да преземе мерки за итно постапување од Јавното претпријатие „Комунална хигиена Скопје“ во решавање на проблемот и иницијатива самите општини да ја преземат механизацијата за одржувањето на комуналната хигиена.Тие ја повикаа градоначалничката Данела Арсовска веднаш да најде решение за проблемот и да не го остава градот блокиран. Побараа Дрисла да ги отвори рампите за да може нивната механизација да продолжи да работи. Градоначалникот на Центар, Горан Герсимовски рече дека тие немаат големи камиони за да го подигнат отпадот од контејнерите од булеварите, но дека со таа механизација што располагаат, ќе сработат тоа што можат.Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ пак ја повикаа градоначалниката Данела Арсовска да поднесе оставка. Велат дека со месеци слушале демагогии од градоначалничката, но дека граѓаните не ги интересира што е проблемот, туку градот да им биде чист, зошто за тоа плаќаат.„ Ги повикувам од Дрисла да ги отворат рампите за да ова го сработи некој кој е способен. Никој од нас не штити никој што не одел на работа, но не може на сметка на 20-30 луѓе цел град да биде заложник. Факт е дека во моментов 1200 луѓе во Комунална не работат ништо. Никој не може да се блокира градот заради сомнеж за нешто“ рече градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Георгиевски.Тие велат дека немаат ингеренции да го решат проблемот, но дека нема да се повлечат и ќе бараат законско решение. Ако нема постапување најавија кривична пријава против Арсовска.

Скопје | пред 2 години

image-188057

Градот никогаш не бил во подобра кондиција, вели Арсовска

Градоначалничката Данела Арсовска демантира дека е празна буџетската каса на Град Скопје и изјави дека таквите тврдења се „политичка хајка на коалицијата СДСМ-ДПМНЕ“. Секој ден на сметката на Град Скопје, рече, пристигнуваат средства од давачките што ги плаќаат граѓаните и компаниите и врз основа на сѐ што е активен приход.- Во подобра кондиција градот никогаш не бил. Имаме финансиска консолидација, нема долгувања, Град Скопје редовно исплаќа се она што пристигнува како побарувања, што значи не се генерираат нови долгови како оние што ги имаме - милиони и милиони евра заостанати долгувања што ги правеле претходниците па влегувале во судски постапки за сега градот да се обременува со милиони евра на долгови и милиони евра на камати по основ на побарувања од овие судски спорови. Нашиот кредитен рејтинг е потврден со позитивен изглед. Можноста за кредитно задолжување од 1,2 милиони евра сега ни е зголемен меѓу 25 и 30 милиони евра и тоа е континуирано во изминатите 12 месеци, рече Арсовска во интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.Не одговори дали се точни тврдењата дека побарувањата кон градот во моментов се 10 милиони евра и посочи дека не може да се предвиди во текот на оваа или идната година кои судски предмети од времето на нејзините претходници ќе достасаат и во чија корист ќе пресуди судот. Има судски постапки, рече, и од 2012 кои не се завршени.- Поважно е што во овие 18 месеци ние не генерираме спорови, туку решаваме туѓи, рече градоначалничката.На прашањето зошто вчера на седница на Советот го нарекла лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски „Рекет број 1“, одговори дека „нема потреба да ги образложува метафорите кога на два милиона граѓани тоа им е јасно“.Со ВМРО-ДПМНЕ ги разделило тоа што таа имала став за принципиелно водење на главниот град и тоа не значи, рече, дека треба да биде „нечиј слеп послушник и слепо да слуша наредби“. Сака да работи во интерес на граѓаните и да ја спроведе програмата со речиси 300 проекти заради која тие ја изгласале, а таа е одговорна да ги реализира.- Многу е тешко кога две најголеми политички партии се фокусирани да прават хаос во градот, рече Арсовска и додаде дека за разлика од нејзините претходници, таа ја нема зад себе владата т.е. централната власт за да ги „покрива буџетските дупки“.Рече дека таа е за компромис, но дека „чекор треба да покаже и спротивната страна“, со конструктивност на советниците од сите партии и гласање во Советот на проектите што ги бараат граѓаните, а не со нивно саботирање.Не смета дека таа треба да даде оставка.– Од мене оставка тие нема да видат, токму затоа што ја сакаат и ја бараат, затоа што јас сум во право, а тие не се, рече Арсовска.

Скопје | пред 2 години

image-188061

Арсовска за мостот „Беласица“: Иницијалното прашање е кој пали во градот Скопје

Иницијалното прашање е кој пали во градот Скопје и кој ги предизвикува сите овие хаотични ситуации, а не за колку време ние ќе го ставиме мостот во употреба, изјави градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.Во врска со мостот „Беласица“, кој по опожарувањето пред десетина дена е затворен за сообраќај, таа рече дека се прави дефокус и постојано се зборува за ставањето во функција на мостот, за да не се зборува, како што рече, кој го предизвикал пожарот.-Две ситуации на мостови имавме за седум дена – по седум дена беа исечени и сите држачи на железничкиот мост во Влае, рече Арсовска во интервју за ТВ Телма.Тимови од надлежни институции излегле на терен и додека не се соберат сите докази, рече таа, и кога ќе биде сигурно дека нема да се загрози откривањето кој го сторил кривичното дело не смее да се постапува.-Не смееме да постапуваме дури и да сакаме. Зеленото светло го добивме пред неколку дена дека може да почнеме да постапуваме, рече Арсовска.Посочи дека се ангажирани вешти лица и на терен се работи за да се докаже какво е оштетувањето, како што рече „ако воопшто го има“, и дека тоа не би требало да трае повеќе од 20 дена.-Ако прелиминарните докази од анализите го дадат тоа што го очекуваме, тогаш мостот со ситна санација ќе биде пушен во употреба. Но само во оној момент кога ќе бидеме сигурни дека е безбеден за нашите граѓани, рече градоначалничката.Тврдењата за голема оштетеност ги смета за несериозни зашто оценките биле дадени „од око и на далечина од 50 метри“ и тоа предизвикало вознемиреност во јавноста за безбедноста на мостот.

Скопје | пред 2 години

Screenshot-2021-09-29-at-19.38.33

Нема нарушување на структурниот интегритет на мостот „Беласица“, вели Арсовска

Првичните информации говорат дека благодарение на брзата реакција на пожарникарите, оштетувањата на објектот се минимални и не довеле до нарушување на структурниот интегритет на мостот.Ова денеска го изјави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска на прес конференцијата одржана на мостот „Беласица“.-Службите на Градот Скопје и лично јас уште од првата вечер сме на терен на увид во настаната штета при пожарот. Денеска со мене е и еден од најголемите експерти не само во Македонија туку и пошироко професорот Михаил Гаревски кој во текот на изминатата недела изврши иницијални проверки со цел да добиеме потврда и да бидеме сигурни дека во моментот кога мостот ќе биде пуштен во употреба нема да биде загрозен никој.Напоменувам дека заедно со помошта на видни стручни лица од областа, Град Скопје ги презема сите потребни проверки со цел да бидеме сигурни дека никој нема да биде доведен во опасност и затоа се спроведува детално истражување за штетата која би можела пожарот да ја нанесе на мостот „Беласица“, рече Арсовска.Таа апелираше до сите институции да бидат на висина на задачата и прво да се спроведат сите можни испитувања на мостот Беласица, како што, како што рече, тоа го прави Градот Скопје со цел да дојдеме до вистински заклучок кога најбрзо мостот може повторно да биде пуштен во употреба.-Паушалните тврдења како досега кои произлегоа од политичките агенди на групи и поединци, што само шират страв и паника помеѓу граѓаните, не помагаат никому. Жалам што можам да констатирам дека секоја непогода со која се соочува градот резултира со медиумски линч на градската администрација иако на граѓаните им е јасно дека се работи само за очајни обиди за собирање на политички поени, рече Арсовска.

Скопје | пред 2 години

danela-arsovska-1

Лажи, лажи Дано-Арсовска го потпиша истиот проект за пречистителна поради кој го разреши Перински, и го клеветеше Мицкоски, вели ВМРО-ДПМНЕ

Вчера на потпишувањето на грантот од ЕИБ, за изградба на пречистителната станица во Скопје, паднаа маските и сите лаги, кои беа упатени кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Златко Перински, во тој момент директор на ЈП Водовод и канализација - Скопје, вели ВМРО-ДПМНЕ„Со изјавата на потпретседателката на ЕИБ, Лилјана Павлова, дека биле исполнети сите планови и процедури во постапката и дека се било во ред, се потврди дека Данела Арсовска и СДС пред 6 месеци се обидоа, да ги изманипулираат скопјани, за некакви криминали и медови околу пречистителната станица во Скопје.Знаеме дека Арсовска црвенеејќи присувствувала на вчерашниот настан, за проект кој прво се обиде да го урне, од само за нејзе познати цели, а во исто време да слуша во живо како ја демантираат директно од ЕИБ и со лажна насмевка истото да го проследи. Но, на лагата и се кратки нозете.Доблесно е во најмала рака, Арсовска и СДС, да најдат сили и да се извинат пред јавноста за лагите и манипулациите со кои се служеа.Арсовска позната по синтагмата "Лажи, лажи Дано", треба во најмала рака да се извии заедно со СДС за лагите кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски и директорот Перински“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 2 години

Нема фотографија

„Кога Арсовска ќе сфати дека е листопадна? Не станува збор дали ќе издржи заради инает, туку што ќе направи за Скопје“, вели Јоци

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска вели дека нема да се откаже од нејзината функција и дека ќе издржи поради принципите во кои лично верува.На ова реагираше Јорданка Ивановска Јоци.„Не знам Данела Арсовска кога ќе сфати дека е листопадна, како и претходниците пред неа кои сега садат ружи по дома и сфатија дека моќта е лизгава ствар.Не станува збор дали ќе издржи заради нечиј инает, туку што ќе направи за Скопје додека е на чело на метрополата за некој да ја памети.Насловот укажува на его, а не на љубов“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

image-170057

Оставка од Глигоров од позицијата генсек на Град Скопје, до кога СДС и Арсовска ќе штитат семејно насилство, вели ВМРО-ДПМНЕ

Арсовска со денови молчи за насилството на нејзиниот генсек врз вработени во Град Скопје, иако како жена политичар треба да биде прва против насилството, а особено против семејното насилство, за што во минатото Глигоров исто така бил пријавуван, вели ВМРО-ДПМНЕ„Доколку Арсовска не знаела дека нејзиниот втор човек е насилник, сега знае, и нема оправдување да не го разреши.Недозволиво е човек со склоност кон насилство да биде втор човек во институција како Град Скопје.Дали Глигоров има карактерна особина за насилничко однесување кон жени и поддредени во службата, не навлегуваме, тоа е проблем кој доколку се детектира треба да се третира од соодветни установи, но не може таква личност да биде на раководна позиција.Што да очекуваат граѓаните кои треба да чекаат услуга од генсекот Глигоров? Нема место за насилството во 21 век, ниту во институциите, ниту во општеството.Ги повикуваме СДС и Арсовска да го прекинат молкот и да го разрешат Глигоров“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 3 години

300806025_5548677575178409_2960506694749295287_n

Арсовска бега од прашања, ПР-от влечел новинарка за рака

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска и денеска, како и цела година од нејзиниот мандат, не даде одговори на прашањата на новинарите, пишува СДК. МК  На вонредната прес-конференцијата која ја закажа самата, рече дека не може да одговара на прашања надвор од темата бидејќи е болна и е на боледување. Пред почетокот на прес-конференцијата лицето кое од нејзе е задолжено за комуникација со медиуми одеше од новинар до новинар и велеше дека ќе нема прашања.И покрај настојувањето на новинарите да добијат одговори, затоа што никој не им одговара на прашањата кои со месеци ги поставуваат до градоначалничкатата и Град Скопје, а нејзе ја нема во јавност, Арсовска замина од салата. Додека таа си заминуваше, од нејзиниот кабинет на новинарите им велеа „сите прашања што ги имате пратете ги на меилче”, наведува САКАМДАКАЖАМ.МКАрсовска потоа на новинарските екипи кои се обидуваа да ѝ земат изјава им рече „на боледување сум, срамота е ова што го правите“, наведува СДК

Скопје | пред 3 години

usije

Арсовска ќе поднесе кривична пријава за цементарницата „Титан Усје“

На иницијатива на Град Скопје во соработка со Министерството за животна средина, изминатиот месец, градот самостојно и во, здружена акција со Министерството изврши мерења на испустот на гасови од работењето на објект од тешка индустрија во општината Кисела Вода.„Се работи за цементарницата „Титан Усје“ од каде при извршените мерења на амбиенталниот воздух во фабриката се забележани големи концентрации на штетни честици кои значително допринесуваат кон нарушување на квалитетот на амбиенталниот воздух на целокупното подрачје на градот Скопје.Мерењата се извршени во два наврати, и тоа на 26 и 27 декември минатата година, и 3 и 4 јануари годинава. Во двата наврати измерени се огромни пречекорувања на дозволениот испуст на гасови и честици кои го загадуваат и нарушуваат квалитетот на амбиенталниот воздух.Конкретно, во месец декември минатата година, измерени се три пати повеќе ПМ10 честички кои се испуштаат во атмосферата, а слични резултати добивме и при мерењето кое е извршено на почетокот на овој месец.Станува збор за испуштање на три пати поголеми количини од дозволените, на метар кубен секој час.Инспектори на градот Скопје во здружена акција со државниот инспекторат при Министерството за животна средина извршија увид на работниот процес во цементарницата при што се забележани сериозни прекршувања спротивни на издадената А интегрирана еколошка лиценца, која ја издава токму Министерството за животна средина.Имено, при последното мерење, констатирано е драстичнно пречекорување на испустот на штетни честици со што се нарушува квалитетот на амбиенталниот воздух.Дополнително за загадувањето од котларата за загревање на цементарницата утврдено е дека има надминување на граничните вредности на азотни оксиди NOx при што резултатите од мерењата покажуваат повеќе од двојно поголеми вредности од дозволените 350 милиграми односно покажуваат 711,9 милиграми на метар кубен.Поради ова, како градоначалник на градот Скопје преземав иницијатива за покренување на кривична постапка против цементарницата „Титан Усје“ согласно член 218, член 230 и член 234 од Кривичниот законик, за непридржување кон прописите за заштита и унапредување на животната средина, со што се загадува воздух, почва, вода, во поголем обем и со што се предизвикува опасност за животот и здравјето на луѓето.Граѓаните на градот Скопје недозволиво е да бидат жртви на профитите на неколкумина кои со децении не трујат, обидувајќи се со „донации“ по општините, коруптивно однесување и најразличен вид на влијанија да се амнестираат од одговорноста за загадувањето на животната средина од кое илјадници граѓани страдаат од бројни заболувања.Како градоначалник со тимот во изминатата година работевме на системско решение за интегрирано спречување и контрола на загадувањето и тоа на краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки.Краткорочните, или популарно наречените „интервентни“ мерки од страна на градот Скопје се превземаат само по укажување на Министерството за животна средина. По добивање на известување за алармантна состојба од Министерството за животна средина и просторно планирање градот постапува согласно мерките кои се препорачуваат за заштита на амбиенталниот воздух, а во согласност со Законот за заштита на амбиенталниот воздух. Одлука од Град Скопје за превземање на краткорочни мерки следува по добиено известување од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање.На моја иницијатива, а заедно со секторите во градот Скопје, активно работиме и на спроведување на повеќе континуирани мерки за намалување на загадувањето во градот. Во континуитет се чистат дивите депонии, се зголемуваат субвенциите за алтернативен превоз, се воведува ред во јавниот превоз во кој повеќе нема да можат да партиципираат возила кои немаат минимум ЕУРО 4 стандарди со цел намалување нa загадувањето од овие возила.Согласно Законот за квалитет на амбиентниот воздух Градот Скопје спроведува мерки и препораки за намалување на загадувањето на воздухот и заштита на здравјето на граѓаните:-Зајакнат инспекциски надзор на инсталациите под надлежност на Град Скопје и правни лица со Б интегрирани еколошки дозволи-Интезивна контрола на градилиштата, односно возилата што излегуваат од градилиштата заради контрола на прашина.-Зајакната контрола на имателите на одобренија за доставување на стока преку Инспекторатот на Град Скопје. Воедно го повикавме Министерството за внатрешни работи да спроведе засилени контроли на правните субјекти кои поседуваат одобренија за доставување на стоки издадени од страна на Градот Скопје.-Им се препорачува на градоначалниците на општините во градот Скопје да ги интензивираат инспекциските надзори над субјектите кои управуваат со отпадни гуми и отпадни масла.-Министерството за животна средина, Државниот инспекторат за животна средина и општините се повикани да извршат засилени контроли над инсталациите што се под нивни ингеренции.-Министерството за внатрешни работи да ги зајакне контролите на почитување на забраната за движење на тешки товарни возила чијашто крајна дестинација не е Градот Скопје и кои ќе се упатуваат да ја користат скопската обиколница, во согласност со поставената сообраќајна сигнализација.-Министерството за внатрешни работи да врши зачестени контроли на издувните гасови на возилата кои учествуваат во сообраќајот.-За енергенс или при затоплување да не се користат отпадни материјали, прегорено машинсо масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа, гуми и каков било синтетички материјал.-Да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и отпадоци, печките на дрво да се користат и одржуваат според упатствата на производителот, редовно да се чистат оџаците.Мерките и препораките за намалување на загадувањето на воздухот се согласно Краткорочниот акционен план за заштита на амбиентниот воздух во град Скопје .Ги повикуваме ресорните институции во чија примарна надлежност е животната средина Министерството за животната средина и просторно планирање и Државниот инспекторат за животна средина да ги интензивираат активностите во насока на овозможување здрава животна средина и повисок квалитет на амбиентален воздух. Градот Скопје започна со спроведување сет системски и конкретни мерки за справување со загадениот воздух и токму ова е еден од најголемите приоритети на кој ќе работи градската администрација. Овој сет на комплементарни мерки ќе придонесат за обезбедување повисок квалитет на живот за граѓаните и намалување на нивото на загаден воздух.Во изминатата година, градот Скопје има изречено казни од 12 до 88 илјади евра за правни лица и соодветни казни против физички лица кои се затекнати како неправилно одлагаат отпад и го прекршуваат законот.Дополнително, сакам да ја информирам јавноста и да констатирам дека за жал со оваа состојба досега никој не се занимавал сериозно. Тука сакам да ја потенцирам потребата од воведување и редовно ажурирање на регистарот на загадувачи.Град Скопје покрај краткорочните мерки, работи и на план за имплементација на среднорочни и долгорочни мерки за заштита на амбиенталниот воздух.Како градоначалник со тимот во изминатата година работевме на системско решение за интегрирано спречување и контрола на загадувањето, при што со анализа и активности на терен детектирани се над 1000 субјекти кои е неопходно да подлежат на интегрирани еколошки дозволи со што примарните извори на загадување од индустријата ќе се ограничат во можноста да се продолжи со истото однесување. Со имплементација на овие среднорочни и долгорочни мерки, кои ќе се спроведуваат во континуитет, ќе се постигне подобување на состојбите, наместо да се делува со краткорочни мерки кои се интервентни и се активираат само кога проблемот е најизразен.Имено, од 2006 година кога со Законот за животна средина е започнат процесоот за интегрирано спречување и контрола на загадување, со што се предвидува и воведување на регистар на загадувачи и контрола на издадени А и Б интегрирани еколошки дозволи, до овој момент во градот Скопје регистирани се само 30 правни лица, иако според анализите кои ги извршивме во изминатата година постојат најмалку 1.000 вакви правни лица кои морале да бидат регистрирани и соодветно контролирани. Оттука најавувам, и едновремено апелирам до сите компании кои имаат обврска според овој закон, во наредните 30 дена да достават елаборати за управување со загадувањето и да аплицираат за Б интегрирана еколошка дозвола. Градот ќе ги превземе сите законски можности и нема да амнестира никој кој ќе биде затекнат дека врши дејност без соодветната еколошка дозвола и со тоа го нарушува квалитетот на животната средина и го загрозува здравјето на скопјани.За оваа година, согласно најавените мерки, најавуваме засилени контроли и зголемена ефикасност на градскиот инспекторат.Крајно време е, по три децении, да се стави ред и да се посветиме на тоа сите во Скопје да имаат повисок степен на квалитет на живот“, се вели во сооштението.

Скопје | пред 3 години

IMG_20211108_130116_169-768x512-1

Шилегов за Данела: Неа у ствари и учителката ја мразела коа била мала

По прес-конференцијата на Данела Арсовска на социјалните мрежи се огласи поранешниот градоначалник Петре Шилегов.„Од скопските приказни:Неа у ствари и учителката ја мразела коа била мала …“, вели Шилегов

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-11-08-141044

„Да сум ко Данела ќе му појдам на Трајко со караоке звучник од Бит пазар“, сите се подбиваат со драмите во Град Скопје

Градоначалничката Данела Арсовска на денешната седница на Советот на Град Скопје викна полиција и го пријави претседателот на Советот Трајко Славески дека го украл микрофонот кој стои на говорницата.Службите од Градот им даваа изјава на полицајците кои правеа записник дека микрoфонот е сопственост на Градот и со тоа што го нема, извршена е кражба и оштетена е институцијата.Претходно Арсовска со подвижен микрофон отиде на говорницата и му рече на Славески дека е Хитлер и крадец.Еве што велат граѓаните во врска со овој случај.https://twitter.com/Revizorkata/status/1590051467800764416?s=20&t=JrCCJLxjOGYVvmGJcxA6ughttps://twitter.com/P0KIO/status/1590007865196310529?s=20&t=JrCCJLxjOGYVvmGJcxA6ughttps://twitter.com/5_do_12/status/1590039434627801088?s=20&t=JrCCJLxjOGYVvmGJcxA6ughttps://twitter.com/Don_Cobe/status/1590029179898429441?s=20&t=JrCCJLxjOGYVvmGJcxA6ughttps://twitter.com/JasTheGreaTTT/status/1590002489901821953?s=20&t=JrCCJLxjOGYVvmGJcxA6ughttps://twitter.com/LunaBojar/status/1589987115819208706?s=20&t=JrCCJLxjOGYVvmGJcxA6ughttps://twitter.com/MuTetka/status/1589986502045405184?s=20&t=JrCCJLxjOGYVvmGJcxA6ughttps://twitter.com/hasawatermark/status/1589970882545344513?s=20&t=JrCCJLxjOGYVvmGJcxA6ughttps://twitter.com/Nikola_bate/status/1589957371811737601?s=20&t=JrCCJLxjOGYVvmGJcxA6ughttps://twitter.com/severdjandjan/status/1590036062000525312?s=20&t=JrCCJLxjOGYVvmGJcxA6ughttps://twitter.com/natwnajubaviot/status/1589973389586096128?s=20&t=JrCCJLxjOGYVvmGJcxA6ughttps://twitter.com/kapsarovb/status/1589975686181453824?s=20&t=JrCCJLxjOGYVvmGJcxA6ughttps://twitter.com/P0KIO/status/1590002266920345603?s=20&t=JrCCJLxjOGYVvmGJcxA6ughttps://twitter.com/ThePharmacistt/status/1590044169149747200?s=20&t=JrCCJLxjOGYVvmGJcxA6ughttps://twitter.com/mufljus/status/1590038243453435905?s=20&t=JrCCJLxjOGYVvmGJcxA6ughttps://twitter.com/TantaraPantara/status/1589993761521930242?s=20&t=JrCCJLxjOGYVvmGJcxA6ughttps://twitter.com/Gerasim_mk/status/1589992923147665408?s=20&t=JrCCJLxjOGYVvmGJcxA6ug 

Коментари | пред 3 години

mickoski-danela-1

(ВИДЕО) Мицкоски не ја поштеди Арсовска: Јас не сум психијатар

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за А1он изјави дека градот Скопје имал многу подобри градоначалници од Данела Арсовска во оваа прва година.„Данела позади која застана ВМРО-ДПМНЕ победи на избори. Јас како човек сум  застанал позади карактер, па не сум на крајот од денот психијатар за да можам дап роценувам карактери, па дали се тие со вакви или такви склоности. Јас како претседател на политичка партија бирам победник или губам на избори, вели Мицкоски.Тој ја прокоментира изјавата во која Арсовска вели дека треба да се побара оставка од „Мицкоски, шпицниот градоначалник“.„Непријатно е да ги слушате овие работи, бидејќи сепак треба да се има едно човечко достоинство, да бидете пред се дама, да бидете мајка, да бидете сопруга, педагог и така и да се однесувате. Повторно уште еден бесплатен совет до госпоѓата Данела Арсовска да се задржи на оние принципи на кои што сум ја учел во времето на кампањата и во тој период, да биде дама, да биде госпоѓа, да биде мајка, да биде сопруга, да биде посветена на работата.  Ова што сега го гледаме е спротивно на тоа.?t=581 

Македонија | пред 3 години

danela119iu4

„Чим Арсовска рекла ќе има вода, треба да полниме бурињата“, аларм за Скопје

Јорданка Ивановска Јоци ја искоментира изјавата на Арсовска во која вели дека Скопје нема да остане без вода.„Чим #Арсовска вака рекла - треба да полниме бурињата и да се подготвиме за тешка зима.Сè досега што изјави, излезе обратно. Рече бесплатен превоз и нови бусови- нема ништо од тоа. Тапа џонсон!Вети светло на улиците, црн мрак е паднат.Луна паркови и Универзална закопани се за навек у правливи фиоки, не ги ни споменува.Едноставно, ни се случува елементарна непогода од епски размери.И, не! Не и` текнува да си оди сама!Можеби треба некој да ја потсети колку е часот...Ја ако кажам, ќе ми се лути“, вели Јоци.

Коментари | пред 3 години

Siljanovska02122021

За Силјановска терминот „шпицен градоначалник“ е многу глупав: „Градоначалничката може да биде шпицна на себе“

Терминот „шпицен градоначалник“ е многу глупав, вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова.Таа го искоментира терминот кој скопската градоначалничка Данела Арсовска го употреби претходно, за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.„Градоначалничката може да биде шпицна на себе. Тоа за мене е некоја лузија, глупо поглупо, најглупо. Тоа ништо не значи. Човек пред да употреби нешто, треба добро да размисли“, рече Силјановска-Давкова.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања