АРСОВСКА

danela-arsovska-1

„Здраво Дано, можеби те прекинувам во битна работа, хаха, се зезам, знам дека не работиш!“- иронично писмо до Данела Арсовска

Популарната инфлуенсерка, Ина Многуфина, јавно ја прозва градската мајка, Данела Арсовска. Преку ироничен коментар и порача дека жичарницата е вон функција и праша зошто ако има изменето работно време, за тоа јавноста не е известена. Ина, ѝ порача на Данела да му пренесе на директорот на ЈСП, да ѝ ги измасира нозете.„Здраво Данела Арсовска, извини може те прекинувам во некоја битна работа низ градов, хаха, се зезам, знам дека не работиш. Туку, јас не знам дали знаеш, се качувам на Водно и после се симнувам со жичара пошо ме болат коленцата. Исто така не знам дали знаеш дека жичарата има денови кога не работи, а за сите други измени во работното време треба да се известат граѓаните односно јавноста пошо вие сте во служба на јавноста затоа се викате јавни службеници.И денес Дано, одам јас, нагоре нагоре, два пати липсав, еднаш нешо ми шушкаше, со сите реков "добар ден", стигнав, крави пасеа горе, и жено замисли жичарата не работи. Отварам по социјални мрежи, отварам сегде да видам каде објавиле овие твоите, ништо. А јас знам дека ти се разбираш од дигитал и ги знаеш бенефициите и моќта од истиот како информативен канал. Како и да е Дано, седам јас и сфаќам ќе се симнувам пешки. Ми се стемни. Времето не ми е планирано за пешки, имам обврски и јас, коленцето ме боли, вода неам, а горе не работи ништо, и тргнувам јас Данче моја по уздолницата. Стигнав да не ме мислиш, све ме боли. Сега, кажи му на тој директорот на ЈСП да дојде да ми ги масира нозете додека не му кажам доста, провери си зошто не ти работат службите, веројатно со автобусине до средно имаат отидено и пензионери и родители кои џабе дошле, и еднаш засекогаш разберете дека вие сте во служба на јавноста која треба да ја информирате.Затоа сте јавни службеници. Остај што ве тапшаат по дома дека сте битни фаци. Не сте, во служба сте на народот и имате обврски према него. Утре ако уште ме болат нозете пак ќе ти пишам. А да, да не заборавам, немојте да објавите нешто од типот дека жичарата е во квар пошо не е, проверив. Следниот пат ко ќе се качам ако пак не работи, ќе те барам да го пратиш тој од ЈСП да дојде да ме земе и да ми донесе вода“.

Коментари | пред 1 година

Screenshot-2022-11-08-141044

(Видео) Арсовска е одамна во политичка пензија, резултатите од изборите се мерило колку вреди, рече Славески во „Претрес“

Трајко Славески, претседател на Советот на Град Скопје и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во подкастот „Претрес со Ландов“ кажа дека скопската градоначалничка одамна е во политичка пензија. „И пред да стане градоначалник имав некои индикации дека таа има амбиции за повисока функција. Го имам кажано ова и на друго место, ова е сигурно. Уште во 2019, 2020 година, имаше амбиции за потпретседателско место. Сега ќе се покаже вистинската вредност на ова гласање, имаше дилема во некои јавни настапи кажуваше дека сама ги освоила гласовите“, рече Славески во „Претрес“ и додаде:„Сега еве ви мерило колку вредите. Мислам дека таа одамна е во политичка пензија“.Славески зборуваше и други актуелни случувања, теми, како и за ВМРО-ДПМНЕ, а го спомена и Сашо Мијалков.?t=7377

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-22-at-11.28.20

Арсовска е срам за Скопје, поради неспособноста и инаетот се стопира реализација на 5 проекти за скопјани, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Неспособната Данела Арсовска која е во тајна коалиција со СДС и ДУИ работи против скопјани“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Арсовска стопира 5 клучни проекти за скопјани кои претходно беа донесени од Советот на Град Скопје и тоа само поради тоа што ќе се градат од страна на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.Граѓаните од Кисела Вода, Аеродром и Гази Баба ќе останат без детски градинки, училишта и спортска сала бидејќи Арсовска донела одлука за запирање на процесот на градба преку ослободување на надомест.Советот на Град Скопје донесе одлука за Ослободување од плаќање на надоместок за изградба на ОУ Крсте Мисирков во Гази Баба, ОУ Блаже Коневски во Аеродром, градинката Весели Цветови во Кисела Вода, градинката Изворче во Аеродром, како и изградба на затворено спортско игралиште во Пинтија Кисела Вода, но Арсовска ја стопира нивната реализација.Арсовска освен што е неспособна, туку е и штетна за скопјани. Затоа треба веднаш да си поднесе оставка.Инатот на Арсовска нема да донесе ништо добро за Скопје и скопјани.Арсовска наместо да ги реализира проектите кои што ги вети пред граѓаните, свесно го уништува Скопје.Неспособната Арсовска ќе биде запаметена како најкатастрофалната и најлоша градоначалничка на Град Скопје.Арсовска треба да им слугува на граѓаните, а не на СДС и ДУИ.Арсовска е срам за Скопје!

Македонија | пред 1 година

danela-arsovska-1

Данела за сите кражби од големи размери нема да ја спаси ни Тодор Александров да воскресе, затвор не и бега, тврди Мухамеди

Умејр Мухамеди е поранешен соработник на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Тој замина од Град Скопје, па напиша дека бил натепан. Сега, со нов жесток напад над Арсовска. Зборува за тендерите кои се плаќаат од државни пари, па посочува: „Данела за сите овие кражби од големи размери нема да ја спаси никој“.Неговото пишување во целост:„Ај вака да објасниме некои работи:1. Данела Арсовска склучува договор во вредност од 500.000 евра за чистење на кејот на Вардар. Изведувач е “Гама Градба”, багерите се појавуваат една недела и ги снемува. Кејот на Вардар го чистат јавните претпријатија на градот. Од податоците кои ги добив на е-finance на фирмата Гама Градба редовно и се плаќаат големи суми.2. Данела Арсовска склучува договор со фирмата Нексос инженеринг за чистење на снегот, набавка вредна 65.000.000 денари, во договорот стои дека и да има и да нема снег парите треба да и се исплатат на фирмата. Носителот на набавката е близок со Стевчо Јакимовски и кон истата фирма исплатите се вршат редовно.3. Данела Арсовска склучува договор во вредност од 60.000.000 денари за набавка на садници (најголема набавка на садници во историјата на градот). Јас и пишувам дека нема многу засадени садници а вредноста на набавката е преголема она ми вика дека биле засадени 600.000 дрвја. Носител на набавката е “хорти ком” (нејзин пријател).4. Данела Арсовска преку ЈСП склучува договор со Пуцко Петрол за набавка на нафта и нафтени деривати, вредноста на набавката е 27 милиони евра (најголема во историјата на градот односно двојно поголема од претходните набавки), во меѓувреме преку комунална хигиена склучува нови договори за набавка на нафта. (кражба од невидени размери).5. Данела Арсовска им ги централизира поголемите набавки на средните училишта и преку таканаречена групна набавка она да одлучува која фирма ке го добие тендерот.6. Данела Арсовска (не она лично) сече дрвја за кок нема “одобреније за сеча” за 500 евра. (За ова тие изгубените во простор од ЗХГ немаа никаков коментар).7. Сите вредни вработени со по 20 години искуство ги исклучува од работниот процес и ги носи во пожарна преку брутален мобинг и незаконски постапки.Данела Арсовска се “кара” со Умејр Муамеди бидејки за сите овие набавки и за многу други работи директно сум и се спротиставил и за тоа имам и докази. Данела Арсовска за сите овие кражби од големи размери од идната власт нема да ја спаси од кривичен прогон ни Ванчо Јовановски ни Никола Груевски, дури и Тодор Александров да воскресне затвор не и бега.Има и многу други работи но сето тоа кога ке дојде времето да се докажеме во суд“.Претходно:(Фото) Соработник на Арсовска си замина од Град Скопје, па објави дека бил натепан: Напаѓачот ме нападна со зборовите зошто пишуваш против Данела - Скопје1.мк (skopje1.mk)Правник ја искина дипломата откако почна бришење на казни од Кривичен законик во Собрание - Скопје1.мк (skopje1.mk)

Коментари | пред 1 година

arsovksa-belasica

(Видео) Мостот „Беласица“ зјае полузатворен веќе девет месеци: Арсовска не кажува дали го поправа, ниту дали ќе го пушти целосно

Мостот „Беласица“ остана заборавен од Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска, осум месеци по пожарот кој изби. За сообраќај беа пуштени само две ленти, а на средината и натаму останаа поставените конуси, кои означуваат забрана за користење на останатите ленти. Точно 20 дена, нема одговор од кабинетот на Арсовска дали преземаат нешто во насока на целосно пуштање во употреба на овој мост. За тоа време, на терен, не може да се забележи дека се работи било што.Прашавме и дали Град Скопје има временска рамка до кога планира овој мост да биде вратен во целосна функција, на што исто така добивме игнорантски однос. И ова не е првпат, вообичаеното однесување на Арсовска е да ги игнорира новинарските прашања, а градот да не дава одговори.За тоа време, граѓаните и натаму нервозни особено во наутро и после пладне, кога одат и се враќаат од работа. Мостот „Беласица“ кој го спојува едниот со другиот дел на Скопје е често блокиран, а колони возила чекаат за да поминат преку него.Одговорност за опожарувањето не понесе никој, непознато е и дали полицијата откри кој и зошто го подметна пожарот.

Скопје | пред 1 година

aerodrom3

Беќаровски до Арсовска и Муцунски: Уште колку месеци ќе голтаме прашина, паркираните булдожери и валјак и во следните шест месеци ќе стојат како декор

Доктор Нико Беќаровски повторно реагира на социјалните мрежи во врска со раскопаниот дел од улицата „Васко Каранѓелевски“ во општина Аеродром.„Почитувани мои ФБ пријатели од медиумите, ќе Ве замолам ЈАВНО да ги прашате градоначалникот на Општина Аеродром, г-динот Тимчо Муцунски и градоначалничката на Скопје г-ѓа Данела Арсовска:• Уште колку месеци ќе треба секојдневно да ја голтаме прашината и да ги кршиме автомобилите по раскопаниот дел од улицата "Васко Каранѓелевски" на потегот од базенот "Бисер" до поликлиниката "Јане Сандански"???• Дали паркираните два булдожери и еден валјак и во следните шест месеци, како и во изминативе, ќе стојат како декор???Однапред Ви благодарам во името на илјадниците граѓани на Аеродром кои секојдневно барем два пати поминуваат низ оваа улица и одат со извалкани чевли или извалкани и амортизирани автомобили до своите работни места, иако живеат само на 3.5 км од центарот на 'метрополата'“,вели Беќаровски.

Коментари | пред 2 години

Screenshot-2022-09-12-at-13.08.12

Арсовска бара улица во Приштина даго носи името Тодор Александров

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска бара улица што ќе го носи името на Тодор Александров во Приштина, откако Втора македонска бригада е преименувана во Адем Демачи.Како што соопштија од Град Скопје, денеска градоначалничката до Советот на Град Скопје поднесе иницијатива за враќање на името на улицата Втора македонска бригада која претходниот состав на советот ја променил во Адем Демачи, а за која Владата дала согласност за промена.„Ги повикувам сите советници во Советот на Град Скопје да гласаат во корист на оваа предлог одлука, со која ќе се исправи неправдата кон 230 херои, припадници на Втората македонска бригада од сите етникуми кои го дале својот живот за одбрана на Македонија. Апелирам, оваа иницијатива да не се политизира ниту пак да се злоупотребува за кревање на етнички тензии, особено поради фактот што најголемиот дел од хероите, покрај Македонци биле токму Албанци, Роми и Власи. Воедно, силно ја осудувам националистичката реторика и на косовскиот премиер Албин Курти и сакам да му предложам нова иницијатива - во Приштина улица да биде именувана по македонскиот револуционер Тодор Александров кој своевремено активно соработувал со Хасан Приштина, Хасан Бејта и Бајрам Цури во борбата против окупацијата на СХС. За оваа соработка е донесена и одлука на ЦК на ВМРО на која за контакт бил назначен Петар Чаулев", вели Арсовска.Бурни реакции има откако Курти ги посети Чаир и Тетово, а таму се вееја албански знамиња и карта на Голема Албанија.

Скопје | пред 2 години

danela-arsovska-1

Арсовска за Ковачевски: Како некој што не може да си помогне себеси би можел да помогне на Градот Скопје

Досега нема покана од Владата за средба на која би се разговарало за помош од централната власт за главниот град, изјави градоначалничката на Скопје Данела Арсовска во вчерашното гостување на Канал 5, коментирајќи ја изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека ќе ја повика неа и нејзините соработници на состанок во Владата затоа што „градот на ништо не личел“.Според неа, најавената покана е спорна од два аспекта.- Првиот аспект е дека можеби доколку му се чини на премиерот дека градот на ништо не личи и најголем придонес имаат неговите советници во Градот, коишто се официјално и коалиција со ДПМНЕ, со што не гласаат за проектите да се реализираат коишто се во интерес на граѓаните. И доколку навистина тој би сакал да му помогне на Градот, можеби една од најдобрите решенија е да ги охрабри своите советници, кои ги има навистина во голем број во Град Скопје, да ги гласаат овие проекти што граѓаните ги бараа, меѓутоа исто така овие проекти се и од програмата којашто е избрана од нашите граѓани на последните локални избори, рече Арсовска.Вториот аспект, наведе Арсовска, е „како некој што не може да си помогне себеси би можел да помогне на Градот Скопје“, додавајќи дека ниту еден капитален проект во државата не е реализиран, посочувајќи ги како примери автопатот Кичево-Охрид и клиничкиот центар за коишто нагласи дека не се реализирани со години.

Скопје | пред 2 години

Screenshot-2022-09-12-at-13.08.12

Ковачевски ќе ја викне Данела за да помогне Скопје да заличи на метропола

Премиерот Димитар Ковачевски денеска посочи дека ќе ја повика градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска за да помогне околу тоа градот да заличи на метропола.„Тоа е обврска на опозицијата која се фалеше дека ќе го направи Скопје Метропола но за жал денес погледнете какво е. Не може да се доправи ништо што е започнато и од таа причина планирам да го повикам раководството на Град Скопје за да разгледаме што можеме ние како Влада да помогнеме бидејки граѓаните на Скопје заслужуваат да живеат во Метропола, а не заслужуваат ВМРО-ДПМНЕ и нивниот кандидат да се караат секој ден кој бил во право“, посочи Ковачевски.

Скопје | пред 2 години

Нема фотографија

Во Скопје има Детални урбанистички планови кои сакаат шверцерски да ги протнат, алармира Арсовска

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска побара хумано градење во Градот, но и следење на стандардите за градење, за да не се повтори тоа што се случи пред 60 години со катастрофалниот земјотрес. Се заблагодари на вработените во ИЗИС и ги повика сите присутни да се спротистават на урбаната мафија. Потенцираше дека во моментов се работи на Генералниот урбанистички план кој треба да биде водила за тоа како Градот ќе се развива идните 10 години.„Треба да превенираме да не се случи она што се случи. Да се биде на браникот на тоа да не се овозможи сеизмички несоодветни објекти да се градат – е многу важно. Но важно е да се имаат и останатите фактори кои треба да ги имаме, за развојот на нашиот град. А тоа е хуманото градење, Град Скопје да се гради хумано“, рече Арсовска.Ги повика присутните и вработените во ИЗИС, да направат се што сметаат и што можат, за да во Град Скопје не се развива урбаната мафија.„Со тимот во Град Скопје имавме состанок и анализиравме и дојдовме до тоа дека има Детални урбанистички планови, кои сакаат шверцерски да се протнат низ институциите. Затоа повикувам да зборувате гласно, да ја дадете својата експертиза секаде каде е неопходно“, додаде таа.Макфакс

Скопје | пред 2 години

danela.arsovska-1200x1200

Јоци за Арсовска: Она има рејтинг - растурен компир, со сила и градат некој карикатурален имиџ на ,,Лара Крофт против мафијата"

Деновиве во медиумите беше објавена ифнормација дека градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска можно е да формира своја политичка партија.Наводно,идејата постои извесно време, а се заснова врз проценката на нејзините советници дека таа уживала голема поддршка кај граѓаните, односно интелектуалците, граѓанскиот сектор, дел од неопределените гласачи.Јоци вели дека оваа информација била објавена уште лани од нејзина страна, но и дека Арсовска нема поим од избори.„Ова вчерашно инфо за формирање партија јас го објавив уште лани, а таа одговори на тв дека - сé е во игра.ℹ️ Она нема поим од избори, подем на партии, кампањи, рејтинзи, психологија на маса и мисли дека ќе одземе вмровски гласови и ќе направи штета на опозицијата и на Мицкоски, кој и` е ноќна мора и фиксација.Секако, тоа нема врска со реалноста, бидејќи она има рејтинг - растурен компир.Башка никој не и` објаснил што значи Донтонов модел и како се делат пратенички места.Опкружена е со луѓе кои си викаат меѓу себе ,,ој војводо, ој сердаре" и така некако се во филм дека се прејаки и дека ќе рушат ,,систем со дигалка". (цитат: Тетовирање)Таргет на таа мала групичка се Ѓорче и Карпош, тамошните гласови и гласачко тело.Но, парламентарни избори се пекол во споредба со локални. И веќе се знае победникот.Гласачите, особено на десницата не се премислуваат толку лесно, не се ,,рашетуваат" по помали партии и крваво се тепаат за своите.И она најинтересното, на уста се многу јаки и на оговарање док партијата им е во опозиција, па дрндаат како ,,нивните" за ништо не ги бива, но на крај пак гласаат за своите. Затоа и имено рејтингот на ВМРО е 20 отсто, за половина повеќе од СДСМ, а јас сметам дека е уште помал на Бихаќка од нотираниот.Ај, ќе научи женичкава.Навивам да формира партија и сама да си се качи и да се шета на криво магаре.П.С: Иначе пресмешно е како со сила и` градат некој карикатурален имиџ на ,,Лара Крофт против мафијата", али ај за тоа другпат“, вели Јоци

Коментари | пред 2 години

Screenshot-2022-09-12-at-13.08.12

Арсовска ќе формира политичка партија!?

Според информациите на ТВ21, она што досега било само како идеја, наскоро може да се преточи во реализација, а тоа е градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска да формира своја политичка партија.Наводно,идејата постои извесно време, а се заснова врз проценката на нејзините советници дека таа уживала голема поддршка кај граѓаните, односно интелектуалците, граѓанскиот сектор, дел од неопределените гласачи.Како што дознава ТВ21, во наредниот период целиот процес за реализација на оваа идеја ќе се интензивира, односно ќе се вршат разговори со интелектуалци, луѓе од невладиниот сектор, познати лица од спортот, културата, угледни професори, кои би требало да застанат до неа во формирањето и промовирањето на новата политичка партија.Ова најверојатно е потикнато од резултатите во последната објавена анкета на ИРИ, каде на прашањето дали Арсовска треба да биде резибрана за градоначалник на главниот град, 29 проценти од испитаниците одговориле потврдно, додека 53 отсто негативно. Осумнаесет проценти се изјасниле дека не знаат или не сакаат да одговорат.

Скопје | пред 2 години

danela-orce

Арсовска може да влезе во филм дека е министер за внатрешни работи, па да почне да казнува народ на улиците и да ги апси, вели Ѓорѓиевски

Неспособноста и агресивноста на Арсовска кулминира во последните 24 часа. Освен тоа што на очиглед на целата јавност може да се забележи дека таа нема капацитет, некадарна е и неспособна за водење на градот Скопје, со последната нејзина активност и обидот да се пише казна по џебот на граѓаните на Кисела Вода, покажува дека ниту си ги знае своите надлежности ниту си ги знае своите ингеренции и што е најстрашно – не знае која е територијата што истата ја администрира, обвини на денешната прес-конференција градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.Во неделата неколку градоначалници со камиони со отпад беа попречени да го одложат во „Дрисла“.„Како општини и градоначалници излеговме со наши колеги од соседни општини од Македонија да се справиме со проблемот што го создаде Град Скопје, Данела Арсовска, ‘Комуналната хигиена’. Со денови не знаеше да го реши. Токму затоа се самоорганизиравме, почнавме сами да си ги чистиме улиците. Откако неколку камиони беа наполнети со отпад, се упатија кон ‘Дрисла’, каде што за одлагање нема потреба од никаков договор, одлуката е донесена од 2005 година. Сите општини може да одлагаат отпад во ‘Дрисла’ за тоа да им се изработи фактура и да се наплати“, рече градоначалникот.Тој обвини дека лажат оти нема договор и приложи влезни фактури до Општина Кисела Вода.„Додека се спречуваше камионите од Кисела Вода и Сопиште да одложат отпад во ‘Дрисла’, возила со италијански регистарски таблички, селективно, но и други возила, се пуштаа да одлагаат отпад. Замислете, возилата на граѓаните на општина Кисела Вода, сопственост на Општината, биле попречувани да го одложат отпадот во ‘Дрисла’. Само нашите камиони беа задржани еден и пол час. По неколкупати повикување на разум од наша страна да го внесеме отпадот во ‘Дрисла’, немавме друга опција, освен да го одложиме пред јавното претпријатие ‘Дрисла’. Втората опција беше отпадот да го вратиме во Кисела Вода. Отпадот го одложивме пред ‘Дрисла’. Со ова Арсовска покажа дека, освен тоа што не си ги врши работите, туку и нè попречува ние да си ги завршиме работите за кои таа не е способна да ги изврши“, додаде тој.Градоначалникот објасни дека депонијата „Дрисла“ се наоѓа дел од Сопиште и дел од Студеничени, општини надвор од ингеренциите на Град Скопје.„Сакам да ја прашам Арсовска дали ги знае своите надлежности кога испраќа инспектори од Град Скопје да казнуваат надвор од границите на градот. Дали оваа постапка значи дека Арсовска може да влезе во филм дека е министер за внатрешни работи, па да почне да казнува народ на улиците и да ги апси. Госпоѓата не знае кои ѝ се надлежностите и ингеренциите. Таа нема капацитет за водење на институцијата, не знае да се справи со ниеден проблем. Ниту ги знае своите ингеренции ниту ја знае територијата со која администрира“, рече тој.Ѓорѓиевски праша зошто новото раководство на „Комунална“ две години ги штитело луѓето што не оделе на работа, а примале плата.Во однос на казната, градоначалникот објасни дека нема никаков основ, а правниот тим на Општината ќе постапи против неа.„За оваа казна нема ниту еден денар да биде потрошен од буџетот на Кисела Вода, за оваа казна нема основ. Во која било ситуација во иднина, доколку се појави проблем, а не е во моја надлежност, никогаш нема да бидам нем набљудувач. Нашиот правен тим ќе постапи против казната, не е стигната, а имаме информации дека е изречена од Град Скопје. Казната е за одлагање отпад во неделата. Изречени се казни и за Општина Сопиште и 86 илјади евра на Кисела Вода за одложување отпад на јавна површина. Ингеренциите се на Општина Сопиште и на Општина Студеничани“, додаде тој.

Скопје | пред 2 години

danela

Арсовска: Наместо како инфлуенсери да се фотографираат со нередот што го прават, нека фатат да работат

Градоначалничката Данела Арсовска ги нарече инфлуенсери своите колеги од скопските општини, кои вчера се фотографираа со општинските служби како чистат ѓубре. Им посочи дека првин направиле неред, па играле политички игри. Додаде дека нивна работа е првин да си ги исчистат населбите.„Коалицијата ДПМНЕ – СДСМ, наместо како инфлуенсери да се фотографираат на градските улици со нередот што го прават и политичките игри што ги играат, да се зафатат со работа и да престанат да си играат со нервите на скопјани. Сите тие се власт во градот Скопје и државата и треба да си постапуваат, а не да изигруваат инфлуенсери. И првин нека си ги исчистат своите населби, па после нека кажуваат“, рече Арсовска.Им порача дека со нив мора да се расчисти.„Мора да се расчисти со овие работи. Мора да се расчисти со политикантите, со партиите што си играат инфлуенсери надвор во градот, кои знаат што се случувало бидејќи тие раководеле со овие претпријатија. Тие имаат намера да угнетат сè што не размислува како нив и се обидуваат тие луѓе да ги заплашуваат. Ниту јас ниту директорката не е уплашена од нивните реакции“, додаде Арсовска.

Скопје | пред 2 години

300806025_5548677575178409_2960506694749295287_n

За пет часа не можеме да го надополниме она што овие мафијаши го направија како штета за три дена, вели Арсовска

Не може да се среди за пет часа, нешто што не се средило три дена поради заложништвото на мафијашки структури, порача градоначалничката Данела Арсовска по забелешките дека градот и натаму се гуши во ѓубре. Директорката на „Комунална хигиена“, Косана Мазнева, посочи дека нема да остане општина каде контејнерите ќе остнаат полни. Двете се согласни дека постапуваат и работат за да се сервисираат сите потреби на граѓаните.„Нашето претпријатие три дена беше под целосна блокада. Територијата на Град Скопје беше во заложништво. Од вчера, по 12-1 часот, екипите се на терен. Екипирани се сите работници. Нема да постои ниту една општина каде нема да се исчисти сметот. Ќе работиме 24 часа, се почна со градските улици – само да ги сервисираме потребите на граѓаните“, кажа Мазнева.Арсовска одново го впери прстот во мафијашките структури, кои на прес-конференцијата не ги посочи со име и презиме, но ги пишала во кривичната до Обвинителство„За пет часа не можеме да го надополниме она што овие мафијаши го направија како штета за три дена. Се работи, ќе се исчисти“, рече Арсовска за полните контејнериДиректорката Мазнева посочи дека таа не работи контра вработените, туку во нивна корист.„Јавното претпријатие е во целосна кондиција. Во нивни настапи пред медиуми, одредени личности, клеветат и даваат лажни изјави. Јавното претпријатие ‘Комунална хигиена’, од 2007 година, ниту еден вработен нема добиено регрес на плата. Сега има исплатено. Личните заштитни средства, ракавици и одела, иако е законска обврска да се дадат од претпријатието, тие не биле дадени. ќе ви дадам документи дека оваа година се поделени личните заштитни средства“, додаде Мазнева.

Скопје | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања