АРСОВСКА

arsovska1111

(Фото) Помрачување во Скопје: Данела, 1.500 улични светилки не работат

Од скоро 9.500 светилки во Град Скопје, 1500 се надвор од функција, а бројот постојано се зголемува поради не водење грижа. Вака загрижен помошник раководител во градот, раководен од Данела Арсовска, ја објаснува состојбата со осветлувањето. До „Скопје1“ е доставена и слика од апликацијата преку која се контролираат светилките, а со која се аргументира дека информацијата е точна. Ако се водиме неа, во секој дел на Скопје има светилки кои не работат.Сепак, најалармантно е во Градскиот парк, каде според нашиот извор, подолг период голем дел од светилките се вон функција. Ова е место каде во лето и зимо, во ноќните часови, искачаат и шетаат младите. Дека таму осветлувањето мора да биде во функција е фактот што неретко јавноста сведочи дека има инцидентите како тепачки и грабежи. Но, не работат ни дел од светилките на кејот на Варадар, но и низ центарот на Скопје. Подолг период не работат дел од светилките на Бихаќка, Гологанов, Ѓорче Петров, булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“.Дисфункционалноста на светилките доаѓа во време кога Арсовска и претпријатијата чии директори се именувани од неа, постојат се фалат дека работат и го менуваат Скопје, а градот тоне во нефункционалност за што поплаки имаат граѓаните.„Скопје1“ постави прашање зошто во време кога секојдневно ПР-секторот испраќа пофалби дека претпријатијата ги извршуваат активностите за кои се основаат и не треба да е ништо невообичаено, скопјани се оставаат во темнина, без светилки. Прашавме и дали воопшто знаат за нефункционалноста на овие светилки, како и дали ќе преземат нешто за итно санирање. Оттаму и не очекуваме одговори, со оглед дека имаме пратено десетина мејлови со прашања од јавноста, кои до денеска се ингорнирани.Инаку, Скопје го има едно од најдобрите осветлувања во регионот. Овој проект беше реализиран од претходниот на Арсовска, градоначалникот Петре Шилегов. Светилките се контролираат од апликација, а лесно се детектира и секоја нефункционалност со цел замена или поправка на сијалица.

Скопје | пред 1 година

IMG_2097

Таравари против можност градоначалници да можат да се разрешат: Данела Арсовска е промашена инвестиција

Министерот за здравство, Арбен Таравари, ја нарече скопската градоначалничка Данела Арсовска е промашена инвестиција. Но, според него, не смее да се остави простор политичари да разрешуваат градоначалници. Тој посочи дека тоа можат да го прават само граѓаните.„Јас мислам дека градоначалниците се избираат од граѓаните. Ние предлагаме во Законот за локална самоуправа, за да рационализираме да нема постојано избори. Мислам дека градоначалниците можат да останат без мандат, само преку тие кои им го даваат. Мандатот го даваат народот, тие можат да одземат. Јас мислам дека градоначалникот на Кисела Вода, се повикува на градоначалничката на Град Скопје, која е промашена инвестиција“, рече Таравари.Според него, треба да има политичка одлука за разрешувањето на градоначалниците, но освен граѓаните, никој да не може да ги разреши.

Македонија | пред 1 година

IMG_2111

(Видео) За Арсовска молчењето е злато, но на лагата и се кратки нозете...

Скопската градоначалничка Данела Арсовска четири дена нема одговор на прашањето зошто ја излажа јавноста, но и на прашањето дали ваков политичар треба веднаш да се повлече од функцијата. Како и вообичаено, и овојпат, наместо објаснување, добивме игнорирање на прашањата од граѓаните. Остана нејасно, зошто на прес-конференцијата пред десетици камери и цела македонска јавноста, криеше дека формирала комисија за да го преиспита долгото боледување на разрешениот, па вратениот секретар во Град Скопје, Зоран Глигоров.„Скопје1“ уште во петокот на пладне, покрај потсетувањето дека поканата за гостување во поткастот „Претрес со Ландов“ останува, ја праша и: „Дали сметате дека секој политичар што ќе ја излаже јавноста, треба да се повлече од фукцијата?“. По два часа, откако како и вообичаено не добивме одговори, поставивме ново прашање: „Зошто негиравте дека имате формирано комисија за проверка на боледувањето на Глигоров, кога постојат документи кои го потврдуваат тоа?“. Помина викенд, но ниту стартот на новата работна недела не ги донесе одговорите.Арсовска на прес-конференцијата побара докази, а на прашањето за тоа дали форимирала комисија, одговори: „Не сум формирала, не“. И го пративме и на порака решението според кое се преиспитува привремената спреченост за работа на Глигоров, кое таа го потпишала. Добивме игнорирање.Владеењето на Арсовска без никаква транспарентност, каде градот повеќе наликува на компанија во приватна соспственост трае речиси цел мандат. Освен ПР текстови за да си каже тоа што таа сака, речиси и да нема медиум што добива одговори од Град Скопје на прашања кои граѓаните ги поставуваат и се јавен интерес. „Скопје1“ има пратено над 15 мејлови со теми од јавен интерес – на кои со месеци нема одговори.

Скопје | пред 1 година

arsovska-resenie

(Видео) Арсовска ја излажа јавноста: документот од архивата на Скопје ја покажува вистината

Скопската градоначалничка Данела Арсовска милува да се зборува со докази. А милуваме и ние. Веќе сфативме, таа треба да е секогаш во право.Освен кога ќе ја фатиме дека лаже. Како на пример на прес-конференцијата каде тврдеше дека не формирала комисија за да го преиспита боледувањето на генералниот секретар, Зоран Глигоров.Град Скопје е затворен за одговори на медиумите, но архивата е отворена за „Скопје1“. Ова е решението, потпишано од Арсовска, а заведено во градската архива. Затоа констатираме – Арсовска, излажа!Времето ќе покаже како владеела Арсовска. А нејзе веќе ја прашавме:„Дали сметате дека секој политичар што ќе ја излаже јавноста, треба да се повлече од функцијата?“, стои во пораката до Арсовска од „Скопје1“.Вас ве охрабруваме, секое беззаконие да ни го пријавите со докаази и нам! Анонимно.

Скопје | пред 1 година

arsovska-janevska-

Јаневска и најави на Арсовска дека ќе се видат на суд: Нема основ за исплата огромните средства кои ги бара Град Скопје

Министерката за образование, Весна Јаневска, нема намера да и исплаќа пари на Данела Арсовска, иако до нив стигаат фактури од Град Скопје. Според Јаневска, нема основ како тоа да се направи, а на градоначалничката и најави дека ќе мора да се видат на суд.„Не знам дали градоначалничката планира со други средства да го исплаќа долгот. Точно е дека во МОН стигнаа фактури за огромни средства, за кои Град Скопје тврди дека сме должни да ги исплатиме за бесплатниот превоз. Ние немаме спогодба со Град Скопје, нема основ за исплата на тие средства. Ако не се најде поинакво решение, ние за овие средства ќе мора да одиме на суд. И тоа така ќе биде. Повторувам, нема спогодба, нема основ за исплата на средствата“, рече Јаневска.Јаневска додаде дека Владата и таа како министерка, не ветувале бесплатен превоз за сите, па ја префрли одговорноста кај Данела Арсовска.

Македонија | пред 1 година

IMG_2106ll

Ќе и ги изгласаме програмите и нема да се смени ништо - Арсовска е единица мерка на личност која создава непријатели, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски е подготвен да ги замоли Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје да ги изгласаат програмите кои Данела Арсовска ги бара, но тврди дека состојбата во Скопје ќе остане иста.„За Арсовска премногу се кажа периодов. Би кажал дека е единица мерка на личност која создава непријатели, наместо пријатели. Тоа не е добро, доколку и значи мојот совет“, рече Мицкоски.Тој додаде дека ќе ги замоли советниците да ги изгласаат до програмите, но не е до нив.„Тие програми кои не и се гласаат, да и ги изгласаме, но да видите дека нема ништо да и се смени. Да не биде тоа повторно причина дека ВМРО-ДПМНЕ кочи“, додаде Мицкоски.

Скопје | пред 1 година

Sequence-09.00_08_41_14.Still005

(Видео) „Не е моја работа!“ - Арсовска не знае каде заглави прочистителната станица, ниту дали е платена, а е надлежност на Водовод

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска не знае до каде е реализацијата на проектот за прочистителната станица која треба да го спаси Вардар од фекалии, кој го спроведува „Водовод“, претпријатие под нејзина контрола. Иако за ова не и треба Советот, туку одлуките ги носи сама со директрот кој го назначува, сепак, скопјани не гледаат ни „п“ од пречестителната станица. Неофицијално, „Скопје1“ има информација дека се е стопирано бидејќи е се платени парите.„Јас во делот на трансакции не можам да кажам, не е моја работа, не сум упатена. Извештаи добиваме од страна на Водовод“, вели Арсовска, па на прашање од „Скопје1“ дали ќе се согласи дека не е платена, таа вели: „Не би знаела сега јас да кажам нешто што не е моја ингеренција, моја надлежност, нити пак искрено да ви кажам треба да го коментирам. Нашата насока е по извештаите од Водовод, а во првата година не ги добиваме, да се информираме за текот на работите“.На коментарот од „Скопје1“ дека нејзе не ја интересира до каде е пречистителната станица, Арсовска одговори: „Вие може да карикирате и манипулирате, јас не сум кажала дека не ме интересира, туку дека не можам да давам паушани изјави на кои прецизен одговор ниту имам, ниту сум побарала“.

Скопје | пред 1 година

IMG_6187

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ не гледа вина кај нив и и одговори на Арсовска: За да се исчисти Скопје не треба одлука на Совет, туку само да работат камионите на Комунална хигиена

Кулминираат недоразбирањата и кавгите меѓу скопската градоначалничка и ВМРО-ДПМНЕ. По прес-конференцијата на Арсовска, на прес, Мартин Стојановски, советник од редовите на владеачката партија, на прашање на Скопје 1 зошто не ги гласа предлозите на Совет од градоначалничката одговори дека нејзините предлози не се потковани но не се и образложени.,,Ние како советници сме секогаш спремни да изгласаме се што е во интерес на граѓаните”, рече Стојановски кој не гледа вина кај нив за тоа како изгледа сега Скопје. За да се исчисти, рече не треба одлука на Совет, треба камионите на Комунална хигиена да работат.,,За другите претпријатија гледате какви луѓе се поставуваат и се менуваат”, рече Стојановски кој не сакаше да прејудицира одговор и ги упати новинарите да испитаат дали Арсовска ги носи одлуките само за своја корист.

Македонија | пред 1 година

arsovska

(Видео) Од Арсовска не било побарана оставка во Влада, но има најава за можна кривична одговорност

Владата не побарала од Данела Арсовска да замине од градоначалничката функција, а министерот за локална самоуправа, Златко Перински најави дека како граѓанин можеби ќе поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување од страна на градската мајка.„Состанокот беше во конструктивна насока, да ги решиме проблемите. Јас сметам дека тоа е едно од решенијата на проблемите. Но меѓутоа, мене ми треба ад-хок решение, системско. Ние имаме проблем во девет јавни претпријатија, кородиран е системот. Но за тоа треба некој да сноси одговорност, но не е мое јас да кажам“, рече Перински.Тој на прашање од „Скопје1“ кажа дека како граѓанин, ќе размисли за да побара законска одговорност пред правосудните органи.„Можеби како граѓанин на Скопје – да“, рече Перински на прашањето дали ќе поднесе кривична пријава, па додаде: „Не како министер. Стојам зад тоа што го говорам. Ако го отворите Кривичниот законик, ќе сфатите за што зборувам“.

Скопје | пред 1 година

Sequence-09.00_04_12_27.Still002

(Видео) Владата уште позагрижена за Скопје по средбата со Арсовска

Владата е уште позагрижена за Градот Скопје по средбата со градоначалничката Данела Арсовска. Министерот за локална самоуправа Златко Пирински, посочи дека Владата можела да стои на страна и да не прави ништо, но посочија дека сакаат да му помогнат на Градот.„Сега сме уште позагрижени од пред состанокот. Сметавме дека од страна на Градот ќе чуеме за некакви реални потреби за планот да се реализира. Не чувме ништо конструктивно. Очајна е состојбата во Градот и јавните претпријатија. Заклучокот е дека препреките се тоа што нема никаква комуникација помеѓу советничките групи. Градоначалничката кажа до крајот на неделава да состави некаков план. Нашите очекувања не се големи. Тој план ќе го покаже на советниците. Ќе видиме какви потреби има“, рече Пирински.Тој додаде дека Владата сакала да помогне и во ЈСП зошто за десетина дена ќе има голем проблем. Но од ова ништо. Посочи дека спремни се да помогнат согласно законските ингеренции.„Очекувавме план и ние. Не добивме. Освен критика кон советот, која е неоснована според мене. Камен на сопнување беше зошто не се гласаат одлуките. Но тие не кочат ништо. Комунална собира смет зошто законска надлежност им е тоа. Нема потреба од јавен оперативен план“, рече Перински.

Скопје | пред 1 година

arsovska-1

Арсовска ќе седне на маса со Мицкоски, но нема да дава изјави

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски заедно со Министерот за локална самоуправа Златко Перински ќе остварат средба со Данела Арсовска, Градоначалник на Град Скопје во просториите на Владата.„По завршување на средбата, изјава за медиуми ќе даде Министерот за локална самоуправа Златко Перински“, велат од Владата.Арсовска инсистираше на средба откако против Мицкоски изнесе низа обвинувања кога тој беше во опозиција.

Скопје | пред 1 година

direktor-parkovi

(Фото) Данела назначи кадар на ДУИ за нов директор на „Паркови и зеленило“: не одговара која е нејзината врска со Блерим Беџети

Кадар на ДУИ е нов директор во „Паркови и зеленило“ по избор на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Од пред два дена, Јетон Бучи го преземал кормилото на градското претпријатие, со градоначалнички потпис. Негова промоција не направи Град Скопје на социјалните мрежи, но направија членовите на ДУИ преку партиските профили.„За директор на јавното претпријатие ‘Паркови и зеленило’ е именуван Јетон Бучи“, пишува еден од профилите на ДУИ.[caption id="attachment_299674" align="alignnone" width="696"] Screenshot[/caption]„Скопје1“ за врската меѓу Блерим Беџети и Арсовска постави и прашања до Град Скопје, но не добивме одговори. Таму прашавме, кој е договорот меѓу пратеникот на ДУИ, Беџети и скопската градоначалничка, но и зошто кадри на ДУИ ги добиваат директорските позиции во претпријатијата. Овие прашања ги поставивме ден пред Бучи да биде назначен за директор - но како и секогаш, не добивме одговор.Професионалното портфолио на Бучи останува тајна за јавноста, бидејќи за него, до овој момент, од ЈП „Паркови и зеленило“ и Град Скопје, не е објавен ниту збор. Но, затоа, лесно достапно преку социјалните мрежи е дека Бучи сака да се фотографира со експратеникот на ДУИ, Артан Груби.[caption id="attachment_299676" align="alignnone" width="678"] Screenshot[/caption]Интересно е што Арсовска се здружила со кадарникот на ДУИ, иако таа во кампањата за парламентарните избори посочуваше дека ќе го врати името Македонија и е против уставни измени, а токму Бучи се залагал за спротивното. На неговиот профил, не може да се најде ниту збор напишан на македонски јазик.[caption id="attachment_299675" align="alignnone" width="676"] Screenshot[/caption]Претходниот директор на „Паркови и зеленило“, Мартин Ангеловски, крена раце од Арсовска и поднесе оставка.За ова објави „Скопје1“, па неколку дена подоцна, Арсовска излезе со став дека таа го разрешила и дека немало оставка. Дека ова е неточно, повторно објави „Скопје1“, заедно со документот до кој дојдовме преку архивите на Град Скопје.Ваквите потези на Арсовска доаѓаат во време кога скопјани бараат оставка од нејзе, бидејќи ја сметаат за неспособна да се справува со проблемите и да го води градот. Истовремено, таа се крие од јавноста и бега од неа. За тоа сведочи и вчерашниот нејзин потег, кога застана, па замина откако ја виде екипата на „Скопје1“.БОНУС ВИДЕО - АРСОВСКА БЕГА!На Данела, не ѝ чинеше Мицкоски – па сега и е посакуван соговорник и во него гледа спас.

Скопје | пред 1 година

arsovska-jsp-41

(Видео) Првиот дел од снимката со закани кон патничката: „и таа госпоѓата што седи во Дубаи“ знае за состојбите!

Директорот на ЈСП, Драги Кушовски, не го оправдува однесувањето на контролорот кој и се заканува на патничката, но бараше да се објави и првиот дел од снимката која му ја доставивме, а од која се слуша тоа што и го констатиравме – дека патничката не сака да плати карта и си има свои оправдувања. Но, од првиот дел на снимката се слуша и друго, а тоа се поплаките на контролорите и еден од нив вели: „Ало! Не знаете во што мука сме ние!“. Контролорите, на почетокот побарале од патничката да излезе од автобусот, но таа одбила:Во остатокот на снимката се слуша дека контролорот низ пример објаснува дека и вработените во ЈСП плаќаат карти кога се возат, но и одговорот на девојката која посочува дека за разлика од нив, таа не вози автомобил и мора да биде во автобус без разлика на нивната состојба и доцнењето.На крајот од снимката се слуша и како патничката бара за состојбите да бидат запознаени сите, на што контролорот вели дека сите знаат и додава: „и таа госпоѓата што седи во Дубаи“, што асоцирана градоначалничката Данела Арсовска за која нејзиниот екссоветник Умејр Мухамеди обзнани дека патувала таму а дел од трошоците ги платиле скопјани.По барање на Кушовски, го објавуваме и првиот дел од снимката, која во вториот дел ги содржи заканите на контролорот до патничката.

Скопје | пред 1 година

c37b07c0-f540-4074-b8dc-97e013c28f16

Вртикапа: На Данела, не ѝ чинеше Мицкоски - па сега и е посакуван соговорник

Со гласовите на ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, седна во престижната градоначалничка фотелја во Скопје. Од голема љубов и фалби, многу бргу пукна тиквата. Иницијална каписла беше проектот за изградба на пречистителната станица, тежок 160 милиони евра. Проектот не виде бел ден, но на површина изби нервозата и обвинувањата.Данела Арсовска од говорницата обвинуваше дека ги фатила „неговите директорчиња со рачињата во мед“, го повикуваше Мицкоски да не се крие, го нарекуваше шпицен градоначалник кој нема да излезе од тендер матрицата.Невидено до сега „успеа” во само во едно нешто и тоа многу, смени сѐ што можеше и не можеше од четириесетина директори до општински секретари.Арсовска ветуваше дека ќе се реализира целата програма „За модерно Скопје“ и истовремено жестоко се караше со нејзините соработници. Сметаше дека не ѝ треба ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту Мицкоски... Но!Сега, кога се испокара и со последните соработници, меѓу кои беше Драган Митковски-Книга, реши да бара спас кај истиот Мицкоски кој го прогласи за нејзин главен непријател.Данела го повикува Христијан Мицкоски, замислете, на средба. Преку статус на социјалните мрежи, Арсовска вели раководството на Град Скопје е подготвено уште утре да седне на заедничка маса со премиерот.„Го повикуваме премиерот Мицкоски да го одреди датумот, местото, темите за разговор и форматот на состанокот. Теми кои градот Скопје ќе ги предложи, а за кои сметаме дека треба да се изнајде решение е надминување на активната блокада во Советот од страна на советниците од владејачкото мнозинство, блокадата на претпријатијата од страна на Управните одбори и изгласувањето на програмите за работа на Јавните претпријатија. Воедно очекуваме и потврда за предлогот за формирање на заедничко работно тело помеѓу Владата и градот Скопје. Се надеваме на искрен и партнерски пристап од страна на Владата, во корист на граѓаните на градот Скопје“, пишува Арсовска.На овој лупинг и вртење, Мицковски одговори дека е подготвен за секое решение за проблемите во главниот град, но доколку нема прогрес, рече, „тогаш ќе мора да одиме радикално и инвазивно“.Прашан за коментар во врска со вчерашниот предлог од Град Скопје кој понуди да учествува и формира посебно работно и координативно тело со Владата за решавање на проблемите во Скопје, Мицкоски одговори дека прифаќа сѐ што е во интерес на скопјани. Затоа што, како што рече, „градот мора да функционира нормално“.Колку ова ќе се реализира и колку понудата на Арсовска е искрена скопјани ќе видат скоро. А заслужуваат да живеат во чист, уреден и изграден град.Веќе е познато дека Данела Арсовска смени 40-на директори. Ова го отвора прашањето дали воопшто градоначалничката може да се договори со било кого, или дали може некој да се договори со неа.

Скопје | пред 1 година

mickoski-arsovska

„Ако нема прогрес, мораме да одиме радикално“, ѝ најави Мицкоски на Арсовска

Премиерот Христијан Мицкоски е спремен за разговори, договори, преговори - но само Град Скопје да не биде руина. Ова го соопшти пред новинарите и посочи дека ако и ова не успее, ако и тоа координативно тело кое го бара градоначалничката Данела Арсовска не вроди со плод, ќе се оди радикално.„Сите гледате што се случува. Се давиме во смет, дупки во улиците, расипани автобуси. Да лоша е состојбата, никој нема поинаква е состојбата. Граѓаните ни велат дека ве биравме да ја решавате работава. Се што е потребно ќе направам, ќе се сретнам ќе формираме. Не може вака, фунцкионираме во ненормални услови, услови кои не личат на главен град“, рече Мицкоски.Тој додаде: „За секое решение сум подготвен, доколку нема прогрес, мораме да одиме радикално. Да се изразам во докторски речник, да не влегуваме инвазивно во приказната, па и во здравото да влеземе. Да пробаме да го санираме тоа што може со разговор, ако нема прогрес одиме не инвазивно“

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања