АРСОВСКА

drisla-arsovska

Арсовска пак смени директор, четврта среќа: Хусини ќе раководи со „Дрисла“, наместо Јосевски

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска повторно смени директор на јавно претпријатие, на осум месеци пред изборите. „Дрисла“ сега ќе го управува Самир Хуесини, дознава „Скопје1“ од свои извори. Лицето е непознато за јавноста, а Град Скопје втора недела молчи кој е човекот и која е неговата биографија.Хусеини е четврта среќа на Арсовска во ова претпријатие. Пред тоа, го раководеа Јане Мицевски кој по кавгата ВМРО-ДПМНЕ - Арсовска, беше разрешен. На негово место дојде Александар Кузинаков кој издржа и најдолго на позицијата, речиси две години. Директорувањето го презема Ненад Јосевски во август 2024, а неговата функција заврши со истекот на шестиот месец, по што е сменет.„Скопје1“ побара одговори од Град Скопје, зошто го разрешила Јосевски, кој е новиот кадровник Хусини, но и какво работно искуство има. Прашавме и која е поентата на честото менување на директори и колку ова штети на претпријатијата. Не добивме одговор.Крајот на јануари, Данела Арсовска направи петта смена на директор во Комуналнa. Новиот го поддржува УЧК, им ги чкрта лицата на Стево и Гордана, бојкотира „Кам“ и „Стокомак“, а го поддржува ДУИ.Во август минатата година, Арсовска назначи кадар на ДУИ и во „Паркови и зеленило“, каде за директор беше поставен Јетон Бучи, кој сака да се фотографира со сега избеганиот Артан Груби.Вчера, заменик-градоначалникот Александар Трајановски се повлече од функцијата, а од Град Скопје излегоа со информација дека тој бил разрешен уште пред три месеци. Вакви случаи имаше и во минатото. 

Скопје | пред 11 месец

danela-arsovska2

„На Град Скопје сега му се заканува целосна блокада, Арсовска не поднесе буџет во роковите”, алармира Стојановски

“Нема крај на скандалите кога станува збор за Данела Арсовска”, вели Мартин Стојановски, координатор на советниците од ВМРО-ДПМНЕ и додава:“Арсовска сега не поднесе предлог буџет за 2025 година во законскиот предвиден рок. На град Скопје сега му се заканува целосна блокада.Граѓаните треба да ја знаат реалноста!”

Скопје | пред 1 година

arsovska-elka

(Видео) Скопје доби елка на плоштад, дали и како Данела ја платила - не знаеме

На скопскиот плоштад веќе има елка, но не и тендер на Бирото за јавни набавки. Па така, не се знае дали и колку чини новогодишниот дух на Скопје. На подната фонтана има црвена платформа, а над неа се украсува божиќното дрво. Од страна куќички каде треба да има базар за десетина дена.Изминативе денови беше забележително дека беше украсена и улицата на Рекорд. Таму ангажман имаа јавните претпријатија на Град Скопје чии работници ги поставуваа светилките. Прашавме во Град Скопје, колку пари ќе се платат, како е извршена набавката на реквизитите, кога ќе биде завршено украсувањето, но и дали ги чуваат ланските украси. На овие прашања, немаме, но и не очекуваме одговори. „Скопје1“ има десетици мејлови со новинарски прашања на кои нема никаков одговор, а се од јавен интерес - нешто што е нетипично за јавна институција.Повеќе од јасно е дека минатата година, Данела Арсовска го украси Скопје без да распише тендер, а потоа јавно кажа дека ќе се платат 30.000 евра. Дали се парите платени и на кого - не се знае. Но, истовремено, беше отворен предмет од Финансиската полиција која одзема и документација. До сега, нема информација што се случува со оваа постапка.Тогаш, Данела Арсовска заигра шах со Дедо Мраз, пишувајќи: „Во исчекување на резултатите од истрагата за елката...“. Овој чин беше протолкуван како правење шеги на сметка на инспекторите.

пред 1 година

IMG_2107

Нереализираните проекти за намалување на загадувањето се резултат на неспособното менаџирање на Арсовска, вели Марковска Илиевска

На денешната панел дискусија на тема „Намалување на загадувањето, мерки сега“ присуствуваше советничката на Советот на Град Скопје, од ВМРО-ДПМНЕ, Анета Марковска Илиевска која нагласи дека градот Скопје во најголем дел треба да ги реализира одлуките согласно програмите кои што се носат преку Советот но сепак и покрај интересот и волјата тие не се реализирани а за тоа најголеми сведоци се граѓаните.„Јавноста го знае тоа, во секојдневието ги трпи сите тие пропусти или неспособност на градоначалникот затоа што Советот носи одлуки меѓутоа градоначалникот и градот Скопје ги реализира“, рече Марковска Илиевска.Марковска Илиевска нагласи дека службениот гласник на Град Скопје во најголема мера содржи донации за садници, како и ги наведе мерките за спречување на загадениот воздух.„Ако го погледнете службениот гласник на Град Скопје ќе видите дека најголем дел се донации за садници најчесто се од приватни компании, но и донесени се одлуки за субвенционирање на домаќинствата на Град Скопје за чистење оџаци како една од мерките, понатаму субвенционирање на инвертер клими, субвенционирање на велосипеди и електрични тротинети, оваа година немаме меѓутоа во изминатите две години имаше такви одлуки“, објасни Марковска Илиевска.Советничката исто така потенцираше дека и многу малку е сторено и покрај добрата стратегија планирана во периодот од 2024-2034 година каде што во делот на зазеленување имало испланирано одлични можности и изрази надеж дека оваа ситуација со градот Скопје ќе биде променета по истекот на мандатот на сегашната градоначалничка.„Колку што јас имам информација, а верувајте дека никој не ни дава извештај од кога ќе се донесе одлука во градот Скопје јавните претпријатија даваат извештаи меѓутоа пак ќе кажам од јавноста колку што се информираме, од јавните соопштенија и од медиумите јавноста така се информира значи ние исто како и јавноста и советниците кои ги носат одлуките на тој начин се информираме и можам да кажам дека многу малку е сторено во делот на зазеленување иако имаше добра стратегија десет годишна од 2024 до 2034 за развој каде што во делот на зазеленување има испланирано одлични можности да градот Скопје дише повторно да имаме чист воздух, зелени површини и повеќе кислород. Се надевам дека во иднина ова ќе се корегира доколку го управува друго лице градот Скопје бидејќи со ова управување, со оваа градоначалничка досега не се направени доволно проекти кои што биле испланирани“, децидна е Марковска Илиевска.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2022-12-04-at-16.31.15

Од утре приватните превозници ќе возат, со Арсовска се договирија цената да им се зголеми од јануари

Oд утре приватните превозници продолжуваат да возат редовно. Тие се откажаа од блокадата која беше најавена за во понеделник на неколку главни крстосници. Со градоначалничката Данела Арсовска се договорија експерти да одлучат колку да им биде зголемувањето на цената по изминат километар. До јануари, ќе возат по веќе одредената тарифа.„Заклучно со 01.01.2025 година ќе стартуваме со нова цена, ќе се склучи анекс на договорот и ќе имаме ние нова цена. Очекувате поддршка од сите советници за иницијативата? Да, нормално, зошто да не, сите советници беа за да ни се даде покачување, дали ќе биде еден месец порано или подоцна, ние тука сме во служба на градот и очекуваме нормално дека ќе гласаат“,вели Јовица Зафировски, приватен превозник.Советникот од СДСМ во советот на Град Скопје Гордан Шутаров смета дека ваквиот предлог ќе донесе долгорочно решение и стабилност за приватните превозници.Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ – Мартин Стојановски кој ја напушти координативната средба во кабинетот на градоначалничката Арсовска не откри дали ќе ја поддржат иницијативата.

Скопје | пред 1 година

IMG_2107

Курто Дудуш бара извинување од Арсовска, ако не, ќе ја тужи!

Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, најави тужба за скопската градоначалничка Данела Арсовска доколку не се извини за како што вели, клевети кои ги изнела.„Вчера, 29ти ноември, малку се разбистри "маглата" околу причините за нервозата на Градоначалничката на Град Скопје.Извесен Александар ВОЗАЧ од Град Скопје, раководи инспектори, попречува работа на инспектори од други општини, инспектори од Град Скопје со налог да делуваат во Шуто Оризари, сликаат парцели под територија на Општина Бутел, со јасна цел: записници и докази против мене нема, очајно се обидува периодов да ги измисли и фалшира користејќи го Александар (возачот) како диригент.Имајќи го сето ова во предвид, вчера и е доставена опомена пред тужба преку мојот адвокат за нарушување на мојот углед, личност и кредибилетет како човек и како Градоначалник, од страна на Арсовска преку нејзиното соопштение и интервју на 27.11.2024 година.Колешке, ви ја разбирам нервозата, но срамот и незнаењето со инспекции и со клевети и навреди не се покрива.Бидете барем малку чесна и извинете се за кажаните лаги и невистини и ќе имаме одлична основа да седнеме на маса и со вашето знаење и моето искуство дупло од Вашето во менаџирање на локални проблеми и предизвици, ќе се обидеме да најдеме решение/нија.Во спротивно, се гледаме на суд“, вели Дудуш.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-11-29-at-16.44.25

Очекуваме Арсовска да се вразуми, уште утре, да постапи според задолжението на Советот, вели Славески

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески и рече на градоначалничката Данела Арсовска: Да се преброиме. ова доаѓа откако таа тврдеше дека немало кворум за да се донесе одлука во Советот.„Предизвикувачите на хаосот со јавниот превоз во град Скопје, на чело со градоначалникот Арсовска, го оспоруваат потребниот кворум од 23 членови на Совет присутни во салата за време на гласањето по Заклучокот. Не 23, туку во моментот на гласање беа присутни 29 членови на Совет на град Скопје, како што може да се види од приложените фотографии и од видео записот од седницата. 29-тиот присутен е претседателот на Совет, кој не е во кадарот. Очекуваме Арсовска да се вразуми и како што ние можевме да закажеме вонредна седница во рок од 13 часа од поднесување на барањето, уште утре (сабота, 30.11.2024 г.) да постапи според задолжението од Совет, а Советот да одржи уште една вонредна седница во текот на викендот, со што ќе се реши проблемот со приватните оревозници“, вели Славески.Ова доаѓа по новата кавга помеѓу нив двајца. Претходно, Арсовска изнесе низа обвинувања.Дописот од Арсовска до Славески е тука.

Скопје | пред 1 година

danela-arsovska-1

Арсовска пак не се појави да одговара на прашања од советниците: Беспредметно е да чекаме

Данела Арсовска не се појави и на оваа седница за поставување на советнички прашања. Таа добила писмено барање да каже кога и одговара да одговара на прашањата кои ги имаат советниците како претставници на граѓаните – но не одговорила.„Јас доставувам писмено барање, замолница до градоначалник да определи датум, во одреден ранг, за одржување на седница. Тоа го направив уште минатиот месец. Не добив одговор, никаков. Сега немаме присуство на градоначалник. Беспредметно е да чекаме, да даваме пауза. Одлуката е донесена. Констатирам дека не се исполнети условите за одржување на седница за советнички прашања“, рече Славески.Дел од советниците сметаат дека ова е непочит на Арсовска кон нив, но истовремено, се коментира дека е само продолжување на инатот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката. Па по вакво постапување, се продолжува со негласање на одлуки предложени од Арсовска поради недоверба.За потсетување, Арсовска и вчера одби да одговори на неколку клучни прашања кои редакцијата на „Скопје1“ и ги постави, а се однесуваат на секојдневни проблеми укажани од граѓаните, како и за пресметката со новинари.

Скопје | пред 1 година

IMG_2097

Арсовска си разреши уште еден директор: Заминува Умленски од „Улици и патишта“ - за нецели три години, сменети 30 директори

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, го тргна Ванчо Умленски од позицијата директор на ЈП Улици и патишта, дознава „Скопје1“. Тој успеа да ја задржи функцијата нешто повеќе од пет месеци. Беше промовиран како кадар кој ќе ги надмине предизвиците со кои претпријатијата се соочуваат. Засега не се познати причините поради кои Умленски е променет.Прашавме во Град Скопје која е причината за новата промена во „Улици и патишта“, но оттаму не очекуваме одговори со оглед на праксата на нетрапснаретност и неодговарање.Арсовска за нецели три години смени 30 директори кои сама ги постави, како и тројца секретари, за сега да го врати Зоран Глигоров кој во јавноста беше познат по пријавата за семејно насилство, според кои, посегнал и по пиштол за себеповредување.Во јуни 2023, Арсовска од функцијата директор на ЈП „Улици и патишта“ го разреши директорот Саит Саит, само два месецa откако му додели менаџерски договор на 4 години. За нов в. д. директор го назначен Ќамил Ковачи од т. н. огнено крило на ДУИ од Општина Сарај. На негово место беше назначен Умленски.За состојбата во Скопје, поплаките за мобинг и закани, имаше сведоштва и во поткастот „Претрес со Ландов“.https://youtube.com/live/-TE35eNn5So?feature=shareЗа Данела Арсовска зборуваше и разрешената директорка Косана Мазнева од „Комунална хигиена“.https://youtube.com/live/cCwc_8u_ofc?feature=shareРаботењето на Арсовска го соголуваше и нејзиниот поранешен советник, адвокатот Умејр Мухамеди.https://youtube.com/live/otsAaTbFUN8?feature=share

Скопје | пред 1 година

mitevski-arsovska

(Видео) „Арсовска е трогната, бара да се извинам, но нема бидејќи сѐ е вистина, се гледаме на суд“, избрканиот инспектор се жали на нови притисоци

Избрканиот инспектор, Даниел Митевски кој јавно проговоре за мобингот, за кој кажа дека го трпел од градоначалничката Данела Арсовска, тврди дека пак е мета на притисоци. До него, стигнало барање за извинување кое го испратил Трајче Арсов, адвокатот на Арсовска, кој претходно истото го правеше и кон редакцијата на „Скопје1“. Митевски посочува дека сѐ што кажал во поткастот е вистина, дека нема намера да се извини, како и дека е спремен со Арсовска да се соочи на суд.„Моето излагање на поткастот кај Ландов на телевизијата Прва ТВ очигледно многу ја трогна нашата Градоначалничка па вчера ми испрати барање преку адвокат јавно да се извинам или во спротивно ќе ме тужи на Суд за нарушување на нејзината чест и углед со што продолжува со нејзиниот притисок врз мене, а преку мене и на моето семејство. Јас немам што да се извинувам бидејќи цврсто стојам позади секој мој збор кажан на поткастот бидејќи се што кажав е вистина и само вистина без ниту еден збор лага. Ова го доживувам како уште еден од низата нејзини притисоци за кое сум спремен и лично со Градоначалничката да се соочам на суд. Јас само барам правдата да биде задоволена бидејќи без никаква за мене позната причина сум избркан од работа со што е нарушено моето здравје, нарушени се мојата чест и углед, нарушена е честа и угледот на моето семејство и е загрозен опстанокот на моето семејство“, вели избрканиот Митевски за „Скопје1“.[caption id="attachment_312054" align="alignnone" width="1189"] Барањето за извинување кое избрканиот инспектор го смета за нов притисок, а го добил од адвокатот на Арсовска[/caption]Даниел Митевски поранешен инспектор по сообраќај во Град Скопје по 14 години работи заврши на улица со одлука на градоначалничката Данела Арсовска.Тој во Претрес со Ландов кажа дека е избркан бидејќи наводно не бил 5 дена на работа. Тој посочи дека за достава на одлуката не сакале ни да почекаат, туку му ја доставиле додека имал слободен ден поради давање крв и потоа поради користење денови од годишен одмор. Има и пријава за мобинг, која Трудов инспекторат не успеал да ја најде во просториите на Градот за да постапува, иако таа има архивски печат.„Ме испитуваше, ги спомнуваше моите жена и деца. Ќе останеш без работа. Ми се закануваше градоначалничката. Мене никој не ме пратил. Не верував дека ова може да се случи. Овие стресови не може никој да ви ги надомести“, рече Митевски.Тој не е единствен кој избркан поради иста причина. Сите поднеле тужби за се што доживеале и со што се соочуваат.Целото сведоштво погледнете го во „Претрес“:?t=867

Скопје | пред 1 година

mickoski-danela

Мицкоски: Арсовска нема капацитет да реализира капитални проекти, беа доделени 10 милиони евра за изградба на булевар кој не е почна и за кој нема потрошено фенинг

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во Тема на денот во Централниот дневник на ТВ Сител, вели дека Данела Арсовска нема капацитет да реализира капитален проект за изградба на Булеварот „Хасан Приштина“, потенцирајќи дека иако веќе 2 години 10 милиони евра се префрлени на сметката на Град Скопје нема потрошени ниту фенинг од тие средства.„Е сега кога сме кај тоа. Да тоа е капитален проект. Треба да е комплетен, а второ треба да се потрошени оние 10 милиони евра кои што веќе се дадени за реализација на еден таков капитален проект како што е Булеварот „Хасан Приштина“ кој што не само што не е почнат две години, туку ниту фенинг не е потрошен“, рече тој.„Сега ако некој нема капацитет да реализира капитални инвестиции, како што е тој булевар, тој патен правец, иако морам да признам до мене стигаат многу информации дека се тргува со тие средства кој што ги има Градот Скопје на својата сметка од страна на државата префрлени, па се бараат градежни фирми кои што тоа ќе го изведуваат и итн., има институции со тоа што се занимава. Но, факт е дека тој проект не е почнат со реализација и сега кога вие ќе видите дека некои 10 милиони евра му стојат 2 години на сметка, а не инвестирал ниту фенинг од тие 10 милиони евра, тогаш логично е да го поставите прашањето зошто па и тие 10 милиони евра не си ги вратиме назад во буџетот и да ги искористиме за нешто кое што е потребно за граѓаните во некои општини кои што се по подготвени“, дециден е Мицкоски.

Скопје | пред 1 година

hbjjj

Од Комунална до МКЦ ја споделија Арсовска од Брисел: Коментарите говорат за перцепцијата на граѓаните...

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, преку Секторот за односи со јавност на градот се пофали дека е во Брисел. Нејзиното патување е во време кога приватните превозници се исклучија од сообраќај, автобуските често се преполни оти нема доволно автобуси, ЈСП не постигнува да вози според возниот ред, граѓаните се жалат на хигиената, вработени кои се избркани бараат правда пред Трудовиот инспекторат и Управна инспекција.Нејзината објава (во моментов на објавување на веста) е споделена 45 пати. Ако се провери кои се профилите, ќе се забележи дека тоа најчесто е на фејсбук-страници на училишта под ингеренции на Градот и градоначалникот, културни институции, јавни претпријатија.Најбројни се коментарите под објавата споделена на профилот на МКЦ.[caption id="attachment_307314" align="alignnone" width="1346"] Screenshot[/caption]Под објавата на профилот на Зоолошката градина-Скопје има два коментари. На страницата на Град Скопје до моментов нема ниту еден лајк во знак на поддршка.[caption id="attachment_307315" align="alignnone" width="1253"] Screenshot[/caption]Арсовска во Брисел беше со советничката Ирена Витина.

Скопје | пред 1 година

danela-arsovska

(Видео) Аш, ја нема: Арсовска не ги есапи советниците, кои ги обвинува за нефункционалност на Скопје

Неуспешно заврши потрагата по градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која не се појави на денешаната седница за советнички прашања. Иако постојано ги обвинува советниците дека земаат по 500 евра, а не си ја вршат работата, денеска таа, не застана пред нив за да одговори на нивните прашања поврзани со работата на Град Скопје и претпријатијата.Претседателот на Советот, Трајко Славески, даде пауза за да се лоцира Арсовска, но безуспешно.„За жал немаме обезбедено присуство на Арсовска, јас немам никаква информација дали треба дополнително време. Прашање е дали да продолжиме со седницата“Љубица Јанчева, советничка од СДСМ кажа дека сите советници од оваа партија нема да учествуваат во работата на Советот, а со тоа, немаше кворум за одлучување.„Доколку не е тука, нема да учествуваме во работата на седницата, ќе ја напуштиме. Дајте ни минута-две, за да ја напуштиме салата“, рече Јанчева.Славески упати порака до советниците.„Бидејќи не се обезбедени услови за советнички прашања, ја заклучувам седницата, ве охрабрувам во писмена форма да поставувате прашања и да инсистирате на одговори“, рече Славески.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-09-23-at-17.45.41

Вработени во Улици и патишта: Притисоци за „Луна паркот“, доведено во прашање функционирањето!

Вработени во ЈП Улици и патишта Скопје тврдат дека ЈП Улици и патишта – Скопје има неправилности во работењето на претпријатието, односно кај директорот Ванчо Умленски заедно со двоецот Арсовска – Глигоров.Соопштението ви ги пренесуваме во целост:„Истите неправилности се нотирани на последната седница на Управниот одбор и влезени се во записникот. Се работи за следново:1. Работа на претпријатието – изградба на објекти во последните три месеци без договори во вредност од 60 милиони денари. Истите средства претпријатието не е во можност да ги фактурира на Град Скопје бидејќи нема договори. За изведба на работите налози се дадени од Арсовска и Глигоров со што е направена директна штета во износ од еден милион евра;2. Изведба на објект Луна Парк – патеки од бекатон во вредност од 15 милиони денари изведени во периодот од април до август 2024, а договорот е потпишан во септември на износ од 7 милиони денари. Врз инженерите и надзорите се врши притисок од страна на директорот и секретарот на Град Скопје за потпишување на градежните книги, иако тоа е надвор од законските прописи.3. Задолжување на претпријатието кон добавувачи во износ од 240 милиони денари (4 милиони евра) и неплаќање на обврските кон добавувачите, односно постои селективно плаќање на обврските како во случајот со Пуцко Петрол. За споредба, долгот на ЈП Улици и патишта Скопје во октомври 2021, кога Арсовска стапува на функција градоначалник на Град Скопје, изнесувал 60 милиони денари. Од ова може да се заклучи дека долгот за три години е зголемен четири пати.4. Побарувањата на ЈП Улици и патишта по основ на активни договори со Град Скопје денес изнесуваат НУЛА денари, додека во октомври 2021 побарувањата од Град Скопје биле 100 милиони денари.5. Доведено е во прашање функционирањето на претпријатието преку неможноста да се исплати плата и неможноста да се набават репроматеријали (битумен, ризла, тампон, рабници, боја...). Поради неплаќање на обврските на Град Скопје кој ЈП Улици и патишта, освен набавката на репроматеријали, не постои можност ниту да се поправат дефектите на градежните машините“, велат во е-маил пораката вработените во ЈП Улици и патишта.

Скопје | пред 1 година

DA7A7E22-E45B-49C3-BAFA-88E10C509730

(Фото) Пешаци одат по булеварот, возилата свират - Градот „мижи“ пред шипките оставени на булеварот во Кисела Вода

Градежни материјали, буриња, изложени производи – вака изгледа тротоарот на булеварот „Борис Трајковски“ во Кисела Вода кај местото викано „Чешма“. Граѓаните се жалат дека ова е секојдневно слика, а трае со месеци. Според нив, никој не реагира, оти да реагирал, истата слика немаше да ја има и денеска. Ингеренциите за булеварот ги има Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска, од која поплаките не земаат помал, туку поголем интензитет.„Тротоарот во Кисела Вода не се користи повеќе време, луѓето на пат одат, коли и автобуси свират. Измеѓу има и продавница пред која се изложени производи на сред тротоар. Никако не се минува на патот“, вели читател за „Скопје1“.„Скопје1“ го исконтактира и Градот Скопје и градоначалничката, кои со месеци и години не одговараат на прашања испратени од нашата редакција. Ги прашавме зошто дозволуваат загрозување на пешаците и другите учесници во сообраќајот од страна на лица кои вршат градежни работи. Побаравме и одговор, дали некогаш реагирале и правеле инспекциски работи. Од Градот, за кој многумина ќе кажат дека е претворен во приватно претпријатие, не очекуваме одговор.Инаку, иако Градот е затворен за одговори, Службата за односи со јавност секојдневно се користи за фалење колку претпријатијата и Арсовска работат, иако, тоа е нивна законска надлежност и за тоа се плаќаат од парите на жителите на Скопје.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања