АРСОВСКА

eZy-Watermark_16-08-2024_11-11-00-8770AM

(Фото) Измет пловеше низ Вардар и прашува: Каде е прочистителната станица?

Изградбата на пречистителната станица на Вардар во Скопје спасот за енормното загадување на најдолгата македонска река, низ која постојано течат фекалии. Штетите ги трпат граѓаните, особено земјоделците кои произведуваат храна преку насади. Три години откако скопската градоначалничка Данела Арсовска дојде на чело на Град Скопје, а граѓаните немаат чуено низ збор за тоа до каде е изградбата на спасот за Вардар.Денеска, прашањето и беше поставено и јавно преку импровизиран измет кој пловеше заедно со фекалиите низ центарот на Скопје. На него, прашање: Каде е прочистителната станица?Истото прашање, „Скопје1“ пред четири денови го испрати до новиот директор на „Водовод“, кој го назначи Данела Арсовска. Но не добивме одговор. Прашавме и зошто парите потребни за прочистителната станица не се уплаќаат, а со тоа се кочи проектот, но ниту тоа не беше одговорено.Скопјанецот и македонски артист Марко Џамбазоски, објави снимка од која се гледа како отпадни води се влеваат во Вардар.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-08-14-at-20.23.57

(Видео) Данела Арсовска доби и песна која е хит: „И тендери, она сите, ги дели. Рачињата во медот, нејзини се цели“

Скопската градоначалничка Данела Арсовска, доби и песна од „Скопјани за Скопје“. Во него се зборува за состојбите во главниот град, тендерите, корупцијата.. а илустриран е со автобусите кои се испозапалија, ѓубрето кое е несобрано...„И тендери, она сите, ги дели. Рачињата во медот, нејзини се цели. Скопје од град метропола, сега моли за обнова“, се вели во текстот па се додава: „Данела што мечтае, Данела што сонува, во градот на корупцијата она царува“.

Магазин | пред 1 година

Screenshot-2022-09-12-at-13.08.12

Данела преку Град Скопје и натаму се пресметува со Мицкоски, а на скопјани не им одговара и ги игнорира

Додека десетици мејлови со прашања од „Скопје1“ поврзани со проблемите на скопјани стојат неодговорени во мејл-сандачето на Град Скопје и телефонот на градоначалничката Данела Арсовска, таа вината сака да ја префрли на Советот и себеси да се амнестира. Во јавноста е познато дека Советот чие мнозинство го има ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска имаат недоразбирања кои не можат да ги надминат, но Арсовска иако не може да го реши ова, не се повлекува од функцијата. Дотолку повеќе што градот е нефункционален и во делот каде Советот не игра никаква улога.Во новото соопштение, Арсовска пак му се обраќа на Мицкоски, кој пак, име не и споменува и целосно ја игнорира. На медиумите им посочува и што е наслов на текстот па во дописот стои: „НАСЛОВ: Мицковски излези од деструктивниот филм и деблокирај го Скопје“„Мицковски нема кредибилитет да зборува за кадровска политика. Особено не откако назначи бивш затвореник за заменик директор на затвор. Или кога назначи главен ревизор за ЕУ фондови, па го разреши за неколку дена.Мицковски нема кредибилитет да зборува за ветувања, особено не откако го призна Преспанскиот договор за реалност, иако три години ветуваше дека кога ќе дојде на власт ќе го врати името.Мицкоски повеќе од 2 години е власт во градот Скопје, а сега и во Македонија, затоа наместо да нарачува и да се крие позади партиски соопштенија полни со клевети, уште еднаш го повикуваме да престане со две ипол годишната деструктивна политика на целосна блокада на главниот град преку неговите управни одбори и советници. Ако толку се грижи за градот и за скопјани, на следниот совет наредбата наместо да се блокира да биде да гласаат за спроведување на проектите кои Арсовска и Мицковски заедно ги ветија на граѓаните.Мицковски можеше и сеуште може, ако сака, да им овозможи на скопјани нови автобуси, нови контејнери, нови машини за собирање смет, повеќе комунални работници, нови зелени површини. Се што треба да направи за да го одблокира градот е да испрати СМС порака на неговите експоненти во градот од денес да работат во корист на граѓаните, а не на партијата.И за крај, Владата четврта година по ред ја нема платено обврската кон ЈСП за студентскиот стандард. Наместо тоа, еве сега има можност да плати рата за автобусите на Шилегов за кои ВМРО-ДПМНЕ гласаше тој да ги набави“, пишува Град Скопје.Вчера, Арсовска избега од нашата екипа и од прашањата на скопјани. ПОВЕЌЕ НА ТЕМАТА ТУКАhttps://skopje1.mk/archives/tag/%d0%b0%d1%80%d1%81%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b0

Македонија | пред 1 година

arsovska-gradonacalnici

Арсовска може да остане и со „врзани раце“ во раководењето: ги блокирала градоначалниците на телефон, контакт немаат ни по мејл

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, да остане без надлежности во делот на отпадот и хортикултурното уредување, побараа скопските градоначалници кои доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Ова доаѓа по низа критики во делот на хигиената и отпадоците кои се расфрлани на сите страни, но и нервозата која ја има кај граѓаните. Барањето ќе биде доставено до Владата, а надлежностите ќе треба да ги преземат општините. Арсовска се крие од градоначалниците, тврдат тие. Не им одговара на пораки, на службени дописи. Дотолку што, Висар Ганиу од Чаир посочува дека ги блокирала и нивните броеви. Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Општина Кисела посочува дека ќе мораат да чекаат избори, ако Арсовска не се реши сама да замине од функцијата.„Одговорно тврдиме како градоначалници, дека како што и ги вршиме своите обврски и задачи изминатиот период и ги задоволуваме потребите на нашите сограѓани, со дополнително зголемување на надлежностите, со овие две претпријатија откако нормално ќе бидат трансформирани дека ќе дадеме барем за двојно подобра работа од она што го имаме во моментот“, вели Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Општина Кисела.Градоначалникот на Чаир, Ганиу, посочува дека контакт со Арсовска не постои и додава: „Не знаеме како да функционираме. Немаме комуникација ниту поединечно како колеги, градоначалничката нè блокирала на телефон“.Арсовска претходно го впери прстот во премиерот Христијан Мицкоски што градот е нефункционален, иако проблемите потекнуваат од Градот Скопје со кој таа раководи.Трансформација треба да заврши до декември и од први јануари Општините да се грижат за хигиената. Тие за оваа цел ќе имаат свои јавни претпријатија и тоа значи дека и во иднина и после мандатот на Арсовска, Градот нема да има јавни претпријатија за хигиена и зеленило.

Скопје | пред 1 година

gsdas

(Документ) И скопјани ја исмејуваат: Арсовска се пофали дека го разрешила, но директорот на Паркови сам се повлекол

Дел од директорите на јавните претпријатија кренаа раце од Данела Арсовска и поднесоа оставки, а градоначалничката, не признава порази, па реши да се пофали дека таа ги разрешила нив. „Скопје1“ преку извори во Град Скопје, дојде до изјавата за отповикување од функцијата на директорот во ЈП „Парови и зеленило“. Арсовска пак, јавно најави и казна за директорот, односно ревизија.Според изјавата, архивирана на 12.08.2024 година од Град Скопје, кога и „Скопје1“ објави дека Мартин Ангеловски ја напушта Арсовска, тој се повлекол од лични причини.„Јас, Ангеловски Мартин, в.д. директор на ЈП Паркови и зеленила-Скопје, на ден 12.08.2024 година, давам оставка од лични причини“, стои во изјавата.Откако веста на „Скопје1“ молскавично се прошири низ јавноста, Арсовска веќе следниот ден (вчера), реши да се фали дека таа го разрешила Ангеловски.Дополнително, му најави и ревизија, а индиректно посочува дека тој е вмешан во корупција.„Поради неправилности при работењето и непочитувањето на договорот за вработување од функцијата директор на ЈП Паркови и зеленило е разрешен Мартин Ангеловски. Справувањето со корупцијата и самоволието во градот Скопје беше и едно од главните предизборни ветување на градоначалничката Данела Арсовска. Никој не смее да си поигрува со народните пари, а уште помалку со довербата на граѓаните на градот Скопје. Во ЈП Паркови и зеленило е најавена и вонредна ревизија од град Скопје која треба да започне до крајот на оваа недела“, објави Град Скопје.Ваквите потези на Арсовска доаѓаат во време кога скопјани бараат оставка од нејзе, бидејќи ја сметаат за неспособна да се справува со проблемите и да го води градот. Истовремено, таа се крие од јавноста и бега од неа. За тоа сведочи и вчерашниот нејзин потег, кога застана, па замина откако ја виде екипата на „Скопје1“.Истовремено, скопјани се исмејуваат со градоначалничката. Таа смени над 30 директори додека го извршува мандатот.

Скопје | пред 1 година

IMG_20211003_210526_063

На Данела и е крив Мицкоски што градот тоне во отпад

„Ја поздравуваме најавата на претседателот на Владата Христијан Мицкоски и го охрабруваме во најбрз можен рок да преземе одговорност за нарушените состојби во главниот град, кои што ги креираше“, вели Град Скопје чиј градоначалник е Данела Арсовска и додава:.„Како за почеток, апелираме премиерот Мицковски да ги вразуми советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на град Скопје кои трета година по ред свесно и за политички поени ја кочат работата на јавните претпријатија. Апелираме Мицковски да ги убеди советниците да гласаат за набавка на нови еколошки автобуси, проект кој заедно со градоначалничката Арсовска го ветуваше на скопјани. Апелираме советниците навремено да ги гласаат програмите за работа на јавните претпријатија со цел да не се кочи нивната ефикасност, апелираме Мицкоски да превземе одговорност и за свесното блокирање на претпријатијата.Го охрабруваме Мицкоски да се обиде и да ја превземе одговорноста за членовите на Управните и Надзорните одбори во претпријатијата на градот Скопје каде владејачката ВМРО-ДПМНЕ е застапена со над 90% од членовите на Одборите. Токму овие членови на УО и НО три години се изживуваат врз вработените и граѓаните на Скопје. Сите управни одбори без исклучок се со мнозинство членови на ВМРО-ДПМНЕ и се чини имаат единствена задача - влошување на состојбите и блокирање на услугите. Го охрабруваме Мицкоски да ги охрабри овие луѓе да ги одобрат плановите за вработување, плановите за набавки на нови контејнери, машини, дрвја, зеленило, автобуси и резервни делови.Апелираме да се стави крај на политичкиот терор, и сега како одговорна владејачка партија, Мицкоски да превземе одговорност за состојбите во главниот град за кои најзаслужни се советниците и членовите на Управните и Надзорните одбори на градските јавни претпријатија“.

Скопје | пред 1 година

Sequence-09.00_00_24_07.Still001

(Видео) Арсовска избега од јавноста! Тргна да се слика, застана, па замина!

Данела Арсовска скришум, без најави, тргна да прави увид на градежни работи во скопско Волково. Но, не направи фотосесија, откако ја виде екипата на „Скопје1“. Наместо одговори зошто градот тоне во долгови, смрдеа, нечистотија и нефункционалност – таа му даде насока на шоферот да тргне и да избегаат од локацијата. Заедно со неа, во автомобилот, беше и советничката Ирена Витина.„Скопје1“ проба да ја добие и телефонски Арсовска, но таа не одговараше. Нејзиниот тим извиси, а ја чекаше од 09 часот да стигне. Откако Арсовска брутално ги одмина, без поздрав и во брзање со службениот „пасат“, заминаа и тие. Дел беа од фирмата „Жикол“, која е изведувач, други пак градежни службеници од Град Скопје.Скопјани за нејзе велат дека треба да ѝ е срам да се појави во јавност.Куп скандали се врзуваат со Арсовска и нејзиното мандатување со Градот Скопје. Од нејзе и јавно се бара оставка, во спротивно најавуваат и протести. Нејзиниот поранешен советник, Умејр Мухамеди во поткастот „Претрес со Ландов“ тврдеше дека во Градот се местат тендери, се постапува спротивно на законите, а Арсовска врши и тортура врз вработените – кои „плачат“ од неа.[caption id="attachment_299199" align="alignnone" width="1290"] Арсовска не одговори на ниту еден од 17-те повици од „Скопје1“[/caption]Арсовска должи одговори и за долгот кој го направила во Град Скопје и го зголемила за шест пати, за што „Скопје1“ поседува документи. Јавните прашања до неа се и дали ќе негира поврзаност со запаленото возило сопственост на фирма, кое го управувал и Драган Митковски-Книга, соработник со кој таа се скарала пред скоро време.[caption id="attachment_299201" align="alignnone" width="1290"] Не одговори ниту на СМС пораката[/caption]

Скопје | пред 1 година

20220915120831

И директорот на „Дрисла“ крена раце од Данела, а таа дели откази во Градот - избрканите спремаат тужби

Директорот на депонијата „Дрисла“, Александар Кузинаков, крена раце од директорската позиција, дознава „Скопје1“. Но истовремено, скопската градоначалничка Данела Арсовска „на големо“ дели откази низ Град Скопје, тврдат нашите извори. Тоа го прави по разни основи, известувања се закачуваат и на огласната табла. Кузинаков е вториот директор кој не сака да продолжи да ја извршува директорската позиција, откако вчера тоа го направи директорот на ЈП „Паркови и зеленило“. Кој ќе ги наследи - градот кој Арсовска го „приватизираше“, не соопштува.Неофицијално, а во недостаток на официјални информации, дознаваме дека десетина лица останале „на улица“, откако Арсовска решила дека не сака повеќе да соработува со нив. Меѓу нив, блиски соработници, но и лица кои имале договори со Град Скопје. Тоа, според одредени информации го прави поради несогласувања, а не поради проблеми при извршувањето на работните задачи. „Скопје1“ дојде до информации дека ваквото постапување на Арсовска ќе донесе нови тужби кон градот, а со тоа и нови трошоци.„Скопје1“ овие прашања сакаше да ги постави и утрово до Арсовска, но таа, наместо да излезе од автомобилот, кога ја виде новинарската екипа - избега со службениот „пасат“.Претходно, таа ги разреши директорите на „Водовод“, а потоа и на „Комунална хигиена“.Скопјани пак, нервозни. Бараат од Арсовска да поднесе оставка до петок.„Ајде вака да ѝ дадеме можност на “дамата” Данела да биде достојна до петок 16.08.2024 да си поднесе оставка причините се повеќе од јасни, ако почнеме да ги набројуваме немаат крај, нека биде достојна нека си даде оставка, доколку не се случи тоа, неа ке ѝ се случи народ, но не партиски, напротив од незадоволството на секој еден граѓанин на Скопје без разлика на партија вера и нација“, пишува Игор Кнеле, жител на Скопје.Скопје во мандатот на Арсовска наместо модерен – стана град со незадоволни луѓе, наместо метропола – град на заборавени жители.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-08-10-at-10.07.25

Данела е во хибернација, освен што пали низ Скопје - ситуацијата е критична, градот е јавна депонија, алармира Христовски

Ексдиректорот на Градски паркинг, Бојан Христовски, жестоко удри во скопската градоначалничка, Данела Арсовска. Откако беше запален автомобилот на Драги Митковски-Книга, Христовски вели дека Арсовска е во хибернација освен што пали низ Скопје.„Ова не е Скопје на кое ние се сеќаваме! Огромен број мои сограѓани денес се одзваа на повикот за будење на Данела, но таа сеуште е во хибернација (освен што пали низ Скопје). Во екот на летната сезона, со температури над 40 степени, Скопје е преплавено со непријатна миризба од сметот кој се цеди од камионите на Комунална хигиена. Камионите на ЈП "Комунална хигиена" оставаат зад себе течност со бактерии која возилата ја разнесуваат низ цело Скопје. Градската власт не прави ништо—ниту ги мие, ниту ги дезинфицира јавните површини и контејнери“, вели Христовски.Според него, асфалтот лепи, реата е неподнослива, а градот е претворен во легло на зарази.“Градот е претворен во јавна депонија, а ситуацијата е критична. Скопје не може повеќе да ја трпи немарноста и садизмот на Арсовска кон жителите и градот Градоначалничката директно го загрозува јавното здравје на скопјани и за тоа треба да сноси одговорност! Дополнително, ЈП "Комунална хигиена" е целосно распадната и нефункционална, не се следат никакви распореди за собирање ѓубре, а прашање е дали има и доволно камиони. Да Ве потсетам дека додека ние редовно ги плаќаме сметките и огромни средства се слеваат во буџетот на ова јавно претпријатие, токму за време на мандатот на Данела Арсовска се сменија неколку директори и се случија бројни проблеми и скандали во работењето. Прашањето е дали претпријатието има соодветна механизација и доволно вработени, или сè е распарчено од директорите на Арсовска? Многу одговори ќе треба да се добијат преку финансиски ревизии откако скопјани ќе и дадат црвен картон на следните Локални избори во 2025 година“, додава Христовски.

Скопје | пред 1 година

arsovska-1

По петти пат Арсовска смени директор во Водовод: приватизираниот Град не кажува зошто

Градоначалничката Данела Арсовска по петти пат во нејзиниот мандат го менува директорот на „Водовод и канализација“, дознава „Скопје1“. По Виктор Панчевски на кого вчера му истече мандатот како в.д. директор, назначен е нов в.д. директор.„Скопје1“ ја праша Арсовска зошто пак менува директор на претпријатието, а оттаму, не очекуваме одговор, со оглед дека таа градот го приватизираше и не дава отчет никому.Претходно, Арсовска го разреши Драган Илиевски додека тој беше на боледување. Панчевски го наследи на 6-ти февруари. По доаѓањето на функцијата градоначалник, Арсовска го назначи Златко Перински, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, но го разреши по кавгата со Христијан Мицкоски. На негово место го стави Марјан Митовски, по неколку месеци го смени и него и го назначи за директор Илиевски, кој претходно беше в.д. во Зоолошката градина. По Илиевски, дојде Панчевски.Ваквото менување на директори не е само во ова претпријатие. „Скопје1“ дознава дека против некои претпријатија има и тужби за незаконско разрешување на директори од страна на Арсовска.

Скопје | пред 1 година

OTPAD-VO-SKOPJE

(Видео) „Ова е невидена катастрофа, ќе ви се згади животот, се срамам што живеам во овој град“, жител шета туристи и снима отпад кој стоел со месеци

Плоштадот „Филип Втори“ тоне во отпад, сведочи граѓанин, кој додава дека ова трае со месеци и години. Од снимките кои ги направи во живо се гледа зафрлена пластика, кеси и друго ѓубре.„Ова е од луѓе кои не почитуваат ништо, а како што гледате и не постојат никакви комунални служби кои би дошле и подзачистиле, за да може барем строгиот центар на градот да заличи на нешто нормално и да престанеме да се срамиме од луѓето што доаѓаат во Скопје. На сите страни има пластични шишиња, некој јадел американски крофни, надолу накај Камени мост не се ни симнувам, ќе ви се згади животот. Ова е невидена катастрофа, се срамам што живеам во овој град“, вели објавувачот, кој беше придружуван од група туристи.И скопјани со куп замерки за раководењето од страна на градоначалничката Данела Арсовска, директорите на претпријатијата кои таа ги назначува и самите претпријатија. Интересно е што и општините реагираат за ненавремено собирање на смет, а пак, „Комунална хигиена“ откако ќе го собере праќа деманти дека ете, реагирале. Дополнително, најчесто комуналците не го собираат сметот што е околу контејнерите.

Скопје | пред 1 година

451001856_10159908318116245_5893143132112351475_n

(Фото) Алармантно станува: На носила ти ги изнесуваат патниците од ЈСП!

Подолг период жителите на Скопје сведочат на нередовноста на јавниот превоз и гужвите во автобусите како последица на тоа. Градоначалничката Данела Арсовска исто толку време молчи за проблемот предизвикан од ЈСП, од менаџер кој таа го поставува и разрешува.Овие фотографии се од утринава. Ги објави новинарката Соња Христовска Угриновска. На патник му се слошило. Во коментари, скопјанка коментира и: „Лудило е ова. Секој ден среќа е да стигнам на работа“.„Скопје1“ неколку пати ја контактираше Арсовска која тера инат криејќи се од јавноста, не повлекувајќи се од функцијата, иако проблемите во градот се собираат. Таа не одговара на прашања од јавноста.

Скопје | пред 1 година

301677648_5569497519763081_3114948717055535286_n

(Видео) Се крие ли Арсовска од револтот на скопјани? Ќе поднесе ли оставка?

Градоначалничката Данела Арсовска не се појави на литургијата со г.г. Стефан во црквата „св. Петар и Павле“ која се одржа во петокот, не одговара на медиумски прашања, а ниту на прашања од новинари. Ваквото однесување на Арсовска доаѓа во период кога сите очи се вперени во неа, граѓаните се револтирани од автобускиот превоз кој е во рацете на градското претпријатие ЈСП, контејнерите често се преполни со отпад, а градот има проблем со чистотата.На литургијата со г.г. Стефан беше прустен само Драган Митковски-Книга, кој беше носител во изборна единица за партијата на Арсовска во текот на изборите.Побаравме одговори од Град Скопје дали Арсовска се крие поради револтот на скопјани од нејзиното (не)раководење на градот – но, не добивме одговори. Меѓу другото, неодговорено остана и прашањето дали планира да се повлече од функцијата кое го поставивме неколку пати во изминатиот период – по барање на граѓани. Ова прашање и го поставивме лично на нејзе преку СМС-порака - на што исто така има молк.Арсовска е слабо актива и на социјалната мрежа „Фејсбук“. Објавите се за по некој културен настан, добиена награда, социјален проект. Но не и коментарите. Во нив, и кажуваат колку проблеми има Скопје. Меѓу другото, има и коментар кој и посочува на проблем, а потоа и дека ќе има одговорност.За Арсовска и нејзиниот однос во поткастот „Претрес со Ландов“ сведочеше и нејзиниот поранешен советник, Умејр Мухамеди. За обвинувањата на нејзина сметка, побаравме став од Град Скопје и градоначалничката. Досега, немаме одговор. Тој раскажа за местени тендери, ужасен однос кон вработените, за платните списоци, патувањата на градска сметка... Поткастот:

Скопје | пред 1 година

arsovska1

(Видео) Екссоветникот за Арсовска: Неподнослива е за вработените, но „Гестапо однесувањето“ ги плаши, многумина се малтретирани

Срцеви удари, страв, преместувања?!Данела Арсовска се однесува како Гестапо од времето на Хитлер, вели во „Претрес“ Умејр Мухамеди кој е екссоветник на Данела Арсовска.Го претресовме за случувањата во градот. Ова е само мал исечок од неговите сведоштва..Зборуваше за платните списоци, тендерите и исплатите од градската каса, имотот на градската мајка.. и многу повеќе!Поткастот е достапен:?list=PLm6WbTW4gkMm9SA3GYzjLPE0VWu1c-A7d

Скопје | пред 1 година

300856868_623658112719457_2847905519691291869_n

Граѓаните и дадоа Црвен картон, Законот не ја дава Данела

Секој е минлив и менлив кај нас, освен нивната „висост” градоначалниците.Затоа им е битно да им поверуваат граѓаните, да се приклонат на вистинската страна, па после, многумина, забораваат на се што ветиле. Важно е да се истурка 4 годишниот мандат, да се сработи што помалку а да се потсобере што повеќе. Ова особено за оние кои не се надеваат на втор мандат.Типичен пример е скопската градоначалничка Данела Арсовска. На парламентарните избори на кои се амбицираше на пратенички места доби „цели” 1.571 во Скопје.Отворено е прашањето со кое лице и кредибилитет ја врши функцијата. Сликите од Скопје се слични како во хорор филмови. Ветуваше ред во урбанизмот, пет нови мега паркови, бесплатен автобуски превоз, 5 нови булевари, ревидирање на проценка на данок на имот, гасификација, 25% поевтини паркинзи, Водно – зелен штит на Скопје, сообраќаен коридор Мавровка, најдобар Луна парк на Балканот, 250 нови еколошки автобуси, стоп на корупција, Скопје без заборавени населби, зелен кеј од Ѓорче до Ново Лисиче, еколошки зелен совет, зелени коридори Серава и Лепенец. И од ова речиси нула реализација. Затоа толкав и е и рејтингот и угледот кај скопјани.Но, ако самата не се засрами и си даде оставка ќе си го истера цел мандат поради законските решенија. И претседател може да се смени, но не и Данела.За распишување референдум, потребни се околу 46.000 потписи од скопјани, попрецизно – 10% од граѓаните на главниот град. Но ова нема да има законски ефект, потребна е и измена во Законот за локална самоуправа, кој до 1996 година давал можност за отповикување на градоначалник. По измените од 2002 година, градоначалник може да биде сменет само ако е фатен во вршење на кривично дело, ако е деловно неспособен, во случај на смрт.Значи доколку граѓаните се незадоволни се со врзани раце. Тие ќе си кукаат по социјални мрежи и толку. Новинарите ќе пишуваат и толку, зошто Арсовска одлучи да комуницира само со одредени медиуми. Затоа внимателно при изборот: се бира мајка или татко на градот а не очув или маќеа.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања