Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

БРИФИНГ

IMG_0969

Потрагата по возачка и пасош, како потрага по злато: нови искуства од пунктовите на МВР

Покрај проблемите со пасошите, граѓаните на мака и со возачките дозволи. Од шалтерите на МВР, стигнуваат и нови негативни искуства. За тоа време, техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски посочува дека освен што ги намалуваат гужвите, работат и на подобрување на системот. Истовремено, дополнителникот заменик министер Митко Бојмацалив вели дека во МВР нема хаос и дека се си тече нормално.Непозната е бројката на достапни обрасци за возачки дозволи, бидејќи во фокус беа пасошите. Но граѓаните се жалат дека и по две недели од подавањето документи, не можат да ги подигнат.„Денес ми кажаа оти возачката не е готова. Готови се на тие што поднеле барање до 11.01. Немало обрасци. Да проверам пак после 2 недели, ама не се знае дали и тогаш ќе биде готова. За пасош пак, ич не се знае кога би бил готов “, вели граѓанин за „Скопје1“ кој го затекнавме во пунктот во МРТВ.На социјалните мрежи нова рунда поплаки, но овојпат, поради изгубен пасош. Процедурата налага, стариот пасош да се предаде кај службениците при подавање на документи за нов пасош - а потоа, двата пасоши граѓанинот да си ги добие назад. На мрежата „Х“ се сведочи дека две лица не можеле да ги добијат старите пасоши во кои имале визи за патување.„МВР со нова глупост. На моите им ги земале старите пасоши кога се сликале, имаат во нив 10 год амерички визи. Им јавуваат дека пасошот им е готов, старите не можат да им ги најдат. Инаку треба да патуваат за Америка наскоро“, пишува „Рамона“ на „Х“.

Коментари | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања