Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

БРИФИНГ

najcevska-memeti

Обвинителот Мемети од ДУИ е осомничен за поткуп, институциите вредат колку луѓето во нив, вели Најчевска

Професорката по право, Мирјана Најчевска, ја искоментира последната предистрага во која врховниот судија Наке Георгиев е осомничен за примање награда за противзаконито влијание и земање на 10.000 евра со кои според МВР бил затекнат на лице место, а пријава има и за обвинител.„Осомничениот за поткуп јавен обвинител Иџет Мемети од ДУИ, во два мандати беше народен правобранител, беше министер за правда, уставен судија, државен советник во Владата и член на Државната изборна комисија. Институциите вредат колку што вредат луѓето во нив. Вие ги бирате.Не паѓаат од небо. Вие самите сте виновни што вакви луѓе се наоѓаат на раководни позиции“, напиша Најчевска.Повеќе на оваа тема: ОВДЕ

Коментари | пред 1 година

nakje-1

Уапсен врховниот судија Наке Георгиев поради тргување со влијание

Полицијата по наредба на обвинител го уапси врховниот судија Наќе Георгиев. За него, е добиена пријава за трговија со влијание, а се споменуваат и средства од 10.000 евра со кои таа цел требало да се реализира.Неофицијално, истрагата дошла до сомнежи и докази дека Георгиев за 10.000 евра требало да овозможи олесување на постапка за поранешен градоначалник од СДСМ, кој кривично се гони.Кривичното дело за кое е уапсен Георгиев е примање награда за противзаконито влијание. Битието на делтоо ќе биде исполнето кога некој за себе ќе прибави противправна имотна корист, на начин што, со своето претпоставено влијание ќе го натера другиот да стори противправно дејствие во одредена постапка или процес.Сопругата на Георгиев е обвинителка, а неговиот син заврши академија за судии и јавни обивнители, па стана судија во Кривичен суд. Судиската кариера ја почнува во основиот суд во родната Струмица од каде продолжува во штипска апелација како судија, а подоцна и претседател и од 2020 е врховен судија.Георгиев имаше и обид да стане член на Судски совет. Тој беше единствен кандидат од Врховниот суд. На гласањето тој доби повеќе чкртаници и неважечки гласачки ливчиња отколку гласови - но беше избран. Потоа поднесе оставка за да нема судир на интереси и син му да стане судија.

Македонија | пред 1 година

drzaven-pazaren-inspektorat-480x270-1

Пазарна ги брани своите инспектори, кои добија кривични дека не запечатиле нелегални менувачници на Бит Пазар

Државниот пазарен инспекторат, ги демантира објавите на Фејсбук страната на техничкиот министер на МВР Панче Тошковски и Фејсбук страната на Министерството за внатрешни работи, каде се наведува дека инспектори од Државниот пазарен инспекторат ја злоупотребиле својата службена положба и не постапиле во согласност со Закон за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност.„Во период од 03- 06 месец 2023 година, од страна на МВР - СВР – Скопје од началникот на Единица за економски и компјутерски криминал, во повеќе наврати беше побарано од Државниот пазарен инспекторат спроведување на координирани акции. Имајќи предвид дека во ваков случај, координатор на акциите е МВР – СВР Скопје, Единица за компјутерски и економски криминал, пазарните инспектори не знаат во кои субјекти ќе вршат надзор се до време на започнување на надзорот кај субјектите. По насоки и во присуство на полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал, постапи пазарниот инспекторат во менувачници кои беа одредени од страна на Единицата за економски и компјутерски криминал. При надзорите е констатирано дека дел од субјектите се регистрирани во согласност со Законот за трговски друштва, а дел од нив биле нерегистрирани за што пазарните инспектори изрекле глоби во согласност со важечкиот Закон за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност и го известиле Државниот девизен инспекторат за понатамошно постапување како надлежен врз работењето на менувачниците.Од страна на инспекторите од Државниот пазарен инспекторат е постапено во согласност со своите законски овластувања, непречекорувајќи ги своите надлежности, со што не извршиле злоупотреба на својата службена положба и овластување.Изрично укажуваме дека пазарниот инспекторат нема надлежност да одзема парични средства кои се предмет на работење, ниту пак да проверува дали субјектот има лиценца од НБРСМ. Надлежностите за вршење надзор кај резидентити кои вршат менувачко работење има Државниот девизен инспекторат во согласност со Законот за девизна инспекција и Законот за девизно работење, каде е наведено дека девизниот инспекторат има надлежност кај резиденти кои вршат менувачко работење без лиценца од НБРСМ, да врши надзор, да одзема предмети и парични средства, според член 43, 46 и 51 од Законот за девизно работење.Државниот пазарен инспекторат ги повикува сите надлежни институции вклучувајќи го и обвинителството да постапат согласно нивните надлежности и да го решат овој случај до крај“, велат од Пазарната инспекција.

Македонија | пред 1 година

mitko-bojmacaliev-2

Се реши ли проблемот со 33.000 неиздадени лични карти и 55.000 пасоши

Со нова реорганизација во управните служби го решаваме проблемот со неодобрените 33000 лични карти и 55000 пасоши, посочува дополнителникот заменик министер Митко Бојамацалиев. Тој додава:Токму тоа што го зборев од првиот ден, дека треба добра организација, а не само форсирање на сликање, туку силите рамноправно да ги распоредиме во управните служби, се’ со цел процесот да тече нормално, тоа не беше испочитувано од самиот почеток.Реагирав за таа работа, побарав написмено да имаме состанок. Во текот на вчерашниот ден имавме координација помеѓу кабинетите и управните служби и изнајдовме решение со што колегите ќе ги реорганизираме во работата, ќе работат сабота втора смена и недела прва и втора смена. По потреба ќе носиме колеги во близина на Скопје, од градовите како Куманово, Тетово, Велес, со организиран превоз, со дневни наредби, луѓе кои се искусни во одобрување, се’ со цел да го забрзаме процесот во Град Скопје за одобрување, каде веќе 33.000 лични карти и 55.000 пасоши чекаат на одобрување.Воедно, донесовме заклучок дека ќе обучиме 10 нови колеги кои ќе фотографираат на пунктовите, а од пунктовите ќе повлечеме 10 колеги кои имаат искуство во одобрување, со цел да ја надминеме оваа криза, ќе кажам, во одобрувањето на личните документи. Фокус ќе дадеме на личните карти, бидејќи тие се потребни за денот на гласање, но исто така со несмален интензитет ќе ги одобруваме и патните исправи.

Македонија | пред 1 година

Ramiz-Merko-780x470-1

Во онлајн-системот на т.н. црна листа на САД го нема Рамиз Мерко при пребарување

Во онлајн-системот на САД, за непожелни лица кои имаат забранет пристап и санкции од Стејт департментот, не може да се најде струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко. Тој заврши на т.н. црна листа, уште во јуни минатата година. Се обидовме, но неговото име не го прикажува на листата. Тој е единствениот од ДУИ, кој се најде на оваа листа.„Вашето пребарување не врати никакви резултати“, е пораката која ја покажува системот за санкции.За разлика од името на Мерко кое не го прикажува во системот, достапни се имињата на Никола Груевски, Сашо Мијалков, Орце Камчев, Мендух Тачи – кои ги прикажува при пребарувањето.За името на Рамиз Мерко, кој во три мандати управува со општина Струга се врзуваат многу афери и обвинувања за корупција. Но ниту една не добила судска завршница. Покренато е и обвинение за набавката на луксузниот марка „Ауди А6“ вреден речиси 67.000 евра. Стејт департментот наведе дека има силни докази дека струшкиот градоначалник бил вмешан во голема корупција, присвојувал пари и се мешал во судски и други јавни процеси, нанесувајќи штета на демократските процеси во земјава.

Македонија | пред 1 година

IMG_4343

Катица Јанева и Стевче Јакимовски на црната листа на САД

Денес, Стејт департментот на САД го објавува јавното именување на поранешната специјална главна обвинителка на Македонија, Катица Јанева; актуелен градоначалник на Карпош, Македонија, Стевчо Јакимовски; и поранешниот градоначалник на Качаник, Косово, Џабир Жарку.“Нивните постапки го поткопаа владеењето на правото и вербата на јавноста во демократските институции и јавните процеси на нивните влади.Во нејзиното службено својство на поранешен специјален главен обвинител на Северна Македонија, Јанева беше вмешана во коруптивни дела, вклучително и користење на нејзиното политичко влијание и официјална моќ за лична корист. Постојат веродостојни информации кои Јанева ги побарала и примила поткуп за да влијае на обвинителството под нејзина надлежност.Во неговото службено својство како градоначалник на општина Карпош, Северна Македонија, Јакимовски беше вмешан во коруптивни дела, вклучително и користење на својата службена положба за мешање во урбаниот развој и процесите на набавки за да имаат корист за себе и за неговите соработници”, пишува во соопштението.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

(Видео) Половина месец не е собрана документацијата за испорака на Шеваљ Муареми и групата од Грчец

Обвинителството скоро половина месец од акцијата која ја спроведе во Грчец, нема комплетирано документација со која ќе бара екстрадиција на Шеваљ Муареми од Дубаи и дел од неговата група која е во бегство. Ова го соопшти министерот за правда, Кренар Лога, кој кажа дека ја чекаат документацијата по која ќе постапуваат. „Се комплетира документација за тие предмети. Штом бидат изготвени од Обвинителството, ќе бидат спремни од наша страна и ќе се бараат и тие лица“, рече Лога.Шеваљ Муареми, за кого веќе е познато дека последната локација од каде објавуваше фотографии е Дубаи, доби меѓународна потерница. Тој е осомничен како предводник на групата која убивала и пренесувала дрога, а беше откриен преку акција потпомогната и од меѓународните истражни институции.Но не е само тој единствен по кој се трага. Листата е со осум лица.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-12-06-at-10.52.32

(Видео) Турција дала рок за екстрадиција на Палчо, испораката ќе одела брзо тврди Лога

Министерот за правда, Кренар Лога, кажа дека Турција дала рок во кој ќе го испорача Љупчо Палевски-Палчо, осомничен како организатор и реализатор на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тој не сакаше во јавноста да го каже рокот, но посочи, дека очекува тоа да биде за брзо.„При нашата официјална посета во Турција, ни кажаа дека судскиот дел е завршен, останува административниот дел. Според нивните правила, нивното МНР мора да потпише, па министерот за правда. Очекувам за брзо да биде тоа, така кажа и мојот колега од Турција. Ни дадоа некој рок, но не сакам да кажувам такви детали, бидејќи таа работа зависи од нив, а не од нас“, рече Лога. Воедно, додаде дека одржува комуникација со турските власти. Посочи дека и денеска, на настанот „60 години Уставен суд“, се сретнал со тамошни претставници.„Нема друга комуникација, сите постпаки се затворени на време. Неофицијално комуницираме, денес баравме информација кога би била испораката“, додаде Лога.

Македонија | пред 2 години

432308472_122129059664197509_1665192786184117984_n

(Фото) Тошковски беше кај полицаец во Кратово кој остана кров над глава, а тој за гестот напиша: Учете од него!

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, го посети полицаецот Зоран Стојановски во Кратово, кому пред неколку дена до темел му изгоре домот. Тошковски ги повика колегите да помогнат, бидејќи солидарноста е карактеристика на полициските службеници.„Денеска во Кратово го посетив колегата Зоран Стојановски на кого пред неколку дена во пожар целосно му изгоре семејната куќа. Во пожарот тој и неговото семејство го изгубија сето она што целиот свој живот го градел со својата полициска плата, а покрај изгубениот дом нарушена е и нивната животна егзистенција. Го уверив дека во овие моменти не е сам и дека ќе сторам сè што е потребно во рамки на моите можности со цел да се излезе во пресрет на неговите потреби во овие тешки моменти. Солидарноста отсекогаш била карактеристика на полициските службеници и во таа насока испратив телеграма до сите вработени во министерството за внатрешни работи со која ги повикав на доброволна основа да донираат средства кои во овие моменти се неопходни за нашиот колега да го обнови својот дом. Во оваа прилика ги повикувам сите хумани граѓани во рамки на своите можности да помогнат и да донираат средства на следната трансакциска сметка: 300007082346687, Комерцијална банка, Зоран Стојановски“, напиша Тошковски.По посетата, полицаецот Стојановски напиша: „Досегашни, претходни, минати и идни министри, учете од овој голем човек, што значи да бидеш министер за сите вработени, а не по лично профитерство и политиканство“ и се заблагодари за посетата.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-03-14-at-13.56.53

Директорот на Агенцијата за одземен имот: Тоа што не постигна да го реализират за две децении ние ја реализиравме за 1 година!

„Со огромна чест и задоволство ја информираме јавноста дека денес во собранието е донесен Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка“, вели Дритон Небиу од Агенцијата за одземен имот и додава:„Донесувањето на новиот Закон односно, 1/3 измени и дополнување на Законот, е резултат на потребата за унапредување на законските одредби како резултат на утврдените недоследности и проблеми во практиката од страна на вработените во Агенцијата за управување со одземениот имот- мојот тим, кои несебично заедно со мене дадоа свој придонес од првиот ден на моето именување. Голема благодарност до Министерот за правда Кренар Лога кој даде огромна поддршка за Законот, Владата на Република Северна Македонија и до работната група која професионално и детално работеше активно.Со донесување на Законот, сметаме дека ќе биде решен огромен државен децениски проблем произлезен од илјадниците стари возила кои се распространети ширум територијата во нашата земја.Најголемиот дел од направените измени се во насока на подобрување на постојната правна рамка во која има недоволно јасни постапки во однос на извршувањето на решенијата и пресудите за конфискација на имот и имотна корист, промени на не доволно јасните аспекти поврзани со имот кој е конфискуван од правни субјекти, а над кои е отворена стечајна постапка, конфискација на дивоградбите, прашања поврзани со заложно право над конфискуваниот имот, прашања поврзани со проценката, продажбата на имотот, терминолошко унапредување, унапредување на одредбите за социјално повторно користење (social reuse) на привремено одземениот имот, трајно одземениот имот и конфискуваниот имот, воведување Регистар, a воедно предвидено е Агенцијата да задржува 7 (% ) проценти од вредноста на остварениот приход од секоја продажба на одземените предмети и конфискуваниот имот од страна на Агенцијата, со цел за ефикасен менаџмент“.

Македонија | пред 2 години

DSC_0289

Охриѓанец сведочи за голгота во СВР Охрид: Се смееја, па ме бркаа како криминалец со потерница од Интерпол

Иљче Затаракоски, охриѓанец и познат критичар на состојбите во Македонија, раскажа за голгота која тврди дека ја поминал во СВР Охрид. Бил да подигне документи од канцелариите, а таму службениците си пиеле кафе. Ги прашал дали одат на работа само за да пијат кафе, па извадил телефон за да ги фотографира, по што, според него, почнала голготата.„Стигвам од Скопје и одам да видам да не случајно работат, да си ги земам документите. Главната врата е отворена и се качувам во канцелариите. Секаде се слушаат луѓе ама сите се заклучени. Отклучена е само канцеларијата за возачки. Отворам и гледам внатре четворица си пијат кафе. Прашувам дали може да се подигнат документите, ми викаат не. Прашувам пак, а сабота само за кафе идате да пиете? И најсилниот внатре со дерење ми одговара ДА БЕ ДА! После одговорот барам да ми се идентификуваат сите. Почнуваат да ми се смеат и јас вадам телефон и ги фоткам. Е тука почвит интересното...излегвет сите по мене да ме бркет ко да се криминалци со потерница од Интерпол, ми блокирет влез пред скали и 10 минути ме држат тука со закани дека ќе ми викнат полиција да ме апсела (да не пишувам за тоа дека службеник не знае разлика меѓу прекршочно и кривично дело), па викаат појачање од пасоши шо уште толку ми се заканвит и ми барат документ за идентификација. Да не правам муабет за тие кокошките службенички шо цело време се силеа "извади му ја значката" Е сега да прашам...од каде право на некој службеник да ми ограничит движење и да ме идентификуват без тој да ми се претставит? Инаку ни на крај не ги дадоа имињата, ама ќе ги најдам...и поздрав до тој најсилниот на крај шо ми рече дека ќе требало да се селам ако сум продолжел вака“, напиша Затаракоски.Во нов статус, објави дека добил и пријава.„На крај јас си добив пријава за омаловажување на службеник, и то со полиција на врата за да дадам изјава. Како е тргнато ќе испаднит дека јас сам сум си го ограничил движењето и не сум се пуштал да си излезам од нивната институција, а тие трпеле и ќутеле. Кај живејме ние ееееј...“, пишува тој.За овој случај, засега нема детали од МВР.

Коментари | пред 2 години

ppo-3-1024x672-1

Агелер ги седна на маса сите обвинители од Републичко, сосе шефот

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска оствари средба со Амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер, со која меѓу другото дискутираше за состојбите во Јавното обвинителство, но и за предизвиците со кои се соочува институцијата, најмногу од аспект на материјалните и кадровските ресурси.Коцевски се заблагодари за поддршката која САД ја даваат за обвинителството, особено за воспоставувањето и опремувањето на истражните центри во Основното јавно обвинителство Скопје и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.Амбасадорот Агелер истакна дека поддршката на САД ќе продолжи на сите нивоа кон сите поединци што работат со интегритет и тие кои се посветени да ги дадат најдобрите услуги на граѓаните, додавајќи дека од воспоставувањето на стратешкото партнерство на САД со нашата земја американската финансиска поддршка за целокупниот систем за владеење на правото изнесува околу половина милијарда долари.Амбасадорката Агелер оствари средба и со сите обвинители во републичкото обвинителство и се информираше за тековните активности поврзани со следење на евентуални нерегуларности поврзани со претстојниот изборен процес.

Македонија | пред 2 години

danela-arsovska-1

Данела за сите кражби од големи размери нема да ја спаси ни Тодор Александров да воскресе, затвор не и бега, тврди Мухамеди

Умејр Мухамеди е поранешен соработник на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Тој замина од Град Скопје, па напиша дека бил натепан. Сега, со нов жесток напад над Арсовска. Зборува за тендерите кои се плаќаат од државни пари, па посочува: „Данела за сите овие кражби од големи размери нема да ја спаси никој“.Неговото пишување во целост:„Ај вака да објасниме некои работи:1. Данела Арсовска склучува договор во вредност од 500.000 евра за чистење на кејот на Вардар. Изведувач е “Гама Градба”, багерите се појавуваат една недела и ги снемува. Кејот на Вардар го чистат јавните претпријатија на градот. Од податоците кои ги добив на е-finance на фирмата Гама Градба редовно и се плаќаат големи суми.2. Данела Арсовска склучува договор со фирмата Нексос инженеринг за чистење на снегот, набавка вредна 65.000.000 денари, во договорот стои дека и да има и да нема снег парите треба да и се исплатат на фирмата. Носителот на набавката е близок со Стевчо Јакимовски и кон истата фирма исплатите се вршат редовно.3. Данела Арсовска склучува договор во вредност од 60.000.000 денари за набавка на садници (најголема набавка на садници во историјата на градот). Јас и пишувам дека нема многу засадени садници а вредноста на набавката е преголема она ми вика дека биле засадени 600.000 дрвја. Носител на набавката е “хорти ком” (нејзин пријател).4. Данела Арсовска преку ЈСП склучува договор со Пуцко Петрол за набавка на нафта и нафтени деривати, вредноста на набавката е 27 милиони евра (најголема во историјата на градот односно двојно поголема од претходните набавки), во меѓувреме преку комунална хигиена склучува нови договори за набавка на нафта. (кражба од невидени размери).5. Данела Арсовска им ги централизира поголемите набавки на средните училишта и преку таканаречена групна набавка она да одлучува која фирма ке го добие тендерот.6. Данела Арсовска (не она лично) сече дрвја за кок нема “одобреније за сеча” за 500 евра. (За ова тие изгубените во простор од ЗХГ немаа никаков коментар).7. Сите вредни вработени со по 20 години искуство ги исклучува од работниот процес и ги носи во пожарна преку брутален мобинг и незаконски постапки.Данела Арсовска се “кара” со Умејр Муамеди бидејки за сите овие набавки и за многу други работи директно сум и се спротиставил и за тоа имам и докази. Данела Арсовска за сите овие кражби од големи размери од идната власт нема да ја спаси од кривичен прогон ни Ванчо Јовановски ни Никола Груевски, дури и Тодор Александров да воскресне затвор не и бега.Има и многу други работи но сето тоа кога ке дојде времето да се докажеме во суд“.Претходно:(Фото) Соработник на Арсовска си замина од Град Скопје, па објави дека бил натепан: Напаѓачот ме нападна со зборовите зошто пишуваш против Данела - Скопје1.мк (skopje1.mk)Правник ја искина дипломата откако почна бришење на казни од Кривичен законик во Собрание - Скопје1.мк (skopje1.mk)

Коментари | пред 2 години

kocevski1

Новиот државен обвинител почасти стотина гости за изборот: пола забава платена од државна сметка, пола од џеб

Новиот државен јавен обвинител, Љупчо Коцевски си направил забава за добредојде во куполата на Јавното обвинителство, а ги поканил колегите, претставници на стручна фела, невладини организации и државни институции. Коцевски трошел од државната каса за да ги угости со кетеринг, а пијалаците ги платил од сопствен џеб. Есапот излегол околу 80.000 денари, тврди Обвинителството. На собирот ја повикал и Вилма Русковска, иако таа беше разрешена поради незаконско постапување од Комисијата за дисциплински повреди, чиј претседател беше токму Коцевски. А на собирот биле поканети актуелни и поранешни обвинители, меѓу кои, и неговиот претходник, Љубомир Јовески, како и други пензионирани обвинители.„Скопје1“ дознава дека забавата била минатиот четврток, а имало над 100 гости. За оваа информација побаравме потврда и од Обвинителство, кои пак велат: „Обвинителството не поседува листа на гости кои се одзвале на поканата“. Прашавме и кој ја правел листата на пожелни гости кои треба да му посакаат успешен старт на Коцевски, но и на тоа прашање нема одговор.„По состанокот беше организирана и неформална средба на јавниот обвинител и останатите јавни обвинители со претставници на стручната фела, невладини организации и на повеќе државни институции“, стои во кусиот одговор од Обвинителство на прашања за поканетите гости.Обвинителството можело да ја плати и целата сметка за забавата на Коцевски, но новиот државен обвинител решил дел да подмири сам. Доказ за уплатата на храната, Обвинителството достави до „Скопје1“. Колку чинеле пијалоците – не е познато, но од Обвинителството велат дека и тие ги донел Коцевски.„Иако Јавното обвинителство, врз основа на законски прописи и одобрен Буџет од Министерството за финансии има спроведено јавна набавка за кетеринг услуги и има предвидени средства за таа намена, од тие средства беа искористени само 39.102 денари, односно помалку од половина од сметката за храна. Останатиот дел од сметката во висина од дополнителни 40.698 денари, како и трошоците за пијалаци послужени за време на неформалната средба ги плати лично Јавниот обвинител Коцевски“, додаваат од Обвинителството за „Скопје1“.Според уплатницата која ја достави Обвинителството, Коцевски долгот кон фирмата која ги гоштевала гостите го платил денеска на пладне. Иако имало над сто гости, тој платил од својот џеп за 51 лице. За останатите, парите се издвоени од буџетот.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-02-28-at-17.24.47

Борба за „ауди“-то во Судски совет: двајца членови се возат до дома и назад

Членот на Судскиот совет Селим Адеми и актуелниот потпретседател Ханиф Зендели немаат намера да го вратат и да се откажат од службеното „ауди“ кое незаконски го користат за одење дома во Тетово и назад на работа во Скопје секој ден, објави СДК.мк.Поради тоа, претседателката на Судскиот совет Весна Дамева на 22 февруари донела одлука службените коли „ауди“, „опел астра“ и „голф“, по завршување на работното време и на работните обврски, задолжително да се остават на паркингот или во гаражата на Судскиот совет. И по работното време да се остават клучевите од трите службени возила во Судскиот совет.„Корисниците на службените возила при нивното користење во текот на работното време, да посветат особено внимание при употреба и користење на возилата, а тоа да е исклучиво и единствено за службени потреби. За користење на службените возила, согласност дава претседателот на Судскиот совет“, изрично стои во одлуката.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања