Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

БРИФИНГ

ljupco

„Истрагата за смртта на Љупчо Лешко се претвори во турска серија, обвинителке, кабелот не е крив“ - семејството објави детали за резиденцијата каде загина момчето

Семејството на Љупчо Лешко, момче кое загина од струен удар при пуштање на музика на приватна забава во Радишани, јавно и се обрати на обвинителката Тања Трајчева од скопското Обвинителство. Ја прашуваат што се прави седум месеци од почетокот на предистражната постапка, како и дали јавно ќе признае дека од самиот почеток се е тргнато во погрешен правец. Тие обзнануваат дека по седум месеци, дури вчера вештак бил на лице место на настанот. За првпат по трагедијата, тие објавија за кој објект станува збор, а поставија и низа прашања до обвинителката.„Во случајот кој го водите во предистражната постапка која веќе премина во „ТУРСКА СЕРИЈА“ ние тврдиме дека нашиот син не е починат во несреќен случај туку во причинско-последичен случај заради неисправност на објектот“, вели во објавата Кети Лешко, мајка на загинатиот Љупчо дополнувајќи со: „Обвинителке, кабелот не е крив“.Целата објава, интегрално во продолжение:„ЈАВНО ОБРАЌАЊЕ ДО ЈАВНАТА ОБВИНИТЕЛКА ТАЊА ТРАЈЧЕВСКА ОД ОЈО-СКОПЈЕПочитувана обвинителке, бидејќи се поминати веќе седум месеци од почетокот на водењето на предистражната постапка поврзана со смртта на мојот син и бидејќи при нашите средби јас и моето семејство не добивавме никакви конкретни одговори, бидејќи сум приморана,ќе морам вака јавно да ви поставам неколку прашања на кои се надевам при нашата следна средба ќе одговорите, или истите повторно ќе ви бидат поставени по службен пат, преку нашиот правен застапник.Предистрагата за смртта на мојот син кој што според официјални извештаи од релевантни државни институции почина од струен удар пуштајќи музика како DJ во приватен објект во Радишани (Бел Камен) поточно во „Резиденција Стојмирови„ со адреса ул. Радишанска бр.308, започна на 24.07.2024 год. Во врска со истата , барам да ми одговорите на следниве прашања:- Дали според вас, 7 месеци е нормален период на водење на предистражна постапка за дело со смртни последици и дали воопшто за вас има дело, или нема?Ова прашање ви го поставувам бидејќи нашите последни неколку средби, завршуваа со ваше кревање на раменици и со одговори како „не знам„ и „ќе видиме што ќе правиме„. Дали е ова заради тоа што јавно признавте дека ПОСТАПКАТА УШТЕ НА САМИОТ ПОЧЕТОК Е ТРГНАТА ВО ПОГРЕШЕН ПРАВЕЦ И ДЕКА ЗА ОВА СЕ ОБИДУВАТЕ ДА СЕ ЗАТСКРИЕТЕ ЗАД ПЛАШТОТ НА СУДСКИОТ ВЕШТАК РУБИН БОШКОВСКИ КОЈ БИЛ ВЕЧЕРТА НА ЛИЦЕ МЕСТО НА НАСТАНОТ?- Зошто уште истиот ден, т.е. на 23.07.2024 година не дадовте налог да се запечати објектот и да се изврши комплетно електротехничко вештачење на објектот од стручни лица за тоа, кои ќе извршеа проверка и на инсталацијата и на заземјувањето на објектот и ќе побараа важечки и релевантни работни дозволи за вршење на дејност на истиот објект?- Зошто за вас сеуште нема дело според КЗ , делови од членовите 292 и 288 кога и самата знаете и имате докази дека овој објект се издавал и се издава НА ДИВО, т.е. врши комерцијална дејност за која не плаќа данок на државата а притоа предизвикува и дела против општа сигурност на повеќе лица?- Зошто на надлежните органи од МВР кои вечерта биле присутни на лице место не сте дале налог да се земат изјави од сите присутни на забавата туку само од неколкумина.- Зошто после првиот наш контакт кој беше околу 1 месец после немилиот настан не прашавте дали ние имаме некои информации во врска со настанот и дали имаме изјави од сведоци, а претходно никаде ве немаше?- Зошто изјавите од тие сведоци кои што беа земени после 3 месеци и тоа 2 пати( еднаш во секторот за крвни деликти а потоа и кај вас) не ги гледате како релевантен доказ кој ви докажува дека тој објект има проблем со инсталацијата или зааемјувањето?- Зошто менувате двајца вештаци кои не ја завршија работата до крај бидејќи не сте им дале точен и прецизен налог околу тоа што треба да се вештачи и како а бевте известена од наша страна?- Зошто сеуште не подигате обвинение кога знаете какви одговори ќе добиете после прашањата поставени од нашиот стручен соработник, особено околу непостоењето на СТРУЈНО ДИФЕРЕНЦИЈАЛНА СКЛОПКА која е задолжителна во секој објект за комерцијални намени и игра голема улога во спречување на струен удар.- Зошто се обидувате кривицата на сопствениците на објектот да ја прикажете како несреќен случај, со изговор деке едниот продолжен кабел имал скршен контакт за заземјување, а не земате во предвид дека токму од такви причини објектот треба да има посебна работна дозвола по поставени европски стандарди кои ги има прифатено и нашата држава?- Како вие вината не ја наоѓате во објектот кога и техничката опрема која ја нуди сопственикот на објектот не е наменета за такви настани туку за домашна употреба? (Појачало со двожилен струен кабел кое нема заземјување).- Како шетањето на струја по линија на помал отпор по вода и метал за вас и вашите вештаци не претставува проблем?- ЗОШТО ВЕЧЕРТА КОГА СЕ СЛУЧИ НЕМИЛИОТ НАСТАН ВИЕ ПРИСТИГНАВТЕ ПОСЛЕДНА НА ЛИЦЕ МЕСТО ДУРИ ПОСЛЕ 4 ЧАСА?- Зошто вие не се сомневате на поткуп кога и самата знаете дека кога пристигнавте внатре во објектот беа само двајца полицајци, инспектор од крвни деликти и споствениците на објектот?- Зошто според вас нема дело кога ви доставивме и докази дела истиот сопственик многу пати е пријавуван за нарушување на ЈРМ од неговите соседи а не е реагирано од П.С. Чаир?- Дали за вас исто така не е доволно да подигнете постапка кога имате изјави од сведоци дека уште самата вечер пред мртвото тело на мојот син е правен компромис да славениците на двата родендени кажат дека НЕ ГО ИЗНАЈМИЛЕ ОБЈЕКТОТ ТУКУ ДЕКА Е ПРИВАТНА ЗАБАВА И ДЕКА ЌЕ ИМ БИДАТ ВРАТЕНИ ПАРИТЕ , при што едниот славеник не се согласува и не дава таква изјава?- Зошто упорно и тврдоглаво не подигнувате обвинение кажувајќи дека кабелот е крив небаре ова е „тетовската болница“ а не го барате стандардот за заштита од струјни удари кои мора да ги поседува секој објект.ПОЧИТУВАНА ОБВИНИТЕЛКЕ, КАБЕЛОТ НЕ Е КРИВ!!! После сите овие поставени прашања сакам само да додадам дека според нас вие на овој случај и на оваа постапка постапувате со ПРИСТРАСНОСТ кон другата страна.Уште поголем сомнеж за ова тврдење ни дава и фактот дека одбегнувате комуникација со нашиот правен застапник, Адвокат М-Р Владимир Туфегчиќ со изговор дека нема што да му кажете.Е па почитувана обвинителке ние имаме што да кажеме.Во случајот кој го водите во предистражната постапка која веќе премина во „ТУРСКА СЕРИЈА“ ние тврдиме дека нашиот син не е починат во несреќен случај туку во причинско-последичен случај заради неисправност на објектот „РЕЗИДЕНЦИЈА СТОЈМИРОВИ„.Инаку овој објект на ДИВО се издава на позната Instagram адреса RESIDENT_STOJMIROV каде што како менаџери се јавуваат лицата ЗОРАН СТОЈМИРОВ И СТЕФАН СТОЈМИРОВ.Почитувана обвинителке, после седум месеци, веќе немаме доверба во ниеден извештај кој ќе го добиеме од ваша страна, затоа што ја утнавте работава. Со самото незапечатување на објектот дозволивте компромитирање на докази од првиот момент. Изговорот дека вас ви кажале дека се било таму завршено и дека вештакот наредниот ден бил на службен пат , НЕ ПОМИНУВА!За еден немил настан со едно дете врз кое што за жал падна дрво, веднаш се превземаа сите мерки според закон и правилник за работа, а за нашиот случај немате сеуште одговор.За сето горе наведено повелете доле слики од сопствениците и изјави од соседи и со жалење ќе морам да ве информирам дека за сето ова некој ДЕБЕЛО ЌЕ ОДГОВАРА. СРДЕЧЕН ПОЗДРАВ!“.[caption id="attachment_323451" align="alignnone" width="538"] Screenshot[/caption] 

Коментари | пред 1 година

sudija

Судовите се без телефонски централи, информатичари, архивари, а итно мора да се изберат и нови судии

Министерството за правда на веб страницата,ги објави Записниците од Комисијата за надзор над примената на одредбите од Судскиот деловник и надзор над спроведувањето на одредбите од Законот за управување со движење на предметите во судовите за 2024 година.Од извршениот увид во основните судови и Апелационите судови на може да се заклучи дека:1. Движењето на предметите во судовите согласно законот се врши преку АКМИС.2. Распределба и прераспределба на предмети се врши електронски. Не се забележани случаи на рачна распределба на предмети.3. Изземања на судии се врши според законската процедура и врз законските основи.4. За секое исклучување и вклучување на судии од АКМИС постојат образложени одлуки заради отсуство подолго од пет дена.Надзорот утврди и одреден број на слабости за кои Министерството за правда достави препораки чија реализација ќе ја следи комисијата:-Судовите се соочуваат со недостаток на судии и административни службеници.-Судскиот совет да изврши итен избор на судии со цел да се овозможи пополнетост на судовите со судии. Во ниту еден од контролираните судови не е пополнет систематизираниот број на судиски места.-Судовите работат со недостаток од стручни соработници, информатичари и архивари.-Во дел од судовите нема телефонска централа и не се обезбедени униформи за припадниците на судската полиција. Нема лифтови ниту пристап за лицата со попреченост.-Судовите не ги објавуваат редовно на веб страницата програмите за работа, годишните планови, распоредите и други акти со цел да се овозможи поголема транспарентност на работата на судот.

Македонија | пред 1 година

policija-pance-2

За ефикасен прогон на возачи при сообраќајка, издадени нови насоки до МВР, кои Обвинителството ги објави и јавно

Имајќи ги предвид статистичките податоци на Министерството за внатрешни работи кои укажуваат на зачестеност на прекршочните и кривичните дела од областа на сообраќајот, Основното јавно обвинителство Скопје одржа координативен состанок со полициските служби од СВР Скопје на кои им издаде конкретни насоки за поефикасно постапување при ситуации на загрозување на безбедноста во сообраќајот, а во кои настапиле последици кои содржат обележје на кривично дело.– Насоките налагаат задолжително итно постапување во ситуации кога при сообраќајна несреќа кај возачот/возачите е констатирано управување со возило без возачка дозвола (воопшто не е издадена), поминување на вклучено црвено светло на семафор, очигледна прекумерна брзина, состојба на пијанство, возење во спротивна насока, како и преминување на двојна полна линија. Итна постапка ќе се води и во ситуации каде возачот го напуштил местото на несреќата и не укажал помош на повредени пешаци или други лица. Итното постапување на полициските служби во вакви ситуации ќе му овозможи на јавниот обвинител да изврши проценка дали и со какви мерки треба да го обезбеди сторителот во текот на кривичната постапка и да ги заштити граѓаните од евентуално повторување на неговите дејствија.– Како доказ во прилог на кривичните пријави за вакви дела задолжително да се доставува до јавното обвинителство и целосна прекршочна и кривична евиденција за осомничениот, која треба да ги содржи сите поднесени прекршочни и кривични пријави и сите издадени платни налози за лицето.– Во поглед на итност и построго казнување особено да се има предвид дали лицата се повеќе пати застанувани и казнувани за исти прекршоци.– Кривичните пријави да содржат колку што е можно попрецизни, детални и точни податоци за сведоци, пријавени и оштетени со телефонски броеви и адреси од лични карти, но и моментални адреси на престојување.– Со особено внимание да се обезбедуваат докази и да се фотодокументираат сообраќајните знаци кои се во важност на локацијата каде се случила сообраќајна несреќа.Со овие насоки, дадени во рамките на раководната улога на јавниот обвинител во предистражната постапка, се прецизираат дел од веќе постојните дејствија на службите за обезбедување докази за кривични дела против безбедноста во сообраќајот.Целта на насоките е да се овозможи поефикасен кривичен прогон на сторителите на вакви дела, а со тоа да се делува и превентивно пред се против зачестеното безобзирно управување со моторни возила со кое се загрозува безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.Соопштение на Основното јавно обвинителство-Скопје

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2022-12-26-at-15.38.43

20 станови, четири апартмани, земјиште - имотот на Мијлаков ќе оди на лицитација, државата цели на наплата од 21 милион евра

Остатокот од имотот одземен од Сашо Мијалков во предметот „Империја“, наскоро ќе се најде на продажба, најавуваат од Агенцијата за одземен имот за „Скопје1“. Тие очекуваат од имотот, државата да инкасира нешто повеќе од 21 милион евра, што е за девет милиони евра помалку од сумата која Обвинителството ја соопшти кога се спогоди со ексшефот на УБК за ниска затворска казна. Сега, ќе се продаваат становите и гаражните места на Водно, (каде што Мијалков живееше), апартмани во хотелот на Водно, апартмани во Охрид, градежни земјишта и деловен простор.„Најавуваме за многу брзо време објавување на јавен оглас за продажба останатиот дел од конфискуваниот имот по однос на оваа пресуда и тоа: -20 станови и 8 гаражни места на ул.Славејко Арсов; -2 апартмани во хотел Панорама Резиденс; -2 апартмани во хотел Парк во Охрид; - Градежно земјиште во КО Радња; - Градежно земјиште во Центар; -Градежно земјиште во Богородица; -Деловен простор на ул. 11 Октомври бр 32. Вкупниот проценет недвижен имот изготвен од страна на Министерство за правда-Биро за процени е во износ од 21.450.000 евра, што значи дека вo Буџетот на државата ќе се префрлат најмалку во тој износ“, велат од Агенцијата за одземен имот.Досега, државата наплати 332.276 евра од продажба на три стана и гаража на Водно. И тоа, фирмата „Бест веј инвестмент“, фирма во сопственост на Јордан Мијалков, сама си ги купи.Најголемиот дел од имотот, односно повеќе од 20 стана на истата локација на Водно ќе се продаваат сега, меѓу кои и парцела до хотелот „Мериот“.Во јули 2022 година, Мијалков призна вина и се спогоди со обвинителката Лиле Стефанова во истрагата „Империја“ за перење пари.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-09-at-22.33.10

Има неталентирани судии и обвинители кои залутале во професијата, нема реализиран авторитет кој сака да ги стави работите под котрола, вели Туфегџиќ

Адвокатот и екссудија, Владимир Туфегџиќ, смета дека состојбата во правосудството е кулминација на отсуство на реакција, која трае со години. Според него, вистинските проблеми се под тепих и прашање на ден било кога сето ова што се случува ќе исплива на површина.Неговиот став во целсот:„Сето она што во последно време се случува во обвинителството, јавен конфликт на високопозиционирани јавни обвинители и постапката за начинот на напредување на јавните обвинители пред Уставниот суд е аларм дека вака не можеме да продолжиме понатаму бидејќи уриваме еден од основите и темелите на државата. Се започнува од едукативниот процес, тоа е основа за се, квалитетот на едукацијата и образованието создаваат или судски авторитети или потпросечни судски чиновници, овие вториве имаат изграден систем да ги блокираат и потиснат оние што се врвни професионалци кои постојано се едуцираат и имаат што да кажат.Моите професори Марјановиќ, Арнаудовски, Камбовски ме учеа дека во казненото право, особено во истрагата мора да се употреби закон, знаење и логика, мораш брзо да мислиш, да имаш капацитет да создадеш имагинарна слика за нештата и настаните за да ги наредиш коцките, да бидеш со мислите на местото на настанот бидејќи само така можеш да сознаеш и провериш дали тоа што некој го кажува е возможно или невозможно, точно или неточно, стварно или нестварно, битно или небитно, кратко речено мораш да имаш сенс да ги разбереш работите. Професорот Марјановиќ умееше да каже, колега више среќе други пут, се убаво си набубал на памет ама ништо од тоа не си разбрал, кога ќе ги разбереш нештата тогаш дојди.Има голем број млади обвинители и судии произведени во академијата за кои можам да кажам дека се исклучително елоквентни, посветени, надежни и перспективни, но факт е дека има природно неталентирани кои залутале во професијата и за кои за жал нема надеж дека ќе се корегираат, едноставно не само што немаат доволно знаење туку и не се трудат да научат, не прифаќаат поинакво мислење и немат такт да го сослушаат соговорникот, до ден денеска не ми е јасно со каква магија ги поминале филтрите во академијата. Паметниот прашува, се консултира и не се срами да побара совет, умислениот кој по правило е потпросечен и тенок со знаење и логика, никого не прашува.Академијата за судии и јавни обвинители во времето на Анета Арнаудовска беше место за едукација каде што се бараше столче повеќе за предавања и обуки. Со години бев предавач во академијата за четирите апелациони подрачја со класа од судии и професори, Лиле Шопова, Зуица Наумова, Мира Дуковска, Кате Оровчанец, Јани Нича, Лидија Неделкова, Драган Тумановски, Агим Мифтари, Владо Камбовски, Гордан Калајџиев, Гордана Лажетиќ и ред други.За сите нив приватно може да мисли кој што сака но како предавачи беа класа и на нивните обуки и предавања се бараше столче повеќе.Откако на чело на академијата дојде лице без правосуден испит кој во живот не влегол во судница и во јавно обвинителство со подршка на тогашниот естаблишмент, можам одговорно да кажам дека работите тргнаа драматично надолу со низа скандали во изборниот процес на новите генерации академци кои до денес немаат епилог. Како и да е, време е за темелен ресет но за жал во овој момент во правосудството не можам да препознаам реализиран авторитет што би сакал во ваквата состојба на работите да стави трн во здрава нога и да ја превземе одговорноста за да се стават работите под контрола

Коментари | пред 1 година

MASKI-DEL-MONTAZA.00_08_32_14.Still001

Затвореници ќе ја пошумуваат Македонија, ќе бидат ангажирани во „Македонски шуми“

Затворениците ќе бидат вклучени во акции за пошумувања кои ќе се случуваат од идната година. Ова е заклучокот од средбата помеѓу директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов и заменик генералниот директор на „Македонски шуми“, Кире Михаилов.„На средбата донесовме заклучок дека во периодот кој претстои ќе направиме напори за да може затворениците да ги вклучиме во најразлични акции кои се општокорисни и од значење на државата. Во овој контекст, пред се мислиме дека тие луѓе може да ги вклучиме во пошумувањата кои следуваат во наредниве години после пожарите кои ја зафатија Макединија, во одредени конфискации на бесправно посечена дрвна маса каде исто така ние како ЈП "Македонски Шуми" имаме недостаток од кадар и во се она кое може заеднички да го сработиме. Следува период во кој работите ќе ги менуваме од корен и се она што е во интерес на граѓаните ќе го ставиме во приоритет“, вели Михаилов.Ова доаѓа по највите на Пандов дека во затворите ќе се воспостави ред, а затворениците извршуваат општествено-корисна работа.

Македонија | пред 1 година

1112192_abu-katada-aljbani-kombo_m

Абдул Јашари кој е дел од сириската Влада, има македонско државјанство и е следен од АНБ

Абдул Јашари алиас Абу Катада Албани кој доби висока функција во Владата на Сирија има македонско државјанство. Тој во Македонија бил под истрага за неколку предмети, а во МВР се водат и предистражни постапки. Институциите, меѓу кои Агенцијата за национална безбедност, и натаму ги следи сите активности поврзани со него, а по неговото заминување во 2012 година од територијата на Македонија.„Ги следиме активностите на лицето, во рамки на надлежностите на Агенцијата“, велат од АНБ.Предмети за Јашари работи и Министерството за внатрешни работи. Тие посочуваат дека се во предистрага, па не можат да споделат детали.„Ве информираме дека лицето за кое прашувате има македонско државјанство“, велат од МВР.Името на Јашари, кој САД го претставува како терорист и поради ова е на црната листа, се споменуваше и при истрагата за масакрот кај Смилковското Езеро во 2012 година, кога беа ликвидирани четворицата тинејџери и рибарот. Заштитен сведок тврдеше дека го препознал Јашари по карактеристичната фризура. Но тој, не бил пронајден за да сведочи на ниту една адресите кои му биле регистрирани во Скопје. Кратко по ова се утврдува дека тој е дел од радикалните структури на Сирија.Тој последните десет години ја предводел џихадистичката група „Џемати Албан“, која ја сочинуваат претежно Албанци од Косово и Македонија. Има 48 години, а 35 години живеел во Чаир, но и Аеродром. Тој тврди дека бил на боиштата на Блискиот Исток, главно Сирија, во последните 12 години. Единицата „Џамати Албан“, вели тој, е основана во 2012 година и била активна во сите поголеми битки во северозападна Сирија.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-02-03-at-22.31.48

„Не се откажуваме додека не те најдеме, премногу боли!“ - седум дека се трага по Миле, сечија помош е добредојдена!

Седум ден трае потрагата по неготинчанецот Миле Тодоров, од кого нема ниту трага ниту глас. Семејството, роднините и пријателите очајно бараат помош од секој што може да се приклучи на потрагата или има било каква информација. Тодоров е спортист, кој откако дал отказ на работа, мистериозно исчезнува. Најден е неговиот телефонски апарат, но и покрај целата потрага, него го нема.Полицијата, екипи на Противпожарната бригада во Неготино, пријатели и роднини, сите го бараат. Неговата сестра Марија Атанасиевиќ јавно кажа дека нема да се откажат од него се додека не го најдат.„Некогаш Господ нѐ става во тешки искушенија да види колку ќе издржиме. Ние, не се откажуваме. Ќе се бориме за тебе, се додека не те најдеме. Премногу фалиш и боли бидејќи и овој ден не си со нас. Ќе бидеме храбри и истрајни додека не те видиме“, напиша таа.Последен пат, Миле беше виден минатиот четврток, во 10:30 минути кај местото Марена, облечен во работничко одело, бело палто и црн елек. Доколку го забележите, пријавете во најблиската полициска станица.

Македонија | пред 1 година

frosina-vasil

Можно е да одговараат и родителите на Васил: кој го купил возилото, како стигнало во негови раце, кој плаќал нафта

Обвинителството испитува кој му го купил возилото на Васил Јованов со кое на пешачки премин на усмрти 22-годишната Фросина Кулакова. Ова се прави со цел да се провери дали и колку помош добивал од неговите родители, кои би можеле да бидат осомничени во постапката. Доколку се утврди дека тие му помогнале, со тоа што иако немал возачка, му дале возило или пари за да може да го управува, би можело да се утврди одговорност.„Евентуално ако може да се стават тие дејствија во насока да му се става општо опасно средство со кое е извршено кривичното дело, тоа би подлегнало на некаква одговорност“, вели шефот на скопското Јавно обвинителство, Гаврил Бувевски за „Телма“.Тој кажа дека сега се е во рацете на полицијата која треба да утврди како Јованов дошол до автомобилот, од кого го купил и на кого е запишана сопственоста. Бубевски рече дека не знае кои факти ќе произлезат од испитувањето на тоа како возилото стигнало во рацете на Васил Јованов – од аспект дека можеби е доброволно дадено, а можеби и го земал без знаење на родителите.„Тоа сѐ треба да се испита. Возилото е на име на таткото. Доказниот материјал треба да го прибави МВР, а може и тие да направат анализа. Тие добија наредба од обвинителот што постапува“, вели Бубевски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-02-01-at-19.26.52

Посериозна реакција и зголемување на ресурсите за пронаоѓање на Миле бараат роднините, секој може да се придружи и на потрагата која ја прават пријателите

Семејството очајно бара помош за пронаоѓање на 28-годишниот Миле Тодоров по кого се трага четврти ден. Алармираат дека институциите треба да бидат поажурни, а и самите трагаат по момчето. Засега нема никакви нови детали, освен информацијата дека е пронајден телефонот.„Лицето Миле Тодоров веќе 4ти ден го нема излезен е на 30.1.2025 од дома и не е вратен, облечен е во работничко одело бело палто и црн елек последен пат виден кај село Марена ве молиме за помош веќе неколку дена. Полицијата, роднините и другарите на Миле трагаат но тоа не е доволно се покажа како не успешно. Исчезнување на млад човек не е занемарување мора да се сфати сериозно. Бараме посериозна реакција и зголеување на ресурсите“, пишува Ристо Недев во апелот.Тој објави дека собирното место за тие што сакаат да се приклучат во потрагата денес (понеделник) во 08:00 на Градски парк во Неготино.„За оние кој сакаат да земат учество а не се во можност да дојдат на собирното место во Неготино нека се обратат на следните броеви078/909-481, 075/691-727“, напиша тој.Претходно, беше објавено дека тој бил на работа, дал отказ, но бил смирен. Заминал и оттогаш му се губи секоја трага. Според семејството немал здравствени проблеми.

Македонија | пред 1 година

frosina-p

„Кој е следен?“ - Објавено времето за новиот протест по трагедијата со Фросина, ќе се адресираат три проблеми

Утре (недела 02.02.2025), во 17:00 часот ќе се одржи протест на булевар Партизански Одреди, кај Универзална сала под називот „Кој е следен?“. Организаторите најавуваат:„Случајот со Фросина Кулакова не е изолиран, се повторуваат истите случаи на неконтролирано возење со години, се повторува неказнувањето и недолжното згаснување на животи. Фрустрирани од состојбите што не се менуваат, повикуваме на изразување на граѓански револт. Системот ги отфрла децата и младите кои поради недоволна грижа го избираат погрешниот пат. Институциите не се координирани и тоа доведува до млади кои не ја добиваат потребната поддршка за да бидат активни чинители во општеството. Тој недостиг на поддршка резултира до сѐ почести фатални последици.[caption id="attachment_320984" align="alignnone" width="1330"] Screenshot[/caption]Протестот има за цел да адресира три главни проблеми:1. Нефункционалност на системот за заштита на децата и младите кои се во судир со законот2. Недоволна безбедност во градовите3. Глорификација на девијантно однесувањеАлките во системот за работа со деца и млади во судир со законот не функционираат. Институциите не настапуваат координирано за идентификување на децата и младите во судир со законите, а тие кои веќе се идентификувани не ја добиваат функционалната грижа за да се изградат во корисни и чесни граѓани на општеството. Дополнително, урбаната инфраструктура не ја осигурува потребната безбедност. Неопходно е градовите да можат да гарантираат безбедни услови за живот.За крај, од исклучителна важност е да се поттикне јавната свест кон гласно осудување на глорификацијата на девијантното однесување.Круцијално е да се информираат граѓаните за последиците од возвишувањето на неказнивоста и заобиколувањето на правилата“.

Скопје | пред 1 година

sudija

Трагикомични се најавите на премиерот дека извршната власт од понеделник ќе ја апси судската и обвинителската, вели Калајџиев

По најавата на премиерот Христијан Мицкоски дека од понеделник ќе има акција против судиите и обвинителите што ја спречуваат правдата се огласи професорот Гордан Калајџиев.-Диктатура на патриотите! Најавите на премиерот дека извршната власт од понеделник ќе ја апси судската (и обвинителската) се трагикомични! Нам ни’ нема спас…, напиша тој.Тој го искоментира и министерот Панче Тошковски кој најави: „Жесток и суров одговор ќе има на било какво сценарио за дестабилизација на Македонија“.„Почитуван министре, сакам да потсетам дека полицијата може и треба да реагира енергично, одлучно и сл. (пропорционално), но никогаш “сурово”!“, додава Калајџиев.

Коментари | пред 1 година

kocevski

Денот „Д“ за правораздавањето: Обвинителите со пролив и државни обвинител се таргет

Ова е денот „Д“ доколку се суди според најавите на премиерот Христијан Мицкоски, а се однесуваа за акција против корупцијата во правосудството. Според него, трпението завршило, а од денеска ќе се бара одговорност од обвинители кои кога ќе требало да спроведат акција, добивале дијареја. Тој најави цврст пристап и јасна визија за правда.„Планирањето беше детално, а од понеделник започнуваме со конкретни чекори,“ изјави Мицкоски.Акцијата нема да вклучува употреба на специјални полициски сили или јавно понижување на обвинетите, туку ќе биде спроведена преку институционални мерки кои ќе гарантираат транспарентност и почит кон законот.„Сметаме дека спектаклите немаат место во правосудниот процес. Потребно е фокусирано, систематско и законски уредено делување,“ објасни премиерот.Не беше поштеден ниту државниот обвинител, Љупчо Коцевски за кого кажа дека добол шанса, ама не ја искористил.„Државниот јавен обвинител, господинот Љупчо Коцевски доби шанса и плеќа како никој негов претходник, а за возврат добивме стотици истраги, процеси и обвинители, што кога треба да стават потпис на налог за увид, за претрес, за лишување од слобода наеднаш добиваат грозница, покачена температура, дијареа, анксиозност или се трудат на кој било начин да го опструираат процесот.Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски вели дека се неосновани обвинувањата на премиерот дека обвинители не си ја вршеле работата под изговор дека имаат здравствени проблеми, како дијареа, покачена температура и анксиозност. Според него, имало само еден случај во кој обвинител не отишол на закажан состанок бидејќи имал вирус, но по неколку дена одржал неколку состаноци со надлежните служби од полицијата за координација по одредени предмети.Шокантни постапувања за првпат од прва рака можеше да чуе и јавноста, од суспендираниот обвинител, Мустафа Хајрулахи.?list=PLm6WbTW4gkMm9SA3GYzjLPE0VWu1c-A7d

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-11-28-at-23.52.02

„Да погазиш знаме на држава каде живееш значи дека ти не заслужуваш да живееш во таа држава“, остри реакции за сквернавењето на македонското знаме

Остри осуди и барање на одговорност дојдоа откако македонското знаме беше сквернавено за време на прославата на албанското знаме. Новинарот Фуркан Салиу и адвокатот Умејр Мухамеди со остра критика за двата чина со кои се погази Македонија од страна на неколку лица во изолирани случаи.„Да погазиш знаме на држава каде живееш значи дека ти не заслужуваш да живееш во таа држава. Мвр треба итно да го расчисти случајот“, напиша адвокатот Мухамеди.Новинарот Салиу, напиша дека нормално да има исфрустрирана младина кога образованието е бизнис, а културата во колапс.„Кога културата ти е во колапс, образованието обичен бизнис, спортот арена за меѓуетнички и политички препукувања нормално е да имаш исфрустрирана CS-go младина. Пукање сред град, кинење на знамиња, дивеење низ улиците едноставно е недозволиво.Но за мене ова беше очекувано. Политиката (затоа што за се решава политиката) на покажување на мускули носи само отпор. Тој отпор различно се сфаќа и се манифестира од индивидуи, но едно е сигурно... Во оваа држава никој не знае нормално да се радува.Радоста изгуби смисла затоа што ретки се тие моменти на радост и гордост. 34 годишната "битката за да ја вратиме" државата де од едната па после и од другата етничка заедница си има своја цена. А цената е висока. Толку висока што на секои 4 години создава десетина нови милионери, а народот се по сиромашен“, напиша тој.

Македонија | пред 1 година

stekli1

(Фото) Плата од 3.000 евра нуди Раде Штекли: по трите обиди за убиство, прави тим за обезбедување

По трите обиди за убиство, Раде Трајковски-Штекли преку социјалните мрежи објави оглас каде бара обезбедувачи. Нуди висока плата, но бара професиоалци, притоа посочува и какво искуство треба да имаат. Ова доаѓа откако пред две недели, во дворот на неговиот семеен дом беше фрлена бомба. Тој изминатиов период постојано споделува „стори“ објави на Инстаграм од кои се гледа дека шета низ Балканот.„Почитувани, барам професионално обезбедување за мене. Потребни се 4ца, морално воено или полициско искуство, да поседува дозовла за оружје, плата 3000 евра (и покриено трошкови јадење пат...) Може од секоја етничка припадност и пол“, стои во објавата.[caption id="attachment_314267" align="alignnone" width="1178"] Screenshot[/caption]Ексначалникот од МВР, Љубомир Ѓурчески во „Претрес“ зборуваше за криминалните пресметки во Скопје, но и Македонија. Тој посочи дека ликвидаторите, нема да се откажат од намерата да го убијат Штекли, се додека задачата не биде завршена.?t=2634

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања