Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

БРИФИНГ

Screenshot-2024-11-23-at-19.47.43

Пронајден Виктор, по кого се трагаше четири дена

Виктор од Нагоричане кој исчезна е пронајден здрав и жив. Тој беше пријавен од неговата мајка дека се оддалечил од домот.Од семејството објавија дека тој е во добра здравствена состојба и е дома. Засега не е познато каде бил, причината за исчезнувањето.„Во моментот e во Полициската станица во Куманово, и се испитува мотивот за неговото исчезнување“, изјавила неговата мајката М.Н. која го пријави исчезнувањето.Виктор беше пријавен за исчезнат на 19 ноември.

Македонија | пред 1 година

nesreata-na-avtobusot-vo-bugarija-snimena-od-visoko-750x430-2

Три години од трагедијата во која загинаа 45 македонски државјани: На автопатот нема ни обележје, вината ја најдоа кај возачот

Поминаа три години од трагичната автобуска несреќа во Бугарија, во која животот го загубија 45 лица, од кои 12 деца, а уште 7 беа повредени. Автобусот беше зафатен од пламен, додека трагична околност е фактот што несреќата се случи околу 2 часот по полноќ, кога најверојатно повеќето од патниците спиеле.Компанијата доби четиригодишна забрана за вршење на меѓународен превоз и казна од 800 илјади денари. Една година и осум месеци казна затвор доби Беким Хаџиу, сопственикот на „Беса Транс“ бидејќи фалсификувал документи кои потоа ги користеле возачите кога со автобусите на напуштале државата превезувајќи патници. Во Бугарија се водеше судски процес за несреќата, а вината беше лоцирана кај возачот, кој исто така загина, иако постоеа сомнежи дека тој дел од автопатот е надвор од пропишаната легислатива.После три години на автопатот „Струмица“ во Бугарија нема никакво обележје дека на тоа место се случила несреќа во која изгореле 45 државјани на Македонија.

Македонија | пред 1 година

dete-siluvanje

Жестока реакција за казните под минимумот за трговијата и силувањето на дете: Испратена е порака дека делото не е сериозно!

Здружението Отворена порта/ Ла Страда изразува загриженост за исходот од првостепената постапка во предметот во кој жртва беше дете кое беше злоупотребено и тргувано заради сексуална експлоатација од страна на полнолетни мажи. Здружението укажува дека трговијата со деца е сериозно кривично дело.„Пристапот до правда на жртвите на трговија со деца и сексуално насилство подразбира не само пронаоѓање и казнување на сторителите, туку и изрекување соодветна санкција која ќе има одвраќачко дејство за повторување на делото од страна на обвинетите, но, и за останатите во општеството. Изречените санкции испраќаат порака до обвинетите, но до останатите трговци дека нивното однесување не е доволно сериозно за да се изрече казна барем во рамки на законскиот минимум.Особено сме загрижени што судот отстапи од досегашната пракса на доделување на правичен надоместок на жртвите на трговија со луѓе во кривичната постапка. Имено, пристапот до правда на жртвите на трговија со дете подразбира и доделување на правичен надоместок како компензација за претрпениот страв, болка и душевно страдање на детето жртва.Судот, со вчерашната одлука пропушти соодветно да го примени Законот за правда на децата, според кој, овие постапки се итни и судот има обврска да постапува на начин што нема да ја одолговлекува постапката и да го изложува детето жртва на дополнителна виктимизација. Упатувањето на жртвата да води постапка пред граѓански суд за остварување на правото на надомест на штета дополнително ќе ја виктимизира и ќе го спречи нејзиното закрепнување како жртва на трговија со дете и силување.И на крај трговијата со деца претставува еден од најзагрижувачките проблеми. Во периодот од 20 години, најголем дел од идентификуваните жртви се деца, кои сочинуваат 70% од случаите. Повеќето од овие деца се на возраст од 9 до 17 години и доаѓаат од ранливи категории. Жените и девојчињата доминираат меѓу жртвите, со висока застапеност на случаи на двојна експлоатација – сексуална и трудова. Просечната возраст на децата-жртви изнесува околу 15 години, што го прави овој феномен уште по загрижувачки. Отворена порта нагласува дека ваквите податоци ја потенцираат итната потреба трговијата со деца да се спречи, а на децата жртви мора да им се обезбеди заштита и пристап до правда“, стои во нивната реакција.ПРЕСУДАТА:

Македонија | пред 1 година

utkovski-sutka

Бегство и пукање во затворот во „Шутка“: Осуденик враќан од суд, ги избуткал полицајците и прескокнал ограда

Осуденик од затворот „Скопје“ во Шутка избега при спровод од суд во ќелија. Ова се случило попладнево и тоа откако полицајците кои го обезбедувале го извадиле од затворското комбе и се доближувале кон црната капија, дознава „Скопје1“. Според нашите информации, осуденикот се движел пред тројцата полицајци кои го обезбедувале, но успеал да им се оттргне и да избега. Директорот Бобан Утковски не споделува детални информации за случајот, бидејќи истиот се уште е во фаза на проверки.„Информацијата за бегството е точно. Се преземаат сите мерки и активности за расчистување на случајот. Лицето избегало при спровод од суд во полуотворениот дел од затворот. Доколку бидат утврдени пропусти при спроводот, ќе следуваат санкции“, вели директорот Бобан Утковски за „Скопје1“.Станува збор за осуденик кој издржува пет годишна затворска казна, но истовремено, се гони и за други пет дела за кои постапките му се во тек. При враќање од суд, тој се движел пред полицајците, но во дел од секунда скренува десно и почнува да трча кон затворската ограда. Според информации на „Скопје1“, сите тројца полицајци кои го обезбедувале трчале кон него, но ниту еден не го стигнал. Еден од полицајците пукал и во воздух за да го заплаши, но осуденикот не се поколебал.Доброупатени извори за „Скопје1“ тврдат дека иако го бркале, а само еден кој бил на чекор до него, во моментот кога се обидува да го фати, се сопнува и паѓа. Во овој дел од затворот има видео-надзор, кој ќе треба да го прегледа управата, но и МВР каде бегството е пријавено.Истото лице во текот на месецот, барало да биде спроведен од затвор на погреб, но тоа не било дозволено, бидејќи управата проценила дека ризикот за бегство е голем. Спроводите во суд се задолжителни, по налог на судија.Пријава за бегството има и во МВР, потврдија од таму за „Скопје1“. Посочуваат дека активно се трага и се преземаат мерки за негово пронаоѓање.

Македонија | пред 1 година

ljupco-sudska

(Видео) Мрдна истрагата за младиот ди-џеј Љупчо, но уште нема обдукциски наод: додека семејството го исплакува, и натаму не знаат како почина

Сведоците од забавата во Радишани кои виделе што се случило со младиот ди-џеј Љупчо Лешко, кој почина на приватна забава – повикувани се во МВР да дадат исказ, дознава „Скопје1“. Според нашите информации, по поткастот „Претрес“ каде родителите јавно сведочеа дека никој не презема ништо за да се утврди како го загубија нивниот син – истрагата мдрнала од мртва точка. Обвинителството за кое семејството кажа дека цело време било заангажирано да се утврди како Љупчо починал, сега испратило и ургенции.Семејството Лешко веќе сподели со јавноста преку „Претрес“ дека и други деца се пожалиле дека на изнајмениот имот каде била забавата, ги пецкало струја. Едно од децата посочило и дека струја здрмало и кога ја допрела миксетата на која работел сега починатиот Љупчо.Лешко бараат да се утврди точната причина за смртта, бидејќи од Судска медицина трети месец немаат извештај, а тие имаат живо дете на хартија, додека секојдневно му одат на гроб. Сметаат дека одговорност треба да се понесе ако истата се утврди, но дека би прифатиле и ако истрагата не утврди вина кај никого.Потресното сведоштво погледнете го тука:?t=4877

Македонија | пред 1 година

siljanovska-3

Сиљановска помилува и осомничен за пукањето во Чаир од пред една недела

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова помилувала осуденик кој пред девет дена учествуваше во пукање во Чаир, дознава „Скопје1“. Според нашите информации, Акиф Равманоски од Арачиново на кого со потпис на Сиљановска-Давкова му се укина затворот и му се одреди условна осуда, бил дел од групата која пукала.Ако се гледа хронолошки, пукањето во Чаир се случи на 15 октомври, а Сиљановска го потпишала помилувањето на 21 октомври. Тоа значи дека претседателката го ослободила Равмановски седум дена по вооружениот инцидент.Рамадановски учествуваше во пукањето, додека се уште издржуваше затворска казна во „Идризово“ (за која е помилуван). Во моментот на пукањето, тој бил излезен од затворот бидејќи користел погодност - работен ангажман. Но наместо на работа, полицијата го лоцирала на местото каде се пукало. Равмановски по пукањето се врати во „Идризово“, од каде со полиција беше однесен во станица.Како што и претходно објавивме, меѓу останатите помилувани се Владимир Талески, ексградоначалник на Битола, кому Сиљановска му скрати една година од затворот, а е осуден во предметот „Транспортер“. Делумно помилување доби и Марјан Ефремов, на кого му се скратени три месеци, а првообвинет во предметот „Шпион“.Акиф Равмановски, јавноста го опишува како член на наркокланот „Барон“, а Шенол Маслани кој исто така е помилуван е брат на познатиот Шенки, кој во јавноста стана познат по опседнатоста со модниот бренд „Версаче“.Во согласност со Законот за помилување, постапката за евентуално помилување на осудени лица од страна на претседателот започнува со поднесување молба за помилување до судот којшто ја донел првостепената судска одлука.Молбата, заедно со потребната документација, судот ја доставува до Министерството за правда.Според законски утврдената постапка, министерот за правда ги разгледува молбата и останатите документи, и дава свој предлог којшто го доставува до претседателот на Република Македонија.Комисијата за помилување на претседателот на Република Македонија, како постојано работно тело во служба на претседателот, на редовни седници поединечно ја разгледува секоја пристигната молба за помилување заедно со предлогот на министерот за правда.Комисијата, со мнозинство гласови од присутните членови, утврдува мислење односно предлог којшто го доставува до претседателот на Република Македонија.Врз основа на мислењето на Комисијата, како и врз основа на предлогот на министерот за правда, претседателот на Република Северна Македонија донесува конечна одлука.Одлуките на претседателот се јавни и се објавуваат во „Службен весник на Република Македонија“.

Македонија | пред 1 година

ljupco

Талкајќи по одговор за починатиот син, Лешко добија нови удари: Ни викаа да се јавиме за два-три дена, па потоа „ако досаѓаме имаат право на кривична“

Родителите на Љупчо Лешко, кој почина на приватна забава, а за кого три месеци нема обдукциски наод и причина за смртта, го демантираат директорот проф. д-р Александар Станков кој кажа дека биле на разговор во Судска медицина. Тие за „Скопје1“ тврдат дека била повикана само нивната ќерка, но не за причината за смртта. Раше Лешко, татко на починатиот Љупчо, посочува дека заканите за кривична пријава дошле откако самите вработени им укажувале да се јават за некој ден, за да добијат информации.„Како одговор на изјавата на директорот на судска медицина сакам да ви потврдам дека ние како родители никогаш не сме биле физички во судска медицина, туку од страна на доктор беше повикана нашата ќерка на информативен разговор само околу срцето на нашиот син, но не и за информации за причината за смртта, што беше изречито кажано од истата докторка. Понатаму, ако зборовите "Дека ако повторно пратиме блиско лице, или досаѓаме по телефон, дека како службено лице вработено во таа институција има право да поднесе кривична пријава за вршење притисок и мешање во истрагата не е закана, тогаш не знам што е, ама укажување секако не е. Ако прашањата дали има резултати се мешање во истрагата или вршење притисок, во ред, ќе прифатиме. Сепак мислиме дека не се. И ако е така тогаш би го замолил директорот да им укаже на неговите вработени, кога ќе се јавиме да не ни викаат јавете се за два дена, три дена, другата недела и.т.н. Нашата ќерка беше таму и имаше краток разговор за кој она ќе ви пише и ќе ви каже каков одговор добила“, вели Раде Лешко, татко на починатиот Љупчо.Стефанија Лешко, сестра на починатиот Љупчо, која била во Судска медицина, раскажа за ситуацијата.Јас сум Стефанија Лешко,сестрата на покојниот Љупчо Лешко.Пред се' од срце се заблагодарувам за Вашата ангажираност околу случајот со мојот за жал,прерано починат брат.На ден 27.09.2024 отидов во судска медицина и на приемен шалтер ја побарав докторката. Потоа, излезе доктор кој рече дека докторката не е тука и дека може да му се обратам нему со прашање бидејќи и тој е дел од обдукцијата на мојот брат. На почетокот немав баш прием како за лице кое дошло на Судска медицина да праша за свој член бидејки имав нервозен испад од докторот (причина: сум ја побарала докторката? најверојатно) иако јас не ни знаев дека освен докторката има и друг(и) кои работат на случајот. Бев прашана: која сте Вие за да ви дадам информации, а по моето претставување се беше поинаку. Прашав кога ќе биде извештајот и кога докторката ке биде на работа по што добив одговор "па би требало при средината на следната недела,евентуално вторник или среда јави се". Тоа беше моето единствено физичко присуство на Судска медицина, бидејќи сум дополнително ангажирана и со факултетски обврски кои бараат временски и психички влог од мене“.Таа додава: „Замолувам да не ни се става сол на раната,единствено по кое што трагаме е вистината за нашиот најсакан. Притисок не може да биде прашање за "кога би било готово,па нели е предолго да чекаме" или одредени прашања поврзани со искази на наши сведоци. Одговорно тврдам дека во ниеден случај не сме наметнувале што да се пише, не сме се заканувале и не сме биле некултурни кон вработените во Институтот за судска медицина. Во последниот наш телефонски разговор со докторката реков "би сакала да се видиме,да се запознаам со Вас и да разговараме околу можното генетското преоптоварување со хипертрофична кардиомиопатија, а извештајот кога биде-нека биде".Родителите во поткастот „Претрес со Ландов“ раскажаа како нивниот син бил заведен дека починал од струен удар во приватна вила каде бил ангажиран на забава како диџеј, за потоа, како што велат, да им кажат дека можеби и не е струен удар. Талкаат по одговори и посочуваат дека не бараат вина, но доколку некој има - треба да одговара пред законот. Директорот на Судска медицина, Станков, за „Скопје1“ посочи дека родителите неколкупати се јавувале, а дека лицата само им укажале, а не дека се заканиле, дека вршење притисок е кривична одговорност.

Македонија | пред 1 година

ljupco-sudska

„Нема закана, туку укажување“ - судска медицина под притисок од прашања, Лешко три месеци ја чека обдукцијата за починатиот син

Потрагата по одговори на семејството Лешко за нивниот починат син, за кој трет месец немаат обдукциски наод, за Судска медицина е притисок. Ова е објаснувањето на директорот, проф. д-р Александар Станков за „Скопје1“, кога го прашавме зошто се упатени закани кон мајката Кате Лешко, која се јавила да бара одговори – дали од струен удар, природна смрт или трета причина, таа го закопа нејзиниот 19-годишен Љупчо. Станков децидно негира дека станува збор за закани, туку укажување.„Родителите и блиски роднини на покојниот во повеќе наврати се примени на разговор во Институтот за судска медицина, со нив е дополнително разговарано и им е дадено објаснување. Закани за кривична пријава кон нив немало од ниту еден вработен во Институтот, туку им е укажано дека вршењето на притисок врз службено лице може да резултира со кривична пријава. Работата на нашиот Институт не е брзо завршување на обдукционите наоди, туку  нивно прецизно, точно и со докази и анализи поткрепено изготвување“, вели директорот Станков за „Скопје1“.Побаравме одговор, зошто три месеци по аутопсијата, се уште немаат изготвено наод од што почина диџеј Љупчо, на приватна забава во Скопје, каде бил најмен да пушта музика.„Се работи за многу комплексен случај за кој е потребно подолго време за анализи, се со цел да се обезбедат квалитетни и прецизни докази според кој ќе се донесе заклучок за причината за смртта. Се работи за случај кој е во фаза на истрага која според Законот за кривична постапка е тајна“, додава директорот Станков за „Скопје1“.Го прашавме и колку обдукциски наоди се несработени, иако аутопсиите се завршени, на што не добивме конкретен одговор.„Тоа е мојот одговор на сите ваши прашања. Друго немам што да додадам“, посочува Станков.Наместо одговор од што починал нивниот син, родителите на починатиот Љупчо добиле закани од Судска медицина. Ова го просведочи мајката Кети Лешко во „Претрес“.Три месеци поминаа од трагедијата кога на приватна забава во Радишани, Љупчо почина од засега недокажан струен удар.Мајката во поткастот „Претрес со Ландов“ кажа дека нема да престане да трага по одговори и детали за смртта на нејзиниот син. Посочи дека никакви, како што кажа, закани, нема да ја заплашат или поколебаат. Споменувањето на кривична одговорност од страна на вработена во Судска медицина за неа е закана, а не „укажување“ како што велат оттаму.Родителите сведочат како работат институциите:?t=4878

Македонија | пред 1 година

sdf

Пропаѓа ли Conti: Шема за лесни пари која може да однесе и илјадници евра на вложувачи од Македонија

Пропаѓа ли пирамидалната шема Conti? Ова е главното прашање кое се дискутира во Македонија изминативе денови, а откако се појави наводен разговор на апликацијата „Телеграм“, направен во група со 14.000 членови во кој се пишува дека платформата нема да постои. Голем број Македонци учествуваа во инвестирање во Conti, чија цел беше брза заработка.Conti претставува платформа(апликација) која на корисниците им нуди заработка преку гледање видеа. Апликацијата функционира околу една година. Но за да започнете да заработувате, прво мора да вложите. Во Македонија, луѓе вложуваа од 100 до 3.000 долари. Се заработуваат високи суми, но од вчера многу македонски граѓани се жалат дека се излажани и дека ги изгубиле парите.Од пред неколку дена, групата на „Телеграм“ која има околу 14.000 македонски членови, почнува да згаснува, а корисниците повеќе немаат приливи на Бајненс платформата за тргување со криптовалути.За оваа шема, одамна се шпекулираше дека е нов начин на измама на корисниците на интернет, кои сакаат брза заработка на пари.На интернет, ваквите шеми се познати како „pig butchering“. Тоа значи дека измамниците користат скрипти за да ги „здебелат“ нивните жртви, добивајќи ја нивната доверба во период од денови, недели, а понекогаш и месеци, пред да ги „заколат“, односно да ги земат нивните пари.

Македонија | пред 1 година

IMG_6166

Таравари сега не знае ништо за ослободувањето на Блерим Рамадани, иако претходно го поздрави ослободувањето пред да се донесе судска одлука

Министерот за здравство, Арбен Таравари, кој го поздрави ослободувањето на поранешниот војник на ОВК, Блерим Рамадани, уште пред да биде донесена судската одлука, сега посочува дека нема информации за конкретниот случај. Прашан дали судијата на претходна постапка, Пајазит Пајазити треба да биде разрешен, тој даде само општ коментар.„За секого кој што не постапувал како што треба, треба да има одговорност. За конкретниот случај, немам информација. Кога ќе имам, ќе имаме став како коалиција ВЛЕН“, рече Таравари.Судијата Пајазит Пајазити го ставил, па го пуштил поранешниот припадник на ОВК, Блерим Рамадани од ефективен притвор, иако околностите под кои е одреден притворот биле непроменети, дознава „Скопје1“. На МВР им била дадена насока да вршат контроли, кои биле правени секојдневно. Обвинителството за гонење организиран криминал (ОЈО-ГОКК) не се согласило и поднело жалба. Денот кога Кривичен совет одлучува по жалбата – Рамадани бега. Вака изгледал текот на настаните кога во прашање е Рамадани, за кого Србија има потерница и го бара за извршени воени злосторства.„Скопје1“ дојде до информации како постапувале судијата Пајазит Пајазити, Кривичниот совет кој одлучува по жалби, Обвинителството кое бараше притвор и се жалеше за куќниот притвор, Министерството за внатрешни работи задолжено да прави контроли на адресата каде Рамадани беше во куќен притвор. Заклучокот е дека МВР не може да го пушти Рамадани да избега, туку судот со неодредување на најстрогата мерка.

Македонија | пред 1 година

kocevski-tufegdzik

Туфегџиќ го повика Коцевски: Ги знаете, само одважете се, одземете им ги телефоните и ќе ги најдете „проектите“ на расцутеното судство

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, кој е поранешен кривичен судија, го повика државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски да собере храброст и да ги прибере доказите во четирите апелациони подрачја за криминалите во правосудството, па посочува: „убеден сум и знам дека и тој ги знае“.„После ваков блам со врховниот судија, државниот Јавен обвинител има животна шанса да ги стави работите во ред. Не треба многу, треба уште денеска да свика итен колегиум и да даде зелено светло веднаш и без одлагање да се издадат наредби за постапување и одземање на мобилни телефони спрема 10-тина примероци како врховниот судија во четирите апелациони подрачја.Убеден сум и знам дека и тој ги знае, само треба да се одважи и да ги прибере доказите за кои му треба само еден мал чекор, бидејќи тие луѓе во последните години не е тајна дека не се ни криеа, а во нивните телефони ќе ги најде сите договорени и реализирани проекти на проектантите на расцутеното судство како и проектите што се во тек“, вели Туфегџиќ.Ова пак, предизвика коментари во правосудните кругови, но и загрижност. Според информации на „Скопје1“, стравот е дека евентуален ваков чекор на Коцевски ќе предизвика хаварија во правосудството и дека треба особена внимателност. Од друга страна, граѓаните бараат расчистување на корупцијата во судството и обвинителствата.

Коментари | пред 1 година

Screenshot-2024-08-11-at-09.15.35

Се трага по маж од Лозово: најдена му е торбата со храна и вода, но не и тој

Жител нa Општина Лозово, се води за исчезнат повеќе од 24 часа. Градоначалникот Бошко Цветковски, вчера објавил дека на човекот му се губи секаков траг.„Повеќе од 24 часа е исчезнат наш сограѓанин, на кој во 20:30 часот, сношти му се губи секаков траг.. Имено станува збор за Исмаил Муратов кој последен пат е виден во близина на базентот кој служи за водоснабдителниот систем за питка вода во населено место Дорфулија.. Денес во организираните потраги темелно беше пребаран теренот кој се наоѓа во близина каде беше пронајдена торба со храна и вода за која се претпоставува дека е негова, но за жал не успеавме да го пронајдеме.. Затоа ќе ги замолам сите полнолетни граѓани кои сакаат да учествуваат во потрага на овој наш сограѓанин, УТРЕ (денес), ВО 07:00 ЧАСОТ ДА БИДАТ ВО ЦЕНТАРОТ НА С. Дорфулија и со себе да си земат вода и чизми бидејки ќе се оди до тешко пристапен терен Се гледаме утре!!!“, вели Цветковски.

Македонија | пред 1 година

martina-zaginata-grcija

Две од девојките се во тешка состојба, убиецот на Мартина заврши каде што припаѓа, објави вереникот на загинатото девојче во Грција

Ристе Илијовски, вереник на Мартина Наумовска која загина во тешката несреќа во Грција, се прости од својата сакана. Тој објави дека и нејзините две другарки се во тешка состојба, како и дека лицето кое ја предизвикало сообраќајката е онаму каде што припаѓа.„Со тешко срце и сили сакам да ги известам сите роднини, пријатели, душегрижници, зависници и душмани дека на вчерашен ден во тешка сообраќајна несреќа од страна на грчки душмани животот го одзеде на нашата најчиста душа, мојата вереница, мојата душа и човек со најголеми човечки особини кој денешно време никој ги нема, Мартина. Нема зборови со кои можам да ви опишам која карпа од човек е ова чупе, чекаме да се разбудиме од овој сон, не остави сите кога најмалку требаше, Господ ни го зеде ангелот кој со пари не се купуваше а повеќе не припаѓа на овој свет“, пишува Илијовски.Во името на фамилијата на загинатата Мартина и неговата, се прости од девојката.„Им посакувам опоравување на другите 3 девојки од кои две се во тешка состајба а за оној кој несовесно ја постигна оваа трагедија и то уби нашето чупе заврши онаму каде што припаѓа. Мартина, ти си нешто што со зборови не се опишува, нема збор во нашиот речник со кој можам да те опишам, храбра а толку мека, не бараше ништо освен љубов и внимание, најубава мистерија која некогаш постоела на овој свет, sвезда која ќе сјае на небото, ангел кој ќе сјае во рајот!Почивај во мир душо моја најсакана!“, додаде Илијовски.

Коментари | пред 1 година

ubistvo

Страотни сведоштва за жената која ги уби сопругот и свекорот: Од здрава и убава жена, претворена во парче месо од 40кг, борбата сега е за децата!

Фросина Горгиоска, повикувајќи се на информации од семејството на жената која до смрт ги избоден сопругот и свекорот, посочува дека тоа го направила во самоодбрана оти била постојано тепана, а во моментот на крвавиот чин, и нападната. Жената сега се наоѓа во притвор во Куманово, а адвокатот Јанаки Митровски се понуди и да ја застапува во правната постапка.„Официјално дознаваме дека Вале која е во притвор во Куманово заради двојното убиство на насилниците (сопругот и свекорот) кои 13 години секојдневно ја тепале, има родители и брат кои не се баш во некоја завидна финансиска ситуација и моментално се во преголем шок. Адвокат и е доделен по службена должност, бидејќи сопствен не можат да платат. Но борбата е и за децата. Тие се кај сестрата на сопругот тепач и психопат. Но, исто така и неговата сестра, каде што се децата учествувала во малтретирањето на Вале. Борбата е сега и за децата. Да се вратат на семејството на Вале, додека трае постапката за неа. Да не останат во фамилија на болни луѓе. Да може колку толку да имаат нормален живот, внимание и љубов од луѓе кои вистински ги сакаат“, пишува Горгиоска.Таа и претходно објави долго сведоштво.„Жената која ги убила сопругот и свекорот е од Скопје, мажена во Кратово 13 години, за алкохоличар со традиција. Тоа значи дека и неговиот татко, свекорот, бил алкохоличар, додека свекрвата исто така била на нивна страна, па понекогаш и таа удирала по неа со бастунот, ако дадела отпор на ќотекот. Жената, според изворот, е грижлива мајка, со превоспитани, уредни и средени деца кои се капацитет. Жената, која според изворот била тепана секој божји ден и која во сред лето одела со дуксер за да не и се гледаат модриците и така со години, од убава и здрава жена е претворена во парче месо од 40 кг. Бидејќи институциите не реагирале соодветно, секој пат кога сакала да замине, насилникот не и ги давал децата, а мајка, грижлива и полна со љубов, за децата да се со неа, избрала ќотек секој ден“, додава Горгиоска.Се огласи и адвокатот Митровски.„Жената во Кратово не уби, се бранеше. Ако некој го знае семејството нека ме контактираат“, напиша Митровски.Основното јавно обвинителство Куманово отвори истрага против 36 – годишна жителка на Кратово за двојното убиство, за кое вчера полицијата соопшти дека жена си го убила сопругот, а потоа и свекорот.Во деталите за инцидентот кој денеска ги соопшти Обвинителството, се вели дека на убиствата им претходело насилство.Според Обвинителството, по претходна вербална расправија, сопругот физички ја нападнал осомничената, удирајќи ја со тупаници по главата и телото, а потоа со рацете ја фатил за вратот и почнал да ја дави.Таа успеала да се тргне и од кујната зела кујнски нож со кој најпрвин го прободела сопругот, а потоа и неговиот татко.„Од повредите тие починале на лице место. По предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка и определи 30-дневен притвор на осомничената“,соопшти Обвинителството.

Македонија | пред 1 година

najnova

Најнова вест: Вооружен грабеж на банка во Аеродром

Банка е ограбена во трговскиот центар „Скопјанка“, дознава „Скопје1“.Според очевидци, вооружениот грабеж се случил во филијалата каде влегло лице со кацига, а потоа избегало со ранец/торба во непознат правец. Неофицијално,Активиран бил системот за повикување на обезбедување, по што имало обид тие да бидат веднаш фатени и совладани.„Скопје1“ побара детали од МВР, од каде очекуваме одговор.Повеќе информации наскоро.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања