Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

БРИФИНГ

teodora

Семејството на смртно прегазената Теодора револтирано: „Како може тепање и убиство да имаат иста казна – две години затвор?“

Ева Ристовска, сестрата на трагично загинатата Теодора од Тетово, остро реагираше по денешната судска пресуда, каде што лицето кое ја нападна скопската градоначалничка Данела Арсовска, доби идентична казна – две години затвор, исто како и Менсур Пајазити, возачот кој ја усмрти Теодора на пешачки премин.„Како може тепање и убиство да имаат иста казна – две години затвор? Каде е правдата? Судство, правда или корупција – срам да ви е! Со вакви судии немаме ни суд, ни правда“, напиша Ристовска.Теодора беше усмртена на пешачки премин во Тетово, а нејзиното семејство веќе подолго време апелира дека правдата е недостижна и дека казната за возачот е понижувачка и неправедна.

Коментари | пред 6 месеци

pesevski

АНБ служи за политички пресметки, државата изорана од странски служби, вели Пешевски

Адвокатот Драган Пешевски остро ја критикуваше работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), оценувајќи дека институцијата не ја извршува својата примарна улога – заштита на државата.„Агенцијата за национална безбедност не се грижи за безбедноста на државата (исто и претходникот ДБК) туку служи за политичките пресметки меѓу куртовци и муртовци, трошејќи наши, државни пари, а во меѓувреме како држава сме изорани од странски разузнавачки служби. Не е ни чудо што сме на нивото кое сме, ако може да се карактеризира како некакво си ‘ниво’“, напиша Пешевски.Ова доаѓа по најновите информации за нелегално, незаконско, неетичко следење и прислушување на премиерот Христијан Мицкоски, разрешената обвинителка Вилма Русковска, новинарите Кристијан Ландов и Љупчо Златев.

Коментари | пред 6 месеци

sledeni

Плусинфо: Мицкоски, Русковска, новинарите Ландов и Златев биле таргети - списокот на незаконски следени и прислушувани јавни личности е многу поголем

По известувањето на АНБ дека до Обвинителството пријавиле незаконско и непрофесионално постапување и следење на лидер на опозициска партија, како и група новинари, „Плусинфо“ објави дека на списокот за незаконско следење бил и јавен обвинител. Порталот, повикувајќи се на свои извори, пишува дека во периодот од 2019 до 2024 година, мета биле лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, поранешната обвинителка Вилма Русковска и новинарите Кристијан Ландов и Љупчо Златев.„Плусинфо“ пишува дека Вилма Русковска во изјава им потврдила дека била незаконски следена.„Немам информации дали сум била прислушувана, но извор во кој имам доверба ми кажа дека сум била незаконски следена од страна на Јовче Ременски, сопругот на поранешната пратеничка Фросина Ременски, против која во тоа време поведов обвинение,“ изјави Русковска.Плусинфо со Русковска ja споделиле и информацијата дека била незаконски прислушувана, во еден или повеќе разговори со новинарот Кристијан Ландов, на што искоментирала: „Јас за тоа немам информации, но не би ме изненадило да било така. Можно е јас да сум била таргет, а можно е и новинарот да бил таргет. Се надевам дека и тоа прашање ќе се расветли“.Ландов: „Не сум имал причина да се сомневам“Порталот побарал коментар и од новинарот Ландов, кој рекол: „Не сум имал причина да се сомневам. Дали било можно или не, тоа треба да го кажат службите. Со Русковска сум имал комуникација, како и со други обвинители што работеа на предмети од јавен интерес. Таа комуникација датира од 2020 година наваму, кога Русковска беше шеф на ОЈО-ГОКК“.Златев: „Се отвораа апсурдни предмети, целта беше да бидам следен“Новинарот Љупчо Златев, пак, тврди дека уште во 2019 година добил информации од свиркачи во АНБ дека бил ставен под посебни истражни мерки.„Во периодот 2019–2024 година за мене се отвораа апсурдни предмети, со единствена цел да бидам следен и прислушуван. Се користеа белешки со измислени содржини, од луѓе кои случајно ги познавав и кои постојано се обидуваа да стапат во контакт со мене. Еден од нив е осуден за убиство, друг е подкастер и уредник, трет е измамник кој пропадна една од најголемите градежни компании,“ изјави Златев.За контрола на посебните истражни мерки, според „Плусинфо“, за целиот период бил задолжен сегашниот републички обвинител, Љупчо Коцевски.Целиот текст на Плусинфо

Македонија | пред 6 месеци

ebr-412

ЕБР: Почит за храброста и жртвата на припадниците

Единицата за брзо распоредување денес го одбележува својот ден, со потсетување на храброста, посветеноста и професионализмот на своите припадници.„Додека го одбележуваме Денот на ЕБР и им оддаваме почит на нашите колеги, не смееме да ги заборавиме сите оние кои го дадоа својот живот за безбедноста и мирот на татковината. Нивната жртва е темел на нашата слобода, нивната храброст – пример за идните генерации. Вечна им слава и почит,“ порачаа од Единицата за брзо распоредување.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-08-08-at-11.54.42

Генералот Стојков до ЕБР: „Достоинствен продолжеток на Лавовите“

Генералот Горан Стојков упати честитка до припадниците на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) по повод нивниот ден.„Од мое име, упатувам искрена честитка до припадниците на ЕБР по повод нивниот ден. Оваа елитна единица е достоинствен продолжеток на традицијата и храброста на Лавовите – симбол на чест, пожртвуваност и љубов кон татковината. Ви посакувам многу здравје, успех и безбедни мисии во служба на Македонија,“ порача Стојков.ЕБР важи за една од најелитните полициски единици во државата, чија мисија е справување со најсложените безбедносни предизвици. Според Стојков, нивната работа претставува продолжување на традицијата на специјалните единици кои во минатото ја имаа улогата на симбол на дисциплина и пожртвуваност.

Коментари | пред 6 месеци

hrvatska-ukida-popis-stanovnistva-uvodi-registar-stanovnistva-popis_5d6e176779a8d

Неуставно е категоризирањето на резиденти и нерезиденти при пописот во 2021 година, Симовски ги пречекорил надлежностите, пресече Уставен суд

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, ги пречекорил своите надлежност при изготвување на методологијата за пописот во 2021 година, кога изврши категоризирање на резидентно и нерезидентно население. Ваква одлука донесе Уставниот суд, кои укинаа одредби од методологијата.„Судот оцени дека означените делови од Методологијата, не се во согласност со темелната вредност на нашиот уставен поредок- владеењето на правото, потоа и со членови од Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија 2021 година“, велат од Уставен суд.Тие додаваат: „Уставниот суд оцени дека директорот на Државниот завод за статистика ги пречекорил своите надлежности и со подзаконски акт (Методологијата) извршил категоризирање на резидентно и нерезидентно население, за што нема законско овластување, бидејќи Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија 2021 година, не предвидува категоризацијата на населението да се разработи со подзаконски акт“.Поради фактот што станува збор за укинувачка, а не поништувачка одлука, Судот напоменува дека одлуката ќе се применува од моментот кога ќе биде објавена во Службен весник (за подзаконските акти кои ќе се носат во иднина), но нема да важи ретроактивно-за веќе спроведениот попис од 2021 година.

Македонија | пред 8 месеци

sobranie

Судството пред пратениците: што работел Советот минатата година

Пратениците денеска ќе расправаат за Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2024 година.Во извештајот кој е веќе објавен на собраниската веб-страна пишува дека во 2024 година, Советот извршил избор на судии и претседатели на судови, избор и разрешување на судии поротници, констатирал престанок на судиската функција, утврди нестручно и несовесно вршење на судиската функција со изрекување на дисциплински мерки.Во Ивештајот се посочува дека една од основните заложби на Советот е финансиското одвојување на судската власт од другите власти, односно залагање за зголемување на процентот на Судскиот буџет во однос на Бруто домашниот производ од сегашните 0,3 проценти на годишно ниво на законските определени 0,8 проценти од Буџетот за судска власт.Приоритет за Судскиот совет во текот на 2025 година, како што се нагласува во Извештајот, ќе биде натамошната реализација на препораките нотирани во Извештајот на Оценската мисија кои се дадени со цел за подобрување на постапката за избор, унапредувањето и одговорноста на судиите/претседателите на судовите и членовите на Советот, како и подобрувањето на транспарентноста, комуникацијата и управувањето со ресурси во Советот. Во таа насока, Советот посочува дека ќе продолжи со максимални заложби за доследна примена и постапување согласно законските одредби, следење на состојбите во судството и давање на нови предлози за подобрување на состојбите, следење на работата на судиите и претседателите на судовите, како и на самите судови, преземање дејствија во рамки на своите надлежности при детектирање на коруптивни дејствија во судството.

Македонија | пред 9 месеци

koj-e-sleden

(Видео) Два месеци од трагедијата во Кочани; „Кој е следен“: Ни порачаа да не ги вознемируваме семејствата, а тие не се грижеа за нивниот спокој

Со транспарент на кој се испишани имињата на жртви од повеќе несреќи во Македонија, и оставен простор за поминување на луѓе, иницијативата “Кој е следен?” направи герила акција пред седиштето на Обвинителството. Со ова, потсетуваат на сите кои животот го загубиле во големи трагедии, меѓу кои е последната во Кочани.„Да ве потсетиме дека поминаа два месеци од најголемата трагедија во нашата историја, најголемата трагедија која се случи пред наши очи. Зад бројките стојат човечки животи, а зад секој живот празно столче на трпезата и болка на која и нема крај. Во овие два месеци, хуманоста исчезна. Партиите се впуштија во препукувања, пратеници си земаа одмор, а медиумите на системот на правија сѐ за да ги демонизираат оние кои бараат правда. Семејствата на загинатите и повредените беа оставени сами, во прегратките на тишината. Системот секојдневно не повикуваше да не зборуваме, да не бараме правда. Ни порача: не ги вознемирувајте семејствата. Но тие никогаш не се грижеа за спокојот на семејствата. Тие беа загрижени за нивниот спокој, за нивниот партиско политички спокој и сакаа да ја прифатиме амнезијата како нова национална доблест“, рече претставничка на „Кој е следен?“.Тие рекоа дека нема да се помират со ова секојдневие, туку ќе има отпор против системот.„Хуманоста е нашето последно прибежиште, кое системот се обиде да го присвои и проба да нѐ убеди дека се менува. Системот не е хуман, хуманоста не е нивна, херојството не е нивно. Денес во ниво име зборува „Кој е следен?“, но важна е пораката која ја испраќаме, а не од кого доаѓа. Да не дозволиме болката да стане навика“, додадоа од иницијативата.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-05-13-at-13.08.14

Фрчкоски за кривичната: Срамен притисок врз критичарите на власта, немаат ни срам ни перде

„Власта и Министерството за надворешни работи направило срамна, банална и полна со неточности кривична пријава за проф. Љубомир Фрчкоски и неговата функција Амбасадор при ООН во Њујорк - за да изврши притисок врз неговите јавни настапи кои се критички кон власта“, вели ексамбасадорот на Македонија во Њујорк, Љубомир Фрчкоски.Неговиот допис во целост:После голема пауза на проценка дали професорот ќе молчи или ќе ја критикува власта за погубните политики, МНР сепак одлучило да изврши притисок со појава на комична и полна неточности кривична пријава за целата екипа на Амбасадата на НРМ во Њујорк со цел ширење страв и замолчување.Во пријавата без срам и перде се наведува дека имало:- пречекорување на сметките за мобилни (?)- поправка на возило без дозвола на МНР (?)- земање на аванс за службено патување (иако целиот аванс е вратен во буџетот, сепак МНР не било задоволено (?))- вонредни авио билети по повод смртен случај во фамилија (исто така редовно вратени во буџетот), но МНР пак не било задоволно (?)Според Законот за МНР и Правилникот за плати и надоместоци на МНР, Амбасадор е овластен и може законски да врши пренамена на средства според потребите на работата на амбасадата и сите сторени “пречекорувања“ се сторени во рамките на неговите законски овластувања.- Но најголемо незнаење е манипулацијата со парите добиени од сукцесија (продажба на објектот на СФРЈ) во Њујорк, кои дојдоа на сметка на Мисијата. Имено, се вели дека наспроти инструкциите на МНР и Финансии не бил ВЕДНАШ уплатени во буџетот сиот износ, туку на неколку рати бил уплаќано (сиот износ сепак е уплатен без сомнеж). Тоа било нужно да биде така бидејќи финансиските служби на Њујорк инсистираат да останат средства од сукцесијата на сметката – како гаранција за наплатен данок. Додека купувачот на објектот не го плати данокот (тој е задолжен за тоа) средства мора да има на сметките на сите републики од бивша СФРЈ во Њујорк - за да може во ситуација на проблем данокот сепак да биде нплатен од нивните сметки. Тоа е обврска и задолжение од финасиските власти и сите републики не ги вратиле парите во своите буџети туку задржале дел на своите сметки на мисиите во Њујорк. Така направила и Македонија. Кога данокот (по една година дена) е наплатен од купувачот тие средства се ослободени за сите републики и тие ги вратиле во своите буџети. Така направила и Македонија. Но МНР бидејќи нема поим за тоа го обвинува Амбасадорот – не постапил по инструкциите на МНР и Финансии да ги врати сите пари веднаш?! Тој и да сакал не можел. Но тоа е тоа, со законски непознавања останува само лоша намера за притисок по секоја цена.Љубомир Фрчкоски, 13 мај 2025, Скопје

Македонија | пред 10 месеци

internet-terorizam

Во Европа се раѓа нова генерација терористи: тие се помлади и на властите им е тешко да ги откријат

Во последните месеци, десетици малолетници, некои на возраст од само 14 години, беа уапсени низ цела Европа под сомнение за планирање напади врз музички места, трговски центри и верски објекти. 14-годишно девојче од Црна Гора беше уапсено во Австрија во мај минатата година под сомнение за планирање напад врз „неверници“. Полицијата пронајде секира, нож и пропагандни материјали на Исламска држава во нејзиниот дом. Друго 14-годишно девојче беше уапсено во февруари под обвинение за планирање напад врз железничка станица, соопштија австриските власти.Три концерти на Тејлор Свифт во Виена минатата година беа откажани откако тројца млади мажи на возраст од 17 до 19 години беа уапсени под сомнение за планирање напад за кој американската ЦИА рече дека бил „добро испланиран“ и можел да резултира со стотици жртви.Младите луѓе сè повеќе се приклучуваат на онлајн заедниците кои шират екстремистички ставови, теории на заговор и насилство. Додека Соединетите Држави долго време се справуваат со пукања во училиштата, заканата што ја претставуваат малолетниците во Европа главно доаѓа од исламистички кругови, објавува Волстрит џурнал.Зад бранот на тинејџерска радикализација стои комбинација од фактори: невиденото ширење на екстремистичката пропаганда, делумно поттикната од вештачката интелигенција; моќното влијание на платформите на социјалните медиуми како TikTok, кои сè повеќе можат да го привлечат вниманието на младите; и настани како војната во Газа, која стана дефинирачки, но болен момент за генерацијата политичка зрелост.Тинејџерите сочинуваа две третини од 60-те исламистички екстремисти уапсени за терористички акти низ Европа во првите осум месеци по почетокот на војната во Газа во октомври 2023 година, според Питер Нојман, професор по безбедносни студии на Кингс колеџ во Лондон, кој го истражуваше периодот за книгата.Младите членови на крајната десница, исто така, сè повеќе претставуваат закана. Во јануари, белгиската полиција уапси 14-годишно момче со неонацистички ставови, осомничено за планирање напад врз џамија. Во Белгија, една третина од сите случаи на тероризам вклучуваа малолетници од 2022 до 2024 година. Во Велика Британија, речиси еден од пет осомничени за тероризам е дете. За време на пандемијата, бројот на апсења за тероризам се намали кај сите возрасни групи, освен кај децата.„Ново е бројот на млади луѓе кои се директно вклучени во планирањето насилни напади, вклучително и многу млади лица“, рече Томас Ренард, директор на Меѓународниот центар за борба против тероризмот во Хаг.Според експертите, речиси сите млади екстремисти се радикализирани преку Интернет, што ги прави многу потешки за откривање. Во последните пет години, дури 93% од смртоносните терористички напади на Западот биле извршени од поединци кои дејствувале сами, според Институтот за економија и мир. Интернетот го забрзал процесот на радикализација - додека во 2002 година биле потребни просечно 16 месеци, во 2015 година тоа време било скратено за 40%. Денес, само неколку недели се доволни.На Интернет, идеолошките граници често се нејасни, а екстремистичките погледи на светот кои делат слични ставови, како што се мизогинијата и тоталитаризмот, често се испреплетени. Младите супремацисти ја имитираат идеологијата на Исламската држава, додека младите џихадисти го користат јазикот и естетиката на екстремната десница. Наместо да издаваат наредби, терористичките групи ги преплавуваат социјалните медиуми со пропаганда која им обезбедува на младите луѓе идеолошка рамка и поттик за насилство, велат експертите.Пример за видот екстремист од кој се плашат европските власти моментално е на суд во Белгија. Абдул Керим Гадаев, 19-годишен чеченски бегалец, сè уште чувствува гнев откако неговиот татко беше депортиран од Франција во Русија пред четири години. Тој се отуѓи од училиштето и почна да ја изразува својата желба преку интернет да го повтори нападот од 2015 година врз Батаклан во Париз, во кој загинаа 90 лица. Белгиските обвинители минатиот месец тврдеа дека тој планирал „Батаклан 2.0“.Белгиската полиција го уапси Гадаев и уште тројца осомничени, на возраст од 15 до 17 години, минатата година. Во неговиот телефон беа пронајдени докази дека ги истражувал нападите врз Батаклан и списанието „Шарли Ебдо“, како и случајот со Абдулах Анзоров, 18-годишен Чеченец кој обезглави наставник во средно училиште во Франција во 2020 година. Исто така, беше пронајдена и фотографија од отсечената глава на наставникот.На неговото судење минатиот месец, Гадаев изгледаше вознемирен додека беше испрашуван за неговите објави со говор на омраза на социјалните медиуми. Имаше ретка брада и без мустаќи, нервозно се чешаше по зглобот и ги влечеше ракавите преку рацете.„Не мислев дека правам нешто погрешно“, рече тој.Радикализацијата на малолетници придонесува за растечката терористичка закана за Западот. Според податоците на Европол, бројот на извршени, неуспешни и спречени напади во Европската Унија се зголемил четири пати од 2022 до 2023 година, на вкупно 120.Иако беа спречени многу напади, бројот на смртни случаи поврзани со тероризам на Западот се зголеми за 61% од 2023 до 2024 година, додека бројот на успешни напади се дуплираше на 67, според Глобалниот индекс на тероризам. Американските власти не објавуваат податоци за возраста на осомничените за тероризам, но експертите тврдат дека трендовите во радикализацијата на крајнодесничарската во САД се слични.„Додека Сирија, Ирак и Авганистан до неодамна беа главни извозници на џихадистичка идеологија, САД денес се еден од главните извозници на крајнодесничарска идеологија“, рече Ренард. „Онлајн опкружувањето нуди бројни можности за терористите да се поврзат со млади луѓе преку навидум безопасни апликации и платформи за видео игри“, изјави портпаролот на ФБИ.Со површно разбирање на идеологијата, повеќето млади екстремисти првично се привлечени од насилни наративи кои реагираат на нивните сопствени фрустрации - психолошки проблеми, осаменост, чувство на исклученост. Тие наоѓаат заедница преку интернет околу колективните трауми и глобалните кризи, како што се стравот од миграција или војната во Газа, што ја поврзуваат со сопствените проблеми.„Луѓето се идентификуваат со страдањето на другите. И сакаат да направат нешто во врска со тоа“, рече Кевин Волон, портпарол на Белгиската единица за анализа на закани, владин центар кој анализира екстремистички закани. Групите млади радикали најчесто се организираат преку интернет, без водач или религиозен авторитет. „Екстремистичкиот пејзаж денес е многу децентрализиран“, вели Волон.Во Шодфонтен, малата белгиска општина каде што Гадаев се населил со својата маќеа откако неговиот татко бил депортиран, тој се борел во училиште. Тој пронашол заедница преку интернет околу спортот и религијата, особено на TikTok, и неговите интереси постепено станале политизирани.„Постојано бев на телефон“, рече тој.Во февруари минатата година, тој се приклучи на „оперативен“ канал на апликацијата Signal, каде што членовите - некои на возраст од само 13 години - почнаа да планираат напад. Тие разговараа за набавка на оружје и споделија фотографии од целта: концертната сала Botanique во центарот на Брисел. Гадаев рече дека е спремен да учествува ако планот биде добро извршен.Во март 2024 година, белгиската федерална полиција го уапси Гадаев и уште тројца малолетници на различни локации низ земјата. Француската полиција, исто така, притвори уште тројца малолетници во поврзан случај. Шесте малолетни осомничени беа процесирани во малолетнички системи во обете земји, подалеку од очите на јавноста. Белгиските обвинители бараат седум години затвор за Гадаев.Адвокатите на Гадаев тврдат дека неговите објави на социјалните мрежи биле „извршни по природа“. Тврдењето го илустрира предизвикот со кој се соочуваат западните безбедносни служби: како да се разликува говорот на омраза од вистинската намера за дејствување.„Веќе некое време предупредуваме дека сложеноста на нашите истраги е неспоредлива во претходните случаи - ширината и длабочината на она што го следиме денес е едноставно неверојатна“, рече Вики Еванс, главен координатор на британската полиција за борба против тероризмот. Таа ги повика технолошките компании да преземат поголема одговорност.Алгоритмите на социјалните медиуми ги хранат младите луѓе со сè поекстремна содржина и ги влечат во дигитални „бездни јами“. Вештачката интелигенција го влошува проблемот, вели Џулија Ебнер, експерт за онлајн радикализација на Институтот за стратешки дијалог и Универзитетот во Оксфорд.„Видеата и сликите генерирани од вештачка интелигенција длабоко навлегуваат во емоциите и човечката психа“, вели таа. „Вештачката интелигенција и алгоритмите го прават она што некогаш го правеа харизматичните регрутери - само сто пати поефикасно“.

Свет | пред 10 месеци

frosina-4512513245

Поистоветувате затвор со гроб, извинете што не се распаднавме, фалеше само и упатство „Како да убиете и да бидете неказнети“, вели Кулакова за Дуковски

Росица Кулакова, сестра на Фросина Кулакова, ја искоментира вчерашната изјава на адвокатот Сашко Дуковски, кој рече дека некој им ги пишува говорите за во судница. Таа праша, дали треба болката да ја сервираат на тацна, па потоа се извини, за како што вели, „што не се распаднавме“.„Вчера адвокатот на обвинетиот, наместо достоинствено да го прокоментира судењето, реши да ни држи лекции по ораторство. Не било автентично што читаме говори - некој ни ги пишувал. Не може таков бездушен човек (во отсуство на посоодветен збор кажувам човек) да сфати дека со последни сили го читаме дури и тоа што претходно сме го напишале. Треба ли да паѓаме во несвест и болката да ја сервираме на тацна, без запирки туку со солзи, за да сме поверодостојни. Извинете што се обидуваме да не се распаднеме. Истиот тој бездушен човек во судницата ја поистоветува болката на нашето семејство со болката на семејството на убиецот на сестра ми. Поистоветува затворска ќелија со гроб. Па еве, ајде да разјасниме: во затвор луѓето се живи, и тие несовесни родители сеуште можат да си го прегрнат детето, што патем, по своја заслуга се нашло таму. Кого да го прегрнат моите родители освен ладната слика на сестра ми? Кој нормален овие две нешта би ги ставил на вага?!“, напиша Кулакова.Таа додаде: „И како шлаг на оваа негова срамна реторика следеше барање до судот да се води по пресудите од минатото. Оние срамните, понижувачките. Оние што ние, народот, најстрого ги осудуваме! Демек правдата е некаков шаблон за копирање, а не жив систем што мора конечно да профункционира. Ама, очигледно е дека во недостиг на вистински аргумент за одбрана се повикува на туѓи неправди. Фалеше само уште да добиеме и едно упатство 'Како да убиете, а да останете неказнети'“, објави Кулакова.Претходно:

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-05-03-at-09.28.26

(Фото) Запалени куќата и станот кои беа на Зоки Фаци

Куќата во Катланово и станов во Аеродром, кои беа сопственост на Зоран Василевски-Фаци, а во кои сега живее неговата сестра со внуците - биле запалени. За ова обзнани Стефан Лазаров, кој беше негов близок пријател. Сѐ се случило вчера утрината. За пожарот предизвикан во станот, изреагирале комшиите кои не дозволиле да се прошири на цел спрат. Од фотографиите може да се види дека на двете места изгореле само вратите.„Е сега се ова станува уште по хаотично! Замислете, пожарот е подметнат од таткото на внуците на Зоки (неговиот зет). Подолг период ги малтретира , им упатува закани по живот, е хроничен алкохоличар, пријавуван 100 пати до сега, со докази за насилство и докази дека им најавува дека ќе ги убие!. Вчера некој полицаец на Бети (сестрата на Зоки, сопруга на сторителот) на нејзина пријава дека сега поранешниот маж и најавил дека ќе ги запали, полицаецот и одговорил “аман секој втор ден ли ќе се расправаме со вас”??“, напиша Лазаров.Тој тврди: „Дополнително ова утро додека куќата во Катланово ја гаснат , таткото им се јавува и им најавува дека ќе го запали и станот, додека тие возат накај Катланово. Веднаш се јавуваат во станицата во Аеродром и повторно го добиваат одговорот “Аман веќе од вас”. Откако го запалил ходникот , и колегите кои веќе се на увид во Катланово , интервенираат кај колегите во Аеродром и тек тогаш излегуваат на терен!! Замислете ситуацијата денес да ескалираше и да имаше поголеми последици!!!!!? Човекот е уапсен , вечерва во 21:00 е пред судија. Ги повекувам сите медиуми да извршат притисок за човекот да оди во затвор. Семејството на Зоки живее со месеци во страв и агонија. Човекот е неколку пати и пријавуван за семејно насилство!!!“.До овој момент, не успеавме да ги потврдиме овие информации од институциите, од каде очекуваме детали во текот на денот.[caption id="attachment_327937" align="alignnone" width="1364"] Screenshot[/caption]

Македонија | пред 10 месеци

pandov-kukja

(Видео) Домот ми беше запален, имам сомневање дека зад ова стојат криминалците, објави директорот Пандов

Директорот на управата за извршување санкции, Александар Пандов, објави снимка, во која поосчува дека му бил запален домот во Зелениково односно Орешани.„Ова е данокот за нашата борба за владеење на правото без калкулации? Ова е цената за удирањето по мафијата! Домот ми беше запален, и имам основано сомневање дека станува збор за смислен атак на криминалците! Нема да не запрат и нема да не поколебаат.Никој не е над законот! Нема враќање назад кога се бориш за правдата. И кога ќе тргнеш против криминалот, тој се брани со насилство. Но ова нема да ме запре — напротив, само не зајакнува! Очекувам институциите да го најдат и казнат сторителот. А јас и сите заедно ќе продолжиме таму каде што бевме — со уште поголема одлучност“, напиша Пандов.

Македонија | пред 10 месеци

sudski-sovet-1

Мицкоски за членовите на Судски совет: Сѐ уште седат и земаат илјадници евра плата, а уживаат доверба помала од 2 проценти, образ ѓон

„Вие пратениците изгласавте недоверба на членовите на Судскиот совет. Но, и покрај тоа што тие ја добија недовербата од страна на тие кои што ги гласале, тие и понатаму продолжуваат да бидат дел од Судскиот совет и да земаат илјадници евра месечен надомест, притоа уживајќи помалку од 2 проценти доверба кај граѓаните и никому ништо. И тоа доволно ви кажува за каков профил на личности станува збор и зарем вие очекувате нешто различно од нив да донесат како одлука, посебно за случајот за младата Теодора која е прегазен ана пешачки премин.“, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за поставување пратенички прашања.Мицкоски упати остри реакции и за Советот на јавни обвинители.„Но, не е само тоа. Во случајот има и една друга институција Советот на јавни обвинители, таму има еден замислете еден виш јавен обвинител кој што бара да се намали првостепената пресуда. Затоа што овој случај има прв дел од пресуда од 3 и пол години, се жали обвинителот на ниска казна, неговиот надреден кој што е во Вишото ја прифаќа одлуката односно прифаќа таа да биде помала од 2 години.“, рече Мицкоски.„Зарем вие очекувате од овие луѓе нешто повеќе. Јас не. Образ ѓон.“, изјави Мицкоски.„Ако некој мисли дека ние имаме кратко помнење се лаже, нема така едноставно да поминуваат некои работи. Правдата мора да биде неприкосновена и да ја добијат сите.“, дециден е Мицкоски.Во однос на реформите, Мицкоски истакна дека се во завршна фаза и очекува до крајот на јуни да бидат донесени, но како што рече лично има дилема дека нешто од тоа ќе функционира со вакви судии и обвинители.„Тие се работат и се во завршна фаза. И се дел од реформската агенда и има јасен датум дека до 30.06 треба да се донесат. Но, искрен да бидам лично мислам и имам дилема дека нешто од тоа ќе функционира со овие вакви судии и обвинители кои се бирани на начин на кој што се бирани. Не сите, туку мала група, но таа мала група го контаминира она поголемо ткиво кое заслужува да биде и судија и обвинител.“, истакна премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 10 месеци

ustaven-sud

Уставниот суд: Институтот „интерпелација" не важи за уставни судии, тоа е упад во самостојноста и независноста

По медиумскиот интерес за став од Уставниот суд во врска со т.н. интерпелации на уставни судии, Судот информира:Уставот на Република Северна Македонија не предвидува никаква можност за разрешување на уставен судија ниту од страна на законодавната, ниту од извршната власт.Уставниот суд како орган на Републиката кој ја штити уставноста и законитоста, не подлежи на начелото на поделба на власта. Уставотворецот го поставил Уставниот суд над трите власти затоа што тој е контролор на нивните постапки акти и дејствија.Самостојноста и независноста на Уставниот суд и уставните судии имаат најсилна уставна гаранција.Уставот не му дозволува на Собранието на Република Северна Македонија со законски решенија на било кој начин да влијае на надлежностите, начинот на избор, престанокот на функцијата на уставните судии. Овластувањето на Собранието завршува со моментот на избор на уставните судии.Институтот „интерпелација” предвиден во членот 72 од Уставот, во никој случај не се однесува и не може да се примени за уставните судии. Во спротивно, се губи смислата на Уставниот суд и се прави тешка повреда на Уставот од причина што на тој начин се прави упад во четвртата т.н.уставно-судска власт, во самостојноста и во независноста на Уставниот суд.Основите за престанок на функцијата уставен судија се предвидени во членот 111 од Уставот. Секоја постапка или дејствие преземено надвор од оваа уставна одредба би претставувало грубо кршење на Уставот, повреда на уставните гаранции за самостојноста и независноста на Уставниот суд.Уставниот суд укажува, до сите државни органи, дека се должни да се придржуваат на, со Устав утврдените надлежности, бидејќи никој нема повеќе права од оние коишто Уставот му ги доделува. Секој е должен да ја унапредува уставната, правната и политичата култура како основи на едно демкратско општество.Секој е должен да го почитува Уставот.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања