„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

филипче

31102024_Mickoski

Мицкоски кон Филипче: Вие коленичевте и ја распродававте Македонија за провизии

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес во Собранието на пленарната седница за пратенички прашања одговараше на прашањето на пратеникот Филипче за планот на Владата за европските интеграции. Претседателот на Владата истакна дека се работи и ќе се направи сè што е потребно Македонија да излезе на прав пат и да стане дел од Европската Унија каде што и е местото.„Додека вие коленичевте и ја распродававте Македонија за провизиите кои што ги добивавте во Сингапур и Дубаи да извадите златна виза преку компанијата Стабри, ние работиме и ќе направиме сè што е потребно Македонија да ја извадиме на прав пат и да ја внесеме таму каде што и е местото, а тоа е Европската Унија. Сето она кое што вие го уништивте, наша задача и обврска е да го коригираме и бидете сигурни дека ќе го коригираме. Планот за ЕУ, откако вие го исплукавте и го уништивте, ние ќе се обидеме повторно да го вратиме во живот“, рече Мицкоски и продолжи дека овие изминати 7 години никој нема да ги заборави и ќе има одговорност за сите оние кои што сториле криминал.„Денес Македонија е горда, исправена и секаде е дочекана онака како што доликува на една држава, а не со свиткана кичма и предмет за поткусурување, кога регионалните лидери си играа потсмев со водството на нашата држава, како што тоа беше напати во овие 7 години. Денес сме цврсти со јасен став и пркосиме и се бориме сето она што вие го уништивте да го вратиме во живот и да го исправиме и знам дека ќе ве разочарам со ова што ќе го кажам, ама на добар пат сме“, истакна премиерот Мицкоски.Премиерот Мицкоски му порача на лидерот на СДСМ доколку сака да води лидерска политика да не дозволува луѓето околу него да го санкаат и „да го водат во длабоко“ преку лагите и клеветите.„Вие каде што одите јас одамна сум се вратил, ова ви го кажувам како пријателски совет. Најголем срам и понижување е тоа кога слушам дипломати во Брисел кои што ми велат дека тие, Германци, Французи, Белгијци се бореле за нас отколку нашето водство во државата. Не можам да го опишам срамот кој што јас го чувствувам во тие моменти, затоа што навистина не можам да се изначудам на лековерноста со која што тие наши политичари пристапувале кон решавање на едни вакви проблеми. Вака не се решаваат проблеми“, рече Мицкоски.Мицкоски посочи дека тоа што денес се работи и во Вашингтон и во Брисел и во Виена претходната власт не можела ниту во сон да го замисли и од таа работа која денес се прави ќе има резултати.„Планот е еден, а тоа е Европската Унија и се надевам дека еднаш ќе излезете од вашата партиска матрица и ќе му се извините на македонскиот народ и на граѓаните за сè што направивте во овие 7 години, ќе се оградите од криминалните политики кои што ги водевте во овие 7 години, од срамните политики кои што ги водевте во овие 7 години. Сето она кое што му го нанесовте како болка, очекував од вас да ја искористите можноста овде денес пред говорницата и да се извините. Ја пропуштивте. Нема втора можност за прв впечаток, вашиот беше очаен“, му порача Мицкоски на Филипче и повика СДСМ и опозицијата да дадат поддршка во борбата за одбрана на стратешките интереси на Македонија.

Македонија | пред 1 година

filipce-sobranie3

(Видео) Филипче до Мицкоски: Потврдивте дека немате план за ЕУ

Премиере Мицкоски, како и што се очекуваше, потврдивте дека немате план за патот кон ЕУ, па затоа и не одговоривте на ова прашање, ниту пак кажавте дека воопшто имате некаков план, рече лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денес во Собранието, на седницата за пратенички прашања.- Повторно кажувате дека нешто разговарате и дека нешто се случува во Брисел или Вашингтон, но не кажувате што е тоа, ниту пак дали имаме некаква временска рамка. Од ’91 година до сега, ниту една Влада во Македонија, немало, а да нè работи за Европа. Напротив, секоја влада во рамките на својот капаците и можности, го правела тоа и сега првпат, кога Европа е на дофат, Мицкоски и ДПМНЕ го запираат патот, којшто генерации наназад го чекаа и очекуваа, рече Филипче.Тој потенцираше дека Владата на ДПМНЕ го запираат патот кон ЕУ и побара од Мицкоски да биде искрен и да признае дека тој лично нема верба во Европа и европските вредности, а ниту план како да ја внесе државата во ЕУ.- Мицкоски нема никакво право да го запира патот кон ЕУ. Тој и владата го заглавија возот буквално во снег, и ако наместо по патот на ЕУ тргнат по друг пат, возот ќе отиде во провалија“, рече Филипче.

Македонија | пред 1 година

mickoski1-2

Мицкоски: Власта на СДСМ и ДУИ незаконски, па и со дронови ја следела ВМРО-ДПМНЕ, ќе има одговорност за тие оперативно технички состојби, затоа сте уплашени

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања, потенцираше дека кога СДСМ и ДУИ биле на власт незаконски ги следеле лично него и ВМРО-ДПМНЕ и тоа со дронови, но им порача дека за сите тие оперативно технички состојби ќе има одговорност и затоа е стравот сега кај истите кои следеле и нарачувале.„До поранешниот министер за внатрешни работи кој е тука, до него не допираше гласот, но затоа се дигаа дронови над мојата куќа, кога сум одел и на терен во Прилеп и тоа е се во белешките на службите кои треба да разузнаваат и контраразузнаваат. Го разузнавале претседателот на опозицијата со дронови оперативни и оперативно технички средства. Нормално е тоа? И сега се уплашени и од свиркачи добиваат информации, за сето тоа што мора да има одговорност“, изјави премиерот одговарајќи на пратеничко прашање од пратеникот Венко Филипче.Премиерот Мицкоски потенцираше дека кога ќе дојде редот за одговорност, јавноста ќе дознае, но Владата нема да прави од тоа театар како што правеше претходната власт, од систем кој е од витално значење за државата.„Сето тоа ќе биде презентирано на затворена седница и сето тоа да се декласифицира. Вие го следевте лидерот на опозицијата со дронови, сега пишуваат анонимни писма, колку сакаат нека пишуваат нема спас, не им бега одговорност“, изјави Мицкоски.Премиерот Мицкоски што се однесува за сертификатот на директорот на АНБ Бојан Христовски, му порача на Филипче да си го смени тимот кој го брифира, затоа што не 5 години туку 9 има таков.„Има институции кои тоа треба да го проверат, вие сте решиле да правите политика од тоа, легитимно е, мислите дека на тој начин ќе добиете нешто. Не мислам дека добивате, но ако мислите вие терајте, но не добивате. Ќе ви дадам сличен сертификат од личноста која седи до вас. Знаете колку има такви сертификати? Сакате за директорите кои ги назначи СДСМ да ги видите сертификатите? Немојте на тоа да правите политика, има институции во државава кои треба да водат сметка, овие сертификати ќе ги дадам на министерот за внатрешни работи“, изјави премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

filipce-pratenicki

(Видео) Филипче до Мицкоски: Го враќате ВМРО-МВРО со незаконско узурпирање на АНБ од партиски кадар

Еден од многуте скандали на оваа Власт е грубата и опасна партизација на Агенцијата за национална безбедност, власта го враќа ВМРО-МВРО со узурпирање на безбедносната служба, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во пратеничко прашање до премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања.-Покрај тоа што поставувате криминалци за директори, осудени лица за директори на затвори и јавноста се смее, ова партизирање на АНБ воопшто не е за смеење. Напротив, ова многу загрижува и ја потврдува вашата намера да ги узурпирате клучните безбедносни институции. Вие господине Мицкоски изгледа заборавате дека заради овие ВМРО-МВРО диктаторски политики 100.000 луѓе маршираа по улиците, рече Филипче.Филипче презентираше докази дека станува збор за незаконско поставување на директор на Агенцијата за национална безбедност.-Ова се документи доставени од нас од свиркачи. Изводи од Агенцијата за вработување и Фондот за здравствено осигурување. Со малку математика може да се оспори и главниот услов за негово назначување а тоа е 5 години стаж на раководни позиции, согласно законските услови. Ни тој услов не го исполнува вашиот партиски кадар. Медиуми од Македонија и Бугарија веќе покажаа дека Христовски нема ниту вистински документ за соодветно познавање на Англиски јазик. Документот што го приложил е од училиште во Пловдив Бугарија а во Пловдив воопшто нема TOEFL центар за тестирање. Значи за да стане директор свесно употребил фалсификуван документ и со тоа направил кривично дело. Нели, господине Мицкоски, ветувавте поразличен начин на работа? Нели мерит систем некој најавувате?, рече Филипче.Претседателот на СДСМ го праша Мицкоски дали ќе го разреши директорот на АНБ, Бојан Христовски после овие информации.-Професионализмот мора да се заштити и АНБ да биде во функција на државните интереси, а не на интересите на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа Христовски треба да биде разрешен, да биде назначен нов директор на АНБ а надлежните институции целосно да го истражат случајот и да има одговорност, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 1 година

venko-sobranie

(Видео) Филипче до Мицкоски: Вашиот рбет се свитка, а вашите принципи паднаа

Владата во овие четири месеци се движи во целосно спротивен правец од ветувањата што ги дававте пред изборите, а вашата политика нема никаков ’рбет, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и пратеник Венко Филипче, на денешната собраниска седница во пратеничкото прашање упатено до премиерот Мицкоски.„Целиот ваш политички успех се базираше на противењето на Преспанскиот договор – договор за кој тврдевте дека е национално предавство. Вие реално и немате друга политика по која би ве паметеле освен носењето на маичките со големо НЕ за Преспанскиот договор. Но, откако седнавте во премиерската фотелја, истиот договор стана „ремек-дело на дипломатијата“.Го барате како пример за други договори и од неуморен противник, станавте најгласен поддржувач. Оваа дволичност и врвно политичко лицемерие треба да се изучува во книгите за манипулација со граѓаните“, рече Филипче.При тоа Филипче го повика Мицкоски да го врати мандатот како што тоа го ветуваше во предизборната кампања.„Велевте дека ќе го вратите мандатот ако некогаш кажете Северна. Па ајде премиере, еве сега е шанса, во Собранието да го вратите мандатот. Наместо тоа, вие и вашите министри на мала врата почнавте да го користите уставното име, а некои богами тоа и со гордосѕ го изговараат. Со ова покажавте дека вашата политика нема никаков ’рбет, но тоа го знаевме. Вие, премиере , го редефиниравте политичкото лицемерие и популизмот. Вашиот ’рбет се свитка, а вашите принципи паднаа“, порача претседателот на СДСМ и пратеник, Венко Филипче.

Македонија | пред 1 година

filipce-bitola-1

Филипче: Раната превенција спасува живот, задоволни пациенти може да има со задоволни доктори

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, вчера присуствуваше на трибината „Од жени за жени, рана превенција спасува живот“, во организација на Форумот на жени на СДСМ Битола, а по повод месецот за борба против рак на дојка. Филипче посочи дека ваквите настани се доказ дека СДСМ е партија која има голема општевена свест и одговорност.На трибината Филипче порача дека превенцијата е од исклучително значење за да се постигне рана детекција на одредени болести, бидејќи доколку болеста е рано детектирана со помош на методите и инструментите на модерната медицина пациентите ќе бидат целосно излекувани.„Доколку редовно се прават превентивните прегледи никогаш не може да има таква прогресија на болеста за да стигне до степен да биде неизлекувана. Но ако се изгуби тој циклус на редовна контрола тогаш веќе работите не може да се контролираат лесно и некоја брза форма на болеста може брзо да напредува до степен да не може повеќе да биде излечена во моментот кога ќе се детектира“, рече Филипче.Говорејќи за мерките за превенција и рана дијагностика на болеста, Филипче потенцираше дека во време на Владата на СДСМ се стави силен акцент врз подобрување на достапноста до современа терапија и дијагностика на онколошките пациенти, со што целокупниот систем на лекување на карцином на дојка се издигна на европско ниво.„Тргнувавме од фактот дека за да бидат задоволни пациентите треба да бидат задоволни и докторите. Затоа се направи огромна инвестиција во нивните плати кои практично и се дуплираа. Го укинавме паралелниот увоз на лекови што беше еден од системите којшто не дозволуваше кај нас да има модерна терапија. Тоа беше систем кој ВМРО ДПМНЕ го разви за свои бизнис интереси. Тоа беше увоз на лекови од Турција без никакви сертификати. Затоа уште на почеток на мандатот ги сменивме законите во делот на увоз на лековите согласно европските критериуми и од тој момент до сега сите лекови кои се увезуваат се со соодветен европски квалитет и сертификат“, рече Филипче и како дел од преземените мерки во изминатите седум години го посочи и воведувањето на огромен број на нови лекови и терапии за кои многу жени се упатуваа да се лекуваат во странство.При тоа Филипче потенцираше дека актуелната власт не смее да го запре растот на платите на здравствените работници, и мора да работи на подигање на нивото на здравствената култура.„Сметам дека треба да продолжат политики кои ги имплементиравме во изминатите седум години, но за жал гледаме нема таква намера во актуелната влада. Министерската за финансии најавува некакво зголемување на платите, но за докторите вели доволно им биле зголемени досега. Јас и се заблагодарив што оддаде признание за нашата инвестиција, но повторно ќе и порачам дека тој раст не смее да запре“, рече претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Македонија | пред 1 година

filipce

Филипче: Само 5% покачување плати за наставниците е обид да се намали гневот

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска на народниот собир во прилепско с.Селце, порача дека Владата на ВМРО ДПМНЕ симболично ги зголеми платите на наставниците, што е далеку од потребното зголемување и тоа не е достоинствено решение.„Владата требаше законски да ги качи платите за 12%, но што направи? Обезбеди само 5% и тоа под притисок на јавноста и на нашата партија. Ова не е достоинствено решение. Ова е обид да се смири револтот со симболично зголемување кое е далеку од потребното за нашите наставници“, изјави Филипче.Во обраќањето, Филипче посочи дека Владата на СДСМ континуирано се грижеше и законски ги зголемуваше платите на наставниците.„Кога СДСМ беше на власт, ние се грижевме, им дававме поддршка и ги покачувавме платите постојано и најважно тоа го правевме по закон и договор. Оваа Влада не ги почитува тие што ја градат иднината на нашите деца“, посочи Филипче, и додаде дека никогаш досега Македонија не била толку изневерена од својата власт, никогаш досега не немало толку празни ветувања и лаги, како сега од ВМРО-ДПМНЕ и нивната измама на последните избори.„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ станаа заложници на своите лажни ветувања, а со тоа ја држат во заложништво и Македонија“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

пред 1 година

VenkoF-SDSM

Филипче со честитка без „Северна“ за 11 октомври: Ние во СДСМ како продолжувачи на традицијата на НОБ и АСНОМ работиме во духот на оваа победничка традиција

Историската лекција од партизанската борба не треба никогаш да ја заборавиме бидејќи таа е врежана во нашите корени. Наследството што партизаните ни го оставија ги дефинира нашите вредности и денеска.Ова го истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче во своето обраќање по повод 11 Октомври Денот на народното востание.„Пред 83 години македонскиот народ заедно со нашите сограѓани од сите други етнички заедници направи историски исчекор во вековната битка за слобода и за сопствена држава. Предводник на таа борба беа македонските партизани која прерасна во општонародно движење на повеќе од стоилјадна македонска војска“, вели Филипче.Според Филипче, партизанската борба е јасен израз на единството на народот во желбата за слобода и за сопствена држава и тоа заедништво ја постави Македонија на вистинската страна на историјата.„Ние во СДСМ како продолжувачи на традицијата на НОБ и вредностите на АСНОМ секогаш сме работеле и ќе работиме во духот на оваа победничка традиција. Впрочем, нашите корени се во храбрата борба на партизаните, а тоа наследство и денеска ги дефинира нашите вредности“, потенцира Филипче.Благодарение на мудроста на партизаните ние засекогаш се запишавме во листата на победничките народи, а македонската држава стана реалност на политичката мапа на Европа и светот, вели Филипче во својата честитка по повод Денот на народното востание.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-01-150306

Филипче: Во 100 дена Мицкоски изврши брутална партизација на институциите

„Партиската книшка и лојалноста кон партијата беа предуслов за вработување во изминативе 100 дена од владината Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ“. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција, упати силна критика за владеењето на Христијан Мицкоски во првите 100 дена.„Со право некои велат дека ова се најлошите 100 дена на било која Влада. Наспроти ветувањата за мала, професионална државна администрација, добивме Влада со четири нови министерства и можност за стотици нови партиски вработувања. ВМРО-ДПМНЕ измисли нови позиции за добро платени национални координатори и вдомување на партиските кадри. За прв пат се воведоа три нови заменици директори во Царина за да се задоволат партиските апетити на Максим Димитриевски и ВЛЕН“-рече Филипче на денешната прес-конференција.Наместо департизирана, професионална и високо обучена администрација, во изминативе 100 дена добивме брутална партизација на институциите, без критериуми, без стручност, професионалност и соодветно образование.„Ваква брутална партизација на главните органи на државата е најава за само едно, а тоа е огромен криминал преку овие институции! За 100 дена Влада дознавме дека Мерит системот на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ всушност бил систем за партиски заслуги“-истакна Филипче.

Македонија | пред 1 година

filipce

(Видео) Филипче: 100 дена ВМРО-ДПМНЕ – Ниту повисоки плати, ниту заштита на животниот стандард

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека ВМРО ДПМНЕ и коалицијата во првите 100 дена не само што не го исполни ветувањето за раст на платите, туку просечната плата за прв пат после седум години бележи намалување, а не се зголеми ниту минималната плата.„За прв пат по седум години, платите почнаа да паѓаат и просечната плата падна за цели 1000 денари. Нема покачување на минимална плата на 450 евра која денес ќе беше реалност со СДСМ. Наставниците и просветните работници добија покачување од 0,7% наместо 12% кои ги планираше СДСМ. Велат ако и одело добро на економијата тогаш можеби ќе се качеле платите“, рече Филипче, и потенцираше дека ваквите политики на актуелната власт целосно ги деградираат работниците и нивните права, ја враќаат политиката на евтина работна сила.На денешната прес-конференција на која беа анализирани политиките на ВМРДО ДПМНЕ и коалицијата во првите 100 дена од нивното владеење, Филипче потенцираше дека актуелната власт не го заштити ниту животниот стандард на граѓаните, бидејќи со мерките за наводно пониски цени на храната, застана на страната на трговците.„Додека платите паѓаат и стандардот се намалува, Владата не обезбеди ниту заштита на граѓаните од високите цени и алчноста на трговците. Мерките се задоцнети и без ефект. За ВМРО-ДПМНЕ интересот на трговците е поважен од интересот на граѓаните“, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 1 година

IMG_5169

Филипче: Без никакви докази за лагите, ВМРО-ДПМНЕ ја претвори партиската говорница во Обвинителство

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, остро ја критикуваше ВМРО-ДПМНЕ за нивното однесување на власт, обвинувајќи ги дека ја злоупотребуваат својата позиција и манипулираат со јавноста.„Сè што ние сега гледаме изминатиот период е претворање на партиската говорница на ВМРО-ДПМНЕ во МВР или во Основно јавно обвинителство. Тие се однесуваат опозиционо додека се на власт. Ако било што имаат против одредени поранешни функционери, треба да стигне во институциите коишто сега се под нивна контрола,“ изјави Филипче, критикувајќи ги постапките на ВМРО-ДПМНЕ.Филипче истакна дека и покрај сите обиди за заплашување, ниту тој, ниту некој од СДСМ се плаши од нивните постапки. „Ниту јас лично, ниту пак некој од СДСМ се плаши од оваа стратегија на ВМРО-ДПМНЕ“ додаде тој.Сметам дека се апсолутно само замајување на јавноста, само застрашување и тоа е една политика по којашто беа познати во времето на Никола Груевски,“ заклучи Филипче, подвлекувајќи дека оваа политика на ВМРО-ДПМНЕ не е ништо ново и се темели на застарени методи на заплашување и манипулација.Тој исто така додаде: „Сè она што до сега го констатиравме е дека го прави ВМРО-ДПМНЕ е дестабилизација, провокација, влошување на безбедносната состојба на границата со Косово, огромен број на убиства коишто не се расчистени. Имаат 10, ми се чини, во изминатиот период откога е ВМРО-ДПМНЕ на власт. Немање никаква идеја да се зголемат платите, единствено нешто со кое тие се фалат се некои инвестиции коишто ги спремила нашата Влада во изминатиот период.“ - заклучи Филипче.

Македонија | пред 1 година

IMG_6239

Филипче: Бугарската теза еден народ две држави пропаѓа ако се внесе нивното малцинство во уставот

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во емисијата „Само интервју“ на Канал 5, посочи дека сите ветувања на премиерот Мицкоски за време на предизборната кампања се лага.„Ние не гледаме ниту една иницијатива да се подобрат тие услови за преговарање. Ветувањата на премиерот Мицкоски и благодарение на нивната политика на влошување на односите со соседите, паѓаат во вода и сега тој нема со кого да преговара. Сметам дека на виделина излегува една скриена агенда која што тој не ја кажа за време на предизборната кампања и со тоа ги излажа граѓаните и гласачите, а тоа е неговото ветување дека нешто ќе се подобри“, потенцираше Филипче.Во интервјуто Филипче посочи дека Владата на СДСМ обезбеди преговарачка рамка со која е заштитен македонскиот идентитет, државните и национални интереси.„ Тоа што е постигнато е една повеќедецениска теза на Бугарија дека ние сме еден народ во две држави паѓа во вода поради тоа што со внесување на бугарското малцинство во Уставот се прави јасна дистинкција македонскиот и бугарскиот народ. Придобивка од целиот тој пакет кој што се нарекува француски предлог е тоа што е точно и јасно прецизирано признавањето на македонскиот јазик во тој договор. И благодарание на тоа на македонски јазик го потпишавме договорот Фронтекс, прв договор кој што е потпишан на македонски јазик, кој што го признаваат сите земји членки на ЕУ вклучувајќи ја и Бугарија. Целата ЕУ стои зад тоа решение“, рече Филипче, додавајќи дека ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски треба да сфатат дека веќе не се опозиција и дека имаат сериозна задача и одговорност пред државата и граѓаните.

Македонија | пред 1 година

filipce

Филипче: Законот за бранители нема никаква етничка компонента, опфаќа Македонци, Албанци и други етнички заедници

Во Закон за бранители опфатени се сите загинати припадници на Армијата на Македонија и на полицијата, односно членовите на нивните семејства коишто сега треба да бидат обесштетени како и воените инвалиди од сите настани коишто се случиле, не само во 2001 туку од 1990 година до денес. Притоа, во тие бранители ќе има луѓе коишто се Македонци, Албанци, Турци и Роми. Не е точно дека Законот за бранители ќе има некаква етничка конотација.Ова го истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче во интервју за емисијата „Само интервју“ на Канал 5.„Законот што СДСМ го предложи е најсеопфатен до сега. Опфатени се сите, а тие кои веќе добиле некакво обесштетување во минатото по други закони сега ги изедначува со сумите коишто ги добиваат новите категории коишто ќе влезат во новиот закон“, појасни Филипче.Според него, ВМРО-ДПМНЕ покажува лицемерие и се служи со двојни аршини кога станува збор за закони што се во корист на граѓаните и закони од лична корист на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски. Споредбата на ја прави преку процедурите за носење на Законот за заем од Унгарија и Законот за бранителите.„Имено како што ВМРО-ДПМНЕ по кратка постапка го натера претседателот на Собранието, Африм Гаши да ја закаже Комисијата за финансирање и буџет и да помине Законот за заем од Унгарија, истото можеше да го направи и за комисијата на која требаше да се разгледува Законот за бранители. Наместо тоа, сакајќи само да глумат некаква конструктивност тие потпишаа некое барање од група пратеници на ВМРО-ДПМНЕ до претседателката на Комисија за социјална политика, Илире Даути којшто очигледно не ја свикува комисијата“, рече Филипче.Според Филипче, Гаши има обврска да ја свика Комисијата и на неа да се дискутираат сите аспекти во процедура како што доликува, а не преку медиумите.„Станува збор за вистински потреби на семејствата и на воените инвалиди. Кој е друг фронт подобар да се разговара за сите овие работи освен Собранието“, потенцира Филипче.

Македонија | пред 1 година

IMG_6534

Филипче: Раздвојувањето на Албанија и Северна Македонија е катастрофа за иднината на граѓаните

,,Амбасадорите на државите членки на Европската унија вчера донесоа одлука Албанија да ги продолжи преговорите со Европската унија и да се раздвои од Северна Македонија на патот на евроинтеграциите. Со оваа одлука станува јасно дека Албанија ќе добие зелено светло за продолжување во втората фаза на преговорите со ЕУ и отворање на првиот кластер.Раздвојувањето на Албанија и Северна Македонија е тежок пораз на политиките на Владата на планот на европската интеграција на државата. Но пред се, ова е огромна катастрофа за иднината на граѓаните. За жал, оваа нова пропуштена шанса ќе се одрази на многу семејства и на уште една цела нова генерација. Ова ја убива надежта дека нашата држава може да напредува и да се развива.ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски на граѓаните им сервираа изборна измама. Преку куп лаги и манипулации тие се обидоа да ја затскријат вистинската намера. А вистинската намера е дека ниту имаат план, ниту сакаат државата да напредува и да се развива во Европската Унија. Велеа, планот ќе се соопштеле откако ќе победат на изборите. Па еве денес, откако доживеавме тежок пораз, ги прашуваме, кој е планот? Кои се роковите на планот ако воопшто постои? До кога ќе бидете фиктивна опозиција во државата и нема да преземете одговорност и чесно да кажете што ќе се случува со оваа земја?Сега Македонија останува изолирана, без јасен план и стратегија како ќе продолжиме напред. За само 100 дена, Владата ја закопа последната надеж дека тука некогаш подобро ќе се живее. Политиките на ВМРО-ДПМНЕ кои служат само за ширење популизам и лажен патриотизам ни носат само меѓународна изолација, економска стагнација и внатрешни тензии. Осиромашена, безнадежна, внатрешно раскарана и раселена – ова е планот на ВМРО-ДПМНЕ за Македонија.За прв пат во 30 години откако државата го започна својот пат кон ЕУ, Владата сама себе се блокира. Стравот од било кои идни блокади, е сам по себе блокада. Мицкоски ги блокира граѓаните и напредокот на државата додека сите не плаши со идни блокади. Овој апсурд не е виден никогаш во политичката историја. Но она што е видено и се повторува е периодот од 2008 година кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт. Тогаш, од лидери во ЕУ интеграциите паднавме на последно место. Сега повторно Влада на ВМРО-ДПМНЕ сака од последно место конечно да се откажеме од планот за евроинтеграции.ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се цунами за Македонија. Оваа Влада е Влада без чуство за одговорност, лидерство и грижа за грѓаните. Ова е Влада која во 100 дена само се жали, бара оправдувања и внесува параноја во општеството. Наместо за надеж се говори за дестабилизации, наместо за решенија се отвараат нови проблеми, наместо за мир и градење мостови, се создаваат нови надворешни и внатрешни непријатели. Ова се политиките на ВМРО-ДПМНЕ со кои сакаат граѓаните да ги направат гневни, раскарани и откажани од подобар живот.Најголемата трагедија е што ВМРО-ДПМНЕ всушност сака повторна билатерализација на европскиите преговори и спорот со Бугарија. Треба на сите да им е јасно, спорот со Бугарија не беше веќе билатерален. Со тешки маки успеавме од билатерален спорот да го донесеме во рамки на преговорите.Ние веќе не преговараме со Бугарија туку со ЕУ, а ВМРО-ДПМНЕ сака пак да го билатерализира. Значи целта е да се врати се наназад односно да се отоври повторно билатерален проблем. Како планира Мицкоски со реторика на карање и конфликти да обезбеди подобри услови со Бугарија во билатерална комуникација? Свесен ли е дека ќе добие само полош Договор? Свесен е, но тоа е очигледно и целта. Ова прашање да биде повторно и повторно главна тема во медиумите, а расправиите со соседите главна алатка на неговата пропаганда.Јас и понатаму сум убеден дека со промената на Уставот што е јасен услов од Преговарачата рамка, ништо нема да изгубиме. Напротив, ќе добиеме.Тоа е најдобриот начин да се заштитиме од натамошни барања и уцени. Тоа е единствениот начин веќе за секој проблем со кој може да се соочиме, да биде решаван во рамки на ЕУ пред сите членки, а не само Бугарија. Тоа е начинот веќе да нема билатерилизација на проблемот. Со почеток на разговорите ние веќе никогаш нема да преговараме со Бугарија туку со ЕУ и таа е гаранцијата за нашиот пат кон членство.”, изјави Венко Филипче.

Македонија | пред 1 година

IMG_4831

Филипче: Законот за бранители излегува во пресрет на потребите на луѓето, нема етничка димензија

Законот за бранители излегува во пресрет на реалните потреби на преживеаните бранители, на тие со инвалидитет и на семејствата кои што имаат загинати бранители, изјави претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и пратеник, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање на денешната прес- конференција.„Овој Закон е со цел да им се излезе во пресрет на реалните потреби и на барањата и тие луѓе кои имаат инвалидитет, на преживеаните и на семејствата коишто имаат загинати бранители. Сметам дека се што може да направиме во интерес на граѓаните и задоволување на нивните реални потреби ние го правиме и ќе го правиме и понатаму. Тука воопшто нема никаква димензија на некаква меѓуетничка поделба или подгревање на меѓуетнички тензии“, потенцираше претседателот на СДСМ и пратеник Венко Филипче.На прашање во врска со реакциите на албанскиот политички блок дека Законот не задоволува и потреби на граѓаните Албанци и Филипче посочи дека пратеничката група на СДСМ и коалицијата е подготвена да разговара за сите аспекти, ако има потреба да се отвори и дебата на комисиската расправа со цел да се расчистат сите дилеми и доколку има потреба да се преземат дополнителни чекори за потребите на граѓаните.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања