„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

филипче

filipce-1

Филипче: Партиските директори во болниците ги замолчуваат лекарите да не зборуваат за катастрофата во здравството

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја критикуваше актуелната Влада на ВМРО-ДПМНЕ за неспроведување на ветувањата за деполитизација и департизација, оценувајќи дека реалноста е целосно спротивна од предизборната реторика.„ВМРО-ДПМНЕ, која дојде на власт со големи ветувања за деполитизација, спроведува сурова окупација на институциите. Наместо компетентност, на чело на клучни институции гледаме партиски кадри, братучеди и блиски роднини. 'Мерит системот' на Мицкоски е всушност партиска книшка како главна квалификација за било какво вработување,“ изјави Филипче.Тој истакна дека состојбата во здравството и образованието е исто така алармантна. „Болниците кубурат со основни медицински материјали, листите за чекање се огромни, а новопоставените директори ги заплашуваат здравствените работници за да не зборуваат јавно за проблемите. Во образованието гледаме закони кои го намалуваат квалитетот на наставата и ги ограничуваат правата на учениците со посебни потреби,“ додаде тој.На крајот од годината, според Филипче, јасно е дека најголем дел од ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ останаа само празни зборови. „Кампањата што ја водеа беше базирана на лаги, и граѓаните веќе почнуваат да ја чувствуваат тежината на тие лаги. Ако Владата продолжи со истите политики во 2025 година, состојбата само ќе се влоши,“ предупреди Филипче.СДСМ продолжува да биде глас на граѓаните, укажувајќи на пропустите и штетните политики на актуелната власт, и ќе се бори за враќање на професионализмот и компетентноста во институциите.

Македонија | пред 11 месец

filipce34

Филипче: 2024 ја одбележа неспособноста на Владата да се справи со економските предизвици

2024 година беше обележана со целосно неконтролирани покачувања на цените во маркетите, кои претставуваа директен удар врз џебот на македонските семејства. Наместо да реагира и да ја заштити куповната моќ на граѓаните, Владата на ВМРО-ДПМНЕ дозволи овој „грабеж“ да се одвива пред нејзините очи, со целосна поддршка и пасивност на премиерот Христијан Мицкоски.„Се проценува дека десетици милиони евра се одлеани од џебовите на граѓаните во интерес на големите трговски синџири,“ истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Тој додаде дека платите, кои постојано растеа седум години по ред додека СДСМ беше на власт, сега стагнираат, а цените секојдневно растат.„Разликата меѓу приходите и трошоците на граѓаните никогаш не била поголема. Ова е јасен показател за неспособноста на Владата да управува со економијата во интерес на граѓаните. Наместо да создаде економска стабилност, Владата ги фаворизира интересите на малцинството – на бизнисите кои профитираат на штета на обичните граѓани,“ потенцира Филипче во интервју за „Независен“.Владата на ВМРО-ДПМНЕ не само што не ги исполни своите ветувања за подобрување на животниот стандард, туку ја доведе државата во економска несигурност. Платите стагнираат, куповната моќ на граѓаните се намалува, а политиките на Владата се сведуваат на служење на тесни бизнис интереси.СДСМ останува цврсто посветен на борбата за заштита на стандардот на граѓаните и обезбедување економска стабилност за сите.

Македонија | пред 11 месец

VenkoFilipceSDSM

Филипче преку матните тендери во РЕК Битола на неговиот ментор Заев, поддржуваше поскапа струја за народот, вели ВМРО-ДПМНЕ

Филипче преку матните тендери во РЕК Битола на неговиот ментор Заев, поддржуваше поскапа струја на народот, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Матните тендери во РЕК Битола, каде што фирми блиски до Заев испумпуваа десетици милиони евра и 7 години го опустошуваа енергетскиот комбинат, за Филипче не е криминал.Тендерот од 43 милиони евра за ископ на Марковски компани, кој сега веќе е поништен од новото раководство во РЕК Битола, е само дел од многуте тендери каде што фирми како Јавор Транс и други, блиски до аболицираниот Заев, испумпуваа милиони.Потрчкото на Заев, Филипче не се откажува од својот ментор, а со тоа не се откажува од поскапата цена на струјата заради која страдаше народот, ниту од криминалот во РЕК Битола.Филипче и неговото раководство, не се откажуваат од аболицираниот Зоран Заев, туку напротив, продолжуваат со неговите политики да ја водат СДС.

Македонија | пред 1 година

Pretsedatel-filipce-komisijam2

Филипче: Имаме нов тим кој допрва ќе ја освојува политичката сцена

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервјуто за емисијата „360 степени“ ја објасни логиката зад изборот на новото раководство на партијата, подвлекувајќи дека процесот бил темелен и консултативен, со цел на површина да излезат најдобрите луѓе кои ќе го носат СДСМ напред. Ова е причината зошто толку долго се чекаше на ново раководство, вели Филипче.„И членството и симпатизерите, секако и граѓаните, очекуваа да се донесат нови луѓе на раководните места во партијата. Тоа е процес којшто зема време. Саати и саати состаноци во општинските организации беа неопходни за да се идентификуваат вистинските луѓе кои вредат“, рече Филипче.Тој ги отфрли сомнежите дека постоела кадровска криза во СДСМ нагласувајќи дека новото раководство претставува спој на искуство и нова енергија.„Не би рекол дека имало проблем, туку предизвик да се направи еден тим којшто ќе биде различен, којшто ќе биде спој на искуство и младост и тим којшто допрва ќе освојува на политичката сцена кај нас“, истакна претседателот на СДСМ.Филипче особено ја истакна улогата на Фани Каранфилова-Пановска, новата заменичка-претседателка, која, иако не е долгогодишен член на партијата, се докажала со својата работа.„Фани Каранфилова-Пановска со години наназад работи на подобрување на услугите за граѓаните особено за маргинализираните категории. Таа е неуморен работник, голем професионалец и системот којшто го поставува ќе биде одлично имплементиран и во партијата“, рече Филипче.Одговарајќи на критиките од ВМРО-ДПМНЕ за наводно наследство од претходното раководство, Филипче потенцираше дека ваквите напади се доказ дека СДСМ е на вистинскиот пат.„Критиките коишто доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ, мора да ви кажам, ме прават исклучително среќен и задоволен, поради тоа што сметам дека тоа значи и е потврда дека сме на вистинскиот пат. Не очекувам некаква конструктивност од нивна страна“, истакна тој.Филипче заврши со јасна порака дека СДСМ продолжува да гради платформа која ги вклучува сите кои веруваат во социјалдемократијата како иднина за Македонија.„Станува збор за луѓе со многу силен личен интегритет и искуство кои ни помагаат да ја прошириме платформата на којашто делува СДСМ. Тоа е фронт што ќе продолжи да расте, додека оваа влада работи без компас спротивно на интересите на граѓаните“, истакна претседателот на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

vmro_dpmne

Обвинувањата на неврохирургот на Заев, Филипче, за „мрачно враќање“ се чиста демагогија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Изјавата на Венко Филипче, неврохирургот на Заеви е уште еден обид за манипулација со јавноста и продолжување на политиката на двојни стандарди. Наместо да се соочат со реалноста дека нивното владеење остави институции потонати во корупција, непотизам и партизација, сега се обидуваат да го префрлат вниманието преку лажни обвинувања“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на статусот на Венко Филипче.„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски се обврзани на реформи кои ќе ги вратат институциите на граѓаните и ќе обезбедат вистинска деполитизација и професионализација. Вистината е дека токму во време на СДСМ, институциите беа заложници на партиски интереси, а довербата на граѓаните во системот достигна историски најниско ниво.Наша цел е градење транспарентен и одговорен систем кој ќе биде во служба на граѓаните, а не на партиите. Со реформите кои ги воведуваме, Советот за граѓански надзор ќе биде столб на независност и професионализам, за разлика од контролираниот хаос што го остави СДСМ.Обвинувањата за ‘мрачно враќање’ се чиста демагогија од страна на тие кои беа синоним за неуспеси, блокади и скандали. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи на враќање на довербата на граѓаните и зајакнување на демократијата, наместо да ја користи како алатка за евтини политички поени, како што тоа го прави опозицијата“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 година

VenkoFilipceSDSM

Последните одлуки на Мицкоски носат сериозна опасност, предупреди Филипче

Претседателот на СДСМ реагира на последните одлуки на Владата на Мицкоски и „бруталната партизација на Советот за граѓански надзор на комуникациите“ и најавува дека СДСМ ќе се спротистави, ќе преземе мерки за заштита на граѓаните и институциите од партиската хегемонија.„Како претседател на СДСМ, чувствувам должност да предупредам за сериозната опасност која ја носат последните одлуки на Владата на Мицкоски. Само пред еден ден, слушнавме големи зборови за деполитизација и департизација на институциите, а денес гледаме целосно спротивно – брутална партизација на Советот за граѓански надзор на комуникациите. Ова тело, кое треба да биде столб на независност и заштита на правата на граѓаните, сега се претвара во алатка за партиска контрола и злоупотреба.Ваквата лицемерност на Владата е опасна за демократијата и ја враќа земјата назад во мрачните времиња на режимскиот систем, кога безбедносните структури беа под целосна партиска контрола, а правата на граѓаните беа системски кршени. Мицкоски не само што ги изневерува своите ветувања, туку и директно ги загрозува темелите на демократскиот поредок.СДСМ нема да остане нем набљудувач. Ќе ја информираме меѓународната заедница за оваа скандалозна партизација и ќе преземеме се што е неопходно за да ги заштитиме граѓаните и институциите од оваа партиски брутален напад. Македонија заслужува независни и професионални тела, а не репродукција на режимски практики“. вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 1 година

VenkoFilipceSDSM

Филипче: Националниот совет за евроинтеграции е добра основа за единство

„Националниот совет за евроинтеграции, што во Собранието го предводи опозицијата, а во којшто членуваат и претставници на власта, граѓански организации и експерти претставува широка платформа којашто доколку функционира како што е предвидено, е добра основа за постигнување на национално единство по однос на клучните прашања поврзани со евроинтеграциските процеси“.Ова го истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање по вчерашната средба со претседателката на државата, Гордана Силјановска-Давкова за тоа колку Владата ја вклучува опозицијата во процесите за деблокада на евроинтеграцискиот пат.„Ако Националниот совет за евроинтеграции функционира на начин на кој Владата ќе го информира за сè што се случува, како се исполнуваат реформите од реформската агенда, од Планот за раст, ние ќе имаме заедничка работа“, истакна Филипче, кој како пратеник е претседател на Националниот совет за евроинтеграции.Претседателот на СДСМ уште еднаш потсети дека целокупната реформска агенда и Планот за раст е изготвен од Владата на СДСМ и дека од страна на актуелната Влада се направени многу мали измени пред сегашниот премиер, Христијан Мицкоски да го стави својот потпис на овие документи.Филипче потенцираше дека СДСМ ќе ја поддржи секоја подобрена позиција, којашто Владата, согласно ветувањата ќе ја обезбеди. Во однос на обидите за поддршка за уставни измени со одложено дејство, Филипче рече:„Ја информирав претседателката дека за време на преговорите кога ги водеше СДСМ сме се обиделе уставните измени да бидат со одложено дејство, меѓутоа тогаш тоа не било прифатено од бугарската страна под раководство на тогашниот премиер Кирил Петков. Така што било која подобрена позиција ние ќе ја поддржиме“.Претседателот на СДСМ смета дека пред да се разговара за какво било решение, вклучително и за уставни измени со одложено дејство, треба да се добие потврда дека такво решение е возможно.„Многу опции и варијанти се работеле во изминатиот период. Јас имав многу состаноци на кои и тогашниот премиер Димитар Ковачевски и тогашниот главен преговарач Бојан Маричиќ ми укажаа кои обиди биле направени и што било возможно, што не било возможно. Ние го направивме тоа. Сите други обиди, меѓу другото и одложеното дејство на уставните измени тогаш бугарската страна не ги прифатила“, изјави Филипче и додаде дека што и да направи сегашната Влада што ќе ги подобри нашите позиции, опозицијата ќе поддржи таквото решение.Филипче потсети дека СДСМ иницираше собраниска седница за премиерот да ги соопшти позициите на Владата и кои земји ја поддржуваат во нејзините напори за подобрување на положбата на земјава во однос на преговорите со ЕУ. Тоа и понатаму останува како барање од опозицијата, рече Филипче.

Македонија | пред 1 година

siljanovska-filipce

Претседателот на СДСМ, Филипче ќе се сретне со претседателката Сиљановска-Давкова

Денеска ќе се одржи работна средба помеѓу претседателот на СДСМ, Венко Филипче и Претседателката на државата, Гордана Сиљановска – Давкова, извести СДСМ.Средбата ќе биде во Кабинетот на Претседателката на Република Северна Македонија (Вила Водно) со почеток во 15.00 часот.По средбата, како што е најавено изјава за медиуми ќе даде претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 1 година

filipce-1

Филипче: Насилството врз жените остава последица врз општеството да се бориме за нивна безбедност и достоинство

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, упати порака по повод Меѓународниот ден против насилство врз жените.„Денес, на Меѓународниот ден против насилство врз жените се потсетуваме на еден од најголемите предизвици на секое општество–насилството врз жените и девојчињата. Запрепастува фактот што ова е едно од најраспространетите прекршувања на човековите права. Насилството врз жените не остава сериозна последица на поединецот туку на општеството во целост. Промената почнува од секој од нас – со зборови, со дела, со колективна одговорност. Да се бориме против ова зло со подигање на свеста, со вложување во образованието, здравството, со поголеми права на жените. Да изградиме свет каде што слободата, достоинството и безбедноста ќе бидат неприкосновени права на секоја жена и девојка“, вели претседателот на СДСМ, Филипче.

Македонија | пред 1 година

filipce-414213

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле и ќе останат политички „кукавици“

„Новото раководство на СДСМ ќе биде исправено пред голема одговорност да ги разобличи лагите, популизмот и опасните политики на актуелната власт“, порача претседателот на СДСМ Венко Филипче на 30-от Конгрес на партијата.Денеска партијата го одржува својот 29 и 30 конгрес на кој одбира новото раководство односно новите членови на Централниот и Надзорниот одбор кои ќе се спротивстават на партизацијата на институциите, режимското владеење, селективната правда, заробеништвото на медиумскиот простор и кочењето на евроинтеграцискиот напредок кој СДСМ го направи изминатите години.„ВМРО-ДПМНЕ не само што ги изневери очекувањата на граѓаните, туку и ја турка Македонија во нова ера на режимско владеење. Добиваме режим во ново руво. Во моментов се случува партизацијата на институциите која е без преседан. Секојдневно сме сведоци на брутална чистка во која се заменуваат професионалци со партиски послушници. Ова се прави дури во клучните сектори како безбедноста и полицијата, но и секаде во администрацијата. ВМРО-ДПМНЕ систематски планира да ја уништува независноста на судството, да го заробува медиумскиот простор преку создавање на атмосфера на страв, измислени дестабилизации и поделби“, порача Филипче.Претседателот Филипче на Конгресот на СДСМ исто така истакна дека при секој катастрофален потег на ВМРО-ДПМНЕ, Мицковски исфрла медиумски бомби за да го одвлече вниманието преку создавање вештачки кризи, до пласирање стравови за „надворешни и домашни непријатели“ по што власта игра на картата на поделби и заплашувања. Истото сценарио потсети Филипче се случувало и кога беснееја шумски пожари и која се влошуваше економската состојба во државата. Притоа во конгресното излагање тој напомена дека со ВМРО-ДПМНЕ улиците повторно се претворени во бојно поле за пресметки на бандите и убиства но наспроти реалноста дома Мицковски упорно глуми национално единство.„Мицкоски продолжува дома да проповеда „горд отпор“ и „национално достоинство“, додека пред европските политичари ветува дека ќе ги исполни сите услови. Ваквиот двоен аршин не само што го подрива кредибилитетот на Македонија, туку ја прави земјата заложник на неговиот политички калкулус. ВМРО-ДПМНЕ историски секогаш бил кочничар на напредокот, а оваа гарнитура не е различна. Додека се прогласуваат за големи „Европејци“, нивните дела говорат спротивно. Македонија е заглавена на патот кон ЕУ поради недостигот од акција на оваа влада. Наместо да ги продолжат преговорите, блокираат клучни реформи и ја користат европската перспектива за дневно-политички поени“, порача Филипче.Претседателот Филипче повика да не се заборави дека сегашната власт во опозиција ги блокираа договорите со Грција и Бугарија, договори кои ја отворија вратата за НАТО и ЕУ. Притоа тој истакна дека владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во многу нешта потсетува на периодот 1998-2002.„Претставниците на власта упорно се трудат и сакаат да го минимизираат оствареното во евроатлантските интеграции. Не обвинуваат дека сме ги предале националните интереси. Служејќи се со гол популизам и евтин национализам лажно ветуваа дека можат да издејствуваат нова преговарачка рамка со ЕУ. Да се потсетиме. Со истата жестина како што во опозиција го напаѓаа Преспанскиот Договор, ја напаѓаа и Времената спогодба од 1995, за во 2009 да им стане врвна дипломатска придобивка и главен аргумент во пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг. Исто како што сега на Христијан Мицкоски Преспанскиот Договор му стана ремек дело на европската дипломатија. ВМРО-ДПМНЕ тогаш во опозиција тврдеше дека ќе ги врати Струга и Кичево во старите општински граници, а потоа во периодот 2006-2016 заборавија што ветувале. На НАТО Самитот во Букурешт во 2008 прифатија ново име на државата, а нас не обвинуваат дека сме го предале името. Ги слушавме и по телефонските разговори. Не случајно нашиот народ вели: Волкот влакното го менува, но ќудот не!“, истакна Филипче на конгресот.Тој исто така потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ се истите лицемери кои себеси се нарекуваат „народни“, а никогаш немале храброст да го подметнат грбот во клучните моменти за државата. Тоа се истите кои секогаш бегале од одговорност криејќи се во комфорните зони. Затоа ВМРО-ДПМНЕ биле и ќе останат политички кукавици.„Граѓаните не се наивни. Точно ги читаат неискрените политичари кои ја освоија нивната доверба со веќе видените политички измами“, порача Филипче од 30 Конгрес на кој партијата го избра новото раководство.

Македонија | пред 1 година

shekerinska1

„Ова назначување е доказ дека нејзиниот труд и професионалност се ценети на глобално ниво“: Филипче со честики до Шекеринска

„Радмила Шекеринска е вистинскиот избор за втор човек на НАТО - најмоќниот воено политички сојуз во светот. Со нејзиното долгогодишно искуство, посветеност и професионалност, силно верувам дека успешно ќе се носи со најголемите предизвици кои и претстојат“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче преку социјалните мрежи.„Ова назначување е доказ дека нејзиниот труд и професионалност се ценети на глобално ниво. Преку нејзиниот успех, Северна Македонија уште еднаш ја потврдува својата вредност и капацитет да биде дел од најзначајните меѓународни процеси. Ние сме рамноправна членка на НАТО која има што да понуди за глобалната безбедност и стабилност.Назначувањето на Шекеринска е уште еден потврда за исправноста на политиките и историскиот успех на СДСМ и Владата, кои со посветена работа успеаја да јавнесат Северна Македонија во НАТО. Со тоа, не само што ја обезбедивме сигурноста на нашата земја, туку го зацврстивме нашиот идентитет како стабилен и доверлив партнер на меѓународната заедница.На Радмила ѝ посакувам големи успеси во новата улога. Знам дека нејзината работа ќе биде инспирација за многумина, особено за младите кои треба да веруваат дека со многу труд и работа може да се постигне секој успех“, додаде Филипче.

Македонија | пред 1 година

VenkoF-SDSM

Филипче за Денот на ослободување на Скопје: Храброста на нашите борци од НОБ е темелот на слободата што ја живееме

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска упати честитика до граѓаните по повод Денот на ослободувањето на Скопје. Филипче во честитката порача дека исто како пред 80 години кога нашите предци храбро и одлучно се изборија за слободата, така и денес сите имаме обврска да го продолжиме нивниот аманет, да ја зачуваме слободата и да градиме слободно и демократско општество.„Денес оддаваме почит на храброста и истрајноста на хероите од Народноослободителната борба, кои се заслужни за слободата што ја живееме. На 13 ноември 1944 година, улиците на Скопје беа ослободени од фашистичкиот окупатор, а градот го доби симболот на отпор и надеж. Во време на економски и политички предизвици, треба да се сеќаваме и да не води храброста и одлучноста на нашите предци. Тие не се откажаа, се бореа за слобода, правда и еднаквост. После осум децении, ние потомците на НОБ ја имаме истата цел, да се избориме за слободно и демократско општество, за Скопје какво што го заслужуваат граѓаните, за град кој ќе се развива како европска и културно напредна метропола. Слава им на хероите, нека е честит и вековит 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје“, стои во честитката на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Скопје | пред 1 година

filipce-1

Филипче убеден дека под водство на Трамп стратешкото партнерство меѓу САД и Македонија ќе се продлабочи, упати честитка

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче му ја честиташе победата на Претседателот на САД, Доналнд Трамп.-Во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, му ја честитам победата на изборите на Претседателот на САД, Доналд Трамп.Убеден сум дека под негово водство стратешкото партнерство меѓу САД и Северна Македонија ќе продолжи и ќе се продлабочи. Северна Македонија и Соединетите Американски Држави имаат долгогодишни врски на пријателство и соработка, и верувам дека тие ќе се развијат уште повеќе, кон наш взаемен напредок и благосостојба, вели претседателот Филипче.

Македонија | пред 1 година

filipce

Филипче: Денот на ромскиот јазик е потсетник за важноста на културната инклузија и почитување на различностите

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче го честита Денот на ромскиот јазик – јазик кој е неразделен дел од културата и идентитетот на Ромската заедница, но и на богатството на нашето заедничко мултиетничко општество.„Како Претседател на СДСМ, упатувам искрена честитка до сите граѓани, особено до припадниците на Ромската заедница, кои со гордост го негуваат и пренесуваат овој јазик низ генерациите.Преку промоција на ромскиот јазик, не само што ја зачувуваме традицијата и историјата на еден народ, туку испраќаме и силна порака за почитување на различностите и за нашата заложба за инклузивно општество, во кое сите граѓани имаат еднакви можности и права.Нашата партија, СДСМ, останува посветена на градење на држава во која културните и јазичните богатства на секој народ ќе бидат признаени и вреднувани. Нека овој ден биде потсетник за значењето на ромскиот јазик и за нашата заедничка одговорност да го зачуваме како дел од богатото културно наследство на нашата земја. Честит Ден на ромскиот јазик!“, стои во честитката на Филипче.

Македонија | пред 1 година

filipce-dokazi

(Видео) Филипче извади документи: Христовски нема 5 години искуство за да биде директор на АНБ

Со поставување на Бојан Христовски за директор на АНБ, власта ги прекршила општите правила за назначување на прв човек на една од клучните безбедносни институции во државата. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска во Собрание на пратенички прашања извади документи со кои покажа дека Христовски не го исполнува главниот услов за да биде директор на АНБ, односно нема 5 години стаж на раководна позиција како што налага законот.„Ова се документи доставени од нас од свиркачи. Изводи од Агенцијата за вработување и Фондот за здравствено осигурување. Со малку математика може да се оспори и главниот услов за негово назначување а тоа е 5 години стаж на раководни позиции, согласно законските услови. Ни тој услов не го исполнува вашиот партиски кадар.Нели, господине Мицкоски, ветувавте поразличен начин на работа? Нели мерит систем некој најавувате? Вашето поимање за Мерит систем е по заслуга ама во партија. Кој најмногу заслужил кај лидерот на позиција“-рече Филипче на собраниската говорница.Претседателот на СДСМ, Филипче истакна дека професионализмот мора да се заштити и АНБ да биде во функција на државните интереси, а не на интересите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој побара Христовски да биде разрешен, да биде назначен нов директор на АНБ а надлежните институции целосно да го истражат случајот и да има одговорност.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања