ФИЛИПЧЕ

Screenshot-2025-03-17-at-14.32.41

(Видео) Филипче: Пациентите се одлично третирани, не смее никој да биде поштеден, ни поранешните ни сегашните функционери

„Ова е трагедија која ја потресе целата земја, остава трага која никогаш нема да се избрише“, вака претседателот на СДСМ, Венко Филипче ја опиша болката по големата трагедија во Кочани каде во дискотеката „Пулс“ загинаа 59 лица. Тој вчера на Клиниката се видел со дел од роднините.„Сакам да ги уверам роднините и родителите и дека пациентите се одлично сместени и третирани. Сакам да ги уверам дека нивните најблиски се во добри раце и дека колегите се борат за секој еден живот“, рече Филипче.Тој упати апел до министерот Арбен Таравари да формира мобилни тимови, за психолошка помош на семејствата во Кочани, особено во пресрет на тоа што таму ќе следува.Тој рече дека мора да има целосна транспарентна и објективна истрага.„Никој не треба да биде поштеден, ниту актуелни ниту поранешни функционери и службеници. Трагедијата е преголема за да има сенка на сомнеж. Ако постои и најмала индиција дека некој се штити, тоа ќе биде удар на цело општество. Затоа апелирам до Обвинителството, до истражните органи, редовно, секојдневно да се информира што се прави“, рече Филипче.Тој порача дека треба човечност, а не политизирање на процесот.„Нема да дозволиме некој да биде поштеден, будно ќе пратиме за процесот да оди во праилна насока“, додаде тој.

Македонија | пред 10 месеци

filipce-sdsm-co-5

Филипче за локалните избори: Ќе настапиме со најдобрите

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вели дека СДСМ на локалните избори ќе настапи со најдобрите кандидати за градоначалници и советници.„Ќе ги избереме во широк консултативен процес, пред сè со членството, а потоа и преку сондажи со сите граѓани. Граѓаните заслужуваат да ги водат најдобрите и оние кои можат најмногу да придонесат за секоја општина. Покрај поддршката од членовите и граѓаните, кандидатите мора да ги имаат потребните квалификации и искуство за позицијата за која се кандидираат. Вечерва во Кочани, на работна средба со новото раководство, зборувавме за претстојните локални избори и начинот на избор на кандидати“, објави Филипче на „Фејсбук“

Свет | пред 11 месец

filipce-51

Филипче: Извештајот на Хридом Хаус е доказ дека со ВМРО-ДПМНЕ паѓа слободата на говорот

Последниот извештај на „Фридом хаус“ покажува дека Македонија и годинава останува делумно слободна земја, а тоа претседателот на СДСМ Венко Филипче го оценува како загрижувачки. Рангирањето на „Фридом хаус“ е врз основа на два критериуми политички права и граѓански слободи и годинава Македонија го зазема 67 место споредбено со 2021 година кога Република Македонија беше единствената земја со демократски напредок во Западен Балкан односно со втор најдобар резултат во Европа.„Во однос на извештајот на Фридом Хаус постојат параметри коишто тоа го мерат. Загрижувачки е тој пад. Сметам дека слободата на говорот е нешто што како симбол на демократско општество и нешто што беше и симбол и ја означуваше борбата на граѓаните се бореа против ограничувањето на слободата на говорот, против окупацијата   институции, против супримирањето на демократијата и демократските процеси во нашата земја за време на претходното владеење на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Филипче на денешната прес конференција.

Македонија | пред 11 месец

filipce-presBudzetVF1-3

Филипче: Алармантно е, потребни се три минмални плати за да се покријат основните трошоци, стандардот пропаѓа

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, посочи дека економската неизвесност станува се поголема, граѓаните ги чувствуваат погрешните економски политики на Владата. Трошоците за живот континуирано растат, платите стагнираат, а Владата нема решенија за заштита на животниот стандард на граѓаните, ниту ги прифаќа предлозите на СДСМ.„Трошоците на живот во јануари 2025 се зголемени за 4,9%, а индексот на цени на мало пораснал за 5,2%. Потрошувачката кошница во февруари 2025 достигна 63.773 денари. За да преживее едно семејство, денес му се потребни речиси три минимални плати. Пазете, во време на СДСМ беа потребни две минимални плати. Владата не презема никакви мерки, премногу е суетна да прифати ништо од СДСМ и затоа граѓаните страдаат. Ако утре, почитувани граѓани, ви се високи сметките, тоа е затоа што Владата едноставно нема желба и намера да го реши тој проблем, а решенијата и се дадени на маса“, рече Филипче.При тоа, Филипче посочи дека додека граѓаните се борат како да го преживеат месецот, власта го кочи растот на минималната плата.„Платите стагнираат. Покачувањето на минималната плата е под знак прашалник, бидејќи Владата го блокира функционирањето на Економско-социјалниот совет. Работниците и синдикатите бараат минимална плата од 450-500 евра, но Владата молчи. Социјалниот дијалог е целосно уништен. Работниците се оставени без сигурност, а економската неизвесност станува сè поголема. И за ова СДСМ има подготвено решение и ќе го достави во Собранието со закон за минимална плата. Решение кое Владата може веднаш да го прифати“, рече Филипче.Состојбата како што рече Филипче е крајно сериозна, Владата не се грижи ниту има волја да прифати закони и предлози со кои граѓаните ќе живеате полесно, а трошоците за живот ќе намалат. Тој потенцираше дека СДСМ ќе продолжи да предлага закони и мерки во интерес на граѓаните и дека по овие бројки Владата конечно ќе прифати дека едноставно нема капацитет да се носи со економските предизвици.

Македонија | пред 11 месец

mickoski-filipce-750x430-1

Филипче откри како СДСМ ќе настапи на локалните, можна ли е коалиција со ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник во Кичево?

За еден месец, СДСМ ќе бира нов претседател, бидејќи на Венко Филипче му завршува мандатот.„Мојот мандат завршува на 21 март, а изборите се закажани на 16 март“, рече Филипче.Тој посочи дека се разгледуваат имиња и за кандидатите за градоначалници.„Од партиските членови се гледаат имиња, како и од нашите коалициони партнери, граѓански листи, со кои би се поддржале коалициски. Ова очекувам да заврши до крајот на март, за да ги имаме првите сознанија од теренските анкети, како и телефонските анкети“, додаде Филипче.Беше прашан и за колалициите.„Ќе го кажам ставот кој не е потврден, дека СДСМ на овие локални избори ќе прави коалиции во секоја општина посебно“, рече Филипче.Прашан дали СДСМ ќе прави коалиција со ВМРО-ДПМНЕ во Кичево, Филипче рече: „Тоа е интересно прашање, може да се разговара за него во следните месеци“.

Македонија | пред 11 месец

kocevski-1

Филипче е против менување на републичкиот обвинител Коцевски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, смета дека не треба да се отстрани републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски од чело на Републичкото јавно обвинителство. Ова доаѓа по најавата на Владата за интерпелација.„Сметам дека тука станува збор за партизација. Не сакам да коментирам ничија експертиза и знаење, особено во судската власт. Апсолутно, се што отстапува од агендата за раст, не е реформа. Замена на едни луѓе со други - не е реформа, туку ризик за партијзација“, рече Филипче.Промената на Коцевски од челната позиција доаѓа во период кога Обвинителството има ниска доверба. Во јавен настап, тој се пофали само дека од 2%, сега 5% од граѓаните им веруваат на обвинителите. Владата пак, обвини дека Обвинителството е партизирано.

Македонија | пред 11 месец

filipce

„Дали се разговара и за измена на химната?“, праша Филипче и кажа дека ќе се спротистават за промена на државниот грб

Најостро ќе се спротиставиме на промената на државниот грб, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче, запрашан за новата иницијатива која се појави во јавноста. Тој пак, јавно праша, дали ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН разговараат и за промена на химната заедно со државниот грб.„Тој е уште еден од низата на никаде испланирани, најавени предлози на ВМРО-ДПМНЕ. Тој предлог беше на маса пред повеќе години, за време на минатата Влада со ДУИ. Тоа беше еден пакет на мерки кој требаше да се донесе. Меѓутоа, конретно.. Сметам дека првата дилема која се поставува - дали внатре во коалицијата со ВЛЕН, давајќи го овој предлог, се разговара и за измена на химната? Ние сметаме дека грбот го отсликува ова поднебје, јасен е континуитетот на антифашистичката војна, нема поделба на етнички групи и ако има таква иницијатива, најостро ќе се спротиставиме на промената на државниот грб“, рече Филипче.

Македонија | пред 11 месец

filipce34

Филипче: Консензус а не нова партизација и окупација со смена на Судскиот совет од власта

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, на ФБ излезе со реакција по најавата на премиерот Христијан Мицкоски дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ќе достават иницијатива за разрешување на членовите на Судскиот совет кои се избрани од Парламентот.,,Потребни се темелни реформи на правосудството и тоа го очекуваат граѓаните. Но, реформи кои ќе значат независно и ефикасно судство кое ќе обезбеди правда. Не смееме да дозволиме правдата која ја бараат граѓаните да се претвори во нова партизација и окупација преку смена на Судскиот совет од страна на власта.СДСМ бара следните чекори и реформи во правосудството да се прават со консензус на сите партии во Собранието. Потребен е национален, натпартиски пристап кој ќе обезбеди реформи согласно европските препораки. За тоа е потребно формирање на заедничка работна група во Собранието кое ќе ги дефинира, контролира и заеднички спроведува реформите во овој чувствителен сегмент. Доколку ВМРО-ДПМНЕ има искрена намера, ова ќе го прифати. Во спротивно ќе значи дека имаат сосема различни намери“, напиша Филипче.

Македонија | пред 11 месец

filipce

Филипче: Се потврдија како неосновани обвинувања кон мене за скандалот на Онкологија

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Радио Слободна Европа ги разобличи неоснованите обвинувања што беа упатени кон него за време на неговиот мандат како министер за здравство, особено во контекст на скандалот со Онкологија но и справувањето со здравствениот систем во текот на Ковид-кризата.„Бев обвинуван без апсолутно никаква основа за скандалот на Онкологија. Дури и во тие тешки времиња, Клиниката ги извршуваше своите обврски, а со тоа беа задоволени сите законски критериуми во контекст на одговорностите на министерот. Сите шестмесечни извештаи беа доставени, а формирани беа и тумор бордови со важечки мандат“, истакна Филипче.Според Филипче, одредени политички структури во Собранието и Анкетната комисија ја злоупотребиле својата позиција со цел да го дискредитираат него лично, но и целиот здравствен систем.„Сметам дека направена е навистина една груба злоупотреба на институцијата – прво Собранието, понатаму Анкетната комисија. Се поткопа довербата во здравствениот систем во тој дел“, предупреди тој.Филипче посочи дека не сака да шпекулира дали документите биле прикривани, но истакна дека континуираното повторување на неосновани обвинувања е „скандал без преседан“.Филипче тврди дека не постојат злоупотреби при набавките налекови, напротив вели дека се воведени нови лекови и заштедени средства. На прашањето дали имало злоупотреби при тендерите за набавка на лекови за време на неговиот мандат, Филипче одговори јасно и прецизно:„Во еден дел набавки имаше и од страна на Министерството за здравство, но ние тоа го направивме со системски пристап со којшто го променивме здравството. Со групните набавки не само што направивме заштеда, туку донесовме и нови лекови кои претходно воопшто не постоеја во државата“, истакна тој.Филипче објасни дека благодарение на новиот систем на набавки, онколошките пациенти кои претходно беа приморани да патуваат во странство за да добијат современа терапија, конечно добија пристап до лекување во Македонија.„Пациентите со онколошки болести беа праќани или на своја рака одеа надвор во странство за лекување, затоа што таа современа терапија кај нас ја немаше. Со реформите што ги спроведовме, тоа се промени – воведовме нови лекови и осигуравме заштеда на јавните средства“, заклучи Филипче.

Македонија | пред 1 година

filipce

Филипче во паника по хаосот и скандалот на Онкологија се обидува да се правда, ЈО да не молчи и да постапи со случајот Онкологија, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Филипче во паника и заглавен до гуша во скандалот со Онкологија бледо и бесрамно се обидува да се правда“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Филипче како министер за здравство дозволи системски башибозук и непочитување на 60 тина законски одредби.Филипче треба да признае и да се извини затоа што не воспоставил систем, немало регистар, немало следливост на онколошката терапија, немало ништо освен системски хаос.Филипче знае и фактите го потврдуваат тоа дека тие оставија долг од 12 милиони евра на Клиниката за онкологија, како и по неколку онколошки кризи меѓу кои и онаа познатата од септември 2023 година.Филипче во паника се обидува да го брани профитот на веледрогериите кои ги уценуваат здравствените институции со години. Со години веледрогеријата Д-р Пановски книжи енормни заработки и ги уценува Фондот за здравствено осигурување и Министерството за здравство.Тоа е истата онаа веледрогерија сопственост на таткото на блиска соработничка на Венко Филипче. Тоа се истите оние веледрогерии кои преку уцените до здравствените институции ги крадат и во џеб на поединци ги ставаат парите на сите граѓани.Јавното обвинителство не треба да молчи и треба да постапи во случајот со Онкологија.Филипче треба да знае дека бегање од одговорност нема да има.

Македонија | пред 1 година

VF-press-Izvestai-1

Филипче ги објави извештаите за кои го обивнуваат дека не постојат

На денешната прес-конференција претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, ги презентираше извештаите кои биле доставени до анкетната комисија за Клиниката за онкологија, формирана по барање на ВМРО ДПМНЕ и злоупотребена исклучиво за политичка хајка против него.Филипче потенцираше дека овие извештаи биле редовно изработувани и биле дел од документите од министерството со што целосно ги разобличи лагите на Мизрахи и ДПМНЕ кои тврдеа дека не постојат.„Благодарение на искрените и чесни луѓе вработени во Министерството за здравство, кои што знаат што се сум направил за пациентите и за сите вработени генерално во здравствениот сектор, до мене ги пратија извештаите за коишто бев клеветен дека ги немало. Јас бев убеден дека такви извештаи има и сега сакав тоа да го покажам. Откако беа доставени до мене извештаите, јас ги доставив до Обвинителството“, рече Филипче.При тоа Филипче ги повика Рашела Мизрахи и тогашниот министер за здравство Фатмир Меџити да одговорат како и зошто овие извештаи биле криени.„Дали е точно дека на барање на истражните органи, кои водат постапка за овој случај, овие извештаи не им биле доставени. Ги прашувм директно дали намерно се криеле извештаите за да ме вовлечат и обвинат во скандалот? Има ли нешто позлобно од тоа да се прикрива вистината во еден грозоморен случај за политички поени и згора на се да се кријат докази од истражните органи. Ова е скандал без преседан“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче и порача дека очекува да биде покрената истрага за тоа како и зошто досега овие извештаи биле криени.

Македонија | пред 1 година

Lazen-Profil-Venko

Креиран е лажен профил на Венко Филипче на Фејсбук, граѓаните да не наседнуваат, предупреди СДСМ

СДСМ извести дека е креиран лажен профил на Фејсбук со злоупотреба на името, податоци и фотографии на претседателот на партијата, д.р Венко Филипче.„Од истиот лажен профил се шират несоодветни и лажни содржини, повици за членски книшки, повици за измислено здравствено осигурување а граѓаните се насочуваат на приватни пораки.Ги повикуваме граѓаните и членовите да не наседнуваат и да не споделуваат никакви лични податоци кои можат да им бидат злоупотребени од страна на измамниците кои го креирале.Разликата помеѓу официјалниот профил на претседателот на СДСМ и лажниот може да се препознае најлесно преку синиот беџ за ферификација којшто постои само на официјалниот профил на д-р Венко Филипче.Лажниот профил е веќе пријавен и очекуваме брза реакција за негово бришење“, соопшти СДСМ.

Македонија | пред 1 година

VenkoFilipceSDSM

Филипче ги осуди иредентистичките изјави на Костадинов, очекува реакција од официјална Софија и ЕУ

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ги осуди, како што вели, иредентистичките изјави на претседателот на крајнодесничарската бугарска партија Преродба, Костадин Костадинов и побара реакција од Софија и осуда од страна на Европската унија.„Најостро ги осудувам иредентистичките изјави на лидерот на крајнодесничарската бугарска партија Преродба, Костадин Костадинов, со кои тој го поткопува суверенитетот и достоинството на Република Северна Македонија и негира посебниот македонски етнички идентитет. Негирањето на посебноста на македонскиот јазик, идентитет и историја претставува директно кршење на принципите на меѓународното право и основните вредности на Европската унија“, наведува Филипче.Тој ја повика и очекува официјална Софија јасно и недвосмислено да се огради од изјавите на Костадинов, кои се во спротивност со европските вредности и принципите на добрососедство. Ја повика Европската унија јасно да го осуди ваквиот однос, кој ги поткопува универзалните човекови права и европските вредности, и да покаже дека ваквите изјави немаат место во ЕУ, потенцира претседателот Филипче.Претседателот на СДСМ очекува македонската влада итно да соопшти конкретни мерки за спречување на ваквите иредентистички изјави и активности и да преземе активности за заштита на македонското национално достоинство и интереси.„Секој обид за негирање на македонската посебност е неприфатлив и директно спротивен на европските вредности за почитување на различностите“, потенцира Филипче.

Македонија | пред 1 година

filipce34

Филипче: ДУИ е симбол на корупција и поделби – СДСМ јасно се дистанцира

Во интервју за „Независен“, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговори на прашањето за можната соработка со партиите од албанскиот блок, со посебен акцент на ставот кон ДУИ. Новинарот праша дали СДСМ би ја разгледала можноста за соработка со ДУИ или со други партии од албанскиот политички спектар, особено во контекст на коруптивната стигма и етничките тензии што ги носи политиката на ДУИ.Филипче јасно ја отфрли можноста за поврзување со ДУИ и ја нагласи потребата од политики кои обединуваат, а не делат. „СДСМ никогаш повеќе нема да дозволи да биде ставен во истата рамка или да биде подреден на било која партија, особено не на ДУИ. Коруптивната стигма која со години ја носи оваа партија е нешто од што јасно и недвосмислено се дистанцираме. Нивната реторика и постојаното подигање на етнички тензии како алатка за политичко делување е неприфатлива и опасна. Таквите политики немаат место во нашето мултиетничко општество,“ изјави Филипче.Тој ја обвини ДУИ за политички практики кои го спречуваат напредокот на Македонија. „ДУИ продолжува со овие практики, а ВМРО-ДПМНЕ само профитира и ја подгрева ситуацијата. Иако јавно ги осудуваат и тврдат дека се во конфликт, нивната неформална соработка е повеќе од очигледна. Претходните заеднички гласања во Собранието, како и мистериозното бегство на Артан Груби, за кое добивме смешни објаснувања од МВР, само ги потврдуваат сомнежите дека имаат задкулисни договори,“ рече тој.Филипче истакна дека оваа соработка создава политичка нестабилност и ги нарушува меѓуетничките односи. „Последните настани, како инцидентите на Денот на албанското знаме, се директен резултат на ваквата политика на поделби и провокации. Ова не е патот што Македонија треба да го оди. Наместо да зборуваме за економски напредок, интеграција во ЕУ и подобар живот за граѓаните, постојано се враќаме на теми кои создаваат тензии и конфликт,“ додаде тој.Во однос на идната соработка со албанските партии, Филипче подвлече дека ќе се базира на заеднички вредности и транспарентност. „СДСМ ќе работи со партии кои ги споделуваат нашите заложби за транспарентност, реформи и градење политики кои ги обединуваат граѓаните, а не ги делат. Нема да дозволиме етничките прашања да се користат како алатка за прикривање на корупцијата или неспособноста,“ заклучи тој.

Македонија | пред 1 година

filipce-1

Филипче: Партиските директори во болниците ги замолчуваат лекарите да не зборуваат за катастрофата во здравството

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја критикуваше актуелната Влада на ВМРО-ДПМНЕ за неспроведување на ветувањата за деполитизација и департизација, оценувајќи дека реалноста е целосно спротивна од предизборната реторика.„ВМРО-ДПМНЕ, која дојде на власт со големи ветувања за деполитизација, спроведува сурова окупација на институциите. Наместо компетентност, на чело на клучни институции гледаме партиски кадри, братучеди и блиски роднини. 'Мерит системот' на Мицкоски е всушност партиска книшка како главна квалификација за било какво вработување,“ изјави Филипче.Тој истакна дека состојбата во здравството и образованието е исто така алармантна. „Болниците кубурат со основни медицински материјали, листите за чекање се огромни, а новопоставените директори ги заплашуваат здравствените работници за да не зборуваат јавно за проблемите. Во образованието гледаме закони кои го намалуваат квалитетот на наставата и ги ограничуваат правата на учениците со посебни потреби,“ додаде тој.На крајот од годината, според Филипче, јасно е дека најголем дел од ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ останаа само празни зборови. „Кампањата што ја водеа беше базирана на лаги, и граѓаните веќе почнуваат да ја чувствуваат тежината на тие лаги. Ако Владата продолжи со истите политики во 2025 година, состојбата само ќе се влоши,“ предупреди Филипче.СДСМ продолжува да биде глас на граѓаните, укажувајќи на пропустите и штетните политики на актуелната власт, и ќе се бори за враќање на професионализмот и компетентноста во институциите.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања