„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

филипче

sajn-kostadinov

Филипче обзнани: Асен Шајн влегува во трката за градоначалник на Охрид, Костадинов извиси во Струмица

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче презентираше неколку имиња за кандидати за градоначалници на престојните локални избори. Па така, во Охрид кандидат ќе им биде д-р Асен Шајн, а во Струмица кандидат ќе биде Маријан Даскаловски. Ова значи дека Костадин Костадинов извиси и нема да добие шанса за нов мандат. Во Дебрца кандидат ќе биде Љупчо Паунковски.„Во следните две недели, две третини од кандидатите за градоначалници ќе бидат потврдени од Извршниот одбор. Очекувам ова да биде процес кој ќе значи сплотување а не поделба на партијата“, рече Филипче.Кандидатите се бирани според принципи кои ги има СДСМ, но и според резултати од анкети.„Сите одлуки ги носиме по широк консулатитвен процес“, додаде Филипче.

Македонија | пред 5 месеци

filipce-51

Филипче: Историски најслаб извештај од ЕУ, заложбите за интеграција на ВМРО-ДПМНЕ се само декларативни

Извештајот на Европскиот парламент ја има најлошата оценка за Македонија во последната деценија и тоа по заслуга на ВМРО-ДПМНЕ, рече претседателот на СДСМ Венко Филипче во денешната прес конференција.„Се чини дека Владата на ВМРО ДПМНЕ веќе подолго време има сознанија дека во овој извештај Европската Унија со длабоко разочарување и на многу директен начин ќе го истакне неочекуваното застранување на македонската Влада од усогласувањето на македонската надворешна политика и онаа на ЕУ. Знаејќи ги сите овие сериозни критики од Европската Унија, ВМРО ДПМНЕ реактуализира националистички теми со цел да ги поклопи овие критики од Европската Унија“, рече Филипче.Претседателот на СДСМ Филипче во своето излагање рече дека судејќи по досегашната надворешна политика на владата се отвора прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ веќе работи на друга алтернатива или останува патот кон евроинтеграциите.„Овде дома сите ние треба да го поставиме прашањето – дали со ваквите потези кои се прецизно нотирани во извештајот на Европската Унија – европската интеграција останува само декларативна заложба на Владата на ВМРО-ДПМНЕ или можеби веќе се работи на нова алтернатива, нов правец во кој треба да се движиме?“, рече Филипче.Наместо продолжување на напредокот во ЕУ како што ветуваа, за една година со Христијан Мицковски и владата на ВМРО-ДПМНЕ земјава доби историско назадување и погазување на сите успеси на патот кон евроинтеграциите и најново го доби историски најслабиот извештај од ЕУ.

Македонија | пред 5 месеци

filipce

Филипче од Берлин: Овде сум да ги бранам позициите на Македонија, „современ“ пред јазикот не смее да помине

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, кој денеска во Берлин, Сојузна Република Германија, присуствува на Конгресот на германската Социјалдемократска партија (СПД), порача дека на планираните билатерални средби со претставници на социјадемократските партии во Европа, ќе го пренесе ставот на СДСМ за извештајот на Европскиот Парламент за Северна Македонија.Во продолжение е интегралната изјава на претседателот Филипче:„Денеска сум во важна посета на Берлин, каде што ќе имаме повеќе билатерални средби со високи претставници на социјалдемократските партии во Европа. Клучната средба е со актуелниот вицеканцелар на Германија и сојузен министер за финансии, Ларс Клингбајл, кој воедно е и ко-претседател на СПД, нашата сестринска партија од Германија.Една од поважните теми е извештајот на ЕП за Македонија. СДСМ во минатото, со мудра дипломатија, успеа да ги отфрли сите обиди за какви било одредници на идентитетот и јазикот во преговорите и извештаите. СДСМ обезбеди македонскиот јазик и идентитет во ЕУ да бидат чисти, признати и без никакви додавки. Ова беа нашите црвени линии од кои никогаш не отстапивме.По само една година од власта на ВМРО-ДПМНЕ, оваа позиција е нарушена. Се појавува сериозен ризик за носење извештај во кој јазикот ќе биде со додавка „современ“, а ние тоа не смее да го дозволиме. Тоа Владата не смее да го дозволи, и меѓу другото, сметаме дека е резултат и на погрешната надворешна политика во целата измината година.Денес на средбите ќе ги пренесам ставовите на СДСМ и ќе ги бранам позициите на Македонија. Извештај со амандман за додавка „современ“ пред јазикот не смее да помине. СДСМ од почетокот силно лобира и се бори амандманот за јазикот и идентитетот да не бидат дел од извештајот, и во следните две недели ќе дадеме максимални напори да го повториме успехот од претходните години кога ваквите обиди успешно ги сопревме.Јазикот и идентитетот не биле и никогаш не смеат да бидат предмет на допрецизирање. Тие се јасно дефинирани во сите документи на Европската Унија, а македонскиот јазик е веќе еден од јазиците во Унијата – чист, без додавки – и ова мора да остане така.ВМРО-ДПМНЕ се претставува како партија силен заштитник на идентитетските прашања, но не гледам дека на дело тоа го покажуваат.Владата оваа битка мора да ја постави како приоритет. Времето е кратко и потребни се заеднички, максимални напори да го отфрлиме амандманот, за кој од ден во ден има сè поголем ризик да се донесе.И сакам од тука, од Берлин, да потенцирам уште една работа – дека стоиме целосно отворени и спремни за соработка со ВМРО-ДПМНЕ, да ги обединиме силите и конечно заеднички да укажеме и јасно да покажеме кои се црвените линии за Македонија.“

Македонија | пред 5 месеци

mickoski-filipce-2

Филипче и Мицкоски во судир околу „модерниот“ македонски идентитет: предупредувања за амандмани во Европскиот парламент

Премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска разменија остри ставови во Собранието поради најавените амандмани во Европскиот парламент со кои се предлага пред македонскиот јазик да се додаде зборот „модерен“.Филипче го праша премиерот дали Владата има рок до кога ќе се обидува да издејствува подобра преговарачка позиција со ЕУ и дали со ваквите амандмани се загрозуваат македонскиот јазик и идентитет. Тој потенцираше дека сите досегашни документи, вклучувајќи го и францускиот предлог и договорот со ФРОНТЕКС, го признаваат македонскиот јазик без додавки.Мицкоски одговори дека Македонија ќе ги почне преговорите „но не како модерни Македонци“, предупредувајќи дека суштината на предложените амандмани е креирање нов топоним – „модерен македонски јазик“ и „модерен македонски идентитет“. Тој истакна дека такви формулации никогаш досега не постоеле во извештаите на Европскиот парламент и го нарече тоа закана по националниот идентитет.Премиерот посочи дека неговата Влада активно работи со европратеници и со меѓународни партнери за амандманите да не поминат на пленарната седница од 7 до 10 јули.Филипче возврати дека за време на владеењето на СДСМ, за идентитетот и јазикот никогаш не се преговарало и побара политичко единство со цел да се спречи евентуално усвојување на спорните формулации.Во репликата, Мицкоски го повтори ставот дека проблемот не е во Уставните измени, туку во континуираната политика на негирање на македонскиот народ и неговото право на идентитет.

Македонија | пред 5 месеци

Venko-Sobranie-SDSM-2

Филипче до Мицкоски: За јазикот и идентитетот никогаш не се преговарало, тие се потврдени со документи во ЕУ

На денешната седница на пратенички прашања, потпретседателот на СДСМ Венко Филипче се обрати со сериозно предупредување до премиерот Мицкоски и Владата во врска со најавите за можно прифаќање на амандман во Европскиот парламент што би го релативизирал статусот на македонскиот јазик.„Се поставува прашањето: дали е загрозен јазикот и идентитетот?“ – праша Филипче.Тој потсети на конкретни документи кои јасно го утврдуваат македонскиот јазик како рамноправен, без какви било условувања.„Ќе цитирам неколку документи кои што се дел и од францускиот предлог, и од документи од Европската унија, и заклучоци донесени тука, во Собранието, во 2022 година. Првиот документ се заклучоците на ЕУ за отворање на преговорите со Македонија и Албанија, без никакви услови за јазикот и идентитетот.Понатаму, самата Преговарачка рамка, каде македонскиот јазик е експлицитно наведен, без никакви додавки, ѕвездички или фусноти. И потпишаниот договор со ФРОНТЕКС – на чист македонски јазик,“ рече Филипче.Тој предупреди дека за првпат постои реален ризик во Европскиот парламент да помине извештај со нејасно означување на македонскиот јазик.„Во Европскиот парламент, за првпат има сериозен ризик да помине извештај во кој што јазикот некако дополнително се означува. Ние направивме силна кампања во 2022 година. Тогаш беше едностран, напишан тој извештај од тогашниот известувач за Македонија – тоа беше бугарскиот европратеник Ќучук, кој што го запревме,“ рече Филипче.Тој подвлече дека било какви измени што би довеле до нови условувања или дополнувања пред македонскиот јазик се директно спротивни на собраниските заклучоци.„Поради тоа што таква додавка пред македонскиот јазик и нација оди спротивно на заклучоците кои што ова Собрание ги донело – а тоа е дека во ниту еден контекст, во ниту еден момент, ниту за јазикот, ниту за културните, ниту за историските одредници – никој нема право да преговара. За јазикот никогаш не се преговарало. Тоа биле нашите црвени линии. И затоа е таков – чист – јазикот: без фусноти, без додавки, без ништо. И таков е и така е во буквално сите документи,“ рече Филипче.На крај, тој апелираше до премиерот за итна институционална реакција и координација.„И последната работа – во однос на тоа што сега се случува во Европскиот парламент: тогаш, премиере, ни треба сериозна координација на ниво на Парламентот. Сите институции да ги обединиме силите за таков амандман да не помине во Европскиот парламент. Поради тоа што веќе се содржи во сите документи кои што ги гласало ова Собрание – дека таква работа не смее да се случи,“ истакна Филипче.

Македонија | пред 5 месеци

Нема фотографија

Филипче од Кавадарци: ВМРО-ДПМНЕ им го сврте грбот на лозарите – укинати субвенции, стопирани програми

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска во Кавадарци, имаше средба со лозари, на којашто се разговараше за состојбата во земјоделството, посебен акцент на отсуството на развојни мерки од страна на Владата на ВМРО ДПМНЕ за поддршка на лозарството како извозно оринетирана гранка.Во обраќањето пред лозарите, Филипче посочи дека за една година ВМРО ДПМНЕ ги понижи и осиромаши сите земјоделци вклучително и лозарите. Во делот лозарството и винарството, не само што не се донесоа развојни мерки, туку се скратија и постоечките добри мерки донесени од Владата на СДСМ, како авансната исплата, стопирана е и програмата за мали винарии и дестилати, укината е субвенцијата за високо квалитетно грозје и намалена е поддршката за саемски манифестации за промоција.„ВМРО ДПМНЕ беа гласни за земјоделците пред изборите, ветуваа се и сешто, а само за една година покажаа дека не го вреднуваат ниту трудот на земјоделецот, ниту ги интересира развојот на земјоделството особено на стратешките гранки како што е лозарството и винарството. Ги стопираа програмите за финансирање на мали семејни винарии. Ланската 2024 година е прва година кога немаше субвенции за килограм предадено винско грозје, додека претходните години беше по 2 или 3 денари за килограм во зависност од приносите на грозје во тековната година. Во програмата за субвенционирање на лозарството укината е и мерката за субвенционирање на хектар лозов насад во висина од 60.000 денари по хектар за производство на грозје за високо квалитетни вина, што како мерка беше во програмата за субвенционирање во 2024 година“, рече Филипче.Говорејќи за потребата од поддршка на лозарството и винарството како наши извозни се стратешки гранки, Филипче потсети дека Владата на СДСМ во својот мандат, заедно со лозарите, со винариите, донесе низа мерки и нови политики за поголема поддршка на овој сектор.„Со Законот за вино се загарантираа најниските откупни цени на грозјето, и како резултат на овие измени во 2024 година се постигна највисока просечна откупна цена кај сите вински сорти. Се олеснија условите за формирање на мали семејни винарии кои дотогаш не беа во можност да се формираат и регистрираат како такви. Воведовме нови програми за поддршка на малите винарии, беа доделени над 150 грантови од по 10 илјади евра, за набавка на опрема и за модернизација на малите семејни винарии. Лозарите беа опфатени и со мерката за субвенции за зелена нафта и со моделот за авансна исплата на субвенциите“, рече Филипче.На средбата, Филипче посочи дека благодарение на успешноста на мерките на СДСМ се потврдува со фактот што Македонија стана број еден извозник на вино во регионот и 13-ти извозник на вино во светот. При тоа, Филипче порача дека СДСМ секогаш ќе биде на страната на сите земјоделци и ќе нуди мерки не само за вреднување на нивниот труд, туку и за зголемување на домашното производство на земјоделски производи. Тоа како што кажа, подразбира и силна поддршка за лозарството и производството на вино, што е една од најзначајните гранки во нашата земја, со стратешка економска важност.

Македонија | пред 6 месеци

filipce-51

Филипче: Шамарот за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените европски сојузници е дебакал и пораз за дипломатијата и Владата

„Собранието во јули 2022 година има донесено заклучоци со кои што тогашната, но и секоја следна влада ги обврзува дека за јазичните, културните и идентитетски одредници ниту една влада не смее да преговара, ниту пак да се преговара за македонскиот јазик така како што е веќе прифатен во преговарачката рамка во рамките на францускиот предлог, а е потврден од сите земји членки на Европската Унија и, впрочем, е потпишан договорот со ФРОНТЕКС. Значи, чист македонски јазик без никакви забелешки, без никакви фусноти“, рече Филипче, додавајќи дека ова е една борба којашто и премиерот и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да ја прикажат како своја борба за македонски јазик, меѓутоа таа борба е завршена.Притоа, Филипче посочи дека на овој начин ВМРО-ДПМНЕ сериозно ги загрозува нашите преговарачки позиции. Тој потсети на заклучоците донесени во 2022 година од страна на Собранието, за кои што, впрочем, ВМРО-ДПМНЕ тогаш во тогашниот состав не гласале против.„Тука јасно пишува дека се задолжува Владата на Република Северна Македонија и целокупниот тим доследно да се придржува кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ како елементи за кои не се преговара со Европската Унија. Понатаму во текстот, дека Владата нема да прифати да разговара за поинакво решение за македонскиот јазик од тоа што е наведено во преговарачката рамка, а таму јасно стои чист македонски јазик. За жал, сметам дека ова што го прави и премиерот и Владата предводена од него, во која учествуваат и ВЛЕН и ЗНАМ, сериозно ги нарушува нашите преговарачки позиции. Оваа борба Владата на СДСМ ја доби – го потврдивме македонскиот јазик, чист македонски јазик“, рече Филипче.Како што кажа Филипче, фактот што Владата дозволува воопшто да има дебата за македонскиот јазик, и дополнително што тие амандмани кои што денеска на Комитетот не се поминати, но според најавите ќе бидат поднесени на пленарната седница на почетокот на јули, доаѓаат од сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ, е еден сериозен пораз за нашата дипломатија и за Владата.„Ние и во текот на изминатиот период, претходните денови, нормално и на пленарната седница сме целосно координирани со европарламентарците од групата на социјалисти и демократи, коишто се свесни што Владата сака да направи, каков ПР да прикаже – едноставно, таа борба којашто е залудна и целосно непотребна за нешто што ние сме го обезбедиле целосно претходно, а Собранието тоа го потврдило, сега сакаат да ја прикажат како некоја нивна победа“, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 6 месеци

23.06.2025

Мицевски: Со молкот Филипче призна, тој стои зад тепачот Акиов од Кочани, не смее да му побара оставка за да не излезе на виделина сè

Венко Филипче со денови молчи и не смее да побара оставка од советникот тепач од Кочани, кој повреди вработена во општина Кочани во текот на неговото дивеење на седницата на Советот минатата недела.Тепачот Акиов е човек од доверба на Заев, планот Акиов да почне со правење на тензија и ескалација на состојбите во Кочани го дал токму тој, на состанокот со Филипче во Дубаи.Филипче само спроведува тоа што Заев му кажал.Венко Филипче не смее да побара оставка од тепачот Акиов затоа што истиот може лесно да каже по чија наредба делувал.Планот на Заев пропадна, Филипче не успеа да ја зоврие состојбата во Кочани до ниво на ескалација.Тоа што Заев и Филипче, не се откажуваат од тепачот Акиов, е јасен знак дека обидите за ескалација во иднина ќе продолжат.Ги повикуваме сите граѓани и општествено политички чинители, да не наседнуваат на пропаднатите обиди на Заев и Филипче да се спасат политички преку сеење омраза и страв кај народот во Кочани. Обидите им се јалови.

Македонија | пред 6 месеци

Venko-tribina-SDSM-3

Филипче: СДСМ останува на страна на граѓаните, Владата изгуби контакт со реалност

Во обраќање кон сите разочарани и скептични граѓани, Венко Филипче упати јасна порака – СДСМ не е иста со ВМРО-ДПМНЕ. Оваа борба не е само за власт, туку за вредности, вистина и еднаквост.– Сакам да им се обратам на оние кои велат „сите се исти“ или „во СДСМ нема промена“. Не сме исти. Не се исти оние кои вртат глава кога ќе се пожалите на тешка живеачка и оние кои понудија решенија за повисоки плати и пониски цени. Не се исти оние кои ветуваа правда, а испорачаа селективна правда – и оние кои секојдневно нудат решенија и реформи со кои секој политичар или функционер еднакво ќе одговара пред законот. Не се исти оние кои понудија решенија за траен развој на Македонија интегрирана во Европа – и оние кои решија да фрлат сè на буниште заради сопствените политички и бизнис интереси. За крај, не се исти оние кои кога беше најтешко во изминатите седум години искрено стоеја пред вас и ги решаваа проблемите – и оние кои за секој проблем ја обвинуваат опозицијата или манипулираат дека проблемот не постои, истакна Филипче.Тој нагласи дека СДСМ стои на истата страна каде што стоел и пред 80 години – на страната на луѓето.– Затоа, денес, како и пред 80 години, кога хероите на АСНОМ ја запишаа основата на македонската државност, СДСМ стои таму каде што отсекогаш стоел – на страната на граѓаните.Се бориме за Македонија на еднакви луѓе, со еднакви шанси. За слободна земја, каде правото важи за сите, а достоинството не се мери со партиска книшка. Се бориме за идентитетот кој не се злоупотребува за евтин политички профит, туку се чува, се унапредува и се промовира во светот. СДСМ е гласот на оние кои не се слушнати. Потпора на оние кои се оставени по страна. СДСМ е партија што не калкулира со вистината, туку ја брани и кога таа е тешка и болна. Нашата борба е борба вредности, за Македонија која е праведна, солидарна и слободна. СДСМ е таму каде што секогаш сме биле – меѓу луѓето. Со корени длабоко втемелени во историјата, но со поглед кон иднината, заклучи Филипче.

Македонија | пред 6 месеци

Venko-tribina-SDSM-1

Филипче: Во администрација се вработува само со списоци, сите останати граѓани се понижени и дискриминирани

Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ не само што не ја рационализираше администрацијата, туку ја претвори во продолжена рака на партиските штабови. Вработувањата се политички награди, не резултат на квалитет и труд. Ова го истакна Венко Филипче на трибината „Македонија понижена – Една година Влада“.– Ветуваа ред и рационализација во администрацијата. Ветуваа мерит-систем. Што добивме? Нови министерства, илјадници нови партиски вработувања, листи за вработување по штабови кои се споделуваат на социјалните мрежи, рече Филипче.Тој нагласи дека партизацијата на институциите е официјализирана, а партиската книшка е главна квалификација за работа во државата.– Нивните функционери отворено кажуваат дека вработувањата во болниците и секаде на друго место се само по партиска заслуга. Тоа го кажуваат гордо, без срам – како да е нормално, посочи Филипче.Според него, администрацијата денес не е сервис на граѓаните, туку огледало на системот на ВМРО-ДПМНЕ.– ВМРО-ДПМНЕ ја претвори администрацијата во огледало на нивниот систем: хаос под контрола, сервилност наместо компетентност, заклучи Филипче.

Македонија | пред 6 месеци

filipce

Филипче со жестоки обвинувања за Мицкоски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, остро го нападна премиерот Христијан Мицкоски, нарекувајќи го симбол на неисполнети ветувања, политичка хипокризија и опасни амбиции за авторитарно владеење. Во своето обраќање на Фејсбук, а откако Мицкоски го нарече предавник, Филипче го оцени слоганот „Најдоброто допрва доаѓа“ како навреда за интелигенцијата на граѓаните.„Што допрва доаѓа? Не беа доволни четири години локална и една година централна власт за да се види барем еден резултат?“, праша тој, обвинувајќи го Мицкоски за лаги и неспособност.Филипче се осврна и на економијата, велејќи дека Македонија, според Евростат, има најлош животен стандард во Европа, со стагнирани плати и инфлација, а Владата на ВМРО-ДПМНЕ, според него, ужива во луксуз и непотребни трошоци.„Се лета со приватни авиони, се јаде папаја и манго, а народот едвај врзува крај со крај“, истакна лидерот на СДСМ.Тој го прозва Мицкоски и за, како што рече, „тајниот договор со Бехтел и Енка“, прашувајќи зошто уште нема тужба, и кој се вградил со проценти, откако Трајко Славески признал дека цената ќе порасне од 1,3 на 2 милијарди евра.Во најостриот дел од настапот, Филипче го обвини премиерот за авторитаризам и нарушување на демократскиот поредок:„Мицкоски сака да воспостави диктатура. Тоа не е ‘кодошење’, туку патриотизам – борба против врховизам и предавство.“Во обраќањето, тој не го поштеди ни начинот на кој се третира културното наследство, прашувајќи „нели му беше срам на Мицкоски да се вози по дупките до Хераклеја“ и посочувајќи на запуштеноста на локалитетот во Битола, каде, според него, ВМРО-ДПМНЕ владее веќе четири години.Филипче најави дека јавноста ќе слушне имиња на финансиери и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ кои, како што вели, се поврзани со трагедии и криминал, а кои досега биле чувани во тајност.

Македонија | пред 6 месеци

zaev-filipce-1

Обвинителството да отвори постапка за криминалниот круг Филипче - Заев - Зобек мининг, бара Петрушевски

„Фрапирани сме од молкот во СДС и кај Венко Филипче, за неговата фирма во Бугарија, џипот купен од фирма која на тендер носела јаглен во ЕСМ и фирмите на Заеви кои инкасирале 9 милиони од истиот тендер, а се поврзано со улицата Гоце Делчев бр. 12 во Петрич“, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и додава:Венко Филипче сега кога е претседател на СДС е сè уште и управител на бугарска фирма.Истата таа бугарска фирма на Филипче дели канцеларија со фирмата на Заев која наплатила 9 милиони евра за ископ на јаглен во Грција од фирмата која го продавала на ЕСМ.Фирмата која го продавала јагленот на ЕСМ е фирмата која му го купи луксузниот џип ауди Q8 на Венко Филипче.Овој криминален круг, Заев, Филипче, Зобек мининг мора да биде растурен.Очекуваме ЈО да отвори постапка. Премногу очигледни и на тацна се сите давања и земања, и многу лесно се гледа политичкото влијание. А наградата, џипот за Филипче е крунски доказ, од каде почнува се.ЈО да не молчи. Постапка веднаш. Во спротива ќе се испостави дека се само заштитници на криминалците од СДС.

Македонија | пред 6 месеци

Venko-SDSM-Kocani-1

Власта не испорача правда, не испорачува здравство – а ги навредува родителите кои бараат достоинство, вели Филипче од Кочани

Од Кочани, пред членовите на СДСМ и граѓаните, Венко Филипче остро ја критикуваше актуелната власт за неспособноста да се справи со последиците од трагедиите, за немањето одговорност и за бруталниот однос кон граѓаните кои бараат правда и достоинство.„Бевме внимателни, бевме емпатични кон луѓето. Комунициравме нејавно, со цел да не нѐ обвинат за политизација. Им се наоѓавме, прашувавме што и да треба, и сѐ што можевме – помогнавме“, рече Филипче.Тој подвлече дека СДСМ покажала што значи одговорно политичко дејствување, без обиди за политичка корист од трагедијата:„Не сакавме, буквално со ништо, по трагедијата да извлечеме каква било политичка корист.“Од друга страна, посочи Филипче, власта не само што не испорачала правда, туку целосно потфрлила и во здравствениот систем.„Што направи власта? Прво – не испорача правда. Понатаму – не испорачува здравствена услуга. Луѓето имаат реален проблем, а тие им го нудат центарот ‘Пониква’ за некаква рехабилитација. Во ‘Пониква’ не можеш ни на одмор да одиш, а не пак да третираш толку сериозни медицински состојби,“ истакна Филипче.Особено срамно, рече тој, е обвинувањето на родителите кои бараат правда:„Ќе ги обвинуваат родителите дека биле инструмент на некоја политичка партија. Тие луѓе, коишто не спиеле со недели, шокирани од она што им се случи – ги нарекуваат со погрдни зборови, за кои ви гарантирам дека дури и не знам што значат.“Филипче го осуди и односот на ВМРО-ДПМНЕ кој, како што рече, на денот кога родителите протестираат, организира партиски настан со пиротехника:„Во таква ситуација, врв на безчувствителност е – на денот кога родителите протестираат – да организираш настан на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и да запалиш пиротехнички средства.“СДСМ останува на страната на граѓаните на Кочани, на страната на вистината и одговорноста. Ќе продолжиме да се бориме за правдата да излезе на виделина а граѓантие и родителите да добијат соодветен третман.

Македонија | пред 6 месеци

ponikva1111

Филипче за рехабилитрањето на повредени: Во „Пониква“ не можеш ни на одмор, а не пак на лекување

Во фокусот на јавноста повторно се најдоа реакциите за третманот на повредените од трагедијата во Кочани, откако пратеникот и лидер на СДСМ, Венко Филипче, жестоко ја критикуваше Владата за, како што рече, несоодветен одговор на здравствените потреби на настраданите. Според него, обидот да се користи туристичкиот објект „Пониква“ како рехабилитациски центар е не само неефикасен, туку и понижувачки за жртвите. Од Владата, пак, велат дека објектот ќе биде адаптиран со дополнителен медицински кадар и апелираат политичките партии да не ја злоупотребуваат трагедијата за политички цели.„Што направи власта? Прво – не испорача правда. Понатаму – не испорачува здравствена услуга. Луѓето имаат реален проблем, а тие им го нудат центарот ‘Пониква’ за некаква рехабилитација. Во ‘Пониква’ не можеш ни на одмор да одиш, а не пак да третираш толку сериозни медицински состојби,“ истакна Филипче.Одморалиштето „Пониква“, лоцирано во Осоговијата, е туристички објект кој располага со 27 соби и капацитет од 56 легла. По трагедијата во Кочани, Владата најави дека објектот ќе биде адаптиран за рехабилитација на повредените, со обезбедување на дополнителен медицински кадар кој ќе пружа целосна здравствена нега. Оваа мерка е дел од владините напори за обезбедување континуирана здравствена заштита за настраданите, при што институциите тврдат дека се работи со целосна посветеност. Воедно, од Владата апелираат до политичките субјекти да се воздржат од, како што го нарекуваат, „политичко профитирање врз трагедијата“ и случајот да го остават во рацете на надлежните институции.

Македонија | пред 6 месеци

VenkoFilipceSDSM

Филипче: Бугарија треба да каже дека нема да има барања на непринципиелна основа

Бугарија треба да каже дека нема да има барања на непринципиелна основа, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на маалска средба во Прилеп.„Бугарите треба да направат навистина еден чекор, еден нивни сосед којшто имаа аспирации да стане земја членка во Европска Унија да се однесуваат по европски. Ако ние стравуваме дека утре може да има некаква блокада на непринципиелна основа, на основа на јазикот, идентитетот итн нека покажат европско однесување и нека кажат дека нема да го има. Толку. Нека кажат не, ние сакаме нашите соседи да се во Европа, еве ќе ви дадеме поддршка, не се грижете нема да има такви барања. Е тоа е вистинска добрососедска политика не само да притискаш некого што е помал и послаб од тебе“, рече Филипче.Тој додаде дека СДСМ работи и лобира кај сестринските партии од ПЕС за поддршка на извештајот потенцирајќи дека благодарение на храбрите и државнички политики на владите на СДСМ, денес македонскиот јазик е признат во ЕУ.„Ние нашиот идентитет и јазикот го потврдивме. Се потпиша договор за првпат со Европска унија – Фронтекс договорот, на македонски јазик, нема ѕвездички, нема фусноти – е тоа е патриотизам,“ порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања