„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

филипче

filipce-sobranie3

Филипче: Не чувствувам вина за „Онкологија“

Претседателот на СДСМ и ексминистер за здравство, Венко Филипче, рече дека не чувствува вина за случувањата во „Онкологија“, за кои двајцата поранешни директори Нино Васев и Нехат Нухи добија обвиненија. Одговорот доаѓа по прес-конференциите на ВМРО-ДПМНЕ, кои го обвинија Обвинителството за селективност при постапувањето, бидејќи Филипче не е на листата со лица кои се обвинети.„Вина не чувствувам апсолутно. Добро е да ја знаеме вистината. Да видиме што ќе покаже судскиот процес. Излезе на виделина лажната кампања која ВМРО-ДПМНЕ ја водеше преку анкетната комисија. Сите ингеренции на Министерството, се извршувани, дури и во најтешките ковид времиња. Сметам дека апсолутно секој, ако го прекршил законот, треба да одговара“, рече Филипче.Поднесени се две обвиненија за случајот „Онкологија“. Деталите прочитајте ги тука:

Македонија | пред 6 месеци

filipce

Славески како гувернер ќе следи партиски директиви, а не реална монетарна политика, вели Филипче

Трајко Славески, како гувернер на Народната банка, нема да биде независен и нема да води вистинска и балансирана монетарна политика.Ова е оценката на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за одлуката на претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, Славески да го предложи за гувернер.Со ваквиот предлог, според Филипче, ВМРО-ДПМНЕ докажува дека при одлучувањето и водењето на државата нема интерес да им служи на граѓаните, туку на сопствените теснопартиски интереси.„Со предлогот Трајко Славески да биде гувернер на Народната банка, и последната институција која ја водеше експерт ќе биде партизирана“, вели Филипче.Според него, ваквиот избор ќе ја доведе во ризик целата макроекономска политика, бидејќи, како што истакна, Славески нема да води монетарна политика каква што ѝ е потребна на државата, туку ќе ги следи партиските директиви.Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, попладнево е со членовите и граѓаните на Желино, Брвеница и Гостивар.

Македонија | пред 7 месеци

filipce-sdsm-co-2

Не се свесни за револтот и гневот кај луѓето, граѓаните ќе го кажат резултатот на локалните избори, вели Филипче

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, вели дека граѓаните ќе кажат каков ќе биде резултатот на локалните избори, а откако, премиерот Христијан Мицкоски им прогнозираше дека нема да освојат ни еден градоначалник. Филипче смета дека има револт кај граѓаните.„Чаурата на власта каде се наоѓа, е сѐ потесна. Не се свесни за револтот и гневот кој луѓето го чувствуваат. Заради платите, трошоците, притисокот кој го прават на фирмите, немањето на поврат на ДДВ, револтот кој се излива на улиците по трагедијата во Кочани каде загинаа 62 деца. Никој не ги примил и сослушал родителите кои имаат што да кажат и побараат“, рече Филипче.Тој додаде дека не бил поддржан ниту законот на СДСМ за Кочани, во кој немало политика, туку само помош.„Каков ќе биде резултат на локалните избори, може да кажат граѓаните. Дали сакаат да живеат во ваква, на периферија во Европа, задолжена до гуша, со камати или проспритетна и европска“, додаде Филипче.

Македонија | пред 7 месеци

filipce-414213

СДСМ одговори дали Филипче има инвестиции во Дубаи

„ВМРО-ДПМНЕ во целосна безидејност продолжува да лаже иако претседателот на СДСМ, Венко Филипче јасно кажа дека не поседува никакви инвестиции ниту имот во Обединетите Арапски Емирати. Филипче поседува виза која не е добиена на основ на никакви инвестиции или сопственост на имот. ВМРО-ДПМНЕ наместо да лаже во континуитет и да се обидува да дефокусира, треба да почне да реализира нешто за граѓаните кои од оваа власт осврн неспособност, лаги и напади на опозицијата ништо друго не виде веќе цела година“, велат од СДСМ.Претходно, ВМРО-ДПМНЕ праша „Филипче да каже со која болница преговарал за да добие виза?“.“Филипче да каже со која болница преговарал за да добие виза? Филипче молчи за потеклото на златната виза за Дубаи, која може да се добие само преку инвестиции. Филипче 3 месеци ја лаже македонската јавност. Прво велеше дека нема виза, па потоа призна дека има. Овие менувања на ставови на Филипче, не се нови. Лаги и менување на ставови на дневна основа, правеше неговиот ментор, Зоран Заев. Филипче како чирак и ученик на Заев, продолжува по неговите стапки. Ем лаже, ем манипулира, ем златна виза за Дубаи. Македонската јавност заслужува одговори. Филипче мора да одговори на тоа од каде му е нему златна виза и како дошол до неа? Дали има приватен бизнис кој го крие од јавноста? Дали можеби Филипче има удел во бизнисот на Заев за градење 50 катница во Дубаи? Филипче и Заев треба да се минато во македонската политика и да одговараат за нивните предавства и криминал. Филипче, Заев и СДС се синоним за неспособност, криминал и предавство“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2024-05-12-at-12.28.42

Влегува во Собрание законот за помош на семејствата од Кочани, но и за семејствата кои имаат загинати во другите трагедии

СДСМ ќе поднесе закон со кој би им се помогнало на семејствата од Кочани, но и на семејствата кои имаат жртви од претходните трагедии. Венко Филипче, лидер на партијата, посочува дека законот не е за политизирање на трагедијата, кажа дека е спремен да седне со ВМРО-ДПМНЕ и јавно побара поддршка.„Изготвивме предлог-закон кој мислам дека е добар. Има финансиска надохнада за тие кои загубија членови, има за тие кои сега се на лекување. Ќе го поднесеме во редовна собраниска процедура, за повеќе чинители да дадат коментари. Се осврнуваме во еден дел и на претходните трагедии - Ласкарци, Тетово, Беса транс.Имаше коментар дека нема да го поддржат законот од ВМРО-ДПМНЕ, но верувам дека не е тоа апсолутно знак дека не сакаат да им се помогне на семејствата.

Македонија | пред 7 месеци

filipce

Осудени се на неуспех, прашање на време е кога ќе се распадне владејачката коалиција, вели Филипче

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, вели дека тоа што се случува во владејачката коалиција укажува дека единствено што ги води се финансиските интереси, а не вредности. Според него, тие немаат идеја ниту визија како да ја водат државата напред.„Осудени се на неуспех, прашање на време е кога ќе се распадне. Како ќе се одвиваат работите тоа не е наша работа. Се подготвуваме за локалните избори, бараме партнери, каналите за комуникација се отворени“, рече Филипче.Тој додаде дека е подготвен и за парламентарни избори.Филипче вели дека има пад на гласовите на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа го утврдиле преку теренска анкета.„Дојде на власт со лажна патриотска кампања, ја заглави државата. Граѓаните ја кажаа пораката на претходните избори, ние како ново раководство ги имплементиравме насоките“, додаде тој.

Македонија | пред 7 месеци

VenkoFilipceSDSM

Филипче: Македонскиот јазик е нашиот глас во светот, нашата татковина дома

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска упати честитка до граѓаните, по повод 5 Мај - Денот на македонскиот јазик. Филипче порача дека македонскиот јазик е коренот на идентитетот и нашиот најсилен меѓународен промотор."Македонскиот јазик е нашиот код, коренот на нашиот идентитет. На овој ден им оддаваме должна почит на сите создатели на македонскиот литературен јазик.Денес, македонскиот јазик е признат и рамноправен во Обединетите нации и во Европската унија. Тоа е резултат на посветена државна политика и јасна визија.Владата на СДСМ, токму денешниот ден го прогласи за Ден на македонскиот јазик, во чест на 5 мај 1945 година кога е усвоена азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо.Со потпишувањето на договорот со ФРОНТЕКС на чист македонски јазик, македонскиот јазик е вграден во европското законодавство и поставен рамо до рамо со сите европски јазици.Наша обврска и на сите идни генерации е да го чуваме и негуваме нашиот македонски јазик. Не затоа што мораме, туку затоа што знаеме што значи да го имаш својот глас во светот.Како што велеше Блаже Конески:„Сè додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината“.,порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 7 месеци

att.M4z3QghkUDHG_w_C07-BqNtaugnIdnHTr_Dfl89bHko

(Видео) Филипче од Кочани: Секоја политичка партија има некаква одговорност, веќе нема оправдување

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче учествуваше на денешната аукција организирана од SupportKocani. Тој купи неколку уметнички дела, а спомна дека парите ќе бидат донирани за повредените. По аукцијата, рече дека време е да се седне со сите политички чинители за да се зајакне системот.Тој во изјава за „Скопје1“, рече дека со претседателката Сиљановска-Давкова ќe се сретнат по првомајските празници,  а се согласи дека секоја политичка партија од изминатите 30 години има некаква одговорност.„Веќе нема оправдување, нема потреба за одлагање, нема изговор дека нема буџети, ова треба да биде приоритет, ова е најголемиот тест на државата и одговорните чинители, како се менаџира ваква криза по ваква голема трагедија“, рече Филипче.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-04-06-at-21.17.50

Филипче по победата во СДСМ: Почнуваме со анкети за локални, но и борба со најнеспособната Влада

Старо-новиот претседател на СДСМ, Венко Филипче, се заблагодари за довербата на членовите и посочи дека се подготвуваат за локалните избори, како и за борба со Владата. Тој посочи дека Владата е неспособна, а за локалните избори најави лица кои ќе имаат кредибилитет.„Ова не е само моја победа, туку заедничка победа, на сите членови на СДСМ кои искрено веруваат во правичноста, напредокот, еднавкоста. Тоа што добив дупло повеќе гласови од претходниот пат е потврда дека нашата интензивна работа дава резултат. Ова е доказ дека изборниот процес не е технички организиран, туку членовите веруваат во нашите политики. И така ќе продолжиме, секојаидеја ќе биде добро анализирана, скеој ќе биде слушнат, а ако е добра ќе биде вградена во нашите политики“, рече Венко Филипче, реизбраниот претседател на СДСМ.Тој рече дека првата борба се локалните избори, па најави дека почнуваат со анкети помеѓу членството, но и граѓаните. Прашан дали ќе има коалиција со ДУИ, Филипче рече дека засега немаат разговори.„Во следниот период почнува сериозната припрема за локалните избори. Ќе ги избереме луѓето кои најдобро ќе нѐ претстават, луѓето кои ќе имаат кредибилитет да излезат во своите средини, пред своите пријатели и познаници, луѓе на кои ќе може да се верува дека ќе ги исполнат програмите. Ќе се бориме во многу општини со политичкиот противник ВМРО-ДПМНЕ. За жал, нивните градоначалници не ги водат општините како што треба, нема проекти за доброто на граѓаните. Тоа го гледаме преку Градот Скопје, видете на што ни личи метрополата. Нема редовен превоз, нема чисти улици, нема проекти“, рече Филипче.Посочи дека втората тешка борба е борбата со Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН, ЗНАМ.„Понеспособна Влада државава немала никогаш до сега. Затоа имаме обврска кон граѓаните да покажеме дека сме спремни, дека умееме и знаеме да се бориме за доброто на државата, дека ќе ја вратиме на европскиот пат. Нема ни една област и свера во која добро се случува“, додаде Филипче.Тој и порача на Владата дека СДСМ е силна, спремна и консолидирана, дека се враќаат на победничите патеки.

Македонија | пред 8 месеци

filipce-51

СДСМ денеска бира нов лидер, Филипче единствен кандидат

Опозициската СДСМ денеска одржува редовни внатрепартиски избори за претседател на партијата. Единствен кандидат за оваа функција е актуелниот партиски лидер Венко Филипче.Гласањето е започнато на 78 избирачки места во општинските организации на СДСМ ширум државата.Избирачките места ќе бидат отворени до 20:00 часот, а за спроведувањето на изборниот процес е задолжена Централната изборна комисија.На Избирачкиот список, се запишани 23.712 активно регистрирани членови.Обезбедени се сите потребни услови за непречено спроведување на изборниот процес, вклучително и избирачки материјал, паравани, кутии и ознаки, велат од партијата.

Македонија | пред 8 месеци

488366549_1265087844974443_7582857681384180941_n

Филипче не стравува од реотворање на случајот за пожарот во модуларната болница во Тетово: Јас тоа го поддржувам

Претседателот на СДСМ и пратеник, Венко Филипче, не стравува од одговорност ако се реотвори случајот за тоа како изгоре модуларната болница во Тетово, но и случајот за нивната изградба. Тој даде поддршка да се направи тоа.„По тој случај јас поднесов оставка од морални причини. Ако ме прашувате лично, не стравувам од ништо. Ако било кој смета дека треба да се отвори било кој случај, јас тоа го поддржувам“, одговори кратко Филипче.Тој беше прашан дали Зоран Заев направил добри работи додека бил чело на партијата и Владата.„Од една партија која губеше многу избори Заев ја донесе партијата до владеење. Реши повеќедецениски проблеми на државата кои нас нѐ донесоа на меѓународната сцена, да бидеме во НАТО. Дали беше лесно? Не. Не беше ни мала жртвата. некој требаше да го направи тоа. Гледајќи и низ оваа призма кога треба да решаваме напластени проблеми од минатото, да се запрашаме каде ќе беше Македонија ако во 90' го решеше проблемот со Грција? Апсолутно мислам дека со сите други полтиики, од социјалата и други сегменети на живеење, да“, одговори Филипче.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-04-03-at-15.55.53

Филипче и Мицкоски се договорија да соработуваат преку работни групи

Состанокот беше добар и конструктивен, оцени претседателот и пратеник од СДСМ, Венко Филипче по средбата со Христијан Мицкоски. Филипче рече дека се договориле со Мицкоски да формираат работни групи.„Имавме навистина конструктивен состанок со премиерот, сметам дека и до него е стигнато барањето од граѓаните за заедничка работа во некои свери за подобрување на квалитетот на живот. Договоривме да работиме на начинот, да форимираме тела и работни групи за спроведување на реформската агенда. Значи првичните закони во делот на правосудството, понатаму енергетиката и некои работи околу стратешките движења во здравството. Ова е првичен состанок, да видме каква ќе биде методологијата“, рече Филипче.Тој рече дека немаат договорено следна средба, но дека ќе делегира стручни лица од енергетиката и правосудството. Посочи дека очекува сите политички партии да седнат на маса за овие теми.„Разговаравме за Евроинтеграциите, имаме различни позиции, за ова дополнително ќе разговараме“, посочи Филипче.Според него, следен логичен чекор е лидерска средба.„Мислам дека со тоа што покажуваме свест, разум и слух за барањата на граѓаните и се обидуваме да воспоставиме нов модел на соработка во интерес на барањата на граѓаните, прво преку рефромската агенда, сметам дека е добар позитивен сигнал. Со ова сметам дека граѓаните треба да бидат свесни дека некој ги слуша нивните барања“, додаде Филипче одговарајќи на прашањето дали тој и Мицкоски имаат политички легитимитет.

Македонија | пред 8 месеци

429556923_786909476816831_8219045427397920325_n

Филипче влезе на состанок со Мицкоски: Јас сум внимателен оптимист

Во овој состанок нема етничка основа, рече лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој отиде на средба со премиерот Христијан Мицкоски. Тој од пред Владата посочи дека очекува конструктивен разговор.„Очекувам конструктивен разговор, навистина ми е драго што премиерот го прифати состанокот уште веднаш. Жалам што одредени политички партии уфрлија етничка димензија. Повикот за меѓупартиска средба е за сите партии. Ќе поразговараме за темите кои сметам дека заеднички треба да се менаџираат. Темите ги нафрлив вчера, денеска ќе се обидам подетално да му ги објаснам, така како што мене ми е размислувањето. Отворен сум да разговараме за сите опции. Внимателен оптимист сум“, рече Филипче.Иницијатор на средбата беше Филипче, кој претходно истакна свои барања и рече: „Системот очигледно на многу места не функционира како што треба, јавните сервиси немаат прерформанс каков што граѓаните навистина заслужуваат и за тоа вина имаме сите политички партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, другите политички партии на Албанците и останатите партии. Сметам дека, слушајќи го овој аларм и барањата од граѓаните, потребно е да се направи еден систем, една нова форма на политички и општествен дијалог во кој ќе се вклучат сите политички партии пред сè најголемите и секако други чинители во општеството со цел да се изготват стратешки документи врз основа на кои ќе се направи стратегија врз основа на која државата ќе функционира повеќе од една деценија, деценија и пол или две децении – многу повеќе од мандатот на која било влада и партија или коалиција која ќе ја води. Во некои области очигледно мора да знаеме каде одиме“.

Македонија | пред 8 месеци

mitskoski-filipche

Филипче ќе бара состанок со Мицкоски, премиерот е спремен да седне со него и на полноќ - темата ќе бидат системските слабости

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче повика премиерот Христијан Мицкоски на тет-а-тет средба, а потоа и на лидерска средба. Мицкоски пак, му одговори дека е спремен да се сретнат ако треба и на полноќ. Филипче смета дека треба да разговараат по трагедијата во Кочани, бидејќи, според него, системот на многу места не функционира и јавните сервиси немаат перформанс каков граѓаните засложуваат.„Јас ќе побарам состанок уште денеска или утре согласно агендите да ја организираме таа средба. Сега дадов малку подетално објаснување и се надевам дека кога политичките партии ќе го слушнат ова навистина ќе ја прифатат таа лидерска средба, но добро е прво тоа да го разговараме со премиерот имајќи предвид дека тој прв подаде рака и одговори дека средбата е прифатлива. Навистина не знам што од она што го кажувам како концепт би било неприфатливо или некој не би сакал да разговара кога тоа е констатација на секој еден граѓанин во државата“, рече Филипче.На ова, одговори Мицкоски.„Јас во една моја изјава кажав дека ова сериозна тема, а за сериозна тема се седнува и се разговара. Непристојно е преку медиуми да се разговара. Ако има план, подготвен сум да го примам на средба претседателот на СДСМ, за да го образложи планот. Ќе го прераспределам мојот распоред, на полноќ на полноќ, кога треба.. Ако планот има пристап ‘стабри’ (фантом фирма за која ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека била планирана од Заев и Филипче за книжење провизии од кинеските вакцини), тогаш таков план не можам да прифатам“, врати Мицкоски.Филипче ги оправда револтот и бесот на граѓаните бидејќи, како што рече, она што се нарекуваат реформи и транзиција очигледно не го дале посакуваниот резултат повеќе од три децении наназад.

Македонија | пред 8 месеци

puls-35-1

Филипче: Истрагата за Кочани досега се води селективно

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, порача дека СДСМ дава поддршка на институциите да ја завршат истрагата за трагедијата во Кочани професионално и транспарентно, но дека целиот процес се води селективно.Филипче потенцираше СДСМ во следниот период ќе следи како се одвива истрагата и ќе реагира доколку продолжи со истата тенденција на селективност.„Најодговорните во МВР коишто имале ингеренции и на денот на случување на трагедијата и на самото место, не преземале одредени дејства кои требало и можело да ги преземат. Вчера на Извршниот одбор на СДСМ донесовме заклучок дека ќе ја следиме истрагата, ќе го пратиме процесот како се води, и доколку оваа тенденција продолжи ќе побараме и Анкетна комисија и сите други механизми кои што ќе бидат на располагање“, рече Филипче.При тоа тој нагласи дека во оваа во оваа фаза кога истрагата се уште не е завршена, СДСМ укажува на одредени работи за кои што смета дека е водење на селективна правда и дека таа верига на настани како што ја нарекува Владата, не може да се запре само со поранешните функционери.Филипче посочи дека токму механизмите како анектената комисија може да бидат инструмент што ќе даде резултат во водењето на транспарентна и професионална истрага.„Истрагата се уште трае и можеби нешто во следниот временски период ќе има некаква интервенција во насока на тоа што ние заедно со правници го констатираме, дека треба да бидат пфатени и други лица со истрагата“, рече Филипче.Одговарајќи на новинарско прашање, во врска со независен кандидат за градоначалник на Кочани, Филипче појасни дека тоа е нешто за што треба да се разговара, но дека во ниту еден момент од трагедијата во Кочани не треба политички да се профитира и затоа предлогот е во таа насока.

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања