„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

mickoski-izjava

Мицковски: Да победи правдата, граѓаните треба да бидат гласни против лагите, корупцијата, невладеењето на правото

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски, по гласањето истакна:Најпрвин да го честитам денот, да го честитам и големиот христијански празник Цветници, денеска и така го започнав денот со литургија во „Св. Петар и Павле“, во црквата во Ѓорче, во близина на мојот дом.Денеска е практично ден кога граѓаните треба да бидат гласни, треба со ливчето со пенкалото во раката зад гласачката кутија, масовно да излезат и да одлучат еднашка засекогаш да бидат поразени неправдите во Република Македонија. Да победи правдата. И граѓаните треба да бидат гласни против лагите, корупцијата, невладеењето на правото, немањето на демократија во државата, нечесните политичари наместо честитоста и искреноста и принципиелноста.Така што денеска она кое што јас го очекувам е навистина еден убав демократски ден каде што граѓаните масовно ќе излезат и ќе се изборат за правдата наспроти оваа неправда која што е секојдневие. Оние таканаречени лаги кои што денеска ни ги пренесуваат политичките елити во Република Македонија од оние кои што се на власт.Така што еве посакувам еден успешен ден, ден во кој што ќе победи демократијата во Република Македонија, истакна Мицковски.

пред 6 години

Нема фотографија

Пендаровски: Граѓаните знаат дека не станува збор за индивидуален избор, туку станува збор за избор на концепт

Заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски откако го изврши своето граѓанско право и гласаше, истакна:Очекувам мирен и спокоен ден, впрочем како што и доликува на една европска и демократска држава. Очекувам висока излезност, затоа што граѓаните знаат дека не станува збор за индивидуален избор, туку станува збор за избор на концепт, според кој Република Северна Македонија треба да продолжи понатаму да се развива, и да стане за еден кус временски период дел од Евроатлантските структури, се разбира на крајот на денот, очекувам да оствариме убедлива предност, која ќе ни даде можност во вториот изборен круг, дефинитивно да ја добиеме масовната поддршка на граѓаните за патот кој Република Северна Македонија го изминува во изминативе две години, а тоа е подалеку од изолацијата и поблиску до Европа кадешто реално припаѓаме, истакна Пендаровски.

пред 6 години

Нема фотографија

Заев: Како одговорен граѓанин на нашата земја, излегов и гласав

Премиерот Зоран Заев по гласањето истакна:„Секој ваков ден на гласање е убав, и важен, кога граѓаните на најдиректен начин, на демократски начин, носат важни одлуки за својата земја.Гласањето е чест, право, и граѓанска должност.Денеска очекувам сите наши граѓани да изберат Претседател на Република Северна Македонија. Од сите нас се очекува сериозна одговорност доколку постигнеме две работи. Избереме успешо претседател на државата и секако избереме претседател којшто ќе не води напред. Сериозна зрелост ќе покажеме сите ако демонстрираме демократичност во нашиот избор, ако изборите бидат успешни, ако го држиме единството во нашата земја, и силно чекориме напред кон современиот свет, кадешто припаѓа нашата земја, Република Северна Македонија“, истакна Заев.

пред 6 години

guguceska

До 18:30 часот излегле околу 700.000 граѓани, односно 39,71%

Над 700.000 граѓани, односно 39,71 % до 18:30 мин. го оствариле своето граѓанско право за избор на нов претседател, соопшти ДИК.Гласањето течеше без проблеми. Избирачките места се веќе затворени.Во претседателската трка се Стево Пендаровски кандидат на СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска-Давкова кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијатa, и Блерим Река, кој е поддржан од Алијансата на Албанците и Движењето Беса.Претседателските избори се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини. Право на глас имаат 1.808.131 граѓанин.Според член 81 од Уставот, победата на еден од кандидатите во првиот круг може да им ја донесе мнозинство на гласови од вкупниот број избирачи, односно 904.066 гласови за кандидатот. Доколку не се случи изборот да биде завршен во првиот круг, во вториот круг одат двајцата кандидати што освоиле најмногу гласови во првиот круг.Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 5 мај.

пред 6 години

ljupka-DIK-1

До 17 часот излегле вкупно 496.774 граѓани, односно 35,13%

Вкупно 496.774 граѓани, односно 35,13%  до 17 часот го оствариле своето граѓанско право за избор на нов претседател, соопшти ДИК.Гласањето тече без проблеми и ќе трае до 19 часот кога се затвораат гласачките места.Во претседателската трка се Стево Пендаровски кандидат на СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска-Давкова кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијатa, и Блерим Река, кој е поддржан од Алијансата на Албанците и Движењето Беса.Претседателските избори се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини. Право на глас имаат 1.808.131 граѓанин.Според член 81 од Уставот, победата на еден од кандидатите во првиот круг може да им ја донесе мнозинство на гласови од вкупниот број избирачи, односно 904.066 гласови за кандидатот. Доколку не се случи изборот да биде завршен во првиот круг, во вториот круг одат двајцата кандидати што освоиле најмногу гласови во првиот круг.Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 5 мај.

Македонија | пред 6 години

dik

До 15 часот излегле вкупно 396.252 граѓани, односно 28,89%

Вкупно 396.252 граѓани, односно 28,89%  до 15 часот го оствариле своето граѓанско право за избор на нов претседател, соопшти ДИК.Гласањето тече без проблеми и ќе трае до 19 часот кога се затвораат гласачките места.Во претседателската трка се Стево Пендаровски кандидат на СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска-Давкова кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијатa, и Блерим Река, кој е поддржан од Алијансата на Албанците и Движењето Беса.Претседателските избори се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини. Право на глас имаат 1.808.131 граѓанин.Според член 81 од Уставот, победата на еден од кандидатите во првиот круг може да им ја донесе мнозинство на гласови од вкупниот број избирачи, односно 904.066 гласови за кандидатот. Доколку не се случи изборот да биде завршен во првиот круг, во вториот круг одат двајцата кандидати што освоиле најмногу гласови во првиот круг.Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 5 мај.

Македонија | пред 6 години

bajrami

Нема пријави за нерегуларности на избирачкиот процес до обвинителствата

До Јавното обвинителство засега не е пристигната ниту една пријава за нерегуларности на гласачкиот процес.–До овој момент изборниот процес се одвива мирно, без посериозни нарушувања. Ниту во Комисијата, ниту во основните обвинителства каде што има организирани дежурства, нема пријавен настан. Очекуваме дека така ќе продолжи до завршување на изборниот ден, изјави Бајрами.

Македонија | пред 6 години

glasanje

МОСТ: Откако гласал забележале дека го нема во Избирачкиот список

Според потврдените информации, добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, гласањето се одвива во најдобар ред, без посериозни неправилности.Само на две гласачки места забележани се изолирани неправилности:На ГМ 2805/1 во општина Центар, Скопје, на почетокот од гласањето биле откинати 3 ливчиња заедно со серискиот број од кочанот.На ГМ 1385/1 во Прилеп, откако едно гласач гласал било увидено дека не бил запишан во Избирачкиот список, но тој гласал заедно со неговата сопруга која била запишана во Избирачкиот список и која се потпишала во истиот.Според податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно сумирање на гласовите), која претставува математичко-статистички научен метод, одѕивот на гласачите до 11 часот е 11,2%, до 12 часот е 15,9%, додека до 13 часот е 20,8%.

Македонија | пред 6 години

izbori2_g111ynj56uj65u56uj56-88972

До 13 часот излегле вкупно 284.942 граѓани, односно 20,45%

Вкупно 284.942 граѓани, односно 20,45%  до 13 часот го оствариле своето граѓанско право за избор на нов претседател, соопшти ДИК.Гласањето тече без проблеми и ќе трае до 19 часот кога се затвораат гласачките места.Во претседателската трка се Стево Пендаровски кандидат на СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска-Давкова кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијатa, и Блерим Река, кој е поддржан од Алијансата на Албанците и Движењето Беса.Претседателските избори се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини. Право на глас имаат 1.808.131 граѓанин.Според член 81 од Уставот, победата на еден од кандидатите во првиот круг може да им ја донесе мнозинство на гласови од вкупниот број избирачи, односно 904.066 гласови за кандидатот. Доколку не се случи изборот да биде завршен во првиот круг, во вториот круг одат двајцата кандидати што освоиле најмногу гласови во првиот круг.Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 5 мај.

Македонија | пред 6 години

57308707_1238002443029865_8382117587156205568_n-560x390

ОЈО: Возачот од Куманово кој удри во полицајци бил пијан

Надлежен јавен обвинител заедно со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи изврши увид на местото каде синоќа се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице, а неколкумина се повредени.Патничко моторно возило управувано од осомничениот, жител на Куманово кој бил видно под дејство на алкохол, удрило во двајца полициски службеници. Од тежината на повредите на лице место еден од полициските службеници починал. Возачот потоа продолжувајќи со управувањето со возилото удрил во друго патничко моторно возило во кое биле три лица и на сите им нанел телесни повреди. Возилото продолжило со движење, но од брзината и ударите се превртело, при што и возачот се здобил со телесни повреди. Сите повредени лица се згрижени во медицинска установа и им се укажува помош.Надлежен јавен обвинител донесе Наредба за вршење обдукција на телото на починатиот. Донесена е и Наредба за прибирање траги од лице место, фотографирање и скицирање како и натамошно вештачење со кое ќе бидат утврдени фактите во предметот.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

МОСТ: Член на гласачки одбор ги откинал првите три ливчиња заедно со серискиот број

МОСТ ги демантира информациите кои се појавија во медиумите дека на првата прес-конференција одржана во 9:00 часот било известено за прекин на гласање поради неработење на УВ ламба и за графит со политичка содржина. На првата прес-конференција МОСТ извести само за гласачкото место 2344 во општина Студеничани. Напоменуваме дека официјалните соопштенија на МОСТ се испраќаат од меил адресата press@most.org.mkСпоред потврдените информации, добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, на гласачките места забележано е следното:ГМ 2344 во општина Студеничани не се отвори до 10 часот и поради тоа на ова ГМ денес нема да се спроведува гласање.На ГМ 0531, с. Здуње, општина Гостивар, член на избирачкиот одбор ги откинал првите три гласачи ливчиња заедно со серискиот број и истите биле искористени за гласање. Известена била општинската изборна комисија, направен бил записник и гласањето продолжило.Според податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно сумирање на гласовите), која претставува математичко-статистички научен метод, одѕивот на гласачите до 9 часот е 3,7%, додека до 10 часот е 6,6%.

Македонија | пред 6 години

baza_iminja

XAKEPCKИ HAПAД: Укpaдeн единствениот избирачки список, се продава на руски xakepcки сајт

Дата база со преку еден милион имиња, адреси и останати податоци за гласачите се продава на интернет, а истата се рекламира на руски сајт за xakepски „услуги“ дознава Инфомакс.„Јас пакистански xakep, продавам голема база од сајтот ‘izbirackispisok.gov.mk’ со преку 1 милион запишани. Во него има имиња, презимиња, дати на раѓање, фотографии, уверенија, адреса, град. Цена во приватни пораки. Фотографија од базата како дokaз“ – пишува во огласот објавен на руски xakepcки форум.Претходно од Државната изборна комисија објавија дека се соочуваат со технички пoтeшkoтии во нивниот систем, а претседателот на ДИК Оливер Дерковски објасни дека можен е xakepcки напад.Текстот во целост на: infomax.mk

Македонија | пред 6 години

ljupka-DIK-1

Во едно избирачко место се доцнеше, а во друго денеска нема да се гласа

Утрово од 7 часот се отворија гласачките места низ државата за шестите претседателски избори. Гласањето низ државава се одвива мирно. Според портпаролот на Државната изборна комисија во општина Боговиње гласањето задоцнило еден чaс, и истото ќе се продолжи за еден час. Додека во општина Студеничани поради проблеми гласањето се уште не е започнато и истото денеска нема да се одржи.Според избирачкиот список на Државната изборна комисија, за предвремените локални избори во Охрид право на глас имаат 52.303 граѓани, во Дебар 18.625 и во Ново Село 11.365 граѓани.Во општините Охрид и Дебар изборите за градоначалник се распишани поради ненадејната смрт на градоначалниците Јован Стојаноски и Ружди Љата, а во Ново Село ќе се избира нов градоначалник, бидејќи поранешниот Боро Стојчев поднесе оставка откако беше осуден на затворска казна поради обид за шверц на цигари.

пред 6 години

glasanje

Предвремени локални избори во Охрид, Дебар и Ново Село

Заедно со претседателските избори денеска се одржуваат и предвремени локални избори за градоначалници на Охрид, Ново Село и Дебар.Според избирачкиот список на Државната изборна комисија, за предвремените локални избори во Охрид право на глас имаат 52.303 граѓани, во Дебар 18.625 и во Ново Село 11.365 граѓани.Во општините Охрид и Дебар изборите за градоначалник се распишани поради ненадејната смрт на градоначалниците Јован Стојаноски и Ружди Љата, а во Ново Село ќе се избира нов градоначалник, бидејќи поранешниот Боро Стојчев поднесе оставка откако беше осуден на затворска казна поради обид за шверц на цигари.Вториот круг на предвремените локални избори за овие три општини ќе се одржи заедно со претседателските на 5 мај.

Македонија | пред 6 години

guguceska-1

До 10 часот излегле вкупно 80.569 граѓани, односно 6,05%

Вкупно 80.569 граѓани, односно 6,05%  до 10 часот го оствариле своето граѓанско право за избор на нов претседател, соопшти ДИК.Гласањето тече без проблеми и ќе трае до 19 часот кога се затвораат гласачките места.Во претседателската трка се Стево Пендаровски кандидат на СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска-Давкова кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијатa, и Блерим Река, кој е поддржан од Алијансата на Албанците и Движењето Беса.Претседателските избори се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини. Право на глас имаат 1.808.131 граѓанин.Според член 81 од Уставот, победата на еден од кандидатите во првиот круг може да им ја донесе мнозинство на гласови од вкупниот број избирачи, односно 904.066 гласови за кандидатот. Доколку не се случи изборот да биде завршен во првиот круг, во вториот круг одат двајцата кандидати што освоиле најмногу гласови во првиот круг.Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 5 мај.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања