„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

Нема фотографија

МОСТ: Лицето што го има клучот од просторијата на гласачкото место 2344 во Студеничани одбива да ја отклучи

Граѓанската асоцијација МОСТ го следи денешното гласање со повеќе од 1.500 набљудувачи.  На 1.160 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок, распоредени се исто толку набљудувачи, со што се покриени 33% од вкупниот број на гласачки места во Република Северна Македонија.Набљудувачите на МОСТ се статични, и ќе го следат процесот на гласање во текот на целиот ден. Покрај тоа, МОСТ има распоредено и 100 мобилни тимови, составени од по 2 набљудувачи, кои ќе служат за логистичка поддршка на статичните набљудувачи и повремено ќе ги набљудуваат местата на кои МОСТ нема распоредено статични набљудувачи. Дополнително, 80 набљудувачи ќе ја набљудуваат работата на општинските изборни комисии, а ќе се набљудува и работата на Државната изборна комисија.Како и на претходните изборни процеси, Граѓанската асоцијација МОСТ го спроведува проектот согласно Декларацијата за универзални принципи за непартиско набљудување на изборите од страна на граѓански организации и останатите меѓународно признати стандарди за домашно набљудување.Според информациите од набљудувачите и регионалните координатори, отворени се сите гласачки места на кои МОСТ има распоредено свои набљудувачи, освен ГМ 2344 во општина Студеничани поради тоа што лицето кое има клуч од просторијата во која е сместено ГМ одбива истата да ја отклучи. Останатите набљудувачи се на избирачките места и досега не забележале проблеми при набљудувањето на процесот.Во текот на денот, на бесплатната телефонска линија 080 080 080 граѓаните може да пријавуваат евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес.Потенцираме дека набљудувач на МОСТ е единствено оној граѓанин кој носи жолта маичка на која на предната лева страна стои логото на МОСТ и е испишано  “Monitoring 2019“, поседува акредитација од ДИК и овластување од МОСТ исклучиво за овие избори.Сите потврдени информации од набљудувањето на денот на референдумот МОСТ ќе и ги соопшти на јавноста во уште три наврати, и тоа во 11:00 часот, во 14:00 часот и во 19:00 часот, а дополнително ќе биде објавен терминот на последната прес-конференција на која ќе бидат соопштени резултатите од ПВТ програмата за одѕивот и распределбата на гласовите.

Македонија | пред 6 години

57308707_1238002443029865_8382117587156205568_n-560x390

Кумановец со автомобил удри во двајца полицајци

Полицаец загина, а друг со тешки повреди е пренесен на клиника по хорор сцена која синоќа се случила во Куманово, дознава КУРИР.45 минути после полноќ, на регионален пат Куманово-Свети Николе во близина на крстосница со нас.Ајдучка Чешма патничко моторно возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(40), удрило во 37-годишен полицаец  В.Ц. и А.М.  кој е 25-годишен кандидат за полициски службеник, кои биле на службена должност. В.Ц. починал на местото на настанот, а А.М. со тешки телесни повреди е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, дознава КУРИР.С.Ј. со возилото „Мерцедес“ избегал од местото на настанот, по што на регионалниот пат Куманово-Св.Николе во близина на хотел „Сателит“ удрил во патничко моторно возило „Шкода“ со кумановски регистерски ознаки, управувано од Н.П.(34).Возачот на возилото „Шкода“ и сопатникот Д.Ј. (42) се здобиле со тешки телесни повреди, а А.Ј. (52) со телесени повреди, при што Д.Ј. е пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека останатите повредени се пренесени во болницата во Куманово.С.Ј. е пренесен во болницата во Куманово, а против истиот во текот на денот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.Фото: Кумановски муабети

Македонија | пред 6 години

izbori

Се избира петтиот претседател на Република Македонија

Во Република Северна Македонија денеска се одржува првиот круг од шестите претседателски избори. Во претседателската трка се Стево Пендаровски кандидат на СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска-Давкова кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијат, и Блерим Река, кој е поддржан од Алијансата на Албанците и Движењето Беса.Претседателските избори ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и Град Скопје и на 32 во странство. Право на глас имаат 1.808.131 граѓанин.Гласачките места ќе бидат отворени од седум до 19 часот. Претседателските избори, ќе ги следат 3.150 домашни и 419 странски набљудувачи, акредитирани од ДИК.Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 5 мај 

Македонија | пред 6 години

turcija-696x464-1

За пријавување повреди на избирачко право е отворена телефонска линија кај омбудсманот

Граѓаните денеска на денот на одржувањето на првиот круг од Претседателските избори 2019, и предвремените избори за градоначалник за општините Охрид, Дебар и Ново Село ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на беслатната телефонска линија: 0800-54321 која ќе функција од 7:00 до 19:00 часор во канцеларијата на Народниoт правобранител.Како што соопштуваат од канцеларијата на Народниот правобранител, отворени за граѓаните ќе бидат сите седум канцеларии на Народниот правобранител во: Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и во Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права. Покрај лично во канцелариите, како и на бесплатната линија, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на следниве телефонски броеви: Тетово 044 344-082, Струмица 034 329- 996, Кичево 045 228-586, Битола 047 242-310, Штип 032 389-701 и Куманово 031 431-488.Народниот правобранител, се посочува, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права.„И во оваа пригода, Народниот правобранител потенцира, дека, избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела“, стои во соопштението.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

МВР: Лични карти ќе се издаваат и денес

Одделенија за управни работи ќе работат и денес, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи. Сите барања за издавање лична карта по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални одделенија за управни работи при МВР и тоа само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа.„Барањата за лични карти ќе се примаат и одобруваат итно до 20 април. Веднаш по примањето на апликациите за лични карти, одделот за информатика ќе ги изработува и ќе ги доставува до надлежниот сектор за навремена дистрибуција до одделенијата за управни работи. На денот на претседателските и локалните избори, недела, 21 април, одделенијата за управни работи ќе работат само за издавање на лични карти. Истото ќе важи и за вториот изборен круг”, соопштија од МВР.

Македонија | пред 6 години

iveqgpr0mxohbhtipzy0

(ФОТО) Фејсбук на вашите профили ќе ве потсети дека е ден за гласање

На Фејсбук веднаш откако ќе влезете во вашиот профил се појавува известување кое ве потсетува дека денеска е ден за гласање во РСМ.Исто така се наведува, доколку сакате да споделите дека сте гласале, со што и самите би ги поттикнале вашите пријатели на оваа граѓанска обврска.Фејсбук на корисниците од земјава им дава опција да добиваат информации како се одвива гласањето, со кликнување на објавата таа ве носи директно на страницата на Државната изборна комисија.фе 

Македонија | пред 6 години

K4rLE-n1-talat-dzaferi-gjorcev-432

Честитка од Талат Џафери за католички Велигден

Во честиткта од Џафери се вели:Ми претставува особена чест и задоволство да од мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, на сите верници од Католичка вероисповед кои живеат во и надвор од границите на Република Северна Македонија да Ви го честитам големиот христијански празник, Воскресение Христово - Велигден.Во оваа прилика, би сакал да Ви упатам искрени желби за добро здравје, радост и спокој во кругот на вашите најблиски. На овој голем празник, Ви посакувам да го славите животот со сета своја вистинска убавина и исполнети со најголемиот дар на овој ден Велигден, а тоа е надежта. Затоа, во духот на празникот, Ви пожелувам надежта и љубовта да царуваат во вашите срца, вашите домови и секаде околу вас.Оваа празнична прилика ќе ја искористам и за да се заблагодарам на католичката заедница во Република Северна Македонија за големиот придонес кој секојдневно го дава на сите полиња на општественото живеење. Дозволете ми уште еднаш да Ви посакам убави и весели празнични денови поминати во мир и благосостојба.

Македонија | пред 6 години

guguceska-1

Денеска гласаа болните, затворениците и дијаспората, излезноста во странство 38,51%

Излезноста на првиот круг од претседателските избори во странство, каде што се гласа ден претходно, изнесува 38,51 отсто, додека во затворите излезноста е 55 отсто, соопштија од Државната изборна комисија.Најголема излезност до 18:30 часот е забележана во дипломатско-конзуларните претставништва во Берлин (64,47 отсто), Букурешт (64,29 отсто), Загреб, (61,11 отсто) Сараево (61,70) и Хаг (60 проценти). Најмала излезност пак до 18:30 часот имало во дипломатско-конзуларните претставништва  во Венеција (26,55 отсто), Копенхаген (30,77 отсто), Абу Даби (30 отсто).Тринаесетте гласачки места во КПУ, каде своето право денеска можеа да го остварат 1.640 гласачи се затворени. Гласањето течело без проблеми, а илезноста до 18:30 часот изнесува околу 55 отсто.Прв пат гласале и гласачи во два старачки дома. Од 71, гласач, своето право го оствариле 70.Во своите домови гласачкото право го остваруваат 3.539 граѓанин, кои се пријавиле како болни или немоќни и 12 кои се во куќен притвор. Досега гласале 3.064 болни или немоќни и седум лица во куќен притвор.

пред 6 години

petar-bogojeski

ТРАНСКРИПТ: Петар Богојески признава дека бил во Унгарска амбасада со Рангелова

ТРАНСКРИПТ ОД РАЗГОВОР:Скопје 1: Петар, во која амбасада беше денес ти?Богојески: Зошто ме прашуваш?Скопје1: Имам информации дека си бил во Унгарска амбасада и тоа со една политичарка.Богојески: Значи секаде ме следат?Скопје1: Знам и со која политичарка беше?Богојески: Да, бев со онаа со иницијали Д. Рангелова.Скопје1: Е па гледаш, од нас неможеш да се скриеш...Богојески: Од каде ова ли го разбра, кој ти кажа?Скопје1:Тоа не е важно, извор не отктривме. Важно нашите информации се точни секогаш...Богојески: Чекај, чекај, има ли фотографии од ова?Скопје1: Нема, ама ако сакаш ќе обезбедиме.Ова е транскрипт од телефонскиот разговор помеѓу Скопје1 и реформаторот Петар Богојески. Во понтамошниот текст од разговорот Богојески вели дека не знае дали да се согласи д се објави информацијата или не и бара да размисли. Од наша страна му одговоривме дека за тоа ќе одлучи уредништвото на Скопје1.Во продолжение линкови од објавената вест и  објавените деманти:Петар Богојески и Даниела Рангелова во Унгарска амбасадаРангелова демантира дека била во Унгарска амбасада, ама не кажува дали го превезувала Богојески до тамуБогојески молчеше па демантира дека бил во Унгарската амбасада, “Скопје 1” бара извинување за навредите 

Македонија | пред 6 години

svr-ohrid

Во Враниште и Мислешево слика на еден од претседателските кандидати, како и испишани графит - полицијата истражува

Во Полициската станица во Струга денеска е пријавено дека во близина на основното училиште „Дедо Лазар Циркоски“ во село Враниште е закачена слика на еден од претседателските кандидати, како и дека е испишан графит во врска со претстојните избори.Според портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, и на бандера во близина на основното училиште „Јонче Крежоски“ во село Мислешево бил испишан графит во врска со претстојните избори.-Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаја, истакна Димоски.

Македонија | пред 6 години

guguceska

ДИК: Најголема излезност во Прага, најниска во Истанбул

До сега најголема излезност за претседателските избори во дипломатско-конзуларните претставништва во Европа има во Прага (23.4%), додека најниска во Истанбул (3.57%), соопшти портпаролката на ДИК, Љупка Гугуческа.„Гласањето се одвива тековно и без проблеми. Излезноста во ДКП-ата во Будимпешта е 18,75 проценти, во Брисел 18,37, во Загреб 16,67… Излезноста во ДКП-ата до 18:30 часот во Канбера е 38 отсто додека во Мелбурн 57,58 проценти. Гласачките места во САД и Канада ќе бидат отворени во 19 часот.“, изјави Гугуческа.Одговорајќи на новинарско прашање, портпаролката на ДИК информира дека денешното гласање во затворите се одвива без проблеми и до 10 часот правото на глас го искористиле 22 проценти.-Во 13 КПУ право на глас имаат 1.640 лица. Сите места се отворени на време и гласањето тече без никакви проблеми, истакна Гугуческа.До овој момент гласањето тече без проблеми, оценија од Државната изборна комисија на прес-конференција информирајќи за гласањето на болните, затворениците, притворените и дијаспората кои денеска од 7 часот го остваруваат нивното гласачко право за претседателските избори и локалните кои се одржуваат во три општини.Од ДИК велат дека за прв пат гласаат и гласачи во два старечки дома. Гласачките места се отворени и таму, а 71 гласач ќе имаат можност да гласаат. Новина е воведена и кај граѓаните со оштетен слух и говор, за кои на денот на изборите активен ќе биде телефонскиот број 076 488 360 на кој преку видео повик ќе можат да постават прашање до Државната изборна комисија и да добијат одговор на македонски знаковен јазик.

Македонија | пред 6 години

dik

ДИК воведува новина, со цел побрзо да ги знаеме првичните неофицијални резултати

Новина во ДИК, по електронски пат, односно преку апликацијата „вибер“, ДИК ќе добива директно резултати од избирачките места најпрвин од претседателите на избирачките одбори. Подоцна, исто така по електронски пат, ќе ги добие и првичните неофицијални резултати од страна на општинските изборни комисии откако ќе се пополнат записниците од избирачките места.Овие новини Државната изборна комисија ги воведува со цел да има зголемена контрола и споредба на првичните неофицијални резултати.Според оваа најава за новитетите во ДИК граѓаните во овој изборен циклус изборните резултати ќе ги знаат многу побрзо од вообичаената практика.

Македонија | пред 6 години

osce

240 набљудувачи од ОБСЕ/ОДИХР рамномерно распоредени низ државата ќе го следат изборниот процес

Изборната оценка за претседателските ибори ќе ја дадат 240 набљудувачи. на Меѓународната набљудувачка мисија за изборите ОБСЕ/ОДИХР.Tие ќе бидат распоредени рамномерно насекаде низ државата, со цел да се овозможи репрезентативен и непристрасен примерок, врз кој ќе ги дадеме нашите оценки, вели во интервју за МИА шефицата на Мисијата за набљудување на претседателските избри на ОБСЕ/ОДИХР Корин Јонкер.Јонкер ги повикува кандидатите и политичките партии да ја известат Мисијата доколку во текот на изборниот ден се појават конкретни проблеми.Во интервјуто за МИА, Јонкер не сака да дава предвремени оценки за денот на изборите, и како што вели, тие се тука за да набљудуваат и да известуваат за тоа што ќе го согледаат.

Македонија | пред 6 години

ohrid-trcat

Одбројување на деновите до ОХРИД ТРЧАТ

На нешто повеќе од 40 дена до третото издание на „Ohrid running weekend“, Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ ја презентираше комплетна програма. На 31 мај, 1 и 2 јуни градот Охрид, граѓаните и многуте гости ќе пулсираат во ритамот на спортот и забавата.Годинешната програма на „Ohrid running weekend“ ќе започне со ноќна трка од 2 километри, а потоа следува „паста парти“ забава. На 1 јуни, сите пријавени ќе ги подигнуваат стартните пакети и ќе се презентира трката. На 2 јуни, на програмата е главниот настан кој ќе ги раздвижи улиците на Охрид. Потоа, следува голема забава на градскиот плоштад.Ohrid running weekend претставува вистинско освежување за сите нас кога станува збор за спортско – туристичката понуда на Охрид и Македонија. Ова е туристички производ кој со ваков концепт претставува новина во Македонија, па и пошироко на Балканот. Ние сме убедени дека оваа наша визија ќе биде претпознатлива како во нашата држава така и во многу држави од светот и на таков начин во текот на годините ќе успееме да привлечиме многу бенефити како за самиот град и нејзините граѓани така и за самата држава. Спортот е светски социјален феномен и кога ќе го споите со музика, култура, едукација добивате хемиски резултат со таква позитивна енергија која е „вин вин“ ситуација за нашата заедница и општество. – изјави директорот на „Ohrid running weekend“, Иван Цветкоски.Како најава за „Ohrid running weekend“ се училишна и детската трката кои никој од присутните не останува рамнодушен. Асоцијацијата има уште неколку новитети и изненадување, а на вас останува да се пријавите и да ги откриете.

Македонија | пред 6 години

izbori2_g111ynj56uj65u56uj56-88972

Денеска гласаат затворениците, раселените и немоќните лица - изборен молк, а препукување на социјални мрежи

Од почноќ почна изборниот молк. Денеска гласаат затворениците, раселените и немоќните лица за претседател и на предвремените локални избори што ќе се одржат во општините Охрид, Дебар и Ново Село.Своето право на глас можат да го остварат 1.640 лица во казнено-поправните домови и лица кои се во притвор, седум внатрешно раселени лица, како и 3.583 немоќни и болни.Гласањето и денеска и утре на денот на изборите почнува во седум и ќе трае до 19 часот.Вториот круг од изборите е закажан за две недели, на 5 мај.Но и покрај тоа што е изборен молк, кој трае до недела до 19 часот и во овој период забрането е одржување митинзи, јавни собири, средби со граѓани, секакво агитирање, граѓаните своите препукувања ги продолжуваат по социјалните мрежи.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања