„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

BeFunky-collage-8

Петар Богојески и Даниела Рангелова во Унгарска амбасада

Поранешниот висок партиски функционер во ВМРО ДПМНЕ кој беше и дел од т.н. „Реформатори“ Петар Богојески во друштво на пратеничката Даниела Рангелова вчера престојувале во амбасадата на Република Унгарија во Скопје - дознава „Скопје1.мк“ од свои извори во една институција.Богојески и Рангелова биле облечени во тренерки, носеле очила за сонце и капчиња.На прашање на „Скопје1.мк“ дали бил во амбасадата реформаторот Богојески кратко одговори:„-Немам коментар ! “ - телефонски одговори Богојески.На дополнителните прашања, зошто бил во странска амбасада облечен во тренерки тој одговори дека нема намера да одговара на тривијални прашања кои немаат врска со политика и се однесуваат на модата.

Македонија | пред 6 години

soob-nesreka

Сообраќајна несреќа кај Рача - Охрид, еден повреден

На осумнаесетти април оваа година во 11 часот и 50 минути, на регионалниот пат Охрид-св.Наум, во близина на населба Рача, случена е сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил марка „Голф“ со охридски регистарски ознаки управувано од Р.М.(27) од Демир Хисар и велосипед управуван од А.Т.(77) од Рача.Тој, со возило на Итна медицинска помош е пренесен и задржан на лекување во Општата болница во Охрид.На местото на настанот, по овластување на Јавен обвинител, увид извршија полициски екипи.

Македонија | пред 6 години

novinarka-ubistvo

(ВИДЕО)Убиена млада новинарка во протестите во Северна Ирска

Новинарка е убиена во Лондондери - Северна Ирска. Според полицијата станува збор за терористички напад.Се смета дека виновници за убиството на 29- годишната Ласјра МекКи се републикански дисиденти кои предизвикале протести по полициските претреси, Врз полициските возила фрлале Молотови коктели , а според полицијата станува збор за терористички напад зад кој стои ,,новата ИРА” .Младата новинарка стоела во близина на полицајците кога кон неа почнал да пука вооружен маж.

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Од понеделник теренска вакцинација – невакцинирани деца нема да се образуваат

Теренската вакцинација во скопските училишта ќе почне од другата недела. Медицинските тимови ќе се распоредат по училиштата и до половината на мај веќе треба да ја завршат мисијата. Но, ќе мора да имаат согласност од родителите за дадат доза од МРП на учениците.Дури половина од децата на претшколска и школска возраст кои не биле вакцинирани пред епидемијата, се уште немаат имунитет на заразата од морбили. Здравствените власти ќе вакцинираат теренски за училиштата да смеат да ги запишат и да ги распоредат по одделенијата. Сепак, Законот останува неразјаснет. Основното образование е задолжително, но услов за упис се примени вакцини.Вакцините се безбедни тврдат одговорните. Нови количини вакцини стигнале денес и ќе се распоредат во здравствените домови.Несакани дејства пријавиле тројца досега.МРП вакцина во земјава немаат примено 22.612 деца до 14 години. Податоците од ИЈЗ покажуваат дека повеќето невакцинирани близу 19.000 се во внатрешноста, а околу 4400 се од Скопје. Според министерот за здравство иако годинава од морбили биле заштитени над 20.000 деца, сепак процентот сеуште не е доволен за стекнување колективен имунитет и сузбивање на епидемијата.

Македонија | пред 6 години

IMG-deb493378b01a05e10c1f0f082c835fc-V

Високо признание за Охридско лето на ЕФА самитот во Лисабон

Фестивалот Охридско лето е на високото трето место во Европската Асоцијација на Фестивали којавклучува 100 фестивали од 40 земји, оценија делегатите на годинешново Генерално Собрание на Асоцијацијата што се одржа од 14-ти до 17-ти во Лисабон, Португалија. Ваквото признание за нашата најголема музичко сценска манифестација пред се се должи на квалитетот на програмата кој се нуди изминативе 59 години, врвните светски имиња кои настапиле на фестивалската сцена како и фактот што Охридско лето е еден од најстарите Фестивали меѓу сите членки на Асоцијацијата.Директорката на Охридско лето, Наташа Поповиќ која заедно со претседателката на Управниот одбор, Нина Момировска, беше дел од овој голем собир, вели дека европските делегати едногласно ја дале поддршката Охридско лето да биде меѓу најдобрите на европската културна сцена токму поради големината на богатата историја на Фестивалот.- Ова е само потврда дека сме надалеку познат и признат Фестивал, ценет од најголемата културна Асоцијација, еден од најстарите и најпочитуваните фестивали во тоа семејство. Добиваме бројни честитки и пофалби за големината на уметниците кои поминале низ годините нои за изборот на уметниците кои ќе настапат годинава. Навистина ми претставуваше гордост во својата презентација да ги спомнам големите имиња кои со свои маестрални дела оставиле печат во фестивалската историја како легендарниот руски виолинист Леонид Коган , виолончелистот Андре Навара од Франција, светскиот Хозе Карерас, Енио Мориконе и многу други кои учествувлена нашиот фестивал, смета директорката на Охридско лето. Претставниците на европските фестивали-членки на Асоцијацијата исто така биле едногласни и во одлуката Охрид да биде домаќин на Генералното собрание на бордот на директори на ЕФА, кој брои 23 делегати од цела Европа, следната година кога Фестивалот Охридско лето слави јубилеј, 60 години успешно постоење.-Со првите луѓе на ЕФА, претседателот Јан Бриерс и генералниот секретар Кетрин Девентер, веќе ги започнавме првичните преговори за ваквата одлука со која ни е дадена честа да бидеме домаќини на вака значајни преставници на ЕФА во 2020 година. Заедно со претседателката на УО на Охридско лето, Нина Момировска, изразивме уверување дека сме спремни да организираме еден вака голем настан во годината кога ќе го славиме 60-то издание на Охридско лето. Токму поддршката која ја имаме од сите институции на државата, посебно, поддршката од страна на Владата на преку Ресорното министерство за култура, Претседателот на државата кој воедно е и Покровител на Фестивалот како и поддршката од стопанството преку одделни фирми и претпријатија кои финансиски го помагаат фестивалот ни дава за право да изразиме уверување дека целосно и професионално ќе се ангажираме целиот настан да помине во беспрекорна реализација со содржини кои успешно ќе ја надградат културната репутација на сите членки насекаде во светот, вели Поповиќ.На Лисабонскиот самит директорката Поповиќ презентирајќи ја големината на Охридско лето го потенцирала и значењето во поглед на развојот на туризмот преку бројните гости кои пристигнуваат во Охрид токму поради квалитетот на фестивалската програма која се нуди од 12 јули до 20 август.-Од оваа година започнуваме со новините за збогатување на културната понуда. Направивме неколку концерти надвор од фестивалската рамка, чекор со кој веруваме дека ќе придонесиме кон развојот на туризмот преку цела година.Охридско лето ќе биде дел и од туристичката понуда на агенциите а промоцијата од оваа година ќе биде збогатена и со воведување туристички водич за уметниците, вели Поповиќ. На годинешново 67-мо генерално собрание на ЕФА учествувале 230 делегати од 80 европски фестивали.

пред 6 години

Нема фотографија

Осомничено лице кое со измама на гостиварци им ветувало документи за работа во Германија

Основното јавно обвинителство Гостивар започна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело Измама од член 247 од Кривичниот законик.Осомничениот, во текот на овој месец, со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда едно оштетено лице, ветувајќи му дека за повеќе лица од Гостивар ќе му обезбеди документи од Министерството за труд и социјална политика со кои тие би можеле да добијат работни дозволи и легално да работат во градежна фирма во Германија. За услугата осомничениот од оштетениот наплатил сума од 7.700 евра, за што потпишал и изјава со обврските кои ќе ги исполни и со определен рок за реализација на договореното.По предлог на надлежниот јавен обвинител, Основниот суд во Гостивар на лицето му определи притвор во траење од осум дена.

пред 6 години

licna-karta

Барањата за лични карти ќе се примаат и одобруваат итно заклучно со сабота

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сите Одделенија за управни работи ќе работат во сабота и недела (20 и 21.04.2019 и на 04 и 05.05.2019 година).Сите барања за издавање лична карта (оштетена, изгубена или украдена), по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални Одделенија за управни работи при Министерството за внатрешни работи и тоа само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа.Барањата за лични карти ќе се примаат и одобруваат итно заклучно со сабота(20.04.2019 година) до 16.00 часот. Веднаш по примањето на апликациите за лични карти, Одделот за информатика ќе ги изработува и ќе ги доставува до надлежниот сектор за навремена дистрибуција до Одделенијата за управни работи. На денот на претседателските и локалните избори(недела, 21.04.2019 година) Одделенијата за управни работи ќе работат само за издавање на лични карти во периодот од 07.00 до 19.00 часот.Истото ќе важи и за вториот круг кој ќе се одржи на 05.05.2019 година. Барањата за лични карти ќе се примаат до 04.05.2019 до 16.00 часот, а на денот на изборите 05.05.2019 година ќе се издаваат во периодот од 07.00 до 19.00 часот.

Македонија | пред 6 години

soob-1

(ФОТО) : Сообраќајна несреќа, повредени три жени и едно дете

Попладнево на улица Емин Дураки во скопската населба Чаир се случи сообраќајна несреќа во која како што јавува репортерот на ТВ21 повредени се три жени и едно дете.Според очевидцните на терен, до несреќата дошло кога автомобил марка „Југо“ со голема брзина удрило во возило марка „Пежо 307“. Извор: ТВ21

Скопје | пред 6 години

1-2-2

(ВИДЕО) Пендаровски: Кога бев мал сакав да бидам ѓубреџија

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“ откри детали од приватниот живот, а одговараше и на интересни прашања поврзани со неговите колеги политичари.[embed]Pо природа е љубоморен сопруг, не носи скапи и ексклузивни одела од познати дизајнери, Коце Трајанов му бил сосед, а на прашањето кога би имал само една гума за спасување во бура на море кој би спасил од Зоран Заев, Никола Димитров, Радмила Шеќеринска и Оливер Спасовска ја избра четвртата солуција притоа објаснувајќи дека би го спасил министерот за внатрешни работи само затоа што е најмлад. 

Македонија | пред 6 години

zaev-ohrid

Заев потврди: Новите разговори се дел од материјалите кои ги има СЈО

Прислушкуваните разговори кои втор ден се објавуваат на социјалните мрежи се дел од материјалите кои СДСМ ги предаде во СЈО, потврди премиерот Зоран Заев. Тој вели дека објавувањето на овие материјали е потврда дека приватните разговори ги имаат и други лица.„Информиран сум дека МВР ги превзема сите дејствија согласно законите. Знам дека пред една-две недели, имаше емитување на бомби кои задираат во приватноста. За тие, поднесена е кривична пријава од страна на Јавното обвинителство. За мене е важно институциите да постапуваат. Дали се тоа дел од разговорите кои ги имав слушанто, а ги немав слушнато сите разговори оти ми стана мачно после долго време, е дел од пакетот што го предадов во СЈО. Тоа секако потврдува дека ние сме добиле само дел од тоа што на времето се правело како неовластеното прислушкување, а ги имало и на други страни. Се надевам дека институциите ќе постапуваат строго, според законите“, рече Заев.

Македонија | пред 6 години

57348112_10218949673514940_6652449916784214016_n

(ФОТО) НОВО УНИШТУВАЊЕ: На Козјак наместо видиковец ќе никнат градби - посетителите револтирани

Туристичко-рекреативниот центар „Козјак“ ќе се гради во непосредна близина на главниот град на државата и ќе опфаќа површина од 45,3 хектари. Се наоѓа западно од селото Нова Брезница, на околу 5 километри. И за него дознавме откако се појави информација дека приватен инвеститор гради ресторан со придружни содржини, во заштитеното подрачје „Јасен“.На социјалните мрежи врие. Оние кои често го посетуваат ова место, за да најдат излез од градската гужва, велат дека ова е уништување за Козјак.„Па маме еб*вте бе! Ова место требаше само да се одржава, зошто е најубавиот escape од Скопје. Мораше ли ресторан?! Ајде тури му крст и на Јасен-Козјак!“, пишува Дадо Тапасанов.Жител на Нова Брезница пишува дека нивното село во 21 век нема вода. За градбата на комплексот тврдат дека тоа не е во нивна корист, туку напротив, во нивна штета.„Другар ова место пред 20 години не беше достапно толку кога се правеше браната ...сега идат луѓе нелуѓе депонија ни го направија местото...ова место се вика Рудина ..така ние си го викаме цел живот тука како деца мали сме иделе ..затоа што подоле ни е селото Нова Брезница ..само апаши другар и нелуѓе има во државава ...нашето село нема вода а 21 век брои преку 200 нови викендици старите не ги бројам ...парите за водата све ги испокрадоа на кого да се пожалиш кога сите се оваа игра криминална алчна за пари...Изгледа ќе треба да почнеме ние самите да им пресудуваме на тие апаши профитери ...ВИКААТ ЌЕ БИЛО ВО НАША КОРИСТ МА НЕМОЈ БЕ ...ЌЕ БИЛО КАКО НЕ ...ТОА МЕСТО АКО НЕ Е ПРОДАДЕНО ПО 1 ЕВРО ЗА КВАДРАТ ЈА ЕВЕ....И ДОДЕКА НАРОДОТ НЕ ГИ ФРЛИ ОД НЕКОЈ МОСТ СИТЕ ПОЛИТИЧАРИ СЕ ВАКА ЌЕ БИДЕ И ЏАБЕ СИ ПИШУВАМЕ И РЕД ДРУГИ РАБОТИ“, пишува жителот на Нова Брезница.

Македонија | пред 6 години

bombi-cico

Фокус: МВР отвори истрага за објавувањето на новите „бомби“

Објавувањето на новите прислушувани разговори ќе биде предмет на истрага која што ќе ја водат Министерството за внатрешни работи во координација со Јавниот обвинител, велат од МВР за „Фокус“.„Согласно надлежностите започната е истрага во врска со објавените телефонски разговори. За текот на истрагата јавноста дополнително ќе биде информирана“, велат од МВР.Текстот во целост на: fokus.mk

Македонија | пред 6 години

51982135_761934034192496_3837100924430450688_n-696x462-1

Нема поука од Ласкарци: Шофери без дозвола превезуваат деца

Ученици од средни и основни училишта низ Гостиварско се возеле во комбиња кои ги управувале шофери без возачка дозвола, имало возачи без лекарско уверение, а дел од возилата биле нерегистрирани.По трагедијата што се случи кај селото Ласкарци на 13 февруари, единствено што се промени се извештаите што ги објавува полицијата за акциските контроли што ги направила. Овие извештаи, кои речиси секојдневно стигнуваат во медиумите, воопшто не ја менуваат сликата за функционирањето на јавниот превоз, туку на површина го извадија несериозниот пристап на превозниците кон своите патници.Со последната акциска контрола во Гостивар биле опфатени 35 возила, комбиња кои превезувале ученици. Откриени се девет возила со претовар на патници, осум возачи возеле без лекарско уверение, тројца возачи немале положено возачки испит, две возила биле нерегистрирани и еден возач возел со неприспособена брзина. Во Кичево при контрола на 60 возила, 24 возила кои вршеле јавен превоз на патници биле испратени на дополнителен технички преглед во станиците, а таму било констатирано дека на едно возило имало неисправен уред за сопирање, една од главните причини која однесе во смрт 16 луѓе од автобусот на „Дурмо турс“ кој излета кај Ласкарци.Во Штип минатиот месец биле контролирани 23 автобуси од кои кај осум била утврдена техничка неисправност, односно шест биле со неисправен уред за сопирање, а два автобуса имале неисправни други уреди. Во акциска контрола спроведена во Скопје, на технички преглед се испратени 49 автобуси и возила што вршат јавен превоз. Кај нив се констатирани 16 неправилности од кои кај осум возила бил неисправен уредот за кочење, кај два уредот за управување, а три имале неисправни светлосно-сигнални уреди.Повеќе прочитајте на Независен.мк

Македонија | пред 6 години

58420167_2329057120684987_2747785514655416320_n

(АУДИО) ДВЕ НОВИ БОМБИ: Да не излага ВМРО-ДПМНЕ пред Собрание оти има лица со фантомки

Две нови бомби се објавени на мрежата „Јутуб“ од корисникот „Илија Громовник“.Во првиот разговор се слуша како се дава наредба ВМРО-ДПМНЕ да не излага на протести пред Собрание, оти имало лица со фантомки.[embed]Вториот разговор се однесува на судијата Јово Вангеловски.Сеуште не е познато кој стои зад профилите на социјалните мрежи на кои втор ден се објавуваат прислушкувани разговори. 

Македонија | пред 6 години

rasizam

Насилници нападнале мали деца среде Скопје поради бојата на кожата

Милена А. Милошевска на својот Фејсбук профил информира дека вчера на скопскиот плоштад „Македонија“ имало расистички напад врз нејзините три малолетни деца. Како што пишува мајката, покрај вербалните навреди упатени кон нејзините деца, синот бил и физички нападнат.„Син ми Нишон (13г.) и неговите брат и сестра (9г.) одејќи кон музичкото училиште, на плоштадот Македонија во родниот ни наш град Скопје. Биле нападнати вербално на расна основа од страна на двајца млади мажи околу 20г.Им го попречувале патот и ги нарекувале “Niggers”. Син ми, НИШОН е удрен со многу силна тупаница по главата (повреден) поради тоа што ги прашал дечките зошто ги навредуваат и дали тоа го прават на секој поразличен физички од нив…Имало луѓе наоколу, но никој ништо не сторил во моментот…Дечките избегале, јас како мајка случајот, потоа, го пријавив во полиција и им ветувам на моите деца, дека јас како нивен протектор, ОВДЕ,ДОМА во Р.С.М. Нема да дозволам повеќе да бидат/бидеме вербално и физички напаѓани без никаква основа, а никако па на расна основа…Значи навреди како: “Nigger”,”Црнчуго”, Циган”, Црн ко гомно” не се ЗАБАВНИ и нема да пројдат онака“ напиша мајкат

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања