„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

3CABDBDB-41B9-4E63-BC9D-57BD4605869B

Силјановска: Подготвена сум да ја носам етикетата ,,вмровка“, ќе се борам со Заевизмот

Професорката Гордана Силјановска Давкова која влезе во трка за претседател како независен кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, ги трча последните денови од претседателската трка пред одлучувачкиот ден во недела, а Фактор направи интервју со неа.Таа одговори на обвинувањата дека е вмровска блиска до ставовите на Груевски и Иванов.- Велат, во љубовта и војната, сите средства се дозволени. Се чини, така го сфаќаме и политичкиот натпревар, за жал. Да, јас стојам зад сите мои минати ангажмани и ставови кои се забележани и од медиумите. Далеку пред Професорскиот пленум, уште при реформата на високото образование која ја наметна Никола Тодоров, се вклучив активно бранејќи го најдобриот интерес на науката, студентите и професорите. Тогаш формиравме едно уникатно здружение „Сократовци“ коешто функционираше околу една година, во обид да отвори дијалог помеѓу студентите и професорите, и се разбира, властите – но, останавме неслушнати. Студентскиот пленум од 2014 година беше голем предизвик за нас, професорите, бидејќи помладите се покажаа побудни и поагилни во одбраната на универзитетската автономија. Во Професорскиот пленум се здруживме од сите универзитети од Македонија, со различни статусни позиции во нашата фела, ама и со различни идеолошки и политички уверувања: важен беше интересот на високото образование! Ние дури и издејствувавме мала, ама важна победа: го натеравме тогашниот премиер Груевски да ги ревидира законските решенија кои беа донесени само неколку недели претходно, во почетокот на 2015 година. Но, тоа беше бурно време, време на длабока политичка конфронтација, „бомбите на Заев“ и „вистината за Македонија“, па она што беше интересовно здружување се претопи во протестно движење. Лично, не учествував во Шарената револуција, но како и дотогаш, отворено ги искажував моите критики кон потезите на тогашната власт, но и непринципиелните решенија и кршењето на уставот коишто произлегоа од Пржинските пазарења и преговори. Последиците ги живееме и денес, затоа што политиката надвор од границите на правото никогаш не дава позитивни резултати, вели Силјановска за Фактор.Вели спремна е да ја носи етикетата „вмровка" ако таа е поврзана за симболот на ВМРО низ нашата историја.- Јас сум внука на илинденец и ќерка на партизан, па нормално е да бидам и вмровка“, вели Силјановска Давкова за порталот.Додава и дека еден режим се претворил во друг и дека мотив и дава борбата против Заевизмот.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Јанакиески на распит за организацијата на крвавиот четврток

Екс министерот, Миле Јанакиески, кој се наоѓа во куќен притвор, е на распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција во врска со истрагата за „27 април“, потврдуваат од Јавното обвинителство за „Фокус“.Тој е осомничен за организирање на насилниот упад во Собранието.

Македонија | пред 6 години

ali-ahmeti

(ВИДЕО) Мицкоски му ветил на Ахмети дека нема да има бојкот на изборите

Али Ахмети вчера при своето гостување во КликПлус на ТВ21, истакна дека лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, му ветил дека нема да има бојкот на изборите.Ахмети вели дека добил уверувања од претседателот на партијата Христијан Мицкоски дека тоа нема да се случи.https://www.facebook.com/tv21hd/videos/332085714327758/

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Зекири за Ахмети: Јазикот оди каде што забот боли

Пратеникот, Мухамед Зекири, изјави дека нема да го коментира лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој во интервју за ТВ21 рече дека Зекири пред 7-8 години барал од него да биде пратеник на ДУИ.„Јазикот оди каде што забот боли“, изјави Зекири за „Фокус“, кој што вели дека тој досега се што имал за ДУИ и за лидерот на партијата кажал јавно.

Македонија | пред 6 години

reka

Река: Ќе покренам кривични за сите кои се вмешани во корупција и тендерски скандали

Сигурен сум дека ќе го поминам првиот круг. Очекувам гласови не само од Македонците, туку од сите граѓани, затоа што мојот концепт е „Република за сите“, рече кандидатот за претседател Блерим Река во интервју за МРТВ на албански јазик.-Ако за вас што го поставувате прашањето, но и за сите граѓани, изгледа дека е невозможно да направиме менувања и деполитизација на судството, да ја ослободиме јавната администрација од доминантниот непотизам, ако мислите дека не може да се одржи Специјалното Обвинителство како гарант и како гардиан на законот тогаш џабе ни се претседателски избори но и парламентарни, истакна Река.Тој ги истакна четирите критични точки, како што се: деполитизација на судството, департизирана и професионална јавна администрација, реформи во секторот на разузнавање и контраразузнавање и корупцијата, кои и Европската Унија и ги спромнала на Северна Македонија во јуни лани.Река рече дека ако биде избран за претседател на државата, ќе покрене кривични процедури за сите граѓани без разлика на етничката припадност кои биле вклучени во некаква форма во корупција и тендерски скандали.Прашан како ќе ја подобри застапеноста на Албанците и другите етникуми во претсетаделската канцеларија, рече дека ако си претседател на сите и  да имаш 97-98 отсто вработени од една национална припадност, не е само репрезентативно, туку не рефлектира ниту единство на нацијата.Во врска со тоа зошто тогаш како амбасадор беше поддржан од ДУИ и сега тие не ја поддржуваат неговата претседателска кандидатура, Река изјави дека не е „авторизиран“ и дека не може да ја знае причината зошто не го поддржуваат и дека тоа е нивна политика.

Македонија | пред 6 години

frckovski

(ВИДЕО) Фрчковски не ја негираше автентичноста на неговиот разговор со Муслиу

Универзитетскиот професор Љубомир Фрчкоски, за вчерашната „24 Анализа“ во краткиот коментар не ја негираше автентичноста на денеска објавената бомба со неговиот разговор со аналитичарот Алберт Муслиу.Интересно е што т.н. „нови бомби“ се споделувани од анонимни Фејсбук-профили кои се залагаат за бојкот на изборите. Според објавените разговори се чини дека станува збор за досега необјавени аудио-снимки.

Македонија | пред 6 години

ahmeti

Ахмети: За нас е прифатливо претседателот на државата да се избира во Собранието

За Али Ахмети, лидерот на ДУИ, во синоќешното интервју за ТВ 21 рече дека за нив поприфатливо е претседателот на државата да се избира во Собранието.Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири пред неколку недели изјави „што подалеку од ДУИ, тоа подобро“. Лидерот на ДУИ Али Ахмети за ТВ21 даде свој коментар за таа изјава.„Нека се обидат да ја видат ДУИ во опозиција, тогаш ќе ја почувствуваат вистинската сила на ДУИ. Јас побарав сите да се обединат и да ја победат ДУИ и да видат каква е ДУИ како опозиција. Но, дали ќе можат да преживеат ако ДУИ е опозиција“.-Тешко, велите?-За 15 месеци ја ставивме на колена од ВМРО, одговори Ахмети.– Ние оваа тема ја потегнавме пред 10 години. Тогаш немавме поддршка од нашите меѓународни пријатели, но сега изгледа дека е оправдано да се мисли на такво нешто. Претседателот може да се избира и во Собранието, и мислам дека е тоа оправдано, рече Ахмети во синоќешното интервју за ТВ 21.

Македонија | пред 6 години

79DF573A-1DD2-4A2A-8A22-4A0473DF7610

Мицкоски: Заев не знае што е утринска смотра, со лажна медицинска белешка го избегнал воениот рок

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера на митинг се обрати пред граѓаните во Општина Кратово. Мицкоски пред присутните истакна дека дојде време овие, како што ги нарече, политички измамници од врхушката на СДСМ на чело со Заев да заминат во политичка историја, политичка пензија, која нема да им биде мирна затоа што од прв до последен ќе треба да одговараат за сите криминали, злодела, понижувања, омаловажувања кои во овие две години ги нанесоа на Република Македонија и граѓаните.Мицкоски во своето обраќање одговори на повиците за АРМ на портпаролот на СДСМ, истакнувајќи дека тоа младо момче не знае што е утринска смотра, што е пожарство, дали знае што е стража на минус 20 степени во пола метар снег, а не знае ниту неговиот лидер Зоран Заев бидејќи со лажна медицинска белешка го избегнал воениот рок, но како што рече затоа не им пречеше да ја обесчестат армија, да ја постројат македонската гарда и да ја интонираат македонската химна.

Македонија | пред 6 години

siljanovska-pendarovski-reka

На полноќ стапува предизборен молк

На полноќ завршува дваесетдневната кампања и почнува молкот пред неделните претседателски избори и предвремените локални во општините Охрид, Дебар и Ново Село.Блерим Река вчера со митинг во Тетово ја заокружи изборната кампања.Кандидатот за претседател од СДСМ, Стево Пендаровски кампањата ја завршува денеска во западниот дел од државата, односно ќе одржи митинзи во Струга и Охрид, а во текот на денот ќе има средби со граѓани во Дебарца, Вевчани и Лабуништа, додека кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова ќе биде во источниот дел од државата, поточно ќе има вечерен митинг во Штип, а претходно ќе одржи митинг и во Пробиштип.

Македонија | пред 6 години

ahmeti

Ахмети: Зекири ме молеше да го предложам како кандидат за пратеник на ДУИ

Во интервју за TV21 на емисијата „Клик Плус“, претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, разговараше и за односите со коалициските партнери.Запрашан за коментарите на потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, Ахмети рече дека воопшто не сака да го коментира Зекири, бидејќи зборува невистинити работи.– Овој Мухамед дојде во мојата канцеларија пред неколку години додека работеше во Алсат барајќи да стане пратеник од редовите на Демократската унија за интеграција. Го охрабрив да го продолжи својот придонес како новинар во Алсат, рече Ахмети. Да знаев дека се налутил би го земал во предвид, додаде Ахмети.

Македонија | пред 6 години

petar-bogojeski

Богојески: Европската иднина на Македонија зависи од резултатот на европските, а не од претседателските избори

Петар Богојески од групата реформатори на ВМРО-ДПМНЕ за „Фокус“ изјави дека тој се надева на успех на ВМРО-ДПМНЕ и смета дека бојкотот не е решение.-Европската иднина на Македонија зависи од резултатот на европските, а не од претседателските избори. Не е важно кој ќе биде избран за претседател, важно е тоа да биде направено на најлегитимни и пред се успешни избори. После изборот, секој од кандидатите ќе мора да дејствува во насока кон ЕУ и НАТО. Доколку на европско ниво победи опцијата на еврооптимизмот, на оние кои подржуваат проширување на ЕУ, ние можеме да бидеме комотни. И обратно, вели тој. 

Македонија | пред 6 години

gordana-za-skopje-1

(АУДИО) Јанкулоска на Скопје1.мк со изјава за новите „бомби“

„Јас не ги коменторав претходните, нема ни овие. Тоа е на некој начин грубо кршење на приватноста. До сега нити некој потврди дали се веродостојни, каква е новната содржина, кој снимал, како снимал, истакна Горана Јанкуловска за Скопје1.мкТаа меѓу другото додава дека бомбите единствено се искористени во политички цели и за судски прогон, така да немам што да коментирам, вели Јанкулоска.

Македонија | пред 6 години

frckovski

(АУДИО) НОВА БОМБА 2: Фрчкоски и Муслиу разговараат за лустрацијата и мнозинството во комисијата

На веб-страница „вк.ком“ од страна на профил „Илија громовник“ се објавени четири нови прислушкувани разговори.Во вториот разговор професорот Фрчковски и Алберт Муслиу разговараат за лустрацијата.Фрчковски се жали дека поради одлуката која ќе биде донесена, тој може да го изгуби работното место. Фрчкоски тврди дека ако двајца албанци не гласаат, меѓу кои е Даут Даути (новинар) тогаш Фрчкоски нема да има проблем. Муслиу му ветува дека ќе стори се што може.„Овој закон е без консензус, само од ВМРО е“, се вели во разговорот.Во продолжение слушнете за што се разговараhttps://vk.com/video541241845_456239019*Скопје1.мк се оградува од содржината на објавениот материјал. Како медиумска куќа го пренесуваме материјалот за информирање на јавноста.*Напомена: Скопје1.мк не одговара во однос на вистинитоста на материјалот, нема информација за времето кога тој е снимен, ниту содржината.

Македонија | пред 6 години

elem

(АУДИО) НОВА БОМБА 3: Злоупотреби на ЕЛЕМ?

На веб-страница „вк.ком“ од страна на профил „Илија громовник“ се објавени четири нови прислушкувани разговори.Во третиот разговор темата е ЕЛЕМ. Едната страна моли да не се злоупотребува ЕЛЕМ и бара регулаторна комисија да го реши тоа. Се збори и за камати од 54 милиони.Во продолжение слушнете за што се разговара...https://vk.com/video541241845_456239018*Скопје1.мк се оградува од содржината на објавениот материјал. Како медиумска куќа го пренесуваме материјалот за информирање на јавноста.*Напомена: Скопје1.мк не одговара во однос на вистинитоста на материјалот, нема информација за времето кога тој е снимен, ниту содржината.

Македонија | пред 6 години

gordana-jankuloska

(АУДИО) Нова бомба 4: Спасовски и Јанкуловска се договараат што да зборат пред медиумите

На веб-страница „вк.ком“ од страна на профил „Илија громовник“ се објавени четири нови прислушкувани разговори.Во третиот разговор објавен на веб-страницата се слушаат гласовите на Оливер Спасовски и Гордана Јанкуловска.„Оливер ми се јави претседателот, ми кажа дека сте збореле. Јас сакав да се чуеме да испрецизираме. Утре знаеш како ќе биде, медиуми ова она. Да не се раскараме таму, да испадне дека не сме договорени“, вели Јанкуловска.Тие зборуваат за амандмани кои треба да се гласаат.„Епа види сега, ако остане постоечкиот став, кој е сега во закон, прецизира полн состав и без најава. Значи, тоа „без најва“ не е толку битно, колку што е „полн состав“.Во продлжение, објавениот разговор...https://vk.com/video541241845_456239017*Скопје1.мк се оградува од содржината на објавениот материјал. Како медиумска куќа го пренесуваме материјалот за информирање на јавноста.*Напомена: Скопје1.мк не одговара во однос на вистинитоста на материјалот, нема информација за времето кога тој е снимен, ниту содржината.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања