„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

IZBORI-GLASANJE-3

Охриѓани новиот градоначалник ќе го бираат на 5 мај во вториот круг од изборите

Официјалните податоци што ги објави Државната изборна комисија во врска со одржаните предвремени избори за градоначалник покажуваат дека охриѓани идниот градоначалник ќе го добијат во вториот круг од изборите закажан за 5 мај.Според податоците на ДИК, ниту еден од петтемина кандидати не ги има добиено потребните 50 отсто плус еден глас од излезените гласачи на изборите така што во вториот круг ќе одат двајцата кандидати со освоени најголем број гласови, а тоа се кандидатот на СДСМ Константин Георгиески и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Митре Милошевски.Кандидатот на СДСМ Георгиески вчера ја добил поддршката на 13.037 граѓани, пред противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ со освоени 10.614 гласа.Од останатите кандидати Михаил Трендафилов Нанче од Граѓанско демократската унија доби 1.655 гласа, Стевче Стевоски од Демократи 1.003 и Џемал Мена од Движењето Беса 553 гласа.Инаку, излезеноста на изборите беше 53,84 отсто, односно вчера правото на глас го искористиле 26.862 од вкупно регистрираните 52.223 лица во Избирачкиот список. Она што е карактеристично за првиот круг од изборите за градоначалник се и 1.256 неважечки ливчиња односно 4,45 отсто.

Македонија | пред 6 години

58441344_821966658161211_5413146234623885312_o

Сиљановска со препорака: За вториот круг кажете им на роднините и колегите да гласаат

„Од сѐ срце ви благодарам за сета поддршка во првиот круг на изборите. Ве имаше во голем број во сите делови на земјата, од сите етнички и верски групи. Се обединивме поради потребата од право и правда, во знак на отпор кон неправдата и беззаконието.  И тука нема да запреме. Македонија се наоѓа на пресвртница: или ќе се избориме за демократија и владеење на правото или ќе попуштиме пред оние кои не избираат средства за присвојување на сета власт во авторитарна, Северна Македонија.  Македонија за која ние се бориме е демократска и со граѓани кои не се плашат да преземат одговорност за заедничката иднина“, пишува кандидатката за претседател, Гордана Сиљановска-Давкова.„Во наредниот период ни преостанува да зачекориме сложно. Обратете им се на вашите најблиски, роднини, пријатели или колеги кои можеби не сме успеале да ги убедиле да излезат и да гласаат вчера, тоа да го направат на 5-ти мај.  Да дадеме се од себе. И ние и вие. Јас верувам во вас и во Македонија. Победата на 5 мај ѝ ја должиме на Македонија. Тогаш победнички ќе запееме: „Денес над Македонија се раѓа ново сонце на слободата!“  И правда за Македонија! Татковината не повикува!“, додава таа.

Македонија | пред 6 години

53245259_1681223482176943_4489936812415909888_n-1

Во Слупчане убиени две лица

Крвав настан ја потресе Македонија кога доцна синоќа во Слупчане биле пронајдени две безживотни тела.Во 22 часот и 40 минути, полицајци добиле повик дека во атарот на селото Слупчане, кај месноста „Слупчански бунар“, било забележано патничко моторно возило, марка „опел астра“, во кое било пукано од засега непзнат сторител.Во него имало две лица, а за жал Итната помош можела да констатира само смрт.Повеќе детали наскоро.

Македонија | пред 6 години

siljanovska-pendarovski

ОФИЦИЈАЛНО: Сиљановска изгуби од Пендаровски во прв круг со над 4.300 гласови разлика

Иако до последна минута беше тесна разликата во гласови меѓу претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска, сепак, победа во првиот круг издвои кандидатот на СДСМ со 322.605 освоени гласови.Државната изборна комисија обработила 99,85 од гласовите, па според истите, кандидатот Стево Пендаровски добил 323.333, а за кандидатот Гордана Сиљановска-Давкова гласале 318.811 избирачи.Во текот на изборниот ден регистрирани се четири фотографирања на гласачки ливчиња, а сторителите се приведени. Гласач во Новаци, пак, под дејство на алкохол оштетил гласачка кутија, а во село Кучичино забележано е лице што делело пропаганден материјал во близина на гласачко место, соопшти министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.Според податоците од досегашните изборни процеси, неизбежен е впечатокот дека опаѓа одѕивот на македонските граѓани во првиот круг од претседателските избори.

Македонија | пред 6 години

Slika-Muhamed-25-02

Зекири по резултатите: Горчлива победа, време е за одговорност од функционери на СДСМ

По првиот изборен циклус и објавувањето на гласовите кои ги добија кандидатите, пратеникот Мухамед Зекири од СДСМ со свој став.“Горчлива победа. Резултатот поука за сите нас!!! Граѓаните знаат да наградат, а и да казнат. Посебна честитка до гласачите Албанци кои дадоа поддршка за Стево Пендаровски, како и за извонредниот резултат и поддршката што ја доби кандидатот Блерим Река! Граѓаните Албанци јасно демонстрираа дека е дојдено време од политичката сцена да се пензионира голем дел од политичката елита на Албанците во Република Северна Македонија!!! Време е и за одговорност и на дел од функционери од нашата СДСМ”, напиша Закири на социјалните мрежи. 

Македонија | пред 6 години

siljanovska-pendarovski-reka

ДИК: Пендаровски има 952 гласови повеќе од Сиљановска, обработени се 96,92%

„Денешниот изборен ден, од обработени 96,92% од податоците, гласале 41,92% од гласачите, кандидатот Гордана Сиљановска-Давкова добила 309.799 гласови, а кандидатот Стево Пендаровски 310.751 глас. Со ова можам да заклучам дека денешниот изборен ден помина во една добра и мирна атмосфера, немаше посериозни забелешки од набљудувачите и учесниците во кампањата. Сметам дека ја постигнавме целта, а тоа е спроведување на чист, фер и коректен изборен ден“, рече претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.  

Македонија | пред 6 години

mickoski

Мицкоски: Неопходен е втор круг и најважно, ја победивме хотел-коалицијата

Победивме! Победивме и тоа е победа на сите вас, на сите вас што ја поддржавте професорката Гордана Силјановска Дафкова , порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес конференцијата.„Почитувани граѓани, победивме. Победивме и тоа е победа на сите вас што сте овде и сите оние што денеска ја поддржавте Сиљаноска и идните градоначалници во Охрид и Ново Село. Ги победивме сите оние остатоци од транзицијата и сите неуспешни криминални политики чиешто олицетворение е Зоран Заев. Неопходен е втор круг, и најважно, ја победивме хотел-коалицијата. Доаѓа правдата за Македонија, за која добивме сила, правдата што му е насушно потребна на нашиот народ. Заев донесе криминал и корупција. Победата е голема бидејќи е на народот. Од Цветници Македонија има нова реалност. Оваа победа е голема затоа што е на народот, од денес Македонија има нова реалност. Македонија горда, честита. Победи коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со народот. Власта е делигитимрана. Народот против целата власт, власта е делегитимирана. Почна падот на Зоран Заев. Ајде да ги поразиме, потенцираше Мицкоски.

пред 6 години

siljanovska

Силјановска: Опозицијта успеала да им предочи на граѓаните, дека во отсуство на правда може да си раскажуваме приказни

Пресс конференција во ВМРО ДПМНЕ. Свои обраќања имаа кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова и претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски.„Дозволете ми уште еднаш да се заблагодарам ан ВМРО ДПМНЕ и на членовите на коалицијата „За Подобра Македонија“, за отворената врата за некој однадвор како мене, а на овие гласови би сакала да им се заблагодарам на граѓаните кои длабоко се разочарале од власта и гласале за мене, на оние кои за прв пат гласале и гласале за мене. Знам дека допрва следи битката, но мислам дека ако ние добивме олкав број на гласови, и ако на тие ги додаме оние на Блерим Река, прикаската е јасна. И двајцата зборувавме за владеење на правото, борба против корупцијата. И само со таква приказна можеме да зачекориме во ЕУ. Нашите тези се на линија на излитената парола Нема правда, нема мир, зашто правда во Македонија нема. Крајот се насетува, јас немам што да изгубам, моите тези се јасни, рече Силјановска. За некој како мене кој во цалата кампања укажуваше на неодржливоста на ситем потонат во корупција на криминал и непотизам, тоа е најважно, значи опозицијта успеала не само да им предочи туку и да ги убедите граѓаните, дека во отсуство на права и правда може само да си раскажуваме приказни дека можеме да добиеме преговори, истакна Силјановска.Таа додаде:На ова земја и треба нов профил на политичари и политичка култура демократска, нов профил на лидертсво, кој не измислува и не лаже.Ако ние освоивме олку гласови и ако на нив ги додадеме гласовите приказната е јасна и демократска. Европска и само со таква приказна можеме да добиеме можност на преговори и да зачекориме во ЕУ. Се е врзано за владеењето на правото. Живот во Македонија може да има само со правна правна држава, истакна во дел од своето обраќање Гордана Силјановска Давкова. 

пред 6 години

kiracoski

(ВИДЕО) Кирацовски: Пендаровски води - очекувана е победата во првиот круг

На пребројани повеќе од половина од гласачките места, Стево Пендаровски е во водство пред противкандидатите. Очекувана е победата на Пендаровски во првиот круг, истакна Александар Кирацовски, генерален секретар на СДСМ и шеф на изборниот штаб.Предноста на Стево, кандидатот поддржан од сите етнички заедници, ќе значи сигурна победа во вториот изборен круг, во фер и демократска атмосфера.Во вториот круг, очекуваме граѓаните уште посилно да го поддржат напредокот и концептот што води напред.Нема да набројувам во кои населени места води Стево Пендаровски. Ова се избори за претседател на државата, на сите граѓани.Ова не се локални избори. ВМРО-ДПМНЕ бадијала се храбрат.Јасно е дека губат во првиот и дека ќе загубат и во вториот изборен круг. Нашата Македонија ќе добие вистински претседател на сите граѓани, Стево Пендаровски ќе биде идниот претседател на државата, истакна Александар Кирацовски, генерален секретар на СДСМ и шеф на изборниот штаб. ?t=267

пред 6 години

Janusev

Јанушев: Правдата доаѓа, готови се - ВМРО ја победува власта

Секретарот на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во 21 часот на првата прес-конференција објави голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот кандидат Гордана Силјановска Давкова.Правдата доаѓа, готови се. ВМРО-ДПМНЕ победува, народот победува. Силјановска е изборот на народот. Гордана ќе биде! Првадата доаѓа. ВМРО ја победува власта. Водиме против кандидатот поддржан од СДСМ, ДУИ, ДПА, ЛДП, НСДП, целата власт. Против народот не се може, рече Јанушев.Од 43% од обработените гласови Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ водат во голем број избирачки места и општини: Битола, Велес, Кавадарци, Кичево, Кочани, Неготино, Охрид, Прилеп, Пробиштип, Свети Николе, Штип, Аердром, Бутел, Гази Баба, Кисела Вода.Од обработените податоци веќе победивме во Пехчево, Јегуновце, Градско, Вевчани, Могила, Илинден, Лозово, Радовиш, Ѓорче Петров, рече Јанушев.

пред 6 години

IZBORI-GLASANJE2

Кои изборни неправилности се пријавени во МВР?

Во текот на денешниот изборен ден (21.04.2109), до 19 часот, регистрирани се четири случаи со фотографирање на гласачко ливче.Во 09.05 часот, на гласачко место во градинката „Лале- Срничка“ во општина Аеродром- Скопје, претседателот на избирачкиот одбор го забележал Р.Ѓ.(36) од Скопје како со мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче. Р.Ѓ. е приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Во 11,40 часот, на гласачко место број 1515 во село Обршани,општина Кривогаштани, К.П. (42) од село Обршани, со мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче и од страна на полициски службеници се преземаат мерки за расчистување и на овој случај. Во 16,05 часот пријавено е дека на Избирачко место број 1969, лоцирано во ЈКП Тетово, .В.П (36) од Тетово, откако гласал го фотографирал гласачкото ливче, а четвртиот случај е во с. Тромеѓа, кумановско, каде на гласачко место број 1080 во 16.49 часот, од страна на Избирачки одбор е побарано интервенција од полициски службеник, поради фотографирано гласачко ливче од М.Д. . М.Д е приведен во полициска станица лицето М.Д е приведен во полициска станица ,изготвен е Записник за констатиран прекршок по чл 190 ст 2 од Изборен Законик.Во 17.50 часот во с. Добрушево , Новаци на гласачко место 0219 пријавено е дека лицето Т.С(40) во видно алкохолизирана состојба по чинот на гласање , во обид да го стави ливчето во кутијата ја турнал гласачката кутија при што кутијата паднала на земја и се оштетила рачката од едната страна. Избирачкиот одбор едногласно одлучил дека изборниот процес може да продолжи без прекин, бидејќи процениле дека гласачкиот материјал не излегол од гласачката кутија. Лицето е приведено во СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на настанот.Околу 13 часот, телефонски е пријавено дека лице од село Кучичино, општина Чешиново- Кочани, кој што имал продавница во близина на гласачките места број 0880 и 0881, наводно вршел агитирање во својата продавница, односно делел пакети со продукти и пропаганден материјал. На лице место излезено е од страна на инспектори од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани и утврдено е дека станува збор за лицето С.С (53) од с.Кучичино општина Чешиново-Облешево кој во службениот разговор со инспекторите изјавил дека на три лица со престојувалиште од општина Штип им дал рекламен материјал со еден од кандидатите за претседател. Од страна на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани ќе биде доставено писмено известување до Основното Јавно обвинителство Кочани.Пријавени се и 11 случаи на агитирање, од кои за осум е веќе утврдено дека се непотврдени, а за три се преземаат мерки за проверка. За евентуалните дополнително пријавени случаи МВР ќе информира во текот на утрешниот ден.

пред 6 години

reka

Штабот на Река: Загрижува што една четвртина од граѓаните се иселени

Од Изборниот штаб на Блерим Река првиот круг од претседателските избори ги оценија како фер и демократски, но со мал одѕив на гласачите.„Малиот процент на излезност на изборите за претседател на државата го потврдува нашиот податок од изборната програма дека една четвртина од граѓаните се иселени. Tоа е загрижувачки момент“, изјави Рамадан Реџепи, портпарол на Изборниот штаб на Блерим Река.

пред 6 години

izbori-glasanje-11-92584

Неправилности забележани од набљудувачите на МОСТ

Според потврдените информации, добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ:• Фотографирање на гласачките ливчиња е забележано на 3 гласачки места – ГМ 1515 во село Обршани, општина Кривогаштани, ГМ 1969 во Тетово и ГМ 1080 во с. Тромеѓа, општина Куманово. Во сите овие случаи забележана е соодветна реакција на ИО и на полицијата. ИО направиле записници, а полицијата ги привела овие гласачи.• На ГМ 2778 во општина Кисела Вода, додека ИО проверувал дали одреден гласач бил запишан во Избирачкиот список, истиот веќе гласал, но пред да го стави ливчето во кутијата ИО увидел дека гласачот не е запишан во ИС. ИО не му дозволил да го стави ливчето во гласачката кутија, туку по консултација со ОИК, ИО истото го поништил со откинување на долниот десен агол.• На ГМ 0497 во с. Ново Село, општина Маврово и Ростуша, откинати се 8 гласачки ливчиња заедно со серискиот број. ОИК го инструирала ИО, кога ќе заврши гласањето, серискиот број на тие ливчиња да биде откинат и да биде залепен на кочанот.• На ГМ 0771, с. Козица, општина Кичево, кое се наоѓа во иста просторија со ГМ 0770, гласачко ливче od 0771 по грешка е ставено во гласачката кутија за ГМ 0770. ОИК дала инструкција случајот да биде внесен во записник.• НА ГМ 0219, с. Добрушево, општина Могила, гласач ја турнал гласачката кутија при што една од сигурносните ленти се скинала. Биле повикани ОИК и полицијата при што лицето било приведено. Гласањето било прекинато во период од 20 минути, по што истото продолжило.• На ГМ 0947 во Крива Паланка, 3 граѓани не биле запишани во Избирачкиот список, додека на ГМ 1320 во с. Велмеј, општина Дебарца, бројот на вакви граѓани е 10.Според податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно сумирање на гласовите), која претставува математичко-статистички научен метод, одѕивот на гласачите до 14 часот е 25,1%, до 15 часот е 28,7%, до 16 часот е 31,8%, до 17 часот е 34,9%, додека до 18 часот е 38,2%.

пред 6 години

foto1

Спасовски: Гласањето помина мирно и без посериозни нарушувања на јавниот ред и мир

Гласањето помина мирно и без посериозни нарушувања на јавниот ред и мир. Институциите покажаа дека можат да организираат мирни и демократски избори, изјави министерот Оливер Спасовски.„Им се заблагодарувам на припадниците на МВР кои помогнаа целиот процес да помине во најдобар ред.Досега регистрирани се 4 фотографирања на гласачко ливче, сите се приведени и за сите ќе бидат поднесени соодветни пријави.Регистрирано е ошптетување на гласачка кутија од лице под дејство на алкохол во Новаци.Во село Кучичено регистрирано е лице кое делело рекламен материјал со еден од кандидатите за претседател и за тоа е известено јавното обвинителство“, изјави Спасовски.

пред 6 години

siljanovska-glasanje

Силјановска Давкова: Очекувам да влезам во вториот круг, доколку се случи да не влезам ќе гласам за Река

Професорката Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател на Република Македонија, денес го оствари своето право на глас.По гласањето таа даде изјава за медиумите во која говореше за очекувањата од изборите и за текот на кампањата.-Ова се посебни избори, не затоа што јас сум кандидатка и не затоа што за првпат жена има шанса да биде претседател на Македонија, туку заради условот. Ние треба да го докажеме европскиот реформски, демократски капацитет со фер и демократски избори. Тоа не е многу вообичаено во дваесет и првиот век, но се надевам дека ќе излеземе конечно од транзицискиот лавиринт и дека ќе влеземе во демократската транзиција. Кампањата се обидов да ја обојам женски, со знаење, со посветеност, со аргументи. Да докажам дека ние жените имаме посебни квалитети и посебен начин на менаџирање на проблемите. Мислам дека беше успешна кампањата. Очекувам да влезам во вториот круг, доколку се случи да не влезам ќе гласам за господинот Река заради стручноста, компетентноста и граѓанската ориентација, порача таа.

пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања