„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

deskoski

(ФОТО) Сопругот на Рената Дескоска: Северномакедонци за навек

Во една Фејсбук-полемика за идентитетот и неизбежната придавка „северномакедонски“ се вклучи и професорот Тони Дескоски.За професорот Тони Дескоски, сопруг на министерката за правда Рената Дескоска, „ова е тоа што го прифативме“.„Само сега излезе на виделина. Ако некој мислеше дека може да се спречи придавка северномакедонски, дебело се измамил. Ова е трајно, за навек“, коментира Дескоски.ж 

Коментари | пред 6 години

siljanovska

Силјановска: Народот ќе ви ја испорача "Метлата" на 5 мај

Кандидатот за претседател на Македонија, професорката Гордана Силјановска Давкова на својот твитер профил доцна синојќа ја искоментира изјавата на премиерот Зоран Заев дадена на трибината во општина Карпош, како дел од предизборната промоција на кандидатот за претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од владеачките партии СДСМ и ДУИ, дека по претседателските избори ќе следи чистка на функционерите од извршната и локалната власт и откако актерот Драган Спасов-Дац му подари метла на претседателот на СДСМ да му помогне во расчистувањето со министрите, директорите, советниците и останатите функционери.„Се чудам од каде "смрдеше рибата ?! Народот ќе ви ја испорача "Метлата" на 5 мај!“, напиша Силјановска.https://twitter.com/gogamkd/status/1120482309612945408

Македонија | пред 6 години

zoran-zaev-4-696x405

Заев: Ќе победиме со 100 000 гласови разлика

СДСМ и Стево Пендаровски вечерва во Карпош продолжија со своите изборни активности.„Нашиот народ бил секогаш на вистинската страна. Слушнете ме внимателно, зборот е збор, секогаш сум стоел на кажаното. 100.000 гласови разлика ќе победиме во вториот круг и тоа да биде нешто што ќе остане печат на кој што сите ќе се гордееме. Резерварот е поголем, но барем 100.000 гласови разлика, затоа што заслужува Македонија, затоа што заслужуваме сите ние.” – рече Заев на трибината во Карпош.

Македонија | пред 6 години

nikola-sazdovski

Кривичен денес ќе ја објави пресудата за убиството на Никола Саздовски

Во Кривичниот суд денеска треба да биде соопштена пресудата за убиството на дваесетгодишниот Никола Саздовски, случај во кој обвинети се Бесир Беља, Скендер Демири и уште едно лице кое е во бегство.Двајца од напаѓачите, Бесир Беља и Скендер Демири, се во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка, а за трето осомничениот, кој сè уште е недостапен за органите на прогонот, е распишана домашна и меѓународна потерница. ОЈО тројцата осомничени лица ги гони за кривично дело „убиство на свиреп начин“Според обвинителниот акт, Беља и Демири заедно со Ј. Љ. (19), кој е во бегство, на 29 јуни минатата година крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ на булеварот „Александар Македонски“ во Автокоманда.Од здобиените повреди, Саздовски на 9 јули 2018 година почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Македонија | пред 6 години

51352852_777130685978142_866252714139451392_n

Силјановска: Ќе разговарам со приврзаниците на Бојкотирам

Претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова во вечерашното гостување на телевизија Сител рече дека предноста во гласови што ја има Пендаровски во првиот круг е занемарлива.„Презадоволна сум од резултатите. За 15 месеци да изгубите 40 проценти од гласачите е длабока криза на легитимитетот. За мене ова беше како „исправи се Делфина“, тоа е одличен влез во вториот круг“, истакна Сиљановска.Силјановска вели дека намерава да разговара со приврзаниците на Бојкотирам да излезат на гласање и да и дадат поддршка во вториот круг од претседателските избори кој е закажан за мај.„Јас мислам дека ќе имаме цензус, иако дел од граѓаните не сакаат да излезат заради името, како што се приврзаниците на Бојкотирам, но имам намера да разговарам со нив, да им објаснам дека проблемот се решава внатре во институциите. Разликата е занемарлива, можеби загрижуваат неважечките гласови“, рече Сиљановска.

Македонија | пред 6 години

57503285_294130381503539_5100642859388764160_n-1

Јанушев: Народот гледа што се случува и ја казни власта

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во вечерашното гостување во емисијата Анализа на ТВ 24 посочи дека слабата излезеност во првиот круг на претседателските избори е поради апатијата на гласачкото тело поради безидејноста и лошите политики кои ги води владата на СДСМ и Зоран Заев.Неколку дена пред гласањето имаше полициски службеници кои влегуваа во штабови на опозицијата. Да не ја заборавиме и апликацијата со која се обидовте да собирате мета дата податоци од граѓаните. Тоа го виде цела македонска јавност, вели Јанушев. Јанушев порача дека ВМРО-ДПМНЕ победи во 47 општини, а пред само година дена имаше освоено само 5 општини.-Ова ВМРО со третата генерација во ВМРО вчера на изборите ви зема 47 општини, а вие освоивте победи само во 17 општини. Во Скопје нема каде имате победено, ви се случува потоп. Со многу самоувереност се расфрлавте во претходните емисии, но ви се случува потоп, предноста ви е 0,6 % а тоа не се ни кажува како статистичка грешка. Ви се случи народ, народот ја препозна шансата, народот гледа што се случува и народот ве казнува, опозицијата ја победи власта во Македонија, позицијата има 70.000 гласа повеќе од власта, вели Јанушев.

Македонија | пред 6 години

slupcane

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО) Автомобилот во кој загинаа татко и син од Слупчане

Алсат ја обезбеди фотографијата од автомобилот Opel Astra во која непознат напаѓач ги уби Елхам Салаху (47) и неговиот 8 годишен син. Според податоци од Обвинителството, тие биле застрелани од непосредна близина, недалеку од с. Слупчане, кај месноста наречена „Слупчански бунар“. Истрагата за настанот е во тек. 

Македонија | пред 6 години

dac

(ВИДЕО) Дац му подари метла на Заев за да направел чистката по изборите

На трибината во Карпош, актерот Драган Спасов Дац пред присутните излезе со метла и му ја подари на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за како што кажа да направел чистка по вториот круг од претседателските избори.Заев се заблагодари и рече дека добро ќе му дојде, а Стево Пендаровски праша дали ќе биде доволно само една.,,Отворено зборувам, не да се заканувам некому, пораката ја примивме во првиот круг. Ова јасно им го кажувам на нашите поддржувачи кои решија да останат дома и кои се незадоволни од нас, од некои наши функционери, на локално или централно ниво-чистка ќе има. И тоа е мојата порака“-рече Зоран Заев на првата трибина во Карпош по првиот круг од претседателските избори.Тој најави големи промени, но и вети дека во вториот круг ќе освојат повеќе гласови и со нивниот кандидат Стево Пендаровски убедливо ќе победат, бидејќи не смее да се дозволи враќање на гуевизмот.,,Слушајте што кажувам, зборот е збор, 100.000 разлика во вториот круг“-рече лидерот на СДСМ. 

пред 6 години

drvja-muzicko-4

Исечени многу дрвја кај Музичкото училиште во Охрид - дозвола има, но зошто?

Денеска беа пресечени повеќе дрвја во музичкото училиште Методи Патче. Граѓаните револтирани, бараат одговор, кој ја спроведува акција и зошто? Според нив станува збор за здрави дрвја.Се надеваме дека во текот на утрешниот ден ќе добиеме подетални информации од локалната самоуправа за акцијата која ги вознемири охриѓани и екологистите.

Македонија | пред 6 години

ruski-turist

(Видео) Руски турист спречи грабеж во Битола

 Откако го приметил кpaдецот како зeмa  пари од каса, додека продавачката гледа на друга страна. Pyскиот турист бapa тој да ги вpaти и не се отkaжува од намерата се додека пpaвдата не биде зaдoвoлeнa.Вpeди да се погледа прилогот што го сподели Сител.

Македонија | пред 6 години

DIK-komisija

Гласале 405, а во кутијата имало 408 гласачки ливчиња – поништено гласањето во Ѓорче Петров

Државната изборна комисија донесе одлука за разрешување и дисциплински мерки против надзорната комисија на избирачкото место 2564 во општина Ѓорче Петров. Според комисијата  на гласање излегле 405 лица од вкупно запишаните 822 гласачи. По завршувањето на изборниот ден, во кутијата со гласачки ливчиња имало 408 гласачки ливчиња, односно три повеќе.Разрешени се членовите и во избирачкото место 0006 во општина Берово.  Таму пак членовите на одборот пропуштиле да утврдат идентитет на гласач па така наместо болно и изнемоштено лице гласал човек со исто име и презиме како неговото.Дополнително, ДИК по изборите ќе одлучува дали на членовите на овие изборачки одбори ќе им биде исплатен надоместокот што им следи а согласно Правилникот за надоместоци што го утврдува изборната комисија.На избирачкото место број 2564 во општина Ѓорче Петров ДИК попладнево одлучи да не се прегласува бидејќи тоа не влијае на целокупниот резултат од изборите.

пред 6 години

humanost

Потребно е млеко – мајка со неухранети близначиња заврши во болница

Вистинските дела на љубезност на нивниот твитер профил споделија информација дека е потребно млеко за близначиња кои завршија во болница поради неухранетост:„Велешани итно е потребно млеко за близначиња стари 40 дена. Мајката со бебињата завршува во болница поради неухранетост.Не исконтактира патронажната сестра од Велес дека се работи за петчлено семејство и со детенце од 2 г. Семејството буквално гладува.Потребна е и храна за нив“, пишува на твитер.https://twitter.com/Ljubeznost/status/1120220958604845056?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1120220958604845056&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Fpotrebno-e-mleko-ma-ka-so-bebi-a-neuhraneti-zavrshile-vo-bolnica-vo-veles%2F

Македонија | пред 6 години

pendarovski

Пендаровски очекува поддршка од гласачите на Река: Многу вода протече низ Вардар од 2014 до сега

„Ги разбирам граѓаните кои решија да не излезат на гласање и на тој начин да ја упатат пораката. Тоа е нивно право и верувам дека политичарите ја примија пораката. Но, јас сум уверен, дека најголем дел од нив се за европска иднина на Македонија. Петти мај е последниот датум кога ќе можат да ја потврдат оваа заложба и да ја обезбедат сопствената иднина. Убеден сум дека ќе излезат и ќе гласаат за мене“, рече Пендаровски на денешната прес-конференција.„Во вториот круг ја очекувам поддршката од граѓаните кои гласаа за Блерим Река. Ги повикувам масовно да излезат на гласање. Знам дека огромен број од нив ја поддржуваат мојата визија за европска и интегрирана Македонија, наспроти блокадите кои ги најавува Сиљановска. Ги повкувам да гласаат по свое убедување“, додаде тој.„Не сум сигурен дека го изгубивме Скопје. Бројките се поделени, од Сарај до Чаир. Од она што го знам од теренските извештаи, мислам дека сите 31 политичка партија кои застанаа зад мојата кандидатура беа ангажирани со мобилизација на своите гласачи. Не можам да увидам дека некој од нив седел дома и не работел“, рече Пендаровски откако беше запрашан дали сите коалицики партнери работеле на терен за негова победа.„Многу работи се променија од претходните избори до сега. Последниве две години направивме неколку тешки одлуки и компромиси. Зборувам за договорите со Грција и Бугарија, Законот за јазици, за кои имаше сериозни отпори од главната опозициона партија кои продолжуваат и натаму. Споредбата меѓу 2014 година и 2019 година е само во тоа што сега имавме демократски избори, а тоа го потврдуваат сите. Многу вода протече низ Вардар за да ги споредуваме тие работи. Во тој период бевме без пристап до медиуми, администрацијата беше блокирана, меѓутоа, политичките одлуки кои ги преземавме од 2016 па наваму, влијаеа на изборниот резултат“, рече Пендаровски, запрашан за споредба меѓу изборите во 2014 кога тој немаше поддршка од коалициските партнери.

Македонија | пред 6 години

soobrakajka

ФОТО: Страшна сообраќајка во Карпош

Тешка сообраќајна незгода се случила во скопската населба Карпош меѓу три возила. Од фотографијата се гледа дека едното е превртено, а кај другите две е причинета материјална штета.фСпоред информациите, за среќа нема жртви од сударот на трите возила, а на лице место пристигнала и Брзата помош.

Скопје | пред 6 години

siljanovska-pendarovski

Во Скопје победи Сиљановска со 664 гласови повеќе од Пендаровски

Според резултатите во десетте скопски општини, во главниот град во првиот круг на претседателски избори победи кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова. Силјановска-Давкова во Скопје освои 664 гласови повеќе од кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски. Од обработени 99,96% од избирачките места, Силјановска-Давкова во Скопје освои 87.268 гласови, Пендаровски 86.604 гласови, а Блерим Река 14.905.СДСМ и Пендаровски имаат повеќе гласови од ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска-Давкова во општините Центар и Карпош. Во Центар Пендаровски освои 12.342 гласови, Силјановска 8.031, а Река 444. Во Општина Карпош за Пендаровски гласале 14.039 граѓани, за Силјановска-Давкова 11.641, а за Река 528.Во Општините Аеродром, Кисела Вода, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров каде градоначалници се од редовите на СДСМ, повеќе гласови освоија ВМРО-ДПМНЕ. Во Аеродром за Силјановска-Давкова гласале 16.450 граѓани, за Пендаровски 14. 007, а за Река 311. Во Кисела Вода Силјановска-Давкова освои 14. 685, Пендаровски 10.295, а Река 213 гласови. Најголема разлика меѓу Пендаровски и Силјановска од скопските општини има во Општина Гази Баба каде кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ освои 6.446 гласови повеќе односно 15.678, Пендаровски 9.232 и Река 1.346 гласови. Во Бутел Силјановска-Давкова освои 1.382 гласови повеќе од Пендаровски, а во Ѓорче Петров победи со 1.916 гласови разлика.Во Општина Сарај најмногу гласови освои Пендаровски 3.748, Блерим Река 3.072, а Силјановска-Давкова 379. Во Општина Чаир за Пендаровски гласале 8.203 граѓани, за Река 5.833, а за Силјановска-Давкова 2.947.Во Општина Шуто Оризари исто така победи Пендаровски со освоени 2.351, Силјановска-Давкова 1.772, а Река 832 гласови.ИЗВОР: СДК.МК

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања