„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

sazdo-696x424

Комити: Нема да сме мирни додека и третиот џелат не биде фатен

По објавувањето на пресудата за убијците на Никола Саздовски - Саздо, на Фејсбук се огласи навивачката група Комити.„Брату наш, ти кој си на небеса нека твојата душа почива во мир, Правдата изгледа како да доаѓа, но нема да сме мирни се додека не ја истераме до крај!Се додека и третиот џелат не биде фатен, казнет и заедно со другите двајца не го минат секој ден во наредните 19 години во страдање и покајание, барајќи прошка за тоа што си дозволија да одземат нешто што само Бог одлучува кога ќе одземе.Но и потоа ќе бидеме тука за будно да следиме од првиот до последниот момент сите 6935 денови, 166400 часови, десетина милиони минути и шестотини милиони секунди.Во време сме кога се кажува она што многумина сакаат да чујат, кога ветувањата се секојдневие, кога се можни секакви нешта, па токму затоа ќе почекаме да поминат најавените жалби и пресудата стане правосилна.Не постои никаква утеха, не постојат завршни зборови кои може да ги заменат моментите минати со тебе, дружбите на трибина и надвор од неа, прегратките со твоите најблиски, не постои оправдување поради кое иднината е заменета со црна судбина која човек со такво срце и душа не ја заслужува...Тага која ниту еден родител не треба да ја доживее.Но доколку ова е најава дека во оваа наша земја Македонска ваквите подмолни нешта ќе бидат соодветно санкционирани, со цел никогаш да не се повторат, барем за момент ќе си дозволиме да земеме длабоко здив, потоа да го испуштиме, испуштајки го низ него ќе излезе мало, ситно задоволство, низ очите повторно ќе протечат солзи а низ солзите ќе излезе мало олеснување...Почивај во Мир јунаку !!!Тука сме, тука си и ти, засекогаш дел од нас !!!“, стои во објавата на навивачката група Комити.

Коментари | пред 6 години

alijansa-za-albancite

Алијанса за Албанците: ИВЗ да не се инструментализира од политичките партии

„Алијансата за Албанците изразува загриженост во врска со последните случувања во Исламската верска заедница.ИВЗ е институција со огромна духовна вредност за илјадници муслимански верници и како таква треба да биде автономна. За жал, политиката продолжува да ги пика рацете во оваа институција и да има влијание врз оваа Заедница.Поглаварот на ИВЗ  со своја уста потврди дека подолго време бил инструментализиран од политиката и како таков не заслужува да ја врши и понатаму неговата должност. Од друга страна, судската одлука помеѓу двата изборни циклуса, отвора сомнежи дека повторно целта е инструментализацијата на оваа институција за политички цели.Алијансата за Албанците инсистира случајот да се разјасни и јавноста правилно да се информира. Ве потсетуваме дека Исламската верска заедница е институција која му припаѓа на народот и не е алатка на партиите за политички цели.Многу се надеваме дека оваа институција ќе смогне сили да ги направи неопходните промени, без да стане инструмент на темна стратегија на  било која политичка партија која се обидува да го “командува и Бога”!“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

reis

ИВЗ со сериозни закани кон Владата – „Повеќе не сме на иста страна“, велат тие

Се уште актуелниот поглавар на ИВЗ Сулејман Реџепи, на пресс конференција вечерва истакна дека тој и Заедницата ќе се вклучат во анти-пропаганда на овие избори. Претходно Реџепи рече дека соработката е нула и дека не се повеќе на иста страна со оваа Влада.„Од вечерва не сме повеќе на иста страна со оваа Влада. Зошто Владата, државата и нејзините институции се насочени против ИВЗ, а не ја следат работата и на другите верски заедници“, изјави поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи.Додека се одржуваше состанокот на ИВЗ по повод случувањата во ИВЗ, упаднала финансиска полиција која го проверувала работењето на исламската верска заедница.„Ова лошо нема никогаш да им го заборавиме“, истакна Реџепи.-Нема да не злоупотребат. Бев замолен монструмот да го тргнеме. Сега кој е монструмот? Сите добронамерни нека го кренат гласот, изјави тој.-Нема да бидам послушен. Али пашина џамија, никој да не чепка таму. Ќе се прелие чашата. Политиката сади мразење меѓу верските заедници. Го замолија и дедо Стефан да ми напише писмо. Бузаку е отпадник, дури и од Исламската вера. Судот се впушти во невидена авантура. ИВЗ нема да постои кога тој би бил реис, порача Реџепи.Вечерва ријасетот на седницата на факултетот за исламски науки во Кондово расправаше за разрешување и именување на претставници во заедницата.Инаку , Основниот суд Скопје 2 го прифати барањето на новата исламска верска заедница да биде Скендер Бузаку, наместо Сулејман Реџепи. По приемот на решението имало присуство на зголемени полициски сили и не е познато дали во објектот ескалирала опсадата. Во одлуката што ја доставиле до весникот Лајм се наведува дека е прифатено Бузаку да е назначен за нов претседател на Исламската верска заедница.И претходно имало обиди за смена на Сулејман Реџепи, но истите завршиле неуспешно.Реџепи, исто така, беше цел на неколку последователни обвинувања на заменик-претседателот на СДСМ, Мухамет Зекири.      

Македонија | пред 6 години

Sulejman-Rexhepi

Обид за насилна промена на поглаварот на ИВЗ

Основниот суд Скопје 2 го прифати барањето на новата исламска верска заедница да биде Скендер Бузаку, наместо Сулејман Реџепи. По приемот на решението имало присуство на зголемени полициски сили и не е познато дали во објектот ескалирала опсадата, пренесува Канал 5.Во одлуката што ја доставиле до весникот Лајм се наведува дека е прифатено Бузаку да е назначен за нов претседател на Исламската верска заедница со адреса „Чаирска 1000″.И претходно имало обиди за смена на Сулејман Реџепи, но истите завршиле неуспешно.Реџепи, исто така, беше цел на неколку последователни обвинувања на заменик-претседателот на СДСМ, Мухамет Зекири.

Македонија | пред 6 години

D41-ZjHXoAAWYe3

(ФОТО) Грујо купува барок

Лавина реакции на социјалните мрежи предизвикаа две нови фотографии од експремиерот Никола Груевски  пред агенции за недвижности во Будимпешта, каде наводно гледал станови на продажба.https://twitter.com/jorgachewsky/status/1120715840029122561https://twitter.com/alikiaj/status/1120693159552589824?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1120693159552589824&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Ftviter-polude-za-na-novata-fotka-na-gruevski-barok-si-kupuva-svcka%2Fhttps://twitter.com/VidanaDeSign/status/1120694804336271361?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1120694804336271361&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Ftviter-polude-za-na-novata-fotka-na-gruevski-barok-si-kupuva-svcka%2Fhttps://twitter.com/VidanaDeSign/status/1120690233027235840?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1120690233027235840&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Ftviter-polude-za-na-novata-fotka-na-gruevski-barok-si-kupuva-svcka%2Fhttps://twitter.com/baljumbaljum/status/1120692760879816704?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1120692760879816704&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Ftviter-polude-za-na-novata-fotka-na-gruevski-barok-si-kupuva-svcka%2Fhttps://twitter.com/aerodrom1312/status/1120722007145025541https://twitter.com/bukvalista/status/1120690863011762176?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1120690863011762176&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Ftviter-polude-za-na-novata-fotka-na-gruevski-barok-si-kupuva-svcka%2F

Магазин | пред 6 години

detska-pornografija-1

Кривична пријава за скопјанец осомничен за производство и дистрибуција на детска порнографијa

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до OЈО Скопје поднесе кривична пријава против И.П. (36) од Скопје поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело - “производство и дистрибуција на детска порнографија“ по  член 193-а предвидено и казниво според КЗ на РСМ. Пријавениот, според документираните сознанија од истрагата, преку неговиот компјутер прибавил детска порнографија во форма на фотографии и видео запис, при што истата ја зачувал на локалниот диск на компјутерот, со што сторил кривично дело - “производство  и дистрибуција на детска порнографија“.Имено, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика постапувајќи по своите надлежности кои се однесуваат на истраги за сексуална злоупотреба на деца преку интернет, користејќи официјален пристап до базата на сервисот (Child Online Protection Service) – ICACCOPS (Internet Crimes Against Children Child Online Protection Service), вршејќи редовно набљудување на базата и нејзините корисници регистрира сомнителна активност од корисници со македонски ИП адреси. Со оглед дека користената база дава можност за преглед на содржината на електронските материјали (слики, видео и сл.) кои се разменуваат од страна на корисниците во истата, беше направена проверка на фајловите кои се прегледувани од страна на корисниците со споменатите македонски ИП адреси.Притоа констатирано е дека од страна на корисник преземен е електронски материјал (фајл), како и други фотографии кои претставуваат компромитирачки материјал каде е прикажана сексуална злоупотреба на малолетно лице.Со наредба издадена од Јавен Обвинител при ОЈО – Скопје, побарано е од интернет провајдерот доставување на комплетни податоци за корисникот на  ИП адресата и по претходно обезбедена судска Наредба за претрес на дом издадена од Судија на претходна постапка извршен е претрес на дом и други простории кај сега веќе пријавениот при што е пронајдена компјутерската опрема за која постојат основи на сомнение дека преку истата е извршено кривично дело, а беа запленети и огромен број на слики и видеа во склоп на компјутерската опрема.

Македонија | пред 6 години

bomba-1

Експлодирала бомба во Драчево: Оштетени автомобили и куќи, жителите во паника

 Утрово околу 04.13 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Партизански пат“ во населба Драчево, во дворот од куќата на Н.И.(25), непознато лице фрлило експлозивна направа и биле оштетени патнички возила „Ауди“, „Рено Клио“ и „Голф 3“, а биле оштетени и прозорци од куќата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.Читател на КУРИР до нашата редакција испрати порака во која вели дека по немилиот настан жителите се потресени.-Бомба кашикара беше фрлена утрово околу 4 часот во Драчево. Сите во околината се потресени и има оштени возила и шрапнели по цели куќи. Уште колку бомби кашикари треба да очекуваме оваа година, почнавме да живееме во страв, вели читател на Курир.мк.

Скопје | пред 6 години

drva-muzicko

Комисија од општина Охрид заклучила дека дрвјата биле стари со трули стебла

Акцијата во која беа пресечени повеќе дрвја во основното музичкото училиште „Методи Патче“, ги вознемири охриѓани и екологистите.Граѓаните револтирани, бараат одговор, кој ја спроведува акција и зошто? Според нив станува збор за здрави дрвја.Од локалната самоуправа велат дека се’ било легално и дека не станува збор за самоволно отстранување на повеќегодишни дрва.“Во кругот на училиштето исечени се три дрва кои биле стари и чии стебла биле трули и можеле секој момент да се урнат.Заради тоа се пристапило кон нивно сечење. На уште неколку дрва скастрени им се гранките,но не се исечени.Сметаме дека не е нарушена екологијата на овој дел од Охрид”, велат од локалната самоуправа кои го пренесуваат ставот на Комисијата за преземање мерки и активности за отстранување на опасни дрва на тертиријата на Општина Охрид.Овој дел на Охрид покрај булеварот Туристичка е речиси единствената зелена оаза,бидејќи целиот булевар беотонизиран.  

Македонија | пред 6 години

sudenje-4

(ВИДЕО) 19 години затвор за убијците на Никола Саздовски-Саздо

Обвинетите Бесир Беља и Скендер Демири добија 19 години затвор за убиството на Никола Саздовски. Третото лице кое е обвинето е во бегство и е недостапно за органите на прогонот.„Казната ќе се издржи, тие ќе се вратат кај своите семејства. Местото на Никола во неговото семејство ќе остане празно. Последиците се ненадоместливи“, рече судијката при изрекувањето на казната. Тие се прогласени за виновни оти на свиреп начин го убиле Никола Саздовски-Саздо. Тројцата обвинети го бутнале на земја, а потоа го мавале во пределот на главата.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/2240567676262878/Основното јавно обвинителство за смртта на младиот Никола Саздовски – Саздо тројцата осомничени лица ги гони за кривично дело „убиство на свиреп начин“, дело кое пред преквалификацијата се водеше како „насилство“.Ваквата одлука ОЈО, ја образложи со тоа што во текот на истражната постапка биле обезбедени вербални и материјални докази, односно биле испитани повеќе сведоци, бил прибавен обдукцискиот протокол од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, а особено по изготвеното судско-медицинско вештачење извршено по наредба на јавен обвинител од страна на истиот институт.Од здобиените повреди, Саздовски на 9 јули 2018 година почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. 

Македонија | пред 6 години

taravari

Таравари: Кирацовски греши кога мисли дека гласовите на Река ќе одат кај СДСМ

Кирацовски греши кога мисли дека по дифолт гласовите на Блерим Река ќе одат повеќе за СДСМ, рече градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, во вчерашната дебата на ТВ24, реплицирајќи му на генералниот секретар на СДСМ.Како што рече Таравари, причина за непријателството меѓу Алијанса за Албанците и СДСМ е тоа што владејачката партија неколку пати му ги одземаше ингеренциите во Општина Гостивар.-И за време на референдумот ми беше тешко во Гостивар да кажам дека Пендаровски ги заслужува гласовите. Два пати ми ги одземаа ингеренциите, буџетот два пати не ми го гласаат, на програми за вработување не можам ни да помислам, секој ден ми праќаат финансиска полиција како дрога да произвоедуваме во Општината. Го прашав Села дали Груевски постапувал така за време на неговото владеење, а тој ми вели „не до тој степен, и тогаш имаше притисоци, ама не вака“ – рече Таравари додавајќи дека во вториот круг од претседателските избори во 2014 година гласал за Пендаровски, иако ДУИ инсистирале кај албанските граѓани да не се гласа.Според Таравари во вториот круг од овие избори ќе биде тешко да се постигне цензус.

Македонија | пред 6 години

Mitko-Cavkov

(ФОТО) Документот кој е доказ дали Чавков има имот на Халкидики

Република го обезбеди документот што го доставил адвокатот на осудениот поранешен директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Митко Чавков, Сашко Дуковски, до судот, а со кој се потврдува дека Чавков не поседува „ни вила, ни гулабарник, ни трло“ во Халкидики.Дуковски денеска достави извод од катастарот на Халкидики. Со него се потврдува дека Чавков не поседува имот на грчкиот полуостров, што беше една од основите за определување на оваа мерка.Тој додаде дека за неговиот клиент, кој беше неправосилно осуден на 18 години затвор, постојат две мерки за обезбедување, одземен пасош и обврска за јавување во судот, а понудена е и висока активна правосилна гаранција од 600 илјади евра во недвижен имот.Дуковски е сигурен дека судот ќе ја одбие жалбата на Чавков, но нагласи дека предметот ќе заврши во меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.Одлуката ќе биде соопштена дополнително.

Македонија | пред 6 години

1-4

Гостиварец почина во авион на Виз Ер

Утрово од страна на екипажот на Виз Ер било пријавено дека во авион кој сообраќал на релација Базел – Скопје имало лице кое не давало знаци на живот.Според информациите во полицискиот билтен во 00,27 часот на Граничниот премин „Меѓународен aеродром-Скопје“ пристигнал воздухоплов што сообраќал на релација Базел-Скопје и било пријавено дека во него имало лице кое не дава знаци на живот.Во 00,50 часот од страна на лекар констатирана била смрт без траги на насилство кај К.К.(74) од Гостивар.По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.

Македонија | пред 6 години

mila-2

Малата Мила Димоска, итно треба да оди на операција во Кина – да помогнеме

Малата Мила Димоска има потреба од помош за лекување на оштетувањето (дистрофија) на мозокот. На ќерка ми и е потребна трета операција во Кина што е можно поскоро. Ве молам кој колку е во можност да ни помогне. Однапред Ви благодарам. Ве молам споделете го постов.ТЕЛЕФОНИ ЗА ДОНАЦИИVIP 143 123 TELEKOM 070 143 143ДОНАЦИСКА СМЕТКАМИЛА ДИМОСКА530500021204351OHRIDSKA BANKAЗА ДОНАЦИИ ОД СТРАНСТВОMILA DIMOSKAstr.Bogomilska 53, 6000 Ohrid, MacedoniaOHRIDSKA BANKA A.D. SkopjeIBAN CODE: MK07530280005506949SWIFT: OHRDMK22 

пред 6 години

mila-2

Малата Мила Димоска, итно треба да оди на операција во Кина – да помогнеме

Малата Мила Димоска има потреба од помош за лекување на оштетувањето (дистрофија) на мозокот.– Драги хумани луѓе. на нашата ќерка и` е потребна трета операција во Кина, што е можно поскоро. Ве молам кој колку е во можност да ни помогне. Однапред Ви благодариме, апелираат родителите на Мила.Малата Мила треба итно да се оперира во Кина, па сите хумани луѓе кои сакаат да помогнат, истото можат да го направат со вртење на телефоните: VIP 143123 и TELEKOM 070 143 143.Сметка за донации:Мила Димоска, ул. „Богомилска“ бр. 53, 6000 ОхридОхридска Банка – АД Скопје – 530500021204351матичен број: 2112016455202IBAN CODE: МК07530280005506949SWIFT: OHRIDMK22

Македонија | пред 6 години

mickoski

Мицкоски: Не е до чистката, туку проблемот е до тој што треба да исчисти

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил ја искоментира изјавата на премиерот Зоран Заев дека по претседателските избори ќе следи чистка на функционерите од извршната и локалната власт.„Не е до чистката, туку проблемот е до тој што треба да исчисти, името му е Зоран Заев.Зашто ветувањата за 500 евра плата не ги даваше некој друг, туку токму тој Зоран Заев.Ветувањето за живот во Македонија, за повеќе пари за земјоделците, за 100 000 денари плата за лекарите, за правда и мир не ги даваше друг, туку тоа беше Зоран Заев.Ветувањето дека нема да чепка во Уставот, дека името му е жицата од гитарата, и никој да не му ја чепка, беа зборови на Заев.Ветувањето дека ќе расчисти со двајца министри осомничени за корупција во неговата влада уште пред две години, не ги даде некој друг туку токму Зоран Заев. Нема резултати.Тој ги изневери и излажа граѓаните. Ја донесе апатијата и разочараноста во државата.Ставот дека сите други погрешиле, но само тој е чист, е потценување на граѓаните.Затоа на 5 мај мора да добие лекција која очигледно не ја научи оваа Недела.Време е народот да му одржи лекција, време е да се каже доста е на лагите. Нема повеќе.Време е за правда, за Македонија!“, напиша Мицкоски.

Коментари | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања