„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

vakcini-novi

Сите невакцинирани задолжително да примат две дози МРП - за една недела 95 нови случаи на морбили

Д-р Владимир Микиќ од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, денеска, по одржување на состанокот на комисијата информираше дека заклучно со денешниот ден до Институтот за јавно здравје се пристигнати 95 пријави за нови случаи на мали сипаници, со што вкупниот број заболени изнесува 1.175 во епидемијата која е прогласена на цела Република Северна Македонија.-Оваа недела најголем дел од заболените се од Скопје - 60 лица, додека останатите се од другите градови. Најголем број од заболените се на возраст од 4 години и лица над 30 години. Во однос на дистрибуцијата по возраст, најголема стапка за заболување има кај децата под 1 година. Досега во епидемијата се регистрирани 200 деца, кои се на возраст под 1 година, следните се на возраст од 1 до 4 години, а релативно висока стапка на заболување има и кај лицата од 30 до 39 години. Во однос на вакциналниот статус на заболените кои се пријавени оваа недела –тие не се вакцинирани. Кај децата на возраст од 4 години, повеќе од 90% од заболените се невакцинирани. Вкупно минатата недела беа вакцинирани 920 деца на возраст од 1 до 14 години, од нив 160 деца се во училишна, додека останатите се од предучилишна возраст, информираше д-р Микиќ.Во Скопје од почетокот на епидемијата, вкупно се вакцинирани 12.848 деца до 14–годишна возраст, а во другите градови, вкупно вакцинирани  8.320 деца до 14-годишна возраст со прва или втора доза.Инаку, вкупниот број вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во целата држава изнесува 21.168 лица.Д-р Микиќ истакна дека е потребно да се засили мерката за вакцинација кај предучилишните деца, посебно надвор од Скопје зашто таму се уште има деца кои се подлежни на вакцинација, а не се вакцинирани. Во Скопје со прогласувањето на епидемијата, и засилените мерки од децата кои не беа вакцинирани, сега се вакцинирани.За потсетување, Комисијата за заразни болести на 16 април 2019 година донесе заклучок да се прогласи епидемија на морбили (мали сипаници) на територија на цела Република Северна Македонија и за таа цел беа донесени препораки и мерки за спречување на натамошно ширење на епидемијата и тоа:- Строго почитување на мерката за забрана на посета на градинки на невакцинирани деца со МРП на територија на цела држава;- Забрана за посети во стационарни здравствени установи во целата држава;- Почитување на протоколот за движење на пациентите со симптоми на мали сипаници со цел да се намали оптоварувањето на Клиниката за инфективни болести и Клиниката за детски болести, и да се намали стапката на интрахоспитално ширење на инфекцијата;- Сите невакцинирани здравствени работници задолжително да бидат вакцинирани со две дози МРП;- На сите воспитувачки и наставнички од предучилишните установи задолжително да им се провери нивниот вакцинален статус и да се вакцинираат доколку не се вакцинирани;- Да се понуди дополнителна вакцинација со МРП за сите невакцинирани, некомплетно вакцинирани и лица без доказ за вакцинација кои се постари од 14, а помлади од 60 години.

Македонија | пред 6 години

policija-4

Убиство во Рашче, убиен 65 годишен маж

Од бел џип со бугарски регистарски ознаки денеска било пукано кон 65 годишен маж од селото Рашче, Скопско. Биле истрелани неколку куршуми од огнено оружје, при шро бил повреден 65 годишниот маж. Мажот им подлегнал на повредите.Неофицијално причина за убиството била крва одмазда.Веднаш по инцидентот слини полициски екипи се упатиле на местото на настанот и вршат увид.  Повеке детали се најавуваат за подоцна.Слично убиство пред неколку дена се случи во Куманово кога во вкрстена рафална стрелба од заседа беа убиени жител на Опае и неговиот девтгодишен син.

Македонија | пред 6 години

frosina

Обвинителството бара Врховниот суд да ја преиспита казната за возачот која ја прегази Фросина

Основното јавно обвинителство Скопје преку Апелациониот суд Скопје до Врховниот суд на Република Северна Македонија достави Жалба на пресудата на Апелациониот суд Скопје од 08.04.2019 година во врска со сообраќајната несреќа која се случи на 03.04.2015 година на бул.„Партизански Одреди“ во која животот го загуби Фросина Цековска од Крива Паланка.Жалбата е поднесена по две основи – поради суштествена повреда на одредбите на Законот за кривична постапка, како и поради одлуката за изречената кривична санкција од Законот за кривична постапка.Со поднесената жалба,  Основното јавно обвинителство Скопје му предлага на Врховниот суд  да ја преиспита донесената пресуда на Апелациониот суд Скопје.

пред 6 години

kondovo

Неофицијално - Во Кондово престрелка со огненео оружје, еден убиен

Во престрелка во близина на скоското село Кондово која што се случила денеска попладне убиен е возрасен маж. Неофицијално убиството се случило во престрелка во која учествувале повеќемина.МВР е веќе на терен.

Македонија | пред 6 години

DIK-komisija

ДИК поништи гласањето на седум од 14 избирачки места за колку имаше поднесено приговори

Државната изборна комисија на денешната седница го поништи гласањето на седум од 14 избирачки места за колку имаше поднесено приговори. Поништени се гласањата на две избирачки места во Кавадарци, и по едно во Центар, Куманово, Охрид и Аеродром и Зајас. Причина за најголем дел од поништувањата е тоа што во гласачките кутии имало повеќе ливчиња од бројот на запишани избирачи кои гласале и се потпишале во избирачките списоци. На овие избирачки места нема да се прегласува, бидејќи резултатот од избирачките места не влијае на конечниот резултат.Сите 14 приговори беа поднесени од овластени претставници на претседателскиот кандидат Гордана Сиљановска Давкова.

пред 6 години

jajce-plaosnik

(ФОТО) Велигденска порака испишана на 12 јазици и големо јајце на Плаошник

Велигденско јајце, високо над 2 метри ќе биде вистински украс во дворот на црквата „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник.Јајцето е направено од арматура и стиропор и е обоено со посебна, водоотпорна боја. Околу него е поставена дрвена ограда, но и табли на кои, на 12 светски јазици е испишана Велигденската порака.Традиционално, Плаошник е една од најпосетуваните дестинации за Велигденските празници. извор и фото: ohridpress.com.mk

Македонија | пред 6 години

veligdenski-jajca

Денеска е Велики Четврток – се вапцуваат јајца, првото има моќ

Велики Четврток е ден од страдалната седмица. Според источното христијанство тој е шестиот ден од страсната Седмица, односно пет дена по Лазарова Сабота и четири по Цветници. А според западното христијанство, тој е петтиот ден од страсната седмица, односно четири дена по Цветници. На овој ден се прави спомен на светото миење на нозете, Тајната вечера, предавањето на страшните тајни, Првосвештеничка наатприродна молитва и самото предавство на Христос.Денеска уште пред изгрејсонце се вапцуваат првите 3 јајца според верувањата, не се расипуваат со годин.Која е нивната моќ: Првото вапсано јајце му се наменува на Господ и се нарекува Господово јајце. Второто е за домаќинот на семејството. Третото за бериќет и за стоката.За првото јајце се верува дека има магична моќ, па затоа неговото место е под иконата. Во народните преданија се вели дека со него се лекуваат одредени болести.Сепак и во вапсувањето јајца, како и во сите други нешта што се работат, секогаш е најважна добрата мисла. Така, штом излезат првите сончеви зраци на Величетврток, домаќинката или кој било што ги вапсува јајцата ги буди најблиските и со првото јајце им поминува по лицата со зборовите: “црвено, бело, дебело“!Црвената боја има симболика на победа. Нејзиното значење на овој голем Христијански празник е дека Господ Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта. Црвената боја ја претставува божјата сила и моќ, а воедно ја симболизира и христовата крв, која Исус ја пролеал на крстот за спасение на сите луѓе на земјава. Така, бојата на јајцето не потсетува на крвта христова и спасението.Црвените јајца во христијанството се симбол на воскресението Христово и на самиот празник Велигден. Формата го претставува гробот на Христос, како што од јајцето излегува живот кога ќе се испили, така од гробот излегол Исус Христос. 

Македонија | пред 6 години

avtobus-krov

Возачот и сопственикот на „Дурмо турс“ одат во домашен притвор

Од затворски во домашен притвор одат првоосомничениот – сопственик на „Дурмо Турс“ Дурмиш Белули и шестоосомничениот – возач на автобусот. Одлука е донесена пред два дена од судија на претходна постапка во скопскиот кривичен суд. На решението, вчера жалба поднесе скопското обвинителство, до која дојде 1ТВ. Обвинителството аргументира на цели шест страници дека одлуката за поблаги мерки не може да ги носи судија на претходна постапка, откако судии од кривичен совет, како повисока инстанца, веќе решиле да биде продолжен 30 дневниот притвор.Обвинитеството ги појаснува надлежностите за притворите на судот – судија на претходна постапка во првите 30 дена, кривичниот совет може да носи одлуки за мерки за уште 60 дена, повискиот суд, пак најмногу до 90 дена. Во жалбата е наведено дека нема правна логика, тој што носи притворски решенија до 30 дена, да одлучува и за укинување и носење поблаги мерки. Оваа праска за Обвинителството е апсурдна ситуација.„Ова значи драматично кршење на принципот на правна сигурност и извесност на органот кој во зависност од фазата на постапката во име на судот ги носи одлуките. Напоменувам дека законодавецот се определил за генеричен поим „судот“, кога говори за обврската во секое време да се преиспита мерката притвор по службена должност или предлог на странките во смисла на член 173 став 1 од ЗКП, а при тоа никаде во Законот не дава ексклузивитет тоа да го прави во текот на целата истрага судијата на претходна постапка“, наведува Основното јавно обвинителство Скопје во жалбата испратена до судот.Од кривичниот суд велат дека судија на претходна постапка заради влошена здравствена состојба ги ублажил мерките од затворски во домашен притвор, а конечната одлука ќе ја има кривичен совет на скопска „единица“, до каде ОЈО се жали.Истрагата на скопското обвинителство е за кобната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Тетово, кога во февруари кај Ласкарци излета автобусот на „Дурмо Турс“. Од тешките повреди загинаа 16 патници. Обвноителството гони шестмина за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, а еден за несовесно работење.Извор: 1tv.mk

Македонија | пред 6 години

reis

Обвинителството отвора истрага за говорот на омраза за поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи

Обвинителството отвора истрага за говорот на омраза за поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи – Реис. По вчерашната негова изјава за судијката Сузана Дончевска која донела решение со кое во судскиот регистар се запишува Скендер Бузаку за нов Реисул Улема на ИВЗ, обвинителството соопшти дека Реџепи ќе биде повикан на распит и ќе се постапува во рамките на веќе претходно отворениот предмет за говор на омраза.„Ја слушам дека има проблеми со здравјето, али не го жалам, таквите нека починат што побргу“ - изјави Сулејман Реџепи – Реис.Реџепи не штедеше зборови ниту за претседателот на комисијата за односи со верските заедници Даријан Сотировски, ниту пак за неговиот заменик. Ги обвини дека и тие се дел од сценарото за негова смена.- „Обвинителството ги следи случувањата и во рамките на претходно отворениот предмет за говор на омраза ќе биде додаден и овој предмет. Лицето ќе биде повикано во Обвинителството во врска со вчерашната дадена изјава.“ - се вели во соопштението на СЈО.Осуда за говорот на омразата на поглаварот Реџепи стигна и од Владата.- „Ова не е прва скандалозна изјава на поглаварот. Претходно Реџепи доби кривична пријава исто за говор на омраза, откако Македонците ги нарече дивјаци и луѓе без идентитет.“ - изјави Миле Бошњаковски – Портпарол на Влада на РСМ.

Македонија | пред 6 години

antikorupciska-komisija

Антикорупциската комисија откри сомнителни вработувања на роднини на функционери, прекршочна за министерот Бектеши

Сомнителни вработувања на роднини на функционери откри антикорупциската комисија. На денешната седница на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) е посочено дека комисијата ќе контактира со надлежните министерства за да предложи анализа на законите за регулација во јавниот сектор, за да се утврди дали постои злоупотреба и има влијанија врз процесите на вработување во администрцијата, при што потоа ќе ги извести Владата и Собранието.Од ДКСК се анализирани 18 случаи за непотизам при вработување, а откриено е дека во државните и јавните институции се вработувани роднини на повеќе пратеници и функционери. Дополнително, утвредно е дека кај шест од вработувањата на блиски роднини на функционери имало измени на актите за вработување и тие не одговарале на систематизацијата, туку критериумите во огласот биле местени за кандидатот што требало да биде вработен.КСК ќе поведе прекршочна постапка против министерот за економија Крешник Бектеши бидејќи не пријавил дека неговата сестра Влора Бектеши сега вработена во МЕПСО, живее на иста адреса со него и не ја испочитувал обврската да ја извести комисијата за вработување на член од семејството во државниот сектор.Според Антикорупциска, сестрата на министерот Бектеши ја добила работата во МЕПСО од 73 кандидати.За потсетување, Бектеши тврдеше дека не живее заедно со сестра му, но Антикорупциска утврдила во пријавата на неговата сестра на огласот дека како место на живеење стои истата адреса на која живее министерот.Сомнителни вработувања на свои роднини има и секретар на СДСМ Александар Кирацовски. И вработувањето на неговиот дедо Борче Поповски во ЕЛЕМ Новаци, и сестрата Мирјана Јосифовска во централен регистар и мајката на сопруга на Кирацовски Мери Поповска за ДКСК се со индиции за непотизам.Покрај Бектеши и Кирацовски, сомнително вработување има и кај пратеникот и портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов и пратеничката Мира Стојчевска. При Вработувањето во ЕЛЕМ на братот на Стојчевска и унапредувањето на нејзиниот сопругот, антикорупционерите не утврдиле неправилности. Но за нејзиниот син во ЕЛЕМ е креирано ново работно место.

Македонија | пред 6 години

DSC_6396

Заев: Посетата на Папата Франциск на родниот град на Света Мајка Тереза носи порака за помирување и солидарност

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев придружуван од скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх, Монс. Киро Стојанов и државниот секретар во министерството за надворешни работи, Виктор Димовски, денеска одржаа заедничка прес-конференција на која информираа за претстојната посета на Папата Франциск на Република Северна Македонија.На оваа прес-конференција скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх, Монс. Киро Стојанов за време на своето обраќање ги објасни причините за посетата на Папата Франциск на нашата земја меѓу кои ги напомена и добрите билатерални односи помеѓу двете земји, соработката на различни нивоа како што се културни, историски, општествени, како и поради тоа што Скопје е родниот град на света Мајка Тереза а притоа доаѓа во посета на една малобројна, но жива и активна заедница, а сето тоа Папата го препозна и како наследник на апостол Петар сака да ја зајакне и охрабри оваа заедница во верата.Државниот секретар во министерството за надворешни работи, Виктор Димовски во своето обраќање се осврна повеќе на организациските аспекти и реализацијата на програмскиот дел на посетата а веќе се објавени на веб- страната papa.mk.Во продолжение на ова соопштение Ви го испраќаме интегралниот говор на премиерот Зоран Заев.„Како што е познато, на 7 мај, во нашата земја ќе допатува во еднодневна посета Светиот Отец, Папата Франциск.Оваа посета е историска. За прв пат во историјата, нашата земја ќе ја посети Неговата Светост, првиот човек на Католичката Црква и на Ватиканската држава. Достојно на величината на Папата Франциск, Република Северна Македонија, освен гордоста за искажаната чест Светиот Отец да ја посети нашата земја, ги направи сите подготовки за да дочека еден од најзначајните светски лидери, духовник и инспирација на милиони верници и граѓани со добра волја.Оттаму веста, за доаѓањето на Светиот Отец Папата Франциск во посета на нашата земја е дочекана со голема радост и благодарност, пред сѐ од верниците католици, но и од сите наши граѓани.Папата Франциск, современиот првенец на апостолскиот збор избра да ја посети Католичката Црква и народот во Северна Македонија и на овој начин да ја покаже неговата лична блискост, како и силните симпатии на Ватикан кон нашата земја, каде што секоја година одржуваме заеднички свечености во чест на Светите браќа Кирил и Методиј.Неговото доаѓање во родниот град на Света Мајка Тереза, која стана моралната совест на светот, во себе носи посебна симболика и порака за помирување и солидарност.Честа што им е оддадена на нашата земја и на нашите граѓани е дотолку поголема и позначајна и заради фактот што Ватикан и Република Северна Македонија, оваа година одбележуваат значаен јубилеј – 25 години од воспоставување на дипломатските односи.Сите години од независноста на нашата земја се исполнети со плодна соработка и со заемно почитување со Светиот Престол во Ватикан. Убеден сум дека и во иднина, со заеднички ангажман, ќе го надградуваме традиционалното пријателство.Затоа, во оваа прилика ги повикувам сите верници и сите луѓе со добра волја во земјата и од соседството, со своето присуство да ја збогатат оваа драгоцена посета и да бидат дел од овој историски настан.“ 

Македонија | пред 6 години

dete-polov-napad

Обвинителен акт за тројцата кои извршија полов напад врз дете од гостиварско

Поднесениот Обвинителен акт од Основното јавно обвинителство Гостивар опфаќа три лица кои во месеците март и јули во 2018 година извршија обљуба врз дете – жртва, со што сториле кривични дела за кои е запретена затворска казна од најмалку 12 години.Првообвинетиот се товари за сторено кривично дело Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот во март 2018 година управувајќи возило го сретнал детето и на сила го внел во возилото. Потоа го однел на запуштено место каде извршил обљуба врз детето жртва, на кое по стореното дело му дал паричен надоместок.Второобвинетиот во јули 2018 година му понудил пари на детето – жртва, по што извршил обљуба во неговата семејна куќа. Во текот на следните месеци второобвинетиот го наведувал и поттикнувал детето да остварува контакти преку социјалните мрежи со цел остварување на сексуални односи со други лица, а за тоа барал детето да наплатува и да го  известува. Поради стореното, второобвинетиот освен за Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години, се товари и за сторено кривично дело Посредување во вршење проституција од член 191 став 1 од Кривичниот законик.Третообвинетиот  кој се гони за продолжено вршење на кривичното дело, извршил обљуба врз детето – жртва повеќепати, искористувајќи ист траен однос и иста прилика. Во Обвинителниот акт ова лице се товари за сторено продолжено кривично дело Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од Член 188 став 1, а во врска со член 45 од кривичниот законик.Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар заедно со Обвинителниот акт до Основниот суд Гостивар достави и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетите. 

пред 6 години

10-2

Македонската единицата за специјални задачи прво место на меѓународен натпревар

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во својот кабинет имаше средба со припадниците на Единицата за специјални задачи кои учествуваа на 11-от Меѓународен натпревар на специјални единици  - KASOTC, во периодот   14 до 20 април во Аман, Јордан.Министерот Спасовски упати честитки до тимот од ЕСЗ  за одличниот успех постигнат во рамки на овој меѓународен петдневен натпревар што беше спроведен во пет дисциплини каде во една од најсложените  дисциплини TOP SHOT, која се состои од полигонско тактичко пукање со пушка, пиштол и сачмарка, со ограничен број куршуми, во краток временски период и во определен број мети (вешто, брзо и прецизно пукање), тимот од ЕСЗ го освои првото место.

Македонија | пред 6 години

utre_sreda

Денес е Голема среда, на овој ден Јуда го предал Исус

Денес е Голема среда, на овој ден Јуда го предава Исус. Голема среда е тајната вечера на Божјиот син со апостолите, кога Исус вели дека еден од нив ќе го предаде.По влегувањето на Исус заедно со учениците во Ерусалим во пресрет на празникот Пасха, неговата популарност меѓу народот им пречела на властите и фарисеите и тие барале погодна можност да го фатат Исус и да го казнат. Прилика им се укажала во средата кога еден ученик Исусов по име Јуда Искариотски дошол кај фарисеите и им понудил да го предаде Исус за 30 сребреници. Ова предавство ќе биде вовед во страданијата Христови.Со Велика Среда се поврзани повеќе верувања и обичаи. На Велика Среда се подготвува бојата за вапцување. Првите велигденски јајца, три на број, се бојадисуваат пред изгрејсонце на Велики Четврток.На Велика Среда, навечер, се зачадувала стоката. Начадената стока се верувало е заштитена од болести и разни други несреќи. 

Македонија | пред 6 години

reis

Реџепи за судијката: Слушнав дека имала здравствени проблеми, нека почине, не ја жалам

Поглаварот на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи за судијката која ја донела одлуката Бузаку да биде нов поглавар, смета дека одлуката е против него, и се послужи со, во најмал случај, скандалозна изјава.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/1033029327085715/„Слушнав дека имала проблеми со здравјето. Нека почине, не ја жалам“, истакна Реџепи по што доби и поддршка од тие што беа до него.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања