ФОТО: Украдена нафта за булдожерот што го пробивал патот кон Галичник
Тунел од снег е направен покрај патот кој води кон Галичник. Фотографиите се обајвена на Фејсбук профилот на месната заедница Галичник. Тие во објавата пишуваат:Денес е пробиен Царевец. Атрактивно за фотографирање :)А сношти, ноќеска, беа украдени 200 литри дизел и беше оштетен системот за довод на гориво на булдожерот.Случајот е пријавен во ПС Маврово и направени се увид и записник за настанатата штета. Механизацијата е ангажирана од Македонија пат и Јавно претпријатие за државни патишта.
Македонија | пред 6 години