ГЛАВНИ-ВЕСТИ

1200px-Informal_meeting_of_ministers_for_foreign_affairs_Gymnich._Arrivals_Nikola_Dimitrov_36957321831

Димитров во работна посета на Берлин

Mинистерот за надворешни работи, Никола Димитров, во наредните два дена ќе престојува во работна посета на Берлин.Димитров денеска ќе оствари средби со повеќе пратеници во германскиот Бундестаг, меѓу кои и со работната група за надворешна политика на ЦДУ/ЦСУ, како и со претставници на Канцеларијата на германската канцеларка, Ангела Меркел.Во активностите на вториот ден од посетата ќе се вклучи и Бујар Османи, при што планиран е заеднички брифинг пред парламентарната Комисија за европски прашања во Бундестагот, на која ќе го ги презентираат напредокот и подготвеноста на земјата за почеток на пристапните преговори со Европската Унија во пресрет на јунскиот совет на ЕУ. Предвидени се и средби со министерот за Европа, Михаил Рот, и новата лидерка на ЦДУ/ЦСУ, Анегрет Крамп-Каренбауер

Македонија | пред 6 години

dimce

(ВИДЕО) Познат е идентитетот на човекот кој се закануваше на член од ВМРО ДПМНЕ

Лицето кое попладнево со пцовки и закани нападнал активист на УМС на ВМРО ДПМНЕ е долгогодишен член на владајачката партија СДСМ, дознава Скопје 1 од упатени извори во политичките партии. Лицето за кое активистот на ВМРО ДПМНЕ тврди дека ги отстранувал плакатите од претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова е пријавено во МВР.Според наши извори, станува збор за Димче А., на воздраст од 68 години и бил член на избирачки одбори од СДСМ.Непознат е мотивот зошто тој се одлучил да ги отстранува плакатите во општина Аеродром.Се очекува МВР да го комплетира случајот по што треба да одлучи дали Димче А. ќе добие кривична пријава за отстранување на плакати, но и за упатување на закани кон активист на ВМРО ДПМНЕ.Во видеото се слуша како приврзаникот на СДСМ му вели на активистот дека ќе го најде на друго место, што пак од јавноста беше сфатено дека станува збор за закана.Се очекува МВР да излези со детали за случајот и да го потврди идентитетот.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/437103387025380/?v=437103387025380

Македонија | пред 6 години

IMG_0056

(ФОТО) Комеморација по повод трагичната смрт на поранешната градоначалничка Билјана Беличанец

Во новоизградениот Дом на културата КВК во Општина Кисела Вода се одржа комеморација по повод трагичната смрт на поранешната градоначалничка на Општината, Билјана Беличанец.На комеморацијата присуствуваа градоначалникот Филип Темелковски, претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ, секретарот Александар Алексовски, поранешни и сегашни членови на Советот на Општина Кисела Вода, Цветанка Ласкова и Роберт Алаѓозовски, советници на премиерот, Дарко Каевски, директор на Агенцијата за млади и спорт и поранешни градоначалници. Присутни беа и блиски роднини, пријатели и колеги од театарот на Билјана Беличанец.За ликот и делото на Билјана Беличанец пред присутните говореа градоначалникот Филип Темелковски и поранешниот претседател на Советот на Општина Кисела Вода, Трајче Донев. Говореа и нејзините блиски колеги од театарот, познатите македонски актери, Дејан Лилиќ и Весна Петрушевска.- Со тага и неверување ја примив веста за смртта на мојата претходничка, поранешната градоначалничка на Општина Кисела Вода, г-ѓата Билјана Беличанец. Нема зборови со кои може да ги утешиме најблиските, посебно кога личноста што замина имаше само 45 години, зрачеше со елан, и од неа се очекуваше уште многу. Кога зборувам за г-ѓа Билјана Беличанец, зборувам за маркантна и уникатна личност, со која иако  доаѓаме од различна политичка провиненција, секогаш сме имале коректен однос полн со взаемна почит. Кога зборувам за неа, мислам на професионалец, мислам на градоначалник – визионер, со визија за урбана и модерна општина Кисела Вода, општина центар на културните збиднувања, мислам на актерка која често со задоволство сум одел да ја гледам во театарот.  И не случајно ја избравме оваа локација за нејзината комеморација. Таа го сакаше театарот, таа ја сакаше Кисела Вода.  Прерано беше за збогување, г-ѓа Беличанец! Од мене, бескрајна почит и вечна слава! – кажа во своето обраќање градоначалникот Филип Темелковски-Биле за тебе никогаш повеќе во животот нема да зборуваме во минато за тебе секогаш ќе зборуваме во сегашност затоа што ти ќе бидеш секогаш овде и овде кај нас. Билјана,  ние немаме друга Билјана Беличанец ти си една и единствена и таква и ќе останеш забележана во меморијата на сите нас затоа што си голем човек, чесен човек, искрен работник кој не бара ни пари, ни слава, ни награди, туку сака да го работи тоа што го работи. Четири години беше во оваа општина и знам дека многу направи за неа знам дека направи многу за македонскиот театар и затоа никогаш нема да те заборавиме и младите генерации ќе учат од тебе како е да се биде вистински професионалец на сцена.  Билјана да знаеш дека сето она што го имаш направено ние што бевме од самите почетоци со тебе како генерација ќе го пренесуваме понатаму затоа што заслужуваш. Една и единствена Билјана Беличанец нема да се роди, ни актерка, ни човек . Ова овде е твое дело и пред да те испратиме од твојот и од нашиот драмски театар знам дека на сцената ти никогаш не глумеше туку ти живееше, живееше со сета душа, со сето срце, живееше за себе , за твоите партенери, за твоите партнерки и за твојата публика. Нека ти е вечна слава драга моја – кажа Дејан Лилиќ.-Билјана беше нашата принцеза, ја паметам беше ведра, видра, многу вредна и многу наша, многу сакаше да учи, да пее, да зборува ноќе на телефон. Кога и честитав нова година и реков ајде годинава нова улога оти ни недостасуваш фалиш во македонскиот театар. Таа ми врати ова е најубавата честитка што некој можел да ми ја испрати. Таа беше нашето вечно девојче, девојчето со игриви очи со тажен поглед и со скриена насмевка, често пати разговаравме и ја прашував зошто и е потребно сето ова, таа ми рече имам само една идеја тоа е ова каде што сме сега тука да направам еден мал театар за да може да уживаат децата, да гледаат претстави децата. Зборовите денеска ќе поминат ние ќе го изразиме нашето сочуство, но има една работа која што треба сите да ја запаметиме колку почесто ја спомнуваме толку повеќе ќе живее Билјана во овој свет . Билјана беше храбар човек, Билјана беше достоинствен човек, Билјана беше човек. Бог да ја прости вечна и слава и да го негуваме споменот за неа. - кажа познатата актерка, Весна Петрушевска.-Драга наша Билјана, пријатели колеги, зашто сум убеден дека Билјана беше посебна, беше единствена. Најмалку јас можам овде да говорам каков актер си била кога ќе кажам каков соработник и другар си била, се запознавме во 2012 година, срдечно те пречекавме со тим од млади луѓе и низ изминатите години успешно работевме, години кои секогаш ќе остават трага врз мене и секојпат ќе се сеќавам на тебе, ќе кажеше можеме ли ова да го направиме. Со огромна болка денес сме овде собрани на ова место КВК токму ова место во целост е нејзино дело, нејзино творештво кое го изгради и поткрена, како и безброј други дела кои успеа да ги реализира затоа што беше голем борец, искрен пријател, добар соработник, најголем другар. Засекогаш ќе останеш во нашите мисли, почивај во мир, биди меѓу ангелите зашто ти го заслужуваш тоа.  – кажа поранешниот претседател на Советот  на Општина Кисела Вода, Трајче Донев.На комеморацијата беа прочитани и телеграмите со сочуство од претседателот и премиерот на Република Северна Македонија, Ѓорге Иванов и Зоран Заев.Билјана Беличанец беше позната македонска актерка и градоначалник на Општина Кисела Вода од 2013 до 2017 година.

Скопје | пред 6 години

1-3

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Непознат човек кинел плакати од Силјановска, потоа нападна член на УМС со пцости и закани

На социјалните мрежи се појави видео во кое непознат човек ги кине плакатите од кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.На истото може да се забележи како тој со упатува пцости и закани кон член на УМС.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/437103387025380/

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Заев не очекува Иванов да ги помилува осудените за „27 април“

Премиерот Зоран Заев не очекува аболиција од претседателот Ѓорге Иванов за осудените за 27 април. Тој денеска одговарајќи на новинарско прашање истакна дека аболицијата од Иванов не ја очекува пред се, како што рече, бидејќи тоа не постои повеќе како законска можност.-Со последното давање на аболицијата се потврди непостоењето на соодветните членови кои не постојат во законот за претседателот да го искористи тоа право, истакна Заев.До кабинетот на претседателот Иванов во петокот попладнето пристигнало барање од дел од осудените во случајот „27 април“ за нивно аболирање.

Македонија | пред 6 години

kamion

(ФОТО) Товарното возило излетало од патот, пожарникарите три часа сечеле дел од каросеријата да го извадат возачот

Сообраќајка помеѓу товарно возило и минибус кај Дреновска клисура, повреден е возачот на товарното возило, кое излетало од патот. Тој бил префрлен во кавадаречката болница, објавува МКД.мкСообраќајот се одвива наизменично по една лента.Припадниците од Кавадарци три часа сечеле дел од каросеријата на товарното возило за да го извлечат повредениот возач.Во тек е увидот на местото на несреќата. 

Македонија | пред 6 години

gruevski-2

Груевски се прости од Беличанец: Загубивме талентиран и искусен актер

Поранешниот премиер, Никола Груевски денеска на Фејсбук се прости со Билјана Беличанец Алексиќ.„Билјана Беличанец ја познавав како пријатна личност и одличен актер во Драмскиот театар во Скопје, но најмногу ја запознав како градоначалник на општината Кисела Вода.Беше одличен и исклучително одговорен градоначалник на оваа општина која не располага ни приближно со доволно финасии колку што има реални потреби. Не е лесно човек да води таква општина со толку многу проблеми и очекувања од граѓаните а со толку малку финасиски ресурси.Се бореше за општината како за свој дом. Соработувајки со градот, владата, странските донатори, компаниите, граѓаните и правилно распоредувајќи ги средствата на општината, со голем ангажман и посветеност, заврши многу проекти за општината и остави свој белег и пример како може во една таква општина со многу проблеми а малку сопствени приходи успешно да се менаџира.Биљана имаше чесен приод кон работата, многу внимаваше да не направи грешка, сакаше секому да помогне и излезе во пресрет, да ги исполни дадените ветувања пред граѓаните и да си замине од функцијата со чист образ, како што и се случи.Не дозволи да и се случи ниту една афера или гаф иако влезе со многу мало искуство на оваа функција. Се грижеше за секој детал и за секој кој и бара некаква помош. Не се колебаше да побара помош за предизвици со кои неможеше самата да се справи и соработуваше со сите во интерес на зацртаните цели за општината и граѓаните. Одлично менаџираше.Многу чувствителна кон луѓето и со љубов кон работата.Тешко ги примаше неправдите но се трудеше да не го покаже тоа.Со изразено чуство на одговорност кон обврските, како ретко кој.Многу внимаваше некого да не повреди, да не создаде болка некому.Не сакаше кандидатура за втор мандат. Чувствуваше замор од преголемиот ангажман. Не се штедеше во работата.,,Сакам само чесно да си го одработам овој мандат и со крената глава и чиста совест да си заминам. За следните избори нека добие шанса некој друг, а дотогаш ќе работам до последениот мој атом,, - беа нејзините зборови уште најмалку една година пред истекот на мандатот кои потоа неколкупати ми ги повтори.Сакаше и се врати на театарот. Но, за жал не за долго.Нејзиното прерано заминување освен за нејзините блиски е голема загуба и за сите кои ја познаваа, соработуваа или на било кој начин беа во контакт со неа.Театарската публика загуби исклучително талентиран и искусен актер.Ќе ја паметиме по добро, бидејќи пред се, Билјана Беличанец беше добар човек.Почивај во мир Билјана“, напиша Груевски на својот Фејсбук профил.

Македонија | пред 6 години

biljana-belicanec-960x540

Комеморација за Билјана Беличанец во Дом на културата во Кисела Вода

Kомеморацијата по повод смртта на прерано починатата поранешна градоначалничка на Општина Кисела Вода, г-ѓа Билјана Беличанец ќе се одржи денес, со почеток во 15:00  часот во новоизградениот Дом на културата КВК во Општина Кисела Вода.    

Македонија | пред 6 години

saso-tasevski

Тасевски: Пуштете го Ѓорчев на митинзи, за Силјановска да не прави грешки

Фејсбук статус на актерот Сашо Тасевски, преку кој на ВМРО ДПМНЕ им понуди како што пишува покреативно решение за проблемите во кампањата. Тасевски пишува:Драги вмровци, мора малку покреативно да ги решавате проблемите во кампањата. На пример, вашава кандидатка не знае во кој град е кога држи говор, боже мој, се случува, особено ако го шетате човек со качулка на глава или у багажник. Ама и за тоа има решение. Со неа на говорница пуштете го и Влатко Ѓорчев. Он на пример нема село и град што не го посетил. Нема кооперација каде не јадел сардина и пиво со мештаните седнат на гајба. Е он нека биде со неа на говорницата. Па кандидатката штом каже: Добровечер најдраги мои... Овој одма нека дофрли: Кичевчани, кочанчани курајчани или долнодупенци. И решен проблем.Тоа е креативен пристап до проблемот што го имате. Извинете што ви се мешам во кампањата, ама морав, проработе вмровското во мене.

Македонија | пред 6 години

500-denari

Од 2020 година ќе ги имаме и првите банкноти со Северна, ќе се започне со 500 денари

Од почетокот на 2020 година на банкнотите од по 500 денари ќе биде напишано новото име на Народна банка, а во втората половина на следната година ќе бидеат заменети хартиените 10-денарки со официјалниот назив.Од Народната банка велат дека пуштањето во оптек на парите со новиот назив, ќе го вршат постепено во рамки на редовните нови емисии, имајќи го предвид природниот животен век на парите кои веќе циркулираат во оптек и водејќи сметка за макроекономската стабилност.

Македонија | пред 6 години

50407320_2037289269697107_8259573472892551168_n

УНЕСКО денес го затвора извештајот за Охрид, се движиме ли кон губење на статусот?

УНЕСКО денес го затвора извештајот за Охрид од кој ќе зависи и тоа дали ќе го задржи престижниот статус на светско културно наследство.Информациите кои беа соопштени на Собраниската комисија за култура пред еден месец во Скопје, не влеваат оптимизам по однос на ова прашање.– Од неформалните комуникации што ги имам со некои луѓе од УНЕСКО, можам да кажам дека се движиме по работ. Се` уште не е ништо изгубено, но ни претстои период од еден месец за да доставиме дополнителна документација до Центарот за светско наследство, односно да покажеме волја и реален ангажман, што можеби би значело и подобрување на нашата слика. Важно е да се води волјата и се` понатака ќе зависи и од тоа што ќе се случува во Баку, истакна Билјана Прентоска, генерален секретар на националната комисија за УНЕСКО.Комисијата ги разгледуваше извештаите на надлежни институции за состојбата со природното и културното наследство во охридскиот регион.Во јуни и јули во Баку, главниот град на Азербејџан, ќе заседава Комитетот за светско наследство при УНЕСКО за, меѓу другото, да реши дали Охрид ќе го стави на листата на културно и природно наследство во опасност. Од владата се оптимисти дека Охрид нема да го загуби досегашниот статус, но експерти и граѓански активисти не се сигурни во тоа. Голем проблем овој период лоши вести кои влијаат на статусот се постојано палење и горење трска најверојатно заради нечии бизнис-интереси.Во јуни минатата година во Охрид се одржа министерска средба – „Спроведување на акции/мерки според одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО“, на која беше јасно потенцирано дека последниве години УНЕСКО бележи пораст на бројот на фактори кои негативно влијаат на заштитените подрачја.Постојат проблеми, но не се нерешливи, потенцира Синиша Шешум, шеф на канцеларијата при Регионалното биро на УНЕСКО за наука и култура во Европа.-Притисокот во охридскиот регион не е само од туризмот, туку и од развојот, па круцијално е да се најде баланс со кој ќе се заштитат вредностите поради кој е запишан на листата на УНЕСКО, потенцира Шешум минатата година.Прекумерната изградба на стамбени и угостителски објекти, често и во заштитени зони, палењето на трската, Студенчишкото блато, плановите за НП „Галичица“ се само мал дел од „сидрата“ кои го влечат Охрид надолу, кон губење на престижниот статус на светско културно наследство.извор: Алсат М 360 степени/ОхридПрес

Македонија | пред 6 години

zoran-zaev-4-696x405

(ВИДЕО) Нов гаф на Заев: Лашки со опашки!

На вечерашниот митинг , Зоран Заев со нов гаф: Лашки со опашки!Коментарите под видеото се: Бисер до бисер-ѓердан ќе направи, но има и такви кои сметаар дека Заев се напил лашко пиво…https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/314686342539083/

Македонија | пред 6 години

gordana-siljanovska-davkova

Силјановска: Преживеаните Македонци на „Титаник“ ги запишале како Македонци кога пристигнале во Америка

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, вчера зборуваше на митинг пред струмичани.Силјановска во својот говор се задржа на промената на името и праша зошто ако може Србија на Србите, Бугарија на Бугарите, Грција на Грците, да не можеме, како што рече, да кажеме Македонија на Македонците.–Кога на бродот „Титаник“ се качиле некои Македонци и кога преживеале, во Америка ги напишале како Македонци, а сега ние треба да докажуваме. Замислете да треба да докажувате дека сте маж или жена, тоа се незамисливи потфати – додаде таа.

Македонија | пред 6 години

Katica-Janeva

Јанева: Поголемиот дел од буџетот на СЈО се користи за вештачења

Шефицата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), во интервју за „Независен“ зборува и за буџетот на СЈО, односно појанува на што се трошат парите. Во јавноста често пати има забелешки дека располагаат со голем буџет за разлика од редовнто обвинителство и дека обвинителите во СЈО земаат повисоки плати.-Со новиот закон останува нашиот буџет да го предлагаме самите и да не може врз тоа никој да влијае. Станува збор за меѓународни стандарди во оваа област. Сметам дека ресурсите и во Јавното обвинителство ќе бидат подобрени, има многу проекти во кои учествуваме и помагаме и ние, со цел јавните обвинителства да бидат поекипирани и да можат поефикасно да ги извршуваат задачите. Иако имаме поголем буџет, тоа не значи дека ја трошиме целата сума. Поголемиот дел од буџетот и претходно се користеше за вештачења, како и за други материјални трошоци неопходни за брзо и ефикасно завршување на истрагите за кои бевме ограничени со 18 месеци, имавме и други трошоци како тие за адаптирање на зградата во која сме сместени. Јас мислам дека сегашната влада има добар сенс за правосудството и за подобрување на интегритетот и независноста, не само на обвинителите, туку и на целата правосудна фела, вели Јанева.

Македонија | пред 6 години

reka

(ФОТО) ИМОТЕН ЛИСТ: Што поседува Блерим Река?

Еден од тројцата кандидати за претседател, Блерим Река, во својот имотен лист доставен до Државната комисија за спречување корупција, пријавил каков имот поседува.На свое име, како што јавува Емагазин, кандидатот за претседател има куќа од 200 метри квадратни проценета на 200 илјади евра.Исто така тој пријавил и дека поседува АудиА3.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања