ГЛАВНИ-ВЕСТИ

56248128_2143886405667315_207757206014132224_n

Заев: Химната ја прескокнавме за да нема Ципрас проблем во Грција

Откако македонската јавност бурно реагираше за тоа зошто не беше интонирана македонската химна за време на посетата на Ципрас во нашата земја, Зоран Заев во интервју за ТВ Тера, признава дека не ја пуштил македонската химна заради Ципрас.„Кога видовме дека се доцни, рековме од каде да скратиме. Дајте квалитативниот дел на разговорите да го одржиме. Скартивме по еден министер. Но, реално кажувам дека симболите исто така, на АРМ не беа сменети, а треба да ги смениме. Ако сме пријатели и го почитуваме Договорот, не треба да дозволиме Ципрас да се врати во Грција и да го критикува неговата јавност. Пријателите водат грижа за себе“, истакна Заев.

Македонија | пред 6 години

unnamed-file-1

Заев: Јас сум роден во Социјалистичка Република Македонија, тоа значи дека моите деца не се мои бидејќи се родени во Република Македонија?

Ја слушам госпоѓа Силјановска Давкова како изјавува дека е родена во Народна Република Македонија и ако и дадат лична карта со Република Северна Македонија, нема да е таа. Е која ќе е? Некоја друга ли? Аманте со тоа, реагира премиерот, Зоран Заев, на изјавата на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.–Јас сум роден во Социјалистичка Република Македонија, децата мои во Република Македонија, и сега тоа не се моите деца? Јас сум тој, моите деца се тие, а и Давкова е истата, сите сме исти. Пресериозни амбиции имаме за претседателска функција, претседател на државата не може да му пркоси на Договорот – порача тој во интервју за ТВ Тера додавајќи дека влогот е влез во НАТО и ЕУ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Пендаровски : Ако не победиме, не ми излегувајте пред очи!

Кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски, среде митинг им се обрати на граѓаните кои беа дојдени да му дадат поддршка со реченицата:  „Ако не победиме не ми излегувајте пред очи!“.Чудно е што за ова Пендаровски доби аплауз.Но, ова видео молскавично се шири по интернет, особено на социјалните мрежи. Истото се споделува и коментира.Во продолжение видеото, а коментар за тоа во која конотација е кажаното донесите сами.https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/423189575164707/?v=423189575164707

Македонија | пред 6 години

70D44252-EDB4-48D5-B149-F8AC2C99F6F3

Силјановска: Смешно е Пендаровски да тврди дека Иванов му ја украл победата

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, на денешниот митинг во Радовиш, ја прокоментира изјавата на нејзиниот протвкандидат, Стево Пендаровски, кој рече дека на претходните избори не изгубил од Иванов, туку граѓаните биле натерани да гласаат за него.-Не знам дали да се чудам да се думам или да смејам дека претседателот Иванов им украл ја победата. Замислете да украдете близу 200.000 гласови разлика. Не е можно, тоа е голема илузија на оние кои знаат дека уште еднаш ќе изгубат, па пак ќе не обвинат нас дека сме им ја украле побеадата иако тие се на власт – рече Силјановска.

Македонија | пред 6 години

Andonovski20-221011

Венко Андоновски напиша песна за Билјана Беличанец

Писателот, поет и есеист Венко Андоновски напиша песна посветена на актерката Билјана Беличанец.Во нив, тој вели дека Билјана не починала, туку само се лизнала од „сплавот на очајот, занесот и стравот“.

Македонија | пред 6 години

pendaroski-himna

(ВИДЕО) Пендаровски: Ако не победиме не ми излегувајте пред очи

Кандидатот за претседател од владејачката партија СДСМ, Стево Пендаровски, ќе биде запишан во историјата по бројот на гафови во една политичка кампања.„Ако не победиме не ми излегувајте пред очи!“, изјави Пендаровски.https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/423189575164707/

Македонија | пред 6 години

56451972_10217213617665303_5273234277637554176_n

ФОТО: Гореше Водно

Пожар избувна вечерва на планината Водно, во пределот над Клиниката за детски болести „Козле“.Во гаснење на пожарот интервенираат три возила и десет пожарникари од Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје.За сега не е познато што го предизвикало пожарот. 

Скопје | пред 6 години

iva

НЕСРЕЌА ВО СРБИЈА: 19 годишна девојка загина правејќи селфи

Ива М. (19) од Ниш заедно со двајца другари на кров од зграда правела селфи и паднала од истата.– Девојката и двајцата нејзини другари биле на кровот од зградата. Во еден момент таа се обидела да направи видеоклип движејќи се наназад по што дошла до работ на кровот, изгубила рамнотежа и паднала на плочникот пред зградата. –изјавил извор за Блиц.На местото на трагедијата и натаму има видливи траги. Пред зградата на местото каде што паднала девојката има локви крв, а станарите не може да се повратат од шокот.Нејзината последна објавен афотографија на Фејсбук е токму од еден покрив во Ниш. Засега не е сигурно дали станува збор за местото од каде паднала.Ива инаку не живее во оваа зграда, а според зборовите на соседите, тука порано живеел нејзин другар.Овој трагичен настан е предупредување  од психолозите до младите но и до родителите. Тие велат дека не треба докажување и дека личната безбедност е на прво место. 

Свет | пред 6 години

lusteri-2

(ФОТО) Луксузот од ВМРО ДПМНЕ, лустерите – донација за македонските цркви и манастири

Јохан Тарчуловски, амнестираниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, на „Фејсбук“ му се заблагодари на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, за одлуката лустерите од централниот штаб на партијата да бидат донирани во македонските цркви и манастири.Тарчуловски објави фотографии во црквата „Св. Никола“ во селото Љубанци, а на позадина се гледаат лустерите кои до скори висеа во централниот штаб на партијата.„Огромна благодарност до претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски за донацијата од лустери кој се извадени од централниот штаб, а кој беа означени како луксуз. Затоа се подаруваат по македонските цркви и манастири. Црквата Св. „Никола“ село Љубанци ќе ви е вечно благодарна”, напиша Тарчуловски на „Фејсбук“.https://www.facebook.com/Johan.Tarculovski/photos/pcb.2240796065963422/2240795645963464/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

kir0628

„Билјана се измори да се бори и да биде силна, а никој не и пружи рака на поддршка“

“Позната причината за смртта на познатата актерка” – се огласија утрово нашите експерти во новинарството (секоја чест на исклучоците). Познат е начинот на кој завршил животот на оваа преубава жена, која се обидуваше да се носи, во секој поглед, во суровиот и бескрупулозен свет на сопки, одмазди и непријателства. Причината за тоа зошто посегнала по својот живот ја знае само таа, а блиските веројатно претпоставуваат. Се изначитав утрово колку била успешна, моќна, убава, мајка на две деца и многу слични нешта.И успешните, талентираните и моќните имаат душа, и мајките се човечки суштества, и убавите жени се само кревки луѓе со сите човечки потреби. Тажно завршена приказна на една жена, која не можела да се избори со својата немоќ да ги исполни очекувањата на сите околу неа, а сепак да биде среќна. Осаменоста не се отсликува со отсуството на луѓе околу вас, туку со неможноста да се разговара со луѓето за тоа што е значајно за вас или неприфаќањето на вашите уверувања.Свет во кој се плашите да бидете среќни затоа што и пријателите ве гледаат завидливо, во кој парите, политиката, моќта, власта се приоритет, а личната среќа на луѓето споредна работа.Тажна е вистината дека човечкиот живот се состои од збир на непомирливи спротивности, а која од нив ќе надвладее зависи од многу фактори. Жал ми е за тагата на семејството и за децата без мајка, но, најмногу ми е жал за Билјана која веројатно се измори да се бори и да биде силна, а никој не и пружи рака на поддршка. Почивај во мир генерацијо.https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=2568232706581289&id=100001837551878 

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still091

Шеќеринска со ќерката на прошетка низ Дебар Маало

Премиерот Зоран Заев викендите ги користи за воење мотор, а министерката Радмила Шеќеринска за прошетки со ќерката.

Македонија | пред 6 години

siljanovska-davkova

Силјановска: Таа имаше уште толку многу да ни даде нам и на театарската уметност

Професорката Гордана Силјановска Давкова која е и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претседател на претстојните избори, се прости од Билјана Беличанец Алексиќ.„Секоја загуба боли. Веста за секоја смрт погодува. Но, најголем вознемир предизвикуваат вестите за нечија прерана смрт. Посебно кога смрта не била судбина…Длабоко ме потресе веста за заминувањето на личност како Билјана Беличанец-Алексиќ, чиј лик и глас допирал во секој наш дом, кој ни станал близок и кој ќе ни остане врежан во сеќавањата. Таа имаше уште толку многу да ни даде нам и на театарската уметност.Но, ќе остане запомнета, меѓу другото, и како една од ретките жени градоначалнички во Република Македонија. Нека почива во мир“, напиша Силјановска Давкова.

Македонија | пред 6 години

pendarovski4

Пендаровски: Во 2014 јас не изгубив од Иванов, туку луѓето беа натерани да гласаат за него

Промената на демократскиот амбиент е една од причините зошто професорот Стево Пендаровски, одлучил да се кандидира повторно за претседател на државата. Тој вели дека во 2014 не изгубил, туку резултатот се должел на изборниот фалсификат, за кој, вели Пендаровски, се водат истраги, пишува Фокус.–Ние бевме заробена држава во тој период, не по моја или ваша констатација, туку според ЕК, според Брисел, од неколкумина. Ниту имавме рамноправен пристап кон медиумите, државните ресурси беа злоупотребувани за партиски кампањи… Главната причина е што сега во демократски амбиент луѓето имаат право да ја кажат својата волја за кандидатите, а тогаш тие тоа го немаа. Во 2014 година јас не изгубив, туку луѓето беа натерани да гласаат за еден кандидат наспроти друг и тој изборен инженеринг во неколку предмети е третиран од СЈО. На локалните избори 2017 година дотогашниот режим беше тотално поразен – вели Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

zaev-hrvtska-2

Заев призна дека му нудел на Мицкоски влез во Влада, под услов промена на име

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Битола пред два дена обелодени дека Зоран Заев му нудел техничка влада и министерства, а за возврат барал да го поддржат Договорот со Грција.Мицкоски, ваквиот предлог го одбил, со образложение дека честа и достоинството немаат цена.Во интервју за ТВ Тера, премиерот Заев призна дека му го понудил ова на Мицкоски.-Таму на преговорите, ние не бевме сами, таму беше Али Ахмети, беше Билал Касами од БЕСА кога разговаравме. Реков дека сум спремен да седнеме заедно и да го поддржиме Договорот и да го истуркаме процесот и постапката, фондови, преговори со ЕУ, ратификацијата со НАТО, комплетно заедно. Не, не сакаше, истакна Заев.Тој посочи дека не му понудил 5 министерства на Мицкоски бидејќи СДСМ во Владата има 9.– Тоа не е така, тоа не е од татко ми. Повикот беше заедно да се договориме. Мој е мандатот, немам проблем, го имам. Мојот мандат ќе го поделам ВМРО-ДПМНЕ, но тој одбил, истакна Заев.

Македонија | пред 6 години

MV5BMDRlY2RiNjYtYmJiMi00YWQyLWFhNDEtNWFkMTljNzQwYjQxXkEyXkFqcGdeQXVyMjUyODgyMDg@._V1_SY1000_SX1500_AL_

Јелена Јованова со емотивна порака до починатата Беличанец

Актерката Јелена Јованова на својот фејсбук профил се прости од Билјана Беличанец.”Се надевам дека сега си на подобро место. Се надевам дека таму нема да си изневерена од никого…Се надевам дека таму ќе си прегрната од љубов која овде ти недостигаше…Толку многу даде, а уште колку многу остана.Тешко и за неверување маме. Ти благодарам за СЕ! Почивај во мир Билјана Беличанец.”, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања