ГЛАВНИ-ВЕСТИ

biljana

Тасевски за Беличанец: Ти си една од најдобрите глумици во Македонија на сите времиња

Актерот Сашо Тасевски, сподели со јавноста една анегдота поврзана со актерката Билјана Беличанец Алексиќ, која вчера беше пронајдена почината во својот дом. Случката која ја раскажува Тасевски ја доловува потребата на Беличанец да биде во својот матичен театар, каде работела од 1997 година.„Билјана Беличанец влезе во канцеларијата. Два месеци откако ме назначија за директор. Седна како на жар карши мене, зад клуб-масата. Да и пратам порака дека е добредојдена и влегува дома, станав од директорската фотеља и седнав кај клуб масата. Ја понудив кафе, одби. Дојдов само нешто да ти кажам., рече. Те разбирам ако ме држиш на страна, ако не добивам улоги, зашто бев функционер кај оние, само дозволи ми да бидам овде, да го дишам театарскиот воздух. Стави ме и во шивална, ќе шијам, само да сум тука. Беше сериозна, а јас се насмеав. Реков: Билјана ти си една од најдобрите глумици во Македонија на сите времиња. Треба да играш и сакам да играш, ама не со игла и конци, туку на сцена. Таму би била од најголема помош. Имаш сојузник во мене. Сепак не заигра, иако требаше да игра главна ролја во една претстава, тоа се изјалови од други причини. Нејсе, затоа со ќеф прифати да биде дел од уметничкиот совет, кога ја поканив, откако ме предупреди дека може да си имам проблеми што е она во него. Баш ме заболе и реков. Се сеќаваш што ти кажав во канцеларија ко дојде? Се насмеа. Е па уште го мислам тоа и реков. И секогаш ќе го мислам. Го мислам еве и сега. Најдобра“, напиша Тасевски на својот фејсбук профил.

Македонија | пред 6 години

kir0628

МВР: Беличанец ја пронашол нејзиниот сопруг

Од Министерството за внатрешни работи излегоа со официјални информации за смртта на актерката Билјана Беличанец Алексиќ.Оттаму велат дека синоќа околу 22.30 часот, во полициска станица Центар, С. М. пријавил дека на улица „Истарска“ во неговиот стан ја пронашол мртва неговата сопруга Б.Б.А. (45) од Скопје.Од страна на Итна медицинска помош е констатирана смрт.Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на Судска медицина за обдукција.

Македонија | пред 6 години

biljana-belicanec-960x540

Телото на Беличанец предадено на обдукција

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи и со лекари по судска медицина синоќа изврши увид на лице место во стан во Скопје, каде беше пронајдено телото на актерката Билјана Беличанец. Безживотното тело на починатата го пронашол нејзиниот сопруг, кој ја известил полицијата.Телото на починатата е предадено за обдукција, а јавниот обвинител издаде и наредба за вештачење на трагите подигнати и обезбедени на лице место.

Македонија | пред 6 години

belicanec-n

Дац се прости од Беличанец: Таа беше мојот Петар Пан

Прераната смрт на познатата актерка Билјана Беличанец- Алексиќ, ја шокираше не само актерската фела туку и цела Македонија.„Билјана Беличанец беше мојот Петар Пан.Полетна како никој од нашата бранша, леташе високо со своите улоги и оддаваше цврстина на маж, но беше кревка, како кокиче.Замина во Недојдија...“, напиша Драган Спасов Дац на својот  Фејсбук профил.

Македонија | пред 6 години

20190407090519

Река: Се плашам дека нема да го има потребниот цензус

„Максимум ова време во Северна Македонија има 1,5 милиони гласачи, а со тоа и се плашам дека може да пропадне изборниот процес, како и дека нема да го има потребниот цензус. Сепак, се надевам дека барем во првиот круг ќе биде постигната потребната излезност, за вториот круг ќе видиме како ќе биде“, вели Блерим Река , еден од кандидатите за претседател на Македонија во интервју за „Ал Џезира“.Помеѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска вели дека е „најнезависен“ кандидат.„Убеден сум дека мојот концепт ќе биде поддржан од сите граѓани, бидејќи тоа е универзален концепт, а не национален, не е само концепт за Албанците. Тоа е концепт за функционирање на модерна држава, која граѓаните на Северна Македонија ја заслужуваат. Граѓаните на Северна Македонија на 21 април имаат две опции: да останат во заробена, приватна, неуспешна и нефункционална држава; или да живеат во мултиетничка, европска и модерна република, каде што се почитуваат законите. Без почитување на Уставот и законот, не можеме ништо да постигнеме и затоа мојата порака е: "Закон за сите, никој не е над законот!"

Македонија | пред 6 години

kir0628

Пронајдена мртва Билјана Беличанец

Почина актерката Билјана Беличанец, пишува Макфакс.   

Македонија | пред 6 години

migranti-2

(ФОТО) Грчката полицијата се судри со мигрантите на границата со Македонија

Грчката полиција денеска интервенираше со солзавец бидејќи мигрантите кои се обидуваат да стигнат до границата со нашата земја почнале кон полицајците да фрлаат со камења и шишиња, пренесуваат регионалните медиуми.Отворете ја границата, извикуваа стотиците мигранти околу кампот Диавата, 60 километри од македонската граница.Освен во Солун, напнато е и во Атина.Таму синоќа околу триста луѓе ја окупираа железничката станица Ларисис, барајќи да им биде овозможено да заминат кон Северна Грција.  Тие се вратени во прифатните центри, но како што велат, не се откажуваат од патот кон Европа.И покрај напнатоста на границата, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска смирува. Таа вели, АРМ и полицијата будно следат."Земјава е подготвена да се соочи и со зголемување на притисокот на бегалци на македонско-грчката граница. Министерствата за одбрана и внатрешни работи ја следат состојбата на границата со Грција, но важно е во секој момент да се биде буден и подготвен“, вели Шеќеринска.   

Македонија | пред 6 години

katica-janeva

Катица Јанева ќе побарала меѓународна помош за да открие кој го финансира Груевски

Првиот човек на СЈО, Катица Јанева, во интервју за „Независен“ вели дека обвинителството ќе побара меѓународна помош за да открие од каде му стигаат пари или кој го финансира претсојот на поранешниот македонски премиер Никола Груевски како азилант во Будимпешта.- Не завршивме со истражувањето на Никола Груевски во делот на имотната состојба. По сите изјави и фотографии што се објавуваат во јавноста, гледаме дека тој живее удобен живот во странска држава. Имаме намера, покрај финансиската истрага што како предистрага се води за Груевски, да побараме меѓународна помош и да видиме кои се изворите на пари од кои се издржува Никола Груевски во таа странска држава. Но, за тоа ни е потребно да се донесе законот за јавно обвинителство - вели Јанева.Таа ги групира во три категории причините поради кои опозицијата не сака да се дојде до лесен договор со власта околу новиот закон за јавното обвинителство со кој ќе се продолжи рокот на СЈО како регуларно тело, а за што Европската комисија има големи очекувања.Вели дека кога ќе се продолжи рокот на СЈО со новите законски решенија ова обвинителство ќе превземе случаи од редовното кои се однесуваат на високи функционери. Верува дека ниту еден предмет од оние отворените на СЈО нема да згасне, ниту пак ќе има наменска амнестија за некого. Потврди дека повторно ќе конкурира кога ќе и истече мандатот бидејќи „на тоа имаат право сите обвинители што ги исполнуваат условите предвидени со предлог- законот“. 

Македонија | пред 6 години

56468314_2600181376661978_4621274889397993472_n

(ВИДЕО) Пендаровски: Полицијата не ме казнува, ме знаат од телевизија

Стево Пендаровски, заеднички кандидат за Претседател од СДСМ и коалиционите партии, на една од своите трибини се пофали дека полицијата не го кaзнува дури и кога вози пpeбрзо. Имено тој посочи дека го знаеле од телевизија.„Значи вие знаете, еве да бидеме отворени до крај, ако мене ме запре полицаец сега на улица со поголема брзина од дозволената, мислите дека ќе ме кaзни. Не, нема, зашто затоа што ме знае од телевизија, можеби ќе ме кaзни ако е од ВМРО-ДПМНЕ полицаецот“, рече Пендаровски.https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/1338064086333778/?v=1338064086333778 

Македонија | пред 6 години

gordana-siljanovska-davkova

Силјановска: Грешките на митинзите се простуваат, но оние како Преспанскиот договор – никогаш!

Гордана Силјановска Давкова се оглеси на својот Фејсбук профил во врска со лапсусите на митинзите.„Драги мои,Забележуваат дека сум направила некој лапусус на митинзите. Се случува. Секому може да му се случи, особено ако има таква агенда како мојата. (Си велам, среќа што Македонија не е голема како Франција)Но, забележуваат ли дека знам да се извинам кога ќе згрешам? Ете, и за најмала грешка… А си имаме работа со луѓе кои погазија и збор и морал и право – и не само што не носат одговорност за тоа, ниту се извинуваат, туку бараат НИЕ да им се извиниме за нивните грешки.Не е страшно, човечки е да се направи лапсус. Уште почовечки е да признаеш таква грешка и да побараш прошка. Но, страшно е кога носители на извршна власт се однесуваат според онаа старата „кадија те тужи, кадија те суди“ – а не се ни кадии! Македонскиот народ никогаш нема да прости за нивните „грешки“ и „лапсуси“ – во уставот, законите, Преспанскиот договор.Други ми забележуваат дека било несвојствено за кандидатка на опозицијата да практикува јога!? Да биде вегетаријанка! И забележуваат дека иако професорка, на видеоспотот сум се нашла и во кујната. Да, драги мои! Сето тоа сум јас: сложено ама и едноставно човечко суштество! Јас не се срамам што живеам обичен живот, што перам и готвам, средувам по дома, се грижам и за семејството, и тоа се грижи за мене. Небаре е голема работа да си обичен човек од Муртино и да те викаат зајченце миличко, а мене не ми доликувало да се претставам во светлината на мојот секојдневен живот.Имајте убав викенд, ви благодарам за сета поддршка – од народот, за народот, со народот!“, пишува Силјановска.

Македонија | пред 6 години

Screenshot_1-1

ВИДЕО: Гога готви

Како дел од претседателската кампања на кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, таа снимила спот каде вели дека ако жена не ги среди работите, нема кој.Спотот погледнете го во продолжение[embed]https://www.facebook.com/vmromakedonija/videos/743739939354586/[/embed]

Македонија | пред 6 години

shilegov-vo-vardariste

Стационарот Вардариште затворен поради заразни заболувања

Поради појава на заразни заболувања кај бездомните животни и непостапување по дел од утврдените пропусти во работењето констатирани со извршената контрола на 19 март годинава, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство изрекоа мерка за затворање на стационарот “Вардариште” со кое стопанисува јавното комунално претпријатие “Комунална хигиена” - Скопје.На сила е и изречена забрана за заловување на бездомни кучиња во рок од 30 дена. Во овој временски период ќе се заловуваат и во стационарот ќе се прифаќаат само кучињата кои каснале човек, односно само по поднесена претставка до Агенцијата. Официјалните ветеринари, наредија и спроведување на мерки за темелна дезинфекција дезинсекција и дератизација во стационарот во рок од 5 дена пред негово повторно отворање.АХВ изврши надзор над работењето на стационарот за бездомни животни “Вардариште” на 19 март годинава при што беа констатирани пропусти во работењето. Во дворот на стационарот затекнати беа кучиња излезени од кафезите и животни кои во стационарот влегле однадвор преку оштетената ограда. Со контролата утврдено било и дека не е воспотавена ниту целосна контрола на влезот и излезот во прифатилиштето, а дел од кафезите не ги исполнувале условите за благосостојба и хигиена, односно не биле соодветни за сместување на заловените кучиња. Спротивно на законот, во стационарот е утврдено присуство на кучиња без мајка, односно животни со несоодветна возраст помали од 6 месеци.Кај дел од заловените животни констатирано е нарушено здравје и присуство на болести. Спротивно на законските одредби, со контролата е утврдено дека тие во прифатилиштето се сместени во исти простории со здравите животни, бидејќи не постои посебна просторија – карантин наменета за лечење на болните и за опоравување на животните кај кои се извршени хируршки интервенции. Не работела и комората за одлагање на угинатите животни, а пред ламелите на кафезите не биле поставени листите за хигиена со информации за тоа кога е извршено чистење и со кои средства се спроведени мерките за дезинфекија, дератизација и дезинсекција.За констатираните недоследности на 20 март, издадено е решение со кое се наложени мерки за отстранување на утврдените недоследности со контролата и наложено е животните кои се заловуваат задолжително да бидат обележани со микрочип или со други видливи средства за идентификација. Заловените животни треба да бидат вратени на местото каде се заловени најдоцна во рок од 30 дена. На ова прифатилиште изречена му е и мерка забрана за сместување на кучиња помали од 6 месеци без мајки.На 2 овој месец, официјалните ветеринари извршија контролен инспекциски надзор во стационарот “Вардариште” при што е констатирано дека е постапено по наложените корективни мерки. Извршена е делумна санација на оградата, воведена е контрола за влез и излез во стационарот, ставена е во функција комората за одлагање на лешевите и воспоставен е карантин за одвојување на болните од здравите животни. Потврдено е водењето на соодветна евиденција за секое заловено куче, а преземни се и наложените мерки за спроведување на дезинфекција, дезинсекција и дератизација на просториите.

Скопје | пред 6 години

trgovija-organi

На солунскиот аеродром, уапсена жена поради трговија со човечки органи

Цариниците на солунскиот аеродром „Македонија“ во багажот на патничка, која од Москва пристигнала во Солун, пронашле стерилизирани човечки клетки што се користат за кератопластика, односно за трансплантација на рожницата на окото, јави дописничката на МИА од Атина.Специјално спакуваните клетки ги немале потребните потврди како што е предвидено од Националната организација за трансплантација и затоа биле запленети како предмет на нелегална трговија.Патничката била уапсена, а тврдела дека како туристички водич требала да преземе странци од Солун и да ги однесе на островот Крф и дека знаела оти пренесува лекови, што требала да ги достави до вработен во туристичка агенција.Случајот го презел надлежен јавен обвинител. Независната управа за јавни приходи на Грција соопшти дека станува збор за важен успех во борбата против нелегалната трговија со човечки органи.

Свет | пред 6 години

4

Телата на починатите во авионската несреќа денес ќе бидат вратени во Бугарија

Изгорените тела на бугарското семејство, кое загинаа во авионска несреќа ќе бидат вратени во својата земја денеска.  Ова го објави бугарската НОВА по информација од јавното обвинителство во Скопје.Идентитетот на загинатите во авионската несреќа во близина на Скопје е потврден. Вчера нивните роднини дадоа примероци од ДНК во македонската судска медицина.Првичните сознанија за причините за падот треба да бидат познати за околу еден месец. Финалниот одговор за тоа што се случило на кобниот лет треба да го даде Комисијата за истражување на авионската несреќа, во која со своето искуство ќе помогнат и двајца бугарски истражители.

Македонија | пред 6 години

Koce-kuka-696x348

Призма: Коце Трајановски се подновил со куќа, се сменил ГУП и ДУП за да гради во Керамидница

Поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, се подновил со нова куќа, во скопската населба Керамидница, објави Призма.Во истражувањето на Призма е наведено дека куќата е на два ката и според податоците од Катастар, има вкупна површина од 392 квадратни метри, заедно со подрумските простории и со терасите. Градежната дозвола за градба била издадена 31 март 2017 година од општина Гази Баба, во времето на градоначалникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Трајковски. Маркичката е добиена со промена на ДУП, исто така во време на градоначалникот Трајковски.Иако Трајановски за Призма потврдил дека куќата е негова, всушност, не е директен сопственик, туку таа е во сопственост на фирма што тој ја купил минатата година заедно со својата сопруга. Компанијата се вика „Природна органска храна ДОО“ и на нејзино име се водат три катастарски парцели во Керамидница, со вкупна површина од 1.895 квадрати. На една од парцелите се гради објектот.Целото истражување на Призма можете да го прочитате тука.Фотографија- Призма

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања