ГЛАВНИ-ВЕСТИ

siljanovska

Гога ја разреши дилемата околу нејзиното презиме

Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, на денешната прес-конференција ја разреши дилемата околу нејзиното презиме.„Во македонскиот литературен јазик, Силјановска е вистинското, но понекогаш кога презимето на родителите го внесувале матичарите, можело и наместо лј да стават љ и вие сте тогаш должни тоа што го пишува во личната карта да го кажувате. Да, во личната карта на моите родители е внесено љ наместо лј. Звучи чудно, но можеби е време да се корегира“, изјави Силјановска-Давкова.

Македонија | пред 6 години

skopje-111

Скопјанка ги бара момчињата кои и помогнале: Сите ме одминуваа на улица, само тие застанаа

На Ѕидот на сообраќајниот Срам се појави објава од скопјанка која се заблагодарува јавно на момчиња кои и помогнале вчера на Илинденска.- Синоќа имав немила случка со моторот на Илинденска, а од сите возачи кои ме поминаа и гледаа, но не застанаа, само една кола колку што запамтив, црвена застана и излегоа две момчиња. Албанци беа, го дигнаа моторот и мене ми помогнаа, па ми донесоа и вода. Ви благодарам дечки, ако сте членови на групава сакам да ви кажам едно големо благодарам, и јас сум како вас, хуманост пред се, стои во објавата.

Скопје | пред 6 години

nefi1

Жолта лента за пицеријата кај Чинарот од Охрид, откако советник градеше без дозвола

Советникот на Општина Охрид, Нефи Усеини, доби „жолта лента“ на дивоградбата кај Чинарот, односно забрана за градење на локацијатаОва следува откако повеќе од еден месец, Усеини, градел без дозвола од Општина Охрид. Општината му даде рок на инвеститорот да ја урне градбата во рок од десет дена, но и по рокот, дивоградбата не е остранета.Сега, дивоградбата ќе треба да ја отстрани Општина Охрид.На ова место и претходно имаше летна тераса, со договор за краткокраен закуп на просторот, а објектот функционираше како пицерија 

Македонија | пред 6 години

55861025_282611255990688_4897395635323404288_n

Милошоски: Владата за ништо не е крива, се е политички подметнато

Пратеникот Антонио Милошоски на својот Фејсбук профил ги објави сите причини зошто владата за ништо не е виновна.„Владата за ништо не е крива, "прибидејќи":– Пожарите се политички подметнати– Економската нула од Германците стопанственици е политички подметната– Немањето датум за преговори со ЕУ е политички подметнато– И епидемијата на морбили е политички подметната– Зголемувањето на акцизата за горивото е политички подметната– Давањето рушвет за вработување на државно е исто така политички подметнато– Палењето на возила за рекет во СК е политички подметнато.., итн итн“, стои во објавата.

Македонија | пред 6 години

55935454_344204179634617_4942004368250503168_n

(ФОТО) Возило излета кај велешката патарина

Од засега непознати причини кај велешката патарина излета возило, пишува Курир.Од фотографиите може да се забележи дека станува збор за тешка сообраќајна незгода, а веднаш на терен се излезени екипи на МВР и Противпожарната бригада.

Македонија | пред 6 години

56764548_2705156519501354_7354085248956628992_n

Миленко Неделковски: Мијалков му го подари „Мериот“ на Вице Заев за да се спаси

Миленко Неделковски на својот Фејсбук профил објави дека хотелот Мериот во Скопје повеќе не е во сопственост на Сашо Мијалков, кој пред неколку месеци истиот го префрлил во сопственост на Вице Заев.„Откако брат му стана нелегален премиер, "напатената душа" толку многу "пати" што ете стана и сопственик на хотелот Мериот во центарот на Скопје.Од пред некој месец Сашо Мијалков веќе не е сопственик на Мериот. Тој предходно покрај својот ги презеде и сооственичките делови на Орце Камчев и Сергеј Самсоненко во хотелот.Но сега, за да се испегла работата со обвиненијата, пред се за "Империја", доцна зимово хотелот е префрлен во сопственост на Вице Заев. Веројатно за да не му пати толку многу душата.Иста судбина е предвидена и за компанијата "Пелистерка".Останатите засегнати од "Империја" патењето на душата на Вице му ја амортизирале со носење кеш во Софија.Чудно е како за невладините, за проверувачите на фактите, за Орданоски, Борјан, Чом, Геровски и сличен шљам..., "фамилија" беа Грујо и Сашо, ама Црпко и Вице не се!!!!???“, стои во објавата.

Македонија | пред 6 години

20190404201907

Силјановска: Премиерот и министрите не треба да доаѓаат на митинзите

Гордана Силјановска Давкова во вечерашниот ТВ дуел на Телма побара од нејзиниот конкурент за претседателските избори Стево Пендаровски да не го повикува премиерот Зоран Заев и министрите на своите кампањски собири бидејќи тоа е, како што вели таа, недозволиво.- Премиерот има јавна државна функција и тој и министрите не треба да доаѓаат на собирите. Јас сум дел од креаторите на Изборниот законик и знам дека тоа е недозволиво - рече Силјановска.Таа додаде дека Христијан Мицкоски, држи говори и присуствува на нејзините собири затоа што нема статус на премиер.

Македонија | пред 6 години

Muhamed-Zekiri

Зекири: Размислувам да поднесам барање за смена на Џафери

Во вечерашната дебата на Вести24, пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зекири, изјави дека Талат Џафери треба побрзо да се освести што прави како претседател на Собраниет.Мухемед Зекири изјави дека размислува да поднесе барање за смена на Талат Џафери од местото Претседател на Собранието и додаде дека ќе го држи за збор пратеникот Антонио Милошоски, кој рече дека ќе ја поддржи таквата интерпелација доколку биде поднесена од страна на СДСМ.

Македонија | пред 6 години

4

Истрага за несреќата кај Солунска глава: „Цесната“ паѓала како камен и се распарчила

Авионот "Цесна", кој го погреба бизнисменот Георги Бошнаков и неговото семејство, паднал како камен. Ова го рекле извори запознаени со истрагата од прва рака, пишуваат бугарските медиуми.Меѓу првите впечатоци на вработените од македонската единица за истрага на воздухопловни несреќи, авионот немал косо навалување, карактеристично за слични несреќи, туку се распаднал право надолу кон планинскиот рид каде се распарчал на парчиња. Поради оваа причина основна верзија на истрагата останува техничка неисправност во малиот авион.Исто така, пилотската грешка и паниката не се исклучуваат како причини за несреќата поради нестабилните временски услови.

Македонија | пред 6 години

Siljanovska-Pendarovski-696x371

Мицкоски: Професорката Силјановска држеше час, а Стево слушаше

На вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски ја коментираше вечерашната претседателска дебата, помеѓу тројцата претседателски кандидати, Гордана Силјановска Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река.Тој истакна дека Пендаровски денеска добил вистинска лекција од професорката Силјановска.Мицкоски ги прокоментира и шовинистичките испади на Пендаровски, додавајќи дека тој е човек кој украде кампањи од 2 жени, Тереза Меј и Хилари Клинтон.-Гласот за е глас за Зоран Заев тоа е иста паричка, лице и опачина. Замислете ќе каже Стево дека на државава не и требала мајка и требал татко на нацијата. Замислете, а вечерва гледавме како професорката држеше час, а Стево слушаше. Човекот кој украде, кампања од 2 жени, Тереза Меј и Хилари Клинтон. Стево е трета претседателка со иста кампања на овие претседателски избори, вели Мицкоски од Кочани.

Македонија | пред 6 години

siljanovska-1

Пендаровски: Ако некој мисли дека Силјановска е различна од Иванов, се лаже

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски поддржан од СДСМ, на денешната трибина со граѓаните на Свети Николе во својот говор се осврна кон своите политички опоненти.„Ако некој мисли дека Гордана Силјановска нуди нешто различно од Иванов, се лаже, ако некој мисли дека Мицковски нуди нешто различно од Груевски, се лаже. Ние, заедно со премиерот Заев, заедно со сите прогресивни сили ги отвораме портите на светот за нашата држава“, рече Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

Jane-Cento-696x371

Јане Ченто: Да застанеме заедно зад проф. Силјановска и да ја испратиме оваа банда во историјата

На фејсбук страницата “Слобода за Јане Ченто” беше објавен текст од Јане Ченто, пренесен од неговата мајка, преку кој ги повикува сите негови роднини и пријатели да застанат за професорката Гордана Силјановска Давкова, со цел да ја испрата оваа банда во историјата.„Драги пријатели,победата и сами знаете оти е блиску.Таа ќе стане уште поблиска и поскоро ќе биде спечалена, ако секој чесен македонски граѓанин не си ги губи деновите држејќи се настрана од оваа борба против оваа криминална власт. Секој загубен ден е продолжување на животот на оваа криминална банда, продолжување на нивните ѕверства и малтретирање на секој оној кој мисли различно од нив.Секој треба да биде свесен за оваа вистина и за одговорноста која ќе ја понесе секој пред сопствената совест и пред граѓаните на Република Македонија.Затоа ве повикувам, мои роднини, мои пријатели, сите оние кои што ме познавате, сите оние кои сакаат да си оди оваа криминална власт, тоа да го докажете во битката која предстои а тоа се претседателските избори на која ќе застанеме зад Проф. Гордана Силјановска Давкова и уверен сум дека ќе победиме на предстојните избори и ќе ја испратиме оваа банда во историјата.На 21 Април нема да гласате само за Гордана Силјановска Давкова туку ќе гласате и против ова зло предводено од Зоран Заев, запомнете го тоа. Овие избори треба да го означат почетокот на крајот на Зоран Заев и неговата криминална банда.Почитувани пријатели, истомисленици, борци против овој режим, време е да се обединиме во интерес на Република Македонија во пресрет на изборите кои следат, да се обединиме против ова зло кое владее со Македонија и да ги поразиме на овие избори а со тоа се отвора патот да му го зададеме последниот удар на предвремените парламентарни избори на есен.Како сите народи, големи и мали, така и ние сме исправени пред дилемата да избереме еден од двата спротивставени фронта, два системи, две гледишта за нашата татковина.Во овие моменти, ние како поробен народ и држава треба да застанеме категорично на фронтот на демократијата, слободата и правдата.Тоа е долг на секој од нас кој што ја сака оваа татковина.Можеби сите имаме грешки, но сега е моментот да се сплотиме под знамето на Република Македонија, сите кои се против овој режим, Македонија не вика.Сите граѓани на Република Македонија ја видоа политиката на Зоран Заев која се состои од заткулисни зделки и одлуки кои се штетни за Република Македонија. Ова ли е правдата да ги пуштаат од притвор тие што му требаат за да обезбеди 2/3 мнозинство во Собранието, пазар кој сите го гледаме и ден денеска. Тие ли се европски вредности, со уцени за да се собира 2/3 мнозинство во Собрание? Не би рекол.Јас сум уверен дека народот нема веќе доверба во оваа банда која е на власт, бидејќи се разголија и видовме колку вредат.Видовме банда која краде, уништува, монтира судски процеси, мести тендери и носи штетни историски одлуки за Република Македонија.Ситуацијата од ден на ден се влошува, има обид да се лишат македонците од своите историски сеќавања и ги принудуваат во објекти на принудна асимилација.Државните институции се узурпирани од банда на криминалци и мора да ги ослободиме за да имаме правна држава.Ние денес сме на крстопат, но мораме да решиме дали сме подготвени да ги браниме државните интереси и интересите на граѓаните или вечно ќе се предаваме и ќе се повлекуваме пред овие бандити. Со оваа банда која е на власт ние од ден на ден доживуваме национален дебакл и катастрофа во која тонеме се подлабоко. Погледнете насекаде околу вас и ќе видете разочарани и понижени граѓани, наведнати глави, тажни лица, слика која е одраз на тешкиот денешен живот. Имаме општ распад на системот на сите полиња.Доживеавме премиерот и министрите во Владата на СДСМ да ги преќутуваат нашите браќа и сестри во Егејска Македонија и да се плашат да кажат дека таму има луѓе што зборуваат македонски јазик и кои се изјаснуваат како Македонци. Па тоа ни во најцрните ропства не го правеле нашите поробувачи, а денес премиерот на Република Македонија го прави тоа и негира дека таму живеат македонци кои зборуваат македонски јазик.Затоа ве повикувам сите и десни и леви и оние од центарот, да се обединиме против ова зло, да го тргнеме овој јарем кој ни го ставија а потоа да ја градиме Република Македонија.Имам порака и до оние кои сакаат да бојкотираат а тоа е: драги пријатели, имате шанса за бојкот во вториот круг ако видите дека оваа криминална банда ги краде изборите, затоа ве повикувам и Вас, излезете во првиот круг на 21 Април и не го бојкотирајте првиот круг, напротив излезете масовно и со пенкало во рака урнете ја оваа банда уште во првиот круг, нека видат дека народот не стои зад нив, и дека народот ја враќа Државата во свои раце.Да се избориме за перспективна и прогресивна Република Македонија , да се потпреме на сите оние кои и мислат добро на оваа држава и имаат морална вредност, бидејќи на Македонија и треба еволуција.Никој не треба да се води од лични амбиции, туку од взаемните вредности, да се обединат напорите за решавање на проблемите кои секојдневно ги демнат македонските граѓани.Моменталната слика во Собранието што ја гледаме, не е Собрание на интелектуалци и луѓе кои што и мислат добро на својата татковина, туку е толпа лакома за пари и зависна од неколку луѓе.Чест на исклучоци.Во борба против оваа банда која е на власт треба да учествуваат вистинските синови и ќерки на Република Македонија , само тие може да имаат смелост, храброст и издржливост за да победиме против ова зло.Оваа влада на чело со Зоран Заев нема праведна моќ која потекнува од македонските граѓани. Во овој момент Македонија не е Република, туку владее одвратен деспотизам и тоа мора да запре.Овие што ја туркаат Македонија да се самоукине се паразити полни со лицемерие и подла суровост.Македонските граѓани ја откријаа подлоста и лицемерието на овие паразити и ќе му се спротистави на 21 Април кога ќе му даде жолт картон.Сега е моментот сите партии, здруженија, поединци да ги исполнат нивните стремежи и да започне нова ера на соработка против оваа криминална власт.Никој не треба да ги игнорира неправдите од минатото, лекциите од историјата, но сега е моментот да се сплотиме, бидејќи тоа го бара нашата таковина.Ве повикувам сите добронамерни граѓани кои ја гледаат оваа неправда што се случува во Мaкедонија да излезете на 21 Април и да ја поддржите Проф. Гордана Силјановска Давкова за иден претседател на Република Македонија.Со победата на Проф. Силјановска ќе бидеме на еден чекор да го отфрилме ова ропство во кое не држи оваа банда.По победата на Проф. Силјановска ќе има предвремени избори на есен , а тогаш сите партии ќе покажат колку вредат и врз тоа ќе имаме нова власт во Република Македонија која ќе биде чесна, достоинствена и праведна.Од слободниот човек не може да се направи роб, затоа што слободниот човек е слободен и во затвор.Да живее Република Македонија!“, се вели во објавата.

Македонија | пред 6 години

282559-0.Basic-duel

Пендаровски до Силјановска: Најпријателски ве советувам да се кандидирате за декан на некој правен факултет

Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Стево Пендаровски од СДСМ и ДУИ и Блерим Река од Алијансата на Албанците и движењето Беса, беа дел од првата телевизиска дебата во предизборната кампања за Претседател на Македонија.На темата за договорот од Преспа, како и за односот помеѓу правото и политиката на меѓународната сцена, Стево Пендаровски и реплицираше на професорката Давкова дека е подобро да се кандидира за декан на правниот факултет.-Јас мислам дека зборуваме за две различни работи за светот на правниците и за светот на политиката, за кој и на лаиците им е јасно за жал кој е доминантен. Јас најпријателски ве советувам да се кандидирате за декан на некој правен факултет, а не за највисоката политичка функција и да не сакаме и јас сум професор и сум доктор по правни и политички науки и ви кажувам на оваа функција не оди само со правниот авторитет. Да ги занемарам Меркел, Макрон и Трамп и да им кажам сега ние ќе направиме јуридизација на политиката, тука од Скопје и целиот свет замислете ќе не следи, и порача Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still092

(ВИДЕО) Спасоски: Во Охрид изборите ги предизвика судбината, а во Ново Село ги предизвикав јас !

Обраќајќи се на собир во Охрид, министерот Оливер Спасоски кажа дека во Охрид изборите за градоначалник ги предизвикала судбината, а во струмичко Ново Село ги предизвикал тој.„Ако овде судбината сакаше да има избори, во Ново Село струмичко изборите ги предизвикав јас ! Затоа што имавме градоначалник кој сакаше да се бави со криминал. Кој ќе проба да пљачка од народот таква судбина ќе го стрефи !“ - рече Спасоски. 

Македонија | пред 6 години

zaev-mickoski

Мицкоски прифаќа да се слика со Заев, но вели Заев прво да направи две работи

Вчера Заев ме покани да сум се сликал со него. Не е проблем, еве прифаќам, но Заев прво ќе треба да направи две работи. Да ги врати 8.5 милиони евра од Глобал, а потоа и оние едно евро за Вицето, едно евро за црквата што ги бараше на видео снимката.Додека не ги направи овие две работи, ќе му остане само да се радува на сликата со Ципрас, напиша на својот Фејсбук профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој истакна дека Зоран Заев не разбира што е неправда.И ќе ви кажам зошто изгледа Заев не разбира што е неправда.-Неправда е кога неправда е кога наместо повисоки пензии, се даваат тендери и бизниси на Вицето.-Неправда е кога ќе ветите добра бизнис клима, а ќе покачите даноци.-Неправда е кога ќе излажете дека ќе влезе нова германска инвестиција, а таа ќе инвестира во соседна држава.-Неправда е кога младите си одат од земјава, мајките плачат, а Мира Дизел си запослува половина фамилија.-Неправда е кога студент со 10 просек си не може ни да се прехрани, ама децата на власта одат на скапи одмори,-Неправда е кога имаме криминални иновации наместо вистински иновации и напредок.-Неправда е кога ќе велат дека ќе им дадат повисоки субвенции на земјоделците, а тие не може ниту да ги продадат производите. Кога на оризарите поисплатливо ќе им биде да го фрлат родот отколку да го продаваат, кога ќе ветат зелена нафта, а нема да добијат ништо од власта.-Неправда е кога наставниците и професорите нема да добијат повисока плата.-Неправда е кога нема работа за доктори на науки, магистри…-Неправда е кога ќе ветат 500 евра плата, а ниту оваа сега што ја имаме можат да ја одржат.-Неправда е кога ќе ветите дека ќе ги решите Еврокомпозит, Колска и Југохром, а нема да мрднете прст за нивНеправда кога ќе ветите раст од 5 посто, а Светска Банка ви вика дека не можете реално да дојдете ниту до пола.Нашата визија е правдата да биде најголем непријател на неправдата, кога криминалците ќе бидат зад решетки. Тоа ние го можеме. Овој сон можеме да го оствариме. Тогаш што чекаме. Знаеме дека со оваа власт нема ништо добро. Да почне смената. Гордана за горда Македонија. Гордана за правда за Македонија, напиша Мицкоски на фејсбук.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања