ГЛАВНИ-ВЕСТИ

siljanovska-davkova

Силјановска Давкова: Како претседате ќе го применувам новото име, но како индивидуа ќе го одбегнувам називот Северна Македонија

Кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова во ТВ дуел на ТВ Телма, на прашањето дали ќе го применува Договорот од Преспа и ќе го употребува новото име, одговори:– Се разбира, бидејќи тој стана дел од Уставот. Но, во примената има разлика. Ќе ги почитувам натписите на името на државата на институциите. Да, ќе го применувам, но како индивидуа ќе го одбегнувам називот Северна Македонија. Впрочем, и во членот 7, став 2 стои дека е дозволена употребата на придавката „македонско – рече Силјановска Давкова.Таа побара од нејзиниот конкурент за претседателските избори Стево Пендаровски да не го повикува Зоран Заев на неговите кампањски собири бидејќи, како што вели таа, премиерот има јавна државна функција и тој и министрите не треба да доаѓаат на собирите.

Македонија | пред 6 години

thumb

Филипче ја одби иницијативата за укинување на задолжителната вакцинација

Ниту едно дете нема да биде примено во градинка или училиште, ако не е вакцинирано, кажа министерот за здравство Венко Филипче, откако група родители кои поднеле иницијатива до Собранието вакцинацијата да не биде задолжителна, денес реагираа дека по нивната иницијатива Парламентот не расправал, бидејќи немало кворум, пишува СДК.„Неколку пати кажавме дека има важечка законска регулатива со која вакцинацијата е задолжителна. Точно е дека во законот за основно образование има некои контрадикторности. Но, дозволете сега да коментирам дека нема да дозволиме ниту едно дете да биде примено во училиште или во градинка невакцинирано. Волјата на родителот не може да биде посилна од правото на децата да бидат здрави. А при тоа не може една индивидуална постапка да го загрозува колективното здравје“, рече Филипче.

Македонија | пред 6 години

zamir-mehmeti

Замир Мехмети: Онаа која повикуваше на ликвидација, сега ги чита рекламите на Гога

Замир Мехмети, активист на Шарената револуција на својот Фејсбук профил објави статус во кој вели дека гласот во рекламите на Гордана Силјановска е на Валентина Божиновска.„Го слушате ли оној драматичен женски глас кој ги чита рекламите на Гога и повикува на правда.Епа истата таа пред две години од пред дик повикуваше на „Ноќ на долгите ножеви”!#ВалентинаБожиновска“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still090-1

Легендарниот полицаец од Охрид, Стевче Стевоски почна нова битка во долгата војна со МАФИЈАТА

Стевоски Стевче - познатиот охридски полицаец кој 30 години се бори со системот денес ја зпаочна кампањата на претстојните Локални избори, каде е кандидат на „Деморкати“.Стевоски рече дека за него ова е уште една битка во долгата војна со Мафијата -за која рече дека е мајката хранителка на сестрите близначки СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.Од самиот старт на кампањата станува јасно дека Стевче Стевоски е кандидат кој очигледно ја зборува вистината и само вистината, па затоа ви препорачуваме да го прегледате видеото од неговата изјава или да го прочитате  интегралниот текст од обраќањето на Стеовски пред медиумите:Почнуваме уште една изборна кампања, во која како и цел мој живот ќе продолжам да ја зборувам вистината и да се борам за правдата.Целиот мој живот го поминав борејќи се за правда во институцијата каде работев и иако не успеав многу не се откажав во борбата со мафијата инсталирана во институциите и продолжив да ги штитам беспомошните луѓе и работниците врз кои институциите спроведуваа закони, и да се конфронтирам со моќниците кои со децении наназад и ден денес се недопирливи за законите.Цел Охрид знае кој е Стевче Стевоски. Ме знаат сиромашните, ме знаат и мафијашите. Ме знаат Египќаните, Албанците, Турците, Македонците. Сите знаат дека никогаш неправедно не сум казнил никој, а дека не сум се плашел да ги казнам моите претпоставени, за што и ден денес, центрите на моќ ме влечкаат по судови.Почнуваме денес повторно, нова битка во долгата војна на правдата против неправдата.Денес јавноста знае кој се ВМРО ДПМНЕ и СДСМ ! Знае дека тоа се две сестри близначки кои ги родила една мајка Мафија, а таткото име Јуда.Против кандидатите од овие две партии лично немам ништо. Тие двајцата се доктори, но за жал прифатија да се марионети на нивните партии и нивната мајка Мафија.Народот овој пат знае дека тие ВМРО ДПМНЕ и СДСМ никогаш нема да тргнат против нивната мајка Мафија и затоа повторно :ГИ ПОВИКУВАМ, ОБЕСПРАВЕНИТЕ, УГНЕТЕНИТЕ, ОД ИЗВРШИТЕЛИ ЗГАЗЕНИТЕ, ОД ЛИХВАРИ УНИШТЕНИТЕ, ЗА БЕДНИ ПЛАТИ ВРАБОТЕНИТЕ, И НЕВРАБОТЕНИТЕ овој пат да гласаат за мене СТЕВЧЕ СТЕВОСКИ , за конечно да влезиме во финалната битка против МАФИЈАТА - таа сокриена мајка хранителка на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.Да живее ОхридДа живее МакедонијаДа живее чесниот граѓанин на Охрид

Македонија | пред 6 години

Zekoli

Арсим Зеколи: После Јуни – само оставки

Политичкиот аналитичар Арсим Зеколи се огласи на својот Твитер профил, каде побара во јуни да се даде јасна, прецизно именувана и конкретна препорака за почеток на преговори.„Доколку во Јуни не се даде јасна, недвосмислена, прецизно именувана и конкретна препорака за почеток на преговори, сите муабети за “ќе почнеме во Јануари” се само манипулација за залажување. После Јуни препораките ќе бидат ставени ад-акта за години ред. После Јуни – само оставки“.

Македонија | пред 6 години

vakcini-novi

Девојче од Штип доби оштета од 300.000 евра поради погрешно примена вакцина

Основниот cyд во Штип донесе прecyдa за oбecштетување на семејство од Пробиштип поради погpешно лекување на нивната ќерка која примила вакцина додека била под cилна антибиoтска терапија, објави Инфомакс.Терапијата траела вкупно осум месеци во 2010 и 2011 и во тој период без да биде прегледано девојчето примило вакцина за МРП и ДТП. Во 2013 година на Детска клиника на девојчето му било дијагностициранo аyтизам.Судијката Мери Гичева, делумно го прифатила тyжбеното баpање на тyжитeлите, и ја задoлжила здравствената установа „Наде Михајлова“ од Пробиштип да исплати оштета од 19 милиони денари, од кои 10 милиони за намалена животна активност, 3 милиони за физичка болкa и 6 милиони за душeвно стpaдање и бoл. Амбулантата исто така ќе треба да ги надомеcти и cyдските тpошоци во износ од 1,3 милиони денари.Во обpaзложението на пpecyдата стои дека тyжитeлката во периодот од август 2010 до март 2011 била под скоро постојана антибиотcка тeрапија, односно примала различен aнтибиотик секој месец. Кога ја примила вакцината ДТП, на 4 април 2011, била на тeрапија со Панцеф поради aкутна долноpeспирaторнa инфeкција. Вaкцината ја примила без да се изврши преглед и увид во медицинската историја за утврди дали имало контpaиндикaција за нејзино примање. По вaкцината девојчето продолжило со aнтибиотска тeрапија уште еден месец, а примило и неколку дoзи Урбазон поради згoлемена телесна температура.Во април и мај родителите забележале необични промени во однесувањето на детето. По повеќе од две години пpeгледи и теcтирања, на 21 ноември 2013 ЈЗУ Клиника за детски болecти во Скопје дијагностициpа детски аyтизам „како последица на неcоодветното и пpедолго лeкување со aнтибиотска тeрапија која довела до намaлен имyнолошки систем и спроведувањe имунизација спpoтивно на пpавилникот за имyнизација, а посебно на појавата на аyтизам влијаело давањето на коpтикотерапија преку примање инeкции Урбазон“.Од Министерството за здравство, како втоpoтyжена страна во cyдската постапка поведена од родителите на В.П. од Пробиштип, потврдија дека ја примиле прecyдата со која делумно се усвојyва нивното тyжбено.Во образложението е наведено дека предмет на вeштaчењето не е дали вакцината предизвикyва аyтизам или не, туку здравствената состојба на детето пред и по примањето на вакцината.Преcyдата не е конечна бидејќи во тек е поcтапката по жaлба.ЗД Пробиштип, повикувајќи се на стyдија објавена во Журналот на Американската медицинска асоцијација во која се образложени резултати од истражување над 95 000 деца и со која се потврдува дека нема корелација помеѓу вакцините и аyтизмот, ја oбжали пpecудата.

Македонија | пред 6 години

Screenshot_12

Таткото на прободениот Филип: Молам за лeкови за син ми

АПЕЛ!!! Молам некој да ми пoмoгне како да ги oбeзбeдaм вaкцините за MNEUMOKOK i MENINGOKOK. Вaкцинитe се потребни да ги прими мојот син Филип Филиповски, кој беше пpoбoдeн со нoж минатата недела, пренесува порталот Досие.Овој aпeл го напиша на социјалните мрежи Гоце Филиповски таткото на пpoбoдeнoтo момче во дискотека кој по инцидeнтoт ocтана бeз бyбpeг и cлeзинa. Момчето се oпopaвyвa но резултати од иcтpaгaтa се уште нeмa. Семејството cвeочеше дека нaпaдpт без повoд и пpичина го извpшилe синови на висок функционер во МВР пopaнешен градоначалник. Таткото peaгира дека институциите се уште мoлчaт за кpвавиот инцидeнт.Oбвинитeлcтвo, МВР, институции надлежни за рacчистување на oбидoт за yбиcтвo на мојот син Филип Филиповски ги прибравте ли дoказите, изјавите дадени од cвeдoци и се што е потребно за да почне да се рacчистува случајот или помина и медиумскиот пpитиcoк и сега функцијата на таткото ќе си го направи своето…13 дена поминаа никaква информација , мoлk од ваша страна. He почувствувавте нешто за да не информирате како семејство , нe ги познавам законите ама убеден сум дека човечки беше да не информира некој до каде е случајот.

Македонија | пред 6 години

nesreka-avionska

Комитетот за истраги со детали за авионската несреќа во која загинаа 4 лица

Денеска владиниот Комитет за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, одржаа прес-конференција за авионската несреќа во која трагично го загубија животот четири државјани на соседна Република Бугарија во вторникот (2-ри април), во атарот на Солунска Глава.На оваа прес-конференција се обрати претседател истражителот на Комитетот Зоран Илиевски кој презентираше досегашни факти од истрагата по трагичната несреќа, за која објасни дека по завршениот увид во истрагата се утврди дека авионот е паднат во особено тешки услови, особено и поради снегот кој е присутен на повисоките места на планинскиот врв Солунска Глава. Истрагата е сѐ уште во тек, за утврдување на сите детали за несреќата.Со цел да се заврши успешно истрагата на 4.4.2019 е донесена одлука за формирање на Комисија за истражување на конкретната воздухопловна несреќа која ќе биде составена од членовите на Комитетот и надворешни експерти во доменот на воздухопловство, од домашните институции и компании или доколку е потребно ќе бидат вклучени и агенции или центри за истраги од соседството или други држави.Првите резултати ќе бидат објавени најрано за 30 дена а откако ќе се утврдат причините за несреќата ќе се состави и препорака за превенција како да не се повтори истата грешка. Дали временските услови се причина за падот на авионот во кој загина 4 членото семејство од Бугарија, претседателот на комитетот не потврди но вели дека според комуникацијата е познато дека пилотот пријавил турбуленција. И тој ги отфрли информациите дека од скопскиот аеродром не му била дадена дозвола за слетување на пилотот поради посетата на грчкиот премиер.– Веќе дадовме барање до центарот за воздухопловна навигација за преслушување на авио снимката. Во делот над прилепско побарал да слета во Скопје а потоа веднаш го повлекол барањето и кажал дека продолжува кон Софија. ... “ Пилотите сами одлучуваат дали ќе летаат или не . претходно во службата за навигација го најавува и прави план и бара информации од метео службата и сите други информации. Пилотот сам си го прави патот за летање но го доставува тој план . ..Од август минатата година воспоставена е соработка со Центарот за истраги на авионски несреќи во соседна Република Бугарија, а наскоро ќе се потпише и меморандум за соработка со владиниот Комитет за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти на двете држави.Со цел спречување на ширење на шпекулации во јавноста, денеска на оваа прес-конференција Комитет за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти ги презентираше своите две основни дејности од кои прва и основна дејност е истрагата на воздухопловни несреќи и на сериозни инциденти со цел да се утврди причината на несреќата, втора основна дејност е превенцијата кога после изведените заклучоци се прават препораки од кои произлегуваат идните превенции на ваквиот тип на грешки.Ваков тип на авион може да лета и на 6- 7 000 метри надморска височина. Во овој случај тој летал на 2200.

Македонија | пред 6 години

zname

Пожарникарите го тргнале знамето зошто било заплеткано, а им требаа три дена го отплеткаат

„Попладнево знамето ќе биде вратено на јарболот“, велат за Скопје 1 од општина Охрид. Портпаролот Томе Џамтовски додава дека знамето го тргнале вработените од противпожарната служба за да го отплетктаат и дека попладнево знамето ќе биде вратено на старото место.Државното знаме од високиот јаброл во центарот на Охрид го снема пред три дена, а граѓаните се прашуваа зошто овој државен симбол повеќе го нема во центарот на Охрид.Сеуште нејасно зошто го нема државното знаме од центарот на Струга?

Македонија | пред 6 години

zname

(ФОТО) Каде е државното знаме од градскиот плоштад во Охрид?

Неколку дена на градскиот плоштад во Охрид не се вее државното знаме. Охриѓани прашуваа каде е знамето кое од 2009 година се виори на градскиот плоштад. Истото беше поставено како дел од проектот за поставување на вакви обележја ширум државата.Контактиравме со пресс службата во општина Охрид, од каде ни кажаа дека информација за тоа каде е државното знеме ќе добиеме во текот на денов.Но, не само во Охрид, го нема и државното знаме и во Струга. 

Македонија | пред 6 години

Google-Chrome

ФОТО: Страшна сообраќајка на автопатот Гостивар-Тетово, возилото е здробено

Страшна сообраќајна несреќа се случи пред еден час на автопатот Гостивар-Тетово. Според објавените фотографии на „Ѕид на сообраќајниот срам“, предниот дел на возилото е целосно искршен, а делови од истото се распрскани на сите страни.Не е познато како дошло до оваа несреќа, но и кои се причините.Се очекува МВР во текот на денот да даде детални информации

Македонија | пред 6 години

2019-04-0

Се намалуваат цените во роаминг - Потпишан регионалниот Договор

Ресорните министри задолжени за дигитализација од земјите од Западен Балкан денеска на Дигиталниот Самит во Белград, Р. Србија го потпишаа регионалниот Договор за намалување на цените во роаминг. На овој начин Заклучоците од Дигиталниот Самит во Скопје континуирано се реализираат.Потписниците на Договорот се согласни дека е неопходно дополнително да се намалат цените за роаминг услугите за целосно покривање на сите крајни корисници во регионот на Западен Балкан.Тоа значи дека максималните малопродажни надоместоци за роаминг услугите во регионот на Западен Балкан ќе бидат доведени до нивото на цени во согласност со правилото „како дома“, односно соодветно на правилата за „роаминг како дома“, кои се применуваат во Европската унија, не подоцна од 1 јули 2021 година. Државите се обврзаа да ги преземат сите потребни подготвителни чекори.Со Договорот се предвидува да се воведе преоден режим за роаминг услугите почнувајќи од 1 јули 2019 година.За Република Северна Македонија Договорот го потпиша министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still090

ВИДЕО: Мукоски и Арнаудов со непознати лица “пребаруваа” низ гепек од џип

Пратениците Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов по подолго време конечно се појавија во охридсктие кафани и ресторани.Тие утрово беа на кафе во еден познат охридски хотел придружувани од непознати лица кои зборуваа со скопски дијалект.По кафето Мукоски и Арнаудов стоеја покрај еден џип и со нивните „гости“ нешто разгледуваа и префрлаа во гепекот.АКТУЕЛНА Е НОВА КОАЛИЦИЈАДенповиве во јавноста се лиферуваа информации дека осумте пратеници исклучени од ВМРО ДПМНЕ преговараат за влез во владиното мнозинство. Дали ова пиење кафе е поврзано со активностите околу тоа ќе видиме наскоро.

Македонија | пред 6 години

20171117095751

Заев: Мојот брат е душа напатена

Во гостувањето во емисијата „Печат на неделата“ на 1ТВ, премерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање дали знаел дека неговиот брат Вице Заев го тужи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски само затоа што кажал дека Вице Заев има 30 фирми и е економски фактор во државата, посочи дека тој не се гледа многу често со неговиот брат Вице Заев, бидејќи како што рече премиерот Заев бил почесто во Скопје и дека не знаел дека ќе го тужи Николоски.-Немав поима еве да ви кажам искрено ви зборам. Внатре има обвинувања за криминал, обвинувања за местенки, има обвинувања за влијание врз одредени работи. Чесно зборам секој пат. Има душа повредена и ми објаснува извини бе човек терај си ти по својот пат, терај си во својата политика, немав право во фондот да конкурирам, кога бев во опозиција немав право ништо, сега немам право да работам, извинете ќе тужам, вели Заев.

Македонија | пред 6 години

zaev-cipras-vecera-skopje

(ВИДЕО) Заев и Ципрас со сопругите вечераа во Камник

Премиерот Зоран Заев и сопругата Зорица, заедно со грчкиот колега Алексис Ципрас и неговата партнерка Бети Базиана, за време на престојот во Скопје по завршувањето на набиената дневна агенда, заминале на вечера во винаријата Камник, објавија грчките медиуми.Според нивните пишувања, Ципрас и Базиана останале во државава до полноќ односно се вратиле во Грција околу еден час по полноќ.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања