Образложението на Заев за химната: Скративме официјалности
Премиерот Зоран Заев вчера беше дел од Конвенцијата на Стево Пендаровски, кандидатот за претседател на Македонија, а потоа беше гостин во „Печат на неделата” на 1Тв.Во однос на посетата на грчкиот премиер, Заев истакна дека химната не била интонирана поради доцнењето на авионот на Ципрас.– „Доцнеше авионот на Ципрас. Прво скративме официјалности. Скративме и двајца министри од наша и нивна страна, со цел квалитативност на самиот настан. Имаше многу важни работи на средбата и меѓувладината седница“, изјави Заев.Но, потоа на прашањето дали причина било тоа што наводно на униформите на оркестарот пишувало Република Македонија, Заев рече: „Можеби тоа било причина, и ако е тоа прична ќе го средиме. Треба да пишува Република Северна Македонија“. На ова следеше и прашањето дека тој оркестар има надлежни, Заев со одговор „има и министер за одбрана“.
Македонија | пред 6 години