ГЛАВНИ-ВЕСТИ

vlada-tabla

Влада: Договорот од Преспа не ја менува химната

Националната химна останува иста, не била тема на дискусија и околу истата нема никаков спор. Химната ќе остане и текстуално и инструментално истата, с евели во соопштението од Владата.Вчера, за време на посетата на грчката делегација пред Владата на Република Северна Македонија не беа интонирани химните поради технички и организациски причини кои произлегоа од стеснетата временска рамка на активностите.Поради доцнењето при слетувањето на авионот беа изоставени сите протоколарни свечени активности при дочекот, вклучително гарда, цвеќиња, воени почести, интонирање на химната и слично. Овие активности беа изоставени со цел да се запази дневната работна агенда напремиерите Заев и Ципрас, односно за да успеат во текот на денот да ги постигнат сите планирани работни активности.Преспанскиот договор на ниту еден начин не рефлектира врз химната, таа во ниту еден момент не била, не е и нема да биде спорна.Како потврда, во периодот по потпишувањето на Преспанскиот договор нашата химна беше интонирана во повеќе прилики во присуство на официјални претставници од грчка страна. Само пред неколку денови на свечениот прием во организација на Амбасадата на Грција, по повод националниот ден на Република Грција, химната на Република Северна Македонија беше интонирана пред официјални грчки претставници.Исто така може да се напомене и интонирањето на нашата национална химна за време на кревање на знамето на НАТО пред зградата на Владата, повторно во присуство на претставници на цел дипломатски кор.Химната беше интонирана за време на спортски натпревар за квалификација на Европско ракометно првенство кој се одржа на 28 октомври 2018 година, кога се натпреваруваа нашата земја и Грција во категорија сениори мажи.Дополнително на 16 јуни во главниот град на Северна Македонија ќе биде градот-домаќин на последниот квалификациски натпревар за Европско првенство 2020 во ракомет во кој нашата репрезентација ќе ја пречека Грција и кога повторно ќе бидат интонирани химните на двете земји.

Македонија | пред 6 години

nesrekja-avion

(ВИДЕО) Пилотска грешка или проблеми со моторот - Што ја предизвика авионската несреќа?

Главниот помошник за безбедност на летовите во Техничкиот универзитет во Бугарија, Марин Петров, за тамошните медиуми изјавил дека при воздухопловни инциденти, се разгледуваат сите причини кои би можеле да доведат до несреќа. Според него, ќе треба да се провери обуката која ја поминал пилотот, состојбата на авионот, временските услови.„За овој тип летало, кога има силни турбуленции и силно струење, е забрането да лета низ такви облаци. Тоа е крајно опасно, оти брзината на потоците е толку голема што може да доведе до паѓање на авионот и уништување во воздух“, објаснил Петров.Тој објасни дека Георги Бошнаков имал аматерска лиценца, за управува со мали авиони. Таа лиценца се стекнувала со курс од неколку месеци, кој вклучувал 140 часа тероија и 40 часа пракса.Петров беше дециден дека во воздухопловството, во овој случај, одговоноста е на пилотот.Димитар Ставрев пак, новинар кој истражува авионски несреќни, рече дека малиот авион со еден мотор бил во добра сосојтба и покрај неговата старост.„Дел од пилотите кои управуваат вакви летала, сметаат дека тоа е како да возиш џип, односно можеш да возиш во секое време и покрај сите пречки на еден таков лет“, рекол Ставрев за „Бугарија ОН АИР“.Според експертот за воздухопловство, Ангел Борисов, на местото на несреќата е многу тешко да се лета, оти има серија на високи врвови. Според него, теренот е многу опасен. Експеротот претпоставува дека и покрај лошите временски услови, пилотска грешка е причина за несреќата. Пилотот прво барал да слета во Скопје, а потоа заминал за Софија. Третата веројатност, според експертот, може да е неисправност на моторот на авионот.Експертот Ангел Борисов додава дека пилотот ја потценил ситуацијата. Тој коментираше дека имало итна ситуација, што го принудила да го спушти авионот.„За мене турбуленцијата не е нешто што треба да го присили пилотот да влезе под нивото на врвовите. Можно е да имало проблем со моторот. Можеби и проблем со управувањето на авионот“, додаде експертот за бугарската телевизија.Регистрацијата на авионот била германска, а пилотот имал бугарска лиценца.

Македонија | пред 6 години

56344508_317288455642262_4354047203971432448_n

ВИДЕО: Автомобил падна во водите на Охридско Езеро

Утрово возило со марка „Пежо“ заврши во Охридско Езеро.Според неофицијални информации, автомобилот бил управуван од охриѓанка, која се паркирала на кејот и заминала да пие кафе во локалните кафичи.[embed]https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/314724162553668/[/embed]По кратко време, автомобилот паднал во езерото. Непознато е дали станува збор за грешка на возачот или пак, некој намерно го турнал автомобилот.Полицијата изврши увид, а ќе ги прибавува и снимките од назорните камери, за се утврди причината.Возилото во моментов од Охридско Езеро го вадат возила на противпожарната бригата.

Македонија | пред 6 години

b0e64fd0d4bb388d91f7ae215ced368c_w790

Полицијата казни 71 возач за погрешно паркирање

Девет лица се полесно повредени во седум од вкупно 11 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во четири сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.Според податоците на СВР Скопје, издадени се казнени мерки за 18 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, еден возач кој возел под дејство на алкохол, 12 пред да се стекнат со правото на управување моторно возило и четири возачи почетници.Од сообраќај се исклучени и 12 нерегистрирани возила. Издадени се и казни за 71 возило за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 54 возила.Санкционирани се и четворица возачи кои поминале крстосница на црвено светло, четворица возачи кои  не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца за неправилно престројување, еден за неправилно престигнување,  двајца возачи на мотор, мопед и мотоцикл за некористење заштитен шлем, еден за неносење сигурносен појас и тројца за користење на мобилен телефон додека возеле.

Скопје | пред 6 години

1-20

(ФОТО) Мајката на Пино го објави разговорот со премиерот Заев

Мајката на Пино Секондо (26), Маја Трпковска речиси четири месеци очајно трага по своето дете и бара ажурност и одговори од МВР.Откако во декември минатата година Пино исчезна без трага, таа редовно апелира до надлежните служби да ја сфатат сериозно, а веќе неколку седмици наназад, секоја сабота излегува на мирен протест пред Собрание во Скопје, барајќи одговори.Мајката на Пино објави фотографии од разговорот со премиерот Зоран Заев.„Дете барам сфаќате или не?Јас со Господинот Заев на некој начин се разјаснивме. Повторувам немам никаква партиска членска книшка. Имам мои лични мислења и идеи. Овде не се работи за политика! Луѓе сфаќате дека дете барам или си играте мајтап со мене!!!“, стои во објавата.Во саботата на протестот на роднините и пријателите на иcчeзнатите Пинета Секондо Пино и Арбен Аслан пред Собранието на Република Македонија, мајката на Пино истакна дека контактирала со Зоран Заев на Вибер, но тој не и враќал на пораките, по што добила пријава од премиерот за вознемирување.

Македонија | пред 6 години

pasenje-660x330

УМС на ВМРО-ДПМНЕ со скандалозен спот за изборите

Унија на млади сили на ВМРО ДПМНЕ објави невкусен спот со кој сакаат на претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата , Стево Пендаровски, да му порачаат дека народот не е стока.Во видеото тие повикуваат: „ајде на гласање, заокружете број три и право на пасење“.„Народот не е стока, Стево. Овој честит народ ќе гласа за Гордана Силјановска – Давкова и Република Македонија“, се вели во видеото! https://www.facebook.com/UMSVMRODPMNE/videos/364407184159738/

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still089

(ВИДЕО) Стевоски бара истрага за долгот на Охрид

Стевче Стевоски бара истрага за сите кои учествувале во креирањето на милионскиот долг во ОхридЕден ден од како Советот на општина Охрид изгласа одлука со која го овозможи склучувањето спогодби со доверителтие за раздолжување на градот, кандидатот Стевоски Стевче побара полициска истрага за тоа како се креирал долгот низ минатите децении и дали во минатото, некој фингирал ситуации во кои каматите растеле и градот тонел во долгови за да се делат провизии од камати и фиктивни задолжувања.Стевоски партиите СДСМ и ВМРО ДПМНЕ ги нарече сестри близначки родени од мајка Мафија и татко Јуда.ВИДЕО:

Македонија | пред 6 години

cesna-avion

(ОБНОВЕНО) Пронајдени телата, познат идентитетот на загинатите од авионската несреќа кај Солунска глава

Пронајдени се телата на четворицата патници од авионот што попладнево се урна на Солунска Глава.Неофицијално станува збор : Бошнаков Ангелов Георги роден 1970 год, Бошнакова Георгиева Гергана, родена 2005 год., Бошнакова Георгиева Билјана, родена 2000 год. и Корнајева Цонева Калина родена 1972 година.Малиот авион попладнево исчезнал од радарот во пределот на Солунска Глава во 16:18 мин. Леталото полетало од Охридскиот аеродром и при тоа немало никакви проблеми при полетувањето.Неофицијално несреќата се случила поради лошите временски услови. Пилотот побарал да слета на Скопскиот аеродром, но се премислил и се упатил кон Софија. На 26 километри јужно од Скопје, некаде кај Солунска Глава им се изгубил сигналот.При последната комуникација пилотот кажал дека има Јака турбуленција.Несреќата ќе ја истражува Комитетот за истраги и несреќи и истражен судија.

Македонија | пред 6 години

avion-360x780

(ОБНОВЕНО) 4 лица Бугарски држајвани патувле со авионот кој полета од Охрид, а исчезна кај Солунска глава

Мал авион попладнево исчезнал од радарот во пределот на Солунска Глава во 16:18 мин. Леталото полетало од Охридскиот аеродром. Сите патници се бугарски државјани.Ова се првите официјални информации од Агенцијата за цивилно воздухопловство за исчезнатиот авион. Неофицијално  со авионот патувал познат олигарх со семејството.Неофицијално поради лошите временски услови пилотот побарал да слета на Скопскиот аеродром, но се премислил и се упатил кон Софија. На 26 километри јужно од Скопје, некаде кај Солунска Глава се губи сигналот.При последната комуникација пилотот кажал дека има Јака турбуленција.Во моментов се трага по исчезнатиот авион со два полициски хеликоптери.

Македонија | пред 6 години

najcevska

Најчевска: Гордана или е глупа, лаже или одлепила

Професорката Мирјана Најчевска преку својот Фејсбук профил реагираше на изјавата на Силјановска дека ќе го заштити уставното име и Македонија, и дека ќе стави клаузула да не се менува Уставот.„Што може да значи клаузула за непроменливост на Уставот?Може да значи дека Гордана мисли дека е Бог и дека еве сега го пишува новото Свето Писмо.Може да значи дека Гордана го изјавила ова затоа што нема појма што е Устав, што е демократија и што е владеење на правото и нема појма дека тие не познаваат такво нешто како непроменливост бидејки можноста за менување е суштински елемент на развојот.Може да значи дека добро знае што е Устав и демократија и владеење на правото и дека многу добро знае дека е надвор од паметот донесувањето ваква клаузула, меѓутоа мисли дека оние на кои им се обраќа се толку глупи што може да им продаде се.Може да значи дека е спремна да каже се само да се довлечка до позиција на власт.Значи, или одлепила или е глупа или лаже или мисли дека сите што ја слушаат и се спремни да гласаат за неа се глупи како точаци“, напиша Најчевска на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

unnamed-file

Заева ја шеташе партнерката на Ципрас на Кале

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, денеска е во официјална посета на земјава, заедно со неговата партнерка, Бети Базијана.Додека премиерите имаа средба во Владата и учествуваа на бизнис форумот во хотелот „Александар Палас“, Заева ѝ ја покажа на Базијана, скопската тврдина Кале. Слики од прошетката на својот Фејсбук профил објави премиерот Зоран Заев.„Топло добредојде и за драгата Бети. Убав ден за пријателства, за срдечна дружба со Зорица, интересни разговори и за разгледување на градот на солидарноста“, е напишано во рамките на објавата во која се ставени фотографиите.

Македонија | пред 6 години

avion-360x780

Мал авион кој полетал од Охрид, исчезна кај Солунска глава

Мал авион попладнево исчезнал од радарот во пределот на Солунска Глава. Леталото полетало од Охридскиот аеродром. Не е познато колку лица имало во авионот.Познати дека станува збор за Цесна тип со авионска регистрација D-EUIB.

пред 6 години

53245259_1681223482176943_4489936812415909888_n

НАЈНОВА ВЕСТ: Советот на Охрид изгласа историска одлука за раздолжување на градот

Советот на општина Охрид предмалку со 12 гласа „за“ ја изгласа одлуката со која на општината и се овозможува да потпишува спогодби за исплата на долговите со средствата за раздолжување на Охрид одобрени од Владата на Македонија.Седницата во текот на денов еднаш беше одложена бидејќи на неа не присуствувал советникот од ДУИ, а ВМРО ДПМНЕ најавило дека нема да гласа „за“ оваа точка, а на седницата гласаа воздржано.Од како било обезбедено мнозинство од 12 советници, оваа историска одлука на која се чекаше со децении беше изгласана.Наскоро се очекува на јавноста да и се обрати в.д. градоначалникот Константин Георгиески.Наскоро повеќе...

Македонија | пред 6 години

51982135_761934034192496_3837100924430450688_n-696x462-1

Два дена по несреќата кај Ласкарци, „Дурмо турс“ добил тендер за превоз на ученици

Превозникот „Дурмо турс“ добил тендер за превоз на ученици, само два дена по страшната сообраќајка кај Ласкарци, објави Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ). Договорот е склучен на 15 февруари, а вчера е објавен на интернет страната на Јавни набавки. Вкупната сума на тендерот со ДДВ е 27.600 евра.Тендерот бил објавен од средното училиште „Неготино“ од селото Неготино во Општина Врапчиште, а „Дурмо турс“ била одбрана во конкуренција со уште една фирма.Како што пишувало во договорот, „Дурмо турс“ од 15 февруари до 31 декември ќе ги превезува средношколците од шест села од дома до училиштето и обратно. Критериум за добивање на договорот била најниска цена.Според податоците на Јавни набавки, „Дурмо турс“ понудила цена од 700 денари, а конкурентската фирма 3.300 денари.

Македонија | пред 6 години

valon-bela

Директорот на гинекологија се пофали дека добил двојазични печати

Економскиот директор на Универзитетската клиника за гинекологија, Валон Беља, од денес има печат на албански јазик. Тој во својот профил на Фејсбук вели дека и Клиниката за гинекологија започна спроведување на двојазичноста.„Започна имплементацијата на двојазичноста како резултат на донесувањето на Законот за јазици.Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство сега веќе става печати и на албански јазик.Честистки. Честитки.# Продолжуваме_Работиме“, стои на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања