ГЛАВНИ-ВЕСТИ

soobrakajka-tetovo

Видео од сообраќајката во која загина 51 годишна кичевка

Утрово во 06.45 часот на автопатот Тетово-Гостивар кај наплатната рампа кај Тетово се случи страшна сообраќајна несреќа во која загина едно лице, 51-годишна жена од Кичевo. Двете возила се судриле на самата наплатна рампа, практично меѓу две кабини, што се гледа од видеото.неофицијално, најпрво едното возило влетало со огромна брзина и удира во бетонот, па другото се забило во него. Загинатата жена е од Кичево, а возела автомобил Мерцедес со охридски регистарски таблички. Другото возило во кое имало тројца патници е марка Фолксваген Туарег од Дебар, а го управувало 37-годишно лице. Патниците во туарегот се тешко повредени и префрлени во тетовската болница каде се задржани на лекување.https://www.facebook.com/YeniBalkanGazetesi/videos/1453206078155914/?v=1453206078155914 Видеото е објавено од Yeni Balkan Gazetesi

Македонија | пред 6 години

cipras-press-2

Ципрас: 30 години ни требаа за нормални односи, сега градиме нова историја

Средба Заев Ципрас. Еве што истакнаа по средбата:„Се обидуваме да изградиме нов наратив, една поинаква историја. Да премиенеме од историјата на конфлкти и војни кон нова. Да изградиме нов наратив на соработка и взаемно разбирање. Цврсто сум убеден дека овие напори потфати нема да се успеси само за Северна Македонија и Грција туку за Европа. Изгубивме многу време, мора да трчаме и да ги премостиме јазовите“, рече Ципрас. „Во изминатиот период стекнав нов пријател, другар, тоа е Алексис. Да создавуваме пријателство со Грција“, рече Заев.„Разговаравме за градењето на соработка во рамки на НАТО, но и на ниво на регионот. Северна Македонија може да одигра важна улога, оти е држава која ги поврзува Грција и Србија. Најважното прашање беше економијата и тоа не може да биде поинаку, оти мораме да забрзаме. И покрај тешкотиите, има многу грчки претприемачи кои работат и се активни во Северна Македонија. Воспоставивме координативен комитет кој ќе ги поддржува економските потфати. Ќе ги заштитуваме инвестициите и ќе избегнеме двојно оданочување. Во минатото немавме нормални односи во изминатите 30 години“, рече Ципрас.

Македонија | пред 6 години

zoran-drnovsek-1

(ВИДЕО) Светски ден за подигнување на свесноста за аутизам, иноваторот Дерновшек нуди помошно средство кое многу помага

Аутизмот е невроразвојно нарушување кое значајно влијае врз способноста на комуникација и социјална интеракција. Аутизмот е невроразвојно нарушување кое значајно влијае врз способноста на комуникација и социјална интеракција. Се карактеризира со ограничено и повторливо однесување. За разлика од минатото, кога проценките биле дека од аутизам страда 1 на 10.000 илјади деца, денес се смета дека 1 од 100 деца развиваат аутизам. Одредени анализи покажуваат дека во наредните години во светот ќе има повеќе деца со дијагноза на аутизам отколку со рак, дијабетес и сида заедно, што е повеќе од загрижувачки.Денешниот датум, 2-ри април, со резолуција на Обединетите нации од 2007-ма година се одбележува како Светски ден на аутизмот. Ширум светот се испраќаат пораки за поголема грижа од надлежните, повисока свест од општеството, подобри услови во градинките и училиштата за децата со аутизам.Раното откривање на аутизмот и навремениот третман се многу битни за понатамошниот тек на животот, бидејќи на детето му се помага да стекне одредени социјални вештини и самостојност.Во продолжение ви нудиме  линк од предавање од иноваторот Зоран Дерновшек на кое тој ги изложи резултатите од суплементот РЕНС кој според него помага кај различни состојби и како што самиот вели може да биде ефективен дел од комплементарниот медицински третман на аутизмот.Во неговите претходни предавања и интервјуа тој веќе ја изнесе неговата теорија за тоа како алгите можат да помогнат кај невродегенеративните болести и аутизмот кај некој деца како и кај детоксот на телото од тешките метали. 

Македонија | пред 6 години

56163459_675528066200085_5726224229238571008_n

(Возменирувачки фотографии) Вреќи со убиени кучиња, медицинска опрема расфрлани во напуштена касарна

Хорор во Кумановско - вреќи со убиени кучиња, медицинска опрема, по што е евидентно дека се убиени од медицинско лице (ветеринар); расфрлани во старата касарна (населба Карпош, меѓу жители на Куманово позната како Рајкова куќа). Наш активист е таму и полиција е веќе повикана и на лице место, преку соопштение информираат од ANIMA MUNDI.Грозоморно сведоштво и фотографии  на кои се гледаат мртви кучиња во вреќи, расфрлани во старата, веќе непостоечка касарна (населба Карпош), запустено, изолирано место каде речиси нема никаква фреквенција на население.Кучиња во вреќи и некои надвор од вреќите, собрани во еден куп; куче кое делува дека барем кусо време било живо и се извлекло од вреќата за потоа да умре. Кучиња со вкочанети вилици - кои укажуваат на насилна смрт; со канили во вените што укажува дека интервенирал ветеринар. Вреќи полни ѓубре, медицинска опрема и некакви си ќебиња, јоргани, кои не ги отвораме за да користат како материјален доказ за итна полициска истрага. Нема зборови кои се потребни да се дополни овој ужас толку монструозен и видлив за сите, сега преку овие фотографии.Од Анима Мунди прашуваат:ДАЛИ КУМАНОВО Е ЦРНА ДУПКА ЗА ЖИВОТНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА, ЦЕНТРАЛНО МЕСТО ЗА УБИВАЊЕ НА БЕЗДОМНИТЕ ЖИВОТНИ ВО ДРЖАВАВА? ДАЛИ ВЕТЕРИНАРИ КОИ СЕ АНГАЖИРАНИ ОД СТРАНА НА ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ да стерилизираат и ги обележуваат животните, ги убиваат бездомните кучиња? Во тоа уверуваат бројни активисти од Куманово но и други градови (Кочани, Берово, Пробиштип, Струмица, Делчево), градови во кои како извршител на програмата за хуман третман се води ветеринарната болница Тодор Велков. Граѓани на кои кучиња се заловуваат за потоа да им се губи секоја трага. ДАЛИ ОПШТИНСКИТЕ ВЛАСТИ ИМААТ ТАЈНИ, УСНИ ДОГОВОРИ ДА КУЧИЊАТА СЕ ЗАЛОВУВААТ, НО ПОТОА НИКОГАШ НЕ СЕ ВРАТАТ НАЗАД?Располагаме со бројни сведоштва, бројни пријави се доставени до АХВ но никогаш не е превземено конкретно ништо!ИНФОРМИРАМЕ дека ВО МОМЕНТОВ на лице место е наш активист и е повикана полиција како и инспектори на АХВ и БАРАМЕ итна и темелна истрага, најстрога ЗАТВОРСКА КАЗНА за сторителот/сторителите , како и ТРАЈНО ОДЗЕМАЊЕ НА ВЕТЕРИНАРНИТЕ ЛИЦЕНЦИ на ветеринарните лица, доколку се докаже вистина она што го добиваме како информација во континуитет, велат од Анима Мунди. 

Македонија | пред 6 години

DSC_5901

(ВИДЕО) Договор, преговор, средби - Ципрас во Скопје

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и членовите на Владата на РСМ, на платото пред владата, го пречекаа премиерот Алексис Ципрас и делегацијата на Владата на Грција, кои престојуваат во нашата земја во еднодневна официјална посета.Пречекот заврши со претставување на членовите на двете делегации, по што премиерите Заев и Ципрас се повлекоа на тет-а-тет средба, а министрите на двете влади ги започнаа одделните билатерални средби.Според програмата на официјалната посета на премиерот Ципрас и на владината делегација на Грција, билатерални средби одржаа ресорните министри за одбрана, Заменик претседателката во Владата на РСМ и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за одбрана во Владата на Грција Евангелос Апостолакис и Заменик претседателот во Владата на РСМ задолжен за европски прашања Бујар Османи со Атанасија Сија Анагнастопулу, алтернативен министер за надворешни работи на Грција.Заменик претседателот во Владата на РСМ, задолжен за економски ресори Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши се сретнаа со вицепремиерот и министер за економија и развој во Владата на Грција Јоанис Драгасакис, и со министерот за животна средина и енергетика Георгиос Статакис, а министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски оствари средба со својот колега од грчка страна, министерот за развој на земјоделството и за храна Ставрос Араховитис.Заедничка средба имаа и министрите за здравство Венко Филипче и Андреас Ксантос, како и министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска, кои остварија средба со заменик министерката за внатрешни работи и за Македонија и Тракија, Елефтерија Хацигеоргиу.Министерот за ранспорт и врски во Владата на РСМ Горан Сугарески оствари работна средба со неговиот колега, министер за инфраструктура и транспорт Кристос Спирцис, а министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерот без ресор, задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност Роберт Поповски имаа заедничка средба со министерот за дигитализација, телекомуникации и медиуми Николаос Папас.Одделна средба имаа и заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски заменик министерот за надворешни работи Маркос Боларис.Во продолжение на денешните активности, двете делегации ја одржуваат првата седница на Високиот Совет за соработка помеѓу Република Северена Македонија и Грција, со која ќе претседаваат Претседателот на Владата на РСМ Зоран Заев и Претседателот на Владата на Грција Алексис Ципрас.На оваа седница министрите од двете влади ќе реферираат за разговорите и заклучоците од нивните одделни меѓусебни средби, по што ќе следи церемонијата на свеченото потпишување на акцискиот план за интензивирање и зголемување на соработката меѓу Република Северна Македонија и Грција, согласно предвиденото во Спогодбата од Преспа, како и останатите договори и меморандуми за соработка и за реализација на конкретни проекти меѓу двете земји.Веднаш после седницата на Високиот Совет за соработка помеѓу Република Северна Македонија и Грција, двајцата премиери, Зоран Заев и Алексис Ципрас, ќе одржат заедничка прес конференција.Претседателите на владите на Република Северна Македонија и на Грција Заев и Ципрас, во текот на попладнето ќе ја поздрават работата на Бизнис форумот на кој за потенцијалите и за идната соработка меѓу двете земји ќе разговараат претставници на повеќе од 400 компании од Грција и Северна Македонија.Претседателот на Владата на Грција и владината делегација на оваа земја ќе заминат со специјален лет од Аеродром во Скопје во вечерните часови.  

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Поднесен Обвинителен акт за предметот „Пасоши“

По сеопфатна меѓународна истражна постапка, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот суд Скопје 1 – Скопје, поднесе Обвинителен акт против три лица, македонски државјани. На лицата им се става на товар дека сториле кривично дело „Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ од член 418-в став 1 и продолжено кривично дело- “Криумчарење на мигранти“ од член 418-б став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.Во период од месец јуни 2016 година до месец август 2018 година прво осомничениот, како организатор на криминалната група заедно со други македонски и странски државјани, обезбедувал фалсификувани документи на потенцијалните мигранти кои не можеле да добијат регуларни визи за САД и Канада. Тој од користољубие, правејќи им лажни патни исправи, илегално ги пренесувал мигрантите преку државната граница на Р.Северна Македонија и преку претходно договорена рута ги испраќал до Гватемала, Мексико, Костарика, за да можат од таму преку илегален премин – таканаречената зелена граница од Мексико да стасаат до земјите на крајната дестинација – САД и Канада.Во текот на првата половина на 2017 година, прво осомничениот заедно со другите двајца осомничени како дел од меѓународна криминална група составена од лица од Албанија, Шпанија и од други држави, од користољубие создале и организирале група за криумчарење мигранти. Во текот на 2017 година и првата половина на 2018 година, групата откако првично ќе остварела непосредна средба со потенцијалните мигранти – државјани на Р.Македонија и Р.Албанија, вршела нивно врбување, по што им организирала целосно патување од матичните земји, преку земјите членки на Европската Унија и Доминиканската Република, до земјите на крајна дестинација САД и Канада. Групата обезбедувала фалсификувани документи за потенцијалните мигранти, резервирала и купувала билети за автобуски и авио превоз, резервирала и плаќала времено сместување на мигрантите во хотели/мотели и хостели во земјите од рутата. За преземените дејствија, организаторите на криминалната група добивале парични исплати од мигрантите во износ од 20.000 до 25.000 долари по мигрант.Осомничените како организатори на криминалната група го планирале бројот на илегалните мигранти (обично од двајца до четворица) кои требало да бидат криумчарени, го договарале временскиот период и рутата по која ќе биде реализирано криумчарењето, како и локациите на кои во текот на криумчарењето мигрантите времено ќе престојуваат. Воедно, го договарале и начинот на обезбедување на гаранцијата и исплатата на договорениот паричен износ по пристигнување на мигрантите во земјите на крајна дестинација.Имајќи ги предвид видот, тежината и висината на запретената казна за кривичните дела за кои се товарат обвинетите, надлежниот обвинител со Обвинителниот акт поднесе и Посебен предлог за продолжување на мерката Притвор за обвинетите со цел непречено спроведување на кривичната постапка. 

пред 6 години

joga-goga-2

(ФОТО и ВИДЕО) Вежбаме јога со Гога

По вчерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, утрово нивниот кандидат Гордана Силјановска-Давкова вежбаше јога на кејот од Охридското Езеро. Вежбите ги правеше заедно со инструктор, но и со нејзините поддржувачи кои се одзваа на поканата која вчера беше објавена на социјалните мрежи. Оваа активност е дел од кампањата која кандидатката за претседател ја спроведува во Охрид. Силјановска-Давкова, пред почетокот активноста рече дека таа во одреден период вежбала јога цели четири години, но потоа прекинала. Таа додаде дека оваа активност ја опуштала и за неа е филозофија на живеење и тренинг за духот.Инаку вчера, Силјанова-Давкова порача на граѓаните дека иако се навредени и понижени, тие се храбри и не се предаваат. Во говорот се осврна на принципите на кои ќе работи, но вети и дека ќе ја исправи неправда што власта ѝ ја нанела на државата со промената на името. https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/314265489272947/?v=314265489272947

Македонија | пред 6 години

soobrakajka-tetovo

(ФОТО) Тешка сообраќајна несреќа загина жена

Утрово во 06.45 часот на автопатот Тетово-Гостивар кај наплатната рампа кај Тетово се случи страшна сообраќајна несреќа во која загина едно лице, 51-годишна жена од Кичево. Возилото на „мерцедес“, со охридски регистарски таблички, удрило во џип „фолксваген туарег“, управуван од 37 годишниот А.К. од Дебар.Како што дознава Алсат, во „туарегот“ имало тројца патници, коишто поминале со телесни повреди и се наоѓаат во болницата во Тетово.Полициски екипи и истражен судија веќе се на местото на настанот, а подетални информации се очекуваат во текот на денов. Телото на загинатата е предадено на обдукција.фото: Алсат

Македонија | пред 6 години

55916076_1080356955500969_1316896307926794240_n

„Совест“: Заев ви верувавме, но капката на толеранција е прелеана, ОХРИЃАНИ се крајно разочарани !!!

 Отворено писмо до премиерот Зоран Заев!ОД КОГА ЗАКОНИТЕ И ПРАВДАТА СТАНАА РАСТЕГЛИВА КАТЕГОРИЈА ЗА ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ и ...Еве   конечно   слушнавме,   јасен   кажан   збор   од   страна   на   Премиерот   Зоран   Заев,   дека АЛИПАШИНАТА ЏАМИЈА Е ДИВОГРАДБА.Изјавува... “знаеме дека има конзерваторско одобрение и знаеме исто така дека нема Дозвола за градба“...Нешто не  е јасно.. Ние обичните граѓани знаеме дека каде што има дивоградба согласно закон има казна рушење и кривична казна ..ништо друго...затоа не си градиме кој каде сака и кога сака, туку чекаме со години да добиеме Дозвола за градба. Никој во институциите не ни верува на збор дека ќе добиеме само да почнеме со работа...ние обичните граѓани попознати само како гласачи на избори, сме знаеле дека или има или нема Дозвола за градба.Изјавува...“Охриѓани бидете спокојни сопрена е работата на нелегалното минаре“...па Почитуван Премиер   ние   од   таа   спокојност,   а   институциите   од    незаинтересираниот   и   во   дел   од   нив коруптивно   однесување,   во   Охрид   осамна   нелегално   минаре   од   32   метри,   за   кое   вие   не убедувавте дека и не се гради, а имавте можност при прошетката во Охрид и сами да го видите со свои очи.Изјавувате дека верувате на збор на ИВЗ и изведувачот дека ќе престанат со градење па и дека имате свои цивилни контроли од ваш кабинет кои ви кажуваат дали некои работници си тропкаат во дворот на џамијата и си тераат минарето до небесата. Не верувате или немате институции кои согласно закон треба да ви кажуваат и во најмала рака, да го  забранат тропкањето среде центар и тоа на нелегална дивоградба...нешто не е јасно...па Господине Премиер и ние верувавме дека ќе престанат бидејќи сакаме да  веруваме дека  живееме  во правна држава  и дека  институциите работат за она што се платени од народот.. но она што не знаевме е дека овде се верувало на зборот на поглаварот и изведувачот и тој бил пред и над се...нешто не е јасно...нејсе ќе видиме..Но,   она   што   го   гледаме   секојдневно   ние   Охриѓани,   е   непрестанување   со   работење,   носење материјали   во   рани   утрински   или   доцни   вечерни   часови,     кои   во   се   отстапуваат   од конзерваторскиот   проект,   уништена   ранохристијанската   базилика   со   тешка   механизација, материјал   за   градба   кој   не   се   совпаѓа   со   оној   препишан   за   конзерваторски   работи,   во внатрешноста  нацртани  слики  кои   не  содејствуваат  со  периодот  кога   е  изградена,  туку   се  со видлив арапски предзнак и сето тоа поткрепено со Извештаи од извршен Конзерваторски наод од Управа за Заштита на културното наследство. Искрено, ние обичните граѓани веруваме дека во правна држава, во држава која помина тежок пост транзициски и режимски период и која се стреми за  влез во ЕУ и НАТО, каде зборот кажан и нема некое значење (знаејќи колку пати истиот е   погазен   од   тие   што   најмалку   треба   да   го   прават   тоа),   туку   затоа   постојат   законите   и спроведувањето на правдата, кои се основните столбови на едно демократско општество.Изјавувате бил сензитивен период...Прашуваме кога не бил за овој напатен народ...дали некогаш престанал и за кого е сензитивен... за вас??.за власта ??.. за успешни избори??..за опозицијата која гледаме дека нема став ама баш за ништо ??..или се работи за припадниците на муслиманската заедница кои треба да гласаат за Вас преку вашиот коалициски партнер..Викате треба да се земат во предвид чувствата.. е сега чии чувства ќе ги земете во предвид...извинете но тука нешто не е јасно.Викате да не се расипе соживотот кој со години опстојувал... Прашање кој го посакува тоа??.. Ние сигурно   НЕ...Дали   ние   кои   реагиравме   и   реагираме   да   престане   уништувањето   на   културно историскиот споменик Алипашина џамија и повикувавме за нејзина заштита со зачувување на нејзината автентичност или  некој кој со  кревањето на дивоградби околу  Али пашина Џамија, тремови, чајни кујни, простории за муфтиството над ранохристијанска базилика и   градење 32 метарско минаре покрај лукративни имал и верски интереси за внесување раздор, во дел од градот каде во непосредна околина живее  исклучиво христијанско население и каде на само 50 метри има друга џамија каде верниците од муслиманска вероисповед веќе си ги практикуваат секојдневно своите верски обичаи. Значи останува прашањето кој има потреба од иритирање и провокација на населението како и видливо покажување надмоќ со нелегалната градба, со што сакале да признаеме или не се нарушува мирниот соживот и се нарушуваат нечии чувства, па оставаме на вас да процените чии.Господине Премиер, најпрво како граѓани, жители на Охрид кој си го сакаат градот со срце и душа, потоа како Здружение на граѓани “СОВЕСТ” Ви укажуваме дека сме сведоци на Уништувањето на Охрид. Дивеењето на локалните моќници кои узурпираат и градат бесправни објекти во старото заштитено   градско   јадро   континуирано   продолжува,   палењето   и   уништување   на   трската   во крајбрежниот   заштитен   појас   со   кое   се   губи   природниот   резерват,   како   и   дивоградбата   Али пашина Џамија со 32 метарско минаре во заштитено градско јадро исто така придонесува да се изгуби Заштитата и бришење на градот од листата заштитени градови од страна на УНЕСКО.Затоа, со целосна почит,  Ве замолуваме за доброто на Охрид и граѓаните кои и даваат доверба на вашата чесност. Одлучете...Ќе промовирате и спроведувате правда и закони за сите или повторно граѓаните ќе треба да се вратат на добро познатата парола која сруши режим – “нема правда нема мир” и во која своевремено и Вие се колневте. Викавте никогаш да не се повтори. Ви верувавме затоа што како и Вие и ние години бевме сведоци на таа правда-неправда од бившата режимска власт.   И   НЕ.   Верувајте   не   сакаме   тоа   да   се   повтори.   Капката   на   толеранција   е   прелеана...ОХРИЃАНИ се крајно разочарани !!!Сашо МихајлоскиЧлен на Здружение за зачувување на културни вредности  “СОВЕСТ” Охрид 

Македонија | пред 6 години

kalista-4

Инспекцискиот надзор не утврдил неправилности на Струшкото крајбрежје

Државните инспекторати за животна средина, за градежништво и урбанизам и за земјоделство во соработка со овластениот градежен инспектор на Општина Струга извршиле надзор на конкретни парцели на Струшкото крајбрежје, при што констатирале дека нема изграден објект и не се одвиваат подготвителни, нити други градежни активности од поединци или групи, соопшти денеска Инспекцискиот совет.Инспекциски совет на Влада на Северна Македонија:Врз основа на налогот за координиран инспекциски надзор, сите горе споменати институции доствија поединечни известувања од извршениот инспекциски надзор каде констатираа дека во моментот на надзорот, на конкретните парцели нема изведен објект и не се одвиваат подготвителни, ниту други градежни активности од поединци или групи“.Урбанистичкиот инспектор, како што е наведено, од увидот во достапните урбанистички планови, утврдил дека актуелниот Генерален урбанистички план за Општина Струга не ги опфаќа предметните парцели.– Во однос на уништувањето и палењето на трска, известени сме дека околу парцелите што беа предмет на надзор се забележува појава на запалена трска и друга вегетација, поради што од страна на државен инспектор за заштита на природата и Државниот инспектор за животна средина поднесена е кривична пријава против непознат сторител до ОЈО во Струга, информира Советот.Инспекцискиот совет, според информацијата, на 28 март издал повторен налог за вонреден координиран инспекциски надзор на истите инспекциски служби при што е побарано соработка од Агенцијата за катастар.Во повторениот налог, проширен е и територијалниот опфат на инспекцискиот надзор, од детското одморалиште „Мајски цвет“ до селото Калишта. 

Македонија | пред 6 години

cipras

(ВИДЕО) Ципрас пристигна во Скопје

Грчкиот премиер Алексис Ципрас со владина делегација и бизнисмени пристина на скопскиот аеродром. Ова е прва официјална посета на Македонија.Денеска тој ќе има разговори со премиерот Зоран Заев. Официјалниот дочек ќе биде пред платото на Владата со сите државни и воени почести. По средбата, се очекува двајцата премиери да дадат изјави на прес-конференција.Грчкиот премиер ќе има средба и со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Македонија | пред 6 години

zura-1

Почина познатиот историчар на уметноста и археолог охриѓанецот Гоце Жура

Синоќа во Охрид почина Гоце Ангеличин Жура (роден во Охрид, 1951 год.),  историчар на уметност. Основно и средно образование завршил во родниот град, а Философски факултет - група Историја на уметност и археологија, прва генерација, во Скопје. Прво вработување му е во Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј во Охрид во 1980 год., каде што непрекинато работеше како историчар на уметноста - музејски советник. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои и Повелбата Патрон на градот "Св. Климент Охридски" за 2007 година.Охриѓани но и целата јавноста Жура ќе го паметат како  човек посветен на професијата. Гоце беше хроничар на град Охрид. Својата библиотека ја збогати со  15 сопствени  книги, вредни дела посветени на бројните цркви и храмови , пештерските цркви, фрескоживописите, културното наследство, патеписите за Охрид и др.....Една филозофска мисла водилка на Гоце Жура беше:„Се' жртвувајте за животот и се' очекувајте од животот и животот ќе ви даде се' кој ќе го освои животот го освоил најбогатиот град од сите светови и во тој град ќе најде поголемо богатство од она штo окото може да го види, срцето да го посака и сонот да го сонува”. Жура често велеше дека енергијата ја црпи од Свети Климент. „Живеам во близина на Плаошник, нема ден да не одам на камењата на Плошник да вдишам од Светиклиментовиот дух, тоа ми дава идеја,,,, тоа е мојата инспирација, па затоа и секојдневно творам. Газам на камењата стари од Свети Климент и ја чуствувам енергијата на нашиот светител .Жура во рамките на своите заводски задолженија како раководител на ресорот за “Фрескоживопис и иконопис од X до XIX век во Охрид и охридскиот регион“, вршел перманентен увид во состојбата на спомениците на културата.Тој беше основоположник и втемелувач на теренските истражувања на пештерските цркви и монашки живеалишта во охридско-преспанскиот регион. Прв истражувач е на црквите од турскиот период во поширокиот регион на Преспа и Москополе – Р.Албанија, што резултира со откривање нови ликови на Светите Климент и Наум кои пополнуваат една голема празнина за овој период. Истражувањата исто така разултираат и со огромна фото документација, драгоцена за идните генерации и науката во целост.Гоце Ангеличин Жура ја применил својата стручна информираност во многу јавни настапи низ аудио-визуелните медиуми и печатот, како и со соработка на дигитални проекти, со што придонел за значително поголем интерес на пошироката јавност за вредностите на средновековната уметност. Свои стручно-научни трудови има презентирано на бројни научни собири во Македонија и во странство.Посметрните останки на Жура ќе бидат изложени во капелата на градските гробишта во Охрид на 03 април од 12:00 до 13:00 часот.Има објавено шеесетина труда во периодиката меѓу кои се и книгите :Страници од историјата на уметноста во Охрид и охридско (XV –XIX век),Охрид 1997;Пештерните цркви на брегот на Охридското Езеро,Охрид 2000;Пештерните цркви во охридско-преспанскиот регион (Р.Македонија,Р.Албанија, Р.Грција),Охрид 2005;Охридски митрополитски кодекс /коавтор/,Охрид 2005;Христијански храмови и свети места во охридско,Охрид 2007;Поглавари на Охридската црква, Охрид 2008;Црквата Света Богородица,с.Велестово,Охрид 2008.Поважни стручни прилози[уреди | уреди извор]Прилог кон проучување на охрискиот иконопис од XVII и XVIII век, Ликовна уметност, Друштво на Историчари на уметност на Македонија, 10-11(1983- 84), Скопје 1985;Некои согледувања за црковните споменици од XIX до XX век во охридскиот крај,исто..12-13,Скопје 1987;Црквата “Св.Ѓорѓи” во с.Врбјани-охридско, Лихнид, бр.6, Охрид 1988;Приказ на охридски икони од поствизантискиот период, Културно наследство, XII – XIII, Скопје 1988;Документи за црковните енории во Охрид од крајот на XVII век, Гласник на ИНИ,год.XXXVI, бр.1-2, Скопје 1992;Богородичината црква во с. Турје, охридско, Зборник Н.С., бр.1, Музеј на Македонија, Скопје 1993;Уште едно необјавено иконописно дело на зографот Димитар, Светиклиментово слово, Црковен Алманах, Охрид, 1994;Новооткриена пештерна црква на брегот од Охридското Езеро, Списание за изобразително искуство / ИЗКУСТВО АРТ/, Софија, бр. 18, 1994;Новооткриени средновековни портрети на св. Наум Охридски и охридскиот архиепископ Прохор, Културен живот, бр.1-2,Скопје 1995;Ѕвоно со ликот на ‘ Св. Наум’ македонија, Илустрирано списание на Матица на иселениците од Македонија, бр.5О4,IV, Скопје 1995;Краток опис на иконата’ Пресвета богородица со Христос’, Пелагонитиса, / Списание за православна вера,култура, образование и уметност/година прва, бр.1, Битола 1996;Црквата “ Св. Богородица пречиста – Келија” с. Велмеј – охридско, Културно наследство, 19-2о-21/1992-93-94/, Скопје 1996;Иконата на “ Свети Јован Претеча” од црк. Св. Ѓорѓи во Охрид, Пелагонитиса….бр.3-4,Битола, 1997;Ликот на “ Свети Климент Охридски” во пештерската црква “ Рождество Богородичино” во манастирскиот комплекс Калишта, ICOM, Меѓународен совет на музеите, MUSEOLOGICA,56,Скопје 2001;Топографија на христијанските сакрални објекти во Охридскиот регион, Пелагонитиса...год.VIII, бр.13-15, Битола 2003;Претстави на локални светители во Москополските цркви Св. Никола и Св,Атанасиј, Симпозиум 1ОО години од прокламирањето на имеријалниот акт ИРАДЕ, Битола, 2005;Пештерските цркви во Охридско-преспанскиот регион, Зборник Радова,4,Ниш,2006;Непознати ликови на Свети Климент во средновековните цркви, Прва научна средба, Св. Климент Охридски, живот-дејност,НУБ, Скопје 2007;Нов археолошки налаз у Охриду, дали је откривен катедрални храм Самуилове Патријаршије? Зборник Матице Српске за ликовне уметности, Нови Сад 2008Црквата Светите 40 маченици во Охрид, Диана, оделење за превентивну заштиту – Народни музеј у Београду, број 12, 2008Два прилога за познавање на поствизантиската уметност во охридско-преспанскиот регион, Културно наследство, 34, Скопје 2008Мистиката на пештерните храмови во охридско-преспанскиот регион, Македонски фолклор, година XXXIV, број 65, Скопје 2008Ликови на светители во москополски цркви (Р.Албанија), ПАТРИМОНИУМ.МК. Списание за културно наследство, година 2, број 3-4, 5-6, Скопје 2009 

Македонија | пред 6 години

siljanovska-davkova

Утрово Гога со охриѓани ќе вежба јога

Претседателскиот кандидат на опозицијата Гордана Силјановска денеска кани на јога, а настанот на нејзиниот фејсбук-профил е насловен како „На јога со Гога“.„Сите јогисти од Струга, Охрид и околината Ве поканувам на едночасовна јога дружба на зелената површина покрај Куба Либре плажата во вторник од 10:30“, се вели во поканата за настанот.

Македонија | пред 6 години

55916076_1080356955500969_1316896307926794240_n

(ФОТО) Минарето во Охрид и понатаму се гради, никој не го слуша Заев

Здружението „Совест“ утрово објави фотографија од минарето кое се гради во центарот на Охрид.Oд фотографијата не се гледа јасно дали минарето и понатаму се гради, оти истото е заградено со зелена ограда, но се гледа дека излегува прашина која веројатно е последица на градежни работи. Здружението ги прашува премиерот Зоран Заев и градоначалникот Константин Георгиески каде е спокојот кој го ветиле, оти тие пред една недела изјавија дека градбата е стопирана и ова прашање ќе се актуелизира по изборите. Заев вети дека минарето нема да се гради, но очигледно неговиот збор никој не го слуша, па така, веројатно до крајот на изборите минарето ќе биде завршено со градба, по што ќе настане поголема спрега меѓу ИВЗ, власта и „Совест“.ИВЗ на средба со новинарите, и покрај зборовите на Заев рече дека нема компромис за минарето и дека тоа ќе се изгради.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Цело Скопје под блокада поради доаѓањето на Ципрас

Поради посетата на земјата од страна на премиерот на Грција, Алексис Ципрас, МВР информира дека во периодот од 9.30 до 20 часот ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот на сообраќајниците во поширокото централно подрачје на град Скопје.Министерството за внатрешни работи апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат насоките што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања