ГЛАВНИ-ВЕСТИ

Нема фотографија

16 сообраќајки во Скопје, 12 повредени лица

Дванаесет лица се здобиле со лесни телесни повреди во девет од вкупно 16 сообраќајни незгоди, а во седум е причинета материјална штета во изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје.Според податоците на СВР Скопје,  полицијата санкционирала 39 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената и 20 возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило.Од сообраќај се исклучени пет возачи почетници, едно неисправно возило и 16 нерегистрирани возила.За непрописно паркирање се издадени 125 мерки, а со специјалното возило „пајак” подигнати се 84 возила.Казнети се и 12 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, девет возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 10 за неправилно престројување, 14 за некористење заштитен шлем од страна на возачите на вел со мотор, мопед и мотоцикл, седум за неносење сигурносен појас од страна на возачите за време на управување на моторно возило и 21 возач за користење мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Феномен од жена: Му понуди на Пендаровски да и биде татко

На трибината која СДСМ ја одржа во Прилеп, една од присутните вели две и пол минути го фалеше премиерот Зоран Заев и кандидатот Стево Пендаровски. Жената зборуваше за тоа колку е воодушевена од двајцата, колку е почестена што стои покрај нив, изразуваше задоволство и зборуваше во име на присутните. Таа во еден момент побара Пендаровски да биде нејзиниот татко, оти тој зборувал со срце и со душа.Не сме сосема сигурни на што се должат овие изливи на емоции на отворена сцена – дали на некаква посебна атмосфера што се создава на овие сеанси, дали на тоа што луѓето досега немале шанса да ја изразат својата огромна љубов кон политичките лидери, или можеби на внимателната организација на настаните.https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/788177001566070/

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still080

(ВИДЕО) Станува ли Мицкоски нај обожуван лидер на ВМРО ДПМНЕ ? !

Вмровците освен Мицкоски не гледаат ништо друго !Еуфорија, туркање да се поздрават или барем да го допрат, бакнежи, конфликти со обезбедувањето !Ова се случуваше на плоштадот во Охрид во моментот кога на него пристигна Христијан Мицкоски , а членовите на ВМРО ДПМНЕ ги зафати еуфорија и почнаа да се туркаат кон него. Силно обезбедување околу Мицкоски кој беше центар на внимание и реакции од присутните, кои пак освен Мицкоски речиси и да не реагираа на другите говорници или присутни политичар ии функционери од партијата вечерва во Охрид.Ова го отвора прашањето кое треба да се анализира : Дали Кристијан Мицкоски е нај обожуваниот лидер на ВМРО ДПМНЕ до сега ? !Оние кои со години ги следат митинзите на ВМРО ДПМНЕ , која секои избори ги започнува од Охрид, коментираат дека ваква еуфорија по партиски лидер не е видена на ни еден митинг, во ни една партија, од времето на Љубчо Георгиевски и Бранко Црвенкоски до денес.ВИДЕО:

Македонија | пред 6 години

miting-VMRO-3

Силјановска Давкова: Нивната филозифија е кажувам, заборавам, негирам, а нашата кажувам, помнам, почитувам

ВМРО ДПМНЕ изборните митинзи традиционално ги започна од Охрид. Партискиот врв, но и симпатизери и членови на ВМРО ПМНЕ го преплавија плоштадот во Охрид.Додека се обраќаше кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова, граѓаните викаа Избори .. Избори...„Ние сме во моментов разочарани, понижени, навредени, но длабоко мотивирани и мирни затоа што веруваме Македонија. Тие се вознемирени, затоа што во химната ја нема Северна.  Нивната Северна, Прличев вака би ја опишал:Пискотници се слушаат од Галичник до Река, што тешка несреќа ги збра и мажите и жените, што гласи тажна ека та навева сал коб и зла“, истакна Силановска Давкова.Кандидатот за престедател од ВМРО ДПМНЕ во своето обраќање уште рече:„Ветуваа, реформи, независно судство, борба со корупцијата, но со што сме соочени, со хибриден режим - наместо парламент, имаме едногасно комунистичко собрание - наместо правосудтво, кривосудрв, реваншизам и селективна правда.Замислите во една од најсиромашните земји која има дури 26 министри ништо не сторија сем Преспанскиот договор и Промената на името.  Јас не сум против договори, но во договорите има две страни кои треба да се рамноправни, за жал едната е хеленската република другата е безимена. Нашиот устав вели дека меѓународните преговори ги скучува претседателот во име на државата. Заборавија дека министерот не е овластен да потпишува вакви договори во име на народот. Ние сме за право, правда и морал, рече Силановска Давкова.Таа го цитираше и великанот Бернард Шо кој велел:„Може да сменете облека, идеологија, ама татковна никогаш не можете да смените“.„Што треба да правиме, треба да победеме, треба да отвориме пат за предвремени избори за ново парламентарно мнозинство. Не велам дека ако ме изберите дека веднаш ќе го сменам името, тое  е невозможно, но сигурна сум дека ова име нема иднина. Уставот е процес не е состојба, ќе дојде одговорен претседател претседател од народот, со народот и за народот, ќе дојде одговорен парламент, кој ќе ја почитува опозиција. Ќе дојде нов устав кој ќе го брани уставот со знаење и морал. Тогаш ние со уставна промена ќе го заштитиме името со клаузула за непроменливост.Нивната филозифија е кажувам, заборавам, негирам...Нашата е кажувам, помнам, почитувам...Зошто и на почетокот се вели дека речта , зборот,.. а претседател неможе да биде некој кој нема збор, и не си го почитувам зборот, тој не си ја почитува вашата доверба.Јас ветувам дека ќе бидам претседател по свое и ќе го почитувам уставот. Ќе водам економска, културна, научна спортска диполматија. За таква дипломатија требаа квалификувани луѓе.Ќе го користам ветото секогаш кога се работи против уставот, истакна во дел од своето обраќање кандидатот за претседател од ВМРО ДПМНЕ од Охрид Гордана Силановска Давкова. 

Македонија | пред 6 години

internet-5g

До крајот на 2027 година, сите градови во државата да бидат покриени со непрекинат 5G сигнал интернет

На денешната седница, Владата на РСМ го усвои Националниот Оперативен Бродбенд План за пристап до побрзи и подобри интернет услуги согласно стандардите на ЕУ. Имајќи ги предвид овие ЕУ критериуми, како и идните најавени инвестиции на операторите во следните три години, националните бродбенд таргети за Република Северна Македонија утврдуваат дека до крајот на 2023 година, најмалку еден град да биде покриен со 5G сигнал, а до крајот на 2025 година, главните коридори согласно Договорот за основање на транспортна заедница на основната и сеопфатна патна мрежа во државата, ќе мора да бидат покриени со непрекинат 5G сигнал.Во Националниот Оперативен Бродбенд План е испланирано дека до крајот  на 2027 година, сите градови во државата да бидат покриени со непрекинат 5G сигнал и дека до крајот на 2029 година, секој граѓанин на нашата земја ќе има можност за пристап до интернет преку 5G со минимална брзина на пристап до интернет од најмалку 100 Mbps.До крајот на 2029 година најмалку 50% од вкупниот број на претплатнички договори на домаќинствата во цела држава, да бидат за пристап до интернет од најмалку 100 Mbps, сите домаќинства ќе имаат можност за пристап до мрежа која овозможува брзина за download од најмалку 100 Mbps со  можност за надградба на гигабитна брзина по прифатливи цени и дека сите јавни институции (училишта, универзитети, истражувачки центри и други образовни установи здравствени установи, министерства, судови, локални самоуправи и други државни органи и тела), ќе имаат симетричен пристап до интернет со брзина од најмалку 1Gbps.

Македонија | пред 6 години

dik

Владата одобри 100 милиони денари за првиот дел од кампањата на претседателските избори за ДИК

На денешната седница Владата донесе одлуката за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2019 година наменети за првиот дел од кампањата за претседателските избори на барање на Државната изборна комисија во висина од 100 милиони денари. 

Македонија | пред 6 години

granica-carina

Модернизацијата на граничните царински терминали

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за реализација на проектот „Надградба на објектите за царинење и инспекциски органи на граничниот премин Ќафасан“, и заклучи дека согласно предвиденото време за реализација, завршени се сите градежни работи, и дека проектот е реализиран во целост.Проектот „Надградба на објектите за царинење и инспекциски органи на граничниот премин Ќафасан“ се финансира од програмата ИПА и од Буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од 1,48 милион евра коишто се грант и над 300.000 евра од буџетот. Овој нов терминал ќе придонесе за зголемување на пропусната моќ на преминот за стоковни пратки, за намалување на времето потребно за вршење на гранични формалности, значително ќе ја подобри инфраструктурата за примена на современи средства за инспекција.

Македонија | пред 6 години

zaev-odgovornost

И Апелација го ослободи Заев за „поткуп“

Скопска Апелација ја потврди ослободителната пресуда за премиерот Зоран Заев во случајот „Поткуп“. По речиси една година откако Кривичниот суд не најде вина кај Заев за барање мито, повисокиот суд денеска на први април соопшти дека колегите од скопска единица, донеле исправна одлука.Апелационен суд Скопје:Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет во јавноста познат како „Поткуп“, по одржана не јавна седница, донесе пресуда со која жалбата на Обвинителството за организиран криминал и корупција ја одби како неоснована и ја потврди пресудата на Основниот суд Скопје 1“За потсетување Зоран Заев како градоначалник на Струмица беше обвинет дека од локален бизнисмен побарал 160 илјади евра мито за продажба на државно земјиште. На Јутјуб каналот мистериозно се појави и видео од разговорот во кабинетот на тогашниот градоначалник Зоран Заев. На 21 мај лани, Кривичен донесе ослободителна пресуда за Заев. Ваквата одлука до Апелација ја обжали обвинителството.По одлуката на апелација преку соопштение се огласи ВМРО ДПМНЕ. Тие велат:На денот на шегата, „Kацарска судството“ одлучи уште еднаш да се пошегува со правдата во Република Македонија и да го амнестира Зоран Заев за барање поткуп. „Кацарска судството“ го чекаше 1 април и почетокот на изборната кампања за да се пошегува со граѓаните убедувајќи ги дека тоа што го виделе на снимка, всушност не го виделе. „Кацарска судството“ ги потценува граѓаните со обидот да ги убеди дека Зоран Заев не е на снимката или дека барањето од „едно евро за црквата и едно евро за Вице-то“ не е криминално барање на поткуп.„Кацарска судството“ со денешната одлука на апелација правосилно да го ослободи Заев, ги претвора на „Мирчо свињарникот“ и менувачницата на Вице во официјални институции за наплата на рекет и решавање на проблемите на бизнисмените.„Кацарска судството“ не може толку да го амнестира Заев, колку што Заев е алчен и склон на криминал и корупција. Зоран Заев е единствен политичар во Европа три пати амнестиран за тежок криминал. Првиот пат за криминал тежок 8 милиони евра во случајот „Глобал“, вториот за „Пуч“ и третиот за 200 000 евра кои ги бараше како поткуп од струмички бизнисмен.Наближува денот кога правдата ќе се врати во Македонија и секој ќе одговара за сторениот криминал или замижувањето пред криминалот и коалицирањето со криминалците, стои во соопштение од ВМРО ДПМНЕ. 

пред 6 години

b9834986-resize-820x0x100

Украдено државното знаме од пред конзулатот на Монголија

На 31.03.2019 во 13.00 часот во СВР Скопје, конзулот на Република Монголија во РС Македонија пријавил дека во периодот од 15.00 часот на 30.03 до 12.00 часот на 31.03.2019 година до 12,00 часот непознат сторител го одзел знамето на РС Македонија, кое било поставено пред Конзулатот на Република Монголија на булевар „Јане Сандански“ во Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на настанот.

Македонија | пред 6 години

zena-vardar-udavi

Жена се удави во Вардар, кај комплекс банки

Женско бесживотно тело утрово е извлечено од водите на реката Вардар во близина на МАНУ во Скопје. Неофицијално, станува збор за повозрасна жена.Очевидци раскажуваат дека жената се симнала по скаличките, се наведнала над водата, но во еден момент се лизнала и паднала. Луѓето кои биле во близина, за жал не успеале да и помогнат и да ја спасат.На лице место била повикана полиција и екипи на Итната медицинска помош , но лекарите само констатирале смрт.Увидот е во тек, а се работи на утврдување на идентитетот на починатата жена.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Повторно поскапуваат горивата

Регулаторната комисија за енергетика ги објави цените на дериватите што ќе важат во следните две недели.Регулаторната комисија ги објави новите цени на горивата, кои почнуваат да важат од ноќеска на полноќ. Бензините поскапуваат за 2,5 односно 3 денари. ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 68,5 ден/лит, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 за 70,5 ден/лит, а литар дизелот ќе биде поскап за половина денар и ќе се продава по цена од 61 денар. 

Македонија | пред 6 години

berat-i-ohrid-4

Охрид и Берат и официјално ќе се братимат

Двата архитектонски бисери – македонскиот Охрид и албанскиот Берат, ги поврзува не само тоа што се заедно на светската листа на културни и амбиентални врености на УНЕСКО, туку и  заедничкото историско минато, влезено, мегу другото, и во легендата за охридската мома Биљана, која ги молела бератските винари “кротко да ги тераат карваните за да не и го газат даровното платно”.Со овие зборови, викендов во Охрид, им се обрати ВД градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, на учесниците втората „Езерска средба – Охрид 2019”, која, под покровителство на локалната самоуправа и негова – лично, се одржа во организација на Зружението на ветераните од одбраната и безбедноста на Република Северна Македонија, односано огранокот за општините Охрид и Дебрца.Од оваа година, Средбите ќе имаат два дела: Покрај во Охрид, ќе продолжат, на 18 мај, во Поградец и Корча, Република Албанија.Учествуваа високи претставници на здруженијата на ветерани од одбраната и безбедноста од нашата земја, Албанија и други соседни земји, како и градоначалниците од градовите кои гравитираат околу Охридското и Преспанското Езеро.Првиот човек на македонското Здружение, генерал Филип Котели, информираше дека се воспоставени први контакти за соработка и догодина ќе бидат канети и претставници на сродните асоцијации од Грција и Унгарија, како и од земјите на поранешната југословенска заедница.Централен настан, беше Свечената седница, на која говореа генерал Филип Котели, односно полковник Енвер Ајдари, во името на албанскиот Сојуз, како и претседателот на Општинската организација на  Здружението за Охриди и Дебрца, полковник Добре Вељаноски,Покровителот на манифестацијата, Константин Ѓорѓиевски, со задоволство ја прифатија иницијативата на претседателот на албанското здружение од Берат, Владимир Мема Охрид и Берат, вековната соработка, да ја крунисаат со потпишување на официјален акт за братимење, додека претставниците од Албанија тоа го поздравија со долг аплауз и извици – браво, браво...Охридска организација истовремено, прослави 11 годишната плодна активност, како една од најактивните и најмасовни општински организации, со членство од над 200 наши соработници, само од Охрид.- Нашата Општинска организација ја координира и насочува и работата на нашите колеги од општините Струга, Дебрца, Струга, Ресен, Дебар, Ростуше, Центар Жупа и Маврови Анови, а тесно соработуваме со колегите од Тетово, Битола, Ресен и Прилеп. Надвор од границите на нашата земја, тесно и врз основа на потпишани протоколи, соработуваме со сродните асоцијации од Албанија (Тирана, Пешкопеја, Елбасан, Поградец, Корча и Берат – градот со историски врски со Охрид), Бугарија (Софија, Ќустендил и Дупница), како и Србија - Панчево и Врање и други места – нагласи полковник Вељаноски.Во рамките на манифестацијата, беа одржани и заеднички спортски натпревари, во дисциплините шах, пикадо, табла, пинг-понг и стрелаштво.Домаќините, за своите гости организираат разгледување на културно-историските знаменитости во старото градско јадро, прошетка со брод по Охридското Езеро, како и  посета на Хидро биолошкиот институт, како манифестација на на заедничката грижа на Охридското и Преспанското Езеро.Во хотелот “Милениум Палас”, беше одржано импресивно заедничко другарување, веселба и свечен ручек. Гостите се веселеа, заедно со фолклорната група “Охриѓанка”додека посебно доживување беше настапот на малата Кетрин Коли, родена во Глазгов, Шкотска, а сега, со својата мајка – позната виолинистка со диплома од Кралскиот колеџ, Доминика Коли, живее во охридското село Климештани. На своето име и презиме, додала – Македонска.

Македонија | пред 6 години

ujp_smetki

Од денеска УЈП ќе почне да додставува претпополнети годишни даночни пријави

Управата за јавни приходи од денеска ќе почне да ги доставува претпополетите годишни даночни пријави на даночните обврзници за приходи остварени во 2018 година.Претпополнетите годишни даночни пријави ќе се доставуваат електронски на корисничките профили што претходно ги регистрираа даночните обврзници, додека на е-маил адресата корисикот ќе добие нотификација дека е испратена претпополнетата годишна даночна пријава, која ќе треба да ја потврди или коригира.Ова е прва година во која граѓаните добиваат претпополнета годишна даночна пријава.Годишните даночни пријави Управата за јавни приходи треба да ги достави најдоцна до 30 април, а граѓаните да ја коригираат или да ја потврдат имаат рок до 31 мај годинава. 

Македонија | пред 6 години

kodeks-kandidati

Гога, Стевче и Блерим два месеци ќе излегуваат и од фрижидер, па ќе не заборават

Од вечерва почнува „Балот на вештер(к)ите“, Стево, Гога и Блерим ќе се пуштат на најјакоОд вечерва по полноќ, кога и да пуштите телевизор, отворите социјални мрежи, излезете на улиците единствено што ќе има околу вас се фотографии од претседателските кандидати Стево Пендаровски, Гордана Силјановска-Давкова и Берим Река. „Балот на вештер(к)ите“ ќе трае до петти мај, односно, до крајот на вториот круг.Како што беше пракса и во претходните изборни циклуси, така и овој, ќе се изнаслушаме низа обвинувања, ќе видиме „ниски“ удари, а целиот изборен театар ќе треба да не убеди да гласаме за еден од овие тројца кандидати.Гога ќе си биде патриотка, името нема да го дава - иако е дадено.Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова ќе игра на „патриотската карта“. Таа два месеци ќе купува гласови убедувајќи ги сите дека ќе стори се за да го поништи договорот од Преспа, дека ќе го врати старото име на државата, а притоа, ќе тврди дека ќе се откаже од претседателските привилегии. Како реномиран професор по право и самата е свесна дека договорот од Преспа и Северна Македонија е нешто што не може да се промени. Но, таа е должна да ја следи праксата на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски. Од нејзината уста ќе излегуваат ветувања, за кои ни самата не е сигурна дали ќе може да ги реализира. Кампањата ќе ја спроведе Мицкоски подготвена во неговата кујна, иако Силјановска тврди дека тоа нема да е така. Силјановска ќе ги бара и гласовите на Албанците. Ова ќе биде мошне лицемерно, ако го земеме в предвид фактот дека таа е жесток критичар на двојазичноста, а за тоа од јавноста доби етикета дека е „албанофоб“. Друг аргумент е дека со изборот на Силјановска би се повторило сценариото со Иванов и дека не ни е потребно нов „волк во јагнешка кожа“.Стево знае само на државно, за живот со 12 илјади денари не слушнал.Стево Пендаровски е навикнат да биде плаќан од државата. Тој практично и не знае како е да се работи осум часа на ден, за ниска плата, со куп проблеми, за газда со комплекси, да биде понижуван и со 12 илјади денари да прехрани жена и деца. Пендаровски од 1998 година до 2019 е под државна капа. Можеби токму тоа е причината што практично овој кандидат не знае колку тешко се живее во Република Северна Македонија. Бидејќи таа проблематика не му е позната, кандидат од СДСМ, главен аргумент ќе му се ЕУ и НАТО. Секое ветување ќе се темели на ЕУ и НАТО, оти секојдневниот живот на граѓаните е непозната тема за него. Нема да ја остави ниту Силјановска на раат, ама за оваа цел тука е ПР кујната на СДСМ и Заев која ќе биде уклучена на „најјако“. Очекувано е Пендаровски да потсетува на лошите времиња од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, а Силјановска да ја споредува со претседателот во заминување, Ѓорге Иванов кој ќе биде запаметен по аболицијата дадена за функционери од неговата партија.Река, Етнички кандидат за „држава за сите"Река изразува државнички амбиции, иако истакнува дека ќе се ангажира против моделот на владеење кој е базиран на култот на личноста. Тој во досегашните медиумски настапи се изјасни дека „само со македонски кандидати, без ниту еден Албанец, оваа мултиетничкa држава ризикува да се претвори во моноетничко општество, а Албанците да станат само гласачи, но не и оние за кои ќе се гласа". Тој како добар познавач на правото, но и на меѓународните односи, со околу дваесет објавени научни дела, на избирачите им се нуди како Албанец, потврдувајќи ја својата политичка позиција на непреминување на етнократскиот рубикон, кој во нашата земја е присутен од 1990-те години од минатиот век, и политички е многу профитабилен. Река очекува да освои околу 120 до 150 илјади гласови. Нема двоумење дека во овој контингент гласови, професорот Река ги пресметал етничките гласови на Албанците во Северна Македонија! И да се реализира во целост според проекциите на Река, оваа цифра ниту одблизу не се приближува до можноста за пласирање во вториот претседателски круг.Во секој случај, овие три лица, но и нивните помошници, ќе ги гледаме насекаде. Ќе ни тропаат на врата, ќе ни ѕиркаат низ прозор, ќе ни се дерат на локалните плоштади за време на митинзите, едноставно нема да не остаат на раат. Тоа секако ќе трае два месеци. Откако ќе заврши кампањата, некој од нив ќе се всели во вилата на Водно, а потоа, ќе ни ни речат дека ние постоиме и дека тие не измислиле нас.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Домарот го запалил ѓубрето во дворот на музејот во Охрид ?!

Домарот го запалил ѓубрето за место кое мислел дека е безбедно да се пали оган во дворот на музејскиот комплекс.Домарот на црквата „Свети Димитрија“ која е лоцирана до црквата Света Бгородица Перивлепта запалил ѓубре кое го собирал околу црквите и галеријата на икони и од тоа се издигал чадот кој се гледа на фотографиите кои утрово беа објавени на интернет - информираат од Завод и Музеј на Град Охрид за „Скопје 1“.Од управата на институцијата задолжена да го штити културното наследство велат дека излегле на терен и провериле за што се работи и дека ќе превземат мерки вакви самоволни дејствија да не се повторат.Домарот во црквата не е вработен во „Завод и музеј“ и неговиот ангажман бил регулиран преку Македонската православна црква.ЌЕ ИСТРАЖИ ЛИ ПОЛИЦИЈАТА  ? !Колку закони прекршил домарот со палењето оган во двор на музејски комплекс и дали институциите ќе направат истрага за тоа какви последици можело да има ова однесување на лице кое самоволно проценило дека ѓубрето наместо да се транспортира, може да се запали во дворот на црквите и музејот ќе треба да видиме деновиве.Објектот е под видео надзор и лесно може надлежните институции да видат како се случило да гори оган во дворот на музејот каде се чува наше непроценливо културно налсество.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања