ГЛАВНИ-ВЕСТИ

Нема фотографија

Пронајден мртов мигрант од Бангледаш и 6 со тешки телесни повреди

На 31.03.2019 во 04.30 часот покрај магистралниот пат Удово-Демир Капија, во близина на Водисирска река, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ го пронашле починат С.И.(27), мигрант од Бангладеш и уште 14 мигранти од Пакистан и Бангладеш, од кои шест биле со тешки телесни повреди. По кажување на мигрантите, тие биле истоварени од возачот на возилото, со кое биле превезувани, кој им рекол дека мора да скокнат надолу затоа што на патот има полиција. Притоа се здобиле со повреди, а едно лице починало. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Валандово, и известен е јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција. Повредените се пренесени во болниците во Гевгелија и Кавадарци. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

kodeks-kandidati

Потпишаа кодекс за фер и демократски избори и си посакаа среќа

На еден ден пред официјалниот почеток на кампањата за шестите Претседателски избори, кандидатите за претседател на државата Блерим Река, Гордана Сиљановска Давкова и Стево Пендаровски денеска во просториите на Државната изборна комисија (ДИК) потпишаа Кодекс за фер и демократски избори.Блерим Река по потпишувањето на документот порача дека тројцата кандидати добро се познаваат и дека не очекува дека претседателската трка ќе биде трка за живот и смрт, туку ќе биде трка која можеби ќе отвори нова страница во изборната историја.Гордана Силјановска Давкова посочи дека претстојните претседателски избори се исто толку важни, а можеби и поважни од правото и правда заради што, додаде, строго ќе се држат до нив.Стево Пендаровски посочи дека е добро што потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори конечно стана пракса што никој не ја спори.Потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори е обврска на кандидатите според член 8-в според кој учесниците во изборниот процес недвосмислено се обврзуваат дека нема да вршат никаков притисок или обид за притисок врз вработените во јавната и државната администрација, во други институции или установи финансирани од Буџетот на Република Македонија, буџетите на општините и Градот Скопје, како и во трговски друштва и претпријатија со државен капитал. Исто така, се обврзаа дека ниедно вработено лице или граѓанин нема да биде предмет на било каква закана по однос на своето вработување и социјална сигурност како резултат на нивното поддржување или неподдржување на било која политичка партија или кандидат.Инаку, Стево Пендаровски ќе ја започне својата кампања со митинг во Прилеп, Гордана Силјановкса Давкова во Охрид, а Блерим Река првиот митинг ќе го одржи во Скопје.Според Изборниот законик, кампањата ќе трае до 19 април, на полноќ, кога ќе започне и изборниот молк.Кампањата за претседателските избори почнува од утре, 1 април и завршува на 19 април на полноќ. Првиот круг на гласање за претседателските избори ќе се одржи на 21 април, а вториот на 5 мај.Доколку не се постигне цензус од 40% во вториот круг, претседателот на Собранието треба веднаш да распише нови избори. 

Македонија | пред 6 години

jablanica-1

(ВИДЕО) Гори и планината Јабланица - теренот не е пристапен

Нов голем пожар на Јабланица. Пожарот е над селата Вевчани, Октири и Лабуништа.Неофицијално гори шумата кај локалитетот Вајтос - кој е археолошки локалитет од римско време на Јабланица. Од СВР велат дека теренот не е пристапен за проти пожарните екипи.   Инаку овој пожар сеуште не е регистриран во центарот за управување со кризи. Според нивните официјални подаци еве ги активните пожари до 13 часот во земјава:Скопски регионПожарот на м.в.Љуботенски Бачила, е активен, од ЕЛС Бутел е побарано ангажирање на авионите на ДЗС.Кумановски регионОд утринските часови вработени од ШС интервенираат на активни жаришта на опожарената нискостеблеста дабова шума од вчерашниот пожар во атарот на с.Живиње (опш.Куманово) – с.Сушица (опш.Петровец).Во интервенцијата учествуваат и ТППЕ Куманово.Струмички регионАктивен пожар има во атарите на селата Свидовица и Куклиш со кој опожарена е мешана шума, нискостеблеста даб и габер на површина од околу 5 хектари. Интервенираат вработени од ШС Беласица – Струмица и ТППЕ СтрумицаОхридски регионВо општина Македонски Брод активен е пожарот во атарот на с.Рамне каде гори ниска деградирана шума и смрека. Од утрово интервенираат вработени од ШС Сандански – Македонски Брод.Пожарите во атарите на селата Горно Ботушје и Црешово се ставени под контрола.Велешки регионНа територијата на општина Чашка има два активни пожари и тоа: Во атарот на с.Црешнево каде интервенираат ШС Бабуна – Велес и ЈКП Тополка – Чашка и во атарот на с.Мокрени каде интервенираат од ШС Бабуна.Штипски регионВо општина Кочани, пожарот кај с.Пресека (близу манастирот) сеуште е активен и опожарена е борова шума. Интервенираат од ШС Осогово - Кочани, од Шумска полиција и ТППЕ Кочани.Во општина Берово, пожарот кај с.Владимирово каде гори папрат и дабова шума е се уште активен. Интервенираат од ШС Малешево, месно население и од шумската полиција.Тетовски регионПожарот кај с.Седларево е локализиран. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ФОТО) Гори оган околу нај обезбедуваниот музејскиот комплекс во Охрид

Чадот доаѓа од просторот меѓу галеријата на икони кои се со непроценлива вредност и црквата која исто така е од непроценлива вредност и претставува еден од бисерите на наследството од ерата на Византија.ШТО ПРЕТСТАВУВА ОХРИДСКАТА ГАЛЕРИЈА НА ИКОНИ ? !Галеријата на икони во Охрид се наоѓа во музејскиот комплекс на црквата Света Богородица Перивлепта во Охрид. Колекцијата опфаќа повеќе икони, но околу 30-тина од нив се оценети како врвни уметнички дела, кои се создавани во еден подолг период од XI до XIX век. Охридските икони се со непроценлива вредност и поради тоа се изложувани на неколку големи светски изложби.Македонија очигледно е изложена на некаква диверзија бидејќи гори се што може да се оцени како природна вредност, а од утрово ево чади и од дворовите на непроценливото културно наследство.КАДЕ Е ПОЖАРНАТА, ПОЛИЦИЈАТА, ЗАВОД И МУЗЕЈ, ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО ?Галеријата на икони во Охрид е едно од нај обезбедените места во градот. Објектот е под 24 часовно физичко обезбедуванје, видео мониторинг, и е обезбеден со сите видови аларми, ко иреагираат и на чад. Како се случува тоа да гори оган во дворот и да чади низ Стар Град Охрид , а никој од надлежните институции да не реагира, па дури ни алармите да не се активираат ќе треба да се даде одговор дополнително, секако ако медиумите го отворат тоа прашање.Институциите во државата како да се неспособни ни да пронајдат барем еден пироман, неодговорен граѓанин или диверзант кој ги прави овие најблаго кажано луди работи.Фотографијата на Фејсбук ја објави Владо Жура, новинар во пензија кој на истата стави и духовит коментар.

Македонија | пред 6 години

izbori2_g111ynj56uj65u56uj56-88972

Денес Кодексот за фер и демократски избори, од утре почнува кампањата

Кандидатите за претседатели по денешното потпишување на Кодексот за фер и демократски избори, врз основа на член 8-в од Изборниот законик, во Државната изборна комисија, од утре официјално ја започнуваат изборната кампања.Стево Пендаровски ќе ја започне својата кампања со митинг во Прилеп, Гордана Силјановкса Давкова во Охрид, а Блерим Река првиот митинг ќе го одржи во Скопје.Според Изборниот законик, кампањата ќе трае до 19 април, на полноќ, кога ќе започне и изборниот молк.Кампањата за претседателските избори почнува од утре, 1 април и завршува на 19 април на полноќ. Првиот круг на гласање за претседателските избори ќе се одржи на 21 април, а вториот на 5 мај.Доколку не се постигне цензус од 40% во вториот круг, претседателот на Собранието треба веднаш да распише нови избори. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Откриени две лица кои со лажни фотографии од деца собирале парични средства по основ на донации

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против М.Ш. (53) и А.Ш. (49) поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело - “компјутерска измама“ по чл.251-б од КЗ на РСМ.Имено, пријавените со цел да се стекнат со противправна имотна корист формирале Фондација “Допир“ и креирале веб страна https://bidihumansega.mk/ која активно работела на собирање средства за помош на деца со посебни потреби и ретки болести.Од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, утврдено е дека регистрант на веб страната https://bidihumansega.mk/ е лицето М.Ш., кој и воедно е претседател на Фондацијата.Во рамки на спроведената истрага, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика изврши низа проверки, меѓу другото и околу тоа дали лицата, односно корисниците на веб страната за кои се собираат донации, евидираат во системот на Министерството за внатрешни работи и притоа констатирано е дека поголемиот дел од корисниците не постојат, односно креирани се измислени, лажни, фиктивни профили преку кои веб страницата собирала донации и парични средства.Притоа утврдено е и дека заклучно со 27.03.2019 година преку веб страната https://bidihumansega.mk/ собрани биле 3.531.199 денари.По направената анализа на банкарските сметки констатирано е дека од собраните парични средства, пријавените вршеле повлекување на парични средства за сопствени потреби. На 27-ми овој месец, а по претходно обезбедена судска Наредба за претрес, издадена од Основен суд Скопје I Скопје, извршен е претрес на деловни простории во стан во Скопје, при што беа пронајдени голем број на докази кои укажуваат дека лицата М.Ш. и А.Ш. свесно вршеле внесување на невистинити податоци и фотографии од деца кои биле предмет за собирање на парични средства по основ на донации и со тоа довеле во заблуда голем број на граѓани и правни лица кои донирале парични  средства. Со Наредба од Судија за претходна постапка од Основен Суд Скопје I – Скопје, паричните средства од фондацијата се замрзнати.

Македонија | пред 6 години

Capture

Состојба со пожарите на отворен простор до 08:00 ч. – сеуште активни неколку големи пожари во земјава

Скопски регионВо текот на вчерашниот ден, од утрото екипа на БППЗ на Град Скопје гаснале пожар на  м.в. Љуботенски бачила. Опожарена е нискостеблеста шума и трње. Поради силниот ветер пожарот се ширил кон место викано „Башинец“. Теренот е непристапен, затоа е побарано да дејствуваат авионите на ДЗС. Во гасење на пожарот интервенирале и вработени од Шумско Стопанство Караџица.Исто така, во попладневните часови, по дојавата за појавен шумски пожар  интервенирано е на запалена мешана шума и сува трева над с. Сушица. Во гаснењето се вклучени и неколку работници од Караџица. (Општина Петровец); Велешки регионВо општината Чашка, пожарот во атар на с.Црешнево е активен. Во гаснењето на пожарот интервенирале екипи на ТППЕ Велес и ШС Бабуна. Од ШС Бабуна најавија дека во раните утрински часови ќе се упатат екипи за гасење. Исто така, пожарот во атарот на с.Богомила и пожарот во атар на с.Мокрени се активни. Интервенирале вработени од ШС Бабуна. На теренот имало силен ветер кој го отежнувало гасењето. Од ШС Бабуна најавија дека во раните утрински часови ќе се упатат екипи за гасење. Тетовски регионПожарот кај с.Луковица, опш.Желино. е се уште активен. Во текот на вчерашниот ден интервенирале од ЈП Македонски Шуми Лешница, вработен од ДЗС Тетово и од ЕЛС Желино. Потпомогнат од силниот ветер пожарот се ширил кон село Седларево. Поради неможност да го стават под контрола, побарана е интервенција на авионите од ДЗС.Во општина Гостивар, во текот на вчерашниот ден во попладневните часови, пријавен е шумски пожар кај село Ѓурѓевиште. Интервенирала екипа на ТППЕ Гостивар и пожарот е локализиран. Охридски регионОд ТППЕ – Македонски Брод известуваат дека пожарот во атар на с.Рамне е активен. Гори ниска деградирана шума и смрека на многу непристапен терен. На гаснење на пожарот биле ангажирани вработени од ШС.Сандански, лица од опш.Македонски Брод, како и лица од месното население. Пожарот поради ветерот се ширил кон населеното место Рамне од кое е евакуирано едно лице кое живее во него.Пожарот во  атарот на село Ботушје е сеуште активен. Гори дабова шума. На гаснење на пожарот биле ангажирани  вработени од ШС Сандански.Во текот на вчерашниот ден во попладневните часови појавен е пожар на запалена сува трева во атарот на с.Црешово м.в. Старовци. Во гаснење на пожарот биле ангажирани лица од ШС Сандански. Штипски регионПожарот во м.в Цареви колиби с.Владимирово каде гори папрат и деградирана дабова и борова шума сеуште е активен. Во гаснење на пожарот биле ангажирани вработени од Шумското стопанство и месно население за да се спречи ширење на пожарот кон викенд куќички. Поради временските услови екипите биле повлечени од терен а останале само дежурна екипа за следење на пожарот.Во текот на вечерните часови, пријавен е пожар на сува трева во село Пресека Кочанско. Интервенирала екипа на ТППЕ Кочани и Македонски шуми, која констатирала дека пожарот на сува трева има можност да ја зафати боровата шума, но, поради временските услови се планира да се интервенира во утринските часови. Кумановски регионПожарот во атарот на с.Живиње према с.Сушево-скопско е сеуште активен. Гори нискостеблеста шума. На гасење на пожарот интервенирала екипи од ТППЕ-Куманово. 

Македонија | пред 6 години

zaev-za-kandidat

Заев: Го намалуваме ДДВ-то за гасот на 5%

Премиерот Заев преку својот Фејсбук профил ја информираше јавноста дека донесена е одлука, да се намали ДДВ-то за гасот од 18 на 5%, како дел од мерките за намалување на трошоците за енергија и намалени емисии на штетни гасови во воздухот.„Северна Македонија се гасифицира со брзо темпо. Гасификацијата е една од највредните капитални инвестиции од која очекуваме значајни придобивки за компаниите, за општините, како и за граѓаните, во насока на намалување на трошоците за енергија и намалени емисии на штетни гасови во воздухот.Од тие причини донесовме одлука да го намалиме ДДВ-то за гасот од 18 на 5%. Веќе ги анализираме можностите за субвенции или евтини кредити за приспособување на внатрешните инсталации и опрема за пристап и избор до поевтин еколошки енергенс“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

pozar

Владата се налути, засилени контроли и санкции за потпалувачите на стрништа

Владата најостро го осудува палењето на стрништа или оган на отворен простор кои предизвикуваат пожари, и воедно упатуваме апел дека институциите редовно ги следат сите локации низ земјава со цел да се превенираат предизвикани пожари.Потенцираме дека лица кои ќе се затекнат како палат оган на отворен простор и кои предизвикуваат пожари поради палење на стрништа, ќе подлежат на законски санкции.Воедно, од страна на Министерството за внатрешни работи во 2019 година, за предизвикани пожари поднесени се 8 кривични пријави за сторени 8 кривични дела „предизвикување на општа опасност“ против 8 сторители.Исто така, потенцираме дека државниот инспекторат за земјоделство и државниот инспекторат за шумарство и ловство вршат постојани контроли на терен со цел превенција од пожари предизвикани од палење на стрништа.Владата на Република Северна Македонија упатува апел до граѓаните да внимаваат при посети на отворени места или при работни активности во шумите и други локации кои се со обрасната или необрасната шума. Поради опасноста од пожари, посебно се предупредува да не се палат стрништа или оган на отворен простор на необезбедени места, меѓи и други површини, да не се фрлаат шишиња и друга стаклена амбалажа и отпад, да не се врши палење отпад и друг запалив материјал и да не се фрлаат остатоци од цигари на отворен простор.Поради појавата на шумски пожари се воведува забрана за движење во шума и шумско земјиште од 00:00 до 24:00 часот. Забраната започна да важи од 29.03.2019 година и ќе трае се до нејзино отповикување. Оваа забрана не важи за вработените во ЈП “Национални шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја од сите категории (Национални паркови, Парк шуми, шуми со специјална намена споменици на природата и сл).За непочитување на оваа забрана на физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 Законот за шумите ќе им се изрече глоба Забраната не важи за движење во парк шумата Водно, Гази Баба како и за организирани тури на туристи, Националните паркови и заштитените подрачја со посебна намена во Република Северна Македонија, кои ќе бидат одобрени со дозволи од соодветните субјекти кои стопанисуваат / управуваат со шумите, во придружба на преставник од истите.Истовремено, ги потсетуваме граѓаните, доколку забележат одредени сомнителни места во кои е присутен оган или дим, веднаш да ги известат надлежните служби во најблиските институции и установи или да се јават на телефонскиот број 195, како број за итни повици на Центарот за управување со кризи. Воедно ги охрабруваме сите граѓани да пријават лица кои потпалуваат стрништа и оган на отворено во најблиските полициски станици или на телефонскиот број 192.

Македонија | пред 6 години

55861025_282611255990688_4897395635323404288_n

Заев е новиот Тито, а Дарко Каевски е новата Јованка Броз

Споредувањето на премиерот Зоран Заев со поранешниот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито, од страна на претседателот на подмладокот на СДСМ и директор на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи.https://twitter.com/AMiloshoski/status/1111999874856189952https://twitter.com/Pravdonosecot/status/1111982886884990976https://twitter.com/Matrixx41653205/status/1111583928106864641https://twitter.com/KazamDa/status/1111674199830089728https://twitter.com/evrosimoski/status/1111664524745195520https://twitter.com/OtecDare/status/1111592936725233664https://twitter.com/Semir_k11/status/1111383244132409347https://twitter.com/thajoker_MK/status/1111552089753305088?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1111552089753305088&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Fdruzhe-zo-i-ubichice-bela-tebe-voli-omladina-cela-tviter-za-sporedbata-na-zaev-so-tito%2Fhttps://twitter.com/Karpush_4/status/1111682580473171969https://twitter.com/She_NoVirgin/status/1111554334293180416 

Македонија | пред 6 години

1-20

Мајката на Пино побарала помош од Заев, тој ја пријавил во полиција

Денеска пред Собранието на Македонија се одржа протест на роднините и пријателите на иcчeзнатите Пинета Секондо Пино и Арбен Аслан. Пино и Арбен се исчeзнaти веќе подолг период, а нивните роднини и пријатели протестираат поради како што велат неажурноста на МВР во пронаоѓањето на нивните најблиски. Таткото на Арбен и мајката на Пино пред камерата на Инфомакс истакнаа дека воопшто не се задоволни од начинот на кој полицијата работи на нивните случаи и во повеќе наврати изразија сомнеж дека можеби некој одвнатре работи нивните деца да не бидат пронајдени.На прашањето дали можеби имаат контакт со Зоран Заев и двајцата одговорија потврдно. Мајката на Пино, Маја Трпковска истакна дека контактирала, а набрзо откако тоа се случило била пријавена од страна на Зоран Заев во полиција за вознемирување. Очигледно Заев излaжa и дека дневно одговара на преку 4 илјади пораки со оглед на тоа што луѓето кои се обидуваат да побараат помош од него тој ги пријавува во полиција.-Контактирав, ме пријави, имам пријава од господинот Заев, затоа што му праќав пораки на Вибер и не одговараше на моите пораки на Вибер. И господинот Заев на човекот кој плаќа даноци му праќа пријави. Требаше да земам една копија да си ја урамам и ставам во дневна. Јас имам најубав документ, најубава пријава од господинот Заев, наместо да ми рече госпоѓо мајка сте ја сум родител, ако можам ќе ви помогнам, тој мене ме пријавува за вознемирување.Извор: Инфомакс.мк

Македонија | пред 6 години

trska-2

ВИДЕО: Нов пожар во Преспа

Попладнево нов пожар кај одморалиштето Крани во Преспа, за среќа брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица од Ресен бил брзо локализиран и спречен да се шири. И овој надлежните велат дека се работи за човечки фактор.Пламените јазици во националниот парк Галичица се намалени, заштитните појаси кои во текот на денешниот ден се правеа со цел заштита од проширување и заштита на туристичките населби беа од голема помош за локализирање на пожарот.ИЗВОР: ТВ21

Македонија | пред 6 години

56213692_407360490054617_5790590069425307648_n

(ФОТО) Карпошани со уникатна порака до крадците

Карпошани подолго време се жалат дека им ги крадат цвеќињата кои ги садат пред зграда.Бидејќи не можат да ги сопрат крадците на цвеќиња тие им оставиле порака.

Скопје | пред 6 години

vardar-po-sesti-pat

Вардар по шести пат во Топ-8 во Европа

Вардар победнички го заврши осминафиналниот дуел од ЕХФ Лигата на шампионите со ППД Загреб, откако и во реваншот во Скопје триумфираа „црвено-црните", овојпат со 32-30 (19-13). Сега играчите и стручниот штаб може да размислуваат за следниот предизвик, Ф4 турнирот во СЕХА Газпром лигата што ќе биде во вторник и среда во Брест, Белорусија.Ова е шеста сезона по ред Вардар да се пласира меѓу осумте најдобри во Европа, а истовремено и 66 победа во групната фаза од ЕХФ Лигата на шампионите. „Црвено-црните" се најуспешната машка екипа од Македонија во Лигата на шампионите. Сега грабиме кон следната цел, а тоа пласманот на Ф4 турнирот во Келн. Нашиот следен ривал треба да биде подобриот од дуелот ПИК Сегед и Висла Плоцк, и веројатно е дека ќе треба да патуваме на дуел во Унгарија.Во меѓусебните дуели на Вардар и ППД Загреб во ЕХФ Лигата на шампионите сега позитивниот биланс е на страна на нашиот тим. Во 12 натпревари сега Вардар има шест победи, и едно реми.Вардар покажа дека не постои прв и втор тим, прва и втора постава. Откако во 15 минута Парондо направи „хокеарски измени" и во игра ги внесе, Скубе, Горбок, Војводиќ, Кисељев, Борозан, Шишкарев ништо не се смени во играта. Вардар продолжи да доминира, а оние што беа на теренот „скокаа на глава" за секоја топка, се бореа лавовски без разлика што разликата беше 3-4 гола. На полувреме заминавме со „плус 6" за водство 19-13. Тие шест гола и претходно ги имавме во текот на првото полувреме.По долгата пауза и операцијата на преднит евкрстени лигаменти во тимот се врати и сергеј Горбок. При првите допири со топката дојде во ситуација да постигне гол, но беше спречен не прописно и изнуди пенал. Во последните секудни од првиот дел левиот бек постигна и одличен гол од десет метри носејќи голема радост на трибините.Парондо реши да го почне мечот со Калифа Гедбан. Имаше повеќе топки во рацете, но несреќно завршуваа зад неговиот грб. Имаше три интервенции и покажа дека од натпревар во натпревар неговата форма постојано се подобрува и прераснува во врвен голман.Да не беше опуштањето во второто полувреме ова ќе беше уште еден меч за „десетка" на вардарци. Имавме водство и од „плус7" за 22-15. Тоа беше знак дека речиси е се завршено. Но гостите нм ислеа така. Ги искористија нашите измени во сотавот, и неколкуте загубени топки и нереализирани напади. Предноста полека се топеше и во 57 минута ППД Загреб првпата израмни, 30-30. Потоа следеше гол на Скубе, и во последната минута и гол на Шишкарев.Целта беше остварена, втора победа против ППД Загреб сезонава во ЛШ, и отворање на вратата кон Келн.ВАРДАР – ППД ЗАГРЕБ 32-30 (19-13)ВАРДАР: Милосављев, Гедбан (8 одбрани), Стоилов 1, Кристопанс 1, Мораеш, Дисингер 1, Карачиќ 3, Скубе 2, Калараш 3, Чупиќ 9, Дибиров 3, Горбок 2, Шишкарев 2, Борозан 2, Војводиќ 1, Кисељев 2.ППД ЗАГРЕБ: Кастелиц, Ристановиќ, Ереш, Мраковчиќ 3, Божиќ Павлетиќ 2, Контрец 1, Буриќ 5, Сршен 3, Хорват 11, Поточник 2, Јотиќ, Равниќ, Мандиќ, Хрстиќ 1, Бичаниќ 2, Векиќ.извор: RK Vardar

Спорт | пред 6 години

siljanovska-pendarovski

Во вторник ТВ дуел меѓу Силјановска и Пендаровски

Александар Кирацовски, предводникот на изборниот штаб на владиниот кандидат за претседател на Македонија, Стево Пендаровски, синоќа во студиото на 1ТВ откри дека се договорени четири дуели со конкурентот од редовите на опозицијата Гордана Силјановска Давкова за време на кампањата пред да се одржат изборите на 21 април, односно на 7 мај.– Она што засега на некој начин е договорено, ако можам така да кажам, се четири телевизискји дуели и тоа на 2 април на телевизија Телма, на 12 април на Македонската радио телевизија, на 14 април на телевизија Сител и на 17 април на телевизија Алсат – рече Кирацовски.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања