ГЛАВНИ-ВЕСТИ

trska-3

Мицковски: Кажете му дека гори во Преспа, еј Преспа премиере, како Преспански договор, ти текнуе?!

Дивеењето на Мерко е последица на лошата и хазардерска политика на владата да им ги помири долговите на општините, пишува новинарот Ивор Мицковски на својот Фејсбук профил.„Еј, да се офира некој овака со коли и чалам и тоа во момент кога јавноста е веќе надркана за пожарите и горењето на трската.Просечната старост на противпожарните возила во Струга е 38 години, еееј, ауди од 70 илјади евра купува.Значи вие ни се смеете во фаца, ни ја трљате мизеријава од глава и ни се церекате.Заев беше ли во Охрид вчера, виде ли нешто, нотира ли овој лик нешто освен својата херојска аура, о премиер–нобеловец.Кажете му дека гори во Преспа, еј Преспа премиере, како Преспански договор, ти текнуе?!“, пишува Мицковски.

Македонија | пред 6 години

merko-215062

Мерко е уствари Мира Дизел од ДУИ

Бура од реакции и коментари на социјалните мрежи по вчерашното гостување на градоначалникот на Струга ,Рамиз Мерко на Телевизија 24 кој изјави дека е пишман што не купил подобар автомобил од луксузното „Ауди“ од 67.000 евра, и покрај тоа што Општина Струга е во долгови.https://twitter.com/principe984/status/1112044366309310465https://twitter.com/cmol1902/status/1111734504337653760https://twitter.com/najdenGermanec/status/1111911099773915136https://twitter.com/GTturbo16v/status/1111868627085611008https://twitter.com/Jovanovski_mk/status/1112007413912215554https://twitter.com/stav_gu/status/1111725843980652544https://twitter.com/sem_ujak/status/1111992499176960001https://twitter.com/jp_wanderer/status/1111961218162610176https://twitter.com/zsenkovski/status/1111937302782201856https://twitter.com/PlombaNaRana/status/1111927300340285440

Македонија | пред 6 години

mirjana-najcevska

Најчевска: Невозможно да градиш демократска држава каде живеат огромен број глупи луѓе

Професорката Мирјана Најчевска на својот Фејсбук профил напиша дека невозможно е да се гради демократска држава во услови на ваква концентрација на глупост.„Северна Македонија е една од најпримитивните држави кои сум ги видела во светот (а сум прошетала навистина доста). Во неа живеат огромен број глупи луѓе. Многу глупи луѓе. Луѓе кои испогануваат се што ќе допрат.Кои најпрекрасната природа ја претвораат во пустелија.Кои ќе испоцркаат затрупани во сопствениот измет.Кои немаат елементарно разбирање за тоа што е заедничко добро, што е тоа што го наследиле од дедо-прадедо, што е тоа што треба да им го остават на своите деца.Глупи и тупи.И навистина е невозможно да градиш демократска држава која се потпира на владеење на правото во услови на ваква концентрација на глупост.И немој да сум слушнала збор дека повторно го навредувам македонскиот народ.А тоа верниците нека се пикнат во некоја дупка да не ги гледам. Како бре може да бидете верници и да ја испоганите творбата на оној во кој верувате. Не сте вие верници туку крлежи.Како бре можете да го испофрлате сето ова ѓубре во нашата прекрасна рекичка? Како можевте толку да ја испоганите Бањанска река да не може да се стапне до неа?Купишта ѓубре не доаѓаат од еден човек. Доаѓаат од голем број многу глупи и примитивни луѓе“, напиша Најчевска на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

vlada

Владата за купување цвеќиња ќе плати 670.000 евра

Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија распиша тендер за хортикултурно одржување и уредување на објектите на државната управа со вредност од 41 милиони денари (околу 670.000 евра) Главен критериум за добивање на тендерот е најниската понудена ценаТендерот ќе се доделува по пат на електронска аукција.

Македонија | пред 6 години

vlatko-pozarna

Командир на противпожарна единица: Сите пожари најодговорно тврдам дека се подметнати

Владимир Кочовски, командир на противпожарната единица во Скопје, на својот Фејсбук профил напиша дека пожарите што деновиве се шират низ речиси целата држава се подметнати.„ПожариСите, буквално сите пожари на отворен простор, најодговорно тврдам дека се подметнати.За причините во некоја друга прилика.Исто како и пластичните контејнери кои, статистички гледано, горат во Карпош и Центар во 90 % од случаите.Реков дека во некоја друга прилика може да кажам дали пожарите имаат политичка заднина?Дали тоа го прават дрвокрадците, земјпделците кои ги палат стрништата па потоа тоа излага од контрола?Поентата е дека во моментов Бригадата работи со намален број на луѓе кои прават натчовечки напори за да ги угаснат пожарите.Скоро половина од возилата се секој ден на сервис.Се троши огромна количина на гориво.Возилата се уништуваат затоа што мора да се вози и по непристапни места.Затоа, што повеќе полиција на терен( не инспектори).Забрана за движење во шума.Казни за секое запалено стрниште.Ангажирање на чуварска служба, полиција, што и да е, на сите депонии.П.С. За тоа време, додека сите се на терен за да гасат подметнати пожари, треба да знате дека може да се случи пожар на објект на кои повик ќе нема доволно луѓе и возила за пожарот да биде угаснат“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

pozar-nov-ohrid

(ВИДЕО) Нов пожар на влезот од Охрид – според ЦУК во земјава активни 12 пожари

Пожар на влезот од Охрид. Пожарот е активен и во моментов противпожарната екипа прави се да го локализира и изгасни истиот.За потсетување пред само три дена  имаше  голем пожар на охридското крајбрежје кај „Андон Дуков во кој“ изгоре површина од над 10.000 метри квадратни. Пламените јазици уништија бараки, шупи, трска, голем број дрвја, обработливи површини.Од охридската Противпожарна служба неколку часа се бореа со огнената стихија, која беше тешко да се контролира поради ветрот.Но не само овие во земјава активни се неколку поголеми пожари. Гори во источните делови на земјава кај Саса и Македонска Каменица и во преспанско охридскиот регион  сеуште активни биле неколку пожари меѓу кои во парк шумата Галичица и резерватот за ретки птици Езерани. Во скопско има еден пожар кај Бутел информираат од дирекцијата за заштита и спасување.Според Центарот за управување со кризи активни се пожари најмалку на 12 локации на цела територија, се користат авиони за да се спречи ширење.Инаку не само овој за само неколку денов на терироријата на општина Охрид и охридско за многу кратко време беа предизвикани повеќе пожари кои предизвикаа голема штета.  Токму поради тоа се одржа работен состанок помеѓу на претставници на СВР со претставници на Терериторијалната противпожарна единица, Државниот инспекторат за животна средина, Државниот инспекторат за шумарство, Дирекцијата за заштита и спасување, Јавното претпријатие-шумско стопанство „Галичица“, шумската полиција и на Центарот за управување со кризи. Притоа, се договорија конкретни плански и зачестени координирани мерки на сите служби и поефикасна меѓуинституционална соработка како и нагласена и доследна примена на законските казнени одредби кон лицата кои ќе бидат затекнати како подметнувачи и предизвикувачи на пожари.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/269223634016933/?notif_id=1553895889197840&notif_t=live_video_explicit

Македонија | пред 6 години

sasho-vasilevski-960x528

Василески: Не сме разговарале за коалиција со СДСМ

Пратеникот од Независната пратеничка група, Сашо Василески, не отфрла можност тие да влезат во коалиција со СДСМ. Ова следува откако претходно, во јавноста се појавија информации дека ќе се распадне коалицијата на ДУИ и СДСМ. Василевски вели дека конкретно до овој момент немале разговарано за коалиција со СДСМ.„ Секој пратеник може да стане дел од некоја коалиција. И Амди Бајрам е независен пратеник па е дел од владината коалиција. Ние сме независни пратеници и ние исто така можеме да коалицираме како што ќе процениме дека е од интерес за државата. До овој момент, единствено нешто што сме разговарале со премиерот Зоран Заев е околу нацрт-законот за Јавно обвинителството. Тој е клучен закон за европските интеграции и за тоа се разговараше бидејќи е од врвен интерес за државата и граѓаните. Околу проширување на разговорите влегување на нас како независни пратеници во владиното мнозинство немаме разговарано до овој момент“ - вели Василески за „Скопје1“. Се разгледува ново мнозинство на СДСМ со 8-те пратеници, БЕСА и Алијансата

Македонија | пред 6 години

mercedes-ohrid

(ФОТО) Заев во Охрид се возеше со мерцедесот на Груевски

Очевидци во Охрид тврдат дека премиерот Заев во овој град допатувал со мерцедесот поради кој Груевски е осуден на 2 години затвор, објави lider.com.mk.Портпаролот на Владата Бошњаковски тврди дека Заев никогаш не се вози со тоа возило но фотографиите и тврдењата на Охриѓани одат контра оваа изјава.Текстот во целост на: lider.com.mk

Македонија | пред 6 години

MFA_8353

Димитров: Законот за СЈО мора да се донесе

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во интервју за „360 Степени“ на Алсат, зборуваше за извештајот на Европската комисија кој треба да биде објавен пролетва, носењето на законот за СЈО како еден од условите за позитивен извештај и почеток на преговорите со ЕУ, и што би се случило доколку законот не се донесе.– Мислам дека мора да се донесе законот. Мислам дека ситуацијата во Европа, од Брегзит, од претстојните избори за Европскиот парламент, од дебатите за буџетот, од дебатите за иднината на Европа и внатрешните реформи… ние мора, за да си ги зголемиме шансите за успех и конечно да почнеме пристапни преговори со ЕУ, пристап до кохезивните фондови итн, да им направиме на сите земји членки, непријатно тешко да не не поддржат. Не смееме да оставиме прашање што може да биде изговор или основа за негативен став. Ние успеавме и потешки прашања, да ги споменам амандманите на Уставот итн. Мора да бидеме на значењето на овој момент – рече Димитров.Тој рече дека ЕУ ќе го доведе во прашање својот кредибилитет доколку не ја валоризира нашата успешна приказна со домашните реформи и решавањето на отворените прашања со соседите.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Стоилковски: ЈП Македонија пат вработува среде изборна кампања

Криминал, поткупи, трговија со правото и правдата , со еден збор беззаконие, тоа се условите во кои што Зоран Заев и оваа криминална власт знаат и посакуваат да функционира Република Македонија. Тоа е атмосферата, во која сакаат да мине и овој изборен циклус, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.„Денеска продолжуваме со прес конференциите во кои објавуваме низа сомнителни огласи и тендери распишани од оваа власт во предизборен период.Вчера објавивме за јавна набавка за сомнително времено ангажирање на 22 работници во УЈП, кој што завршува токму на денот пред почеток на кампањата, денеска, продолжуваме со ЈП Македонија пат Скопје.И повторно ангажирање на 22 лица за времено вработување, во време од 12 месеци, оглас објавен на 19. Март, а се затвора на 16ти април! Среде кампања!И повторно оваа власт посегнува по чувството за потребност на граѓаните, нивното чувство за работа, за потреба од работа, за корисност, на потребност во општеството, ветувајќи вработување во предизборен период. Односно на овој начин се правио поткуп во изборни цели.Почитувани ова е срамно, срамно за една власт која што не ги вади европските вредности од уста, а секојдневно ги гази сите принципи на демократијата и на човековите права.Криминалниот клан на Зоран Заев не размислува за вработувањата  на граѓаните во период меѓу два изборни циклуси, туку само во предизборие. Меѓу двата циклуси, референдумскиот и сега претседателските избори, размислуваше, оваа власт беше преплавена од афери во јавноста за непотизам. Во тој период власт размислува за вдомување на своите најблиски, за вработување на мајки, сестри, деца, на фризерки, на функционери, на видни членови, на звучни презимиња од СДСМ.На граѓаните и нивната потреба од работа размислуваат само во предизборие и тоа само од аспект на поткуп во изборни цели, играјќи си со надежта на граѓаните, на ангажираните дека ќе станат трајно вработени во замена за посакувано однесување на изборите. Внимавајте не се работи само за гласови на овие 22 ангажирани, или колку и да се бара во другите јавни претпријатија туку за целите нивни семејства!Почитувани, Заев и кланот се во паника, знаат дека граѓаните повеќе не можат да ги трпат нивните самоволија, нивното антидржавно, расипничко и криминогено однесување, дека се прочитани и дека ја губат власта. Повторно како во кампањата пред референдумот ставаат се на една карта, ставаат се ОЛ ИН, се расфрлаат со буџетот во обид да го намалат неизбежниот изборен пораз.Почитувани, Јавното Обвинителство не реагира, не реагираше ниту за однесувањата во предреферендумскиот период, а станува збор за настани од исклучителна важност за државата и за демократијата. И затоа мора да бидат испитани, и бараме од Антикорупциската комисија да ги испита овие случаи, доколку не ги испита верувајте ќе бидат испитани ќе бидат ревидирани и за нив ќе бидат покренати истраги и ќе одговараат они кои се одговорни.Ќе повторам и денеска. Нема трговија со правото и правдата. Нема трговија со принципот за еднаквост пред законот. На Македонија насушно и е потребна правда и тие е на дофат. Заевиот клан знае дека му се одброени деновите, изјави Стоилковски.

Македонија | пред 6 години

zaev-hrvtska-2

(ВИДЕО) Заев: Дискусијата за легализација на марихуаната е отворена

Премиерот Зоран Заев смета дека идејата за легализација на марихуаната за рекреативни цели во туристичките центри како пример од надвор, ќе влијае на зголемување на туризмот. Но сепак предупредува дека во моментов државата не е подготвена за тоа, иако како што рече дискусијата е отворена.https://www.facebook.com/tv21hd/videos/728859164177850/„Јас лично мислам дека се уште не сме подготвени, но сакам да ви кажам до каде одат модерните трендови, дури и пуштање во употреба во рекреативни цели на марихуаната само во туристичките места. Некој кажува дека за 5 пати ќе се зголемат потребите од издавање на туристичките капацитети. Зошто велам не сме подготвени? Се уште немаме контролни механизми во државата вградени, но дискусијата е отворена. Ова светот го прави најмногу заради туризам“, изјави Заев за време на посетата на ОхридТВ21 пред неколку дена, повикувајќи се на извори од Владата, објави дека сериозно се разгледува прашањето за легализација на марихуаната, а во првата тест фаза, тоа би било во туристичките места како Охрид и Струга. 

Македонија | пред 6 години

12048951_10207853692155437_565132157_n

Најчевска: Ако Џаферовски, Ласкова и Адеми се најдобриот избор, јас ќе станам балерина

Во најразлични перформанси за време на шарената револуција таа глумеше балерина, сега, коментирајќи можни кандидати за министри за култура, таа вели дека може да стане балерина, доколку тие можат да станат министри.„Ако, Аднан Џаферовски, Цветанка Ласкова и Едмонд Адеми се најдобриот избор за министер за култура, тогаш јас ќе барам платен настап како балерина во Народниот театар. Јас секогаш ќе бидам подобра балерина отколку тие министри за култура (па и за било што ако веќе станува збор за квалитети, вештини, знаење и способност),“ напиша на својот Фејсбук профил активистката Мирјана Најчевска по информациите што протекоа во јавноста за тоа кои се потенцијалните кандидати за нов министер за култура.

Македонија | пред 6 години

ezerani-pozhar

Пожар во Паркот на природата Езерани во Преспа

Гори трска и друга нискостеблеста вегетација во Паркот на природата Езерани во Преспа, пишува СДК.Дува силен ветер и го шири пожарот, а пламените јазици на терен ги гаснат и ренџерите од паркот.Езерани е заштитен резерват на ретки птици за кој минатата година Швајцарската агенција за развој преку програма на УНДП вложи 5 милиони долари.

Македонија | пред 6 години

51989082_370770440319161_6422877176009326592_n

Димовски: Евидентирани се околу 500 пожари за пусти профити на поединци

Членот на извршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Димовски, на неговиот Фејсбук профил вели дека овој период се забележани преку 500 пожари во Македонија.„Речиси и да нема место во Република Македонија, каде што не е опожарена шума во последните триесетина дена. Во овој период се евидентирани околу 500 пожари.Гори од Малешевијата до Галичица. И сите тие пожари неможе да не се намерно запалени. Горат горите, за пусти профити на поединци, ама горат и куќи и овошни насади на луѓето. Им ги горите трудот и маката на луѓето, за да направите бизнис. Им ги горите душите. И никој не презема одговорност. А одговорни сте сите, од тие што ги предизвикуваат пожарите, командир на шумска полиција, министер за земјоделство и шумарство, до премиер. Сторителите не ги барате и не ги наоѓате, оти самите вие сте тие сторители.Државата ја претворивте во анархо-тоталитарен режим, во кој владеете со сила, во кој предизвикувањето на страв и психоза кај народот ви се алатка да ги држите под пресија. И сето тоа за да останете на власт и да ограбувате. Арам да ви е!Но, да знаете! Ништо под ова сонце не останало тајна. Се што правите, еден ден ќе излезе на виделина. И ќе одговарате. За сé ќе одговарате, од предавството, до егзодусот и пожарите“, пишува Димовски.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Се разгледува ново мнозинство на СДСМ со 8-те пратеници, БЕСА и Алијансата

По изборите се планира „пукање на тиквата“ во Владата.Ново мнозинство на СДСМ заедно со осумте пратеници исклучени од ВМРО ДПМНЕ, БЕСА и Алијансата на Села и реконструкција на Влада е опцијата која во моментов се договара меѓу овие политички субјекти - дознава „Скопје1“ од извори во групата пратеници кои се исклучени од ВМРО ДПМНЕ.На оваа тема работи и странскиот фактор кој деновиве оствари средби со осумте пратеници исклучени од ВМРО ДПМНЕ, а амбасадорите во јавноста испратија пораки на поддршка кон дејствувањето на осумте пратеници исклучени од ВМРО ДПМНЕ.Веќе подолг временски период во политичките кругови се зборува дека коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ е на стаклени нозе. Извори за „Скопје 1“ велат дека однесувањето на функционерите од ДУИ е главен проблем за СДСМ, кои пак тоа не можат да го дозволат под притисок на јавноста. Но, овие информации никој не сака да ги потврди.Во изминатиот период, ДУИ не дозволуваше да се отпочне постапката за носење на нацрт-законот за Јавно обвинителство со кое се регулира статусот на СЈО. Главна причина за ова се постапките кои се водат против функционери на ДУИ. Но ова е последната информација која се појави во јавноста.Претходно, министерката за труд и социјална политика излезе со обвинување за директорот на Фондот за пензиско и здравствено осигурување, каде тврдеше дека не се уплаќани пензиски средства за граѓаните. Ова наиде на остра критика и лутење од страна на ДУИ.Еден од низата скандали е легализацијата на дивоградби градени од функционери на ДУИ, но без потребни дозволи. Градоначалниците пак, не сакаат да постапат согласно законите и да ги урнат дивоградбите. Пример за ова е платформата на Матка, која наместо да се урне, таа и натаму се гради. Иако СДСМ постојано се повикува на законите, од ДУИ немаат намера да ги почитуваат.И во коалиционите партнери преовладувало мислењето дека толерирањето на ДУИ мора да има крај , а ослободување од ДУИ чии кадри со своите дејствувања го уништуваат редот и поредокот во државата се повеќе се гледа како опција и кај странскиот фактор.Фунцкионери од СДСМ го гледаат ДУИ и како пречка за интеграцијата во ЕУ и отпочнување на преговорите, оти нивни кадри ги кршат законите и не дозволуваат да се спроведат во пракса. Премиерот Заев е лут на ова и постојано се обидува да најде „средина“ за да остане коалицијата. Заев во изминатиот перид кажа дека имаат несогласувања со ДУИ, но дека не се скарани.Но, според нашите извори, ДУИ нема уште долго да биде заедно со СДСМ, доколку продолжат со вакво однесување. Чашата се прелива, а епилогот ќе треба да се види по изборите, кога е можно СДСМ да бара престанување на коалицијата со ДУИ.Доколку ДУИ излезе, се наѕира нова коалиција со Алијанса за Албанците, БЕСА и независните пратеници, кои ќе обезбедат ново мнозинство во Собранието.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања