ГЛАВНИ-ВЕСТИ

Нема фотографија

Жителите на село Саса се евакуирале пред огнената стихија

Страшниот пожар во село Саса не престанува. Според информации од терен се евакуираат луѓето кои живеат во близина на маалата Траканица и Аџиите. Ангажирани се голем број на човечки и технички ресурси како од Македонска Каменица така и соседните градови. Се поизвесно е дека во утринските часови неминовна ќе биде потребна интервенција од авионско гаснење. Фотографиите се од самото место каде се гасне пожарот во Саса. Во локализирањето на пожарот во текот на целиот ден се ангажирани екипи на ТППЕ од Македонска Каменица и регионот, екипи на „Национални шуми“ и Шумска полиција, а според неофицијални информации на терен се наоѓаат и вработени во граничната полиција. Неминовна ќе биде сеопфатна акција, која засега поради мракот не е возможна. Она што со сигурност се знае е дека луѓето се евакуираат и земаат она што може да се земе од своите имоти. Извор: Каменица

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Викендов сончево, од следната недела пад на температурите

Денес времето ќе биде сончево со мала до Умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисочен правец. Температурата ќе се движи од 10 до 22 степени.Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и температура до 19 степени.Во следните два дена ќе преовладува сончево време со мала облачност. Утринските температури на места ќе се спуштаат под нулата, а дневните ќе бидат во пораст. Зголемување на облачноста со локален дожд и опаѓање на дневната температура се очекува од вторник попладне.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Мерко: Една година немам купено облека со пари од општината, а “Шкода” за мене не е возило

Мерко не трошел без мерка - не си купил нови костуми на сметка на општината повеќе од една година !https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/567871887047961/Гостувајќи на телевизија 24 градоначалникот на Струга Рамиз Мерко кажа дека една година немал купено нова облека на сметка на општината и на тоа штедел пари, па затоа купил ново ауди и шкоди.„ Оставете тоа, шкодата не е возило за мене ! Јас во шкода ли да се возам ? Ме личи ли мене во шкода ? Јас немам купено нова облека на сметка на општина Струга иако ми следува еднаш годишно да ја обновам облеката на сметка на општината. Зарем треба да одам како партал ? - рече Мерко во студиото.Тој кажа дека неможел да се вози со такси и затоа општината купила ново Ауди од 70.000 евра.Додека Мерко ги изговараше овие зборови се пуштаа фотографии од новото возило, а Мерко тоа го прокоментира:,,А, го гледате колку е убаво, нели? Многу е убаво Аудито. Да ви кажам право мислевме да земеме Ауди 8, ама рековме ајде да не претеруваме“-изјави Мерко и додаде дека е срамота што го прашуваат вакви прашања, па зарем треба еден градоначалник да се вози во Шкода, праша Мерко и додаде:„Ова е кола за мене ! Да не мислите ќе се возам со фиќо “ - рече Мерко.ПАЛЕЊЕТО НА ТРСКАТА БИЛО НОРМАЛНА РАБОТАМерко смета дека е нормално во овој период што гори трската, бидејќи како што рече, луѓето го чистат земјиштето од дива вегетација за следните сеидби.Тој смета дека е направена медиумска антикампања и дека на овие случаи им се придава преголемо значење.Мерко објаснува дека трската што се пали е во приватни имоти.Тој смета дека со медиумската кампања се прави невиден притисок врз луѓето што живеат таму, а некои поради притисокот можеби и за инает ќе ги палат трските и стрништата.Мерко практично го оправда палењето на трските и не покажа никакво чувство на одговорност.Повтори дека се прави хајка против општина Струга за да нема успешен туризам.Тврди дека нема да им нови шанкови или урбана опрема на местото на запалената трска, а за една недела таа повторно ќе зазелени.

Македонија | пред 6 години

carina-droga-1

Албански државјанин фатен во обид да прошверцува голема количина марихуана

Царинските службеници од граничниот премин Табановце, спречија обид за шверц на голема количина опојна дрога марихуана.На 29 март 2019 година, царинските службеници од граничниот премин Табановце при претрес на товарно моторно возило со албански регистарски таблички, управувано од албански државјанин Ф.Б. (62), пронајдоа околу 350 килограми опојна дрога марихуана.Имено, во раните утрински часови, односно 01:30 часот, на граничниот премин на излез од државата се пријавило товарно моторно возило марка VOLVO со албански регистарски таблички управувано од државјанин на Република Албанија, при што возилото од страна на царинските службеници било селектирано за детален преглед. При преглед на истото, во 130 специјално изработени палети за транспорт на цвеќе натоварени во возилото, царинските службеници пронајдоа околу 350 килограми опојна дрога марихуана.По преземање на случајот од страна на инспекторите од Одделението за истраги, Царинската управа против Ф.Б. (62) ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по член 215 став 1 и став 7 од Кривичниот законик“ до Основното јавно обвинителство Куманово.

Македонија | пред 6 години

galicica

МЗШВ: Поради појавата на шумски пожари од денеска се воведува забрана за движење во шума и шумско земјиште

Поради појавата на шумски пожари а врз основа на член 57 став (3)  од Законот за шумите  („Сл.весник на РМ“ бр.64/09, 24/11, 53/11, 25/13, 79/13, 147/13, 43/14, 160/14, 33/15 ,44/15, 147/15, 7/16, и 39/16) се воведува забрана за движење во шума и шумско земјиште од 00:00 до 24:00 часот. Забраната започнува да важи од 29.03.2019 година и ќе трае се до нејзино отповикување.Оваа забрана  не важи за вработените во ЈП “Национални шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја од сите категории (Национални паркови, Парк шуми,  шуми со специјална намена споменици на природата и сл).За непочитување на оваа забрана на физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 Законот за шумите ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.Исто така, се известуваат сите граѓани на Република Северна Македонија дека се забранува палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата, сочласно член 23 од Законот за ловството („Службен весник на Република Македонија“ бр. 26/09, 82/09, 136/11, 1/12, 69/13, 164/13, 187/13, 33/15, 147/15, 193/15 и 83/18) и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште како превентивна мерка за заштита на шумски пожари.За непочитување на одредбите од Законот за ловството  се предвидува глоба во износ од 1500 до 3000 евра во денарска противвредност за прекршок на физичко лице согласно член 79 од Законот за ловството.Забраната ја спроведуваат вработените од ЈП Национални шуми, субјектите кои управуваат со заштитените подрачја од сите категории (Национални паркови, Парк шуми,  шуми со специјална намена споменици на природата и сл) кои вршат дејност заштита, МВР, Шумска Полиција, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, Државниот инспекторат за животна средина и други инспекторати до слична надлежност.Забраната не важи за движење во парк шумата Водно, Гази Баба како и за организирани тури на туристи за туристичко разгледување на шумите со стопанска намена, Националните паркови и заштитените подрачја со посебна намена во Република Северна Македонија кои ќе бидат одобрени со дозволи од соодветните субјекти кои стопанисуваат / управуваат со шумите во придружба на преставник од истите.

Македонија | пред 6 години

petrovec-pozar

Голем пожар во Националниот парк Галичица – итен состанок на Кризниот штаб

Голем пожар го зафати Националниот парк Галичица. Дел од пожарот е ставен под контрола, но поради непристапноста на теренот дел од паркот гори. Според првичните проценки изгорени се над 300 хектари шума.Во тек е итен состанок на кризниот штаб на Општина Ресен, а мештаните од околните села велат дека без струја бидејќи запален бил и далеководот.Пожарникарите велат дека не се работи за еден оган, туку дека гори на повеќе места. Се очекува Кризниот штаб да донесе одлука за активирање на канадерите, но и тоа е под знак прашалник бидејќи во ноќни услови тешко кога може да гасат авионите. 

Македонија | пред 6 години

petar-bogojeski

Богојески: Силјановска сее лажна надеж

Петар Богојески од ВМРО-ДПМНЕ вели дека претседателскиот кандидат на оваа партија, Гордана Силјановска, сее лажна надеж во врска со нејзинот однос кон новото име на државата. Според Богојески смешно е тоа што Силјановска ветува дека како претседател ќе формира група од експерти која ќе изврши ревизија на Договорот.-Тоа е смешно тврдење и сеење лажна надеж. Скапо ќе го платиме тоа за врема на следните парламентарни избори бидејќи граѓаните ќе станат свесни дека тоа е невозможно сега во овој историски контекст и ќе си ја побараат сметката за тоа. Мора да најдеме начин професорката Силјановска да ја направиме свесна и за долгорочните интереси на ВМРО-ДПМНЕ. Не знам колку е свесна но со тие изјави кои ги дава ги затвора вратите на ВМРО-ДПМНЕ и тие врати после тешко се отвораат. Откако е Мицкоски лидер свесни сме дека е тешко тие врати што ги затвори Груевски да се отворат. Наместо професорката Силјановска да води модерна кампања и да понуди дополнителна вредност, ние одиме во екстреми кои дополнително ги затвораат портите – рече Богојески во вечерашната дебата на „Само вистина“.Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ започна со користење на терминот „Република Северна Македонија“ во официјалната комуникација со државата, преку поднесување на амандманите за Законот за јавно обвинителство.-Збунувачки делува за нашите членови, од една страна го користиме новото име, од друга страна кандидатот ветува дека нема да го употреби, ниту да го изусти тој термин. Треба да се соочиме со реалната политика и ни требаат храбри чекори – посочува Богојески.

Македонија | пред 6 години

zaev-ohrid

Запрена изградбата на минарето на Алипашината џамија, решение ќе се бара по изборите

Запрена е изградбата на минарето на Алипашината џамија во Охрид, ќе се вршат само конзерваторско–реставраторски работи и реконструкција. При денешната посета на Охрид, премиерот Зоран Заев рече дека ова прашање ќе се разгледува на заеднички состанок после пети мај.-Охрид е пример на соживотот и меѓурелигиското разбирање да ова прашање заедно, на заеднички состанок после пети мај седнеме во Владата и го најдеме решението. Законите треба да се почитуваат во државава но истовремено да го почитуваме и сите други околности кои што се важни за сите граѓани. Апелирам до сите, пред се до охриѓани со целосна почит меѓусебна да продолжиме во рамките на законот и во рамките на нашата меѓурелигиска разноликост и да изнајдеме начин да го решиме овој проблем, истакна премиерот Зоран Заев при денешната негова посета во Охридско-струшкиот регион.

Македонија | пред 6 години

03-2

Заев и Бектеши: Заеднички да ги унапредиме услужните дејности за побрз развој на туризмот 

„Оваа Влада го смета туристичкиот сектор за непроценлив ресурс за развој на економијата. Бројките се добри, минатата година надминавме 1 милион туристи со 3 милиони ноќевања, таргетот за годинава е 1,3 милиони туристи со 4 милиони ноќевања и девизен прилив од овој сектор од 420 милиони американски долари. Светот го движат услугите, а ние треба да се подготвиме да ја зграпчиме можноста, бидејќи капацитет имаме“, истакна Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев на средбата со хотелиерите што се одржа денеска во „Инекс Горица“ за време на неговата работна посета на Охрид, во придружба на министерот за економија Крешник Бектеши.Во рамките на средбата министерот Бектеши ги пренесе новитетите кои ќе бидат дел од новиот закон за туристичка дејност, како предлози на туристичкиот сектор.„Покрај програмата за поддршка на домашниот туризам за работници со ниски примања, којa е во насока на зголемување на обемот на работа на туристичките центри надвор од туристичката сезона, во измените на законската регулатива предвидуваме неколку новитети меѓу кои формирање на туристичка инспекција, намалување на бројот на членови на комисијата за категоризација од 13 на 5, лиценцирање на рестораните за свадби, решавање на горливиот проблем со нелојалната конкуренција од страна на физичките лица, како и воведување категоризација на објектите кои ги нудат за сместување“, рече Бектеши, додавајќи дека еден од моделите е доколку едно физичко лице ја надминува бројката од 20 легла или 10 соби што ги нуди како сместувачки капацитети, да мора да отвори фирма.Меѓу предлозите во регулативата е и менување на моделот на субвенционирање на странскиот организиран туристички промет, преку определување на износот во зависност од категоријата на угостителскиот објект за сместување туристи.Премиерот Заев особено стави акцент на отворањето на државата во меѓународни рамки, што иницираше идеи за воведување на нови авионски линии и олеснување на визниот режим, а меѓу таргет земјите се Кина и земјите од Голфскиот залив.Претседателот на ХОТАМ Крсте Блажевски ги посочи главните предизвици на туристичкото стопанство, меѓу кои проблемот со наплатата од страна на ЗАМП, потребата од модернизирање на спортските терени, со оглед на големиот број на спортисти кои доаѓаат на подготовки во Охрид во зимскиот период, потребата од персонал, како и хигиената на туристичките дестинации, преку решавање на проблемот со депониите, колекторот и неопходноста од урбана полиција во летната сезона.„Потребно е отворање на бизниси кои ќе ги задржат младите тука, од типот на молови, водени паркови, тркачки стази, спортски терени и базени, а еден од сегементите на кој треба да му обрнеме посебно внимание е здравствениот туризам, преку отворање на домови за стари лица кои ќе можат да се вратат од странство и да ги поминат мирно и убаво тука пензионерските години“, потенцираше Блажевски.Премиерот Заев истакна дека постои големо расположение заеднички да се подготвиме за новите трендови: „Отвораме сериозни теми и време е да носиме храбри одлуки. Државата има корист само ако бизнис секторот добро работи, ако имате добар обрт од услужните дејности. Тоа е вин-вин ситуација и за нас, и за вас, и за работниците“. 

Македонија | пред 6 години

BUJAR-OSMANI

Османи: На пописот ќе се регистрираат сите независно дали живеат овде или во странство

Вицепремиерот Бујар Османи за за „Клан Македонија“ најави дека ќе се попишуваат како жители на земјава и Албанците кои не живеат и со години не влегле во Македонија.„Во основа ги надминавме дилемите кои политичките партии ги имавме во организирање на пописот. Првично се договоривме пописот да се организира во 2020 година, со комбиниран метод што ќе значи не регистрирање на традиционален начин кога податоците ќе се добијат само од граѓаните во своите домови, туку првично ќе се искористат податоците од сите електронски бази на податоци кои ги имаат институциите, дали Министерство за внатрешни работи, Пензискиот фонд, Здравствениот фонд и други институции“, рече Османи.Тој образложи дека потоа тие информации ќе се проверуваат и дополнуваат на терен, по домовите на граѓаните.„И ова е тој комбиниран модел што е еден стандарден европски модел. Во 2011, јаболко на раздорот беше регистрирањето на оние кои не живеат овде кај нас. Ако ви текнува тоа време, решението беше, да се регистрираат сите кои барем во последните дванаесет месеци влегле во Македонија. Сега ги надминавме сите овие дилеми. Ќе се регистрира секој државјанин на Северна Македонија, независно дали живее овде или живее во странство, со тоа што доволно ќе биде еден од членовите на неговото семејството, на членот на комисијата, ќе му го приложи матичниот број на лицето кое во моментот не е во Северна Македонија, и тој ќе го провери во електронската база на податоци, и на овој начин ќе се регистрира лицето без разлика дали живее овде или не“, истакна вицепремиерот.

Македонија | пред 6 години

2-14

Заев и министерот Бектеши од Охрид: Економските политики се за раст на потрошувачката моќ на граѓаните и развој на туризмот и на градот Охрид

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и министерот за економија, Крешник Бектеши придружувани од директорот на Царинска управа на РСМ, Ѓоко Танасоски денеска беа во прошетка по охридската чаршија. Премиерот Заев и министерот Бектеши посетија неколку дуќани и занаетчиски работилници и поразговараа со сопствениците за условите за работа и за нивните очекувања, и за значењето на мерките за поддршка од Владата за мали, микро и средни претпријатија.Во рамки на посетата на охридската чаршија премиерот Заев и министерот Бектеши дадоа кратки изјави за медиумите.„Со министерот Бектеши прошетавме по познатата охридска чаршија, посетивме неколку дуќани и занаетчиски работилници каде што поразговаравме со сопствениците и еснафите за условите за работа и за значењето на мерките за поддршка од Владата на Република Северна Македонија. Сите сме согласни дека поддршката за мали и средни претпријатија што ја обезбедува Владата е значајна и ќе продолжи, а заеднички се очекувањата економските политики да резултираат со зголемување на личната потрошувачка што за овие семејни бизниси и занаетчиски работилници ќе значи и зголемување на профитот“, рече премиерот Заев и соопшти дека оваа година се менува казнената политика која во минатото беше репресивна и служеше за притисоци и закани и политички влијанија кон приватниот сектор.Премиерот Заев рече дека казните ќе бидат правични и сразмерни согласно големината на фирмите и нема да го загрозуваат работењето и опстанокот на фирмите и нема да го отежнуваат животот на граѓаните. За фирмите, при одмерување на глобата ќе се води сметка за приходот остварен во претходната година, бројот на вработени и претходно санкционирање за исти или слични прекршоци.„За малите фирми според новиот закон минималната глоба ќе биде 50 евра, а максималната глоба ќе изнесува 2000 евра. За споредба, во стариот закон максималната глоба изнесуваше 5000 евра – што значи глобите за малите фирми се намалуваат за 60%. Пред глоба, може да се изрече опомена. Или, во случаи кога прекршокот е сторен за прв пат и не предизвикал штетни последици, ниту го загрозил јавниот интерес. Законот ќе важи еднакво за сите“, истакна премиерот Заев и најави дека следува средба со сопственици на хотели со кои ќе поразговараат за перспективите за развој на туризмот.„Од овде се упатуваме и на средба со сопственици на хотели од овој крај да ги слушнеме нивните размислувања и предлози за развој на туризмот. Со оглед на тоа што изминатата 2018 година имавме рекордно висок износ на туристи кој изнесуваше над 1 милион што придонесе и раст не девизниот прилив од 16.7% споредено со 2017, очекувам дека оваа година можеме уште подобри резултати да постигнеме доколку заеднички се вложиме во реализација на зацртаните цели и политики за развој на туризмот“, нагласи премиерот Заев.Министерот Бектеши ги сподели информациите и бројките коишто се однесуваат на бројот на странски и домашни туристи коишто ја посетиле нашата земја и нагласи дека минатата година се надминати очекувањата, земјата ја посетиле над 1 милион туристи.„Сакам да ве информирам дека од претходната година во Република Северна Македонија имаме регистрирано 1.1 милиони туристи, а очекувањата се дека во 2019 година ќе достигнеме над 1.3 милион туристи и истовремено над 4 милиони ноќевања во нашите угостителски и сместувачки објекти. Добра вест е што имаме пораст на домашните туристи“, истакна министерот Бектеши.Министерот Бектеши посочи дека Владата на Република Северна Македонија спроведува политики за развој на туризмот, а една од мерките е субвенционираниот годишен одмор која значително придонесува за развој на домашниот туризам.„Продолжуваме и оваа година да субвенционираме годишен одмор за работниците со ниски примања. Сакам да ве известам дека од 26 пријавени хотели, 14 хотели се од Охрид, што значи дека над 50% од сите добитници на средствата од оваа мерка што ја спроведува Владата преку Министерството за економија, ќе престојуваат во Охрид“, рече министерот Бектеши.  

Македонија | пред 6 години

andon-dukov-za-skopje-2

Засилени инспекциски контроли поради палењето на стрништа и шумски пожари

Државниот инспекторат за земјоделство заедно со Државниот инспекторат за шумарство и ловство како органи во состав на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, ги интензивираа контролите на терен поради палењето на земјоделско земјиште (стрништа ) и шумските пожари. Во повеќе наврати двата инспектората имаат извршено контроли на теренот при што се откриени сторители кои палат бесправно стрништа и друга сува тревна одпадна вегетација на земјоделски површини. Државниот инспекторат за земјоделство, преку државните инспектори за земјоделство извршија 50 инспекциски надзори за што се составени 50 записници, издадени се 10 платни налози од кои 9 се платени, а за 10 прекршители постапката е во тек .Државниот инспекторат за земјоделство ги задолжи сите инспектори за земјоделство да вршат постојан инспекциски надзор, да се интезивираат инспекциските контроли, во поглед на користењето на земјоделското земјиште, особено онаму каде има засеано житни култури, со цел да се откријат лицата кои палат оган во близината на посевите, ги палат стрништата, или пак ги палат остатоците од разни земјоделски култури, со што потоа се предизвикува и шумски пожар. ДИЗ апелира земјоделците и сите лица да ги почитуваат одредбите од Законот за земјоделско земјиште, дека корисниците на земјоделско земјиште се должни да спроведуваат мерки за заштита од пожари согласно прописите за заштита од пожари, а доколку се констатираат правни или физички лица да постапуваат спротивно на законот веднаш да се превземаат мерки поради сторен прекршок.На последниот состанок на Регионалниот штаб е договорено да се вршат заеднички контроли на терен со преставници на МВР, ТППЕ и ДИЗ каде има земјоделски површини и постои опасност од палење на стрништа.Освен по член 46 од Законот за земјоделското земјиште за кој има надлежност да постапува за пожари предизвикани од палење на стрништа и посеви инспекторатот нема надлежност да постапува по друг закон, а особено при палење на пасишта и друга вегетација.Согласно одредбите на Закон за шумите, Државниот инспекторат за шумарство и ловство е овластен да врши инспекциски надзор за спроведување на одредбите од Закон за шумите. Заштитата на шумите покрај другите елементи на заштита, и заштитата од шумски пожари како елемнт на заштита на шумите ја вршат субјектите кои стопанисуваат со шумите (стопански и шуми со посебни намени). Согласно правилникот за посебни мерки за заштита на шумите од пожари донесен од ДЗС, а во врска со Закон за шумите, при редовните инспекциски надзори од страна на инспекторите е констатирано дека субјектите кои стопанисуваат со шумите сите имаат донесено годишни оперативни планови за заштита на шумите од пожари за 2019 година кои воедно имаат и позитивно мислење од ДЗС. Државниот инспекторат за шумарство и ловство и даде наредби на сите шумарски и ловни инспектори за  вонредни инспекциски надзори на субјектите кои стопанисуваат со шумите во делот на спроведување на годишните оперативни планови, и исто така ги задолжи концесионерите на ловиштата да вршат опсервирање за заштита на ловиштата од пожари и за нивно диретно вклучување за заштита на ловиштата од пожари преку своето членство. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство апелира на крајно внимателно и одговорно однесување на сите лица кои извршуваат активности во земјоделството и шумите.Временските услови кои се значително погодни за појава на пожари на отворен простор, на земјоделски површини и во шумските предели, покрај огромната штетата кај земјоделските култури и добитокот претставуваат и сериозна опасност по човечкиот живот. Единиците на против пожарната бригада во неколку наврати, и пред неколку месеци интервенираа со гаснење на огнени стихии, а интервенции имаше и од Центарот за управување со кризи.Само во тековниов месец ЈП Национални шуми евидентира околу 70 пожари со опожарена површина од околу 1,600 хектари. Ваквата појава пред се, се должи на палење стрништа и земјоделски површини, што поради временски услови кои се погодни за пожари истите брзо ги зафаќаат и шумските површини.Покрај стрништата пожарите гореа и борова шума, овошни насади, багрем, нискостеблеста деградирана шума во приватна и државна сопственост. Со цел намалување и одговорно однесување МЗШВ потсетува дека палењето на пожари е забрането и истото дело е казниво по закон.

Македонија | пред 6 години

cad-1

(ВИДЕО) O2 Иницијатива: Возење низ чад од масовни палења, наша реалност

Кочанско, месецов. Гори земјава наша, пари фрлени за гаснење на пожари, наши пари, за да се изгаснат масовниве пожари кои се резултат на човечки фактор, некој некаде запалил и после авиони со денови и тони вода не можат да изгаснат, пишуваа на фејсбук профилот од O2 Иницијатива.Тие во објавата додаваат:Колку е потрошено до сега само на гаснење на пожариве? Колку допрва ќе се потроши? Да не зборуваме за ненадоместливите штети по здравјето и природата. Зошто никој не размислува за последиците од погрешно спроведените политики на неказнивост, неажурност, неодговорност? Од несоодветно спроведените програми за земјоделците и сточарите, шумите, стратегијата за Ромите, инспекцијата...Која е целта од вакви погрешни политики? Да се уништи сè што вирее на овие простори? Да останеме загадена пустелија каде само болни се раѓаат и болни умираат?https://www.facebook.com/o2inicijativa/videos/2197780160535645/?v=2197780160535645

Македонија | пред 6 години

KAEVSKI-696x385

ВИДЕО: Директорот Каевски го спореди Заев со Тито

Директорот на Агенција за млади и спорт, Дарко Каевски, во синоќешното гостување на „Клик Плус“ на ТВ 21, го спореди премиерот Зоран Заев со поранешниот лидер на Југославија, Јосип Броз Тито.[embed]https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/304381013543389/?__xts__%5B0%5D=68.ARBYfh0TEcHYb3vtSGKrZeBPhhUeEVYDvPxHLsS8VGzOufjlN_Q35v2trypRZqcrmXomdgrVJ4K7AmFfS-0xF7y8KVMtOO-pBAc0vHLNlFexYikGrvw1C5RhSzxpDVDXiBXji8A1n_n81jG1utbXJ6GxuntS9OnX-GaJnMvxQKpgObF_g9hsGYnU7ZPEQYZ49SiKru2URYlIsS59ziJ9dH0aNo3qxDsVb-AVg9t3-sZx5amT9MuyGFVRCHhaTkXfsBwArW9ZdlDc1wa-mVomE7NF0OBwHAtaFIDSv45JWf5Ca-ueLn_cNGIuPAg3UyYhxV9VOv4n7rHnqLlM0FkY7Q&__tn__=-R[/embed]„Најмногу за нашите родители направил Јосип Броз Тито. Ќе дојде време, ние на нашите деца и внуци, ќе им раскажуваме, дека во времето на Зоран Заев, со Владата, успеал да го реши деценискиот спор за името со Грција“, истакна Каевски.

Македонија | пред 6 години

micko1

Аплауз и поддршка за осумте независни пратеници од Жбогар, „воспитна“ за Мицкоски?

Евроамбасадорот Самуел Жбогар, заедно со сите претставници на Советот на ЕУ за проширување на Западен Балкан, аплаудираа на осумте независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, по завршувањето на средбата која се одржа во Собранието. Жбогар заедно со претставниците на осумте пратениците им изразја благодарност за нивната пожртвуваност во процесот за уставните измени, иако тие биле потценувани и навредувани од страна на колегите од ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски. Жбогар е дециден дека осумте пратеници минале низ тежок пат, но биле клучот Македонија во јуни да ги почне пристапните преговори со Европската Унија.Наспроти позитивниот исход од средбата на Независните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, молк од Белата палата за реакциите на Жбогар по средбата со Мицкоски. Оттаму не кажаа дали Жбогар ги поддржува во нивните чекори да и натаму го бојкотираат уставното име на државата, но и нивната желба СЈО да биде само оддел во Јавното обвинителство, а со тоа да нема независност. Од ВМРО-ДПМНЕ пред два дена испратија само празно соопштение преку кое кажаа за што се разговарало, но не и заклучоци од средбатаОна што е јасно е дека Европската Унија и евроамбасадорот Самуел Жбогар вчера јавно ги повикаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да престанат со кочење на интеграцијата на земјата и да го усвојат нацрт-законот за Јавно обвинителство. Жбогар и натаму се заложува да им се покаже на граѓаните и меѓународната заедница дека има посветеност да се воспостави одговорност за сите видови криминал преку регулирањето на статусот на СЈО, што со амандманите на ВМРО-ДПМНЕ е заглавено во ќор-сокак. Овој закон е еден од повеќето кои Европската Унија бара да бидат усвоени пред да се одреди датумот за пристапните преговори.По остварените средби и низата соопштенија од ЕУ и Жбогар, станува јасно дека тие се лути на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но цврсто стојат зад чекорите на Независните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, кои Мицкоски ги избрка од партијата откако тие гласаа за уставните промени во Собранието.Работната група на Советот на ЕУ за Западен Балкан вчера покажа интерес за помирување на осумте независни пратеници со ВМРО-ДПМНЕ. Според извори на „Скопје 1“ целта е да тие влијаат на ВМРО-ДПМНЕ да носи разумни одлуки, да застане зад процесот за интегрирање на државата во Европската Унија и да му укажат на Мицкоски дека патот по кој оди опозицијата е погрешен.Линкови од преземени информации за кратката анализа:Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со шефот на делегацијата на ЕУ во Република Македонија, г. Самуел ЖбогарСО РЕШАВАЊЕ НА ПОВЕЌЕДЕЦЕНИСКИОТ СПОР, ДРЖАВАТА ЗАСЛУЖУВА ДА БИДЕ ДЕЛ ОД ЕВРОПСКОТО СЕМЕЈСТВОStatement of the Head of Delegation on the amendment of the Law on Public Prosecution

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања