ГЛАВНИ-ВЕСТИ

policija

Во Скопје за 24 часа: Полицијата исклучи 19 возачи без положен возачки испит

Седум лица се здобиле со лесни телесни повреди во пет од вкупно 10 сообраќајки во текот на вчерашниот ден. Во пет била причинета материјална штета.Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 35 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, шест возачи поминале на крстосница на црвено светло, тројца возачи не дале првенство на минување на обележан пешачки премин, двајца возачи за неправилно престројување, двајца возачи за неправилно престигнување,  еден возач не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница, еден возач за не носење заштитен шлем, шест возачи за не  користење сигурносен појас и 15 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.Од сообраќај биле исклучени 19 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и шест возачи почетници, како и 22 нерегистрирани возила.Санкциониран е и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин.Затекнати биле 100 возила непрописно паркирани, а со помош на  специјалното возило „пајак“, отстранети биле 66 возила. 

Скопје | пред 6 години

pandov

Пандов: Го немам ажурирано членствoто во ВМРО-ДПМНЕ, сакам да бидам независен

Поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, во вечерашното гостување на „Клик плус“ на ТВ21 откри дека го нема ажурирано членството во партијата.-Не сум нашол за сходно дека треба да го ажурирам. Подобро се чувствувам во оваа позиција, да бидам независен. Членството во партија ве обврзува. Јас секако дека потекнувам изворно и целото мое политичко битисување претходно било во ВМРО-ДПМНЕ, ги делам најголем дел од  ставовите со ВМРО-ДПМНЕ. Не сум во ниту едно тело на партијата и моето настапување е крајно независно. Таа позиција ми прави да се чувствувам послободно – рече Пандов.

Македонија | пред 6 години

20190329002717

Љумани си поднесе оставка, Министерство за култура не сака да му го продолжи мандатот

По само една година од формирањето на Албанскиот државен ансамбл во Македонија, неговиот директор Фатос Љумани си поднел оставка откако дознал дека Министерството за култура нема да му го продолжи мандатот, јавува ТВ 21.Државниот секретар Ваљмир Азири изјавил дека за време на мандатот на Љумани тој не успеал да направи ништо особено, додека пак директорот во оставка бил разочаран од комуникацијата со ресорот и дека не можел да ги користи средствата иако буџетот за една година бил околу 1 милион евра. Институцијата се формираше пред една година, а лани го одржа првиот концерт во ноември.„Имајќи предвид дека од назначувањето на директорот, односно екс-директорот, помина една година и имајќи ги предвид реакциите кои пристигнуваат од незадоволните страни поради работата на екс-директорот на Ансамблот, и имајќи предвид дека една тукушто формирана институција со буџет од 1 милион евра, не успеа да реализира ништо, мислевме дека е неопходно ние како Министерство за култура да направиме чекор и да назначиме нов директор“, изјавил Асани.Новиот директор ќе биде назначен по претседателските избори. Од Министерството за култура велат дека конкурсот за вработување на 40 лица во ансамблот ќе биде објавен на 10 мај.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Сончево со температура до 19 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец. Дневната температура ќе се движи од 8 до 19 степени.Во Скопје ќе биде сончево со температура од 17 степени.Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а до утре ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринските температури на места ќе се спуштат под нулата, а дневните ќе бидат во пораст. Зголемување на облачноста со локален дожд се очекува од вторник попладне.

Македонија | пред 6 години

mijalkov-2

Мијалков оди во куќен притвор

Сашо Мијалков излегува од затворот во Шутка и оди во куќен притвор откако Апелација ја уважи жалбата. Тој е неправосилно осуден на три години затвор за предметот на СЈО „Титани 2“.Апелациониот суд, исто така информира дека, постапувајќи по предметот „Титаник 2“ донел одлука со која жалбите на обвинетите Бедредин Ибраими, Сашо Мијалков и Анета Стефановска се делумно уважени. Повисокиот суд проценил дека за Мијалков и Ибраими треба да биде изречена поблага мерка, односно мерка куќен притвор, а за Стефановска јавување, но во судот во Битола, наместо во скопскиот кривичен суд. Апелација, како неосновани ги отфрли жалбите на Влатко Сајковски и Сашо Срцев и за нив, на сила остануваат веќе изречените мерки.Инаку Мијалков и Ибраими беа спроведени во притвор во затворот во Шутка веднаш по изрекување на пресудата на 8 март.

пред 6 години

angjusev_bektesi_2

Германците му удрија шамар на Заев

По лошите оценки од германскиот бизнис сектор, Владата се крена на нозе. Вицепремиерот Анѓушев засилен со министрите Драган Тевдовски и  Крешник  Бектеши и директорот на ТИРЗ, Александар Младеновски, утрово на итен состанок со првиот човек на Германската комора, Патрик  Мартенс, тој да им каже што толку ги налутило германските фирми, што ниту една од 200 во земјава не го оцениле како добро нејзиното работење и посветеност на економијата.Во изјавата по средбата Мартенс се обиде да го ублажи впечатокот од лошите резултати на анкетата со тоа што посочи дека инвеститорите имаат добра соработка со Владата, а податокот  дека 78 отсто од компаниите се изјасниле дека ќе инвестираат годинава говори за нивното мислење за земјата.– Ние ја чувствуваме Владата како партнери заедно треба да работиме да го задржиме нивото што го имаме. Дискутиравме за анализата со вицепремиерот Кочо Анѓушев и се договоривме заедно да работиме на отстранување на негативните работи кои влијаеја бизнисмените да дадат вакви оценки за бизнис климата – рече Патрик Мартенс, од делегација на Германското стопанство во Македонија .Тој повтори дека меѓу германските компании има голем интерес за инвестирање во земјава поради пазарот и добрата работна сила.Дека не е  се толку лошо, Германците го пофалиле законот за финансиска поддршка, дури 78 отсто од компаниите ќе инвестираат и годинава, 41 процент ќе го зголемат извозот, а 39 ќе имаат нови вработувања.Мартенс не посочи која е германската компанија што не не избрала. Сепак, призна дека за да одлучат да дојдат, на германските фирми им треба стручна работна сила, а големите играчи кои бараат од пет до шест илјади работници, таква овде веќе не можеле да најдатЗа вицепремиерот Анѓушев пак негативните бројки од анкетата се патоказ како да работат подобро.-Сакав да разберам кои се главните причини за таквите бројки кои што беа и негативни. Главните причини се однесуваат во делот на тоа дека сакаат малку попредвидлива политика во економијата, со други зборови да на време бидат информирани за промените во даночната политика, во делот на минималната плата, а воедно искажаа одредени потреби во делот на царинските тарифи во нашата држава да бидат прилагодени на европските – изјави Кочо Анѓушев, вицепремиер.Економскиот тим на владата секој квартал има редовна средба со германските инвестироти. Анѓушев најави дека на наредната ќе учествува и премиерот Заев.  

Македонија | пред 6 години

kalista-2

Изведувал градежни работи и узурпирал земјиште во заштитен појас на крајбрежјето

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Б.К.(51) од село Радолишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности” и ,,оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“.На 10.08.2018 година во Струга, пријавениот противправно започнал да изведува градежни работи и узурпирал земјиште во заштитен појас на крајбрежјето на Охридското Езеро, при што, спротивно на Законот за заштита на природата, ангажирал лица за чистење и сечење на трска и затрупување на земјиштето.

Македонија | пред 6 години

crkva

ОЈО Скопје поднесе Обвинителен предлог за лицето кое изврши кражба во црква

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело  – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот кражбата на 150.000,00 денари ја извршил ноќта меѓу 22 и 23 март годинава. Како што веќе извести обвинителството, обвинетиот насилно ја отворил влезната врата на црквата „Св. Петар и Павле“ во Ѓорче Петров и влегол внатре. Со намера противправно да присвои финансиски средства, тој со погоден предмет делувал на дрвената каса, ја отворил и од неа одзел 120.000 денари. Потоа се упатил кон внатрешната продавница во склоп на црквата, исто така насилно ја отворил и од фиоката одзел уште 30.000 денари.Основното јавно обвинителство Скопје  имајќи го предвид фактот дека се работи за сторител кој досега е осудуван за истородни и други кривични дела, како и дека постои опасност да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон,  едновремено со обвинението до судот достави и посебен предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетото лице. 

пред 6 години

siljanovska-pendarovski

Според новите анкети Пендаровски води со 8 до 10 отсто пред Силјановска

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во првиот круг ќе води со предност од 8 до 10 % пред противкандидатката Гордана Силјановска Давкова и во вториот круг ќе влезе со предност од околу 90.000 гласови. Ова го покажуваат теренските анкети спороведени по барање на СДСМ, велат за ДВ партиски извори, објави Дојче Веле.Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ не биле достапни за DW на македонски да одговорат какви се резултатите од анкетите спроведени по нивно барање.Извори од СДСМ велат дека не коментираат други анкети. По нивно барање досега се спровеле повеќе истражувања на јавното мислење преку различни агенции, а добиените споредбени резултати целосно се совпаѓале. Сите тие истражувања на јавното мислење биле спреведени теренски, според методот „лице в лице“ на примероци од најмалку 1.200 испитаници. Резултатите покажале дека Пендаровски во првиот круг ќе води со предност од 8 до 10% пред Силјановска и дека во вториот круг ќе влезе со предност од околу 90.000 гласови. Според тие истражувања, гласовите на Албанците во првиот круг ќе се поделат помеѓу Пендаровски и Река, во вториот круг гласачите на Река во најголем број би гласале за Пендаровски, а дел би апстинирале. Околу 80% од гласачите на ДУИ се изјасниле со сигурност ќе гласаат за Пендаровски уште во првиот круг, јави Дојче Веле.

Македонија | пред 6 години

siljanovska-davkova

Силјановска: Дали е власта тотално неспособна, па нејзиниот кандидат за претседател е загрозен?

„Демокрација“ од Словенија објави интервју со кандидатката за претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова во кое таа истакна дека ЕУ е далечна цел за Македонија и дека препораки за почеток на преговори Македонија нема да добие ни на следниот самит.„Во НАТО ќе влеземе, но тоа е полесниот дел од задачата, бидејќи зависи од геополитички околности. ЕУ е далечна цел со оглед на кршењето на сите Копенхашки критериуми во текот на изминатите две години. Затоа, препорака за почеток на преговори, Македонија нема да добие ни на следниот самит. Со поразот на оваа власт, ќе се фокусираме на реформите потребни за членство во ЕУ со поддршка на нашите партнери од регионот како Словенија“, вели Силјановска.„Во времето кога Македонија поднесе тужба пред Меѓународниот суд на правдата во врска со ветото на Грција на самитот на НАТО во 2008, имаше силни притисоци и критики, но ние го добивме спорот. Штета е што владата на Заев не знаеше да ги искористи тие аргументи“, вели Силјановска.Исто така таа запраша дали власта е тотално неспособна, па нејзиниот кандидат за претседател, Стево Пендаровски е загрозен.Пендаровски е човек кој израснал во безбедносните структури, од портпарол до национален координатор за НАТО, советник за национална безбедност, итн., и релативно доцна стана дел на академската фела. Интересен беше стартот на неговата (пред)кампања кога изјави дека е следен од некакви тајни служби, што мене лично ме наведе да прашам: дали има пилот во авионот? Дали е власта тотално неспособна, па нејзиниот кандидат за претседател е загрозен? Или станува збор за политичка пресметка? Јас само потсетувам дека за амбиентот за фер и демократски избори е одговорна актуелната влада“, вели Силјановска

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Пет сообраќајки во Скопје во изминатите 24 часа

Во текот на изминатиот ден (27.03.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 51 возач управувал возило со брзина поголема од дозволената.Од сообраќај се исклучени 13 возачи од кои 12 управувале возило без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден бил возач почетник.Исто така, исклучени од сообраќај се и 11 возила бидејќи девет возила биле нерегистрирани и две возила биле технички неисправни.Санкционирани се двајца возачи поради неправилно престројување, четворица поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци на пешачки премин, еден возач поради неносење заштитен шлем при управување на мотоцикл, 13 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 14 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во текот на изминатиот ден издадени се 114 мандатни платни налози и 76 возила се подигнати со специјално возило "пајак".Изминатиот ден се случиле пет сообраќајни незгоди во кои четири лица се здобиле со телесни повреди.

Скопје | пред 6 години

krsto-mukoski2-696x367-1200x545_c

Мукоски: Не сум размислувал за враќање во ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот Крсто Мукоски во изјава за „Независен“, соопшти дека не размислувал за враќање во ВМРО-ДПМНЕ.„На средбата воопшто не стана збор за наше враќање во партијата, ниту пак, претходно сме разговарале за тоа“, истакна Мукоски.Мукоски е дел од групата на осум пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, кои беа беа исклучени бидејќи гласаа за уставните измени.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Зекири: Побарав да се влезе во ИВЗ затоа што имаме дoкaзи за злоyпотреба од поглаварот

Пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зекири во дебата со пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на МРТ повторно го критикyваше поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи. Тој истакна дека поседуваат дoкaзи за злoупотреба на ИВЗ од актуелниот поглавар.„Антонио Милошоски и македонската јавност знаат многу добро, кога јас лично како пратеник на пратенички прашања го поставив прашањето дека државата мора да влезе и да проверува во верските заедници. Почнувајќи јас како припадник на исламската верска заедница побарав да се влезе во ИВЗ, затоа што верниците муслимани имаат и имаме дoкaзи за злоyпотреба на таа институција од сегашниот поглавар“, изјави Зекири.

Македонија | пред 6 години

bogojeski

Богојевски: Лажните вести се еден од столбовите на „груевизмот“

Петар Богојевски, активист на ВМРО-ДПМНЕ вели дека карактеристиките на „груевизмот“ во Македонија е обидот масовно да се изманипулира вистината и таа успешно да се продаде на граѓаните.-Она што остана одлика на „груевизмот“ е обидот масовно да се изманипулира вистината. Ние успеавме во времето на Груевски да прикажеме во Македонија дека сме трети по развој во Европа, пред Германија. До толку бевме усовршени, што успеавме да ги убедиме дека сме пред Германија, за наеднаш сега да сме последни во Европа. Такви осцилации во економски развој е невозможно. Тоа како пример покажува дека она што значи пропаганда – пласираните лажни вести е еден од столбовите на „груевизмот“, изјави Богојевски во емисијата „Печат на неделата“ на 1тв.

Македонија | пред 6 години

Slika-Pavle-25-02

Богоевски за истрагата на судиите: А, што мислеа дека ќе им останат становите и парите?

Пратеникот Павле Богоевски на Фејсбук ја коменира најновата истрага на антикорупциската комисија за имотот на судии:„Поранешниот Претседател на Кривичниот суд, Панчевски -преку кого (не) поминуваа сите случаи на СЈО и на злоупотреба на претходната власт, се жали дека Антикорупциска го клевети со истрагата на имотот на судиите.Вели дека до сега бил повикан на разговор само за злоупотребите на АКМИС системот, но не и за дело на корупција (па поради тоа не смеело ниту да се збори за негова евентуална корупција).Знаеме дека ги местеа случаите кај нивни судии за да предметите завршат како што тие сакаа, тоа ни Панчевски не го спори.Во истрагата на Антикорупциска треба да се утврди кој колку ќарил за тоа.А, што мислеа, дека ќе им останат становите и парите што ги наплатија за уништувањето на судството???Има уште многу работа на ова поле. Верувам дека ова е само почетокот во истражувањето на богатењето кај минатите (и сегашни) функционери“, пишува Богоевски.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања