ГЛАВНИ-ВЕСТИ

zaev-za-kandidat

Роберт Милески: Фирмите на Заев годишно прават обрт од најмалку 300 милиони евра

Бизнисменот и активист Роберт Милески на својот Фејсбук профил објави статус каде му честита на Заев по вчерашниот дуел каде тој призна дека неговите фирми плаќаат 10 милиони евра данок годишно.„Инаку една работа морам да му ја честитам на Заев. На синоќешниот дуел изјави дека неговите фирми плаќаат 10 милиони евра данок годишно. Според тоа, само добивката му е 100 милиони евра годишно, а со проста екстраполација тоа значи дека неговите фирми прават обрт од најмалку 300 милиони евра годишно.Јас во Македонија на времето успеав да правам добивка од една солидна плата за мене и уште двајца луѓе. И тоа со тешки маки“, стои во Фејсбук статусот на Милески.

Македонија | пред 6 години

vreme

Денес променливо облачно време, утре пораст на температурите

Времето во земјава ќе биде променливо облачно време, повеќе облачност ќе има во јужните делови каде што ќе има услови за слаб локален дожд, а на планините слаб снег.Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет степени, а дневната температура од седум до 16 Целзиусови степени.Во Скопје ќе биде променливо облачно време со дневна температура до 16 степени. Во Маврово дневната температура ќе биде 7 степени, Охрид 11, Битола 12, Кавадарци 15, Крива Паланка 13, Берово 9, Дојран 15.Од утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец. Дневните температури ќе бидат во пораст – Скопје 17, Маврово 8, Охрид 12, Битола 15, Кавадарци 17, Берово 10, Крива Паланка 15, Дојран 18.

Македонија | пред 6 години

zaev-kasami

Заев денес на средба со Касами и Села

Заев се очекува да се состане со претседателот на движењето Беса, Билал Касами, со почеток во 9 часот, додека со почеток во 10 часот се очекува да се сретне со лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села.Toj ќе се сретне со лидерите на албанските опозициски партии со цел обезбедување поддршка за новиот Закон за јавно обвинителство и решавањето на статусот на СЈО преку истиот.Денес во 18 часот работните групи на Владата и на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Министерството за правда ќе имаат трета средба за изнаоѓање решение за законот за јавно обвинителство.

Македонија | пред 6 години

vmro-dpnacii

ВМРО-ДПМНЕ преку сметки за донации собира пари за кампањата на претседстелските избори, но и за избори на градоначалниците.

Овој повик е јавно објавен на социјалните мрежи, од страна на партијата. Впишани се трансакциските сметки и банката каде може да се уплатат средствата.Под објавата, граѓаните критикуваат.“Не ви е срам бе арамии, деца умираат оти немаат пари за операција, вие пари берите за избори, апаши”, е еден од коментарите.Досега не се памети, опозициската партија јавно да објави сметки за донации.СЈО веќе води постапка за финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ, под кодно име “Талир”. За перење пари, првоосомничен е лидерот, Никола Груевски. Според СЈО, тој знаел дека партијата се финансира спротивно на законот, но сторил кривично дело „Злоупотреба на службена положба“ и дозволил ВМРО да се финансира со незаконски капитал. Осомничени се вкупно 14 лица.

Македонија | пред 6 години

kucinja-Ohrid

Кучиња нападнаа четиригодишно дете на плоштадот во Охрид

Денес околу 12 часот и 30 минути на централниот плоштад во Охрид глутница кучиња скитници нападнаа дете и мајка.Детето кое е на четири годишна возраст го спасиле таксистите кои ги мавале кучињата со клоци, по што со такси детето е превезено до Брза Помош во Охрид.Извршен е преглед врз детето при што констатирани се повреди на грбот и половината.Информацијата за Скопје1 ја потврдија од Брза Помош во Охрид од каде не информриаа дека детето е редовно вакцинирано и има примено вакцина против тетанус, па од тие причини не е упатено на натамошен третман.

Македонија | пред 6 години

2-13

Заев по дуелот со Мицкоски - Нормален ми е притисокот

Премиерот Зоран Заев се пофали дека притисокот му е 120 со 80 попладнево на Фејсбук, по вчерашниот ТВ дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Заев денеска во Штип со министерот за здравство Венко Филипче ги посетија штандовите на кои студентите ги презентираа програмите за новата студиска година. На еден таков штанд, на премиерот и му беше измерен притисокот.Инаку Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска присуствуваше и се обрати на свечената академија по повод 12 години од основањето на Универзитетот „Гоце Делчев“, што се одржа во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип.Пред свето обраќање кон присутните студенти, академици, ректори, проректори, декани, професори од другите приватни и државни универзитети, претставници на државни институции и граѓанскиот сектор, премиерот Заев ги разгледа штандовите на факултетите на УГД Штип, поставени пред Центарот за култура, заедно со ректорот, проф. Д-р Блажо Боев и градоначалникот на Општина Штип, г. Благој Бочварски.Во своето обраќање, премиерот Заев ги истакна определбата и заложбите на Владата не Република Северна Македонија за јакнење на квалитетот и подобрување на материјалната поддршка на високото образование и науката.

Македонија | пред 6 години

crkva

Жител на Јурумлери осомничен за кражба на 150.000 денари од црква

Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против едно 36-годишно лице осомничено дека сторило кривично дело – Тешка кражба, предвидено и казниво согласно член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, ноќта меѓу 22 и 23 март годинава, насилно ја отворил влезната врата на црквата „Св. Петар и Павле“ во Ѓорче Петров и влегол внатре. Потоа со погоден предмет делувал на дрвената каса, ја отворил и од неа одзел 120.000 денари. По ова, тој се упатил кон внатрешната продавница во склоп на црквата, исто така насилно ја отворил и од фиоката одзел уште 30.000 денари. Веднаш по кражбата, осомниченото лице го напуштило местото на настанот.Особено имајќи го предвид фактот дека се работи за сторител кој досега е осудуван за истородни и други кривични дела, надлежниот јавен обвинител ценеше дека постои опасност осомничениот да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, па до судот достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Скопје | пред 6 години

papa-francisk

(ВИДЕО) Папата Францискo ги налути верниците, не дозволи да го бакнат неговиот прстен

Папата Францискo е снимен како ја трга раката кога верниците се наведнуваа да го бакнат неговиот прстен. Снимката е направена за време на еднодневна посета на базиликата Лорето во близина на Анкона, на источниот брег на централна Италија.По оваа снимка која се шири на социјалните мрежи поглаварот на Римокатоличката црква наиде на критика од конзервативните верници, кои веруваат дека папата сака да ја искорени оваа традиција во иднина.Додека некои медиуми известуваат дека папата тој ден ги одбил сите верници кои се обиделе да го бакнат неговиот прстен, Би-би-си пишува дека сè се одиграло малку поинаку.На снимката се гледа дека откако однесувањето на папата се променува, се променува и движењето на луѓето во редот се забрзува.Ватикан не открива зошто Папата толку не сакаше некој да го бакне прстенот, но негов помошник, под услов за анонимност, рече: ,,Понекогаш му се допаѓа, понекогаш не. Тоа е навистина толку едноставно “.Папскиот прстен, познат и како Рибарски прстен, е вграден во католичката традиција и е предмет на некој необичен протокол.Кога еден папа умира, прстенот веднаш се уништува за да се осигура дека при изборот на новиот Папа никој нема да се обиде да фалсификува официјални документи.

Свет | пред 6 години

and-dukov-za-skopje-1

(ФОТО) Гори охридскиот брег кај Андон Дуков

Голем пожар кај Андон Дуков. Во моментов со огнената стихија се борат пожарникарите од противпожарната служба од Охрид. На терен се со две возила. Тие се обидуваат да го локализираат пожарот и да го спречат да ги зафати објектите.Гори нискостеблеста вегетација, но и големите дрвја кои ги има многу во овој дел на Охрид.В.д градоначалникот Константин Георгиски во моментов е лице место кај пожарот Андон Дуков.Локалните служби се екипираат за да им се олесни рабоатата на противпожарната служба. Цистерната од ЈП Охридски комуналец врши дотур на вода во против пожарните возила, за да не се губи време во полнење со вода на истата.Со огнената стихија се борат пожарникарите од противпожарната служба од Охрид. Тие се обидуваат да го локализираат пожарот и да го спречат да ги зафати објектите. Но, покрај нискостеблеста вегетација, и големите дрвј изгореа и бараки.Очевидци раскажуваат дека жива изгорела и живина во кокошарници.   

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Седум сообраќајки во текот на вчерашниот ден, четири лица се повредени

Четири лица се здобиле со лесни телесни повреди во четири од вкупно седум сообраќајки во текот на вчерашниот ден. Во три била причинета материјална штета.Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 40 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, седум возачи поминале на крстосница на црвено светло, четворица возачи за неправилно престројување, двајца возачи за неправилно престигнување,  двајца возачи не дале првенство на минување на возила во зона на крстосница, 11 возачи за не носење заштитен шлем, осум возачи за не  користење сигурносен појас и 44 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.Од сообраќај биле исклучени еден возач кој го управувал возилото под дејство на алкохол, 22 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца почетници, како и пет технички неисправни и 18 нерегистрирани возила.Затекнати биле 104 возила непрописно паркирани, а со помош на  специјалното возило „пајак“, отстранети биле 88 возила.

Скопје | пред 6 години

saso-tasevski

Тасевски за преработката на „Некст тајм“: Да те питам бабо, колку ти платија за да смениш исказ?

И покрај тоа што реакции за преработката на Нешто ќе те питам бабо на браќата Мартин и Стефан од Некст тајм главно се позитивни, барем оние најгласните, актерот Сашо Тасевски на својот Фејсбук профил со малку поинаква реакција:„А бе бабо, нели прво Гоце Делчев рече дека ти дошол на вечера и масажа. Од каде сега Тодор Александров. Кажи мори бабо колку ти платија Некст Тајм да смениш исказ и да кажеш дека со Тодор Александров си била таа ноќ? Немој така бе бабо, не е убаво. Утре некој друг ќе направи песна у која на гости ќе ти дојде Цар Борис лично.Да те питам мори бабо, зошто на млади луѓе, талентирани музичари, толку им е важно да препеат песна за некоја сподоба, која со сила сакаат да ја прикажат како херој на кого му ја должиме државноста. Дечки од Некст Тајм кој ви дава пари да се идеологизирате и да си го валкате музичкиот опус со ликови кои ниту нивното време ги оправдало, ниту историјата, а за нашето пак, се тотално неважни. Нели рокери бевте? Ганс анд роузис, ово оно… Кога отидовте у блгарски врховисти?За кого го направивте препевот? За новите генерации што растат со фортнајт и мајнкрафт и чии процесори работат во тера бајти? Што ќе научат од тој препев? Чуму? За кого бе? Па уште промоцијата на новиот спот за Тодор Александров во Драмски театар. Онака, лабаво, пред избори. Јебо вас Тодор Александров, да вас јебо. Сите до еден“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

55529778_10158696172159466_2159142980970086400_o

Мицкоски: На Заев му беше срам да изусти дека Македонците во Егејскиот дел зборуваат македонски јазик

По ТВ дуелот со премиерот Зоран Заев, на Фејсбук се огласи Христијан Мицкоски.- На Заев му беше срам, се плашеше, се препелкаше, не сакаше да изусти дека Македонците во Северна Грција, во Егејскиот дел на Македонија зборуваат македонски јазик, затоа што со договорот ги избриша. А неговиот министер прати дипломатска нота во која што појаснуваше дека не е тој народ македонски, туку дека станува збор за етницитет“, напиша Мицкоски.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Зекири: ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да дојде на власт додека Мицкоски е претседател

За време на вчерашниот ТВ дуел помеѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски, на својот Фејсбук профил се огласи пратеникот Мухамед Зекири кој на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му порача дека оваа партија никогаш нема да дојде на власт додека тој е претседател.„Mицко ќе го поништел договорот со Грција кога ќе дошол на власт...цццКажете му дека нема да дојде никогаш на власт ВМРО додека он е претседател на оваа партија!!!“, напиша Зекири на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

Renata-Deskoska-nov-min-za-pravda-1-bg_resize

Дескоска: На ВМРО-ДПМНЕ саатот им доцни најмалку 4 часа

Министерката за правда, Рената Дескоска, вели дека ВМРО-ДПМНЕ живее во паралелна реалност, алудирајќи на тврдењето на лидерот, Христијан Мицкоски, кој во вечерашната дебата на Канал 5 рече дека партијата поднела 65 амандмани за Законот за јавно обвинителство.Министерката на својот фејсбук профил напиша дека на ВМРО-ДПМНЕ им доцни саатот најмалку 4 часа.„На вистинско место – на театар, додека надвор се случувала вистинска драмолетка околу амандманите. Денеска ВМРО-ДПМНЕ два пати покажа дека живеат во паралелна реалност: прво тврдеа дека сме прифатиле нешто што никогаш не сме им прифатиле. Вечерва тврдеа дека доставиле во пишана форма амандмани во Министерството, па потоа рекоа дека пратиле на мејл. Ама дознавме и дека не живеат само во паралелна реалност, туку и саатот им доцни – најмалку 4 часа. Но, според постапките изгледаат изгубени и во времето. Само не ми е јасно зошто им требаше целата оваа драмолетка?!“, пишува Дескоска.

Македонија | пред 6 години

mkd-414554

Заев до Мицкоски: Мрчите за пресудите од 27 април

Вие до денес јавно не го осудивте насилството, му рече премиерот Зоран Заев на опозицискиот лидер Христијан МИцкоски во вториот дел на ТВ дуелот на Канал 5.До денес јавно не го осудите насилството, лузните мои кои ги гледате, крвта која се пролеа на столбовите на македонската демократија. Дали јавно го осудувате тоа што се случи на 27 април"?, го праша Заев директно Мицкоски.„Насилствотот сум го осудил и пак го правам тоа. Го осудвам и поводот за да се изврши тоа насилство како и висината на казните. Имаме повратници учесници во ИСИС кои имаат помали казни од Ангелов или Чавков. Вие знаете дека има закани кон мене од припадници на групата осудена за Диво Насеље. Дали го осудувате тоа", реплицираше Мицкоски.„Да, ама не како вас. Вие осудувате за насилство, а мрчите за пресудите", одговори Заев.На ова Мицкоски реплицираше дека некако имал чувство како да биле блиски со Заев, оти му се обраќал со зборот „мрчите“.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања