ГЛАВНИ-ВЕСТИ

nezavisni

Мицкоски: Би бил незрел политичар ако речам дека не би ги вратил осумтемина пратеници

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување на Канал 5 рече дека постои можност осумтемина пратеници кои беа исклучени од партијата, да бидат вратени.-Секогаш во животот постојат работи што имаат реверзибилна насока. Би бил незрел политичар ако речам дека не би ги вратил. Апсолутно е можно, секогаш постојат секакви можности – рече Мицкоски.Тој додаде дека на средбата со оваа независна пратеничка група ги презентирал принципите на ВМРО-ДПМНЕ за реформските закони, но и за Законот за јавно обвинителство, кое ќе ја дефинира иднината на СЈО.

Македонија | пред 6 години

vojnik-arm

На Лазаровска и се заканува отказ, таа тврди дека Фејсбукот и бил хакиран

Некој ми го хакирал Фејсбук профилот или направил паралелен како да е мој и ја напишал недоличната порака „да му даде Нобелова награда за храброст на напаѓачот во Нов Зеланд“, вели професионалниот војник Татјана Лазаровска од Битола, пишува порталот Сакам да кажам.Лазаревска, како што најави Министерството за одбрана ќе добие отказ поради говорот на омраза на социјаните мрежи.Лазаровска, која десет години работи во АРМ, вели дека таа не е автор на таквата порака и случајот веќе го пријавила во СВР Битола.– Претходно имав ситуација на работа и разговарајќи со старешини им кажав дека ми се бришат и се додаваат личности од фејсбук, но не обрнував внимание зашто јас немам некои информации да пренесувам таму. Не ни помислив дека до вакво нешто може да дојде. Како припадник на АРМ ми е непријатна цела ситуација и срамно е. Како православен христијанин сметам дека не е долично, припадниците на православната вера знаат дека ние верниците не се повикуваме на убиство и насилство врз која било вера и нација – вели Лазаровска.

Македонија | пред 6 години

bolnica-ohrid

Поранешниот директор на ЈЗУ „Општа болница“ и неговиот заменик ја оштетиле болницата за над 1,2 милиони денари

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело ,,несовесно работење во службата“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против Љ.А.(62), М.К.(60) и Г.С.М.(47), сите од Охрид.Од ноември 2013 до август 2017 година Љ.А. и М.К. во својство на директор и помошник директор за економски работи на ЈЗУ „Општа болница“ Охрид, со пропуштање на должен надзор во вршењето на службените овластувања, на Г.С.М. и овозможиле продолжување на времетраењето на нејзините докторски специјализации од максимум утврдениот рок од 60 месеци и не ја задолжиле да се врати на работното место општ доктор во болницата.Наместо тоа, Љ.А. и М.К. и овозможиле да остане уште 46 месеци на сметка на болницата исплаќајќи и плата и надоместоци без извршени работни задачи. На тој начин, тие и нанеле штета на ЈЗУ „Општа болница “Охрид од вкупно 1.240.727,оо денари.

Македонија | пред 6 години

vojnik-arm

Дискиплинска комисија ќе одлучува дали професионалниот војник ќе добие отказ

Против професионалниот војник Татјана Лазаровска ќе биде поведена дисциплинска постапка и ќе биде предложена најстрога казна, односно најверојатно ќе и се прекине ангажманот во Армијата на Република Македонија, откако таа преку статус на Фејсбук шири говор на омраза со повикот да му се даде Нобелова награда на напаѓачот од Нов Зеланд, каде беа убиени 50 лица.Дисциплинската комисија од Генералштабот ќе одлучува дали на припадничката од минофрлачката единица во Кичево ќе и врачи отказ, а додека се води постапката таа не смее да користи оружје.„Генералштабот на АРМ до Дисциплинската комисија има дадено насоки во рамките на законските регулативи и надлежности да се изрече најригорозна казна бидејќи со непримерното однесување од страна на вработениот припадник е нарушен угледот на Армијата. Дополнително, изречена е забрана до формациско оружје како претпазлива мерка.“ – стои во соопштението на Генералштабот на АРМ.

Македонија | пред 6 години

tatko-i-bebe1

И татковците ќе одат на породилно отсуство

Освен деветмесечното породилно отсуство за мајките – и татковците ќе добијат зелено светло да не доаѓаат на работа веднаш штом добијат принова во семејството.Правото на породилно отсуство од девет месеци за жените да остане исто, а мажите да добијат право на еден задолжителен месец породилно кој ќе следува веднаш по раѓањето на детето како и дополнителни три месеци, е предлог модел на „Реактор – Истражување во акција“ за Споделено родителско отсуство.Во Македонија и порано имало обиди да се изменат законите и нормите и да им се дозволи и на татковците да можат да се грижат за децата уште од нивното раѓање. Но, тоа никогаш не се остварило. За да има кој да се грижи за детето, мајката е приморана да не оди на работа.

Македонија | пред 6 години

dzamija-najnova

ИВЗ е категорична, компромис нема - градежните работи на џамијата во Охрид нема да престанат

ИВЗ е категорична, градежните работи за реставрацијата на Алипашината џамија во Охрид и изградбата минаре  се во тек и нема да престанат.  Тие додаваат дека по однос на ова прашање нема компромис. Изградбата нема да се стопира.Од Верската заедница велат дека реагирале до Владата со писмо, затоа што според нив чашата се прелеала во моментот кога реставрацијата на Алипашината џамија и изградбата на минарето биле оспорени од здружението „Совест“.На 20 март се оствари средба меѓу претставниците на здружението Совест, в.д градоначалникот Константин Георгиески, помошник раководителот на секторот за урбанизам во општина Охрид Бранко Арнаудов, директорката на завод и музеј, Елеонора Новаковска и претсставниците од здружението „Совест“, Михаил Трендафилов, Михаил Арнаудов и Томе Џамтовски.По средбата беше кажано дека премиерот Заев им ветил дека ќе биде поставена жолта лента за забранет пристап до џамијата во Охрид, но такво нешто и по шест дена сеуште нема.Два дена по ова, од ИВЗ се обратија до Владата со писмо во која ја обвинуваат дека не е добро да поддржува оспорување на чувствата на еден народ.Од ИВЗ во писмото тврдеа дека за реконструкцијата  Али Пашината џамија во Охрид, имаат соодветна важечка градежна документација, со средства обезбедени од странска донација, која отежнато се користи поради како што велат бироктарскиот однос на надлежните државни институции. Наспроти тоа МПЦ , како што велат не дека ги има овие проблеми туку напротив е фаворизирана и привилигерина во секој поглед.Инаку Основото јавно обвинителство отвори предмет за градежните работи на џамијата, а обвинителот констатирал дека правното лице опфатено во истрагата нема правосилно одобрение од Министерството за транспорт и врски. Судот по барање на Обвинителството донел решение за забрана за преземање и изведување градежни работи на објектот. Но, решението не се почитува.Во предметот на Обвинителството опфатени се 8 лица, некои се физички, а други правни субјекти. Меѓу нив се нарачателите и изведувачите на градбата. 

Македонија | пред 6 години

55932391_611884472620399_5243957620179468288_n-1

5 медали за 4 македонски репрезентативци

На турнирот „MASTER BJJ OPEN“ во Белград, Србија 4 македонски репрезентативци, членови на клубот „Д Стронгест & РУТС БЏЏ“ од Кисела Вода предводени од селекторот Ивица Алексовски освоија 5 медали. Во категорија на возрасни со 4 натпреварувачи освоија 4 место.-Во Белград настапивме со 4 репрезентативци, членови на нашиот клуб. Во категорија на возрасни натпреварувачи со 4 наши членови освоивме 4 место. Ева Илиевска со 5 победи успеа да освои 2 златни медали, Ненад Мрчковски кој за првпат се натпреваруваше на меѓународен турнир се закити со златен медал во катергорија на мажи – 70 кг., бел појас, додека во апсолутна категорија  освои 3 место. Михаил Поповиќ освои 3 место во категорија -70 мажи, плав појас, додека во апсолутната категорија загуби во полуфинале и во борбата за 3 место. Вања Милевски не успеа да освои медал, загуби во полуфиналниот натпревар, а потоа не се бореше за 3 место поради здравствени проблеми, изјави тренерот на „Д Стронгест & РУТС БЏЏ”, Ивица Алексовски. 

Спорт | пред 6 години

Нема фотографија

"Фејсбук" се налути, бриши лажни профили од Македонија, Косово, Иран и Русија

Социјалната мрежа „Фејсбук“ денеска објави дека укинува околу 2.600 кориснички профили и страници од Македонија, Косово, Русија и Иран, заради, како што се наведува, „координирано неавтентично однесување“."Reuters" пренесува дека оваа компанија објавила дека "вкупно 2.632 страни, групи и профили биле отстранети од Фејсбук и Инстаграм поради операции поврзани со споменатите земји".Се наведува дека "513 од тие профили биле поврзани со Иран, додека 1.907 биле поврзани со Русија".Компанијата навела дека страните и профилите се "отстранети поради однесувањето, а не поради содржината".

Свет | пред 6 години

2-2-1

Изгаснат пожарот во Потпелистерието

Пожарот кој вчера во попладневните часови го зафати атарот на потпелистерското село Ротино е целосно изгаснат. До доцна во вечерните часови екипите на терен пожртвувано се справуваа со огнената стихија, која, на моменти, поради силниот ветар, се закануваше да ја зафати и моликовата шума на Националниот парк „Пелистер“.Утринава, во кабинетот на градоначалничката Наташа Петровска, дел од кризниот штаб информораше за превземените чекори во акцијата за гаснењето на пожарот. Командирот на ТППЕ Битола Костадин Поповски истакна дека во текот на вчерашниот ден, на територијата на Општина Битола биле пријавени осум пожари, случај кој не е евидентиран ниту во најжешките месеци од годината. Според него, само два се евидентирани како пожари предизвикани од запалени стрништа, додека останатите се претпоставува дека се намерно предизвикани. Општина Битола писмено ќе се обрати до СВР Битола, со цел да се превземат соодветни чекори за поголема контрола на терен, согласно законските прописи.Пожари имало во селата Жабени и Св. Тодори, во околината на селата Драгожани, Беранци, Цапари и Ротино, месноста Дебел рид и во градот кај Хотел Битола. На терен, покрај 20-те пожарникари со 5 противпожарни возила, учествуваше и едно противпожарно возило од РЕК Битола, од Општина Ресен, возила на јавните претпријатија со нивни вработени лица, како и вработените во НП „Пелистер“, кои на терен одиграле важна улога во спречувањето пожарот да се прошири кон Националниот парк. Во пожарот нема изгорени индивидуални објекти, а гореше папрат и смрека.

Македонија | пред 6 години

trska-pozar

ОЈО Струга поведе постапка против две лица за сечење на трската од езерското крајбрежје

На 16.03.2019 година двете лица се забележани како уништуваат добро под привремена заштита, односно природна реткост. Имено, еден од осомничените во близина на плажата „Версус“ со кајче влегол во езерото и со срп ја сечел трската. Вториот осомничен го нарачал сечењето на трската со намера да се сопре природниот раст. Со ваквите дејствија осомничените постапиле спротивно на Законот за заштита на природата, во кој Охридското Езеро е класифицирано како споменик на природата и каде не се дозволени активности со кои се загрозуваат неговите обележја и вредности.Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга против двајцата осомничени започна постапка заради постоење основано сомнение за сторено кривично дело – Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости по член 264 од Кривичниот законик.Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка и против инспектор по природа од Министерството за животна средина за сторено кривично дело – Попречување на правдата од член 368-а од Кривичниот законик. Предметот е отворен затоа што осомничениот одбил да излезе на лице место во моментот кога се сечела трската и да преземе дејствија по барање на јавниот обвинител.Во изминатиот период Основното јавно обвинителство Струга интензивно ја следи ситуацијата со уништувањето на трската на езерското крајбрежје, за што се издадени наредби за засилен надзор. Истовремено, до полициските службеници се издадени насоки за натамошно постапување во насока на откривање на сторителите и на прибавување докази. 

Македонија | пред 6 години

Goran-Rafajlovski

Горан Рафајловски: Оваа влада има лоша економска политика од почетокот до сега

Во вчерашната емисија „Тренд анализа“ на ТВ 24 Вести, гостуваше Горан Рафајловски кој посочи дека оваа влада досега има само лоша економска политика.„Сé што вети оваа влада е многу далеку од остварување, реално е многу далеку“, истакна Рафајловски.Рафајловски појасни дека за да можете да го оптеретите бизнисот и да побарате да се издаде по 500 евра плата, што е изводлива можеше да се направи тоа на поинаков начин.„Првиот начин е ако веќе го притискате да даде поголеми плати тогаш немојте да го притискате на темата на даноци и да ги зголемувате даноците. Значи не може од двете страни да го притискате. И тоа се случи со 18% персонален, се случи со зголемување општо на даноци кои не се така мали.  Економија не познава социјални партии, економија познава добра или лоша економија. И во оваа ситуација имаме лоша економска политика од почетокот до сега“, посочи Рафајловски.

Македонија | пред 6 години

soobrakajka

Осум сообраќајки во Скопје, шест повредени

Шест лица се здобиле со лесни телесни повреди во пет од вкупно осум сообраќајки во текот на вчерашниот ден. Во три била причинета материјална штета.Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 37 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, четворица возачи поминале на крстосница на црвено светло, шест возачи не дале првенство на минување на обележан пешачки премин, еден возач за неправилно престројување, еден возач за неправилно престигнување,  еден возач не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница, двајца возачи за не носење заштитен шлем, осум возачи за не  користење сигурносен појас и 18 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.Од сообраќај биле исклучени 18 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, како и четири технички неисправни и 14 нерегистрирани возила.Санкциониран бил и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин.Затекнати биле 98 возила непрописно паркирани, а со помош на  специјалното возило „пајак“, отстранети биле 66 возила.

Скопје | пред 6 години

zaev-micko

Денеска ТВ дуел Заев-Мицкоски

Денеска во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 најавен е ТВ дуелот на премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев и Христијан Мицкоски.Се очекува најполемизирани теми да бидат судбината на СЈО, Преспанскиот договор, осудените од „27 април“, економските политики, доделувањето на датум за преговори со ЕУ, партиските вработувања, претседателските избори и друго.Ова ќе биде второ соочување на двајцата политички лидери, по ланското на јавниот национален сервис.

Македонија | пред 6 години

prestrelka

Напаѓачите на избоденото момче направиле сообраќајка по крвавиот инцидент

По инцидентот во дискотека во село Марино, каде беше избоден 27-годишниот полициски службеник Фили Филиповски, неговите напаѓачи доживеале сообраќајна несреќа, потврдуваат од МВР за „Фокус“. Од таму додаваат дека сообраќајката поминала без потешки повреди и само е причинета материјална штета.За нападот се осомничени браќања Александар и Јордан Цветковски, синови на поранешниот градоначалник на Петровец, Звонко Цветковски, кој истовремено е и советник во МВР.Браќата Цветковски по инцидентот беа приведени, но притвор не им беше одреден.Таткото на Филип, Гоце Филиповски, тврди дека ножот со кој бил извршен нападот се уште не е пронајден.

Македонија | пред 6 години

grubi

Груби: Како што Талат Џафери стана прв министер за одбрана, така ќе успееме да имаме и Гувернер

Принципот на консензуалност ќе ни донесе гувернер на НБРСМ да биде Албанец, изјави пратеникот на ДУИ, Артан Груби, во вечерашниот дебатен магазин “Click Plus” на ТВ 21.-Како што Талат Џафери стана прв министер за одбрана, Агим Нухиу прв министер на МВР, народниот правопранител е Албанец,  така ќе успееме да имаме и Гувернер – рече Груби.Тој додаде дека во 2014 година Пендаровски бил партиски канидат на СДСМ, додека сега неговото кадидирање било концепт кој ќе го промовира ДУИ.Во дебатата гостуваше и градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, кој рече дека во 2014 година кога Пендаровски беше канидат за претседател, во вториот круг гласал за него.Половина од членството на ДУИ ќе гласа за Блерим Река, рече вечерва Арбен Таравари

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања