ГЛАВНИ-ВЕСТИ

vreme

Облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег

Денес времето ќе биде променливо облачно, попладне во западните делови со локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови значително намалување на дневната температура, особено во северните делови. Температурата ќе се движи од 10 до 18 степени.Во Скопје облачно време со температура од 6 до 15 степени.Под влијание на значително постудена воздушна маса до четврток ќе има зголемена облачност, во западните и јужните делови со слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе се намали за околу 10 степени во однос на вчерашната. Од петок утринските температури на места ќе се спуштаат и под нулата, а дневните ќе бидат во пораст.

Македонија | пред 6 години

pozar-1

Пожар го зфати Потпелистерието

Голем пожар попладнево го зафати Потпелситерието, лоциран во атарот на селото Ротино. Екипите на Територијалната противпожарна единица од Битола веднаш се упатија на терен, но поради засилениот ветер, пожарот бргу се прошируваше и претставуваше опасност да ја зафати моликовата шума.Имајќи ги во предвид околностите дека се работи за тешко пристапен терен и покрај ангажираноста на противпожарните служби, јавните претпријатија на локално и државно ниво, надлежните служби за заштита, спасување и ЦУК, локализирањето и гаснењето на пожарот е исклучително тешко.Кризниот штаб за заштита и спасување при Општина Битола одржа состанок под раководство на градоначалничката Наташа Петровска и донесен е едногласен заклучок дека е потребно ангажирање на ДЗС со активирање на механизирани средства кои би дејствувале од воздух.Во моментов на терен пожарот го гаснат екипи на ТППЕ, едно противпожарно возило од РЕК Битола и едно од Општина Ресен, а во акцијата се вклучени и вработените во НП Пелистер, како и локалното население.Од ТППЕ Битола информираат дека во текот на денот имале шест противпожарни интервенции. Покрај големиот пожар во Ротино, екипите на терен гаснеле пожари во Ниже Поле, Драгожани, во Мариовскиот дел и во градското подрачје.

Македонија | пред 6 години

micko-sjo-nezavisni

Катица повторно ги спои „независните“ и Мицкоски, оти Заев спрема двотретинско мнозинство за СЈО

По денешната средба помеѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и независната осумка во Собранието, извори за „Скопје 1“ немаше многу информации за тоа кои биле точните теми на кои се разговарало.Според извори на „Скопје 1“ блиски до независните пратеници, главниот фокус бил ставен на законот за Специјалното јавно обвинителство. Имено, Мицкоски го испитувал теренот и мислењето на пратениците, дали тие ќе дадат поддршка за овој закон, кој е нивниот став, дали се спогодиле со Заев, но и дали ќе дадат свои амандмани на законот.Главната цел на ВМРО-ДПМНЕ  е независните пратеници да ги поддржат барањата на партијата, кои пред извесно време се доставени до Владата, но Заев не ги прифаќа. Средбата ја иницирал Мицкоски, а кој ќе биде епилогот, ќе се види откако осумте пратеници ќе разговараат меѓусебно.Станува збор за осумте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, кои во последен момент се премислија и го прифатија договорот за името со Грција, по што веднаш беа исклучени од партијата.Новата пратеничка група е составена од 7 членови на ВМРО-ДПМНЕ и еден пратеник од Социјалистичката партија кои гласаа за потребaта од уставни измени, а ќе биде предводена од Елизабета Канческа Милевска. Освен неа во групата се и Владанка Авировиќ, Зеќир Рамчиловиќ, Емилија Александрова, Нола Исмајлоска Старова, Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов.

Македонија | пред 6 години

viber-image-2019-03-25-12.42.52

Ждрепката помина, се знае редоследот на кандидатите за градоначалник на избирачкото ливче

Извлечени редните броеви за избирачкото ливче за општините каде ќе се одржи избор за градоначалник. Денеска партиските претставници ги извлекоа редните броеви на кандидатите.Под број 1 ќе биде кандидатот на ДУИ, Број 2 кандидатот на Алијансата за Албанците, Бројот 3 за Демократите, Бројот 4 за ГДУ, Бројот 5  за ВМРО ДПМНЕ, Бројот 6 за Беса, Бројот 7 за СДСМ.Според овој редослед, за Охрид листата би изгледала вака:Број 3,  Стево Стевоски  - Демократи,Број 4, Михаил Трендафилов Нанче – ГДУБрој 5, Митре Милошевски  - ВМРО ДПМНЕБрој 6, Константин Георгиевски – СДСМ и коалицијтаИзвлекувањето на бројчињата за кандидатите-градоначалници се одржа денеска во просториите на Државната Изборна Комисија во Скопје.Избори за градоначалник ќе се одржат во три општини каде во моментов има вршители на должноста.Во општина Ново Село поради оставка на градоначалникот, а во Дебар и Охрид поради починување на градоначалниците. 

Македонија | пред 6 години

DSC_0933

Влада: Нема легализирање на марихуана за рекреативни цели во Охрид и Струга

Од Владата ја демантираат информацијата на ТВ21 дека наскоро ќе се легализира марихуаната за рекреативни цели во туристичките места. Според Владата, такви анализи не биле правени.„Станува збор за дезинформација. Не постојат тековни владини анализи за легализирање на марихуаната за рекреативни цели. Владата останува на почитување на постоечката регулатива со која во земјата е дозволено производство на канабис исклучиво во медицински цели“, велат од Владата.Претходно беше објавено дека за почеток легализацијата ќе биде во Охрид и во Струга, со цел да привлече повеќе туристи

Македонија | пред 6 години

stevo-pendarovski-1

(ВИДЕО) Пендаровски најавуваше: Мора да му земеме мерка на тој човек што ќе го смени името на државата

На социјалните мрежи се шири видео изјава од кандидатот на СДСМ и ДУИ за Претседател на Македонија, Стево Пендаровски во кое тој, додека беше опозциоинер тврдеше дека граѓаните  мора да му „земат мерка“ на тој што ќе го смени името на државата.„Имавме 600 муабети за името. Ќе го смениш името, и никој нeма да знае и утре ќе се викаме нe знам како. Е нe може. Мораш да дојдеш во институциите. Во тој момент, јас ви тврдам, сите што беа десетици и десетици илјади луѓе, во мај, на 17 мај, и сите слободарски граѓани, колку и да звучи како фраза, душата ќе му ја извадат на тој што евентуално би го потпишал тоа. Нема да го остават во таа фотелја во која е. Јас не се сомневам, мислам дека шанси нема за такво нешто, а и ако има, во интерес на нашата заедничка иднина, ние мора да му земеме мерка на тој човек и на тие луѓе“ велеше Стево Пендаровскиhttps://www.facebook.com/skopje1mk/videos/770119490028006/

Македонија | пред 6 години

evro

Кривична пријава за перење пари

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против Н.Ш. (39) од Кичево, а поради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело - “перење пари и други приноси од казниво дело”, при што во периодот од 01.01.2016 до 24.08.2017 година во промет пуштил вкупно 63.845.147 денари или 1.038.132 евра, противправно стекнати парични средства.Имено, Н.Ш., основач и управител на друштвото ШЕЈДОТРАНС ДООЕЛ Кичево, со намера да се стекне со противправна имотна корист, во период од година и пол, односно од 01.01.2016 до 24.08.2017 година, во промет пуштал парични средства, противправно стекнати од деловни активности на правното лице, без притоа да ги евидентирал и уплаќал во целост во дневниот промет од деловните активности на правниот субјект. Наедно вршел и фалсификување на деловни книги и со тоа ја прикривал и намалувал даночната основица врз основа на која се пресметуваат и плаќаат даночните обврски по основ на данок на додадена вредност, данок на добивка и персоналниот данок.Пријавениот, со цел противправно стекнатите парични средства да ги сокрие од државните даночни органи, од комерцијални банки подигал кредити на негово име како физичко лице, како и на име на уште две лица, вработени во правниот субјект во негова сопственост, а кредитите предвремено биле отплаќани. Исто така, Н.Ш. со намера целокупниот износ на нелегално стекнатите парични средства да ги префрли на трансакциски сметки отворени на негово име во комерцијални банки во државата, извршил и повеќе раситнети трансакции „од“ и „кон“ правното лице ШЕЈДОТРАНС, а по негов налог еден дел од овие средства во износ на 500.000 евра, по наводен основ за “вложување во акции и удели“ биле префрлени на трансакциска сметка во Австрија, отворена на име на правно лице во Австрија во кое пријавениот се јавува како сопственик.

пред 6 години

skopje-12

Нови паркови во Скопје

Во Скопје се обновува и заштитува постојното и се подигнува ново зеленило. За само една година екипите на Град Скопје реконструираа 129.000 квадратни метри, а засадени се над 8.000 висококвалитетни садници на повеќе локации во градот.Градските власти велат дека акцент бил ставен на засадување нови дрвореди и обновување на постојните. Од оваа година Скопје е побогат и за неколку нови паркови.Екипите на Град Скопје работат на хортикултурно уредување на зелен плоштад на булеварот „Гоце Делчев“, на просторот зад Филхармонија. Во овој дел, на површина од 7.300 квадратни метри ќе се постави хидрантска мрежа и ќе се засадат стотина висококвалитетни листопадни садници.Со зеленило ќе се уреди и дворот на Министерството за култура. Зелената површина од 300 квадрати ќе ја разубават 20 висококвалитетни листопадни садници.На просторот кај последната постојка на автобусот со број 41 во Драчево никна нов парк, на местото каде што до неодамна имаше дива депонија. На површина од околу 5.500 квадратни метри се засадени 200 висококвалитетни садници и е поставена нова хидрантска мрежа со прскалки, шахти и хидранти. Во паркот ќе се постават и нови клупи и корпи за отпадоци.Финскиот парк во населбата Ченто е реконструиран и хортикултурно уреден на површина од околу 13.000 квадратни метри. Во паркот е подигнат нов тревник и за првпат е поставена хидрантска мрежа со прскалки, шахти и хидранти.Уреден е и паркот до Градежниот факултет, на булеварот „Партизански одреди“. Реконструирана е јавна зелена површина од 2.149 квадратни метри и е поставена хидрантска мрежа со хидранти, шахти и систем за полевање со прскалки.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Ангеловски со моќна порака на Фејсбук

Селекторот на фудбалската репрезентација Игор Ангеловски, утринава се огласи на фејсбук, задоволен од се што се случуваше во Словенија им се заблагодари на сите.„Не постои сила што ова може да го сруши. Дечки Ви благодарам за секој поминат момент со Вас. Благодарност до сите браќа во Љубљана. Македонија. Фамилија.“ – стои во објавата на Фејсбук.

Спорт | пред 6 години

rocista

Продолжува судењето за „Титаник“

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство во врска со изборни нерегуларности.Во „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.Случајот се наоѓа во доказна постапка и се презентираат материјални докази предложени од СЈО.

Македонија | пред 6 години

policija-6

23 сообраќајки во Скопје, 18 повредени лица

Во текот на изминатиот викенд во Скопје се санкционирани 159 возачи за брзо возење, 16 возачи поминале на крстосница на црвено светло, четворица возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, пет возачи за неправилно престројување, еден за неправилно престигнување, двајца возачи не дале првенство на минување на возила во зона на крстосница, 51 возач за не користење на заштитен шлем, 11 возачи за неносење сигурносен појас и 29 возачи за користење мобилен телефон при управување на моторно возило, покажуваат податоците од билтенот на СВР Скопје.Во текот на викендот во Скопје се случиле вкупно 23 сообраќајни незгоди, од кои во една со тешки телесни повреди се здобил пешак, во 11 со полесни повреди се здобиле 17 лица и во 11 е причинета материјална штета.Сообраќајната полиција издала 206 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 139 возила.Од сообраќај се исклучени вкупно 61 возач, од кои 50  пред да се стекнат со право на управување и 11 почетници, како и четири технички неисправни и 62 нерегистрирани возила.

Скопје | пред 6 години

MFA_8353

Димитров во Грац на дебата за Преспанскиот договор и евроинтергацијата на Македонија

Денеска министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ќе оствари еднодневна работна посета на Грац, Република Австрија.На покана на Универзитетот во Грац, министерот Димитров ќе одржи предавање проследено со отворена дискусија на тема „До Европа преку Преспа: Европската интеграција на Северна Македонија.“ Посебен акцент ќе биде ставен на Договорот од Преспа, „европеизацијата“ како процес кој придонесува кон надминување на конфликтите и споровите во регионот, како и актуелните предизвици и идните перспективи на патот кон Европската унија. Притоа, Министерот ќе се сретне и со раководството на Универзитетот во Грац.За време на престојот во Грац, МНР Димитров ќе оствари работна средба со државниот советник за економија, туризам, Европа, наука и истражување во локалната Влада на Штаерска, Барбара Ајбингер, како и неформална дискусија со претставници од академската и бизнис заедницата. На средбите се очекува да се разменат мислења за европската интеграција на земјата, досегашните остварувања на планот на реформската агенда, како и можностите за продлабочување на академската и економската размена и соработка.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Денеска сончево и топло време, утре пониски температури

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од западен правец. Во текот на ноќта облачноста ќе се зголемува. Утринската температура ќе се спушти на два, а дневната ќе се искачи до 23 степени.Во Скопје слично време, со утринска температура од четири степени, додека дневната ќе биде 23 Целзиусови степени. ВоМаврово 14, Охрид 17, Битола 22, Кавадарци 24, Крива Паланка 20, Берово 18, Гевгелија 23 степени.Утре времето ќе биде претежно облачно, попладне со локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови значително намалување на дневната температура, особено во северните делови.Дневните температури во Скопје ќе бидар 13 степени, Маврово 7, Охрид 15, Крива Паланка 10, Берово 12, Битола и Кавадарци 16, Гевгелија 18 степени.

Македонија | пред 6 години

b2Vk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTnprN01EQV8vZTI0N2NkNDc3ZjllYTBjZDA3NTRkM2NhY2VkYWMxYjMuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Пожар во миг го проголта домот на дванаесетчленото семејство Мирчевски

Дванаесетчленото семејство Мирчевски, од беровското село Русиново, остана без покрив над главата. Рано утринава, по два часот пожар им го пеплоса домот. Нема повредени, но трите генерации на ова семејство, од денеска останаа под отворено небо.Според Александар Мирчевски пожарот започнал од подрумот. Тој раскажува дека веднаш штом забележале дека гори, веднаш ги разбудил сите, повикале противпожарна служба, и побарале помош од соседите. Во куќата биле неговиот брат, снаата, децата,а на долниот кат и нивната баба. За среќа целото семејство било веднаш извлечено од огнената стихија.Семејството Мирчовски апелираат за хуманост од страна на граѓаните.Ова семество од денеска е на улица. Денеска децата и внучињата ги згрижиле роднини, но тоа не е решение з нивниот проблем.Меѓу првите кои пристигнал на местото на несреќата бил и градоначалникот на општината. Најпрво Јавните претпријатија ќе ги рсчистат остатоците, а деновиве се очекува да се изнајдат начини да им помогне на овие луѓе.

Македонија | пред 6 години

IMG_20190323_220040

(ВИДЕО) На забавата и немаше крај: Лозано “Јако јако” ја здрма публиката, тие сплотени пееја со него и сакаа уште

Немаше човек кој беше во ВИП арената “Борис Трајковски” а бар за момент не стана да запее стих од хитовите на Влатко Лозаноски, кој го одржа неговиот прв солистички концерт. Тој прирдени незаборавно шоу, изнуди насмевки и ја забавуваше публиката. Салата беше преполна со деца, мајки, татковци, парови, луѓе од сите генерации, а заедничко им беше тоа што сите дојдоа да го чујат и видат Влатко.Од “Јако јако” и “Надеж” до хитот кој го лансираше Лозано на сцената, “Сонце не ме грее”. Не изостанаа и песните од неговиот прв албум, но и последната композиција “Мајко” која Лозано ја посвети на својата мајка како негова најголема поддршка.Влатко доби поддршка од неговите колеги како Тамара Тодевска, Јана Бурче, Весна Петрушевска кои во вип делот од арената пееа заедно со него.“Ова лето ќе се памти” беше композицијата која Влатко ја отпеа, а ги натера неговите фанови да кажат “Овој концерт ќе се памти исто”.На сцената заедно со Влатко беа браќата Мартин и Стефан од “Некс тајм”, со кои, ја отпеаа “Ја излези Ѓурѓо”, композицијатс која се пееше во еден глас.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/1075731359300896/Лозано призна дека има трема, но успеа да ја надмине. Насмевката и изразот на лицето говореше повеќе од неговите зборови, па можеше да се заклучи дека тој е задоволен од првиот солистички концерт.На крајот, Лозано сакаше да се повлече, но се врати на сцена оти публиката сакаше уште. По втор пат ја отпеа “Јако јако” и “Надеж”.Атмосферата на концертот остави простор, Лозано да го видиме и по втор пат со солистички концерт. Тој ја заврши неговата работа, а организаторите “Аволон продукција” допринесоа за шоуто да биде комплетно

Магазин | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања