ГЛАВНИ-ВЕСТИ

pavle-sin-siljanoska

(ВИДЕО) Мир во душата, љубов кон изворното – Павле повторно свири во Градскиот Парк

Синот на Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател на ВМРО ДПМН, и денеска го искористи убавото сончево и топло време да свири кавал во Градскиот Парк.Павле пред неколку денови беше „главна тема“ на социјалните мрежи, откако се шеруваше негова фотографија. По објавата тој стана од една страна  мета на критики претежно од членови и симпатизери на власта, а  од друга страна од останатите  доби и подршка поготово по образложението дека после секое неговото свирење, парите кои ги собира како доброволен прилог, отпосле им ги дели на дечиња.И Силјаноска проговори за љубовта на нејзиниот син кон изворната музика. Таа побара нејзиниот син да го остават на мир и да не го злоупотребуваат во политичката кампања.  Во опис на фотографијата која беше објавена на Твитер, од синот на професорката пишува: „Го раѓаш, го растеш, го чуваш за да порасне и свири кавал за парички во парк, додека ти се тркаш за претседателска фотеља. Во одговор Силјановска-Давкова вели:„Зарем некој како мене кој бара укинување на привилегиите на политичарите, расипништвото и корупцијата ќе има семејство кое ужива во скапи коли, мотори, луксуз?! Горда на Павле! Брилијантен правник, умен, скромен, независен, воспитан, човечен“, напиша Силјановска Давкова неодамна на социјалната мрежа фејсбук.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/301864377151802/

Македонија | пред 6 години

ikona-strumica

Верници се поклонуваат пред чудотворната икона на св. Богородица Брзопослушничка во Струмица

Струмица и струмичани го одбележуваат споменот на доаѓањето на чудотворната икона на Богородица Брзопослушничка, пред две години, дар од братството на манастирот Дохијар на Света Гора, објави strumicanet.com.Порталот пренесува дека иконата е носена од струмичани, кои и ја донесоа од Света Гора, по свечената литургија во 16:00 часот од Црквата „Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“, низ улиците на Струмица се упати кон црквата „Свети Григориј Палама и Свети великомаченик Димитриј“, каде беше оставена за поклонение на верниот народ и таму ќе биде до утре до 11:00 часот од каде ќе се упати по булеварот „Маршал Тито“ до плоштадот „Гоце Делчев“. Таму е предвидено молитвословие проследено со кратки поздравни слова, по што ќе продолжи назад во Црквата „Свети Петнаесет“.Голем број верници од Струмица се вклучија во литијата, а се очекува утре на оваа свеченост да присуствуваат и голем број верници од регионот.Пред две години иконата беше донесена како подарок од братството на манастирот Дохијар на Света Гора. Во светот има само пет копии на чудотворната икона на Богородица Брзопослушничка, една од нив е иконата во Струмица.Извор: strumicanet.com

Македонија | пред 6 години

Emil-Dimitriev

Димитриев: Силјановска е интелектуалец кој ја сака Македонија и се залага за правда

Емил Димитриев, премиерот на техничката влада на Македонија, во контекст на прашањето какви и се шансите на Гордана Силјановска Давкова за победа на претседателските избори рече дека во минатото ВМРО-ДПМНЕ дала одличен шеф на државата во Борис Трајковски и дека Силјановска е интелектуалец кој ја сака Македонија и се залага за правда, а тоа се два критериуми кои се доволни за да добие поддршка.- Во периодов од прогласување на независноста до денес, малку интелектуалци го зачувале својот интегритет независно од тоа кој е на власт. Давкова е една од тие интелектуалци, која ја сака Македонија и се залага за правда, два критериума во ова време сосема доволни да добие поддршка. Интересна е дилемата, како гласачкото тело кое е позиционирано центар-десно од идеолошки аспект и секогаш е побројно од левицата, не испрофилира не едно туку повеќе квалитетни решенија за претседател на државата. Нешто што само ми ја потврдува лошата состојба во опозицијата, која во последните две-три години изобилува со неосновани меѓусебни пресметки и дисквалификации. Да не заборавиме, ВМРО-ДПМНЕ во минатото ѝ даде на Македонија одличен претседател, член на партијата, но со висока државничка свест – зборувам за покојниот Борис Трајковски., рече Димитриев во интервју за „Независен“.Додаде дека во преговорите со Грција во спорот за името грешки правеле и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, наместо да постигнат една широка платформа.- Улогата што ја играше СДСМ, по секоја цена да се постигне договор и по цена на националните интереси, беше јасен сигнал за другата страна во преговорите. Позицијата, пак, на ВМРО-ДПМНЕ на проблемот да гледа како на нешто туѓо, а со тоа го остави СДСМ да прави што сака, доведе до ситуација да добиеме лоша варијанта на договор. За мене особено беше проблематичен принципот „име за севкупна употреба“, нешто што има негативен импакт на нашиот идентитет. Тоа беше причината да не ги поддржам уставните измени, ризикувајќи да бидам разбран погрешно, иако претходно во мојата кариера, како заменик министер за одбрана, како пратеник и претседател на Влада, се имам вложено во напорите за наше НАТО-интегрирање. Ако процесот се менаџираше со домашна заедничка стратегија, убеден сум дека освен што ќе имавме подобар договор, неговото вградување во политичкиот систем ќе беше достоинствено, а ќе имавме и негова полесна имплементација, додаде Димитриев.

Македонија | пред 6 години

54727288_10213177053811090_4898476506793115648_o

(ФОТО) На Мерко му е гајле за изгорените трски, покрај Охридско езеро изгледа како да паднала атомска бомба

Од почетокот на годинава, во повеќе наврати се палат трски покрај брегот на езерото. Ваков случај имаше и пред две недели во Струга кога трската гореше, а на терен со часови немаше никој да го изгаси пожарот. На социјалните мрежи постојано реагираат граѓаните и невладините организации и апелираат за зачувување на природата во Охрид и Струга.Минатата недела од општина Струга демантираа дека имаат врска со узурпирањето на градските плажи или палењето на трските.„Црнила во душите, црнила вон душите. Без душевна екологија, надворешната екологија е невозможност. Опожарувањето на трските не запира, ова е во Подмолје, веднаш зад постојката. Небаре атомска бомба паднала, хорор глетка. А поголем хорор од инертноста на институциите нема. Зошто? Затоа што и тие се исповрзани со оние што палат, и затоа никој досега не одговарал - ниту заради затајување во службата, ниту заради сторување на ова грозоморие. Битно по емисии ќе глумат загриженост, а на терен нештата продолжуваат со несмалено темпо. Зошто? Затоа што црнила во душите, црнила вон душите“, стои во една од објавите на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

53459164_528457510894467_6473625276923248640_n-702x336

Протестен марш против рудникот Иловица-Штука

Активистите од иницијативата „Младите на Штука-Иловица против рудникот“ денес до 15-17 часот најавуваат протест против изградбата на рудникот за кој веруваат дека неповратно ќе ја загади животната средина во овој регион.Протестот е најавен како марш, од Босилското игралиште па се до Општина Босилово, во чиј атар треба да се гради рудникот.„Ги информираме жителите на Општините Босилово и Ново Село, и на целиот струмички регион, дека Протестниот марш во недела на 24 март 2019 година има само една цел, а тоа е сопирање на рудникот на смртта Иловица-Штука. Никакви други заднини, ниту цели не не интересираат, освен да придонесеме за тоа. Протестниот марш е непартиски и надполитички, и е за доброто на сите жители од струмичко, без оглед на нивната политичка, верска, национална и друга припадност.Ние, организаторите на Протестниот марш, сме млади луѓе, потекнуваме од најдиректно засегнатите села под рудникот, и чувствуваме одговорност, должност и желба да придонесеме во отпорот како автономен дел од севкупната граѓанска Иницијатива против рудникот на смртта. Политиката не не интересира, само бараме таа конечно да го сопре овој опасен проект, кој сите не загрозува. Воздухот е ист за сите нас.Како најдиректно засегнати од опасноста, апелираме да се избегнат сите непотребни разлики и поделби, и што помасовно да присуствуваме на маршот, за да покажеме дека навистина не сакаме рудник. Сакаме да останеме на нашите родни огништа, во нашата убава струмичка котлина, и да придонесеме за вистински просперитет на нашиот регион.Ги известуваме жителите на струмичките општини и јавноста дека нашиот Протестен марш во недела, на 24 март 2019, во Босилово, е целосно независен од било какви политичко-партиски и други влијанија. Нашата иницијатива „Младите од Штука-Иловица против рудникот на смртта“ е организатор и одговорен субјект за настанот, и нема да дозволиме никакви обиди за политичко или друг вид профитирање на сметка на Протестниот марш. Ние директно потекнуваме од селата кои се најнепосредно загрозени од рудникот на смртта и нашите сожители бараат од нас да не дозволиме никакви злоупотреби, бидејќи оваа борба е заедничка на сите и никој нема право да се обидува да го користи протестот за тесногради цели. Така и ќе биде.Ве повикуваме сите вас, освестени и одговорни граѓани од целиот струмички регион, да присуствувате на Маршот како слободни и свесни луѓе, без никакви предрасуди или сомнежи дека некој партиски или на друг начин ќе го злоупотреби вашето присуство. Тоа не е можно, бидејќи со нас и во нас ќе биде само чистата борба и желба конечно да ја сопреме заедничаката опасност – рудникот на смртта Иловица-Штука“, стои на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

panki

Панки, уапсен при влез во Грција - се барал и со европска потерница

Македонецот што беше уапсен при влез во Грција, а кој се барал и со европска потерница, распишана од германските власти за учество во мрежа што пред 13 години крадела податоци од картички на банкомати, е Сашо Кимовски-Панки од бендот „Куку Леле“, неофицијално дознава НетПрес.Според потерницата, 52-годишниот осомничен, во 2006 од два банкомати во Минхен, украл податоци и лозинки на кредитни и дебитни картички со поставување на микроскопски чипови што ги снимале податоците и со поставување на дополнителна тастатура.Според АНА-МПА, уапсениот бил изведен пред јавен обвинител во Солун, а во следниот период надлежниот суд ќе одлучи дали 52-годишниот ќе биде екстрадиран во Германија или не, јави претходно дописничката на МИА од Атина. Текстот во целост на НетПрес. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Спасовски и одговори на ИВЗ - не прифаќаме комуникација со уцени

Македонија е секуларна држава, не прифаќаме комуникација со уцени му одговори  Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на реизот на Исламската верска заедница  Реисул Сулејман Реџепи, кој даде ултиматум на владата  – во рок од 10 дена да ги реши постапките за денационализација на нивниот имот, или пред почетокот на кампањата ќе ги информира муслиманските верници во 700тини џамии дека се води бавна, селективна и дискриминирачка денационализација за имотот на ИВЗ.Од владата уште потенцираат дека извршната власт не би се мешала во односите внатре во верските заедници . 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Осквернавен гроб во охридското село Вапила

На 22.03.2019 година во 08.00 часот во СВР Охрид добиено е телефонско известување за осквернавен гроб од кругот на црквата „Света Недела“ во охридското село Вапила. Настанот е случен на 21/22.03.2019 година од засега непознато лице. СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на сторителот по што, ќе поднесе соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

policija-ilustracija

Бркотница со ножеви на Рузвелтова, има повредени

Тепачка и бркотница со ножеви се случила вечерва на улицата „Рузвелтова“ во Карпош 1, непознати лица го нарушиле јавниот ред и мир, пренесува НетПресс.Според информацијата лицата се помлади и расправијата ја почнале во познато кафуле во близина на СЈО, неофицијално има и повредени.

Скопје | пред 6 години

Jane-Cento-696x371

Јане Ченто до Пендаровски: Ако ние сме насилници за една “клоца”, што се вашите пријатели кои ги отворија вратите на 27 април

Јане Ченто, осуден за настаните на 27 април преку својот Фејсбук профил му се обрати на актуелниот претседателски кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски.„Господине Пендаровски, во неколку наврати ве слушам на радио вести како не нарекувате насилници. Вие сте професор на универзитетот “Американ Колеџ”, каде што бев на постдипломски студии, каде што и почитуваниот проф. Д-р Шапуриќ, сегашен министер ми беше професор и таму на правните постдипломски студии не учеа за начелото на презумпција на невиноста, но тоа го заборавате сега кога сте претседателски кандидат и кога ви требаат дневно политички поени.И изгледа заборавивте дека некој лично вас ве заштити и ви помогна да излезете од прес-салата на 27 април кога се случија тие немили сцени за жал.Искрен ќе бидам, отсекогаш сум ве почитувал и како професор и како политичар, но одбравте погрешен човек кој ве кандидира и затоа ќе загубите, не вие туку тие што ве предложија. Вие сте чесен, но тие околу вас се со голем криминален багаж.Впрочем, ако ние сме насилници за една “клоца”, што се вашите сегашни пријатели кои ги отворија вратите на 27 април и го пуштија народот да изгори во емоции, што е вашиот аболициран пријател? Тие ли се европските вредности? Што се оние кои 2 година ја шараа Македонија и повредија повеќе од 200 полицајци и ја запалија канцеларијата на претседателот на државата?Што се оние кои насилно се обидоа да влезат во Владата?Кога зборувате, бидете искрен кон вас пред се, не влегувајте во филмот на Заев, вие имате висок интелектуален капацитет и сте европски политичар за разлика на тие околу вас.Ве замолувам задржете го вашиот интегритет и достоинство.Да живее Република Македонија“, стои наФејсбук.

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still077-1

Продолжува повеќемесечното уништување на живиот свет во Охридско Езеро

ЕЗЕРОТО ГОРИ СЕКОЈ ДЕНИ вечерва кај селото Подмоље гори живиот свет во Охридско Езеро.Луѓе тураат бензин и нафта во водата на езерото, во крајбрежниот дел кој е обрастен со трска и потоа подметнуваат пожар.Подметнати пожари изминатите два месеци се секојдневио и езерскиот брег систематски и плански се уништува од Подмоље до Радожда, опфат кој е долг повеќе од 20 километри.Штетите кои се нанесени на живиот свет ( птици, ендемски риби, полжави, ракови и вегетација чие живеалиште е трската или крајезерскиот појас ) се несогледливи и по се изгледа катастрофални, но до овој момент ни еден релевантен научен чинител не излегол во јавноста со прецизна анализа за катастрофата на езерото.

Македонија | пред 6 години

dzamija-najnova

ИВЗ преку писмо до Владата, се побуни за Али Пашината џамија во Охрид

Исламската верска заедница замеша прсти во праваниот систем. Од ИВЗ испратиле писмо до  Претседателот  на Собранието, претседателот на Владата и комисијата за односи со верски заедници, во кое бараат враќање на како што велат вакувскиот имот со денационализација и бараат да се превземат мерки за Итно враќање на истиот.Меѓу другото во писмото од ИВЗ се спомнува и Али Пашината џамија во Охрид, за која тврдат дека за реконструкцијата на објектот имаат соодветна важечка градежна документација, со средтва обезбедени од странска донација, која отежнато се користи поради како што велат бироктарскио однос на надлежните државни институции. Наспроти тоа МПЦ , како што велат не дека ги има овие проблеми туку напротив е фаворизирана и привилигерина во секој поглед.Во продолжение писмото на ИВЗ во целост: Во одговорот од владата пак меѓу другото се вели:Во дописот споменувате неколку предмети, за кои се води постапка пред надлежните институции, која е независна од волјата на извршната власт, а втемелена и зависна од строгото почитување на позитивното право во државата.Според Уставот, како највисок правен акт, Република Северна Македонија е секуларна држава, а оваа извршна власт никогаш нема да презема чекори со кои би ги манипулирала верските чувства или би се мешала во односите внатре во верските заедници или помеѓу нив.  Во таа насока ги отфрламе сите обвинувања дека било која верска заедница е фаворизирана во државата, а таквото обвинување го сметаме за претенденциозно и паушално.Доколку кај Вас почитуван, постои сомнеж или индиција дека некоја институција ги прекршила позитивно правните прописи Ве охрабруваме како Реисул на ИВЗ да покренете соодветна постапка пред надлежните органи со соодветно правно барање.Особено важно е да нагласиме дека во мултиконфесионално општество верските граѓански права и слободи се остваруваат преку постојан процес на градење на меѓусебна доверба помеѓу различните конфесии, а не преку ултиматуми, кои како правило на игра доколку го прифатат сите регистрирани верски заедници, сериозно негативно би се одразило врз општествената кохезија.“ 

Македонија | пред 6 години

izbori2_g111ynj56uj65u56uj56-88972

Извлечен редоследот на претседателските кандидати, еве како ќе изгеда гласачкото ливче

Во Државната изборна комисија денеска на јавна седница се утврди редоследот на единствената листа на кандидат за претседател на државата. По ждрепката лласачкото ливче ќе изгледа вака:1. Блерим Река2. Гордана Силјановска3. Стево ПендаровскиСите три кандидатури формално се поднесени преку граѓанските потписи. На пријавата за кандидатура стои новото име на државата.Кампањата за изборите почнува на 1 април, а изборите се закажани за 21 април. Вториот круг би се одржал на 5 мај.

Македонија | пред 6 години

irena-ristic

ОЈО Скопје пресече - ја отфрли кривичната пријава против актерката Ирена Ристиќ

Основното јавно обвинителство донесе Решение со кое се отфрла кривичната пријава против актерката Ирена Ристиќ, кое беше поднесено од Здружението за здравствена, социјална и образовна поддршка  „Иницијатива за развој и инклузија на заедниците“ од Скопје, и Здружение на правници Роми, под образложение дека пријавените дела не се кривични дела за кои се гони по службена должност, објави janakiznae.mk.Актерката Ристиќ беше пријавена за кривичното дело „Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“ по чл. 319 став 1 од Кривичниот законик и за кривичното дело „Загрозување на сигурноста“ од чл. 144 став 4 в.в ст. 1 од Кривичниот законик.Ова решение е обжалено од наводно оштетените, но и жалбата е одбиена од Вишото Јавно Обвинителство и решението е правосилно.Ристиќ задоволна со правосилното решение среќата преку сосијалните мрежи ја сподели со своите пријатели. Таа на Фб напиша:Ајде сега, у колона по еден да ми се извините сите што ме нарекувавте "расист во свилени ракавици" и томе слично, да не се тужакаме!Се зезам! Бркајте си работа!Јас си имам за славење! :DJanaki, хвала, најлепши! :D  

пред 6 години

soobrakajka

Девет сообраќајки во Скопје, пет лица се повредени

Пет лица се здобиле со лесни телесни повреди во три од девет сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во шест е причинета материјална штета.Полицијата, според податоците на Министерството за внатрешни работи, од сообраќај исклучила 45 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, 24 пред да се стекнат со право на управување моторно возило и тројца почетници.Санкционирани се и тројца возачи за технички неисправни возила, 21 за нерегистрирани и 144 за непрописно паркирање. Со специијалното возило „пајак“ подигнати се 82 возила.Казнети се и тројца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, по четворица за поминување коловоз и крстосница на црвено светло, четворица возачи кои не дале првенство на минување нан пешаците на обележанн пешачки премин, двајца за неправилно престројување. Изречени се и  осум казни за некористење заштитен шлем од страна на возачите на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл, како и пет за не носење сигурносен појас за време на управување на моторно возило.

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања