ГЛАВНИ-ВЕСТИ

ruskoska

Рускоска: Села го има спасено еден од демонстрантите, а не Алими

Обвинителката Вилма Рускоска синоќа во студиото на ТВ21 говореше за пресудите за настаните од Собранието на 27. април. Таа се осврна на казната на Абдулфета Алими и откри дека Зијадин Села го спасил еден од демонстрантите, а не Алими.- Абдулфета да си ја изврши работата и задачата немаше да треба никого да спасува. Зијадин Села го има спасено еден од демонстрантите, кажа помогнете го утепавте човекот мртов е и го донесе во ресторанот на пратеници и дури тогаш доаѓа Алими и помага на Тони, вели обвинителката.Рускоска додава дека од прозорот на кујната на бифето и по пожарните скали го качиле Села и така се спасил.- Не е точно дека Абдулфета го спаси и ќе повторам, да си ја вршел работата немаше да треба никого да спасува. Тони бил и во Брзата помош и чекал додека траела операцијата, а кога го сместиле на Интензивна си заминал и рекол „од мене толку", завршува Рускоска. 

Македонија | пред 6 години

spasovski-gi-prezemame-site-merki-za-fer-mirna-i-demokratska-izborna-atmosfera

Спасовски: Груевски кога-тогаш ќе го вратиме во Република Македонија

Се преземаат сите неопходни мерки од аспект на безбедноста и нема индиции за какви било нарушувања на безбедносната состојба во овој период, ниту пак на некакви политички конфронтации коишто можат да  придонесат за нарушување на безбедносната состојба, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во вечерашната емисија „Анализа“ на ТВ 24-Очекувам дека нема да имаме сериозни  предизвици и на тој начин ќе покажаме малку еден повисок степен на политичка култура меѓу политичките субјекти. Ги повикувам сите политички субјекти кои учествуваат  во изборната кампања, меѓутоа и граѓаните, заеднички да придонесеме за фер и демократски изборен процес кој ќе ни биде плус во нашите европски интеграции, рече Спасовски.Спасовски вели за бегството на Груевски се преземени многу активности, а деталите дека ќе ги соопшти јавното обвинителство.- Никола Груевски кога-тогаш ќе го вратиме во Република Северна Македонија и ќе мора да одговара за сите злодела и криминали кои ги направил. Гледате дека сега има истрага во делот од 27 април, и очекувам дека сите прашања ќе ги засегнат не само граѓаните на нашата држава, туку и европските граѓани, бидејќи правилото на борба против корупцијата и криминал е правило број 1 во европските интеграции. Секој еден, на крај или на почеток ако сакате, ќе има одговорност, па и Никола Груевски, посочи Спасовски.Во врска со тоа дали може како алиби на Груевски да му послужи тврдењето дека имало планови за негова ликвидација во затворот, а потоа се случил инцидентот со Јанакиески и Ристовски, министерот вели дека апсолутно не е така.- Тоа апсолутно не е така, ниту за инциденти во тој период, ниту дека имало закани за негова ликвидација. За состојбата во затворите повеќе може да каже министерството за правда, но не е аргумент на кој може да се повикува Груевски, посочи Спасовски.

Македонија | пред 6 години

matka

Беџети тактизира - под притисок вели дека нема да ги легализира дивоградбите на Матка

Градоначалникот Блерим Беџети, под притисок на јавноста но и на централната власт се премисли и најави дека платформите поставени на Матка за кои самиот кажа дека се дибоградби нема да бидат легализирани бидејќи општина Сарај ќе ги одбие поднесените барања.Сепак кога барањата ќе бидат одбиени, Беџети не кажа конкретно, бидејќи нема прецизен законски рок во кој Општината треба да одлучи.  Беџети смета дека случајот со платформите дивоградби сака да го искористи Град Скопје кој сака да ги одземе ингеренциите на Сарај и да формира јавно претпријатие кое би стопанисувало со Кањонот Матка.Инаку Амет Саиди и Исмаил Саиди се двајцата инвеститори кои што бараат легализација на дивите платформи на кањонот Матка.Од Град Скопје велат дека ниту се надлежни ниту можат да одземаат ингеренции на општина Сарај, за јавното претпријатие кое треба да управува со Матка велат се уште немаат конкретни информации во чии ингеренции ќе биде.Дополнително во непосрдна близина на дивите платформи се води уште еден спор за објект чијашто легализација веќе е поништена а сопственоста на објкетото ја спорат Федерацијата на планинарски спортови и Македонската православна црква. За случајот со дивоградбите на Матка министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски најави дека утре ќе ги повика сите инспекциски служби надлежни за случајот.

Скопје | пред 6 години

stojan-andov-kniga

Судот забрани продажба на книгата „До атентатот и по него“, за авторот Стојан Андов

Основниот суд Скопје-2 донесе решение за привремена мерка, забрана на продажба и располагање на книгата на Стојан Андов „До атентатот и по него“ по тужбата на Љубомир Фрчкоски за повреда на неговите лични права, односно за клевета во врска со атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров.Во книгата Андов имплицира за можна вмешаност на екс-политичари меѓу кои и тогашниот министер за внатрешни работи Љубомир Фрчковски во атентатот на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров.Од судот соопштија дека забраната за продажба на книгата ќе важи се до завршување на постапката за утврдување на наводната клевета на Андов.

пред 6 години

siljanovska-pendarovski

Силјановска почнува во Охрид, а Пендаровски таму завршува

Охрид, според навестувањата, ќе биде во центарот на претстојната изборна кампања за претседател на државата, што е очекувано со оглед на поклопувањето со вонредните избори за градоначалник на оваа општина, која важи за една од најатрактивните во државата, а во минатото таму се бележеа чести осцилации во политичкото расположение на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ, традиционално, и за претстојните избори го избра Охрид како стартна позиција за кампањата, која почнува на 1 април. СДСМ, пак, планира таму да го одржи завршниот митинг пред првиот изборен круг, односно на 18 април, пред почетокот на изборниот молк.Исто како и пред предвремените парламентарни избори во декември 2016 година, карваните на двете најголеми партии и годинава, најверојатно, ќе стартуваат од Охрид и од Прилеп, каде што владејачката коалиција ќе го одржи првиот митинг, а неколку часа пред тоа претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, всушност, ќе го има првиот кампањски настап во Крушево. Од СДСМ велат дека последните кампањи ги почнуваат од Прилеп како симбол на победа што, како што велат, беше потврдено и на последните локални избори.Интересен е податокот дека во однос на распоредот на митинзи и други технички прашања пред претстојните избори се одвива поинтензивна координација од вообичаената меѓу штабовите на тројцата претседателски кандидати: Пендаровски, Гордана Силјановска-Давкова и независниот кандидат Блерим Река, кој доби поддршка од Беса и Алијансата на Албанците. Овој принцип беше договорен на неодамнешната средба меѓу лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, во насока на обезбедување фер и регуларен изборен процес кој би влијаел позитивно и на оценките на ЕУ пред одлуката околу датумот за преговори.Повеќе на Независен.мк

Македонија | пред 6 години

venko-filipce

Филипче: Подобро да купуваме приватно здравство, отколку да вложуваме во државни болници

Во гостувањето во Топ тема на телевизија Телма, министерот за здравство Венко Филипче, објасни што значи најавата за јавното приватно партнерство во брзата помош и зошто се иницирал овој процес. Новата намера на министерството за здравство е државата да почне да купува здравствени услуги од приватните здравствени установи.-Проблемите со кои се соочува системот и неговите недостатоци, не натераа да пронајдеме уште едно алтернативно решение кое функционира во многу европски земји. Од физибилити студијата очекуваме да ни каже дали истата сума на средства која што сега се користи за итната помош и набавка на возила, плати и тренинг на вработените, може да се искористи на порационален начин за да имаме поефикасен систем. Како систем постои делумно во Италија, Велика Британија, постои во некои од покраините на Германија, изјави министерот Филипче.Тој праша дали здравствениот систем треба да се занимава со набавка на возила и инфраструктура или градење на згради за болници, или едноставно треба да се ослободи од менаџирање на инфраструктурата и да стане систем кој ќе купува услуги?Министерот Филипче рече и дека брзата помош е терет и непотребен трошок во поглед на одржувањето и сервисот на возилата на брзата помош.Иако министерството за здравство во својот буџет има предвидено набавка на нови амбулантни возила и ќе опремува возила од МЗШВ за потребите на итната помош, сепак ќе водедува и јавно приватно партнерство, односно купување на услугите на брзата помош, за кое Филипче ветува дека граѓаните нема да имаат никаков трошок и двојно плаќање. 

Македонија | пред 6 години

soobrakajka1-1

13 сообраќајки во Скопје, едно лице почина

Еден пешак загинал, три лица се здобиле со тешки телесни повреди, а шест лица со лесни телесни повреди во осум сообраќајни незгоди од вкупно 13 што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Материјална штета е причините во четири сообраќајни незгоди.Полицијата, според податоците на Министерството за внатрешни работи, од сообраќај исклучила 28 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, 17 пред да се стекнат со право на управување моторно возило и тројца почетници.Казнети се и 13 возачи за технички неисправни возила, 12 за нерегистрирани возила, како и 101 возач за непрописно паркирање. Со специјалното возило „пајак“ биле подигнати 79 возила.Полицијата евидентирала и осум пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, 12 кои поминале коловоз на црвено светло, четири возачи кои поминале крстосница на црвено светло, двајца возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, четворица за неправилно престројување, двајца за неправилно престигнување, четворица за некористење на заштитен шлем од страна на возачите на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл, седум за не носење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 13 за користење мобилен телефон за време на управување моторно возило.

Скопје | пред 6 години

gordana-siljanovska-davkova

Силјановска: Многу скоро јавноста ќе се убеди дека сум личност, а не нечија марионета

Професорката и кандидатка за претседател на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова во интервју за весникот ВЕЧЕР, вели дека нејзините противкандидати немаат проблем со новото име, но таа има.За мене е најважно дека покрај поддршката на ВМРО-ДПМНЕ ја имам сета слобода да ја моделирам кампањата, да имам сопствена изборна програма и да испраќам пораки до електоратот согласно со моето лично и професионално кредо, а тоа е право и правда за Македонија. Убедена сум, вели во интервјуто кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, дека многу скоро јавноста ќе се убеди дека сум личност, а не нечија марионета. Ајде да почнеме со поправање на штетите на оваа власт, па за неколку години да дојдеме во ситуација која сега можеби се чини невозможна“, порачува Силјановска Давкова.На прашањето дали е партиски или натпартиски кандидат таа вели дека ја цени поддршката на ВМРО- ДПМНЕ, но важно е да има слобода при изборната кампања.„Да ве потсетам дека ВМРО-ДПМНЕ организираше отворен и фер натпревар во рамки на партијата и дека мене не ме “кооптираа” или “избра” картел на партиски врхушки. Тоа што партијата се покажа отворена кон личност, која доаѓа надвор од нејзините редови и притоа е жена, зборува за значителен прогрес. Второ што сакам да нагласам е дека освен одлуката на Конвенцијата, јас на своја страна ги имам и потписите на граѓаните, поддршката на поголем број помали партии (од кои неколку ги претставуваат и другите етнички заедници), но и поддршка на колеги, интелектуалци, уметници, итн. Сепак, за мене е најважно дека покрај поддршката на ВМРО-ДПМНЕ ја имам сета слобода да ја моделирам кампањата, да имам сопствена изборна програма и да испраќам пораки до електоратот согласно со моето лично и професионално кредо, а тоа е право и правда за Македонија. Убедена сум дека многу скоро јавноста ќе се убеди дека сум личност, а не нечија марионета“, вели Силјановска Давкова.Силјановска нагласува дека за неа е најважно дека Македонија преживува и минува премрежија и вели дека сега е време да ја ставиме на нозе и да тргнат нештата по патот по кој одат демократиите и социјалните држави во кои во центарот на политиката е човекот, а не елитите.Целото интервју може да го прочитате ТУКА.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Облачно време со пониски температури

Денес на повеќе места ќе има зголемена облачност и ќе дува умерен североисточен ветер, па дневната температура дополнително ќе се намали за 2 до 3 степени. Во крајните јужни делови и утре ќе има услови за краткотраен локален дожд.Дневните температури ќе бидат во Скопје 17, Маврово 10, Битола 15, Охрид 13, Кавадарци 17, Крива Паланка 13, Берово 11, Дојран 17 степени.Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а само во јужните делови претпладне променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 16 степени, Маврово 11, Охрид 13, Битола и Кавадарци 16, Крива Паланка 14, Берово 12, Дојран 17...

Македонија | пред 6 години

janakieski-i-ristovski

По инцидентот со Јанакиески и Ристовски поставени дополнителни рефлектори на шеталиштето во затворот во Шутка

Затвор Скопје ги спроведе препораките од Управата за извршување санкции.По инцидентот во затворот во Шуто Оризари, кога беа нападнати поранешните министри, Миле Јанакиески и Спирот Ристовски, Управата за извршување на санкциите наложи управата на казнено-поправната установа да преземе неколку мерки, пишува „Фокус“.Надзорот на Управата на 15-ти овој месец покажал дека управата во затворот ги реализирала сите задолженија.При надзорот директорот на КПУ Затвор Скопје – Ѓоко Котевски посочил дека во најкус можен рок е постапено и реализирани се задачите дадени од директорот на Управата за извршување на санкциите.Целиот текст можете да го прочитате тука.

Македонија | пред 6 години

minister-za-obrazovanie-arbr-ademi_22

По несреќата кај Ласкарци, Образование до училиштата: Внимавајте кој ве вози на екскурзиите

Министерството за образование и наука соопшти дека им укажало на сите основни и средни училишта да бидат особено внимателни при изборот на туристичките оператори, кои ќе ги ангажираат за реализација на училишните екскурзии, пишува Сакамдакажам.мк„Имајќи предвид дека училишните екскурзии се составен дел од воспитно образовниот процес на учениците и помагаат за остварување на одредени цели од наставните програми, доставивме укажување до сите основни и средни училишта да бидат особено внимателни при изборот на правните субјекти, односно туристички оператори кои ќе бидат ангажирани за реализација на екскурзиите, со оглед на последните случувања, односно сообраќајната несреќа со фатални последици по животот и последици по здравјето на повеќе наши сограѓани“, се вели во соопштението од Министерството за образование и наука.Ова соопштение дојде откако Министерството на прашањето на САКАМДАКАЖАМ.МК дали ќе стави мораториум на екскурзиите во основните и средните училишта откако истрагата на Основното јавно обвинителство Скопје утврди дека до автобуската несреќа кај Ласкарци, во која починаа 15 лица дошло поради криминални практики на превозникот.Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 6 години

images_todorov-21

Тодоров: ВМРО-ДПМНЕ и да има 80 пратеници, нема да го поништи Преспанскиот договор

Поранешниот министер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров во вечерашното интервју на 1ТВ рече дека ВМРО-ДПМНЕ мора да настапи доблесно во однос на Договорот од Преспа.-Јас се немам скарано со Мицкоски и одлуката да ме исклучат ме изненади, со оглед дека јас застапував став за референдумот во рамки на ставот на партијата: секој да постапи по свое уверување. Јас излегов и реков дека бојкотот не е правилен, и да се излезе и да се гласа со поништување на ливчето. Сега може да се протолкува дека во еден момент во историјата ВМРО-ДПМНЕ не била баш на вистинската страна. Доколку раководството не успее да фати приклучок во оваа поголема слика, тогаш ќе дојде до негова смена. Цел свет го поздравува Преспанскиот договор, дури и Русија го прифати. Доколку претендираш да станеш премиер, тие работи мораш да ги сфатиш. Ако како партија сте одбрале дека сте против тој Договор, тогаш пред меѓународната заедница треба храбро тоа да им го кажете: кога ќе дојдеме ние на власт, ќе го поништиме Договорот. Или доколку знаете дека Договорот е завршена работа, тогаш храбро треба на граѓаните да им кажете дека тоа е така. ВМРО-ДПМНЕ и да има 80 пратеници, нема да го поништи Договорот. Реперкусиите од тоа би биле преголеми, рече Тодоров.

Македонија | пред 6 години

5-3

Ванковска: Ќе беше најдобро Кацарска да си молчи

Билјана Ванковска се огласи на својот Фејсбук профил по изјавата на судијката Добрила Кацарска дека пресудата за Игор Дурловски и била најтешко донесена ослободителна пресуда во кариерата.“На Кацарска најтешко ѝ паднала ослободителната пресуда за Игор Дурловски! Слушаш и не ти се верува. Барем да си молчеше.Токму попладнево си разговараме со Богдан Бгданов за ликот на вистинскиот херој на ова време. Не се тоа оние кои се јуначат на ФБ/во кафеана и на зборови, туку овој човек кој остана достоинствен и исправен ОД ПОЧЕТОК ДО КРАЈ, од учеството на протестите, па до крајот на судењето!А онаа негова насмевка нема никогаш да ја заборавам, бидејќи додека беше во притвор тој со насмевка не’ смируваше нас кои бевме вознемирени и загрижени иако на слобода.Тој нам ни даваше кураж, наместо ние нему! Така постапува само човек со мирна совест и големо срце! И за тоа му благодарам од се’ срце”, напиша Ванковска на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

katica-kulavkova

Ќулавкова: Никој во државата не беше овластен за потпишување на Преспанскиот договор

Никој во државата не беше овластен, немаше мандат да потпишува таков договор во смисла на тоа дека предмет на договори со Грција под капата на ОН беше името на државата, но не и дефиниција на македонскиот идентитет, воведување на два идентитета, еден во Македонија, еден во Грција. Понатаму, извесна подреденост на државата Република Македонија или Република сега Северна Македонија, вели академик Катица Ќулавкова во вечерашното гостување во емисија Само вистина на Канал 5.Според Ќулавкова со Преспанскиот договор како држава ќе мораме да бараме мислење и одобрување од страна на Грција со што на тој начин ни е нарушен државниот суверенитет.Со тој договор исто така има еден рестрективен однос по однос на некои прашања како што е македонскиот јазик, тој се признава ама се дефенира како дел од групата на словенски јазици. Ние македонскиот јазик го имавме признато во личната карта на ОН досега и таму и ние знаеме дека тој е дел од јужнословенските и словенските јазици, но сепак мислам политички договор нема зошто да го одредува така во една класифицирана форма, истакна таа.

Македонија | пред 6 години

dzamija-najnova

Кој се ќе одговара пред ОЈО за изградбата на Али Пашината џамија?

Основното јавно обвинителство Охрид постапува во предмет кој се однесува на изградбата на Али Пашината џамија. Предметот е оформен веднаш по добиени сознанија и беше заведен против едно правното лице и едно физичко лице, а по прибавување на тековна состојба од Централниот регистар на РМ, предметот е проширен и против правно лице од Охрид и одговорното лице.Во текот на постапувањето по предметот се прибавени повеќе писмени документи, а кои се однесуваат на реконструкцијата на Али – Пашината џамија во Охрид. Од конзерваторското одобрение произлегува дека правното лице на ден 08.06.2016 година добило конзерваторско одобрение за конзерваторско – реставраторски работи и реконструкција на Али – Пашината џамија во Охрид. Видно од точка 6 на диспозитивот на ова одобрение, работите на конзервација и реконструкција на Али – Пашината џамија во Охрид може да се изведат врз основа на правосилно одобрение согласно со прописите на градење. Тоа во пракса подразбира дека правното лице од Охрид било должно да побара такво одобрение од Министерството за транспорт и врски, бидејќи согласно законските прописи категоријата на градбата подразбира дека за такво одобрение е надлежно Министерството за транспорт и врски, а не подрачната единица на истото министерство во Охрид.Во текот на јавнообвинителското постапување беа превземени повеќе дејствија, пред се насочени кон спречување на штетни последици од кривичното дело. Од тие причини, од Основниот суд беше побарано да се донесе решение за забрана за преземање определени работни активности кои се поврзани со кривично дело, односно забрана за преземање и изведување градежни работи на објектот и таква мерка со Решение од 13.02.2018 година беше донесена кон осомничените.По извршен увид на терен се воочи дека мерките на претпазливост не се почитуваат од страна на осомничените, а за утврдување на промената на фактичката состојба во повеќе наврати од страна на Јавниот обвинител е издадена наредба до градежен инженер, кој излегуваше на лице место во присуство на полициски службеници. При тоа извршено е фото - документирање на состојбата на лице место, а градежниот инженер истата ја констатира во вештите наоди.Со оглед дека постапувањето по судското Решение е во надлежност на Управата за заштита на културно наследство која е носител на Конзерваторското одобрение, но и до Министерството за транспорт и врски, поточно Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, како и поради тоа што интензивно се преземаат дејства за изградба на минарето на наведената џамија и покрај изречените забрани од страна на судот, јавното обвинителство има доставено информација до надлежните со цел да се иницира поведување на инспекциски надзор.На 11 март, Основното јавно обвинителство Охрид беше известено од страна на Централниот регистар – регистрациона канцеларија од Охрид за непосредните изведувачи на работите на терен. По добивањето на овие информации наведените правни и физички лица се додадени како осомничени во предметот.Воедно, од Основниот суд во Охрид согласно член 39, во врска со член 146 ст.1 т.7 и чл. 147 ст.6 од Законот за кривичната постапка е побарано издавање на забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело, односно забрана за преземање на градежни дејствија на наведената недвижност и кон овие четири лица.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања