ГЛАВНИ-ВЕСТИ

IMG-41c9fdedd02173a24d80f62252d3465b-V

На повидок Стратешкиот План за приоритетни акции за Дримскиот басен и Езерата

Денес во Скопје во рамките на Дримскиот Процес и ГЕФ Дримскиот Проект се одржува работен состанок на Фокус Групата за изработката на Стратешкиот акционен план на целиот слив на реката Дрим. На работниот состанок учествуваат преставници на надлежни институции од земјата меѓу кои преставници на Кабинетот на Заменик Премиерот на Владата, преставници на Министерството за животна средина, преставници на АД ЕЛЕМ, на Општина Охрид, Агенцијата за планирање на просторот , Хидробиолошкиот завод , УХМР и преставници на НВО секторот,академската заедница и на меѓународните организации УНДП и ГИЗ.Состанокот го отворија националниот координатор на ГЕФ Дримскиот проект Дејан Пановски, раководителот на секторот Води при МЖСПП Илбер Мирта и координаторот на проектот од GWPMed Димитрис Фалутсос.- Процесот за заедничко управување со Дримскиот Басен е во позитивно критична фаза на донесување на Стратешкиот Акционен План за сливот што е документ кој државите ќе го преговараат, ќе утврдат приоритети и ќе ја запознаат донаторската заедница со идните планови за управување. Во тоа влегува и управувањето со сливот на Охридско езеро за што се изработува и интегрален Менаџмент план.

Скопје | пред 6 години

Football-For-Friendship-1

Започна седмата сезона на интернационалниот проект “Фудбал за Пријателство”

Македонија по трет пат дел од интернационален проект кој го поттикнува и слави спортскиот дух Москва, Русија, 20 март 2019 година - Компанијата Газпром (Gazprom), официјален партнер на УЕФА Лигата на Шампиони, ја започна седмата сезона на “Фудбал за Пријателство“, најголемиот општествено- одговорен проект во светот наменет за деца вклучени во спортот. Македонија оваа година трет пат по ред ќе биде учесник во овој проект кој минатата година во текот на Светското првенство во фудбал во Русија обедини 211 земји и територии од целата планета. Овогодинешниот Форум, дел од проектот, ќе се одржи од 28. мај до 2. јуни во неделата на одржување на финалниот натпревар од УЕФА Лигата на Шампиони во главниот град на Шпанија, Мадрид. Цел на проектот и оваа година е да го поддржи развојот на детскиот и младинскиот спорт, промовирајќи здрав и активен начин на живот и негување на почит и толеранција помеѓу различни нации и култури ширум светот.Момчиња и девојчиња, меѓу кои и деца со физички недостатоци и посебни потреби, секоја година учествуваат во програмата “Фудбал за Пријателство“, во чии рамки заедно промовираат девет вредности: пријателство, еднаквост, фер игра, здравје, мир, посветеност, победнички дух, почит кон традициите и чест.Македонија и оваа година ќе учествува со свои претставници во рамки на проектот “Фудбал за Пријателство“, локално поддржан од агенцијата “АПРА Портер Новелли Македонија“.Во текот на одржувањето на седмата сезона на проектот “Фудбал за Пријателство“, ќе бидат реализирани различни активности и настани во земјите ширум светот. Составот на “Интернационалните Тимови за Пријателство “ ќе биде одреден во текот на “Отворената Ждребка“, а тимовите ќе бидат именувани по ретки животински видови, во согласност со мисијата на овој проект за заштита на животната средина. И оваа година, низ целиот свет ќе биде одбележан “Интернационалниот ден на Фудбал и Пријателство“, во чии рамки деца и возрасни ќе бидат дел од различни активности за поддршка на проектот – спортски пријателски натпревари и отворени часови за пријателство, притоа разменувајќи “Алки на Пријателство“ – официјален симбол на проектот кој со својата сина боја го означува мирното небо, а со зелената – фудбалскиот терен.Младите Новинари - децата од целиот свет ќе учествуваат во работата на Интернационалниот детски прес центар кој ќе известува за настаните и активностите од новата сезона на проектот “Фудбал за Пријателство“.Децата – новинари ќе се обучуваат да станат вистински репортери и да ги искористат новостекнатите знаења за да известуваат за завршните настани во рамки на проектот кои ќе се реализираат во Мадрид, рамо до рамо со водечки светски медиуми кои и оваа година директно ќе го следат настанот.Покрај своите врсници во улога на известувачи, фудбалски играчи или млади тренери, оваа година за прв пат учество во проектот ќе имаат и млади судии кои посетуваат курсеви за фудбал во своите матични земји. Сите тие, заедно, активно ќе учествуваат во програмата “Интернационален камп за Пријателство“ која опфаќа низа образовни и спортски работилници и активности, предводени од страна на фудбалски асови, тренинзи под будното око на младите тренери, како и стручни предавања и забавни содржини - дел од “Школата за деветте вредности“.Како дел од завршната манифестација ќе биде одржан и “Интернационалниот Форум на Фудбал и Пријателство“. Дополнително, главниот настан од финалната фаза на проектот - “Светско Првенство во Фудбал и Пријателство” ќе се одржи на плоштадот Плаза Мајор, во самото срце на Мадрид. Активностите во рамки на седмата сезона на проектот ќе бидат заокружени со присуство на сите учесници на финалето на УЕФА Лигата на Шампиони кое ќе се одржи на стадионот “Ванда Метрополитано“ (Wanda Metropolitano).“Проектот ’Фудбал за Пријателство’, кој се организира под покровителство на компанијата Газпром, преку спортот негува универзални човечки вредности кај младите генерации. Рушејќи ги сите бариери помеѓу луѓето, овој проект им дава можност на младите да почувствуваат припадност преку неговите цели и овозможува нивниот глас да биде препознаен. ’Фудбал за Пријателство’ како проект ја поттикнува креативната работа во мулти-културен амбиент, со што исклучително допринесува за создавање на глобално спортско општество.“ – истакна Микаел Пуќ (Miquel Puig), Сопственик и Директор на Младинската академија “Soccer Barcelona“.Според Ананја Камбоџа, млада новинарка од Индија, проектот “Фудбал за Пријателство“ благодарение на својот глобален досег, исклучителна популарност и позитивните вредности кои ги промовира, претставува моќно средство за надминување на општествените и економските бариери, а истовремено им помага на младите да се спознаат самите себеси и да се доближат до светот околу нив.

Македонија | пред 6 години

dzamija-najnova

Заев ги ислуша од „Совест“, побара стопирање на градежните активности и жолта лента околу џамијата

Премиерот Зоран Заев, денеска ги ислуша поплаките од здружението „Совест“. По средбата на која му беа лично образложение сите аргументи за поплаките на охриѓани за неправилностите  при реконструкцијата на Али Пашината џамија во центарот на Охрид, побара да се запрат сите активности, и објектот да се заобиколи со жолта лента, поточно побарал мораториум на било какви активности за Али Пашината џамија.Дали овие активности ќе се спроведат конечно, или станува збор за предизборни ветувања, ќе покаже времето.Инаку од здружението „Совест“ барајќи правдина, со поплаку стигна до премиерот. На денешната средба во премиерскиот кабинет беа в.д градоначалникот Константин Георгиески, помошник раководителот на секторот за урбанизам во општина Охрид Бранко Арнаудов, директорката на завод и музеј, Елеонора Новаковска и претсставниците од здружението „Совест“, Михаил Трендафилов, Михаил Арнаудов и Томе Џамтовски.Премиерот Заев посочи дека институциите ќе постапат согласно законите и дека преку дијалог со сите засегнати страни, а имајќи ја во предвид сензитивноста на прашањето, ќе се изнајдат решенија во интерес на граѓаните на градот Охрид и на државата која останува посветена на заштита и промоција на богатото културно наследство што го поседува градот Охрид.На средбата посебно било потенцирано од сите присутни дека Охрид и Охриѓани од секога биле и се за хармоничен живот и соживот. Тие од секогаш живееле во хармојија. Овој чашата ја прели беззаконието и градењето без дозвола во срцето на Охрид. 

Македонија | пред 6 години

dzamija-najnova

Минарето се гради ден и ноќ – надлежните од институциите „не гледаат“

Дали градењето на минарето во џамијата без дозвола, во строгиот центар на Охрид уште еднаш покажува дека одредени поединци имаат поголема моќ од институциите во државава?Ден среда 20 март, сончево време, повеќе него било кога раздвиженост по Охридската чаршија. Меѓу нив инспектори, полицајци, судии, обвинители, архитекти, граѓани ... сите поминуваат покрај објект кој се гради убзано без одобрение, но очигледно никој не гледа.Знаеме дека Охридското Основно јавно обвинителство покрена правна постапка против правни и физички лица за неправилности при реконструкцијата на Али Пашината џамија во центарот на Охрид. Но, нема детали за ова обвинение.Дознаваме дека била побарана и забрана за преземање на градежни дејствија, затоа што „осомничените презеле градежни дејствија само врз основа на добиено конзерваторско одобрение во 2016 година, но не поседувале правосилно одобрение согласно прописите за градење од Министерството за транспорт и врски, без што не смееле да отпочнат активности за реконструкција на Али Пашината Џамија“.Но, и покрај ова минарето се гради. Никој очигледно многу „помоќен“ не ги почитува забраните? Зошто?Од општинскиот инспекторат единствениот градежен инспектор и покрај тоа што има налог од обвинителството да реагира, сепак си молчи.Единствени кои реагираат се медиумите кои се обидуваат да ја разбудат „правната држава“ па секојдневно објавуваат видеа и фотографии од тоа дека не се почитуваат одлуките, како и здружението „Совест“  кои барајќи правда денеска стигнаа до премиерот, кој очигледно до сега не видел што се случува во Охрид.Според в.д градоначалник н Охрид, Константин Георгиески, се` уште има простор да се изнајде решение за проблемот со минарето на Али Пашината џамија во Охрид. Според него, треба да се исцрпат сите можности пред граѓаните да започнат со протести.Министерот за транспорт и врски пак Горан Сугарески при последната посета на Охрид порача дека институциите кои се надлежни во овој дел не треба да си ги префрлаат ингеренциите една на друга, туку треба да постапат согласно законот.– Градежниот инспекторат треба да постапи по сите точки кои не се во одобрениот план, дециден беше министерот Сугарески.Битен фактор во оваа сложувалка е и Управата за заштита на културно наследство.Од таму јаки на збор велат дека продолжувањето на изградбата на 32 метри високото минаре на Али Пашината џамија е запрена од страна на инспекцијата. Тие информираат дека во петокот излегле на терен утврдиле неправилности и отстапувања од конзерваторското одобрение поради што инвеститорот е и парично санкциониран.Но, сето ова е само на хартија. Очигледно инспекторите и институциите се во длабок зимски сон. Додека тие се „разбудат“, последното опело на правната држава ќе биде испеано токму од 32 метарското Минаре, затоа што од таму не само што ќе слушнат, туку и ќе го видат сите од било кој дел на Охрид.   

Македонија | пред 6 години

skopje-blokirano-2

МВР пиша 113 казни за еден ден во Скопје

Во текот на изминатиот ден (19.03.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 40 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 15 возачи од кои: 14 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач затоа што бил возач-почетник.Исто така, исклучени од сообраќај се и 18 возила бидејќи 13 биле нерегистрирани и пет возила биле технички неисправни. Санкционирани се шест возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца возачи поради неправилно престигнување, 21 возач поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 27 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во однос на пешаците санкционирани се двајца пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 113 мандатни платни налози и 71 возило се подигнати со специјално возило "пајак". Изминатиот ден се случиле осум сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а пет лица  со телесни повреди.

Скопје | пред 6 години

kacarska

Кацарска: Иако Камчев ми е куќен пријател, не можам да донесам одлука во негова корист

Судијката Добрила Кацарска синоќа гостуваше на 1Тв каде рече дека Мицкоски може да спие мирно зошто кај неа немало нарачани пресуди, дека одлуката за Дурловски и е најтешка ослободителна пресуда донесена некогаш, и дека и честитаат по улица за одлуката за 27. април.Таа спомена и дека Орце камчев на кој му се суди во Империја и е пријател.Таа рече дека нејзиниот татко и таткото на Камчев биле другари, а додека пак нејзината ќерка веќе 10 години работела во приватната клиника „Систина„ која е во сопственост од Орце Камчев.-Орце Камчев ми е куќен пријател. Мојот татко и неговиот татко беа другари. Мојата ќерка 10 години работи во Систина кај Орце Камчев, но јас не можам да донесам одлука во корист на Орце Камчев, иако сме пријатели со години, вели таа.

Македонија | пред 6 години

goran-koseto

Горан Ангелов - Ќосето: Власта се cpaми од тоа каква им е татковината, затоа ја менуваат

Горан Ангелов-Ќосето на Фејсбук преписка до својот пријател Кристијан Јандриовски, порачува дека Македонците имаат свои предавници наместо да се опаметат бараат Нобелова награда. Ангелов беше лидер на патриотското здружение од Велес и осуден е на 12 години затвор за собраниските настани од 27 април.„Kико брат! Јас знам дека секој народ има свои изpoди кои повеќе се грижат за својот џеб отколку што се грижат за народот и неговата судбина.Но изгледа дека македонскиот ги има повеќе од било кој друг народ. Истите тие пpeдавници, наместо да се опаметат и ги признаат своите грешки, тие за тоа бараат награда ( Нобелова ).Кpaжбата на една нација никогаш не застарува, и еден ден за тоа народот ќе си ја побара сметката да ја нaплaти.Ни еден cyдија не е точен како времето кое доаѓа за нaплaтa и времето кое бара да се соочиме со тоа што ни стои во совеста. Тоа време иде.Сега тие ја глодaaт среќата која им припаѓа на други, на тие што се нaпaтени и што останале во оваа земја да се бopaт за подобро утре. Тие што се сега на власт се cpaмат од тоа каква им е татковината, и за тоа ја менуваат, ја обeзличyвaaт, затоа тие и не припаѓаат кај неа.Ниеден чесен син и ќерка не се cpaми од својата мајка, тие се cpaмат.Мерката за патриотизам е да си спремен да yмpeш во секој момент за својата земја, тие тоа го немаат, тие ги имаат мерките за предавcтвa, кои ние никогаш одблиску нема да ги знаеме кои се и како изгледаат.Затоа брат, упати поракава до сите ….Време е за ОБЕДИНУВАЊЕ. Доста е кaвги и нecpeќи, време е сите да застанеме заедно и да и го тргнеме овој товap на татковината. Товap наречен Власт.Обединете се сите под ВМРО-ДПМНЕ, и заедно испорачајте им ја сметката на Предавниците.Заедно против Тиpaнот, браќа и сестри!Да Живее Македонија!!“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

51352852_777130685978142_866252714139451392_n

Силјановска до Пендаровски: Извини што ви избега Груевски

Под хаштагот #СтевоИзвини професорката Гордана Силјановска Давкова одговори на предизвикот од противкандидатот за петседател на Република Македонија Стево Пендаровски да се извини. Силјановска секој ден му се „извнува“ на Пендаровски за апсурдни работи, какво што е впрочем и неговото барање за извинување – апсурдно.„Извини што ви избега Груевски и што никој од владата на Република Македонија (без тоа на С) не понесе ни најмала одговорност за бегството“, напиша Силјановска Давкова на Твитер.

Македонија | пред 6 години

Durlovski-vo-Sobranie111-701x453

Кацарска за пресудата за Дурловски: Ова ми е најтешко донесена ослободителна пресуда

Судијката Добрила Кацарска во вечерашното интервју на 1ТВ рече дека пресудата за Игор Дурловски и била најтешко донесена ослободителна пресуда во кариерата.-Во мојата кариера имам донесено повеќе ослободителни пресуди, но ова ми е најтешко донесена ослободителна пресуда. Ги имаме сите докази, но не произлезе дека Дурловски го сторил делото за кое беше обвинет. Мора да нагласиме дека обвинението е само за 27 април, а не за она што се случувало претходно. За Дурловски имавме докази дека влегол во Собранието, ја пеел химната, но не можеше да се поврзе со другите обвинети. Да имавме уште еден доказ, пресудата немаше да биде ослободителна, рече Кацарска.

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still079

Подметнат пожар во Дебрца

Нема ни свест ни казни !Пожар беснее во општина Дебрца и стигна то магистралниот пат Охрид - Кичево во атарот на село Врбјани.На фотографиите кои ги испратија читатели на „Скопје 1“ се гледа огнот кој стигнал до патот, а според сведочењата на читателите тие разговарале и со лице кое им кажало дека запалило стрниште и предизвикало пожар.Екипи на противпожарната служба во моментов пристигнале на терен и почнуваат со гаснење.ГОРИ НА СИТЕ СТРАНИЕден месец гори трската во плиткиот дел на езерото на брегот кај Струга која се пали намерно со бензин. Гори трска и во општина Охрид околу болницата „Костозглобна“ која исто така се пали со бензин. Изгоре трска и во Преспа. Горат ниви и стрништа од Охрид до Скопје, а горат и Скопска Црна Гора како и планините околу Струга. Чад го обвива и аеродромот во Охрид бидејќи околу него луѓето неколку дена палат ѓубре и стрништа.Државата до сега никого не казнила за ова неодговорно однесување на поединци кое може да биде многу опасно дури и катастрофално.

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still077

(ВИДЕО) Минарето во Охрид и во моментов се гради

Државата умре или никој не ја ферма дека е жива ? !Иако денес и официјално беше соопштено дека е донесена одлука да се стопира градбата на минарето, во моментов на него работници изведуваат градежни работи.Државата е навлезена во фаза кога речиси ништо не функционира или како што коментираат во Охрид, ваква „разбоздисаност“ на целиот систем во земјата не се памти.Од платформи на Матка, запалени планини, запалени ниви, запалени езера и брегови, градби на објекти од минариња до хотели и летни тераси без дозволи и никаков план, ред и поредок.Ова го соопштија властите вчера: Инспекцијата ги потврди нерегуларностите: Изградбата на минарето е запрена, пропишана и парична казна А ВАКА Е ДЕНЕС:

Македонија | пред 6 години

pozar-strusko

Пироманите дивеат во Струшко, против - пожарната служба мака мачи

После трските во езерото, сега во Струга ги запалија и плнините !Локализиран е пожарот што вчера зафати голема површина нискостеблеста шума на планината Караорман, во близина на струшкото село Делогожда.Поради непристапноста на теренот, кој е висок и стрмен екипите на Територијалната против-пожарна единица од Струга не можеле да интервенираат, а на негово локализирање и целосно гасење работат екипи на Шумското претпријатие.Територијалната противпожарна служба во Струга има шест камиони и две теренски возила. Двете цистерни се некаде околу 1979 – 1980 година, а кои моментално не се исправни.  Службата нема ниту доволен број на пожарникари. Располага само со 32, што е далеку од законски утвредениот минимум. Имаат потреба од најмалку десет нови пожарникари. Оваа служба само за половина месец од март имале 54 интервенции. Токму поради овие проблеми, Струшките пожарникари при поголеми интеревенции помош бараат од Охридската против пожарна служба.Екипите на Струшката пожарна, како што информира за МИА заменик командирот Ристе Талевски, утрово интервенирала на два пожара во селата Боровец и Лабуништа.-Уште еднаш ќе упатам апел до населението да не пали оган на отворено, кој што лесно може да излезе од контрола и да предизвика несакани последици, изјави Талевски.Полицијата најави зајакнати мерки за превенција од пожари и санкции за лицата што ќе предизвикаат пожар. 

Македонија | пред 6 години

stranska-vojska

Седумина обвинети за Учество во странска војска, паравоени или параполициски формации признаа вина

Денеска во Основниот суд Скопје 1 Скопје, на главната расправа при произнесување за вина, седумтемина македонски државјани обвинети за Учество во странска војска, паравоени или параполициски формации, а едно лице обвинето и за кривично дело Терористичка организација, ги признаа делата што им се ставаат на товар.Во август минатата година, во соработка со партнерите од Глобалната коалиција за борба против тероризмот и Сириските Демократски Сили, обвинетите беа лишени од слобода и предадени на македонските органи на прогонот. По спроведена истрага, во декември минатата година од страна на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, до Основниот суд Скопје 1 Скопје, беше поднесено обвинение против седум лица.Обвинетите со намера да станат учесници во паравоените формации ја напуштале територијата на Република Македонија и заминувале на обука во Сирија каде и учествувале како борци на ИСИС во војните во Сирија и Ирак. Обвинетиот кој се терети за две кривични дела – Учество во странска војска, паравоени или параполициски формации и Терористичка организација бил припадник и на терористичката организација „Исламска држава“.Освен учество во паравоените формации надвор од Република Македонија, обвинетите обезбедувале, собирале финансиски и материјални средства за лица кои учествуваат во овие формации, преку социјалните мрежи и друг вид на комуникација повикувале, врбувале и поттикнувале други лица на учество во паравоените формации надвор од Република Македонија. 

пред 6 години

stevce-jakimovski

Јакимовски порача: Не им се плашиме, ќе ги тепаме

„Не им се плашиме, ќе ги тепаме“, порача денес од пред суд ексградоначалникот на општина Карпош и лидер на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски, при излез од старата во новата зграда на Кривичниот суд во придружба на полицијата. Тој качувајќи се по скалите покажа два прста и извика: „Ќе ги тепаме, не им се плашиме",Јакимовски утрово беше уапсен и изведен пред судија на претходна постапка.Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за него побара мерка притвор, и тој во судот ја чека одлуката.Јакимовски се товари за злоупотреба на службена положба, во постапка која ја отпочнало Основното јавно обвинителство. Постапката која ја води ОЈО се оеднесува на легализација на државно земјиште, кое бизнисмени го откупиле за пониска цена од реалната. Проневерата предизвикала штета од милион евра, а за ваквата последица Обвинителството го сомничи Јакимовски.Ова е второ приведување на Јакимовски. Тој минатото лето беше приведен и однесен во судот поради истрага на финансиската полиција, а судијата донесе одлука да му се одземе пасошот.Јакимовски е осомничен и во истрага на Специјалното јавно обвинителство под кодно име „Хармонија“. 

пред 6 години

IMG_0641

ТАВ Македонија го прослави отворањето на двете нови дестинации Баден – Баден и Бремен

Со слатки подароци за 195 патници, ТАВ Македонија денеска го прослави заминување на првиот лет на Виз ер од Меѓународниот Аеродром Скопје до Баден – Баден. Аеродромот Карлсруе во Германија, одбележувајќи го отворањето на двете нови редовни авиолинии до Баден – Баден и Бремен , како и поставувањето на петтиот воздухоплов на авиокомпанијата во нивната база на Меѓународниот Аеродром Скопје.Првиот лет до Баден – Баден, со Ербас A 321 со вкупен капацитет на седишта за 235 патници, полета од Меѓународниот Аеродром Скопје во 11:55 часот и ќе пристигне назад во Скопје во 17:05 часот. Рутата до овој германски град, познат како спа-центар во југозападниот дел  од државата близу до границата со Франција, ќе биде опслужувана два пати неделно, секој вторник и сабота.Утре, 20-ти март, во 11:50 часот, на скопскиот аеродром ќе пристигне првиот лет од Бремен, еден од најпопуларните германски градови во северниот дел од државата, познат како голем економски и културно-историски центар. Авион од типот Ербас А320 на Виз ер со 189 седишта, ќе лета на оваа рута два пати неделно, во среда и недела, полетувајќи од Скопје во 6:05 часот и заминувајќи за Бремен во 11:50 часот.Менаџментот на ТАВ Македонија го изрази нивното огромно задоволство за постојаното проширување на мрежата на авиолинии од скопскиот аеродром.Баден-Баден и Бременсе двете нови редовни линии на ВИЗ ер од Меѓународниот Аеродром Скопје, кои ќе функционираат преку целата година. Линијата Баден-Баден почнува денеска, на 19-ти март, а линијата до Бременќе почне утре на 20-ти март. Веруваме дека овие дестинации ќе бидат интересни за нашите патници дека ќе ги користат често и ќе доживуваат нови патувачки авантури. Со додавањето на Баден-Баден и Бремен, бројот на дестинации до Германија станува 10, додека вкупниот број на дестинации од скопскиот аеродром 39. Со отворањето на новите рути, Виз ер исто така ќе го базира својот петти авион во базата на скопскиот аеродром, што е многу важен чекор напред за авиокомпанијата, покажувајќи ја нивната посветеност на постојани инвестиции во нивната база во Скопје. Сакам да се заблагодарам на Владата и на Виз ер, за нивната постојана посветеност на развојот на авијацискиот пазар. И на крајот, но не и помалку важно, би сакал да им се заблагодарам на сите институции вклучени во аеродромските операции, како Агенцијата за цивилно воздухопловство, Македонска Навигација, Полиција и Царина, за добрата соработка која ја имаме, изјави Неџат Курт, Координатор на аеродромите во ТАВ Македонија.Со додавањето на Баден-Баден и Бремен, како нови дестинации, сега од Меѓународниот Аеродром Скопје е директно поврзан со 39дестинации, на кои оперираат 13 авиокомпании.ТАВ Македонија ја заврши 2018 година со вкупно 2,3 милиони патници на двата аеродрома, со 16% годишен пораст, и со 19.750 летови, односно 9% годишен пораст.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања