Истражување во Србија: Децата родени меѓу 1999 и 2015 поради токсини подложни на малигни болести
Децата родени меѓу 1999 и 2015 година биле изложени на токсичен фактор, кој влијаел да бидат подложни на малигни болести, покажа студијата на Комисијата за истражување на последиците од НАТО бомбардирањето.Претседателот на Комисијата Дарко Лакетиќ, по презентирањето на истражувањето во српскиот парламент, пред новинарите истакнал тоа се однесувало само на деца, бидејќи тие се помалку изложени на други фактори на ризик, како што е пушењето.Истражувањето покажа дека најчести тумори кај деца на возраст до четири години се невроектодермалните, кај оние од пет до девет години се туморите на крв, од 10 до 14 години тумори на мозок, а од 15 до 18 години солидни тумори.Комисијата за истрага на последиците од НАТО бомбардирањето во 1999 година по здравјето на граѓаните на Србија е основана минатата година.
Свет | пред 6 години